КАФЕ ПАУЗА

Category: Изработки и инсталации

  • Улична уметност со селотејп

    Улична уметност со селотејп

    Минатата година низ голем број светски метрополи се рашири нова улична уметност со селотејп, во која наместо четки и спрејови се користат остри скалпели. Техниката се состои во редење самолепливи ленти врз осветлено стакло и сечење со скалпел. Постапката се повторува сè додека артистот не го исцрта она што го наумил.rnrnУлична уметност со селотејпrnrnМеѓу првите и најдобри уметници кои го практикуваат овој стил е Холанѓанецот Макс Зорн. Неговото уметничко шоу започнува веднаш штом се запалат градските светла. Вешто изработените цртежи со селотејп и скалпел, Макс ги изложува високо на уличните светилки, на светлечките билборди и на излозите. Тој изработува преубави романтични дела, остри портрети, како и сурови мотиви од секојдневието. Погледнете како го прави тоа:rn

    rnДа го избере селотејпот, а не бојата, Макс бил инспириран од негов близок пријател, кој во тој период дизајнирал автомобили. Се воодушевил кога го видел како изработува скици користејќи тенки самолепливи ленти, скалпел и една поголема табла. Брзината и умешноста со кои идеите ги претворал во скици, за Макс биле пресудни оваа техника подоцна да ја примени во уличната уметност.rnrnУлична уметност со селотејпrnrnИдејата пак, неговите дела да се најдат на градските светилки и светлечките билборди му се родила при едно вечерно џогирање низ улиците на Амстердам.rnrnУлична уметност со селотејпrnrn rn

    „Убавите стари ламби и нивната златна светлина, изгледаа совршено за мојата прва отворена улична галерија на оваа модифицирана уметност со селотејп“, вели Макс.

    rnВо следното видео можете да погледнете како тој ја поставува инсталацијата.rn

    rnВо продолжение уживајте во уште еден дел од цртежите на овој талентиран уличен уметник поставени во неколку различни градови.Улична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпУлична уметност со селотејпrnrnДенеска за овој вид улична уметност се користат и обоени самолепливи ленти. Креативни цртежи изработени со оваа техника има буквално секаде, по ѕидови, на улици, излози, рекламни паноа итн.rnrnНо, конкретно во кои сè градови можете да начекате од овие извонредни дела, информирајте се преку мапата, која за љубителите на уличната уметност ја изготвил лично Макс.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни фустани изработени од хартија

    Креативни фустани изработени од хартија

    Фустаните изработени од фотографот Метју Броди и 3Д илустраторот Хети Њуман за мартовското издание на магазинот „Madame“ навистина го одземаат здивот и тоа не само затоа што се многу убави и исклучително креативни, туку бидејќи се направени од несекојдневен материјал – хартија.rnrnКреативни фустани изработени од хартијаrnrnТие решиле заеднички да работат на поголем проект поврзан со модата, имале неколку идеи на ум и ги презентирале во редакцијата на „Madame“. Магазинот го одбрал проектот со фустаните и така започнало сè.rnrnКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаrnrnОвие креации навистина ја истакнуваат екстравагантноста и виталноста на овој навидум обичен, секојдневен материјал. Фустаните се беспрекорно изработени и ја презентираат креативноста и оригиналниот начин на размислување на тимот кој стои зад нивната изработка. Наместо да ја користат хартијата за нејзината секојдневна, досадна употреба, Броди и Њуман заедно со нивниот тим сочинет од неколку стилисти, успеале да создадат нешто уникатно, неочекувано и различно.rnrnКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартија
    rn

    Ние навистина сакавме да креираме нешто убаво, од материјал кој не е соодветен за да се прилагоди на обликот на човечкото тело. Целта ни беше да биде очигледно дека фустаните се изработени од хартија, но да не изгледаат како ѓубре.“ – објаснува Метју Броди.

    rnrnКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Есенски пејзажи направени од ѓубре

    Есенски пејзажи направени од ѓубре

    Секојдневно можеме да наидеме на нови генијални идеи кои успеваат да го измамат човековото око. Том Дејнингер е артист кој живее и работи во Род Ајленд. Тој е авторот на овие неверојатни инсталации, кои доколку се погледнат однапред, даваат слика на неверојатен пејзаж. Она што личи на гранки, дрвја, листови, всушност се кабли, жици и други алтернативни материјали.rnrnЕсенски пејзажи направени од ѓубреrnrnИ покрај големината на овие инсталации, тие сепак можат да го измамат дури и најостроумното око. Тоа е така сè додека не им се доближите. Тогаш ќе забележите дека во корењата на дрвјата има дури и детски играчки. Дејнингер е мајстор за претворање на најобичното ѓубре во фантастична уметност.rnrnЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметност на врвот од моливот

    Уметност на врвот од моливот

    Повеќето уметници кои се занимаваат со цртање, го користат моливот за со нив да ја создадат својата уметност. Далтон Гети има малку поинаков пристап. Тој создава минијатурни маестрални дела директно на врвот од моливот.rnrn

    Уметност на врвот од моливот
    Скулптура на Еливс Присли со превез на очите, изработена од еден молив
    rnrnДалтон работи како столар, а своите мали дела од графит ги изработува веќе 25 години. Тој  имал склоност да се занимава со ваков тип уметност уште како мал. Кога одел на училиште, имал обичај да им ги гравира имињата на неговите другари во дрвото на моливите и да им ги подарува. Потоа почнал да резба скулптури на поголеми парчиња дрво, за на крајот да му стане предизвик да ги прави своите дела што е можно помали. Експериментирал со разни материјали, се обидел со креда, но еден ден се сетил да работи директно на графитот во моливот.rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Мала пила изрезбана од графитот и од дрвото на моливот
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Користејќи ја гумата како подлога, Далтон создал мал крст од графитот во внатрешноста на моливот.
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Далтон го издлабил центарот на дрвото, а потоа ја изрезбал централната површина од графит за да го создаде ова поврзано висечко срце.
    rnrnДалтон користи 3 основни алати во неговата работа: жилет, игла за шиење и скулпторско ноже. Тој дури одбива да користи лупа, а со помош на иглата прави дупчиња и исцртува линии вртејќи го парчето графит полека во раката. Интересно е што тој нема продадено ниедно парче од својата колекција, туку сите ги дава како подароци, иако преку неговиот сајт може да се нарачаат разгледници и големи постери од нив.rnrnУметност на врвот од моливотrnrnДалтон вообичаено поминува неколку месеци работејќи на една фигура. Но, една творба му одзела дури две и пол години. Ова е воедно и најдолгото време што тој го посветил работејќи на едно парче, а причината е поврзувањето во синџир-ефект. За ова свое дело тој изјавува:rnrn

    „Меѓусебно поврзаните синџири побараа вложување на најголем напор, но многу сум задоволен со ова дело бидејќи е толку сложено што луѓето мислат дека мора да се два молива.“

    rnrnУметност на врвот од моливотУметност на врвот од моливотrnrnЗа олку пипава работа, неизбежно е да се запрашаме како Далтон го контролира трпението, но и како се носи со предвреме завршените проекти, прекинати од напукнување и кршење. Во врска со ова, тој вели:rnrn

    „Полудував кога заради мала несмасност, врвот од моливот ќе се скршеше. Некогаш многу се вознемирував, особено кога делото е при крај и баш тогаш ќе направев грешка. Потоа решив да го сменам начинот на кој гледам на мојата работа – кога започнувам со нова работа, мојот став е: ова и онака ќе се скрши некогаш, па да видиме до каде можеме да стигнеме. Овој став ми помогна да кршам помалку моливи, и иако ова сè уште се случува, не е толку често.“

    rn

    Уметност на врвот од моливот
    Стол на врвот на моливот
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Мало поштенско сандаче
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Малечко копче
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Чизма со многу детали
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Мал чекан
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Шраф со многу детали
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Пехар в рака
    rnrnДалтон има и кутија со 100 скулптури кои ги има скршено во процесот на работа. Оваа колекција тој ја нарекува гробница.rnrn

    „Имам повеќе скршени дела, па решив да ги поставам на стиропор. Луѓето може да мислат дека е чудно што ги чувам, но тие се сè уште интересни. Сум работел на нив со месеци, па иако можеби се мртви, во еден момент им имам дадено живот.“

    rn

    Уметност на врвот од моливот
    Колекцијата „гробница“
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Азбука

  • Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказни

    Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказни

    Уметниците постојано изнаоѓаат нови начини за да ја искажат својата креативност. Доколку ја погледнете првата слика, можеби ќе си помислите дека е направена со техниката масло на платно, но всушност се работи за вистински лист земен од природата и детално исецкан до перфекција.rnrnЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниrnrnЛоренцо Дуран ги собира најидеалните лисја, а потоа ги мие, суши, пресува и нежно ги сече додека не ги претвори во прекрасна уметност. Техниката се базира на правењето исечоци на хартија, која е карактеристична за Кина, Јапонија, Германија и Швајцарија.rnrnЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниrnrn rn

    „Секогаш сечам со скалпел на суви лисја… Сета работа која се состои во сечење, сушење и врамување ја имам научено сам. Имам исечено многу лисја и повеќето од нив завршиле во ѓубре, но полека, полека, развивам метод благодарение на кој тие нема да се кршат.“

    rnЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниrnrn rn

    „Целиот процес се состои во: собирање на лисјата, миење, сушење, пресување и сечење. Додека се наоѓаат во пресата, правам цртеж кој го прикачувам за листот пред да почнам да го сечам. На крајот, го одлепувам и токму овој последен чекор е најделикатен бидејќи листот е толку кревок, па повеќедневната работа може да биде лесно уништена само за момент.“

    rnЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниrnrn rn

    „Овој процес секогаш резултира со оригинален цртеж и оригинален лист, кој ѝ дава на творбата свој уникатен карактер.“

    rnЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елегантни хартиени илустрации со многу детали

    Елегантни хартиени илустрации со многу детали

    Јулија Бродскаја е родена во 1983 во Москва. Таа е позната по своите елегантни, детални, рачно изработени илустрации од хартија. Сега живее во Велика Британија, каде што работи како уметник-илустратор.rnrnЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиrnrnОд 2004, кога дошла во Велика Британија, почнала да се интересира за разни форми на уметност, почнувајќи од сликање на платно, изработка на оригами и колажи, па сè до потрадиционалните уметности.rnrnЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиrnrnВо 2006, се запишала на постдипломски студии за графичка комуникација на универзитетот Хартфордшир, кога продолжила да експериментира и да ги истражува омилените елементи во работата: хартијата, типографијата и рачните изработки со многу детали.rnrnЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиrnrn rn

    „Типографијата е мојата втора љубов, после хартијата, и многу ми е мило што најдов начин да ги комбинирам заедно. Со ова не сакам да кажам дека ги исклучувам нетипографските дизајни. Сакам да работам на секакви проекти.“

    rnЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиrnrnТаа многу брзо се здоби со меѓународна репутација како резултат на нејзините исклучително креативни хартиени илустрации. Соработува со многу компании, а некои од нејзините клиенти се Нокија, Старбакс и Њујорк Тајмс.rnrnЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиЕлегантни хартиени илустрации со многу деталиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Малечок свет кој го собира во тегличка

    Малечок свет кој го собира во тегличка

    Најубавите моменти во животот никогаш не траат долго, како што се релаксирачките мигови поминати на убава песочна плажа, страсното бакнување со вашиот љубен партнер на клупата во паркот на почетокот од вашата врска, нуркањето под вода меѓу водниот свет или посетата на вашиот омилен музеј во кој првпат во вашиот живот видовте скелет од диносаурус.rnrnМалечок свет кој го собира во тегличкаrnrnЈапонскиот артист и архитект Akinobu Izumi креирал еден педантно изработен паралелен свет, во минијатурен облик. Серијaта ја нарекол „A Tiny World in a Bottle“, а сцените од животот ги сместува во малечки теглички, кои дефинитивно ќе ве потсетат на тие кратки, совршени моменти кои никогаш нема да избледат од вашата меморија.rnrnМалечок свет кој го собира во тегличкаrnrnЗа нивната изработка тој прави минијатурни скулптури кои прецизно ги сече од парче хартија, користи малку плута и кога е потребно, во тегличката сипува течен парафин за да создаде ефект на пливање во вода. Потоа тој ги продава овие теглички како сувенирчиња на сајтот Etsy shop, а нивната цена се движи од околу 23 до 29 американски долари. Ако сакате може да ви стави и врвка, во боја по ваш избор. Досега има продадено 149 парчиња.rnrnМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаrnrnЗнаете како велат: „Добрите работи доаѓаат во мали пакувања“. Додека повеќето од нас го поминуваат денот седејќи пред компјутер или гледајќи телевизија, овој токиец напорно работи на креирањето на еден паралелен универзум. Убаво погледнете низ стаклото и ќе забележите колку е едноставно да си ја визуелизирате сцената во реален формат.rnrnМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаМалечок свет кој го собира во тегличкаrnrnПогледнете го животот низ призма на минијатури и преку креативните дела на Terada Mokei.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

    Забавен кујнски прибор за полесен домаќински живот

    Кој вика дека готвењето мора да биде досадна и сериозна домашна обврска? Постојат многу интересни, креативни и практични кујнски гаџети, кои можат да ви го направат денот забавен и покрај тоа што можеби поминувате многу часови носејќи престилка на себе. Следниве оригинални кујнски предмети, дефинитивно ќе ве расположат, а можеби и ќе ја направат вашата работа во кујната поедноставна.rnrnНа крај, не заборавајте да ни пишете кој кујнски гаџет ви е омилен. :)rnrnОва е држач за чај, кој пливајќи во водата, личи на опаш од страшна ајкула.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnКога чајот ќе почне да испушта боја во жешката вода, изгледа како ајкулата да нападнала човек и крвта се разлеала низ морето.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnПоголем ефект се постигнува со некој црвен чај од шумски плодови или брусница. Дизајниран е од страна на Пабло Метеода.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnНаправете ја вашата следна домашна журка интересна со држачот за чепкалки за заби т.н. „Ауч“, кој има форма на вуду кукла. Со Ауч, боцкањето маслинки, колачиња и закуски, нема никогаш повеќе да биде досадно. Нарачајте овде.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОтворач за шише Ctrl+O, за сите љубители на овој шорткат. Дизајниран е од страна на „Арт Лебедев Студио“.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnКреативен феминистички дизајн за отворач на тапи и капачиња, чија порака е да им пренесе на мажите, дека не се потребни мустаќи и машка сила, за да може да се отвори еден пијалак. Нарачајте овде.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnПригответе нинџа-колачиња за вашето синче, внуче, комшиче со овие несекојдневни калапи. Најверојатно и вашиот партнер ќе обожава да ги грицка нинџиве. Нарачајте овде.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОваа шолја е практична според широчината, за оние кои сакаат да си топат кекс, додека пијат топло млеко или кафе. Дизајнирана е од страна на „Ентресуело“.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnСо овие готварски ножици со пет остри сечила, можете да сечкате, дробите и ситните магдонос и други тревки, директно во тавчето или тенџерето, додека ви се готви манџата. Нарачајте овде.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnСо помош на овој гаџет, благодарение на високата температура од вашето врело кафе, можете да запеглате некое „парталче“ облека, додека го чекате да се олади. Совршено е практичен, за оние кои имаат „канцелариски романси“. Дизајнирани се од страна на „Арт Лебедев Студио“.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОвој интелигентен дизајн на ножици плус шпатула, совршено ќе ви ја исече пицата и ќе ви овозможи да го пренесете парчето во чинија, без да ви падне топингот. Нарачајте овде.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОвие чашки ќе го променат вашето гледиште кон процесот на пиење, чувствување и вкусување на пијалакот, како и начинот на кој се „ослободувате“ од валканиот сад откако ќе завршите. Чашките се комплетно направени од агар, кој го има во морската трева и црвените алги, а ги има во три различни вкусови: лимон и босилек, ѓумбир и нане, рузмарин и цвекло.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnСекоја од нив е дизајнирана така за да можете да ја фрлите во тревата, откако ќе завршите со пиење, (се разбира доколку не сакате да ја изгрицкате) бидејќи агарот е екстракт од морска алга, кој всушност го поддржува растот на растенијата. Дизајнот е направен од страна на компанијата „Тhe Way We See The World“.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОвие дизајни на соларничиња, дефинитивно ќе внесат малку „магија“ во вашето секојдневно јадење. Дизајнирани се од страна на Артур Ксин.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОваа паметна штица за сечкање, е дизајнирана специјално за подготовка на оброк, бидејќи има четири длабоки чиничиња вметнати во неа, во кои можете да ги сместите исечканите зеленчуци. Дизајнирана е од страна на Каин Лукас.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОткријте нов начин за уживање во вашите омилени шпагети. Оваа виљушка е специјално дизајнирана за да овозможува полесно завртување на шпагетите во неа, без да се мачите и да го губите трпението. Со неа, можете комотно да се фокусирате на вкусот, наместо на законите на физиката. Дизајнирана е од страна на Дамјан Станкович.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnЗемате јајце, го кршите во овој сад, па го навалувате суштеството насочено со ноздрите накај длабокото чиниче и мисијата е завршена: перфектно ја одвоивте белката од жолчката, а истовремено и му го исекнавте носот. Не се препорачува за луѓе осетливи на стомак. 🙂 Нарачајте овде.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОва „Дрво-тостер“ има фенси транспарентни листови, кои ви го држат парчето леб, додека не се испече. Со оваа технологија, која вклучува транспарентна нано-електрична мембрана, дизајнерот му дава нова димензија на крцкавото, добро потпечено парче леб. Креативниов тостер е дизајниран од страна на „Јанко Дизајн“.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnОвие држачи за кујнски крпи, навидум не се ништо поразлични од класичните, невини држачи од 50-тите години на минатиот век, сè додека не сфатите дека го пикате вашиот прст во задник на животно. Далматинецот привлекува повеќе внимание од останатите, но сите се добро дизајнирани за да ги сместите скришно во кујната или тоалетот. Тие со сигурност ќе ги насмеат вашите гости, а и вас после секое миење раце. Нарачајте овде.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnДржач за ножеви, дизајниран од страна на Мартин Бас.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrnКреативни соларничиња во облик на батерии кои повторно се полнат. Нарачајте ги овде.rnrnЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животЗабавен кујнски прибор за полесен домаќински животrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што сè можете да направите со вашите јајца?

    Што сè можете да направите со вашите јајца?

    Навистина смешно, ведро и пред сè креативно. А за сето ова е виновна Vanessa Dualib. Оваа неверојатно креативна личност, со помош на нејзините фотографии, навистина може да ви го разведри и најтмурниот ден. Ви пренесуваме еден мал дел од нејзиното креативно секојдневие. И да не се сфатиме погрешно, погледнете подолу. :)rnrn(1) Што сé можете да направите со вашите јајца?(2) Што сé можете да направите со вашите јајца?(3) Што сé можете да направите со вашите јајца?(4) Што сé можете да направите со вашите јајца?(5) Што сé можете да направите со вашите јајца?(6) Што сé можете да направите со вашите јајца?(7) Што сé можете да направите со вашите јајца?(8) Што сé можете да направите со вашите јајца?(9) Што сé можете да направите со вашите јајца?(10) Што сé можете да направите со вашите јајца?(11) Што сé можете да направите со вашите јајца?(12) Што сé можете да направите со вашите јајца?(13) Што сé можете да направите со вашите јајца?(14) Што сé можете да направите со вашите јајца?(15) Што сé можете да направите со вашите јајца?(16) Што сé можете да направите со вашите јајца?
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Накит од интерпункциски знаци

    Накит од интерпункциски знаци

    Колку би било добро кога би можеле да ги прикажеме разните смешковци кои ги користиме на интернет во реалниот живот, нели?! Оваа елегантна, сребрена колекција на рачно изработен накит од финската компанија Chao and Eero, ни ја дава токму таа можност.rnrnНакит од интерпункциски знациПознатата компанија е основана од брачниот пар Eero Hintsanen и Chao-Hsien Kuo. Тие за овој накит велат:rn
    rn

    „Во денешната модерна ера, светот е поврзан преку компјутери, лаптопи и мобилни телефони. Многу од нас остваруваат интеракција со голем број луѓе во текот на денот, преку овие многу различни начини на комуникација.“

    rnНакит од интерпункциски знаци
    rn

    „Се изразуваме себеси со помош на смешковци, зборови и интерпункциски знаци, кои го опишуваат нашето расположение.“

    rnНакит од интерпункциски знаци
    rn

    „Оваа колекција од разни знаци е начин на покажување восхит кон овие симболи, кои постанаа неопходен дел од нашето комуницирање.“

    rnНакит од интерпункциски знациrnrnСребрениот накит на Chao и Eero ни ја дава слободата да ги покажеме нашите емоции и расположенија преку накитот кој го носиме. Нели е тоа прекрасно? :)rnrnНакит од интерпункциски знациНакит од интерпункциски знациНакит од интерпункциски знаци
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.