„Су Ами“ е семејна компанија од Виетнам, која создава прекрасни и слатки плетени животни, а некои од нив се долги само 6 мм. Малата фабрика се состои од 5 плетачи, а е именувана според прекарот на најмладиот член од семејството, чија симпатија кон разни филмски карактери и животни, ја создала идејата за започнување на овој бизнис. Малечките креации се неверојатно детално изработени, премногу се слатки и со сигурност би го израдувале секое детенце, а богами и возрасните лица. Нивната цена е прилично висока, но сигурни сме дека и нивната изработка е доста сложена. Се продаваат на сајтот Etsy.rnrn
Бразилската фотографка Ванеса Дуалиб, има талент за едно поинакво доживување на храната којашто секојдневно ја консумираме. Во нејзиниот проект „Brincando Com a Comida“ (Играње со храна), таа претвора разни зеленчуци како компири и мешунки од грашок, во забавни креации со животински облик.rnrnrnrnДуалиб има елан за живот и таа вели дека нејзиниот проект претставува оддавање почит кон нејзините три омилени работи: животот, храната и фотографијата. rnrnrnrnКомбинацијата од нејзината креативна визија, остро око и едноставна резбарска техника, дефинитивно ќе донесе насмевка на вашите лица.rnrnrnrnФотографката дури им дава и имиња на нејзините „животинки“. Па така, компировиот диносаурус се вика Apotatosaurus Dulcis, малиновата оса Waspberry, а осумножниот октопод Potatoctapus. На сите фотографии гледаме интелигентни скулптури, кои нѐ носат на кратко авантуристичко патување во веселата имагинација на Ванеса. rnrnrnrn
Овој мотор е заедничко дело на данскиот дизајнер Лауге Јенсен и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни. Јенсен сакал да собере пари за децата во Данска на кои тие им се потребни, па го поканил славниот фудбалер да учествува во неговото дело со тоа што ќе му помогне во дизајнот и ќе стави свој печат на моторот.Моторот развива брзина до 250 км/ч, а до 100 км/ч достигнува за само 6 секунди. Задниот дел е инспириран од голот со ножички на Руни против Манчестер Сити, додека врз резервоарот на предниот дел е вграден негов дрес кој е покриен со специјален лак. Покрај тоа, менувачот е украсен со еден бел и 21 црни дијаманти.rnrnМоторот беше продаден на аукција за цена од 43.250 фунти.rnrnrnrn
Автор: БојанаrnrnЉубителите на плетените ракотворби сигурно ќе бидат воодушевени од делата на оваа талентирана Јапонка. Јунг Јунг е родена во 1970 година. Таа вели дека уште како дете сакала да црта и да слика, но првпат започнала да се дружи со иглите за плетење на 11-годишна возраст.rnrnПо дипломирањето на Универзитетот за уметност Мусасино во Токио и по работата на различни работни места, одлучува професионално да се занимава со изработка на плетени модни додатоци. Во 2002 година влегува во светот на модата и започнува да работи за јапонскиот дизајнер Ери, сè до 2006 година кога одлучува да ја продолжи кариерата самостојно. Во 2008 година ја објавува нејзината книга „Плетени растенија“ (Ito-ami-plants).rnrnrnrnВо продолжение се неколку од нејзините феноменални дела. Повеќе за нејзината работа може да видите на нејзиниот веб-сајт.rnrnrnrnrnrn
Италијанската артистка Ернестина Галина имала чувство за уметност уште како дете. Отсекогаш сакала да слика, да црта и да моделира, но бидејќи нејзиното семејство никогаш не ја охрабрило да ги развива нејзините таленти, никогаш не посетувала школо за уметност, па уметноста ѝ била само хоби.rnrnrnrnВо 1987 година заедно со семејството се преселила во Кенија, каде го здогледала новиот свет со многу природа и животни. Потоа, еден ден во библиотека наишла на книга со цртежи на камења и ја заинтригирала помислата, колку лесно речните камења можат да бидат претворени во уметнички дела инспирирани од природата. Ваквата идеја ѝ дала шанса да ја искомбинира нејзината страст за уметноста и љубовта кон животните и така амбициозно почнала да црта на камења и не престанала до ден-денешен. rnrnrnrnОткако ги изострила нејзините вештини, за 3 години почнала да учи други луѓе за тајните на цртањето на камења, а во 2003 година, го оформила првиот клуб за сликање на камења во Италија. И покрај тоа што оваа форма на уметност постои подолг период, сепак оваа италијанска артистка, успева да ја воздигне на едно надреално ниво, со нејзините реалистично насликани животни.rnrnrnrn
Њујоршкиот артист Кевин Чампени мора да е голем гурман за слатки, штом смислил начин како да го декорира просторот за живеење со бонбончиња. Toј направил рачно изработен лустер од 5.000 разнобојни гумени мечиња. Неговиот производ е достапен во две варијанти: 45 см долг во дијаметар, направен од 3.000 гумени бонбони и тој од 5.000 мечиња, што е 79 см во дијаметар.rnrnrnrnКако што проаѓа светлината од 50-ватната флуоресцентна сијалица низ разнобојните бонбони, просторот се исполнува со нежен, „сладок“ сјај. Кевин ги изработува овие слатки лустери за американската компанија „Jelllio“, каде што се продаваат по цена од 2.400 долари (помалиот) и 6.500 долари (поголемиот).rnrnrnrn
Јапонците веќе одамна ја докажаа својата креативност, формирајќи слатки креации од ориз. Сега, нивната креативност почна да зазема нови размери. Тие прават многу симпатични тостирани лепчиња, кои секој од нас би сакал да ги види на својата трпеза за појадок.rnrnrnrnСѐ што ви е потребно за да ги изработите е алуминиумска фолија, на која со пенкало ќе го нацртате дизајнот кој сакате да се најде на вашиот тост. Потоа со скалпел треба да ги исечете деловите од фолијата, кои сакате да се затемнат со печењето на лепчето. Ставете ја дизајнираната фолија врз лепчето, испечете и уживајте во „слаткиот“ оброк.rnrnrnrnЕдинствен проблем на кој можете да наидете е тоа што, можеби нема да сакате да гризнете од тостот, бидејќи едноставно ќе изгледа предобро за да го уништите. :)rnrnrnrn rnrn
Овошје и зеленчук + МРИ + GIF анимации = здрава уметност. 🙂 Идејата за овие неверојатни дела е на Енди Елисон, од медицинскиот факултет во Бостон, САД.rnrnПченкаrnrnПаралелно, додека ја врши својата сериозна медицинска задача на МРИ скенерите, Елисон создава и извонредна уметност. Погледнете ја:rnrnСончогледrnrnБрокулаrnrnДоматrnrnГрозјеrnrnКарамбола или ѕвездено овошје (star fruit)rnrnЛукrnrn rnrn
Британскиот артист Брус Манро е фасциниран од светлосни дизајни и инсталации. Оваа необична страст е очигледна во голем број од неговите надворешни масивни дела. Тој во својата работа употребува светлина за да создаде енергетско поле од среќа која сјае. Во биографијата на артистот можете да прочитате:rnrn
„Манро има цел да ја сподели позитивната енергија; ништо поинтелектуално од тоа. Неговата најголема цел и задоволство е да ги натера посетителите да го почувствуваат топлиот сјај на насмевката.“
rnrnrnОвие колоритни „водни цвеќиња“ кои тој ги составил од 65.000 рециклирани цедеа се наоѓаат во Градините Лонвуд, Кенет Сквер, Пенсилванија. Тие плутаат во текот на денот во Големото Езеро од каде што рефлектираат зраци во сите бои од виножитото од сончевата светлина. Манро вели:rnrn
„Убавината на Градините Лонгвуд ме инспирира на многу начини. Да се создаде нешто кое истовремено се поврзува со пејсажот и ја зголемува неговата природна убавина е возбудлив артистички предизвик.“
Еден татко од Англија успеал да ги охрабри своите деца да јадат повеќе овошје и зеленчук, трансформирајќи ја нивната храна во карактери од цртаните филмови. Марк Нортист кој живее со неговата жена Лиса (38) во Литлхемптон вели дека целата работа започнала кога неговиот син Оскар бил намуртен и не сакал да јаде.rnrnrnrn rn
„Опциите беа да го оставам да гладува, некако да го принудам да јаде или да му подготвам нешто коешто тој би сакал да го изеде. Денес, моите деца обожаваат да си прават фанки ручек, за кој сами доаѓаат до интересни идеи, а ги користат само состојките коишто ги имаме во фрижидерот.“
rnrnrnОсвен што ги убедил своите деца дека јадењето овошје и зеленчук е вкусно и здраво, Марк го претворил неговиот изум во многу успешен бизнис. Тој напишал книга т.н. „Funky Party“ која станала хит кај мајките во Британија. Цената на книгата е 7,99 фунти, а таа содржи мешавина од рецепти (сендвичи, печена храна, пудинзи, колачиња, топли вечери, пијалаци и ужини). Оваа книга станала многу популарна и во основните училишта, за охрабрување на децата да вкусат здрава храна, на еден забавен и возбудлив начин.rnrnrnrn rnrn