КАФЕ ПАУЗА

Tag: загуба

  • Ако изгубите некого, но се најдете себеси – тоа е ваша победа!

    Ако изгубите некого, но се најдете себеси – тоа е ваша победа!

    Раскинувањата се болни затоа што се дефинираат како загуба. Загуба на нови сеќавања, потенцијална среќа и врска со некој кој го чувствувате близок. Раскинувањето е процес на тажење, во кој заздравувањето подразбира романтични филмови и праќање пораки на пијано на вашиот симпатија од средно.rnrnНормално е да бидете вознемирени по раскинувањето и треба да продолжите понатаму, но тоа не значи дека сите бродови мора да ви потонат. Врската пропаднала, но не и целиот свет.rnrnАко изгубите некого, но се најдете себеси - тоа е ваша победа!rnrnНа почетокот ќе искусите еден вид криза на идентитетот по раскинувањето, особено ако сте биле заедно долго време.rnrnТреба да одлучите како ќе се справите со пријателствата кои заеднички сте ги стекнале, со скорешните одмори, заедничките цели, па дури и покани на семејни настани во некои случаи. Понекогаш раскинувањето менува буквално сѐ.rnrnТоа е страшно и емотивно. Меѓутоа кога ќе се прилагодите на ситуацијата и ќе научите како независно да живеете, тоа може да биде најубавото и најневеројатното искуство што ќе го доживеете.rnrnОд сите тие љубовни цитати кои сте ги прочитале на социјалните мрежи, сигурно сте налетале на еден куп кои велат нешто во стилот на „Сѐ се случува со причина“. Понекогаш причината е што едноставно ви требала токму таа личност и тоа раскинување за повторно да се пронајдете себеси.rnrnКога ќе бидете подготвени да се мрднете од каучот и да излезете на сонце, обидете се да ја отфрлите идејата дека раскинувањата се поврзани со загуба. Но, ако добро одиграте и научите дека не треба да бидете во врска за да бидете среќни, тогаш ќе сфатите дека постојат толку многу работи што можете да ги добиете од болното раскинување.

  • Трогателен есеј за животот на една мајка по смртта на нејзиното дете што ќе ве доведе до солзи

    Трогателен есеј за животот на една мајка по смртта на нејзиното дете што ќе ве доведе до солзи

    Линда Далстром Андерсон напишала прекрасен, трогателен есеј за тоа како е да се биде родител откако го изгубила нејзиниот син Феникс. Тој имал само 7 месеци и 4 дена кога починал во Јули 2005 година од бактериски менингитис.rnrnТрогателен есеј за животот на една мајка по смртта на нејзиното дете што ќе ве доведе до солзиrnrnЕсејот почнува со следниве зборови кои ќе ви го скршат срцето:rn

    „Најчесто се случува додека возам. Мојот 9-годишен син е на задното седиште, зборува или игра игри на мојот телефон. И понекогаш, во мојот ум си создавам слика како до него седи неговиот 11-годишен брат, малку поголема верзија, но со сини очи. Понекогаш се кикотат заедно или се караат за тоа кој има повеќе место. Јас имам два сина. Само што едниот од нив сега е мртов.“

    rnАндерсон потоа пишува за тоа како се чувствувала на почетокот кога го изгубила син:rn

    „Со месеци подоцна, чувствував дека не можам да го започнам денот ако не одберам облека за него. Во тие неколку моменти, секое утро, кога му одбирав облека и ја доближував до моето лице очајно обидувајќи се да препознам макар некаков остаток од неговиот мирис, повторно му бев мајка на начинот кој ми беше познат.“

    rnИсто така пишува како се чувствува сега, 11 години подоцна:rn

    „Но, на денот на мајките, секоја година, се обидувам да се фокусирам на весели нешта. Никогаш не сакам да направам Габриел да се чувствува како да не ми е доволен. Тој ми е повеќе од доволен. Тој е моето неверојатно, весело мало момче кое сака да игра кошарка, да експериментира во кујната и кога имам среќа, да се гушка со мене. Не сакам никогаш да се посомнева во фактот дека тој ме исполнува на начин кој не можам ни да го искажам со зборови, и дека сум целосно среќна што сум негова мајка.“

    rnТаа споделува и како е да се најде група други родители кои жалат за најмилото на социјалните мрежи:rn

    „Се наоѓаме онлајн преку Фејсбук или Твитер. Секоја година откако Феникс почина, добивам пораки од неколку родители со истата судбина кои сакаат да зборуваат. Не им ветувам дека имам какви било одговори. Посакувам да имав. Но можам да ги сослушам и да им кажам дека не постои погрешен начин за да жалат по нивното дете. Исто како што љубовта спрема нивното дете е посебна, така е посебен и начинот на кој ја искажуваат својата тага. На денот на мајките, јас и други ужалени мајки си ги посетуваме профилите на Фејсбук една на друга за да си кажеме дека се сеќаваме на детето кое починало. Споделувам сеќавања, ако ги имаме, ги изговараме нивните прекрасни имиња и благодарни сме им на нашите пријатели и членови од семејството кои истото го прават за нас.“

    rnНема поголема болка од болката на мајката предизвикана од загубата на нејзиното дете. Но, оваа жена е пример за тоа дека животот продолжува понатаму. Таа нашла начин да се избори со тагата и да собере сила да биде среќна и добра мајка на нејзиното второ дете. Тоа не значи дека таа го заборавила изгубеното дете. Тоа засекогаш ќе остане запечатено во нејзината глава како едно убаво сеќавање, кое за жал траело премногу кратко.

  • Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

    Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

    10 години по нејзиниот 11-ти спонтан абортус, загубата на една нејзина пријателка ја инспирирала фотографката Даен Јиделсон да создаде трогателна, но моќна фото серија наречена „Изгубено“.rnrn(1) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортусrn

    „Се водев од сопственото искуство“, објаснува таа. „Неодамнешното искуство со мојата пријателка ме натера да ја отворам белата кутија во мојот шкаф кој безбедно ги чуваше сите спомени на моите изгубени бебиња. Помина долго време откако последен пат ја отворив, и како што ги наредив сите нешта од неа на мојот кревет, почувствував дека оваа приказна треба да биде документирана.“

    rn(2) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортусrnrnНејзината надеж е дека преку споделувањето на овие фотографии со светот, таа ќе може да допре до голем број жени и мажи кои ја искусиле застрашувачката болка која доаѓа со губење на бебето. Таа сака да им покаже дека не се сами во своето патување. Црно-белите фотографии ги покажуваат спомените за сите нејзини изгубени бебиња, вклучувајќи облека, капи и играчки. Но, најважните детали се токму имињата на бебињата и нивниот сонограм.rnrn(3) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортусrnrnФотографиите освоиле многу награди, но тоа што најмногу ја исполнува оваа фотографка е позитивниот одговор кој го добива од луѓето ширум светот.rnrn(4) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортусrn

    „За мене, многу поголема вредност има фидбекот од илјадниците жени и мажи кои најдоа начин да ме контактираат со цел да ми кажат дека ја ценат мојата работа и дека овие фотографии не само што ги тешат, туку и ги мотивираат да почнат да зборуваат и да го споделуваат нивното искуство“, вели таа.

    rn(5) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортусrnrnДаен се надева дека нејзините фотографии ќе помогнат да се засили информирањето за спонтаните абортуси, како и да се зголеми сфаќањето за нивното значење. Сите познаваат барем една личност која поминала низ ова искуство, без разлика дали е мајка, сестра, ќерка, сопруга или пријателка. Токму затоа и многу е важно да бидете полни со разбирање и да го поддржите нивното емоционално патување.rnrn(6) Трогателна серија фотографии го портретира скршеното срце зад спонтаниот абортус

  • 3 начини да откриете дали сте повторно подготвени за љубов (или едноставно ви треба куче)

    3 начини да откриете дали сте повторно подготвени за љубов (или едноставно ви треба куче)

    Продолжувањето понатаму по раскинување, развод или смрт на партнерот може да биде навистина тешко. Сите сакаат да мислат дека се подготвени за нова врска, но токму поради ова брзање можат да си создадат голем проблем. Дали вие навистина сте подготвени да почнете од почеток? Или можеби сè што ви е потребно во моментов е само безусловната љубов од едно мало кутре кое ќе ве сака во целост, без разлика на сè.rnrn3 начини да откриете дали сте повторно подготвени за љубов (или едноставно ви треба куче)rn

    1. Дали сте се соочиле со смрт на вашиот партнер?

    rnМногу нешта зависат од начинот на кој вашата претходна врска завршила. Дали вашиот партнер починал? Оваа ситуација со себе носи многу нерешени проблеми. Дали смртта била очекувана? Дали бавна болест го одземала неговиот/нејзиниот живот? Или пак, станува збор за нешто ненадејно, како срцев удар? Кога нештата се очекуваат, тие ни овозможуваат доволно време за тагување и прифаќање на ситуацијата. Без разлика колку е застрашувачко, времето помага полека да се прифати неизбежното. Но, ненадејната загуба е тешко искуство кое доаѓа како шок за целото тело и ум.rnrnВие мора да си дозволите да тагувате и да жалите за загубата. Мора да си дозволите да стигнете до она место каде повторно ќе почнете барем малку да се чувствувате како старите вие и потоа од таму да продолжите со вашиот живот. Стигнувањето до тука понекогаш бара многу време, но не треба да брзате. Едноставно дозволете си полека да се подобрувате. Ова правило важи и за обичното раскинување по долга врска или разводот. Осаменоста и редефинирањето себеси како индивидуа наместо како пар е процес кој трае.rn

    2. Дали вашата врска завршила по заеднички договор?

    rnПо раскинувањето, личноста има тенденција да ја префрли својата одговорност на бившиот партнер и да ја насочи целата вина кон него или неа. Но, откако ќе помине некое време, оваа личност почнува појасно да гледа на ситуацијата, наоѓајќи ги и своите грешки. За една врска да успее, потребно е двајцата да се борат и взаемно да работат на проблемите со кои се соочуваат. Но, понекогаш гордоста може да ги замагли нештата, отежнувајќи им на партнерите да видат каде тие самите грешат.rnrnПо раскинувањето и пред да почнете повторно да одите на љубовни состаноци, најпрво мора да се прашате дали сте си дозволиле доволно време за интроспекција. Дали сте ги пронашле вашите слаби страни? Што можете да подобрите со цел следната врска да ви биде поздрава? Не е целта само да најдете личност која ќе спие на истиот кревет покрај вас, туку да изградите врска која ќе ви носи долготрајна среќа и радост во вашиот живот.rn

    3. Дали знаете точно што сакате?

    rnДали одлучивте што сакате и што барате од вашата врска? Студиите покажале дека човечките суштества се посреќни како пар. Оние кои се во брак живеат посреќен живот, дури и покрај тоа што има сè повеќе разводи. Тие живеат поздраво и работат подобро кога се во долготрајна љубовна врска.rnrnТокму затоа мора да најдете начин како да го дефинирате тоа што ви е важно. Можете да напишете листа, да визуализирате личност или ситуација со цел да ја создадете совршената ментална слика за тоа каков живот сакате и каков треба вашиот партнер да биде за вие да бидете среќни. Исто така треба да најдете време и да ги дефинирате целите за вашата следна врска. Можеби ви звучи како одлична идеја да одите дома со таа прекрасна црвенокоса или згодниот мускулест дечко кои само што сте ги запознале, но не заборавајте дека тоа е само моментално нешто, а вам ви е потребно многу повеќе. Вие сакате среќа која ќе трае долго, а не таква ќе трае само една вечер.

  • Тешки времиња: Како да им помогнете на луѓето кои се соочуваат со загуба?

    Тешки времиња: Како да им помогнете на луѓето кои се соочуваат со загуба?

    Времињата се тешки за многу луѓе поради губење на работното место, финансиски проблеми… Но, оние проблеми кои најмногу влијаат врз психата на луѓето и оние кои најмногу нè погодуваат се кога ќе изгубиме некоја личност која долго била присутна во нашиот живот. Нема ништо потешко од губењето на сакана личност и ниедно предупредување не е доволно за да се подготвиме за болката што следи.rnrnАко имате пријател/ка кој/а тагува, тогаш потрудете се да покажете што е можно повеќе љубов, поддршка и сочувство. Некогаш, дури доволни се само неколку магични зборови од добронамерен пријател за да се подобри ситуацијата.rnrnНормално е да не знаете како да помогнете кога некоја ваша блиска личност ќе изгуби некого кој го сакала. Сите тагуваат на различен и уникатен начин, па затоа тешко е да се одреди конкретна листа на совети, но постојат неколку едноставни насоки за тоа како да пружите поддршка без да го нарушите нивниот простор или нивната болка.rnrn0-teshki-vreminja-kako-da-im-pomognete-na-lugjeto-koi-se-soochuvaat-so-zaguba-kafepauza.mkrn

    1. Не велете „Јави ми се ако ти треба нешто“

    rnСите ја користиме оваа фраза кога не знаеме што да направиме. Без разлика колку добри намери имате, тешко дека пријателот/ката ќе знае што му/ѝ е потребно и дека ќе може тоа успешно да ви го каже.rnrnНаместо тоа, пробајте да смислите активни начини на кои можете да им помогнете. Понудете се да го прошетате нивното куче или да ги наводнувате нивните растенија. Оставете им храна во обвивки за една употреба. Понудете се да го почувате нивното дете. Како што кажавме – секој тагува на различен начин, па затоа е најдобро да учествувате во нивните индивидуални потреби.rn

    2. Останете во контакт

    rnНавистина е тешко да знаете што да кажете на личност која се соочува со загуба, па затоа најлесното нешто е да не кажувате ништо. Сепак, доволно е да испратите порака: „Се надевам дека си во ред. Ќе ти се јавам за еден час и ако не сакаш да зборуваш не кревај. Само сакам да знаеш дека сум тука.“rn

    Не им кажувајте како да се чувствуваат или што да прават

    rnАко имате совет кој мислите дека е корисен започнете го вака: „Дали си помислил/а…“ или „Можеби можеш да пробаш…“ или „Би можел/а…“ Кога ќе ги презентирате нештата на ваков начин, личноста која ги слуша автоматски претпоставува дека таа тагува на ист начин како и вие. Ако кажете нешто во стилот: „Ќе се чувствуваш подобро ако го направиш ова…“ не е баш корисно, нити пак ќе ѝ помогнете на личноста. Како знаете дека тоа е воопшто вистинито?rnrnИсто така кај фразите како: „Ќе биде подобро“, „Можеше да биде и полошо“ или „Сѐ се случува со причина“ постои ризик кој ја поништува болката така што личноста која тагува се чувствува дека треба да се чувствува подобро, кога не треба. На луѓето кои тагуваат треба да им се дозволи да бидат тажни.rn

    4. Признајте ја нивната загуба

    rnНекогаш најдоброто нешто што може да го направите е да речете: „Знам дека нештата не се добри во моментов, но јас сум тука“. Признајте и запомнете да бидете внимателни со нивните чувства, особено на важни денови. Испратете им картичка или порака за да им кажете дека мислите на нив.rnrnНа крајот, секогаш покажете љубов и разбирање и никогаш не претпоставувајте дека знаете како се чувствуваат тие. Правете ги овие нешта дури и ако мислите дека нештата се подобруваат. Пробајте да препознаете дали им е потребно да бидете поблиски или им е потребен простор, а ако не можете да почувствувате, тогаш најдобро е да прашате.rnrnМногу често луѓето кои тагуваат се однесуваат како деца – премногу исплашени да зборуваат за нивната загуба, но сепак премногу повредени за да зборуваат за „нормални нешта“. Кога ова се случува, личноста која тагува може да се почувствува изолирано и осамено во време кога најмногу ѝ требаат нејзините пријатели.rnrnБестрашното поддржување нема да направи тагата да исчезне, но може да им помогне да се водат по она што во нормални услови би било невозможно патување. Честопати, може да се создаде ронка слатка надеж која ќе пенетрира низ горчливата загуба. Истото се случува кога и ние самите тагуваме.rn

  • Неколку цитати што ќе ги разберат само оние кои имаат изгубено некого

    Неколку цитати што ќе ги разберат само оние кои имаат изгубено некого

    Оние коишто во својот живот имаат изгубено некој што го сакаат, знаат дека интензитетот на болката е неопислив за разлика од што било друго што доживеале порано. Понекогаш загубата е неизбежна, но знаејќи го ова не е доволно за да се чувствуваме полесно. Секој, во зависност од карактерот на личноста, животното искуство или пак вербата, различно се справува со тагата. Како и да е, после загубата, секому му е потребно време за да се приспособи и да се опорави.rnrn3-nekolku-citati-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-imaat-izgubeno-nekogo-kafepauza.mkrnrnВо продолжение следуваат неколку цитати во коишто барем малку ќе се пронајде секој којшто се соочил со предизвикот на загубата.rn

    „Кога некој што го сакаш станува спомен, споменот станува богатство.“ – Непознат автор

    rn

    „Ќе загубиш некој без кого не можеш да живееш и твоето срце ќе биде многу скршено. Лошата вест е дека никогаш нема целосно да ја преболиш загубата на саканата личност. Но, ова истовремено е и добра вест. Така, таа ќе живее засекогаш во твоето скршено срце, кое никогаш нема сосема да се залепи. Но, ти ќе се справиш со тоа. Тоа е како да имаш скршена нога којашто никогаш не може целосно да заздрави – сѐ уште боли кога времето заладува, но ти учиш да танцуваш кривејќи.“ – Ен Ламот

    rn

    „Тагата не може да се сподели. Секој ја носи сам. Негов товар, на негов начин.“ – Ен Мороу Линдберг

    rn

    „Тагата е како река, сакам да кажам дека таа постојано се менува. Чудно е да го кажам ова, бидејќи сум оптимист во душа, но јас би рекла дека на некој начин таа се влошува. Колку повеќе време поминува, толку повеќе ти недостига тој некој.“ – Мишел Вилијамс

    rn2-nekolku-citati-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-imaat-izgubeno-nekogo-kafepauza.mkrn

    „Кога тагата е најдлабока, зборовите се најмалку.“ – Ен Воскамп

    rn

    „Постојат работи коишто не сакаме да се случат, но мораме да ги прифатиме, работи коишто не сакаме да ги знаеме, но мораме да ги научиме и луѓе без коишто не можеме да живееме, но од кои мораме да се простиме.“ – Непознат автор

    rn

    „Без разлика низ колку страдања си поминал, никогаш не сакаш да се откажеш од тие спомени.“ – Харуки Мураками

    rn

    „Да мислам на тебе е лесно, го правам тоа секој ден. Но, недостигањето е болка којашто никогаш не поминува.“ – Непознат автор

    rn1-nekolku-citati-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-imaat-izgubeno-nekogo-kafepauza.mk

  • Дали се плашите од љубовна врска? Одговорете ги овие 5 прашања и откријте

    Дали се плашите од љубовна врска? Одговорете ги овие 5 прашања и откријте

    Дали верувате дека сте подготвени за љубовна врска, но едноставно сè уште не сте ја нашле вистинската личност? Или пак, дали често завршувате со некој кој се обидува да ве одвлече уште подалеку од сериозна врска? Сте размислиле ли некогаш дека можеби проблемот е до вас, а не до момците или девојките кои ги имате или немате во вашиот живот? Сте помислиле ли некогаш дека можеби токму вие сте оние кои се плашат од врска?rnrnДали се плашите од љубовна врска? Одговорете ги овие 5 прашања и откријтеrnrnБидејќи нè привлекуваат луѓе кои се слични како нас, доколку постојано „налетувате“ на емоционално недостапни партнери, тогаш големи се шансите дека и вие сте емоционално недостапни како и исплашени од сериозна љубовна врска. За да откриете дали навистина станува збор за тоа, поставете си ги следниве 5 прашања…rn

    1. Дали повеќе ви се допаѓа процесот на освојување, отколку тоа да бидете во врска?

    rnДали забележувате дека често сте привлечени од личност која е тешка за освојување, верувајќи дека токму тој или таа е совршениот ваш партнер? Дали фантазирате и мечтаете за оваа личност сè додека се обидувате да ја освоите, но потоа кога ќе почувствувате дека и тој/таа почнал/а да развива чувства за вас, вие одеднаш сфаќате дека веќе не сте заинтересирани?rn

    2. Дали вложувате премногу време во почетокот и потоа се чувствувате заробено?

    rnДали сте претерано опуштени за време на почетокот на романсата, но потоа одеднаш се чувствувате заробено и искористено? Дали ја предавате вашата моќ и едноставно го правите она што другата личност го сака само со цел да избегнете конфликт?rn

    3. Дали на почетокот од врска која изгледа како да има иднина се заљубувате интензивно, а потоа брзо ви станува здодевно?

    rnДали на почетокот се чувствувате како вашиот нов партнер едноставно целосно да ве освоил/а, но кога ќе одлучите дека сте дел од сериозна врска, одеднаш почнувате без причина да го/ја осудувате за сè и да бидете многу критички настроени кон него/неа? Дали ви делува како тој/таа што и да направи, дека едноставно не е доволно за вас?rn

    4. Дали имате огромен страв од губењето на вашата слобода?

    rnКога размислувате за тоа да бидете дел од сериозна врска, дали станувате анксиозни и помислувате дека би можеле да се изгубите себеси? Дали имате страв од тоа да бидете заробени, да бидете „згушени“ или под контрола на партнерот? Дали можеби сметате дека треба да престанете да се ставате самите на прво место и верувате дека треба целосно да се предадете некому со цел да бидете сакани?rn

    5. Дали се плашите да бидете повредени?

    rnКога размислувате за сериозна врска, дали се чувствувате анксиозни и се плашите за тоа дека би биле одбиени, предадени или пак, дека ќе го изгубите вашиот партнер поради смрт? Дали стравот од загубата на вашиот партнер ви изгледа како нешто толку страшно што по секоја цена би сакале да го избегнете?rn

    Па, кое е решението за овој проблем?

    rnАко сте одговориле позитивно на овие прашања, тогаш вие со сигурност се плашите од љубовта. Вие мора да најдете начин како да се справите со овој ваш страв од љубовна врска. Треба многу да работите на себе со цел да развиете поголема љубов кон себе, бидејќи на тој начин ќе можете повеќе да ги љубите и оние околу вас. Исто така доколку се сакате самите себеси, вие ќе можете и полесно да се справивте со скршеното срце, самотијата и беспомошноста која доаѓа со одбивањето.rnrnКога ќе знаете како да не се распаднете и да не се чувствувате напуштено кога ќе бидете одбиени, вие веќе ќе знаете и дека самите сте си најважни, па токму затоа и полека ќе почнете да го губите стравот од љубовните врски и од сите оние лоши нешта кои можат да се случат во нив. Како што овој страв ќе се намалува, така сè повеќе ќе почнете да привлекувате момци или девојки кои исто како и вас, токму сега се подготвени за сериозна и здрава љубовна врска.

  • 17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искусите

    17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искусите

    Постојат нешта кои колку и да се трудиме, никогаш нема да можеме да ги сфатиме. Можеме да се обидеме да ги разбереме, но тие едноставно се надвор од нашите искуства и токму тоа ни ги прави недостижни. Па, како би знаеле какво е чувството да се биде заљубен ако никогаш не сме љубеле или пак, како се би чувствувале доколку ја најдеме нашата страст ако никогаш во животот за ништо не сме биле страсни?rnrn17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искуситеrn

    1. Вистински неуспех

    rnЕдно е да изгубите или да не ја постигнете вашата цел, но нешто сосема различно се случува доколку вложите сè што имате и работите едноставно се распаднат. Вистинскиот неуспех не е само загуба, туку е загуба на она што го посакувате повеќе од сè на овој свет.rn

    2. Вистинска љубов

    rnСкоро секој човек кој одел по површината на оваа планета дал сè од себе за да ја преточи љубовта во зборови, со цел да ја отслика доволно сликовито за оние кои никогаш не ја искусиле да можат да ја разберат. Но, досега никој не успеал.rn

    3. Губење на љубена личност

    rnЖивотот е неверојатно краток. Деновите, неделите, месеците, па дури и годините поминуваат додека трепнете, па кога ќе дојде тој момент да изгубите личност која ви значела сè на овој свет, чувството кое се појавува едноставно не може да се опише.rn

    4. Ситуација од која не можете да избегате

    rnБез разлика дали станува збор за физичка или психолошка злоупотреба, ова искуство можат да го разберат само оние кои поминале низ него. Сите можеме да се обидеме да замислиме како би било во оваа ситуација, но сфаќањето е надвор од нашите способности за разбирање.rn

    5. Скршено срце

    rnКолку што е магична и прекрасна љубовта, толку е ужасно скршеното чувство. Тоа е целосна спротивност на љубовта. Ова разочарување можат да го сфатат само оние кои го доживеале и е една од најинтензивните доживувања на човекот, па толку затоа многу тешко се надминува.rn

    6. Гордоста да се биде родител

    rnСигурно сте забележале како почнуваат да сјаат очите на родителите секој пат кога нивното дете ќе постигне нешто. Дури и да станува збор за нешто многу мало.rn

    7. Откривање на вашата страст

    rnФокусот. Гладот. Поривот. Многу лесно се разбираат чувствата кои се поврзуваат со страста во животот, но како би можеле да ја разберете самата страст доколку не ја почувствувате самите?rn

    8. Макотрпното работење за постигнување на вашите соништа

    rnДури и кога гледаме колку е тешко, колку пати сме паднале и повторно сме станале, но и колку пати сме биле на работ од откажувањето, сепак има нешто што продолжува да нè турка нанапред. Токму тоа чувство на продолжување е она кое мора да го доживеете за да го разберете.rn

    9. Неприпаѓање

    rnНекои луѓе се социјални пеперутки и можат да се вклопат во кое било друштво, но некои едноставно не знаат како. Дел од овие луѓе се интроверти, осаменици. Но, некои од нив не знаат како да се однесуваат со другите луѓе. Неможноста да се најде место во светот каде што навистина припаѓате е едно од најуникатните депресивни чувства кои постојат.rn

    10. Немањето вистински пријатели

    rnПостојат многу луѓе кои немаат вистински пријатели, кои едноставно не можат да се потпрат на своите познаници. Тие никогаш немаат рамо за плачење, ниту пак можност за гледање на светот од повеќе перспективи.rn

    11. Работа која ја презирате

    rnНа почетокот секој би рекол дека може да работи сè доколку му се потребни пари, но многу брзо почнувате да сфаќате дека оваа работа ви влијае негативно психолошки. Па, почнувате да се тешите дека вреди за парите или за вашето слободно време, но на крајот од денот работата која ја презирате ќе ве изеде однатре.rn

    12. Живеење на животот кој го сакате

    rnДоколку долго време водите живот од кој не сте задоволни, вие со тек на време толку многу ги намалувате вашите очекувања што тие скоро и да не се забележуваат. Но, доколку сте доволно мудри и среќни да си создадете живот на кој се гордеете, тогаш олеснувањето кое ќе го почувствувате воопшто не може ни да се опише со зборови.rn

    13. Брачна понуда

    rnБез разлика дали вие сте оној кој запросува, или пак вие сте оние кои ја добиле понудата за брак, чувството можат да го разберат само оние кои го доживеале. Велат дека одеднаш времето околу вас забавува и тогаш сфаќате дека сте ја нашле љубовта со која сте подготвени да живеете до крајот на вашиот живот. Тоа мора да е возбудливо.rn

    14. Сфаќањето дека залудно сте потрошиле X години од вашиот живот

    rnНе сè што се случува, се случува со причина. Всушност некои луѓе и ќе ви кажат дека не постои причина за ништо. Но, тоа не значи дека не можеме да учиме од нашите грешки. Можете да правите илјадници нешта со вашиот живот додека ја барате вашата страст, но стоењето во место е нешто што кога-тогаш ќе направи да се чувствувате лошо.rn

    15. Сфаќањето дека сте направиле ужасна грешка која ќе ви го смени животот, но која не може да биде промената

    rnСите правиме грешки, некои помали, други поголеми и ако не можете да ги смените тогаш едноставно нема потреба да се опседнувате со нив. Но, она на што треба да обрнете внимание е да не ја повторите грешката повторно.rn

    16. Моментот кога му доаѓа крај на вашето време

    rnНе сите имаат шанса да знаат кога нивниот живот ќе заврши, но оние кои ја имаат оваа шанса имаат уникатна можност да го доживеат животот од почеток и во целост.rn

    17. Она што доаѓа понатаму…

    rnДоколку имате можност да добиете одговор на само едно прашање, кое било прашање, 99% од луѓето на планетата ќе сакаат да знаат што доаѓа по смртта. Имајќи го ова на ум, половина од нив сигурно нема да имаат храброст да прашаат. Она што доаѓа (ако доаѓа) по животот е една од најголемите човекови мистерии. Но, нема потреба од брзање. Со тек на време сите ќе дознаеме, се согласувате?

  • Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

    Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

    „Нејзините движења се поелегантни и посуптилни од секоја нота. А нејзиното тело е синоним за страст и убавина. Елеганцијата, лирското изразување, емоциите и грациозноста се соединуваат во едно име: Ана Балит“.rnrnКнига: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ АлимпиќВи претставувам книга која ќе ве трогне, буквално ќе ве помести од место, ќе ве натера да се соживеете со животот на една од најголемите балерини на сите времиња, примабалерината Ана Балит. Доколку веќе сте ја прочитале, сигурно и вие, исто како јас, пробувате да ги складирате сите спомени од оваа книга за ни еден момент од животот на грандиозната Ана да не ви се излизне од сеќавањата. Доколку, пак, не сте ја прочитале, сигурно сте чуле еден куп позитивни препораки. Ве предупредувам, ако сте во потрага по негативна критика за оваа книга, со мојава рецензија нема да го задоволам вашето барање. Напротив, можам само да ве убедам што поскоро да посвоите еден примерок за вашата домашна библиотека.rnrnМајката на Ана Балит станува свесна дека нејзиното малечко девојче не е родено за да игра во калта на селскиот имот, туку за да ги освојува светските балетски сцени. Ленка го препознава талентот со кој Ана е дарувана, како и нејзиното интересирање за класичната музика. Бидејќи таткото на Ана, Стеван, никогаш не би дозволил таа да си замине од салашот, пред да зазори новиот ден во далечната 1938, Ана Балит водена од храбрата рака на нејзината мајка, тајно го напушта родното место и ита кон иднината.rnrnНа моменти Ленка чувствува грижа на совест бидејќи ќерка си ја одвоила од нејзиниот татко и од шарениот рингишпил на баба ѝ Дара, дека нејзиното безгрижно детство го претворила во амбициозни часови во балетското студио на поранешната примабалерина Клара, во Белград. Но со тек на време, Ана потврдува дека вербата која Ленка ја имала во ќерка си не била залудна. Таа заминува да живее во Москва и работи во познатиот „Бољшој театар“ каде секојдневно мами воздишки кај својата публика и ги освојува срцата на сите вистински љубители на уметноста.Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ АлимпиќАна Балит за брзо станува прочуено име и почитувана примабалерина. Како воопшто да не ја допира земјата, таа со своите елегантни движења ја раскажува својата животна приказна, ги пренесува своите чувства и емоции, ги изразува болката, тагата, загубата, но пред сè големата и никогаш непреболена љубов кон Сергеј Павлович.rnrnЦелата приказна е раскажана низ спомени и слики на старата и болна Ана Балит, која во болничката соба со бели ѕидови, своите бадемести очи ги насочила кон таванот и спокојно пред да го напушти овој свет сака да си спомне за нејзиниот животен пат. Приказната на некој начин е интимна исповед за животот на балерината. Животот воопшто не ја штедел, па затоа на нејзиното убаво лице се испишани загубата и чувството на непребол. Иако успешна и богата, во животот на Ана постојано се редат несреќи и загуби. Лежејќи во студената болничка соба која мириса на смрт, Ана сè уште не може да си прости за ужасната и кобна одлука од нејзината младост…rnrnОваа книга ја читав со солзи во очите и со постојано чувство дека ми лазат морници по телото. Не ви препорачувам само да ја прочитате, туку и да ја купите, да ја имате во својот дом и да ја почитате повеќе од еднаш. Како што ми прелетуваа страниците под прсти, јас станував дел од животот на Ана Балит, ја гледав како се вози на рингишпилот, како расте во прекрасна млада жена со густа коса и јадри бадемести очи, како ја доживува својата прва љубов, како ја освојува публиката и игра како да ќе нема утре, како се враќа во Белград… го слушав нејзиниот елегантен од по калдрмата обложена со есенско лисје и со опоен мирис на слатко од дуњи. Топло ви препорачувам да станете дел од оваа приказна и да го научите главното што авторката сака да ни го пренесе, дека животот е како голем разигран рингишпил, кој без разлика колку и да се врти, секогаш ќе се врати на појдовната точка…rnrnОваа книга е потпишана од српска авторка, и не дека сакам да звучам строго или осудувачки, но време беше некој да ми го промени мислењето за српскиот јазик и култура, кој низ годините сè повеќе го поврзував со плитки и глупави турбо фолк стихови од кои ти доаѓа да сакаш да си наштетиш себеси. Ова го прочитав на корицата од книгата, но сега можам и да го потврдам, да, Ана Балит го заслужува местото покрај Ана Каренина.rn
    rn

    „Налик на сјаен, блескотен рингишпил со божилачни бои, облеан од сонцето, се менуваа годишните времиња на нејзиниот живот, боите се разлеваа како налудничави трепети на четката по сликарското платно, а живите слики, зборовите, погледите и настаните се прелеваа во една слика, слика на весел рингишпил во подножјето на ридот, во еден салаш, под гранките на стариот костен. Музиката го исполнуваше просторот околу него, чудесна, прекрасна, истовремено нежна и очајна. Наместо коњчето со украсните реси, патиките, филџаните за чај и аутата, очите на Ана грчевито ги впиваа сите лица од нејзината приказна…“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Дали депресијата е заразна?

    Дали депресијата е заразна?

    Дали некогаш сте забележале како вашето расположение се менува кога сте во друштво на негативни личности? Депресивното расположение не само што е лошо за личноста која така се чувствува, туку влијае негативно и на другите. Чувството на депресија е заразно. Одбегнувајте да бидете со личност која е во депресија или најдете начин да помогнете за излез од меланхоличното расположение.Дали депресијата е заразна?rn

    Како депресијата е заразна?

    rnЕкспертите тврдат дека депресијата е заразна, тргнувајќи од нагонот за критикување кој го имаат таквите личности. Најчесто депресијата се случува поради загуба на нешто важно, па личностите кои се во депресија, како резултат на беспомошноста, престануваат да се ценат самите себе. Како што не се ценат себеси, така не вреднуваат ничиј труд. Што и да правите ќе бидете критикувани. Не очекувајте личност која е во депресија да ве пофали дека сте изгубиле неколку кила, туку ќе го потенцира негативното бидејќи тоа е единственото што го забележува. На пример, дека новата фризура не ви стои добро. Колку и да се чувствувате самоуверено, во постојано друштво на вакви луѓе вашата самодоверба ќе почне да се ниша.rnrnДепримираните личности ја пренесуваат негативната енергија. Тоа е како да стои темен облак над нив, па штом сте до нив и вас ве зафаќа истиот облак. Тие се изолираат од социјалните збиднувања, па доколку, на пример вашиот партнер е депримиран, ќе ве повлече да останете со него дома пред телевизор.Дали депресијата е заразна?Оние кои се во депресија ви ги отежнуваат обврските. Исто како што инспирираните луѓе ве мотивираат за повеќе, депримираните ве држат пасивни. Ако, на пример, го гледате вашиот колега како доаѓа на работа без волја за живот, истото тоа депресивно расположение ќе ве зарази и вас. Доколку во бракот еден од партнерите е во депресија, тој/таа ќе престане да ги извршува домашните обврски, оставајќи премногу на ваш товар, што со сигурност нема да направи да се чувствувате добро.rn
    rn

    Депресијата може да се излечи

    rnДепресијата не смее да се игнорира! Стресот на модерното живеење неретко резултира со физички и психички болести. Кога гледате како личност која ви е блиска запаѓа во депресивно расположение, не смеете да го игнорирате проблемот мислејќи дека ќе мине за брзо. Постојат многу начини и терапии со чија помош депресивното расположение може да исчезне. Ако личноста не ви е толку блиска за да ја советувате, или не го прифаќа вашиот совет, оддалечете се, депресијата е заразна и со сигурност на некаков начин ќе ви наштети и вам.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn