Вистина е дека не сме еднакви, се делиме на машки и женски пол и меѓу нив има разлика како од Северниот до Јужниот. И физички и психички, поинаку сме градени, поинаку се развиваме, поинаку размислуваме, имаме различни сфаќања за нештата… Да се разбере како функционира женскиот мозок не е лесна работа, ако пробувате да го сторите тоа – со среќа! Ама постои една група на мажи кои извежбале некои проверени финти, па така можат лесно да ќарат женски… е таквите милуваме да ги викаме ЖЕНКАРИ… ЖЕНКАРИШТА!
Женкарите – вечито обвинувани и омразени од останатите припадници на погрубиот пол. Можеби дел им се восхитуваат зашто „мотаат“ женски, ама сите потајно ги мразат од проста причина што им ги ќаруваат женските лесно, додека тие остануваат со прстот во уста.rnrnКако да ги познаете? Момци кои се гледа дека се грижат за својот изглед. Владеат со просторот околу нив, зборуваат гласно и јасно, имаат шмекерски поглед, се движат така мажествено и заводливо. Преовладуваат во друштво, силни се, упатуваат заводнички погледи. Го имаат тој шмек кој ги издвојува од толпата.rnrnКако шармираат? Нема да ви пријдат пијани, ќе бидат трезни, дури и по малку скромни. Зошто трезни? Па имаат премногу самодоверба, така што, не им треба алкохол. Ќе ве шармираат со убави зборови, мажествен став, а можеби и со цвеќе.rnrnКако оперираат? Сте виделе кученце кое се врти околу месарница? Колку повеќе ги одбивате толку повеќе трчкаат по вас, како издресирани мајмунчиња. Колку сте вие поладни тие сè повеќе горат. Подготвени се да клекнат на коленици. Глупави се? Папучари се? Не драги мои, далеку од тоа, тие се упорни, вие сте им цел, а упорните луѓе кои имаат зацртана цел ќе направат сè што е потребно за да ја добијат.rnrnКако ве освојуваат? За да се дојде до машкото срце клуч е заводливоста, а за да се дојде до женското, најважни се убавите зборови. Тие имаат финти, ама добро извежбани. Секогаш имајте на ум дека не сте ни прва ни последна на која ù ги упатува тие зборови. Тие долго и очигледно ќе зјапаат во вас, подгризнувајќи ги устите за вам да ви се покачи самодовербата, да знаете дека сте посакувани… што да ви кажам, оперираат добро и проверено.rnrnНивните финти:rn
- rn011
- Отвораат врата од кола.
- Ви даваат предност.
- Тие се „вистински“ џентлмени.
- Играат ладно-топло.
- Ќе ви купат цвеќе, или уште потрогателно, ќе наберат самите.
- Може да ви посветат, дури и да ви потпевнат по некоја убава песна.
- Вие сте нивното срце, злато, душа, ангел, убавица, малечко будалче…
- Ќе ве залажат со спомнување на иднината.
- Кажуваат „ние“ а не „јас“ (ама само мислете си дека навистина станува збор за вас, најчесто е тој со неговото его).
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnИ уште купишта финти, изрази, зборови, комплименти… и ситници. Таквите мажи знаат дека жените обрнуваат внимание на ситници, па ги кажуваат спонтано како да немаат значење, а всушност зад нив стои некаква намера.rnrnШто треба да запаметите?rn
- rn011
- Да, нивниот однос ќе се промени откако ќе ве освојат.
- Не, не сте му ни прва ни последна.
- Да, тој сака само секс.
- Не, не смеете да фантазирате за иднина со него.
- Да, тој еден ден ќе реши да стапи во брак, но шансите да биде верен се минијатурни.
- Не, не сака сериозна врска.
- Да, истите финти ги има испоробано безброј пати со други девојки пред вас.
- Не, нема да ви биде верен.
- Да, ќе биде со вас додека да му здодеете.
- Не, не сака да се запознае со вашите родители.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЗаклучок? Во ред е да запознаете многу луѓе, животот ќе ве однесе на различни патишта и ќе сретнете различни карактери, меѓу кои и карактерот на еден женкар. Оставете го да се глупира, да се труди да ве освои, но никогаш не му се покорувајте, секогаш ставете му до знаење дека не верувате на што и да излезе од неговата уста. Може да одберете воопшто да не се плеткате со каков било човек од оваа врста, а може да одите до крај и да видите како функционира тој. Ништо страшно, едно животно искуство повеќе. Но што и да правите, секогаш бидете еден чекор пред него, не дозволувајте да се вљубите, оддалечете се додека имате време, тој со неговите финти ќе се појавува одвреме-навреме и лесно ќе паѓате под негово влијание колку и да сте ладни. Кога веќе сте одбрале да играте со оган, навреме и цврсто повлечете линија за крај.rnrnПа дами мои, спремни сте да им одолеете на ваквите заводници?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnМомци, слушнете женско мислење на оваа тема, би ви било од корист. :)rnrn
rn
rn
rnrnНо бидете спокојни, бидејќи не е сè толку комплицирано колку што вам ви изгледа. Мажите пред сè сакаат жена која ужива за време на сексот и јасно го дава тоа до знаење. Доколку мислите дека треба да бидете гимнастичарка за да ги задоволите неговите желби, ве уверуваме дека живеете во заблуда. Ви ги откриваме слатките „тајни“ на мажите и што е она што најмногу ги возбудува. Ќе заклучите дека нивната реализација не само што не е тешка, туку истовремено може да биде забавна, опуштена и секси.rn
rnrnДоколку се прашувате како да ја освоите љубовта на маж роден во знакот на девица, правило број еден е да му оставите добар впечаток со вашата физичка појава. Дефинитивно нема да му го привлечете вниманието ако ја зачешлате косата со прсти и ако сте облечени во вашите најудобни тренерки кога ќе го сретнете. Машките девици се во потрага по партнерка со стил, која посветува доста време за разубавување и нега. Тоа значи дека за да го освоите неговиот поглед, треба секогаш да изгледате уредно и чисто и да носите облека во која ќе изгледате привлечно како него. Мажите родени во овој знак бараат сопатничка која совршено ќе им прилега.rn
rnrnМомците родени во овој знак не сакаат жени кои сакаат да прават спектакл од себеси во јавност. Ако учтивоста и пристојноста не е ваш стил на однесување, не се ни обидувајте да освоите некоја девица. Тој сака партнерка со која ќе може да се гордее во секој момент. Ако сте премногу гласни, кажувате безобразни шеги и звучно ја сркате супата, дефинитивно ќе ги надминете неговите граници на толеранција.rn
rnrnСтвар која машката девица нема да ја толерира е лага или прикривање на вистината. Тој сака да се чувствува сосема безбедно во врската пред да реши целосно да се предаде на чувствата. Ако дознае дека му кажувате ситни лаги или прескокнувате да му кажете значајни работи, најверојатно ќе си отиде од вашиот живот уште пред да сфатите дека сте го разочарале. Девојки, има само уште една работа на која треба да внимавате ако сакате да изградите убав однос со момче родено во знакот на девица – ако искрено му кажувате што мислите или чувствувате за него, внимателно одберете ги зборовите. Девиците се прилично критични спрема другите луѓе, но кога станува збор за нив, тешко прифаќаат критика од кој било вид.rn
rnrnИако машките девици во принцип знаат какви се нивните очекувања од својата партнерка, сепак тие сакаат да одат пополека. Ова е резултат на нивниот страв од одбивање. Затоа, ако тој дискретно се обидува да започне разговор со вас, сфатете го како знак дека е заинтересиран. Нема да згрешите ако го поканите на вечера, но немојте да се противите ако тој инсистира да плати за истата.rn
rnrnМашките девици прекрасно се грижат за своите љубени и тие уживаат во таа улога. Немојте да создавате вештачки ситуации во кои ќе очекувате дека тој ќе биде вашиот супермен кој ќе дојде да ве спаси, но слободно побарајте од него совет кога ви е потребен и искажете ја вашата благодарност за работите кои тој ги прави за вас. Охрабрувањето и позитивната критика се како балсам за неговата душа и неговата затскриена потреба да се чувствува прифатено.rn
rnrnДа ја претворите вашата кратка романса со машка девица во сериозна љубовна врска е навистина тешка задача. Тој ќе се колеба дали да го направи првиот чекор или не, бидејќи не сака да избрзува. Ако тој навистина ви значи и сакате да го задржите, пронајдете начин да му покажете дека го посакувате, без да бидете премногу директни. Ако успешно сте му покажале дека ви е навистина битен во животот и ако се чувствува сигурно покрај вас, сте на половина пат до освојување на неговото срце. Милувајте го и бидете покрај него извесен период и бидете сигурни дека тој ќе ви ги возврати чувствата.rn
rnrnНема да натерате машка девица да ве запроси ако го убедувате и притискате да го стори тоа. Најдоброто нешто што можете да го направите е постојано да му покажувате дека ви значи, дека секогаш ќе се грижите за него и безрезервно го почитувате. Машките девици се вистински кавалери, така што ако му докажете дека вие навистина вредите и сте вистинската жена за него, тој ќе сака да го помине остатокот од животот со вас во брачна заедница.