КАФЕ ПАУЗА

Tag: загуба

  • Како се справуваат хороскопските знаци со болката?

    Како се справуваат хороскопските знаци со болката?

    Секоја личност различно ја поднесува болката, а астрологијата открива како се однесуваат хороскопските знаци кога ќе изгубат некоја блиска личност или ќе се разделат со партнерот.rnrnКако се справуваат хороскопските знаци со болката?rn

    Овен

    rnОвните се лутат и им викаат на сите околу нив, дури и ако не сториле ништо лошо.rn

    Бик

    rnБиковите ги бараат своите најблиски. Потребни им се прегратки и милувања и уверување дека сè ќе биде во ред.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се повлекуваат од луѓето кои ги сакаат најмногу затоа што сакаат да бидат целосно изолирани.rn

    Рак

    rnРаковите наоѓаат причини да се обвинат себеси за сè што не е во ред. Тие чувствуваат огромна вина.rn

    Лав

    rnЛавовите си даваат дозвола да плачат. Тие ги ослободуваат сите свои емоции.rn

    Девица

    rnДевиците се обидуваат да рационализираат што се случило. Тие се обидуваат најдат логична смисла затоа што не можат да најдат емоционална.rn

    Вага

    rnВагите се обидуваат да ги заштитат другите да не ги снајде истата судбина како нив. Тие се обидуваат да ги поправат сите проблеми во светот.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се шегуваат на сметка на својата тага. Тие се обидуваат да се смеат и да се заштитат од болката.rn

    Стрелец

    rnСтрелците ја игнорираат својата болка. Тие се забавуваат за да не мислат на тоа.rn

    Јарец

    rnЈарците се затрупуваат со работа. Се трудат да бидат зафатени постојано за да немаат време да бидат тажни.rn

    Водолија

    rnВодолиите пијат, пушат или се препуштаат на друга нездрава навика. Тие си го одвлекуваат вниманието како знаат и умеат.rn

    Риби

    rnРибите ја губат својата енергија. Тие остануваат дома, под ќебе и чекаат да помине болката.rnrnПрочитајте што заборава секој хороскопски знак кога ќе најде нов партнер.

  • Краток анимиран филм кој зборува за тоа како да се справиме со загубата на најблиските!

    Краток анимиран филм кој зборува за тоа како да се справиме со загубата на најблиските!

    Ние навистина можеме да кажеме многу за оваа предизвикувачка 2020 година, бидејќи нема настани што не се случиле во неа, но во исто време ова беше година на танцувањето, интересните приказни и многу хумор, а тоа е најмногу благодарение на социјалната мрежа ТикТок. Не е непознато дека токму социјалните мрежи диктираат нови трендови и содржини што треба да ги разгледаме, па затоа деновиве е невозможно да се игнорира овој мини анимиран филм кој е толку емотивен што никого не го остава рамнодушен!rnrnВо морето од различни предизвици што се појавија на ТикТок, деновиве вниманието го украдоа видеата поврзани со новиот анимиран филм. Така, корисниците на оваа социјална мрежа ги објавуваат своите реакции откако го погледнале анимираниот филм „If Anything Happens, I Love You“, кој е крајно емотивен, така што скоро никој не успева да ги сокрие солзите.rn

    @supdaily#stitch with @catonb3 #ifanythinghappensiloveyou #blindreactionrnrn♬ original sound – SupDailyrnrn

    rnrnrnСтанува збор за анимиран филм кој трае околу 12 минути и прикажува болна семејна приказна, толку искрена, реална и емотивна што се чувствувате како да сте дел од него. И покрај тоа што не е вистинска приказна, неговото сценарио многу нè потсетува на трагичните настани што порано ги слушавме во вестите, особено кога станува збор за американското општество, а станува збор за пукање во училишта, во кое бројни семејства ги загубија своите најблиски. Како да се справите со една од најголемите и секако најболните загуби, откријте во овој емотивен филм што ќе ве потсети колку се важни луѓето во нашите животи, особено кога се во прашање членовите на нашето семејство! Во продолжение можете да го погледнете трејлерот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=3kH75xhTpaM&feature=emb_titlernrnМожеби ќе сакате да го погледнете и овој анимиран филм што ќе ве потсети кои се вистинските вредности на Божиќ.

  • Како да ја преболите загубата на некоја блиска личност?

    Како да ја преболите загубата на некоја блиска личност?

    Тагата е природен одговор на загубата и емоционално страдање што се појавува кога ќе изгубите личност што ја сакате. Колку е позначајна загубата, толку е поголема тагата, а таа е најинтензивна во случај на смрт на саканата личност.rnrnКако да ја преболите загубата на некоја блиска личност?rn

    Фази на тагување:

    rn1. Негирањеrnrn2. Лутинаrnrn3. Депресијаrnrn4. Прифаќањеrnrn5. Навикнување на новонастанатата ситуација и реинтеграцијаrnrnНе минуваат сите луѓе низ сите фази и понекогаш не одат во овој редослед затоа што тагата е непредвидлива и индивидуална. Она што треба да го запомните е дека е нормално да ги чувствувате сите овие емоции и нема точно утврдено време кога ќе исчезнат.rnrnНајтешките периоди ќе станат помалку интензивни и пократки со текот на времето, но сосема е вообичаено да чувствувате силна тага со години по загубата, особено во моменти што сакате да ги споделите со некој близок.rn

    Симтоми на тагувањето:

    rn1. Вина и гнев – експертите предупредуваат дека олеснувањето по смртта на лице кое долго време се борело со сериозно заболување е нормална емоција, но многу луѓе се чувствуваат виновни ако ги обземат такви емоции. Во случај на ненадејна и изненадна смрт, ве обзема голем гнев, честопати мислејќи дека сте можеле некако да го спречите тоа, иако тоа не е возможно.rnrn2. Страв – загубата на саканата личност може да предизвика многу грижи и стравови и може да почувствувате вознемиреност, беспомошност и несигурност. Сето ова понекогаш доведува до напади на паника и може да почнете да го преиспитувате вашиот живот.rnrn3. Физички промени – иако тагата е емотивен процес, таа често вклучува физички или здравствени проблеми како што се замор, намален имунитет, намалување или зголемување на телесната тежина, гадење, болки и несоница.rn

    Како да тагувате?

    rn1. Најдете поддршка. Свртете се кон пријателите или кон членовите на семејството и не избегнувајте ги затоа што ви треба поддршка без оглед на тоа што мислите дека ќе издржите сами.rnrnЛуѓето често сакаат да помогнат во такви ситуации, но тие не знаат што точно ви треба – дали само разговор или рамо за плачење. Побарајте духовна утеха ако ги следите религиозните традиции. Духовните ритуали, како што е молитвата, можат да ви дадат голема утеха.rnrn2. Грижете се за себе. По смртта на некој близок, вие мора да се грижите за себе повеќе од кога и да е бидејќи големиот емоционален стрес може да го наруши вашето здравје. Покрај физичкото, водете сметка и за менталното здравје бидејќи телото и умот се поврзани. Обидете се да спиете доволно и да јадете навреме за да не ја изгубите физичката сила. Избегнувајте лекови што веднаш ќе го подигнат вашето расположение и ќе ве вратат во депресивна состојба откако ќе им помине дејството.rnrn3. Подгответе се за „предизвикувачите“ на тагата. Празниците, родендените, годишнините – сето тоа се настани што будат спомени и чувства. Бидете подготвени за тие „удари“ и прифатете дека е во ред да бидете тажни за време на тие настани. Разговарајте со луѓето и немојте да криете како се чувствувате.rnrn4. Изразете ја својата тага. Нема да ја заборавите саканата личност и никој не го бара тоа од вас. Наместо тоа, запомнете ги сите убави моменти што ги поминавте заедно. Можете да ја изразите тагата на многу начини.rnrnЗапишете ги вашите мисли во дневник, напишете им писмо на вашите најблиски и кажете им сè што не сте успеале да им кажете, направете албум со фотографии или вклучете се во некоја организација што им била важна и со тоа продолжете да дејствувате во нивно име.rn

    Разлики помеѓу тагата и депресијата

    rnОвие две состојби се слични по природа, но ако сте во депресија, чувството на празнина и очај не престанува. Исто така, депресијата се разликува од тагата со интензивно чувство на вина и безнадежност и чести мисли за самоубиство.rnrnНикогаш не срамете се да побарате стручна помош, особено ако:rn

      rn 011

    • мислите дека вашиот живот веќе нема смисла
    • rn 011

    • со недели се чувствувате одвоени од светот
    • rn 011

    • не можете да ги извршувате секојдневните активности.
    • rn

    rnПрочитајте зошто гневот е многу поштетен за вашето здравје од тагата.

  • 10 работи што се менуваат откако ќе ги изгубите родителите

    10 работи што се менуваат откако ќе ги изгубите родителите

    Никој никогаш не бил подготвен за смртта на своите родители. Тоа е удар кој го менува вашиот живот засекогаш. Колку и да не сакате да го замислувате тој момент, еден ден сигурно ќе се случи. Ќе чувствувате како да ја губите поврзаноста со живот и со мудроста и ќе мора да се навикнете на помислата дека отсега сами ќе ги решавате своите проблеми. Во продолжение прочитајте што се случува откако ќе останете без родители.rnrn10 работи што се менуваат откако ќе ги изгубите родителитеrnrn1. Телефонот секогаш ќе ви биде при рака затоа што го пропуштивте последниот повик од вашата мајка.rnrn2. Првите неколку месеци може да чувствувате физичка болка низ целото тело, дури и да повраќате.rnrn3. По смртта на двајцата родители, можеби нема да бидете во контакт со остатокот од семејството. Можеби ќе ви биде тешко да ги одржите семејните односи, со оглед на тоа што главната нишка што ве поврзуваше сега е скината.rnrn4. Нема да можете да си простите себеси што вашите деца ретко ги гледале своите баба и дедо затоа што вие не дадовте сè од себе за тие да се гледаат почесто.rnrn5. Никогаш не обвинувајте ги родителите за она што го направиле или што не го направиле. Кога ќе станете дете без родители, без разлика колку години имате, ќе си префрлате себеси за секој збор што сте им го кажале на родителите додека биле живи.rnrn6. Ќе сфатите колку време сте потрошиле залудно додека сте правеле незначајни работи, а во тие моменти сте можеле да бидете покрај вашите родители.rnrn7. Никој никогаш не размислува дека ќе дојде моментот кога ќе умрат неговите родители. Наместо сега да размислувате за тоа, повикајте ги вашите родители. Дозволете им да зборуваат за сите ситници што ги мачат овие денови. Тие разговори се лековити и за вас и за нив.rnrn8. Болката предизвикана од загубата на родителите можат да ја разберат само оние што ги изгубиле своите родители. Никој друг нема да може да ве разбере низ што поминувате.rnrn9. Иако велат дека времето лекува сè, тоа не е вистина во овој случај. Понекогаш, ќе се разбудите и ќе почувствувате дека таа голема загуба ви се случила токму сега.rnrn10. Подгответе се за ненадејно чувство на љубомора секој пат кога ќе видите дека вашите пријатели седат и пијат кафе со родителите. Тоа се моменти што никогаш веќе нема да ги доживеете.rnrnПрочитајте ги овие 7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќерки.

  • Треба да изгубите нешто добро во вашиот живот за да пораснете

    Треба да изгубите нешто добро во вашиот живот за да пораснете

    Ние сме програмирани да се држиме до нештата што ги сакаме. Ова отсекогаш било така и најверојатно секогаш ќе биде. И колку повеќе имаме, толку повеќе се плашиме од губење. Колку повеќе ќе постигнеме, толку повнимателни сме кога станува збор за ризикување на сите овие достигнувања.rnrnrnrnНие не сакаме да ги изгубиме добрите нешта во нашиот живот и веруваме дека нашиот раст е постојано линеарен – една добра одлука води кон следната добра одлука, лесно и природно. Но, вистината е дека животот не секогаш функционира на тој начин.rnrnНашето растење е сè освен правопропорционално. Повеќето чекори кон напред се направени откако ќе зачекориме наназад. И без разлика на тоа што е скоро универзален закон да се држиме до нештата што ги сакаме, сепак, понекогаш, мора да изгубиме нешто добро за да пораснеме и продолжиме кон напред.rnrnНие не можеме да стигнеме до следната фаза од нашиот живот носејќи сè што имаме со нас. Ние не можеме да останеме безбедни и сигурни, додека истовремено растеме во поголема и похрабра верзија од нас. Вистината е дека неудобноста не е само несакана последица од растот, туку неопходност за него.rnrnБез неудобност, ние немаме мотивација да го смениме нашиот живот. Без лишување, ние нема да создадеме потреба. И без разлика на тоа колку многу сакаме да останеме сигурни во нашето растење, тоа не е возможност.rnrnРастењето излегува од борбата. Промената се раѓа од незадоволството. И понекогаш, со цел да ги пречекаме добрите нешта во животот, ние треба да се ослободиме од други добри нешта што го окупираат нивниот простор. Ние треба да се ослободиме од работата што само ни се допаѓа, со цел да најдеме работа што ќе ја обожаваме.rnrnМора да се ослободиме од врските во кои ни е навистина удобно, со цел да ги најдеме оние кои ќе нè предизвикуваат и ќе нè менуваат. Ние мора да се ослободиме од сигурноста за да најдеме нови можности. И мора да се ослободиме од гордоста за да најдеме исполнетост.rnrnСо цел да најдеме големи нешта во нашиот живот, нешта коишто се способни да ни покажат кои сме навистина, која е нашата суштина, ние мора прво да бидеме согласни да се испразниме. Ние мора да бидеме подготвени да ја спуштиме нашата одбрана, да ја отфрлиме гордоста и да го прифатиме фактот дека тоа што доаѓа може да не биде удобно, но дека дефинитивно ќе вреди.rnrnПогледнете ги и овие 5 здрави начини да бидете себични без да чувствувате вина.

  • За животот и смртта: Нема ништо пострашно од загубата на блиска личност

    За животот и смртта: Нема ништо пострашно од загубата на блиска личност

    Повеќето луѓе се плашат од смртта. Се плашат од тоа дека ќе си заминат од овој свет пред да ги остварат своите цели, пред да ги поправат своите грешки, пред да ги исполнат своите соништа и да се претворат во личноста која отсекогаш посакувале да бидат. Се плашат дека нема да успеат да се збогуваат со своите најблиски и да им ги кажат сите работи што треба да ги знаат. Многумина ја гледаат смртта како конечен крај после кој ништо повеќе не вреди и не е важно. Помислата на прераното губење на животот е навистина страшна и вознемирувачка.rnrnЗа животот и смртта: Нема ништо пострашно од загубата на блиска личностrnrnЛуѓето ќе кажат дека нема ништо пострашно од предвремената смрт. Но, вреди да се запрашаме што е потешко: Да се изгуби сопствениот живот или да се изгуби животот на блиска личност? Кога луѓето умираат, тие не чувствуваат повеќе болка. Не се сведоци на сите неправди и разочарувања на Земјата. Не го гледаат туѓото страдање. Тие едноставно заминуваат и се „спасуваат“ од секојдневните грижи и обврски.rnrnА што е со оние кои останале живи и мораат секој ден да се соочуваат со фактот дека нивните најблиски луѓе не се повеќе со нив? Како тие да живеат со сознанието дека никогаш повеќе нема да го чујат тој добро познат глас, дека никогаш нема да го видат тој блесок во очите и никогаш веќе нема да го почувствуваат нивниот топол допир?rnrnКако да се продолжи понатаму по загубата на блиска личност? Луѓето кои изгубиле некого знаат дека ништо повеќе нема да биде исто. Тие ќе бидат принудени да продолжат да дишат без човекот кој бил разумот во нивното бесознание, причината за насмевка во нивната тага, безрезервната поддршка кога сите други ги напуштиле и безусловната љубов кога ја изгубиле сета надеж. Како да продолжат да живеат без овој човек?rnrnСмртта е неизбежна. Оваа непожелна гостинка еден ден ќе затропа на сечија врата. Но, не, сопствената смрт не е таа од која треба најмногу да се плашиме, бидејќи тоа не е најстрашното нешто. Најтешко и најболно е да се биде сведок на вечното заминување на блиска личност. Само луѓето кои поминале низ тоа, можат да ја разберат болката. Секој обид да се сочувствува со нив завршува безуспешно, бидејќи оној кој не доживеал такво нешто не може ни да си замисли како е, колку и да се труди.rnrnИако се чини дека по смртта сета работа и постигнати успеси на еден човек стануваат безначајни, тоа не е вистина. Човекот секогаш остава трага кај своите најблиски преку неговите постапки и начин на однесување. И покрај тоа што тој не е повеќе меѓу живите, спомените за него продолжуваат да живеат и понатаму во срцата на оние кај кои оставил белег. Болката предизвикана од загубата на блиска личност е неизмерна, но со текот на времето може да се претвори во нешто благородно.rnrnСекогаш кога ќе помислите вашите сакани кои прерано го загубиле животот, не се чувствувајте лошо поради тоа што не се покрај вас. Бидете благодарни што сте ги познавале и што биле дел од вашиот живот. Бидете благодарни за сите лекции што сте ги научиле од нив и за сите спомени што сте ги создале заедно. Сѐ додека ги одржувате во живот сеќавањата за нив, тие никогаш нема да умрат вистински, туку секогаш ќе бидат дел од вас, до крајот на вашиот постоење…

  • Најсилните девојки се оние што преживеале загуба на сакана личност

    Најсилните девојки се оние што преживеале загуба на сакана личност

    Таа добро ја познава болката. И не зборуваме само за онаа болка што настанува откако ќе ја изневерат или ќе ѝ раскинат. Таа има искуство со екстремно кршење на срцето. Она кршење што не може да биде поправено со неколкудневно пиење и журкање со пријателките или пак, со секс за една вечер. Таа има искуство со скршено срце од недостасување на личност што знае дека никогаш не може да се врати.rnrnНајсилните девојки се оние што преживеале загуба на сакана личностrnrnТаа е силна, бидејќи направила поврзаност со некого – со прекрасна личност, што секојдневно ѝ го одземала здивот. Некој што заслужувал да живее долг, здрав живот, без никакво страдање. Но, тој некој прерано бил оттргнат од неа. Таа не добила доволно време со него, и не го кажала сето тоа што сакала да го каже. Не е фер, но сепак ова ја натерало да научи да го прифати животот каков што е. Универзумот не фаворизира никого.rnrnИ тоа е сосема во ред, иако воопшто не е во ред.rnrnНејзината сила била тестирана денот кога ги открила новостите, како и секој ден потоа. Таа се сомневала во себе. Се сомневала во значењето на животот. Се сомневала и во Богот во кој верувала. Нејзината сила значително се намалила, но никогаш не ја изгубила целосно. Ако тоа се случило, таа немаше уште да биде тука. Но, е. Таа сè уште дише.rnrnСмртта ја направила посилна, бидејќи таа е сè уште жива, иако саканата личност не ѝ е. Таа е силна бидејќи се соочила со најстрашното можно сценарио и сепак успеала да преживее. Поминала низ толпа тажни роднини, низ подготовки за погребување, низ пораки закачени на цвеќиња… Таа ги надминала најтешките времиња, оние времиња кога посакувала да исчезне, кога посакувала да си го смени местото со личноста што ја изгубила – но сè уште ја има способноста да се насмее. Да ужива во животот.rnrnСекако, таа не завршила со плачење. Најверојатно и ќе плаче секој пат кога ќе види фотографија со саканата личност. Ќе плачи и кога ќе вози покрај гробиштата или пак, ќе ја гледа урната на нејзината полица. И сите оние пати кога нема да може да заспие, и ќе размислува за моментите што ги пропушта со саканата личност. Но овие солзи не ја прават слаба. Токму тие ја прават силна.rnrnТаа е силна затоа што се справила со најголемата можна загуба. Таа знае како е да се чувствува незапирлива болка – како е да ви недостасува некој што никогаш повторно нема да можете да го видите. Таа е силна бидејќи ако можела да преживее смрт на некој што го сакала повеќе одошто зборовите можат да искажат, таа може да направи сè!rnrnПрочитајте и зошто токму оние девојки што имале најлошо детство се меѓу најсилните!

  • Вистината за загубата на блиска личност што никој не се осмелува да ја каже

    Вистината за загубата на блиска личност што никој не се осмелува да ја каже

    Загубата на личност која оставила белег во вашиот живот е трауматично искуство. Но, постои одредена убавина во сето тоа, доколку си дозволите да ја видите и почувствувате. Вистината е дека никогаш нема да ви стане полесно, само ќе научите да живеете поинаку. Кога ќе си замине некоја блиска личност од вашиот живот, целиот свет околу вас се менува, но полека успевате да се прилагодите. За време на адаптацијата, вие ќе чувствувате болка, ќе се соочувате со различни предизвици и на крајот ќе доживеете целосна промена.rnrnВистината за загубата на блиска личност што никој не се осмелува да ја кажеrnrnМетафорички гледано, тагувањето по изгубената личност е процес во кој самите ќе треба да си го изберете отровот. Начинот на кој ќе одлучите да се справите со оваа тешка ситуација е непредвидлив. Можеби ќе одлучите да се забавувате до раните утрински часови. Можеби постојано ќе влегувате од врска во врска за да најдете утеха. Можеби ќе се зближите со вашите пријатели кои ќе ви помогнат да застанете на нозе. Можеби ќе си го одвлекувате вниманието од болката на тој начин што самите ќе си предизвикувате драма во животот.rnrnСмртта е страшна затоа што е постојана. Кога некој ќе го напушти светот на живите, нема враќање назад. Најболниот и најтешкиот дел од целиот процес е моментот кога ќе станете свесни за овој факт.rnrnМислите дека ако го посветите целото ваше внимание на нешто друго, ќе можете да продолжите понатаму и да заборавите на загубата. Можеби ќе успеете да си го одвлечете вниманието, но така само ќе ги потиснувате вашите емоции со кои би требало да се справите и порано или подоцна тие ќе експлодираат во секоја можна насока.rnrnЗагубата на личноста која ви значела сѐ ве менува и тоа понекогаш не на подобро. Можеби ќе станете лути, насилни и нервозни. Можеби некои луѓе нема да можат да се справат со вашата промена во однесувањето и ќе си заминат од вашиот живот. Но, останува на вас да им докажете дека ќе успеете да ја пребродите оваа неподнослива ситуација.rnrnЌе има периоди кога ќе мислите дека не вреди да живеете сега откако сте ја изгубиле вашата најсакана личност. Нема да има кој да ве поправи кога ќе згрешите, кој да ве заштити кога сите други ќе ви го свртат грбот и кој да ве сака дури и тогаш кога вие самите нема да се сакате себеси. Што ви вреди животот без оваа личност покрај вас? Но, потоа ќе сфатите дека не треба да заборавите на лекциите што сте ги научиле од таа личност. Ако не помислувате на нејзините зборови и дела, ако не си замислувате каков совет би ви дала кога би била жива, тогаш сеќавањето за неа ќе избледе и постепено ќе исчезнува. Тоа е последното нешто што го сакате!rnrnВистината за загубата на блиска личност што никој не се осмелува да ја кажеrnrnУбавината лежи во светлата страна на загубата, а тоа е сознанието дека иако блиските личности не се повеќе физички присутни, вие имате моќ да го одржите во живот нивниот дух. Околностите се различни, но ќе се прилагодите на нив.rnrnНаместо да го слушате нивниот глас во просторијата, ќе го слушате во вашата глава. Ќе ги чувате нивните лекции запечатени во вашиот ум и нема да се сопнете од пречките на патот и покрај тоа што тие не се тука за да ве подигнат. Ќе се сеќавате на нивните најпозитивни и највлијателни особини кои ќе ве потсетуваат дека секогаш треба да се развивате и напредувате. Ќе сфатите дека нивната загуба не треба да ве уништи засекогаш.rnrnДајте си време за плачење, одвлечете си го вниманието со порокот што ќе го изберете, налутете се, тагувајте, но не останувајте во таа состојба засекогаш. Најтешкото нешто во животот е да ја изгубите личноста која ви значела сѐ.rnrnТоа е неизбежен и неменлив дел од животот, но ваша одлука е какви ќе станете по стишувањето на суровата емотивна бура. Таа ќе ве промени, можеби дури и ќе ве уништи, но не заборавајте дека по уништувањето, следува градењето. Самите вие треба да одлучите дека сакате да се изградите повторно.rnrnЗагубата може да го зацврсти вашиот карактер и да ви дозволи многу попрецизно да ги примените лекциите кои сте ги научиле од вашите сакани. Одново изградете се себеси, а тие нека бидат вашите водичи, инспирација и мотивација. Болката предизвикана од загубата никогаш нема да се намали, но начинот на кој ќе ја употребите таа болка за да се изградите себеси ќе го одреди начинот на кој ќе ја согледате светлата страна на загубата.rnrnВашиот живот ќе биде поинаков без луѓето кои ви биле најблиски, но држете се до прекрасните сеќавања, применувајте ги и потсетувајте се на нив за да можете да ја оживеете убавината на нивната личност и да им ја пренесете на другите.rnrnДоколку моментално минувате низ тежок период во животот, прочитајте ги овие неколку цитати што ќе ги разберат само оние кои имаат изгубено некого.

  • Не плашете се да го изгубите дечкото кому му е сеедно дали ќе ве изгуби вас

    Не плашете се да го изгубите дечкото кому му е сеедно дали ќе ве изгуби вас

    Дали тој постојано ви праќа измешани сигнали и ве збунува со неговото променливо однесување? Дали тој едно вели, друго мисли, а трето прави? Дали тој еден ден ви изјавува љубов, а утредента заборава дека постоите? Дали тој ве бакнува толку силно што ви се поматува разумот, но веднаш потоа ви го крши срцето со тоа што бакнува друга? Не плашете се да го изгубите ваквиот дечко.rnrnНе плашете се да го изгубите дечкото кому му е сеедно дали ќе ве изгуби васrnrnНе плашете се да го изгубите доколку тој ве смета за негова девојка само зад затворени врати, а ве игнорира кога ќе се сретнете во јавност. Тој е себичен и секогаш се става себеси на прво место. Тој не смее да ви поставува услови. Не смее да доаѓа и да си оди кога ќе посака. Не смее да се однесува со вас како да сте опција, а не приоритет.rnrnНе плашете се да го изгубите дечкото кој очекува постојано да му угодувате, а се нервира кога ќе одбиете да ги исполните неговите барања. Ослободете се од него ако дава ветувања, а не ги исполнува. Не ви треба човек кој ве повредува со неговите зборови и си игра со вашето срце.rnrnНе плашете се да го изгубите дечкото кому не му значите ништо. И вие знаете дека тоа е така, бидејќи не му гајле кога ќе му кажете дека сте болни и на вашите огромни реферати враќа со два збора. Вие постојано му признавате колку ви значи, а тој упорно ве предизвикува тоа да му го докажете. Тој одговара со молк на вашите нежни зборови.rnrnСо текот на времето, вие престанувате да се сакате самите себе. Посакувате да се претворите во нешто што не сте, во некоја друга девојка која тој можеби би можел да ја сака. Постепено почнувате да се презирате себеси поради тоа што не сте доволно убави, паметни и добри. Се чувствувате како тој да ве крие од целиот свет, наместо гордо да ве покажува. Постојано прави да се чувствувате беспомошно и фрустрирано, а тоа не ви треба во животот.rnrnНе плашете се да го изгубите дечкото кому му е сеедно дали ќе ве изгуби васrnrnПочнувате да се обвинувате себеси поради тоа што не можете да одолеете на неговиот шарм и упорно верувате на секој збор што ќе излезе од неговата уста. Чувствувате вина поради тоа што го сакате иако знаете дека заслужувате подобро.rnrnОслободете се од таквиот човек и почнете да се сакате себеси наместо оној кој никогаш нема да може да ве засака. Заминете си без да се свртите назад и сфатете дека сета љубов што ви треба, живее во вашето срце. Дајте си го себеси она што го заслужувате.rnrnВие треба самоуверено да чекорите низ животот, гордо да ги поминувате сите пречки што ќе ви застанат на патот и да се однесувате достоинствено како кралица. Живејте живот без граници и самите создавајте си го патот додека бестрашно јурите по вашите соништа.rnrnНе плашете се да го изгубите дечкото кому му е сеедно дали ќе ве изгуби вас, бидејќи кога ќе размислите подобро, тоа не е ваша загуба. Загубата е негова.rnrnДоколку не знаете како да постапите, запаметете дека силните девојки се одмаздуваат на тој начин што заминуваат без да се свртат назад.

  • За ќерката која премногу рано го изгубила својот татко: Дозволи си да пронајдеш мир

    За ќерката која премногу рано го изгубила својот татко: Дозволи си да пронајдеш мир

    Татковците имаат посебна врска со нивните ќерки. За девојчињата, таткото е првиот маж кој тие го засакуваат. Првиот маж кој секогаш е до нив да ги дофати кога ќе почнат да паѓаат и да им биде поддршка. Таткото е првиот маж кој ќе им ги избрише солзите кога тие се исплашени или повредени, првиот маж кој ќе им каже колку се убави и посебни. Загубата на таткото е голем удар за секого, но особено за ќерките.rnrnЗа ќерката која премногу рано го изгубила својот татко: Дозволи си себеси да пронајдеш мирrnrnПо смртта на таткото, вие ќе се соочите со болка каква што не сте ни замислувале дека можете да издржите. Вашите солзи ќе ве задушуваат, главата ќе ви отежнува и ќе чувствувате дека не можете да земете здив. Ќе плачете со денови и со ноќи, а болката која ќе ја чувствувате внатре нема да ви дозволи да спиете во текот на ноќта, па ќе посегнувате по стари фотографии и видеа, само за да можете да го слушнете неговиот глас и да ја видите неговата насмевка. Еден ден, додека шетате низ улица ќе видите некој што наликува на вашиот татко, па за секунда ќе престане да ви чука вашето срце, додека не сфатите дека него повеќе го нема, па повторно ќе ја извадите на површина сета онаа болка што ја чувствувате.rnrnЌе постојат моменти кога ќе посегнете и по вашиот телефон за да му се јавите, но веднаш ќе исклучите, знаејќи дека тој никогаш повторно нема да ви одговори. За да го почувствувате „неговото присуство“, ќе почнете да ги посетувате местата каде што сте оделе заедно, да ја слушате неговата омилена музика, дури и да ставате од неговиот парфем. Но, тоа нема да ви помогне, туку само ќе ја оживее болката и ќе го молите Бог да ви го врати вашиот татко покрај вас. Луѓето ќе се обидуваат да ве утешат со „вистинските“ зборови, но тие за жал не постојат. Во такви моменти ќе дознаете дека некои луѓе кои мислевте дека ви се пријатели, ќе ви кажат некои работи кои ќе направат да ја изгубите довербата во нив. Затоа, бидете внимателни кому ќе го отворите вашето срце, особено во првите месеци кога сте најмногу ранливи. Сите утешни зборови звучат добро, но не треба да се залажувате. Никој и никогаш нема да го замени вашиот татко. Тагата постојано ќе ви доаѓа. rnrnМожеби ќе заборавите на тоа кога ќе излезете да прошетате надвор, но по неколку часа, откако ќе се вратите, тагата повторно ќе се разгори. Понекогаш ќе посакувате да сте мртви, не затоа што го мразите животот, туку затоа што повторно сакате да го видите вашиот татко. Ќе ги оттргнувате луѓето од себе, иако ги сакате многу. Одвојте време за да бидете сами, ако сметате дека тоа ви е потребно, но не исчезнувајте сосема. Некој сепак ве сака и се грижи за вас. Ќе постојат денови кога нема да сакате да станете од креветот, ниту пак да се насмевнете. Тоа е со сосема во ред. Никој не може да ви каже како треба да се чувствувате или како да се справите со вашата тага.rnrnЗа ќерката која премногу рано го изгубила својот татко: Дозволи си себеси да пронајдеш мирrnrnЕден од најтешките делови ќе биде поминувањето на празниците и родендените без присуството на вашиот татко. Ќе доживеете „среќни“ моменти, кои речиси не можат да поминат без солзи, затоа што тој би требало да биде таму. Ако некогаш го пронајдете човекот од вашите соништа, тој нема да биде до вас да ве придружува, ниту пак да ги држи вашите деца во раце, ниту пак да ви даде родителски совети кога ќе ви се најпотребни. Недостасувањето на вашиот татко е нешто што ќе го чувствувате секој миг, секој ден, дури и кога ќе биете среќни. Дури и кога животот ќе ви понуди многу прекрасни работи, вие ќе се натажите и ќе посакате тој да биде до вас. Тешко е да продолжите со животот кога вашиот најголем пријател и најголема поддршка, повеќе не е со вас. Но, запаметете дека вие го носите него во вашите вени.rnrnДозволете си себеси да бидете преплавени од емоциите и да си споменете дека го сакате. Пронајдете си мир и запаметете дека тој кон вас имал чиста и бескрајна љубов. Примете ја таа љубов која тој ви ја подарил и споделете ја со другите. Направете ја неговата љубов ваше наследство.