КАФЕ ПАУЗА

Category: Изработки и инсталации

  • Автомобили направени од празни лименки

    Автомобили направени од празни лименки

    Автомобилите се составен дел од секојдневието на луѓето, па затоа многу често тие претставуваат инспирација за уметниците и скулпторите. На пример, Сенди Сандерсон, кој живее во Хамилтон, Нов Зеланд, ги собира празните лименки од сокови и пиво и од нив создава фантастични класични автомобили со многу прецизни детали.rnАвтомобили направени од празни лименкиКога ќе ја погледнете неговата работа, ќе забележите колку Сенди внимава на деталите на неговите мајстории. Суспензијата, ентериерот, моторот, тркалата, па дури и педалите и рачната кочница се направени до перфекција. За изработка на еден автомобил, тој троши од 8 до 30 лименки, а целиот процес на изработка му одзема околу еден месец.rnАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиПоголемиот дел од неговите автомобили се продаваат, а цените се движат од 472 до 1.537 американски долари. Можеби станува збор за голема сума, но мора да се признае дека тие навистина изгледаат прекрасно.rnАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименки
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите скулптури во светот

    Најубавите скулптури во светот

    Векови наназад, големите уметници го збогатија човештвото со извонредни творби. Дел од нив се претставени преку уметноста на скулптурите. Ова е листата на топ 10 најубави скулптури низ светот.rn

    Бронзениот Давид (Bronze David)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnОваа скулптура е направена околу 40-тите години од 15 век од страна на Донатело (1386-1466) и е една од најпознатите скулптури денес. Таа е позната по тоа што е првиот проект во бронзена форма за време на ренесансата. Исто така, претставува првата гола машка скулптура направена после античкиот период. На неа е отсликан младиот Давид со енигматска насмевка, кој ја гази отсечената глава на големиот џин Голијат. Тој е целосно гол, освен капата и чизмите кои се направени од ловоров лист и во својата рака го држи мечот на Голијат.rn

    Девојката со птиците (Savannah Bird Girl Statue)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnОва е дело создадено во 1936 година од скулпторката Силвија Шо Џудсон. Оваа скулптура се наоѓа во Лејк Форест, Илиноис и ја достигнала својата популарност кога била објавена на насловната страница на новелата „Ноќ во градината на доброто и злото“. Направена е во местото Радагл, каде што се наоѓа куќата на нејзиното семејство. Девојката со птиците е изработена во бронза и ја отсликува младата девојка која е облечена во едноставно фустанче, со тажен израз на лицето и главата навалена во лево. Таа стои исправено и во своите раце држи два сада кои се сметаат дека се наменети за хранење птици.rn

    Фрлачот на диск (The Discus Thrower)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnЗа жал, ова е изгубена грчка бронзена скулптура направена во периодот 450-460 п.н.е. Познати се голем број римски копии кои првично биле најдени како изработки од мермер. Пример за таква скулптура е Palombara Discopolus. Како и секогаш во грчката атлетика, фрлачот на диск е гол.rn

    Бакнежот (The Kiss)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnБакнежот е мермерна структура направена во 1889 година од францускиот скулптор Огист Роден. Оваа скулптура има доста интересна приказна. Се работи за италијанската аристократка од 13-от век, Франческа, опеана во „Пеколот“ на Данте. Таа се заљубува во Паоло, помладиот брат на нејзиниот маж Џовани Маластета. Но, како што се вели: секоја голема љубов е трагична, па и нивната приказна не е исклучок. Така заљубени и читајќи ја легендата за Ланцелот, биле пронајдени од мажот на Франческа и убиени. Во скулптурата, дури може да се види книгата во раката на Паоло. Впрочем, на самата скулптура се гледа дека при бакнежот нивните усни не се допираат што иницира на тоа дека биле прекинати.rn

    Хермес и малиот Дионис (Hermes and The Infant Dionysus)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnОваа скулптура е позната уште како Хермес од Праксителес или Хермес од Олимпија, а била откриена во рушевините на храмот на Хера. Денес се наоѓа во олимпискиот археолошки музеј. Скулптурата традиционално му се припишува на Праксителес и датира од 4 век п.н.е, врз основа на забелешките на грчкиот патник Павзаниј, кој направил голем придонес за дефинирање на праксителеанскиот стил. Сепак, неговите прибелешки се тема на жестоки контроверзии меѓу историчарите на уметноста.rn

    Правда (Lady Justice)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnДамата-правда е една од најпознатите светски скулптури. Кој е причинител за нејзиното настанување, сè уште не се знае, меѓутоа се претпоставува дека таа потекнува од времето на Грците и римјаните кои ја сметале за божица на правдата и законот. Факт е дека оваа скулптура ги краси сите судници во светот и затоа е толку популарна. За неа се познати и други имиња како Скала на правда и Слепа правда.rn

    Оплакување (La Pieta)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnКреирана од Микеланџело, оплакувањето ја отсликува Богородица како го држи својот син Исус во прегратка. Пред оваа скулптура, Микеланџело не бил многу познат скулптор. Тој имал само околу 20 години кога во 1498 година му било кажано да направи скулптура на Богородица како го оплакува својот син, во вистинска големина. За две години и тоа од само една плоча мермер, тој ја создаде оваа скулптура која кога ја гледате ви навираат солзи во очите.rn

    Мислителот (The Thinker)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnМислителот е исто така дело на Огист Роден. Првичното име на оваа скулптура била „Поетот“ и била наменета да стои пред влезот на музејот на уметности во Париз. Роден го засновал своето дело врз Божествената комедија на Данте и сите статуи претставуваат лик од оваа епска поема. Мислителот, бил првично наменет, да го отслика Данте пред портите на пеколот како размислува за својата поема (финалната скулптура е всушност минијатурна статуа која седи на врвот од портите и размислува за оние кои се под него). Скулптурата е гола, како би се продолжила традицијата на Микеланџело каде што Роден преку неговото херојско дело сакал да отслика и поезија и интелект.rn

    Венера де Мило (Venus de Milo)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnОваа скулптура е создадена некаде меѓу 100-130 година п.н.е. и се верува дека е направена да се отслика убавината на Афродита, грчката божица на љубовта и убавината. Таа е мермерна структура, голема 203 см. Нејзините раце и оригиналното цокле се изгубени, меѓутоа на натписот од остатоците од цоклето се смета дека е дело на Александрос од Антиохија, кое претходно погрешно се мислеше дека е дело на Праксителес. Денес Венера де Мило се наоѓа во музејот во Лувр, Париз и интересно за неа е што била случајно пронајдена на полето на еден фармер.rn

    Давид (David)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnДавид е ремек-дело на ренесансната скулптура, креирано меѓу 1501-1504 година од италијанскиот уметник Микеланџело. Таа е 5,17 метри висока мермерна структура од гол маж. Статуата го претставува библискиот херој Давид, кој е омилена тема во уметноста на Фиренца. Првично била наменета да ја краси катедралата на Фиренца, но потоа била преместена на јавниот плоштад надвор од Palazzo Della Signoria (средиштето на граѓанската влада во Фиренца), каде била пронајдена на 8 септември 1504 година. Поради природата на овој херој, наскоро скулптурата станала симбол за одбрана на граѓанските слободи во Фиренца, која тоа време била град-држава. Во 1873 година, статуата била преместена во академската галерија во Фиренца, а на местото на нејзиното пронаоѓање изработиле иста скулптура на Давид (реплика). Предупредувачиот отсјај во неговиот поглед е свртен накај Рим.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необична опсесија со чевли

    Необична опсесија со чевли

    Гвен Марфи е скулптор со неразбирливо голема пасија за чевли. Резултатот од неговата желба за уметничко изразување и опседнатоста со чевлите се преточува во скулптури кои се спој од врвот на човечката фигура и обувките кои се вообичаено наменети за најдолниот дел. Чудно, но креативно, нели?rnrnНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевлиНеобична опсесија со чевли
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.