КАФЕ ПАУЗА

Tag: заведување

  • Водете љубов како гејша

    Водете љубов како гејша

    Гејшите, кои се јапонски уметници на заведувањето, се синоним за убавина, отменост, шарм, но и за способност да ги задоволат мажите. Некои од нивните традиционални техники ги имаат преземено европските жени за да внесат свежина во своите бракови. Ние ви ги откриваме тајните трикови на јапонските гејши, а на вам останува да ги испробате.rnrnvodete-ljubov-kako-gejsha-kafepauza.mkrn

    1. Не бидете скромни на зборови

    rnПофалете го секој пат кога ќе доживеете оргазам. Жените обично не сакаат кога машките ги воздигнуваат до ѕвезди после секој сексуален чин, но со мажите е сосема поинаку. Тие едноставно сакаат да знаат дали ја задоволиле жената. Затоа, следниот пат кога ќе доживеете врвно задоволство, задолжително дајте му до знаење дека тој е заслужен за тоа. Ќе биде пресреќен кога ќе му кажете дека е најдобар љубовник во светот.rn

    2. Нека се чувствува како јунак

    rnСекој пат кога ќе му покажете колку ви одговара неговото настојување да ве задоволи, тој ќе се чувствува како јунак. Неговото его ќе порасне до небо, ќе се чувствува важно и постојано ќе сака да ви удоволи. Тоа не мора да се однесува само на сексот. Овој совет можете да го примените во секојдневниот живот. Ако се потрудите и ги истакнете квалитетите кои најмногу ги сакате кај својот партнер, тој постојано ќе сака да ви ги покажува.rn

    3. Славете ја неговата машкост

    rnВашиот партнер ќе биде воодушевен ако посветите одредено место во спалната соба само за него. Ќе знае колку ве инспирира неговата сексуалност бидејќи дел од животниот простор сте посветиле на неговата машкост. На тоа место може да ставите фотографии, пораки, песни, миризливи свеќи… Одвреме-навреме менувајте ги украсите и така ќе му покажете дека постојано ве интригира.rn

    4. Не одбивајте да водите љубов

    rnКога ве боли глава или навистина не ви е до секс, обидете се тоа да му го предочите на фин начин. Речете „Би сакала да водиме љубов, но навистина ме боли целото тело. Можеби ќе ми биде подобро подоцна, па може да се забавуваме кога ќе се разбудиме наутро.“rnАко бидете груби и незаинтересирани тој ќе се чувствува лошо бидејќи ќе мисли дека повеќе не ве привлекува.rn

    5. Често менувајте пози

    rnАко по малку ви е досадно во кревет, немојте да трошите ни една ноќ повеќе гледајќи во плафонот додека вашиот партнер се обидува да ја заврши работата. Обидете се со нова положба. Промената на позите не само што ќе ви открие нови чувства, туку на тој начин ќе му покажете на партнерот дека навистина сакате да уживате. Заедно откријте што сакате и не плашете се да испробувате.rn

    6. Не плашете се од еротски игри

    rnИграјте ја играта „без допирање“. Правилата се следни: кога двајцата ќе бидете голи, можете меѓусебно да се допирате само со косата или со брадавиците. Тоа тотално ќе ве излуди. Исто така, за време на предиграта врзете му ги очите на партнерот и не тргајте го превезот за време на сексот. Неговите чувства за слух, допир и мирис ќе се изострат, а вашето сексуално искуство ќе стане незаборавно.rn

    7. Направете секси сцена

    rnМажите се визуелни типови. Оставете го светлото запалено и кажете му да ве набљудува додека водите љубов. Ако сте свесни за убавината на своето тело, немојте сосема да се соблекувате. Облечете ја неговата омилена кошула и не закопчувајте ја. Мажите се возбудуваат кога ги гледаат жените во својата облека.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што би ви кажал секој хороскопски знак за да ве однесе во кревет, а што потоа?

    Што би ви кажал секој хороскопски знак за да ве однесе во кревет, а што потоа?

    Во овој хороскоп ќе се пронајдат момците, а ќе им биде корисен на девојките. Еве што секој машки хороскопски знак кажува за да заведе девојка во кревет, а што откако ќе добие секс.rnrn1-shto-bi-vi-kazhal-sekoj-horoskopski-znak-za-da-ve-odnese-vo-krevet-a-shto-potoa-kafepauza.mkrn

    Додека се обидуваат да ве освојат:

    rnОвен: Се викам Бонд. Џејмс Бонд.rnrnБик: Дома имам шише шампањ. Страв ми е да не се расипе, пошто веќе долго време ми стои така.rnrnБлизнаци: Зошто не ја измериме нашата меѓусебна привлечност?rnrnРак: Чувствувам дека си одлична во кревет и тоа по малку ме плаши.rnrnЛав: Веруваш во љубов на прв поглед или да те погледнам повторно?rnrnДевица: Навистина не би требало да користиш шминка, само ти ја нарушува убавината.rnrnВага: Мила, заради твојата убавина и сонцето го изгуби својот сјај.rnrnСкорпија: По една година терапија и тестирање се обидувам да сфатам дали сум алергичен на секс или не. Сакаш да ме тестираш?rnrnСтрелец: Само да знаеш, јас носам број на кондури 48.rnrnЈарец: Душо, јас заработувам повеќе одошто ти можеш да потрошиш.rnrnВодолија: Ме фасцинираш повеќе од инфинитезимален дел од математиката.rnrnРиби: Имаш задник како голема уметница.rnrn2-shto-bi-vi-kazhal-sekoj-horoskopski-znak-za-da-ve-odnese-vo-krevet-a-shto-potoa-kafepauza.mkrn

    После сексот:

    rnОвен: Ќе се обидеме пак?rnrnБик: Пица или кинеска храна?rnrnБлизнаци: Причекај секунда, само да напишам статус на Фејсбук.rnrnРак: Одбра старосватица?rnrnЛав: Бев ли одличен?rnrnДевица: Нема да каже ништо, само ќе чекира уште една точка од својата to do листа.rnrnВага: Дали ти се допадна? Мене ми се допадна ако ти се допадна и тебе. А, што велиш, ти се допадна?rnrnСкорпија: Сакаш да те однесам дома или ќе пробаме уште еднаш?rnrnСтрелец: Не ме барај, јас ќе те побарам тебе. Ама навистина.rnrnЈарец: Имаш визитка?rnrnВодолија: Ќе пробаме уште еднаш? Ама овој пат без облека.rnrnРиби: Како рече дека се викаш?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои се трите најсексапилни хороскопски знаци?

    Кои се трите најсексапилни хороскопски знаци?

    Ова не е генерално правило, бидејќи и останатите знаци имаат вакви претставници, но сепак следниве три знаци отскокнуваат од толпата и се издвојуваат. Се согласувате?rnrnКои се трите најсексапилни хороскопски знаци?rn

    Скорпија

    rnБогот на сексапилот! Точка. Доколку некогаш сте биле во врска со скорпија, тогаш со сигурност ја знаете нивната моќна привлечност. Дури и оние не толку атрактивни скорпии имаат некоја изразена аура и моќ која ја користат за заведување. Доколку вас ве замислат како потенцијален партнер, со сигурност ќе ве освојат. Додека да го сфатите нивниот план, веќе сте се заљубиле. Доколку некој ве праша што е тоа што вашата скорпија ја прави толку посакувана, можно е да не знаете како тоа да го објасните. Покрај силната привлечност, родените во овој знак се многу лојални пријатели, големи херои и посветени работници. Доколку сакате да заведете скорпија, облечете нешто црно, особено долна облека. Тие сакаат уметнички настроени и малку проблематични луѓе.rn

    Лав

    rnРодените во овој знак се вистински трнедсетери кои ги познаваат сите кул места во градот. Доколку сакате убаво да си поминете, секогаш за друштво одберете лав и нема да се покаете. Ќе ве освои со многу работи кои ќе ги направи за вас и со тоа ќе ве купи за цел живот. На голем број луѓе токму тоа количество внимание им е пресудно за да се заљубат. Исто така, тие прават сѐ подобро од другите, а на вас е да им поставите предизвик. Тие имаат насмевка која ќе ве разоружи, а понекогаш само тоа им е доволно за да ве однесат во нивниот кревет. Доколку сакате да го заведете умилкувајте му се и ласкајте му. Лавот тоа го обожава.rn

    Рак

    rnТајното оружје на ракот не е ниту неговиот изглед, ниту неговата насмевка, туку неговиот хумор. Исто така, тие се многу емотивни и никогаш нема да ја заборават вашата годишнина, роденден или некој друг важен ден. Мана им е тоа што имаат променливо расположение, поради кое понекогаш имате чувство дека ќе завршите во лудница. Но, доколку можете да ги поднесете, тогаш ќе имате загарантиран пријател кој секогаш ќе знае да ве изненади со своите кулинарски способности. Обожаваат сексуални игри и фантазии и не се плашат да бидат малку груби, доколку вие го сакате тоа. Доколку сакате да го освоите, покажете ги вашите чувства пред него. Доколку ви се плаче, слободно направете го тоа, бидејќи тој сака да биде во улога на спасител и да ве теши.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопот открива дали сте вие идеалната жена за него

    Хороскопот открива дали сте вие идеалната жена за него

    Лавот ќе го освои убава и драматична жена, додека на машките Ваги им е најбитна искреноста. Помошта околу заведувањето на некој маж ви доаѓа од неговиот хороскопски знак, кој открива по каква жена копнее тој. Прочитајте како изгледа неговата г-ца совршена.rnrnХороскопот открива дали сте вие идеалната жена за негоrn

    Овен

    rnМашките родени во знакот Овен најмногу ги привлекуваат самостојни, храбри и спонтани жени, кои знаат што сакаат. Тие ги почитуваат оние припаднички на понежниот пол кои ја покажуваат својата духовна сила. Овие мажи сакаат предизвици и уживаат кога ги заведува жена полна со самодоверба, која ќе му се противи таман колку за да биде уште поинтересна.rn

    Бик

    rnБикот сака жени кои се слатки, мирни и пријатни и кои обожаваат милувања и бакнежи. Преферираат жени кои се лежерни и цврсто газат на земја, но не и онакви кои се премногу самостојни и енергични.rn

    Близнаци

    rnМажите родени во знакот Близнаци ги привлекуваат жени кои се паметни, но и мистериозни. Може да ги привлече и некоја жена која не е премногу убава, но е духовита и интересна, бидејќи тоа се особини кои Близнаците ги ценат повеќе од надворешната убавина.rn

    Рак

    rnРаковите ги привлекуваат жени кои се спремни да бидат крај него секогаш кога му се потребни и ќе му покажат грижа. Жената којашто ќе го пази и гали овој маж и ќе направи тој да се почувствува сакано, многу брзо ќе добие место во неговиот дом, бидејќи сака крај себе да има дама, која ќе биде одлична и сочувствителна сопруга.rn

    Лав

    rnЛавот сака жена со која ќе може да се гордее, жена која ќе направи тој да изгледа добро во очите на другите, само затоа што се шета крај него. Прекрасни, драматични, префинети и резервирани жени ќе го уловат вниманието на овој хороскопски знак.rn

    Девица

    rnДевицата секогаш прво ќе забележи некоја дотерана жена, облечена во конзервативен стил. Овие мажи се многу пребирливи и не сакаат ништо помалку од совршеност, поради што многу често се сами.rn

    Вага

    rnМажите родени во знакот Вага ги привлекуваат жени кои имаат стил, но кои не се премногу формални кога нема потреба да бидат. Таа може да биде малку префинета, но не смее да биде надмена. Исто така смее да биде пребирлива, но не премногу. Дамата која ќе го привлече овој знак може да има доста контрадикторни особини, но сè додека е искрена во своите намери и нема скриени тајни, нему му е ОК.rn

    Скорпија

    rnЖените кои ги привлекуваат емотивно нестабилните машки Скорпии, мораат да бидат многу витални и страсни. Тие сакаат динамични и силни жени, кои не се неодлучни и апатични.rn

    Стрелец

    rnМашките Стрелци сакаат жени кои се чесни, директни и горди, а кои истовремено можат да им бидат пријатели. Тие сакаат жени кои можат во еден момент да се однесуваат како дете, а во следен да зборуваат за сериозни работи. Жените кои се постојано среќни и задоволни, засекогаш ќе останат во нивното срце.rn

    Јарец

    rnМажите родени во знакот Јарец ги привлекуваат жени кои се прифатени од околината и донекаде формални и резервирани. За нив, идеални девојки се оние кои имаат поставено високи цели во животот и кои се трудат да ги остварат.rn

    Водолија

    rnМажите родени во овој знак ги привлекуваат жени кои се интелигентни, самостојни, со слободен дух и кои знаат да направат добар муабет. Мистериозноста и неконвенционалноста ги фасцинираат, а претераната емоционалност ги одбива.rn

    Риби

    rnМажите родени во знакот Риби сакаат жени кои се романтични, емотивни, чувствителни и страсни. Ако таа е мистериозна или способна да направи тој да се чувствува сигурно, лесно може да стане вистинската личност за него.

  • 12 еротски начини да го возбудите до лудило

    12 еротски начини да го возбудите до лудило

    Сакате да вложите екстра напор за да го возбудите и задоволите момчето во вашиот живот? Желни сте да ги поместите сопствените граници? Еве топ 12 предлози кои ќе ви откријат како да ја направите предиграта позабавна, но и ќе ви посочат некои ултразаводливи потези. Спремни за палава игра во спалната, во бањата, на подот?rnrn12 еротски начини да го возбудите до лудилоrn

    1. Пристапете му одзади

    rnЗастанете зад него и тријте му го пенисот. Потоа, фатете го цврсто и шепнете му неколку возбудливи зборови кои не сте му ги кажале порано.rn

    2. Соблечете се сами

    rnДозволете му да гледа во вашето голо тело за да му го покачите либидото. Веројатно сексуалниот нагон најчесто водел до брзо ослободување од алиштата во минатото. Па, ова е шанса да се соблекувате пред него и на тој начин уште повеќе да го загреете за она што следи.rn

    3. Игра на погодување

    rnЗаврзете му ги очите и дозволете му ја допира вашата коса, да ја почувствува топлината на вашата свилена долна облека и облините на вашите гради. Нека погодува, што ќе му дозволите да допре следно.rn

    4. Качете му се одозгора

    rnНа повеќето мажи, број 1 секс поза им е онаа со жената одозгора. Тоа е и одлична поза во која можете да се гледате додека доживувате оргазам.rnrn12 еротски начини да го возбудите до лудилоrn

    5. Страсно туширање

    rnЗголемете ја температурата во бањата со многу допирање и бакнување во замаглена бања.rn

    6. Пронајдете ја неговата Г-точка

    rnПростата под бешиката е одлична точка за возбудување. Ставете ги двата прсти врз жлездата со големина на орев и нежно дувајте во неговите тестиси.rn

    7. Масирајте го

    rnЕве нешто подобро од орален секс. Тријте го неговиот задник и неговиот пенис со маслиново масло. Ќе бидете сведок на инстантна ерекција.rn

    8. Заладете го

    rnПосипете одредени делови од неговото тело со вашите омилени слатки сосови. Експериментирајте со течно чоколадо, мед и шлаг. Ова ќе подразбира многу лижење, што секако е одличен предуслов за возбудлив секс.rn

    9. Без раце, само со усни

    rnИстражувајте го неговото тело со вашите усни, воздишки и со јазикот.rnrn12 еротски начини да го возбудите до лудилоrn

    10. Храбро заведување

    rnПонекогаш добро е да му пријдете директно и да му кажете дека сакате да имате секс.rn

    11. Пена-парти

    rnБидете палави во бањата. Наполнете ја кадата, направете многу пена со овошна купка и наизменично масирајте се со благи движења. Правете кружни движења по неговите гради, по грбот и по задникот.rn

    12. Нека моли

    rnЛижете и бакнувајте го неговото торзо. Лижете и престанете. Нека копнее за следниот допир.rnrnПа девојки, следниот пат кога вашиот партнер ќе ги соблече алиштата, не преминувајте веднаш на главното. Прво возбудете го до лудило. Ќе ви се исплати и вам.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со што може да ве освои секој хороскопски знак?

    Со што може да ве освои секој хороскопски знак?

    Дали некогаш сте се запрашале кој хороскопски знак со што може да ве освои? Секој од нив си има своја тактика и стратегија кога станува збор за заведување. Секој човек е поинаков и различно им пристапува на симпатиите од спротивниот пол, но ова се општо прифатените карактеристики и постапки со кои освојува секој хороскопски знак.rnrnСо што може да ве освои секој хороскопски знакrnrnОвенот освојува со својот сексапил.rnrnБикот освојува со својата амбициозност и успешност.rnrnБлизнакот освојува со поглед.rnrnРакот освојува со бакнеж.rnrnЛавот освојува со својот неприкосновен шарм.rnrnДевицата освојува со рамнодушност.rnrnВагата освојува со мудроста која ја поседува.rnrnСкорпијата освојува преку сексот.rnrnСтрелецот освојува со добриот изглед.rnrnЈарецот освојува со својата прекрасна насмевка.rnrnВодолијата освојува со својата добродушност.rnrnРибата освојува со нежност.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Провокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видот

    Провокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видот

    Овие слики ќе ви предизвикаат зашеметување и ќе ве испровоцираат да сакате да го ѕирнете дејството помеѓу различните секвенци кои откриваат многу, но не сосема сè. Девојките ја истакнуваат нивната женственост, елеганција и моќ да го заведуваат окото на гледачот, без разлика на полот и сексуалната определба.Провокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотДело се на сликарот Хорјон Ли од Сеул, Јужна Кореја, каде што во 2009 година магистрирал на универзитетот Хонг-Ик во областа на ликовната уметност. Тој имал среќа да ја направи својата прва соло изложба уште додека студирал во 2007 година во својот роден град. Оттогаш има учествувано на неколку групни и соло изложби во Лондон, Токио, Пекинг и уште во неколку градови во Јужна Кореја.Провокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видотПровокативно насликани девојки кои ќе ви го зашеметат видот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 начини да ја освоите секоја девојка

    15 начини да ја освоите секоја девојка

    На многу мажи никогаш не им е јасно на кој начин треба да ѝ пристапат на жена, поради што пропуштаат многу шанси да ја заведат онаа која многу им се допаѓа. Овие 15 совети ќе ви помогнат повеќе да не правите грешки со жените кои сакате да ги привлечете, а јас како претставничка на понежниот пол, одговорно тврдам дека во нив се крие многу вистина. :)rnrn15 начини да ја освоите секоја девојкаrnrn1. Треба да разговарате на „емотивни“ теми, како што се вашите спомени од детството, идните амбиции или за нејзината страст во животот. Ваквите разговори ќе ја разбудат нејзината емотивна страна.rnrn2. Жените сакаат покрај себе да имаат момче кое не се плаши да ја предводи. Додека зборувате со девојката којашто ви се допаѓа, преземете ја контролата врз разговорот. Никогаш не чекајте таа да ја диктира темата на која ќе зборувате.rnrn3. Обрнете внимание на невербалните сигнали кои ви ги испраќа девојката. Доколку стоите премногу блиску до неа, не сакајќи плукате накај неа додека зборувате или правите да се чувствува непријатно на кој било начин, таа ќе ви испрати некакви невербални знаци, со говорот на телото. Обрнете внимание на нив, за да знаете дали сте на прав пат кон освојување на нејзиното срце.rnrn4. Запомнете го мотото: „Бидете забавни, но не и смешни“. Жените ги привлекуваат мажи кои им дозволуваат да се забавуваат. Немојте да се концентрирате, кажувајќи ги најдобрите шеги и вицеви. Наместо тоа, концентрирајте се да ѝ ја покажете вашата возбуда и уживањето во нејзиното друштво.rnrn5. Задевајте ги жените. Еден од најлесните начини да го одведете разговорот кон едно забавно и флертувачко ниво, е да започнете да ги задевате и закачкате жените. Вратете се назад во времето кога бевте дете и си игравте на игралиштето. Во светот на љубовта и состанувањето ќе биде ефикасно сето она што било ефикасно и на игралиштето.rnrn6. Бидете поинтимни, поблиски со неа. Жените се „палат“ на мажи кои не се плашат да го одведат разговорот на лично, поинтимно ниво.rnrn7. Заведете ја играјќи игра на погодување, каква личност е таа. Жените сакаат да слушнат какво мислење имате за неа. Кажете ѝ што забележувате кај неа. Верувајте, ќе го обожава тоа.15 начини да ја освоите секоја девојка8. Избегнувајте премногу да ѝ делите комплименти. Жените не ги привлекуваат мажи кои постојано сакаат да го покренуваат вниманието. Доколку ѝ давате премногу комплименти на жена, таа ќе помисли дека сакате да ја импресионирате, а со тоа ќе постигнете само спротивен ефект.rnrn9. Доколку сакате да научите како да разговарате со неа, а притоа да не ѝ станете досаден, имајте на ум дека не треба да ѝ поставувате премногу прашања како да е на интервју. Наместо тоа, изразете го вашето мислење и ставови за работите.rnrn10. Запомнете: давајте изјави наместо да поставувате прашања! Па така, наместо да ја прашате: „Во кој град порасна?“, речете: „Не изгледаш како да имаш израснато овде.“ Ова ви овозможува да покажете кој е вашиот карактер и да правите претпоставки за неа, на кои таа со овој пристап, со задоволство ќе ви одговори дали се точни или не.rnrn11. Немојте да го криете вашиот идентитет. Не плашете се да разговарате со неа за сето она за коешто чувствувате страст во животот. Жените сакаат возбудливи теми на разговор.rnrn12. Кажете ѝ нешто со кое ќе ѝ дадете на знаење дека ја доживувате на „сексуален“ начин. Доколку не го сторите тоа, ризикувате да останете само во пријателската „зона“.rnrn13. Забавувајте се со некои разговорни игри од типот на „Вистина или предизвик“ за да го одржите расположението и флертот на добро ниво.rnrn14. Не предавајте ѝ се многу лесно. Жените сакаат мажи кои им поставуваат предизвик. Доколку сакате некоја да остане заинтересирана за вас, треба да направите да се почувствува како полека, но сигурно ви го освојува срцето. Доколку мисли дека сте премногу лесна цел… брзо ќе го изгуби интересот за вас.rnrn15. И за крај, најдобриот начин на размислување за тоа како треба да разговарате со жена за да го освоите нејзиното срце, е да помислите во каков забавен, разигран и сексуален разговор, најмногу вие би уживале. Заведувањето не треба да биде нешто тешко кое ќе ви создава притисок. Единствено треба да бидете свесни за она што ги „пали“ и она што не ги „пали“, а тоа кај жените секогаш се оцртува на нивното лице. Треба само внимателно да ја гледате и слушате. Следете ја оваа листа и со сигурност ќе поминете одлично на вашиот следен состанок.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Дамата и еднорогот“ – Трејси Шевалие

    Книга: „Дамата и еднорогот“ – Трејси Шевалие

    Откријте ја мистеријата зад едно од најдобрите светски дела – „Дамата и еднорогот“, таписериите во кои секоја нишка има своја приказна rnrnДамата и еднорогот - Трејси ШевалиеНаслов на оригиналот: The lady and the unicorn – Tracy ChevalierrnrnТрејси Шевалие е родена во Вашингтон, но поголемиот дел од нејзиниот живот го поминала во Лондон. Пред да започне да се занимава со пишување, неколку години работела како уредник во издавачка куќа. И ден-денес вели дека за неа е вистински шок и изненадување секогаш кога ќе биде објавена некоја нејзина книга. Дипломирала на Англиски јазик и книжевност на „Оберлин Колеџ“ во Охајо, а подоцна магистрирала и на креативно пишување на „Универзитетот на Источна Англија“. Има напишано 7 новели, а меѓу нив е и феноменалната „Девојката со бисерна обетка“ која доживеа и своја филмска адаптација со Колин Фирт и Скарлет Јохансон во главните улоги. Нејзина омилена е сината боја која се користела во ренесансните слики, па не случајно првата новела на Трејси Шевалие е наречена „Девствено сино“. Моментално живее во Лондон заедно со нејзиниот сопруг и син.rnrnДамата и еднорогот - Трејси Шевалиеrnrn

    Синопсис

    rn„Дамата и еднорогот“ е базирана на вистински таписерии со истото име, а новелата се фокусира на приказната околку нивната изработка, како и животите на луѓето кои биле на некој начин поврзани со неа. Без никакви претходни заобиколувања, новелата уште на почетокот нè запознава со семејството кое ги нарачува таписериите и уметникот којшто треба да го изработи првичниот концепт.rnrnСамата новела е поделена во глави, но сите се раскажани од страна на различни ликови и на некој начин му дозволуваат на читателот полесно да се поврзе со емоциите на секој лик поединечно. Дејствието е сместено во 15 век во Париз, а подоцна и во Брисел, а она што започнува како типична приказна за забранетата љубов помеѓу уметник и благородничка, открива многу подлабоки прашања поврзани со начинот на живот во овој период од историјата. Шевалие многу суптилно навлегува во односот помеѓу мајката и ќерката, вечниот судир помеѓу староста и младоста, како и улогата на жената и она што се очекува од неа.rnrnДамата и еднорогот - Трејси Шевалие rnrnОна што крутиот господин Жан ле Вист го бара од уменикот Никола Дезиносант – млад, самоуверен, но и доста талентиран заводник, е таписерија која ја прикажува битката кај Нанси, секако со цел да го воодушеви кралот. А она што го бара неговата жена Женевјев де Нантер е целосна спротивност од крвавата сцена, таа ја сака приказната за дамата и еднорогот, приказна за заведување, младост и страст, сè она што одамна веќе не го чувствува, а сè она што допрва ја очекува нејзината 14-годишна ќерка Клод. Така зачнува идејата за овие славни таписерии, кои од забранетите допири на Никола и Клод под масата во работната соба на нејзиниот татко, нè носи до магичната градина на слепата, но преубава Алиенор, каде Никола повторно ги става на дело своите заводнички способности.rnrnОна што ги прави овие таписерии толку посебни е тоа што секој којшто учествува во нивната изработка на кој било начин, остава дел од своите желби да се испреплетат низ везовите. Особено Никола кој свесно или несвесно ги пренесува своите сексуални фантазии во своето дело и ѝ припишува на дамата од приказната дел од карактеристиките на жените кои толку ги посакува. Па така, кога таписеријата е конечно отсечена од разбојот, низ нишките црвена и зелена боја, низ златните и сребрени преливи, всушност се кријат копнежите и невозвратените љубови.rnrnДамата и еднорогот - Трејси Шевалие rn

    Лична критика

    rnМногу критичари се на работ да ја категоризираат Трејси Шевалие како историски писател и можеби тоа е она што толку ме привлекува кон нејзините дела. Автентичноста на нејзините новели и леснотијата со која ме пренесува толку назад во минатото дефинитивно ја прави еден од подобрите автори кои ги имам читано. „Дамата и еднорогот“ е една од нејзините најстари книги, но ја избрав затоа што приказната зад неа и фактот дека станува збор за реално дело (таписериите денес се наоѓаат во музејот Клуни во Париз) ја прави безвремена. А и да бидеме реални, ние жените секогаш паѓаме на самоуверените уметници кои без нималку срам и со толку самодоверба ја заведуваат секоја девојка која ќе ја запознаат.rnrnОна што можеби најмногу ме воодушеви е тоа што и покрај неговото безобразно и неодговорно однесување, Никола ги претставува убавите жени во неговите дела и на некој начин сепак ја изразува неговата почит кон нив.rnrnОд друга страна, голем љубител сум на симболизмот во ренесансната уметност, а во оваа новела, впрочем во повеќето од Шевалие, е застапен во огромна мера. Секоја сцена од секоја таписерија има свое значење, начинот на којшто дамата го гледа, го гали, го храни еднорогот, секој цвет и секое животно скриено во грмушките носи своја порака. Па претпоставувам ме потсетува на фактот дека ништо не е онака како што изгледа и зад дури обична таписерија, се крие прекрасна и трогателна приказна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Флертувачи, додворувачи, шмекери…

    Флертувачи, додворувачи, шмекери…

    „Твојата коса е како стадо овци кои се спуштаат надолу по ливадата…“ Кога мојата професорка го прочита ова, искрено, прснав од смеење. Беше пред едно 7 години, ама оваа фраза никогаш нема да ја заборавам. Зошто сум се смеела? Човекот кој го напишал ова си бил вљубен, заслепен од убавината на девојката, од нејзината долга коса, и само да напоменам, бил многу поискрен од кое било момче што ќе ви пријде во ноќен клуб во денешно време.rnrnЗаводливост, кокетни насмевки, расфрлање со шарм? Нема ни флерт ни вистинско додворување, ни тие искри и жарчиња. Во денешно време сè се сведува на Сакаш да се муваме? Траги-комедија…Флертувачи, додворувачи, шмекери...Прв начин да ѝ се „пуштиш“ на некоја – искористи ги социјалните мрежи. Глумат манијаци, ти се чини некој ги плаќа будно да го следат твојот профил 24/7. Во ред, нови времиња и нови начини на ширење познанства, само собери храброст и покани ја девојката да се видите во живо и извежбај при таа средба да успееш да направиш макар пола од муабетот кој си го правел на ФБ. Друг начин е да „пуштиш јадица“ во ноќен клуб и да видиш која ќе се фати. Ама најчесто без праќање заводливи погледи или пијачки, туку манијачко ѕверење во женската, а дури да собере храброст заврши вечерта. Без ризик, игра на сигурност, не дај Боже да ѝ покажеш на женската дека стварно ти се свиѓа и би сакал подобро да ја запознаеш. Финти како од филмчињата, праќање порака на нејзината маса… ма не, подобро ќе пуштат стројници.rnrnЕ, стројниците во 21-ви век се една од најинтересните појави. Дури играш расипан телефон преку братучед ти до другарот негов кој ќе треба да ѝ каже на другарката на оваа што ти се свиѓа, пораката три пати ќе се измени или изгуби во превод, а додека стигне до девојката таа може и да се омажи. Биди маж – кажи ѝ во лице. Ха! Какви мажи, одамна изгуби тежина овој термин. Сега жените се поголеми „мажи“ за многу работи.rnrnА жените, нема да ги поштедам само затоа што сум една од нив. Ок, момците не знаат да флертуваат (поголемиот дел, големо извинување до ретките исклучоци), ама и жените не се цвеќиња за мирисање. Ако си застанала на шанк и глумиш ледена кралица не очекувај дека некој околу тебе вртоглаво ќе паѓа. Друга работа, ако си се облекла како за на кастинг за во јавна куќа (со извинение), не очекувај дека ќе флертува со тебе некој нормален.rnrnКако и да свртиш за сè си има две страни. А бидејќи нема начин да бидеме јасни кога станува збор за тоа дали си достапна за флерт (освен ако нејќеш да шеташ со натпис на челото), ќе мора да преземаме ризици.rnrnВо секој случај, вреди да се ризикува. Момци, пробајте најнормален пристап, без глупости и филозофии и видете што ќе бидне. И да добиеш корпа, никому-ништо, никој не умрел од тоа. Замислете таа да била жената на вашиот живот, онаа по која сте трагале толку долго време, а вие сте уништиле сè преправајќи се дека сте пијани (за да изгледате кул и опуштено), и пристапувајќи ѝ со некаква крајно глупава фраза. Нели е греота да си уништите таква шанса? На крајот на краиштата, флертувањето е едноставно и лесно, не ви треба докторат за да ви успее.rnrnДо следното читање,rnrnФлертувајте смело.rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.