Многу парови со текот на времето ја губат уметноста на заведување или го мешаат нејзиното значење со предиграта, па погрешно претпоставуваат дека таа настанува само во спалната соба. Во својата основа, вистинското заведување вклучува исчекување, а не задоволување. Па, како би можеле да ја вратите уметноста на заведувањето во вашата врска и да ја искористите за да го подобрите вашиот сексуален живот?rnrn
rn
1. Прашајте го што го возбудува и направете го тоа преку флерт
rnПобарајте од вашиот партнер да се наврати на времето кога само сте флертувале и кога тој се чувствувал привлечено од вас. Откријте зошто, поточно што е тоа што тој го сметал за толку привлечно. Дали е вашата смисла за хумор? Вашата насмевка? Можеби близината или позицијата на вашите тела? Или пак, тонот на вашиот глас? Откако ќе дознаете, флертувајте секојдневно со вашиот партнер со цел да ја одржувате страста помеѓу вас жива.rn
2. Одново откријте ја романсата помеѓу вас
rnОткријте што е тоа што вашиот партнер го смета за романтично. Многу е лесно да бидете романтични откако ќе дознаете што точно вашиот партнер сака и потоа ќе се фокусирате на тоа. Испланирајте љубовен состанок, создадете романтична атмосфера за време на вечерата и научете како да го зборувате јазикот на вашиот партнер.rn
3. Забавете додека го заведувате
rnУживајте во секојдневните интимни моменти. Откријте точно што и на двајцата ви предизвикува да се чувствувате навистина секси, возбудени и забавете. Ова е особено важно за мажите кои многу често, ненамерно, го сфаќаат овој вид интимност како покана за секс. Токму поради тоа и многу жени се воздржуваат од ваков вид интимност кога не се расположени за секс, но сепак сакаат да се почувствуваат поблизу до својот партнер. За да го избегнете тоа, престанете да претпоставувате дека секоја нежност води кон однос и препуштете се на малите прегратки и бакнежи без притоа да иницирате секс. Покажете му на партнерот дека имате дисциплина, дури и во моментите на најдлабоката возбуда, да го ставите неговото задоволство над вашето.


rn


rnrnЗа време на факултетските денови, асистентите се навистина важни и се премија за девојките, но после факултет, работите се менуваат. Овој тип момчиња сѐ уште мислат дека без нив светот не може да функционира, но вистината е дека тие се само преценети потрчковци. Не очекувајте да ве однесе на убава вечера – тој сите пари ќе ги потроши на неговиот имиџ – убава кола поради која ќе изгледа „важен“ и прескапа облека. Затоа што така се добиваат сите девојки.rn
rnrnНема да останете имуни на неговата смисла за хумор и на неговото „јас не се грижам за поседување материјални нешта“. Во текот на вашата врска, откако ќе платите за секоја капка бензин, јадење и излегување воопшто, ќе сфатите што сакал да каже. Една чудна ноќ додека сте со него, ќе сфатите дека седите на нечиј кауч кој воопшто не се ни знае чиј е и врската ќе цркне многу побрзо од неговиот телефон за кој сѐ уште не ја платил сметката.rn
rnrnСо овој можеби и најгадно ќе се зафркнете, но тоа ќе го сфатите тек откако ќе раскинете. Ќе ви каже дека е болен, а ќе видите слики од него на забава истата вечер. Ќе ви каже дека раскинал со бившата, а во неговиот телефон врие од пораки преку кои флертуваат. Ќе ви каже дека ве сака и… сфаќате што сакаме да кажеме, а сега бегајте!rn
rnrnПостојат многу работи кои се попривлечни од маж со некаква супстанција меѓу ушите, но вие сепак ќе паднете на некој цитат од Ниче кој толку убаво ќе ви го протолкува. Набрзо ќе научите дека е напорно да слушате некого да зборува за истото одново и одново и дека не знае ништо друго. Веројатно после оваа врска ќе се свестите и ќе си најдете добро момче кое зборува за работи кои се навистина важни – пица на пример.rn
rnrnТој е сладок и се грижи за правата на животните. На почетокот ќе сакате да се омажите за него, но после третиот петок по ред, поминат во гледање документарци за правата на животните и јадење на некое чудно јадење на кое не можете да му го изговорите името, ќе се свестите. Кога ќе ве искара дека фрлате стакло во кантата за хартија, тогаш знаете дека е време и него да го „фрлите.“rn
rnrnНа почетокот неговиот смирен карактер ќе ве наведе да влезете со него во кола и тогаш ќе го видите неговото вистинско лице. Ќе се прашувате дали е во ред да му викате некому само затоа што вози со брзина од 30 километри на час во тесна уличка. На крај, без разлика колку ова огнено топче е добро во кревет, ќе сфатите дека не можете да имате искра со распламтен оган.rn
rnrnТој е разведен и знае сѐ за вината и 80-тите. Кога сте со него ќе се чувствувате младо и слатко, но неговите проблеми со врзување и детското однесување ќе ве свестат дека заслужувате многу повеќе од него. Затоа, земајте сѐ што сте оставиле во неговата спортска кола и барајте момче на ваши години со кое ќе правите грешки.


