5-те најголеми митови за Интернетот и вистината зад нив

5-те најголеми митови за Интернетот и вистината зад нив

Што е тоа кај Интернетот што го прави одлична територија за лаги, шеги и урбани легенди? Можеби тоа што сме свесни за промената која ја направи во нашиот живот, иако баш и не ни е јасно како функционира. На следнава листа ќе најдете некои од најголемите митови поврзани со Интернетот кои поставуваат прашања за неговото потекло, кој го контролира и кој се крие во неговиот најмрачен агол.

1. Ал Гор го измислил Интернетот

(1)5-te-najgolemi-mitovi-za-internetot-kafepauza.mk

На 9-ти март, 1999 година, спикерот на CNN, Вулф Блицер го интервјуирал Ал Гор кога тој ја започнувал својата претседателска кампања. Кога го прашал што ќе понуди, Ал Гор одговорил:

„За време на мојата служба јас преземав иницијатива за создавање на Интернетот. Преземав и многу други иницијативи кои се покажаа како важни за растот на нашата економија и заштита на средината, како и за подобрување на образовниот систем.“

Дури и најверните обожаватели на Ал Гор признале дека ако навистина сакал да си го припише создавањето на Интернетот, тоа го направил многу чудно. На критичарите им било потребно малку време за да сфатат дека станува збор за лага. Иако Ал Гор ја прославил фразата „информациски автопат“ и ја поддржувал големата брзина на Интернетот, мажите кои се одговорни за „измислување“ на Интернетот се Винтон Керф и Роберт Кан.

2. Вашиот Интернет провајдер го следи секое ваше движење

(2)5-te-najgolemi-mitovi-za-internetot-kafepauza.mk

Вашиот Интернет провајдер е локалната врска помеѓу вас и светската компјутерска мрежа, односно Интернетот. Секој веб-сајт кој го посетувате и секоја порака што ја испраќате, прво патува до рутерот на Интернет провајдерот. Па од овде потекнува и идејата дека провајдерот може да го скенира и зачува секој ваш податок. Вистината е дека Интернет провајдерите ја имаат оваа моќ, но за среќа немаат доволно пари, ниту пак желба да ја архивираат секоја информација која минува низ нив. Понекогаш тие може да ја следат активноста на некој осомничен. Во ЕУ од Интернет провајдерите се бара да ги чуваат пораките на корисниците до 2 години. Тие не ја чуваат содржината на пораките, туку само испраќачот и примачот. Овие информации се користат за криминални истражувања.

3. Интернетот е полн со сексуални предатори

(3)5-te-najgolemi-mitovi-za-internetot-kafepauza.mk

Секој родител сака да го заштити своето дете од емоционално, физичко и психичко насилство. Токму поради ова голем број родители се вознемирени од програмите кои го претставуваат Интернетот како дувло на сексуални предатори. Но според еден извештај, Интернетот нема создадено нов вид предатори. Наместо тоа, тој само овозможил нов медиум за стар феномен – возрасни кои бараат малолетни сексуални партнери. Се покажало дека мнозинството „онлајн предатори“ се идентификувале како возрасни кои бараат секс со малолетници, па поголемиот дел од овие средби не е присилен. Иако оваа тема е непријатна, сепак ова е важно. Наместо да им забрануваат на децата да користат Фејсбук, подобро е родителите да им одржат лекција за здрави врски. Исто така наставниците и авторитетите може да се фокусираат на опасните знаци – домашно насилство, употреба на наркотици, изолирање… Овие знаци покажуваат дали некоја млада личност може да се впушти во опасно онлајн однесување.

4. Сè што ќе прочитате на Интернет е вистина

(4)5-te-najgolemi-mitovi-za-internetot-kafepauza.mk

Интернетот направи вистинска револуција во објавувањето и медиумите. Секој со Интернет конекција може веднаш да ги сподели своите мисли со целиот свет. Резултатот, според Гугл, се над трилион веб-сајтови. Бидејќи секој може да направи веб-сајт, речиси е невозможно да кажете од каде потекнуваат информациите. Но, користејќи навистина едноставен систем можете да ја потврдите валидноста на информациите на кој било веб-сајт. Првото нешто кое треба да го истражите е самата адреса. Дали завршува со .gov или .edu? Дали вклучува име на некоја личност? Само со URL адресата веќе имате некаков индикатор за изворот на материјалите. Можете да го проверите авторот на текстот, датумот на објавување и слично. Најважно е секоја онлајн информација да ја гледате со доза скептицизам. Немојте да верувате во сè.

5. Интернетот може да ве направи богати

(5)5-te-najgolemi-mitovi-za-internetot-kafepauza.mk

Ако верувате во рекламите како „Заработувам 1.000 евра дневно онлајн“ и сличните спам пораки, тогаш Интернетот е рудник кој чека да биде ископан. Вистина е дека неколку визионери успеале да се збогатат, но сеќавањето за нив ќе избледи со текот на времето. Од гледна точка на бизнисот, примамливо е да гледате на Интернетот како магично нешто што ќе ви ја зголеми продажбата. Сепак онлајн се милиони луѓе, па би требало да имате голема база на муштерии. Или пак може и да немате. Ефективниот онлајн маркетинг е ризичен. Потребна е добра оптимизација, комплицирани модели за рекламирање, па дури и скапи офлајн реклами. Уште поголем проблем е што иако можеби ќе убедите милиони луѓе да го посетат вашиот веб-сајт, немате никаква гаранција дека ќе купат нешто. Нема формула која ќе ви донесе сигурен успех во онлајн бизнисот. Сепак на крај најважен е квалитетот на производот и службата, како и вашата способност да создавате добри врски со вработените, бизнис партнерите и муштериите.

Дознајте и што ги интересира луѓето на Интернет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар