КАФЕ ПАУЗА

Tag: заведување

  • Заводничка астрологија: Кои 4 хороскопски знаци се кралици на флертот?

    Заводничка астрологија: Кои 4 хороскопски знаци се кралици на флертот?

    Откријте кои четири хороскопски знаци се најголеми заводнички помеѓу дамите.rnrnЗаводничка астрологија: Кои 4 хороскопски знаци се кралици на флертот?rn

    Лав

    rnЖената родена во знакот на лав е вистинска лавица. Ќе ви зборува со најголема самодоверба и ќе ве плени со својот неодолив шарм и прекрасна насмевка. Додека таа ве освојува вас, во просторијата ќе има и други мажи кои би посакале да бидат на вашето место и да уживаат во нејзиното суптилно заведување. Лавовите познаваат многу луѓе и излегувањето со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Од нив ќе добиете кралски третман додека таа ги покажува своите дамски манири. Тие не сакаат да губат и штом тргнат во заведување на оној кој го посакуваат, само победата е опција за нив. Затоа уживаа во секој чекор на заведувањето, а кога ќе го освојат пленот ја покажуваат својата страсна страна во креветот.rn

    Скорпија

    rnСите мажи забележуваат кога скорпијата влегува во просторијата. Таа може да освои и со својот помалку безобразен поглед уште пред да тргне во поход. За тоа не ѝ треба многу време да го освои мажот кој го посакува. Одлично се служат со невербалната комуникација и со суптилните потези кои мажите ги оставаат без здив. Тоа го прават толку прикриено, што додека мажите мислат дека ја импресионираат неа, не сфаќаат дека таа полека но сигурно продира до нивното срце користејќи ја својата суптилност. Додека да сфатите дека таа решила да ве освојува, вие ќе бидете оној кој ќе копнее да ја освои неа. Кога тоа ќе се случи ќе можете да уживате во долго водење љубов со неа, пробувајќи работи на кои можеби не сте помислиле претходно.rn

    Близнаци

    rnНивниот скромен и пријателски пристап ги доближува до мажите и често пати им завршува работа при заведувањето. Духовити се и шармантни. Многу се забавни и лесно е со нив да поминете многу часови во разговор по кој ќе бидете заведени пред да се свестите за тоа. Нивната голема харизма секогаш привлекува мажи околу овие девојки, а нивната позитивност и друштвеност ги задржува крај себе. Со нив никогаш не е непријатно или здодевно.rn

    Рак

    rnРакот има карактер со кој ги привлекува оние кои бараат разбирање од својата партнерка. Таа има големо срце. Кога сака да освои некој маж, таа уште во првите моменти ја покажува целата своја сочувствителност и му овозможува да се почувствува пожелно крај неа. Тој може да зборува за сите свои стравови, желби, успеси и падови со неа, а таа ќе слуша, ќе покажува разбирање и така ќе се смести во неговото срце. Ракот знае на ваков начин и добро пријателство да претвори во голема љубов. Мажите на кои таа им е најдобра пријателка не се свесни дека кога се дружат со неа всушност се дел од нејзиниот план за заведување. Кога ќе успее во тоа и ќе го однесе во својот кревет, таа му покажува сосема нова димензија на сексот и го комплетира своето освојување.

  • Трите хороскопски знаци кои спротивниот пол го оставаат без здив

    Трите хороскопски знаци кои спротивниот пол го оставаат без здив

    Одредени хороскопски знаци се вистински заводници. Тие имаат талент за флертување и нив тоа лесно им оди. Проверете кои се трите знаци на кои малкумина можат да им одолеат. Дали сте меѓу нив?rnrn1-trite-horoskopski-znaci-koi-sprotivniot-pol-go-ostavaat-bez-zdiv-kafepauza.mkrn

    Бик

    rnБикот спаѓа во врвните заводници иако не е свесен за својата сензуалност. Клучен адут му е спонтаноста, а во кревет ги познава сите пози од Камасутра иако никогаш не ја прочитал. Умее да создаде вистинска атмосфера и да направи партнерот да се почувствува многу посебно. Биковите имаат природна топлина во очите и понекогаш несвесно ги привлекуваат дури и оние кои не би сакале. Нивните усни просто секого го примамуваат.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се кралеви на шармот. Нив просто не може да им се одолее. Тие уживаат во игри на заведување и комуникација. Обично се надарени со добра физиономија, а нивниот адут е немирниот и недофатлив поглед. Тие освојуваат со комуникација и со интелект. Нивниот позитивен став ги привлекува луѓето и со нив времето секогаш е пријатно исполнето, толку што посакувате постојано да се покрај вас.rn

    Скорпија

    rnСо Скорпијата владее фаталната планета Плутон. Овој знак е тешко да не го забележите. Нејзиниот заводлив поглед и манири со кои како да ве повикува на блуд не можат да ве остават рамнодушни. Ова е знак кој длабоко чувствува и нејзината интуиција е изразена до таа мера што во секој момент ги знае вашите потреби. А со оглед на тоа дека во емоционална смисла е многу посветена, ќе ужива да ве задоволи до максимални граници. Нејзините вештини во водење љубов се незаборавни.

  • Неколку едноставни начини да го возбудите за само 60 секунди

    Неколку едноставни начини да го возбудите за само 60 секунди

    Со овие едноставни и брзи игри можете да го возбудите дури и за време на оние денови кои и двајцата сте претерано зафатени со вашите работни обврски. Тие за само 60 секунди можат да донесат свежина во вашата врска и да ја разгорат страста помеѓу вас…rnrnНеколку едноставни начини да го возбудите за само 60 секундиrn

    Играјте „погоди ја облината“

    rnСо вашиот смартфон фотографирајте делови од телото и испратете му ги фотографиите со објаснување да погоди за кој дел од вашето тело станува збор.rn

    Испратете му сликовита порака која ќе ја разгори неговата фантазија во момент кога тој најмалку очекува

    rnНајдоброто време за оваа порака е кога тој е на работа (но, внимавајте да не е на важен состанок) или пак, наутро веднаш по будењето. Напишете му нешто за што ќе размислува цел ден, како на пример, „Ги посакувам твоите раце врз моето тело!“ или „Ти, јас, мојот кревет, вечерва, во 22 часот!“rn

    Употребете играчки во предиграта

    rnРазмислете само колку би помогнале вибрациите во масажата на ерогените зони.rn

    Измислете зборови или кратенки кои само вие двајца ќе ги разбирате

    rnСледен пат кога ќе бидете со вашите пријатели и не можете отворено да разговарате, упатете му „кодирана“ порака за да знае точно што се врти во вашите мисли.rn

    Поставете секси песна за вашите повици на неговиот мобилен телефон

    rnКога и да му се јавите, оваа песна ќе побудува сексуални мисли кај него.rn

    Снимете кратко секси видео и испратете му го со порака дека го очекувате истото и од него

    rnНо, имајте на ум дека телефоните се губат и за да избегнете непријатни ситуации не го снимајте вашиот лик, ниту пак кажувајте имиња кои би откриле за кого станува збор.

  • 5 знаци со кои девојките им откриваат на момците дека сакаат само забава

    5 знаци со кои девојките им откриваат на момците дека сакаат само забава

    Некои момци немаат способност да ја забележат новата фризура, маникирот или блузата на девојката со која излегуваат, но повеќето знаат да ги прочитаат знаците кои им кажуваат дали припадничката на спротивниот пол е заинтересирана за нив или не.rnrn5 знаци со кои девојките им откриваат на момците дека сакаат само забаваrn

    Кога жените се однесуваат на следниот начин, мажите во тоа однесување ќе прочитаат само желба за добра забава:

    rn1. На првиот состанок или при првиот телефонски разговор, таа зборува за секс.rnrn2. Носи облека која е многу куса, ги открива нозете, градите, грбот… Нејзината сексуалност е пренагласена.rnrn3. Постојано му упатува комплименти на момчето.rnrn4. Веќе на вториот состанок го поканува кај неа дома. Тој ѝ ветува дека само „ќе се мазат“, но таа нема ништо против и да преминат на акција.rnrn5. На третиот состанок облекува секси долна облека со многу чипка, не оставајќи ништо на неговата имагинација. Неговиот интерес полека спласнува.rnrn5 знаци со кои девојките им откриваат на момците дека сакаат само забаваrn

    Од друга страна, околу вакви жени момците повеќе би се потрудиле:

    rn1. Таа суптилно го заведува, ја открива својата страст преку говорот на телото.rnrn2. Открива само еден од своите атрибути, нејзината сексуалност е дел од нејзината личност и не делува неприродно.rnrn3. Го одржува неговиот интерес така што му упатува комплименти кога тој покажува желба за секс, и така тој чувствува дека и понатаму е во игра.rnrn4. Секси долната облека е оставена на закачалката во нејзиниот тоалет за тој да ја види кога ќе дојде кај нејзе. Но, не денес.rnrn5. Страсно се бакнуваат пред вратата. Таа би го повикала кај него, но знае да ја совлада желбата и се збогува со него на влезот. Искрата не се гаси, туку почнува да се распламтува.rnrn5 знаци со кои девојките им откриваат на момците дека сакаат само забава

  • Како и во која облека да заведувате според хороскопскиот знак?

    Како и во која облека да заведувате според хороскопскиот знак?

    Хороскопот го читаме заради забава, понекогаш толку ни се погодува, што чувствуваме дека навистина постојат само 12 типа луѓе на светот кои делат слични карактеристики според тоа кога првпат биле забележани од ѕвездите. Овој пат забавата доаѓа во вид на совети од познатиот бренд за долна облека „Agent Provocateur“. Прочитајте на кој начин да заведувате и во каква облека тоа да го правите. Ако ви делува својствено или предизвикувачки за вас, веројатно ова е уште еден таков астролошки текст во кој „баш ви погодиле“.rnrnzaveduvanje-spored-horoskopskiot-znak-kako-i-vo-koja-obleka-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnСтил на заведување: Жените-Овни паѓаат на униформи и многу се страсни.rnrnИдеална облека: Пред сè избегнувајте црна боја, црвената многу повеќе ви прилега и буквално го запира здивот.rn

    Бик

    rnСтил на заведување: Дефинитивно најсензуални од сите знаци, овие жени се по малку срамежливи, но тоа само им овозможува да шармираат со зборови и да ве предизвикуваат по малку да ги „расипете“.rnrnИдеална облека: Розовата ви е вашиот најдобар сојузник.rn

    Близнаци

    rnСтил на заведување: Многу се перверзни – играње улоги, секс на отворено, униформи… кај нив сè проаѓа.rnrnИдеална облека: Зелената ќе ја нагласи вашата креативност и чувство за авантура, а во комбинација со свила, ќе ве направи апсолутна божица.rn

    Рак

    rnСтил на заведување: Раковите често го менуваат расположението, па зависно од тоа и нивната изведба во сексот може да биде динамична или успорена.rnrnИдеална облека: Сината, белата и зелената ќе го истакнат она што е најдобро кај овој знак. За да засјаете уште повеќе, доволно е да додадете и некој „светкав“ детаљ како нитни или дијаманти.rn

    Лав

    rnСтил на заведување: Во сексот повеќе од сè се грижат за својата презентација.rnrnИдеална облека: Лавовите сакаат сè што е впечатливо, скоро „кралски“. Омилени бои за заведување им се црвената и златната, а како бонус, можете да употребите златни лисици.rn

    Девица

    rnСтил на заведување: Совршена локација за состанок со Девицата би било нешто во стилот на будистички храм. Пребирлива е, резервирана, но тоа знае и да го искористи за сензуално заведување.rnrnИдеална облека: Задолжително мора да биде нешто свилено и резервирано за посебни партнери. Секоја среда носете некоја нијанса на зелена, а во петок дречливо розова.rn

    Вага

    rnСтил на заведување: Бавен, софистициран и сензуален, за нејзе сексот е подеднакво емотивно и физичко доживување, а квалитетот секогаш доаѓа пред квантитетот.rnrnИдеална облека: Нејзина боја е црната бидејќи во таа боја Сатурн го извлекува најдоброто од неа. Покрај тоа, пожелно е да користи тантела, кожа, свила и подвески.rn

    Скорпија

    rnСтил на заведување: Имаат неверојатна енергија и издржливост, па им требаат партнери кои ќе можат да држат чекор со нив.rnrnИдеална облека: Виолетовата совршено ја истакнува мистичноста во нивниот стил на заведување, но црвената пак повеќе им прилега.rn

    Стрелец

    rnСтил на заведување: Стрелците најмногу од сè мразат ограничувања во сексот.rnrnИдеална облека: Ги возбудува жолтата.rn

    Јарец

    rnСтил на заведување: Многу се игриви во кревет, па преферираат забавен секс, наместо сериозен и жесток.rnrnИдеална облека: Црвено можеби не носат често, но оваа боја им дава дополнителен поттик кој им е многу потребен.rn

    Водолија

    rnСтил на заведување: Немаат никакви ограничувања, ќе им се допадне сè што не е нормално и очекувано. По малку се перверзни.rnrnИдеална облека: Психоделични бои, особено виолетовата е нивен избор. Сакаат интензивни, флуоресцентни бои.rn

    Риби

    rnСтил на заведување: Често ги опишуваат како најсекси знак. Жените-Риби се многу женствени и преферираат суптилен наместо директен пристап.rnrnИдеална облека: Најомилена боја на облека им е белата, сè што е поинтензивно од таа ќе ја уништи нивната деликатност и сензибилност.

  • Секси хороскоп: Кој е најдобриот љубовник во Зодијакот?

    Секси хороскоп: Кој е најдобриот љубовник во Зодијакот?

    Овенот како љубовник е страстен, но малку себичен, Близнаците се креативни, но и малку неверни, Скорпијата е страсна, но и малку опасна… Каков е вашиот хороскопски знак во љубовните мигови?rnrnseksi-horoskop-koj-e-najdobriot-ljubovnik-vo-zodijakot-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНеговата силна личност има магнетска привлечност, а поради нивната постојана желба за контрола, тие одлично се бакнуваат. Нетрпеливи се и често се себични во сексот. Сепак, доколку им се „нафрлите“ додека се најстрасни, одлично ќе си поминете! За да заведете Овен, потребно е да не бидете срамежливи, а да бидете спонтани и интелигентни.rn

    Бик

    rnНајмажествениот од сите знаци со огромен сексуален апетит. Тој е можеби најдобриот љубовник во Зодијакот. Потребни им се многу допири, но без брзање. За нив добриот секс е како добра храна – потребно е да му се посвети доста време за да може во него да се ужива.rn

    Близнаци

    rnАко сакате интелигентни луѓе, Близнакот може да биде најдобриот љубовник за вас. За да го заведете мора да бидете лукави и проникливи. Тие се мајстори на флертот и можат да ве освојат со само еден допир. Близнаците се креативни љубовници и со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Но внимавајте, не сакате ни вие да им здодеете ним.rn

    Рак

    rnНа најемотивниот знак му е потребен нежен допир, длабока емотивна поврзаност и посветен и нежен партнер. Тие се нежни љубовници, но доколку ја изневерите нивната доверба, сигурно ќе ви се одмаздат. Сакаат кога други се грижат за нив.rn

    Лав

    rnСпоред многу Лавот е најдобар љубовник во Зодијакот. Тој постојано гори од страст и е многу самоуверен и потентен во сексот. На своите партнерки постојано им дава подароци, а за да го заведете треба само константно да му обрнувате внимание.rn

    Девица

    rnНиеден друг љубовник нема да сака толку како Девицата. Таа изгледа сталожено и кул, но под површината е енормно сензуална. Сепак, не е идеална за секого, бидејќи често ја преминува границата на опседнатост и перфекционизам, што знае да биде многу напорно…rn

    Вага

    rnКако личност која сака да им угодува на луѓето, Вагата е внимателен и приврзан љубовник. Полна е со сентиментални аспирации, па бидете внимателни и обидете се да ѝ ги исполните фантазиите. Природно е склона на флерт и сака да експериментира во кревет. Заведете ја со романтика.rn

    Скорпија

    rnСкорпијата без сомнение е најсексуалниот од сите знаци, па сосема оправдано ја држи титулата за најдобар љубовник. Скорпиите често манипулираат со другите за да дојдат до секс. Нивната неодолива личност ги прави фасцинантни, но и опасни љубовници.rn

    Стрелец

    rnРазигран и детинест, Стрелецот како љубовник е доста креативен. Вечно останува млад во срцето и секогаш е отворен за експериментирање во сексот. Неговата поделена личност значи дека може да биде многу страстен, но и сосема ладен.rn

    Јарец

    rnЈарецот е резервиран и мора да биде длабоко заљубен за воопшто да помисли на секс. Не е ниту отворен ниту авантуристичен, бавен е, но и верен до крај. За да го заведете потребно е да се помачите и да напредувате постепено, чекор по чекор.rn

    Водолија

    rnОвој знак ве сака поради вашето тело и не му е гајле дали после сексот ќе останете во врска или не. Водолијата има дива сексуална енергија, а заради нејзината бунтовна природа можеби таа е најдобриот љубовник во Зодијакот.rn

    Риби

    rnТие ќе ви понудат физичка врска полна со љубов и задоволство. Исклучително се опуштени и сакаат само да имаат самоуверен и среќен партнер. Кога ќе ја пронајдат таа личност, тие уживаат во сексот, посебно во „сексот за смирување“. За да ги заведете мора да бидете агресивни, како контраст на нивната мрзеливост.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 работи кои маж во хороскопскиот знак Јарец ги сака во кревет

    8 работи кои маж во хороскопскиот знак Јарец ги сака во кревет

    Извесно време меркате некој Јарец и сакате да бидете подготвени кога ќе добиете прилика да го заведете. Ако е така, подгответе се да вложите многу. Следуваат 8 работи кои Јарецот ги сака во кревет.rnrnЈарецот е секси, мистериозен и убав, него тешко можете да му одолеете, но шансите да го уловите се потешки одошто би очекувале. Тој не се отвора лесно, многу е традиционален и знае точно што сака. Со други зборови, нема компромиси. Ако сте имале среќа и трпение да го доведете својот Јарец во кревет, еве неколку корисни совети кои ќе ви се најдат додека сте таму.rnrn1-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    1. Дозволете му да биде главен

    rnИма многу момци на кои би им се допаѓало да бидат врзувани за креветот секоја вечер, но вашиот Јарец не е еден од нив. Всушност, на почетокот водењето љубов со него може да ви делува рутински и да ви недостасуваат перверзии. Прво, дајте му време да почне да ви верува, а потоа сексот ќе станува сѐ поинтересен. Второ, немојте да бидете доминантни. Мора да му дозволите тој да биде главен. Само не му дозволувајте да стане себичен кон вас.rn

    2. Бидете елегантни

    rnНекои од нас сакаат валкани разговори и безобразна облека, но Јарецот не. Со цел да го намамите во кревет, прво треба да му го фатите погледот, што значи мора соодветно да се облечете за да го привлечете. За мажот-Јарец тоа значи дека треба да одите на постерилна варијанта. Заборавете на шилестите потпетици и облечете сензибилни рамни чевли кои треба да ги искомбинирате со фустан до колена бидејќи овој маж сака традиционални и елегантни дами.rnrn2-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    3. Не се обидувајте веднаш да легнете со него

    rnСо цел да го одведете во кревет, мора да го оставите малку да се потруди за тоа. Јарецот никогаш нема да легне со жена која не ја почитува, и тие ретко почитуваат жени кои веднаш скокаат во кревет. Воздржете се и не започнувајте интимни сексуални односи со него. Тоа ќе го натера повеќе да ве посакува.rn

    4. Полека со вашите сексуални фантазии

    rnЗнаеме колку е прекрасен и колку ви доаѓа да му ги откорнете копчињата од кошулата со заби и да лижете чоколаден сируп од неговите голи гради, но не смеете, барем не веднаш. Јарците не можат да си замислат жените кои ги сакаат да бидат палави во спалната соба, тие едноставно не ги спојуваат овие две нешта. Затоа бидете благи во реализирањето на вашите сексуални фантазии. Потоа постепено почнете да вметнувате забава во вашиот сексуален живот со машкиот Јарец.rnrn3-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    5. Кажете го тоа со вашите очи

    rnБидејќи машките Јарци се почитувачи на традицијата, ќе отидете чекор понатаму со нив доколку во вашите очи забележат одушевеност и исчекување. Никогаш немајте поглед на доминација кога сте во спалната соба и во никој случај не отворајте уста доколку ви надоаѓаат валкани мисли во главата. Напротив, замислувајте дека сте во филм од 1940-та и подарете му секси поглед во старовремски црно-бел стил.rn

    6. Не претерувајте со парфеми и шминка

    rnИако многу мажи сакаат жени кои се облекуваат посебно за нив во кревет, Јарецот не го сака тоа. За да го заведете со облеката во спалната соба облечете долга свилена наметка. Овие момци сакаат богатство и љубат жени со елеганција и стил. Искомбинирајте ги двете нешта и за него ќе бидете злато. Исто така, носете смирени бои за него. Нешто розово или со боја на слонова коска. Ако носите парфем, нега има лесни ноти. Немојте да користите некој што е многу овошен или со изразени тонови на мошус. Некој фин парфем од линиите на Шанел или Елизабет Тејлор ќе биде полн погодок.rn

    7. Играјте улога на невина жена

    rnДами, да бидеме искрени, сите знаеме што се прави во кревет. Знаеме што сакаме и како да излудиме маж. Обично точно знаете како да го возбудите секој маж и да му го дадете она што го сака. Но, за жал, со Јарецот нема да ви успеат тие трикови. Со овој маж играјте улога на невина жена. Може да изгледа контрадикторно. Мажите сакаат силни и независни жени, но од друга страна сакаат невини и потчинети љубовнички. Овој маж сака да ви биде јасно дека тој е главниот, затоа преправајте се дека немате поим како да бидете вие главни и дозволете му да ја има контролата. Нивното его ги прави многу самоуверени во кревет, а многумина од нив ќе се потрудат да го врискате нивното име од задоволство.rnrn4-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    8. Правете го она што го бара

    rnКонечно, штом го имате Јарецот во кревет, и веќе сте интимни некое време, тој ќе сака да ги распалувате страстите, а вам ќе ви биде мило што сте биле трпеливи со него. Тој постепено ќе ви ги открива неговите фетиши. Ви предлагаме да му дозволите да бара нешта од вас. Но, треба да му дозволите да сфати дека можете да бидете и потчинети и перверзни во спалната соба. Овие момци се одлични семејни мажи, но бидејќи ги ставаат жените кои ги сакаат толку високо на пиедестал, неретко изневеруваат за да ја надополнат својата потреба за перверзни активности со други. Но, ако постепено му покажете дека знаете да ги играте двете улоги, тој ќе биде цврсто фатен на јадицата и нема да се откачи од неа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој хороскопски знак може да ви пружи најголемо сексуално задоволство?

    Кој хороскопски знак може да ви пружи најголемо сексуално задоволство?

    Астрологијата ни помага да ја откриеме нашата судбина, карактерите, па и сексуалниот темперамент на луѓето. Како се однесуваат хороскопските знаци во кревет и како да го заведете секој знак? Погледнете во нашиот секси водич.rnrnKoj horoskopski znak mozhe da vi pruzhi najgolemo seksualno zadovolstvo?-kafepauza.mkrn

    ОВЕН

    rnОвните имаат волшебна моќ, магнетна привлечност, а бидејќи сакаат да контролираат, добри се во бакнувањето. Но, исто така тие се нетрпеливи и понекогаш себични во водењето љубов, што може да доведе до потешкотии во односот. Нивните моменти на страст често се брзо минливи, но доколку ги споделат со вас, ќе доживеете едно од најинтензивните љубовни искуства.rn

    Како да го заведете?

    rnНајпрво не смеете да бидете срамежливи. Покажете дека имате мозок и бидете спонтани. Овните уживаат во непредвидливоста и сакаат да добиваат комплименти.rn

    БИК

    rnБикот важи за најдобар љубовник и најмажествен знак во зодијакот. Има екстремно силен љубовен нагон и постојана потреба за физички допир, се чини неговиот апетит за интимност е ненаситен. За него љубовта е како храната во која треба да се ужива долго, често и потполно посветено.rn

    Како да го заведете?

    rnБикот цени доколку му подарите нешто, а поради својата сензуалност веднаш забележува мирис, чиста и мека кожа, како и свеж здив кај соговорникот.rn

    БЛИЗНАЦИ

    rnДоколку цените интелигенција кај партнерот, одберете Близнак. Паметни и досетливи, мајстори за флерт, тие лесно ќе ве освојат. Исклучително се креативни како љубовници и со нив никогаш нема да ви е здодевно. Но, внимавајте и тој да не ги очекува истите карактеристики од партнерот.rn

    Како да ги заведете?

    rnНив ги привлекуваат пофалби и воодушевување на нивниот интелект. Побарајте совет од него, пофалете ги неговите одлуки и трудете се да ги импресионирате со својот интелект.rn

    РАК

    rnКако најемотивен и најчувствителен знак во зодијакот, на Ракот му треба нежен допир и длабока емотивна поврзаност со својот партнер. Ја ценат грижливоста и забележуваат кога правите добри дела за другите. Тие се посветени љубовници, но доколку ја изневерите нивната доверба, подготвени се на жестока одмазда.rn

    Како да го заведете?

    rnНајлесно може да го заведете со романтична атмосфера и сентименталност. Раковите уживаат кога некој се грижи за нив и ги заштитува.rn

    ЛАВ

    rnСекогаш жешките Лавови горат од сексуална самодоверба и моќ. Во спалната секогаш преземаат иницијатива и ги истражуваат своите сексуални вештини на драматичен начин. Доколку се најдете со Лав во една таква страсна бура, очекувајте многу подароци и внимание.rn

    Како да го заведете?

    rnЕдноставно, возвратете со иста мера. Неговата нежна страна ќе ја разбудите доколку му минете нежно со прстите низ косата.rn

    ДЕВИЦА

    rnДоколку сакате некому да му бидете центарот на светот, одберете Девица. Ниту еден друг знак нема да ви посвети толку внимание. Иако на прв поглед изгледаат мирно и сталожено, под површината кријат огромна сензуалност. Склони се на опсесија со една личност и на перфекционизам, што може да биде тешка комбинација во една врска. Но, бидете свесни дека ќе ве сака цел живот.rn

    Како да ја заведете?

    rnЗа да заведете Девица, бидете чисти, пристојни и смирени. Таа бара совршенство и прилично е пребирлива.rn

    ВАГА

    rnВагата е желна да пружи задоволство. Таа е одличен и посветен љубовник. Сака сентименталност и романтика, а ќе ѝ биде мило доколку ѝ исполните по некоја фантазија. Флертот на вагите им е во крвта, како и експериментирањето во креветот.rn

    Како да ја заведете?

    rnЗа да заведете Вага, најлесно ќе ви биде да примените стара школа на романтика. Треба да покажете широка душа, едноставност и шарм.rn

    СКОРПИЈА

    rnНајсексуалниот од сите знаци. Неа не ѝ е тешко да биде манипулатор и да ги искористи другите за задоволување на своите сексуални апетити. Имаат хипнотизирачка привлечност, во физичка смисла одлични се во креветот, но имаат проблем со вклопување на емоциите во целата таа приказна.rn

    Како да ја заведете?

    rnСкорпијата е исклучително тешко да се заведе, со оглед на тоа дека поради својот шарм и манипулаторската природа е навикната таа да биде заводникот.rn

    СТРЕЛЕЦ

    rnПо природа разигран и детинест, Стрелецот секогаш останува млад во срцето и е отворен за експерименти во постелата. Поради таквиот нарав, најчесто покажуваат страст кон една личност, но многу брзо добиваат потреба за нови авантури. За оние кои сакаат кратка и забавна авантура, Стрелците се одличен избор.rn

    Како да го заведете?

    rnТие сакаат кога ги допирате по половината, колковите и бутовите. Веселиот дух и смислата за хумор со кои се одликуваат веднаш ќе ги забележат и кај другите.rn

    ЈАРЕЦ

    rnТој е резервиран кон другите, односно треба силно да се заљуби за да постигне вистинска физичка интимност. Не сакаат експериментирање, но се стабилни и верни во врската. Јарците се вистински избор за оние кои сакаат вистинска врска.rn

    Како да го заведете?

    rnПриоѓајте му полека и внимателно. Концентрирајте се на мали допири и длабоки погледи. Не им давајте сѐ веднаш и по некое време ќе ви возвратат со експлозија.rn

    ВОДОЛИЈА

    rnЌе ве сака поради вашето тело и нема да се заморува со вашиот однос пред да ве одведе во кревет. Сакаат физичка љубов и непредвидливи романси. Имаат бунтовничка природа и ќе ве сакаат доколку сте свои и оригинални.rn

    Како да ја заведете?

    rnЗа да заведете Водолија глумете дека сте неосвоиви.rn

    РИБИ

    rnОвој хороскопски знак ќе ви даде многу задоволство во физичка смисла. Рибите сакаат да удоволуваат и најсреќни се кога сите околу нив се среќни. Кога ќе ја запознаат љубовта на својот живот, нема проблем кој нема да сакаат да го решат со секс за смирување.rn

    Како да ги заведете?

    rnТие сакаат агресивен пристап. Мрзеливи се и не се сакаат да учествуваат во заводнички игри, така што вие ќе сте тие кои треба да им пристапат.

  • На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?

    На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?

    Модерната технологија и мобилните телефони ни овозможија нови начини на додворување преку СМС и преку социјалните мрежи. Но, не секој хороскопски знак ужива да заведува и да ги изразува своите чувства на овој начин. За некои е забавно и секси, за други е многу подобро работите да се кажуваат во лице.rnrnna-kakvi-sms-poraki-pagjaat-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrnrnДознајте што му се допаѓа на секој хороскопски знак кога е во прашање додворувањето преку пораки и успешно освојте ја вашата симпатија со порака на која таа нема да може да остане рамнодушна.rn

    Овен

    rnИако овните се големи заводници кои сакаат флертување во лице, ним сепак не им се туѓи и флертувачките пораки. Тие ќе пронајдат песна која ги опишува нивните чувства или ќе цитираат некој писател што ќе биде сосема доволно за да се стопи личноста на друга страна.rn

    Бик

    rnРомантичните бикови сакаат да си играат и за да се забавуваат со љубовни пораки. Но, нивните пораки не содржат само зборови, туку и знаци кои ги опишуваат нивните емоции. Сакаат романтично допишување полно со топли зборови.rn

    Близнаци

    rnТие се мајстори за вербално заведување, па пораките и тоа како им одат во прилог. Нивните текстови се долги и преполни со најромантични и најдлабоки зборови кои ќе го стопат оној за кого се наменети. Исто така тие сакаат да бидат и духовити и во тој случај знаат како да го насмеат примачот на пораката.rn

    Рак

    rnРаковите обожаваат искажување на своите чувства преку зборови, па допишувањето им е еден вид хоби. На тој начин ќе го откријат сето она што никако не можат да го кажат во лице. Нивните пораки не се препишани, туку смислени и избрани само за личноста на која ги праќаат.rn

    Лав

    rnЛавовите повеќе би сакале да ги кажат и покажат чувствата отколку да ги напишат. Ним пораките им се нужно зло и не сакаат да се допишуваат, туку евентуално да пратат една мудра и одбрана порака која кратко и слатко би ја опишала нивната моментална состојба и емоции.rn

    Девица

    rnЗошто да се губи скапоцено време на допишување кога сѐ може да се каже очи во очи? Ова е мотото на девицата која баш и не сака да пишува за своите чувства. Кога ќе се потруди, може да прати само неколку пораки со одредена цел, а ако не е заинтересирана, ќе се прави дека не ја ни видела пораката што ја добила.rn

    Вага

    rnЉубопитни и креативни, вагите уживаат да смислуваат и да праќаат пораки како и да заведуваат преку нив. Сакаат мудри и романтични цитати од песни и книги кои може да бидат двосмислени со цел да ја заинтригираат личноста на која се наменети.rn

    Скорпија

    rnИнтригите се нивна страст што значи дека допишувањето и тоа како е привлечно за нив. Таинствените скорпии обожаваат да си играат со зборови, а најмногу од сѐ им е интересно пецкањето и заведувањето преку пораки со двосмислено значење.rn

    Стрелец

    rnДуховитите стрелци обожаваат да филозофираат, а со самото тоа, нивните пораки се многу богати и занимливи. Тие паѓаат на таинствено и по малку недокажано допишување кое може да се опише како вистинско филмско додворување.rn

    Јарец

    rnРомантичниот јарец желен за нежност обожава заведување преку пишани пораки. Тие уживаат да читаат убави зборови кои им се ним упатени, но исто така кога се „загреани“ за некого сакаат да пишуваат искрено и отворено да ѝ ја отворат душата за своите чувства на својата драга личност.rn

    Водолија

    rnВодолиите се уметници на модерната технологија и модерното заведување. Тие не сакаат да си играат со романтични зборови туку со духовити и хумористични пораки, посебно со такви на кои е скоро невозможно да се одговори. Сакаат технологија и уживаат да праќаат фотографии и песни.rn

    Риби

    rnРибите обожаваат пораки и допишување и баш тоа е начинот на кој сакаат да заведуваат и да бидат заведени. Тие се неверојатни заводници кои многу добро знаат што и кога треба да напишат, но исто така се и подеднакво слаби на зборови кои им се наменети на нив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Какви девојки сака неговиот хороскопски знак?

    Какви девојки сака неговиот хороскопски знак?

    Овенот сака женственост и интелигенција, на лавот задолжително треба да му ласкате, додека на вагите им е битен физичкиот изглед. Дали вашиот карактер ќе го уплаши или ќе го воодушеви? Дознајте од ѕвездите…rnrnkakvi-devojki-saka-negoviot-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnДобро граден и секогаш опкружен со жени, овенот има силен инстинкт да биде во центарот на вниманието. Кај жените сака женственост и разиграност, но нема да ја прескокне ниту нивната интелигенција. Посебно цени кога жената знае да комуницира во машко друштво и кога не се плаши од нови контакти. Романтичен е и добар љубовник, во пракса е голем планер, па најлесно ќе му влезете под кожа доколку придонесете во плановите кои ги направил. Внимателен е, лесно доаѓа до пари, но заради екстраваганции, брзо и лесно и останува без нив.rn

    Бик

    rnМашките во овој знак се доследни на себе и тежнеат да бидат практични во различни животни ситуации. Многу се внимателни, но сакаат нивниот труд одвреме-навреме да биде забележан и почитуван. Тврдоглавоста и сомничавоста се нивни главни маани, а често знаат да покажат посесивност и љубомора. Иако тешко е да ги заведете, биковите кои се среќни во врската бескомпромисно ќе ја бранат честа и сигурноста на својата избраничка, па дури и би влегле во физички пресметки доколку е тоа потребно. Знаат да се облечат и имаат талент за финансии.rn

    Близнаци

    rnИнтелигентен и комуникативен, овој маж во просек има повеќе предбрачни врски од сите останати знаци. Шармантен е и обожаван од страна на спротивниот пол, кој веднаш го забележува неговиот хумор и позитивните вибрации. Близнаците се сексапилни и заводливи, но брзо се заситуваат и сакаат промени. Нивните жени мораат постојано да смислуваат нови начини на забава и предизвици, што не е секогаш лесно. Отворени се за туѓи мислења, но често премногу филозофираат за своите, што на крајот остава впечаток дека се неодлучни.rn

    Рак

    rnОвој знак во потполност е посветен на семејниот живот. Мажот во овој знак е емотивен и предан на својата партнерка. Има силна поврзаност со својата мајка, а долгите патувања неизбежно го прават носталгичен за домот. Често менува расположение и многу е внимателен со парите. Слично се однесува и кога одбира жена. Потребно ќе биде некое време да ви се отвори. Иако е чувствителен, подготвено трага по убавина во сѐ околу себе. Припадниците на овој знак сакаат добра облека, а често стануваат добри готвачи и писатели.rn

    Лав

    rnХаризматичен и желен за внимание, лавот има огромна верба во своите способности. Оптимистичен е и независен, лесно доаѓа во центарот на женското внимание и знае дека таму останува. Одговорен е кон своите обврски, но знае да се однесува лошо кон подредените. Неизмерно е тврдоглав, тешко прифаќа пораз и неуспех и тоа лесно го деморализира. Партнерката мора да ја разбира неговата страст за успех во животот и секогаш треба да биде подготвена за ласкање и охрабрување. Најлошото што можете да направите кон лавот е да го игнорирате или недоволно да ги одбележувате неговите достигнувања.rn

    Девица

    rnПрактични и логични, машките девици често имаат кариера во областа на науката и медицината. Секогаш се приземни, водат грижа за својата хигиена и го забележуваат истото кај својата партнерка. Не се премногу отворени за покажување емоции, што пак не значи дека ги немаат. Среќни се кога жените покажуваат почит кон нивниот интелект. Главна маана им е недостатокот на самодоверба и од партнерката очекуваат таа да ја докажува својата приврзаност. Но исто така, од нивната рационалност произлегува внимателност и трпение.rn

    Вага

    rnАтлетски градени и со добри комуникациски вештини, машките ваги се од многу аспекти одлични љубовни партнери. Имаат смисла за хумор, талентирани се за шармирање, а нивната енергичност никогаш нема да помине незабележано. Една од нивните најдобри особини е способноста лесно да се издигнат од пепелта и храбро да се борат дури и кога сѐ изгледа безизлезно. Од друга страна, знаат да бидат површни, расипани и опседнати сами со себе. Кај жените прво бараат физичка убавина, а дури потоа доблести.rn

    Скорпија

    rnБез разлика на физичкиот изглед, машките во овој знак лесно заведуваат жени. Имаат силна волја за позиција и контрола, а нивната таинствена природа никого нема да остави рамнодушен. Парите, возбудата и статусот лесно ги мотивираат, но можат да бидат и екстремни во придржувањето до своите морални вредности. Тоа ја вклучува и верноста кон партнерката која им се допаѓа. Гласините за нивните нездрави сексуални апетити се претерани. Овие момци едноставно уживаат во кревет, заедно со својата партнерка.rn

    Стрелец

    rnМашкиот стрелец блика со оптимизам и весел дух, па секогаш ја гледа убавата страна на работите. Подеднакво е успешен во кариерата како и во љубовните врски. Како вечно дете, не внимава многу на својот изглед, а нема да ѝ занемари ни на партнерката ако и таа е таква. Скоро нема ни трошка љубомора или посесивност во себе, и повеќе од сѐ цени кога има слобода и доверба. Тоа му е воедно и маана. Знае да биде наивен, па премногу да очекува од другите. Со искреноста често ги навредува соговорниците.rn

    Јарец

    rnТој е мајстор кога е во прашање кариерата. Јарецот е интелигентен, успешен и истраен во своите планови. Вешт е во заработката на пари и остварувањето контакти. По природа е лидер, кој лесно ги придобива другите за свои цели. Иако е многу емотивен, тешко ги изразува своите чувства. Јарецот ќе ја заобиколи секоја жена која ја дели неговата амбиција, плашејќи се дека тоа ќе ја загрози неговата господарска позиција. Зависни се од контрола, поради што многу внимаваат на изгледот и на своето однесување во друштво.rn

    Водолија

    rnПрипадниците на овој знак се стабилни и снажни со нагласена промисленост и желба за придонесување во друштвото. Секогаш се подготвени за сочувство, но затворени се кога се во прашање нивните сопствени емоции. Машките водолии се тешко разбирливи за публиката од спротивниот пол. Заради тоа често знаат да завршат со стари искусни жени кои имаат разбирање за нивното често мечтаење и склоноста кон тишина. Доколку живеат во околина без притисоци, ќе знаат да ја возвратат љубовта.rn

    Риби

    rnНајсилната карактеристика на овие машки е нивната вродена интуитивност, па можете да очекувате дека ќе ве разберат дури и кога сите останати знаци во зодијакот ќе ја свртат главата. Чувствителни се и бараат личност со која ќе можат да им се спротивстават на сите неволји во животот. По малку се заљубени во себе и очекуваат жената да го направи првиот чекор при додворувањето. Привлечни се, но и верни. Но, внимавајте на нивната склоност за лажење и лицемерство. Поседуваат силна доза автодеструктивност, па водете сметка за нивната самодоверба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.