КАФЕ ПАУЗА

Tag: затемнување

  • На кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината на 5 мај?

    На кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината на 5 мај?

    Затемнувањето на Месечината во знакот Скорпија ќе се случи на 5 мај 2023 година. Според астролозите, ова затемнување ќе биде само малку помоќно од обична полна месечина. Затемнувањето на Месечината на 5 мај ќе биде под влијание на затемнувањето на Сонцето на 20 април, кое донесе кризи и борби за моќ. Заедно, тие формираат фаза на затемнување што трае до затемнувањето на Сонцето на 14 октомври 2023 година. Прочитајте кои 6 знаци значително ќе го почувствуваат затемнувањето на Месечината.rnrnНа кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината на 5 мај?rn

    Бик

    rnДоколку во вашиот живот постои личност за која често размислувате, тогаш постојат можности дека овој период на затемнување ќе го смени вашиот однос во нешто ново. Без оглед на личноста за која станува збор, затемнувањето може да помогне да се развие вашиот однос. Од друга страна, доколку сте заглавени во токсична врска со таквата личност, тогаш ова ќе биде вистинското време да ставите крај на односот.rn

    Лав

    rnЗатемнувањето на Месечината на 5 мај ќе ви помогне да направите значајни промени во поглед на семејниот живот, особено доколку долго време беа присутни хаосот и непредвидливоста во вашиот дом. Без оглед на тоа дали се селите во нов град или нова личност станува дел од вашето семејство, овие промени ќе бидат полни со љубов и радост. Затоа, фокусирајте се на домот и на најблиските.rn

    Девица

    rnЗатемнувањето на Месечината ќе ја активира вашата трета куќа на комуникацијата со најблиските при што ќе ви помогне да споделите работи кои долго време ги чувавте во себе. Ве очекува период на самооткривање, но вие ги поставувате условите.rn

    Скорпија

    rnОва затемнување ќе влијае на речиси сите аспекти од вашиот живот: емоции, инспирација, работа, нови можности. Ќе бидете принудени да ја напуштите вашата удобна зона и да преземете акција. Дури и ќе имате можност да направите нешто непредвидливо или да почувствувате нешто неочекувано.rn

    Стрелец

    rnОва затемнување на Месечината ќе ви биде еден вид енергетско прочистување кое ќе доведе до позитивни промени. Прифатете ги промените кои не само што се поволни за вас туку се поволни и за другите.rn

    Водолија

    rnДали во последно време ве мачат грижи во поглед на кариерата? Дали се чувствувате подготвени за нешто ново? Ова затемнување би можело да ве натера да се обидете со нешто сосема поразлично како нов проект, нова кариера или сопствен бизнис. Што и да изберете, имајте на ум дека имате многу нови можности во иднина.rnrnОткако прочитавте на кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на месечината, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува голема среќа во мај.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае денешното затемнување на Месечината?

    На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае денешното затемнување на Месечината?

    Денес напладне нè очекува затемнување на Месечината во Бик. Уште едно затемнување е пред нас. Астролозите истакнуваат дека е време е за храброст и јасни одлуки. Што навистина сакате и што ви треба? За какви промени копнеете? Наместо претерано да размислувате и анализирате, препуштете ѝ се на енергијата на Бикот која ве повикува да ги следите вашите инстинкти. Така, ставете крај на врската доколку ве прави несреќни или забавете со работата ако таа ве исцрпува.rnrnНа кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае денешното затемнување на Месечината?rnrnНе заборавајте дека животот не е комплициран. Затоа бидете едноставни и трпеливи. Во продолжение прочитајте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината.rn

    Бик

    rnОва затемнување ќе ви донесе нови промени, туркајќи ве надвор од вашата удобна зона и на тој начин принудувајќи ве да почнете да креирате нови планови. Можно е да направите нешто тотално непредвидливо (или да доживеете нешто сосема очекувано). Кога ќе се случи затемнување во вашиот хороскопски знак, тоа значи дека сте достигнале одредена лична пресвртница. Меѓутоа, крајот на едното поглавје значи и почеток на следното. Но, пред крајот, треба да ги решите старите проблеми и недоразбирања. Затоа, дајте си време и со нови сили фокусирајте се на следната фаза од вашето животно патување.rn

    Лав

    rnДали во последно време ве мачат одредени аспекти од вашата кариера? Дали се чувствувате подготвени за нешто ново? Затемнувањето на Месечината што се случува во вашата 10-та куќа на кариерата може да ве наведе да пробате нешто сосема друго на работа. Може дури и да се изненадите со промена на кариерата, прифаќање унапредување или напуштање на работата. Што и да се случи, тоа ќе ја отвори вратата за уште повеќе можности во иднина.rn

    Скорпија

    rnИма ли личност во вашиот живот на која често мислите во последно време? Оваа личност може да биде вашиот партнер, најдобриот пријател, деловен партнер или дури и вашиот најголем непријател. Кој и да е, ова затемнување ќе ве поттикне да го подобрите односот со таа личност. Како можете да ги изразите своите чувства? Што можете да направите за да го подобрите нивото на хармонија во односот со другите?rn

    Водолија

    rnОва затемнување особено ќе влијае врз вашиот однос кон домот и семејството. Со други зборови, можеби ќе ве поттикне да го средите домот, да ги подобрите односите со роднините или да ја продлабочитета врска со вашите корени и предци. Се разбира, домот не е секогаш физичко место, туку состојба на умот. И во вашиот живот, луѓето, местата и работите што прават да се чувствувате како дома веројатно ќе се променат. Што ви е потребно за да се чувствувате дека вистински припаѓате во одредена средина? Дали моментално уживате во емоционалната и физичката безбедност на вашиот дом? Ова затемнување ќе ве поттикне да размислувате за овие прашања.rnrnОткако прочитавте за влијанието на затемнувањето на Месечината, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во ноември во поглед на финансиите.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како ќе ни влијае затемнувањето на Месечината на 8 ноември?

    Како ќе ни влијае затемнувањето на Месечината на 8 ноември?

    На 8 ноември нè очекува затемнувањето на крвавата Месечина (од 9:02 до 14:56 часот). Сега е навистина добро време да се ослободите од старото за да го прифатите новото, а како што годината се приближува кон крајот, ќе стекнете повеќе увид во тоа како да продолжите напред со ново поглавје. Се отвораат неочекувани патишта, па ако мислите дека е добро да отстапите од сегашната насока, ова затемнување ќе ви даде нова можност!rnrnКако ќе ни влијае затемнувањето на Месечината на 8 ноември?rnrnСе нарекува крвава Месечина поради фактот што инаку светлата полна Месечина добива крваво црвена боја бидејќи е целосно покриена од земјината сенка. Ова затемнување на полната Месечина може да влијае на нашето енергетско поле и исто така може да послужи како активатор на нашата страна во сенка, со што на површина ќе излезат некои скриени работи.rnrnЗатемнувањето на месечината на 8-ми ноември носи бранови на трансформативна енергија што може да нè турне во повисоки состојби на свест и повисоки нивоа на патувањето на душата.rnrnПретходно во мај 2022 година имавме уште едно затемнување на Месечината во Скорпија. Дали се сеќавате на некои значајни настани или промени што се случиле во тој период од вашиот живот? Ова затемнување на Крвавата Месечина ќе работи во синергија со тоа мајско затемнување, па може да забележите слични теми или може да се открие повеќе од приказната. Не дека истите настани ќе се повторат, но можеби ќе наидете на истите лекции од порано.rnrnОвие лекции веројатно се тесно поврзани со вашиот пат на душата и кармичката судбина. На некој начин, можете да ги замислите затемнувањата како настани кои ве „туркаат“ кон патот по кој треба да патува вашата душа. Поради оваа причина, затемнувањата имаат тенденција да иницираат судбоносни или трансформативни настани.rnrnТрансформацијата, од друга страна, секогаш може да биде предизвик кој се состои од повеќе чекори. Секој од овие чекори носи свои борби и магија, но под затемнувањето на крвавата Месечина нивото на интензитет може да се зголеми.rnrnПод сиот интензитет и трансформативна енергија на крвавата Месечина, може да се чувствуваме исцрпени или малку повеќе раздразливи од вообичаеното.rnrnМеѓу другото, Уран, планетата на будењето и рушењето на границите, ќе биде многу активен за време на ова затемнување. Можеби ќе се чувствувате инспирирани да ги пресечете синџирите што ве држат врзани и да се ослободиме од „кафезот“ во кој моментално се наоѓате. Дали копнеете за поголема слобода? Од што треба да се ослободите? Уран исто така може да биде и симбол за будење и изненадување, така што постои можност ова затемнување да донесе шокантна вест или да поттикне акција или одлука што ќе ги шокира оние околу вас. Се отвораат неочекувани патишта, па ако мислите дека е добро да отстапите од сегашната насока, ова затемнување ќе ви даде нова можност!rnrnВенера, планетата на љубовта, исто така ќе биде активна под ова затемнување и иако можеби ќе бидете фокусирани на вашите врски и романтичниот живот, сепак знајте дека Венера е исто така симбол на вашите вредности и вашето чувство за самопочит.rnrnШто е она што вистински го цените? Дали се чувствувате доволно достојни да го имате она што го цените? Бидете реални со себе. Не плашете се да бидете искрени и да размислите за тоа што навистина го цените и кои се вашите вредности.rnrnСатурн, планетата на кармата, исто така е активна под оваа енергија на затемнувањето. Присуството на Сатурн дефинитивно може да создаде одредена тежина и може да ви посочи со кои работи од минатото треба да се справите.rnrnНе заборавајте дека сега е навистина добро време да се ослободите од старото за да го прифатите новото, а како што годината се приближува кон крајот, ќе стекнете повеќе увид во тоа како да свртите ново поглавје од вашиот живот.rnrnОткако прочитавте за влијанието на крвавата Месечина на 8 ноември, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци.rnrnИзвор: atma.hr

  • „Крвава“ Месечина на 16 мај: Секој крај е нов почеток!

    „Крвава“ Месечина на 16 мај: Секој крај е нов почеток!

    Во понеделник, 16 мај, нè очекува затемнување на Месечината. Според астролозите, овој феномен го претставува крајот на едно поглавје од нашите животи, но и претставува можност за нов почеток.rnrn„Крвава“ Месечина на 16 мај: Секој крај е нов почеток!rnrnОваа Месечина се нарекува „крвава“ бидејќи за време на затемнувањето таа добива црвеникава нијанса. Се верува дека е една од најмоќните полни месечини, а нејзиното влијание може да се почувствува на физичко, емоционално, ментално и духовно ниво.rnrnЗатемнувањето, од друга страна, ќе придонесе и за нашиот раст и развој. Тоа, всушност, претставува симбол на големи предизвици и препреки кои ќе ни го покажат патот по кој треба да одиме.rnrnПод влијанието на ова затемнување ќе затвориме одредено поглавје од нашите животи. Тоа ќе се одвива под мистериозниот знак Скорпија, па затоа ќе имаме можност да се повлечеме во себе, подобро да го запознаеме внатрешното „јас“ и да станеме свесни за нашите таленти, способности и особини.rnrnСкорпијата ќе ја поттикне и нашата трансформација која е поврзана со енергијата на фениксот. Така, затемнувањето ќе ни покаже дека можеме да се издигнеме од сите пречки и одново да се препородиме, исто како што фениксот се издига од пепелта.rnrnАко затемнувањето значи можност да завршите со некое поглавје во вашиот живот, сетете се дека тоа ќе значи и нешто ново и подобро од досега. Запомнете дека сè што се случува има за цел да го поттикне вашиот личен напредок.rnrnСега е совршен момент, меѓу другото, да се повлечете и да ѕирнете во своето срце. Можете да наидете на интересни сознанија кои ќе го поттикнат вашиот духовен раст.rnrnЗгора на тоа, крвавата Месечина може да нè инспирира да се откажеме од нешто, да сфатиме дека нешто не вреди и да се ослободиме од некаков непотребен товар.rnrnПод влијанието на ретрограден Меркур ќе бидеме збунети и несвесни за како да напредуваме во животот. Затоа, важно е да бидеме трпеливи бидејќи нашиот внатрешен глас го знае патот. Доволно е да веруваме дека ќе ги пронајдеме сите одговори кои ни се потребни.rnrnЕнергијата на Месечината ќе ни помогне и да ставиме крај на сите негативни работи кои нè мачат со години, на сите негативни мисли, стравови и лоши чувства. Месечината ќе ни го покаже следниот чекор, па штом ќе ја поставиме нашата следна цел, најдобро е да почнеме да се движиме во нејзината насока и да веруваме дека ќе ја реализираме.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе „крвавата“ Месечина на 16 мај, можеби ќе сакате да прочитате и за влијанието на ретроградниот Меркур од 10 мај до 3 јуни.rnrnИзвор: atma.hr

  • Затемнување на Месечината на 19 ноември: Доаѓаат големи промени за овие 4 хороскопски знаци!

    Затемнување на Месечината на 19 ноември: Доаѓаат големи промени за овие 4 хороскопски знаци!

    Следниот период ќе биде одбележан со турбуленции. Полната Месечина ја започнува последната сезона на затемнување оваа година и тоа на 19 ноември кога ќе влезе во знакот Бик.rnrnЗатемнување на Месечината на 19 ноември: Доаѓаат големи промени за овие 4 хороскопски знаци!rnrnВо астрологијата, полната Месечина означува емотивен и напнат период и ни сигнализира дека е време да им се посветиме на најприоритетните задачи. Затемнувањето на Месечината поттикнува дополнителни промени во нашите секојдневни рутини. Сепак, не дозволувајте промените да ве исплашат. Тие се корисни за вас затоа што ќе ви помогнат да излезете од вашата удобна зона.rnrnПрочитајте во продолжение на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината.rn

    Бик

    rnКако фиксен знак, не сакате многу промени затоа што ве тераат да излезете од удобната зона. Токму овој период ќе треба да се справите со вашите најголеми предизвици и стравови. Од друга страна, ова е период и кога ќе дојдат до израз вашите успеси. Размислете за сите аспекти на вашиот идентитет како и новите перспективи кои се јавија како резултат на неодамнешните пречки на кои наидовте.rn

    Лав

    rnЗатемнувањето на Месечината ќе се манифестира врз вашиот јавен живот на начин што ќе се чувствувате ранливо. Ќе почувствувате зголемен притисок на работа, а вашите однесувања ќе бидат со цел да ги исполнат очекувањата на другите. Внимавајте на вашето ментално здравје. Искористете го периодот за да застанете на цврсти нозе и да се стекнете со самодоверба, но и обидете се што помалку да зависите од другите.rn

    Скорпија

    rnЗа време на ова затемнување треба да обратите внимание на вашиот однос со другите. Од голема важност е длабоко да размислите за нив и директно да се соочите со она што е лошо за вас или што ве повредува. Од друга страна, игнорирањето на овие проблеми само ќе го зголеми вашето страдање. Посветете си повеќе време на себе и сопствените искуства и побарајте поддршка од најблиските за она што ви е особено важно.rn

    Водолија

    rnОвој период ќе бидете особено чувствителни додека откривате некои работи од вашето минато. Полната Месечина ќе ве охрабри да го исчистите вашето светилиште – домот и приватниот живот, во буквална и метафорична смисла. Време е да се посветите на личниот развој додека преминувате во нова фаза од животот и да се ослободите од сè што е негативно.rnrnОткако прочитавте врз кои хороскопски знаци најмногу ќе влијае затемнувањето на Месечината овој период, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 15 до 21 ноември.rnrnИзвор: atma.hr

  • Како да го ублажите негативното влијание на затемнувањето на Сонцето?

    Како да го ублажите негативното влијание на затемнувањето на Сонцето?

    Затемнувањето на Сонцето во Близнаци ќе се случи на 10 јуни, а неговиот господар е ретроградниот Меркур. Сè што ќе правите во следните неколку дена може да има значително влијание врз вашата иднина.rnrnКако да го ублажите негативното влијание на затемнувањето на Сонцето?rnrnАстролозите истакнуваат дека оваа енергија може значително да влијае на психата и на расположението на луѓето, но и да предизвика природни катастрофи. Месечината и Сонцето ќе бидат на иста паралела, што ќе резултира со зголемување на плимата и осеката. Се предвидуваат разни „контрадикторни“ процеси во внатрешноста на Земјата, па според астрологијата, не е исклучен ризикот од земјотрес.rnrnЗа време на затемнувањето, светлината на Сонцето ќе биде заменета со темнина, што ќе влијае на вашиот биоритам и може да предизвика вознемиреност, лутина и нервоза.rnrnАстролозите истакнуваат дека добрата работа што ја носи затемнувањето е што конечно ќе видите што е добро и вредно за нашата душа. Од вашето однесување во овој период зависи дали универзумот ќе ги чуе вашите желби и дали тие ќе се манифестираат во иднина. Затемнувањето не казнува, туку ви овозможува да станете среќни во иднина.rn

    Како да се ублажи негативното влијание и да се „преживее“ затемнувањето на Сонцето во Близнаци?

    rn

      rn 011

    • Бидејќи затемнувањето е период на ослободување од старите врски и кармичките јазли, бидете подготвени за враќање на старите познајници и љубовници. Некои пријателства и врски ќе завршат. Сега е време да се стави крај на некои негативни работи и да се продолжи понатаму.
    • rn 011

    • Избегнувајте консумирање тешка храна, месо, млеко и алкохол.
    • rn 011

    • Време е за дигитална детоксикација – на денот на затемнувањето избегнувајте да собирате премногу информации и да ги користите социјалните мрежи.
    • rn 011

    • Не озборувајте. Дури и ако сте принудени, од вас се бара само да ја коментирате ситуацијата. Не осудувајте ги другите луѓе и останете верни на себе.
    • rn 011

    • Не користете каков било вид агресија, вклучително и емоционална. Обидете се да исклучите каква било манифестација на грубост.
    • rn 011

    • Медитирајте – фокусирајте се на вашите внатрешни чувства и желби и пронајдете начин да се развивате најдобро што можете.
    • rn 011

    • Затемнувањето ќе се случи околу 14 часот, па во тој момент напишете три желби на парче хартија. Изгорете ја хартијата на пламен од свеќата и фокусирајте се уште еднаш на исполнување на вашите соништа.
    • rn 011

    • Набљудувајте сè што се случува и следете ги вашите реакции – отфрлете сè што ви предизвикува лутина, болка во срцето, отпор однатре. Ова се блокади преку кои треба да се искачите на повисоко ниво на свест.
    • rn

    rnПрочитајте што ќе им се случи на овие хороскопски знаци додека Венера е во знакот на Рак.

  • Затемнување и полна месечина: Што ги очекува сите хороскопски знаци?

    Затемнување и полна месечина: Што ги очекува сите хороскопски знаци?

    Полната месечина и целосното затемнување ќе се случат на 26 мај, а тоа најмногу ќе влијае врз Стрелците, Близнаците, Рибите и Девиците.rnrnЗатемнување и полна месечина: Што ги очекува сите хороскопски знаци?rn

    Овен

    rnОва затемнување се случува во вашата деветта куќа, што ја рефлектира третата, па ве очекуваат некои настани ако патувате или учите нешто ново. Можни се некои компликации при патување, немири и расправии.rnrnИзбегнете ги сите форми на конфликт и патувања и не расправајте се со семејството, со партнерот и со колегите.rn

    Бик

    rnОва затемнување на Месечината се случува во вашата осма куќа, што фрла сенка на вашето второ поле, така што ќе бидат засегнати финансиите, вашите и на партнерот. Не се препорачува да позајмувате или да земате заем.rnrnМожно е да се случат транформации во вашата врска или да добиете одредено наследство. Бидете трпеливи.rn

    Близнаци

    rnОва затемнување се случува во вашата седма куќа на вашите партнерства и животот во јавноста. Многу Близнаци може да се истакнат во јавноста.rnrnИзбегнувајте каква било форма на присилување и двосмислени ситуации во односите. Ова затемнување може повремено да се почувствува во следните шест месеци, затоа бидете многу внимателни како се однесувате кон вашиот емотивен партнер и кон деловните партнери. Соработувајте со блиски луѓе.rn

    Рак

    rnОва затемнување се случува во вашата шеста куќа, што фрла сенка на дванаесеттата куќа, па може да очекувате промени во дневната рутина на работното место.rnrnКога станува збор за здравјето и за вашата потсвест, не можете да правите сè што ќе посакате, туку треба да бидете добро организирани и да бидете вредни да ги постигнете своите цели.rn

    Лав

    rnОва затемнување се случува во вашата петта куќа, што фрла сенка на единаесеттата, па можни се промени во љубовта или кај децата, ако ги имате. Сензуалноста е нагласена и љубовта е активирана.rnrnАко немате партнер, постои можност отворено да ги искажете и да ги изразите своите емоции. Пријателството е нагласено, па може да се случи оваа емоција да биде поврзана со долгогодишно пријателство.rn

    Девица

    rnОва затемнување се случува во вашето четврто поле, што фрла сенка на десеттото, па може да има промена на работното место, несогласување со претпоставените, дискусии со родителите. Некои Девици може да ја сменат работата или да потпишат важен договор.rnrnВашата планета Меркур веќе е во сенка и може да се појават бурни емоции или ненадејни одлуки, па затоа е потребна претпазливост.rn

    Вага

    rnОва затемнување се случува во вашето трето поле, што фрла сенка на деветтото поле, затоа не се препорачува патување или некаква комуникација водена од емоции, особено со роднините.rnrnМожно е да планирате некои нови проекти, па затоа би било паметно да почекате, бидејќи Меркур не ви дава добра траекторија затоа што е ретрограден до 22 јуни. Потоа може да патувате. Не дозволувајте јазикот да ви биде побрз од умот, туку слушајте наместо да зборувате и да се правите паметни.rn

    Скорпија

    rnОва затемнување се случува во вашето второ поле, што фрла сенка на осмото поле, па емоциите се поврзани со финансиите. Бидете претпазливи ако вложувате пари во нешто бидејќи некој може да се обиде да ви продаде нешто што подоцна ќе ви предизвика проблем.rnrnРазмислете пред каква било инвестиција и трансакција со пари. Не земајте заем и не задолжувајте се. Бидете внимателни кога станува збор за влегувањето во интимни односи со личност за која не знаете доволно.rn

    Стрелец

    rnОва затемнување фрла сенка на седмото поле на партнерствата, па затоа треба да внимавате да не претерате кога станува збор за изливот на емоции.rnrnТреба да избегнете сè што може да ве повреди, од физичка активност до излив на емоции и спомени од минатото. Најблиските може да побараат совет од вас, па помогнете им со вашето мислење и искуство. Препуштете им се на чистите и искрени емоции.rn

    Јарец

    rnОва затемнување се случува во вашата дванаесетта куќа, што фрла сенка на вашето шесто поле. Некои Јарци може да имаат проблем со стравовите и да се вратат во минатото кога станува збор за емоциите.rnrnПоединци може да имаат пречки на работа или нема да знаат јасно што треба да прават следно. Може да направите грешка на работа или некои ваши колеги да се откажат од договорот. Најдобро е да се повлечете и да се одморите од сè.rn

    Водолија

    rnОва затемнување се случува во вашето единаесетто поле, што фрла сенка на петтото поле, така што акцентот ќе биде ставен на плановите, проектите, пријателите. Од друга страна, љубовта е активна и ако имате деца, тогаш треба да им се посветите ним.rnrnСлободните Водолии може да запознаат љубовен партнер или некој што е нивни пријател може да стане повеќе од тоа.rn

    Риби

    rnОва затемнување се случува во вашето десетто поле, што фрла сенка на вашето четврто поле, така што може да се случи нешто поврзано со вашата кариера или да започнете некој нов бизнис.rnrnИзбегнувајте ги сите конфликти кога станува збор за семејството и бидете претпазливи од пожар и изгореници. Зајакнете го вашиот углед бидејќи имате можност да постигнете добри резултати на работа, кои исто така ви носат напредок во кариерата.rnrnПрочитајте со што ќе се соочи вашиот хороскопски знак за време на ретроградниот Меркур.

  • Какво влијание ќе има суперкрвавата волчја месечина врз секој хороскопски знак?

    Какво влијание ќе има суперкрвавата волчја месечина врз секој хороскопски знак?

    На 21-ви јануари нè очекува целосно затемнување на оваа единствена супермесечина. Ова ќе биде последното целосно затемнување до 2021-ва година. Земјината сенка ќе ѝ даде црвенкаст сјај, па оттаму и називот „крвава“ месечина. Бидејќи помрачувањето ќе биде за време на полна месечина, таа се нарекува и супермесечина.rnrnКакво влијание ќе има суперкрвавата волчја месечина врз секој хороскопски знак?rnrnНазивот „волчја“ потекнува од индијанскиот фолклор. Волчјата месечина била првата полна месечина во годината и се појавувала во период кога се слушало завивањето на волците. Поради овој настан, на површина ќе излезат многу емоции, а ќе се засилат и нашите инстинкти. На некој начин, ова затемнување ќе има влијание врз сите хороскопски знаци. Погледнете што да очекувате според вашиот.rn

    Овен

    rnОтсекогаш ве нарекувале бестрашни. Можеби дури и ви викале да ги намалите вашите амбиции. Но во овој период правете го спротивното – прифатете ги вашите креативност и страст и гледајте како ќе ве однесат на патот до успехот.rn

    Бик

    rnВие сте стабилни, цврсти и поддршка за многумина. Но, имате и чувствителна страна која често ја криете. Обрнете внимание на тоа и погледнете внатре за да откриете што ве прави среќни. Наскоро ќе сфатите кон што треба да се фокусирате.rn

    Близнаци

    rnАко ви е потребна мотивација за да прозборите, сега е време за тоа. Во овој период ќе добиете одлична идеја и ќе знаете како да му ја кажете на светот. Немојте да ја чувате во себе. Искористете ја енергијата на крвавата месечина.rn

    Рак

    rnОтсекогаш сте се грижеле за другите, а крвавата месечина ќе ве поттикне да ја зголемите грижата кон саканите. Давајте совети кои само вие можете да ги смислите и бидете отворени кон другите.rn

    Лав

    rnЧесто другите мислат дека имате само љубов за себе, но тоа не е точно. Крвавата месечина ќе го докаже ова бидејќи ќе ја намали љубовта што ја чувствувате кон себе. Немојте да се изгубите поради ова, погледнете внатре и верувајте им на вашите инстинкти. Дознајте на кој начин можете да го покажете вашиот талент.rn

    Девица

    rnВеќе некое време сте биле несебични и сте работеле за некој друг. Тоа е одлично, но не заборавајте на себе. Овој период најдете рамнотежа – слушајте ја вашата интуиција и негувајте ја.rn

    Вага

    rnСте биле фокусирани на вашите соништа и амбиции и напорно сте работеле за нив. Но, крвавата месечина ќе ви ги отвори очите и ќе ги видите вистинските лица на луѓето околу вас. Можно е да се поврзете со некој кој има исти ставови и амбиции како вас. Немојте да ја испуштите оваа прилика.rn

    Скорпија

    rnМорате да ја најдете вистинската среќа. Можеби сте ја барале однадвор, но време е да престанете со ова. Имате сè што ви е потребно за да бидете среќни со себе во овој момент. Морате да погледнете внатре и да ја најдете вашата среќа.rn

    Стрелец

    rnМесечината ќе ја разгори вашата љубов за авантура и возбуда. Ако планирате патување или сакате да се посветите на нешто ново, сега е совршен период да го направите тоа.rn

    Јарец

    rnСакате да работите напорно и често ги остварувате вашите цели, но понекогаш е најдобро да застанете и да погледнете длабоко во себе. Можете да откриете нови патишта, или нешто на коешто треба да работите. Најдете ја вашата рамнотежа.rn

    Водолија

    rnИмате голема самодоверба и сметате дека не треба да го гледате светот околу вас. Но токму поради ова сте ја испуштиле грижата на многу сакана личност. Прифатете го ова и сфатете дека оваа личност има голема улога во вашиот напредок.rn

    Риби

    rnГо сакате светот, имате неверојатен карактер и сакате да ги остварите вашите соништа. Прифатете сè. Ќе бидете инспирација за некого, иако можеби таа личност сè уште не го сфатила тоа.rnrnПогледнете и кои се хороскопските знаци чиј живот ќе се промени во 2019-та година.

  • Необични работи кои се случуваат со соларната еклипса

    Необични работи кои се случуваат со соларната еклипса

    Луѓето секаде зборуваат за убавината на претстојната соларна еклипса, но таа е многу повеќе од убава глетка. Постојат многу чудни работи кои се случуваат со неа, а овие работи се исто посебни колку и самото затемнување.rnrn(2)neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-so-solarnata-eklipsa-kafepauza.mkrnrnКога месечината покрива само мал дел од сонцето, разгледајте ги околните дрвја. Погледнете ги нивните сенки и ќе забележите стотици „слики“ на делумно прекриеното сонце.rnrn(1)neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-so-solarnata-eklipsa-kafepauza.mkrnrnТочно пред целосното затемнување се појавува и друга интересна сенка. Оваа сенка е составена од тенки брановидни линии кои се предизвикани од атмосферскиот ветар на Земјата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=104&v=37_DinsM-6ornrnСè околу вас ќе изгледа како да е осветлено на чуден начин. Во минатото многумина дури плачеле од убавината на овој момент. Животните се збунети во овој период, а тоа го прави целиот феномен уште почуден. Замислете си штурчињата да свират во текот на денот како да е ноќ.rnrnПред сонцето целосно да биде покриено ќе го забележите неверојатниот ефект на дијамантски прстен. Некои луѓе дури тврдат дека можеле да забележат и некои планети околу сонцето додека траело ова.rnrn(3)neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-so-solarnata-eklipsa-kafepauza.mkrnrnВеднаш по дијамантскиот прстен се појавуваат розови зраци кои се издолжуваат зад месечината.rnrn(4)neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-so-solarnata-eklipsa-kafepauza.mkrnrnМногу луѓе не разговараат за овие работи и не се свесни дека соларната еклипса е многу повеќе отколку покривање на сонцето. Ако обрнете доволно внимание можеби ќе ги забележите многубројните прекрасни работи кои ги предизвикува овој феномен. И се разбира, не заборавајте да користите соодветна заштита кога ќе ја набљудувате еклипсата.rnrnПогледнете ги и овие сончеви феномени кои изгледаат нереално.

  • Затемнувачки завеси кои ќе направат да се чувствувате како да живеете во пентхаус

    Затемнувачки завеси кои ќе направат да се чувствувате како да живеете во пентхаус

    Завесите за затемнување повторно се враќаат, но овој пат со нешто ново. Последниот тренд за овие завеси е дезен кој може да го претвори секој прозорец во гламурозна панорама на Њујорк или Лондон.rnrn(1)zatemnuvachki-zavesi-koi-kje-napravat-da-se-chuvstvuvate-kako-da-zhiveete-vo-penthaus-kafepauza.mkrnrnВо 1939 година Велика Британија вовела задолжително затемнување поради заканата од непријателски воздушни напади. Граѓаните биле натерани да закачат дебели завеси направени од црно платно на нивните прозорци, така што не бегал ни најмалиот зрак светлина. Иако ова биле тешки времиња, на граѓаните им се допаднала приватноста која ја нуделе овие завеси, па решиле да ги остават дури и откако завршила војната.rnrn(2)zatemnuvachki-zavesi-koi-kje-napravat-da-se-chuvstvuvate-kako-da-zhiveete-vo-penthaus-kafepauza.mkrnrnНамената на овие завеси веќе ја надмина безбедноста на домот. Повеќето модели кои се достапни на пазарот се многу дебели и можат да спречат до 99% од светлината и УВ зраците. Бидејќи ја заробуваат сончевата светлина, тие ја заробуваат и топлината внатре, што значи дека ова ќе ви заштеди за греење во текот на зимата. Но овој пат, дизајнерите се надминале. Погледнете ги само овие завеси… Би ги поставиле ли во вашиот дом?rnrn(3)zatemnuvachki-zavesi-koi-kje-napravat-da-se-chuvstvuvate-kako-da-zhiveete-vo-penthaus-kafepauza.mkrnrn(4)zatemnuvachki-zavesi-koi-kje-napravat-da-se-chuvstvuvate-kako-da-zhiveete-vo-penthaus-kafepauza.mkrnrn(5)zatemnuvachki-zavesi-koi-kje-napravat-da-se-chuvstvuvate-kako-da-zhiveete-vo-penthaus-kafepauza.mkrnrn(6)zatemnuvachki-zavesi-koi-kje-napravat-da-se-chuvstvuvate-kako-da-zhiveete-vo-penthaus-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn