Оваа година на првиот ден од пролетта, рамноденица, кога месечината беше на својата најблиска точка до Земјата, имавме и уште едно изненадување од природата – затемнување на сонцето. Во однос на градот во кој се наоѓаа, луѓето имаа можност да видат од 50 до 99% соларна еклипса. Најпогодно за набљудување беше на Фарските острови, каде што во еден момент месечината целосно го прекри сонцето.rnrnФотографија направена од европски вселенски сателитrnrnЛуѓето како и секогаш најдобро ја покажуваат својата креативност кога има настани како овој. Токму затоа издвоивме дел од најкреативните и најпрекрасните фотографии од затемнувањето на сонцето кои се појавија на интернет. Погледнете како тоа изгледаше ширум светот…rnrnСкопје, Македонија (фотографијата е направена од Златко Пармаковски)rnrn
Затемнувањата кои ги предизвика супер бурата Сенди му овозможи на фотографот Ренди Скот Славин да создаде серија од фотографии кои тој ги нарекол „NYC Unplugged“ каде што Менхетен е целосно во темнина. Тој излегол на улиците во раните часови на 31 октомври 2012 година за да може да ја долови мистериозната атмосфера на Големото јаболко во период кога сите светла биле изгасени. Ренди го поставил својот Никон D800 со 14-24 милиметарски леќи на триногалка и употребувал експозиции помеѓу 30 секунди и 1 минута за да го добие посакуваниот ефект.rn
„Вечерта откако ураганот Сенди помина преку Њујорк, во центарот на градот имаше прекин на електричната енергија и тој беше целосно темен. Тоа ме натера да излезам на мистериозно темните улици и да го покажам Њујорк во досега невидено светло,“ вели Ренди.
rnrn
„Овие фотографии се направени помеѓу полноќ и 3 часот, утрото на Денот на вештерките. Имаше премногу малку луѓе, а улиците изгледаа напуштено и премногу чудно мирни,“ вели тој.
И покрај тоа што се случува секоја година, затемнувањето на сонцето продолжува да биде еден од највозбудливите природни феномени за луѓето низ светот. Со секоја помината година креативноста на фотографите се зголемува и постојано настануваат сè поинтересни и поуникатни фотогорафии. Еве еден мал дел од таа колекција:rnrnПекинг – 15 јануари 2010rnrnБангкок – 15 јануари 2010rnrnРеката Тансуи, северен Тајван – 15 јануари 2010rnrnПрага – 4 јануари 2011rnrnАтина – 29 март 2006rnrnЗенгзоу, Хенанска Провинција – 15 јануари 2010rnrnБудимпешта – 4 јануари 2011rnrnПрага – 4 јануари 2011rnrnГиватаим, Израел – 4 јануари 2011rnrnТокио – 22 јули 2009rnrn
—————————————————————————————————————————————————rnОваа серија е снимена според истоимената новела, напишана во 1999 година од канадскиот автор Роберт Џ. Соер. Уште од првата епизода напнатоста и возбудата ќе ви го покренат адреналинот, а со секое наредно случување ќе станувате сè позависни од неа. Иако е решено серијата да застане после само една сезона и да се прекине нејзиното снимање, со сигурност заслужува да биде погледната. Целата идеја која струи низ нејзината приказна е како луѓето го живеат својот живот откако ќе видат дел од својата иднина. Актерската екипа и нивната одлична координираност на сцена, е надополнета со одлични ефекти и бројни изненадувања во самото сценарио, од епизода во епизода.rn—————————————————————————————————————————————————
rnrn
rnrnПриказна: Главното дејство се одвива во Лос Анџелес, Калифорнија, а во фокусот на вниманието се неколку ликови помеѓу кои се ФБИ агентот Марк Бенфорд и неговото семејство. Почетна точка на целата серија е „затемнувањето“ кое ќе му се случи на целото светско население на 6 октомври 2009 година. Во тоа „затемнување“ секој човек на планетата Земја ја губи свеста за 2 минути и 17 секунди, притоа имајќи визија што би правел во својот живот на 29 април 2010 година.По „будењето“, катастрофите од овој феномен се огромни, бидејќи многу луѓе ја изгубиле свеста возејќи, паднале многу авиони, многу се удавени, уништени се згради, улици, а најголемиот проблем е стравот кај сите од тоа што го виделе во својата визија. Заплетот на целата серија започнува уште во првата епизода кога ФБИ агентите ќе најдат докази дека сепак некој останал буден во тие 137 секунди и дека натприродниот момент добива размер на човеков свесен деликт. Истрагата продолжува со многу интересни откритија, спојување на визиите и нивна анализа, следење на трагите и остварување на многу нешта од кои сите стравуваат.rn
Кога и како да ја гледате: Серијата е доста ефектна и моќна, а приказната е испреплетена и со многу детали, кои треба да ги паметите за да го следите нејзиното течение. Доколку сакате да изгледате многу епизоди наеднаш, како што е вообичаено со сериите, овој пат тоа може да не биде случај, па затоа препорачливо е да ја гледате постепено и умерено, а најдобро би било тоа да го правите во слободните денови.rnСлична серија: „Изгубени“ (Lost)