КАФЕ ПАУЗА

Tag: задоволство

  • Голотија на кило

    Голотија на кило

    Колку е добро чувството кога се сакаш себеси. Колку е глупо да си нарцис. Види вака, ти можеби имаш супер тело, задник од кој боли глава, и тоа ти е за браво. Можеш комотно да си се погледнеш во огледало горда на себеси или да прошеташ по улица и да добиеш комплименти, и тоа е во ред, но зошто би се рекламирала на интернет?rn
    rn

    Риалити чек:

    rn1. Позирањето во долна облека или во провокативни тесни здолништа не прави да изгледате јако, туку евтино.rnrn2. Постои цела гарда на манијаци кои со нетрпение очекуваат ваша слика, а вие им ја давате на послужавник.Голотија на кило3. Постојат жени чија професија е да се соблекуваат по костими за капење и да се сликаат. Тие се викаат модели. Тие добиваат дебели чекови. Вас не ве плаќа никој.rnrn4. Лајкот кој ќе го добиете на сликата не значи дека сте убава, дека некој ве цени или почитува како личност, значи дека му се допаѓа голотијата која сте му ја пружиле и задоволството кое тој го има од она што сте му го дале.rnrn5. Провокативните фотографии не покажуваат дека имате многу самодоверба, туку дека немате воопшто. Инаку зошто би имале потреба од внимание на интернет?rnrn6. Ќе ја дотераш сликата во царството на Фотошоп и ќе се дуеш како тесто на секој лајк. Многу ми е жал што не си таква во живо. Сигурно се чувствуваш глупаво кога ќе се погледнеш во огледало.rnrn7. Мислиш дека жените се потценети и треба да уживаат повеќе права? Со секоја твоја нова слика, си го потценуваш целиот женски род.rnrn8. Најверојатно за ништо друго не те бива штом сликите се единствен начин да дојдеш до внимание.rnrn9. Некои мажи се кретени, ама ти со твоите слики си како магнет за будали. Па нормално дека има и добри мажи, само веројатноста е минијатурна дека некој од нив би те одбрал тебе.rnrn10. Немам точка 10, а глупо е да завршам со 9.rnrnДобро е да сме си убави и средени. Добро е кога човек се грижи за своето тело и се грижи да изгледа убаво и да биде убаво облечен. Јас сум ЗА високи потпетици, ама секогаш со вкус, со самопочитување, и најважно од сè, со памет.rnrnКога ќе имате 60 години и ќе се навратите наназад во годините, нема да ве исполнува фактот колку лајкови сте собирале, каде сте се „тагнале“ и како сте биле облечени. Ќе ве исполнуваат делата кои сте ги направиле.rn
    rn

    „Две нешта се бесконечни. Универзумот и човековата глупост. Ама не сум баш сигурен за универзумот.“ – Алберт Ајнштајн

    rnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пронајдете ја вашата страст и остварете си ги целите

    Пронајдете ја вашата страст и остварете си ги целите

    Одвреме-навреме доаѓаат моменти кога се запрашуваме што сакаме да правиме во животот или пак како да го постигнеме она што знаеме дека е наша страст. Еве некои совети кои ќе ви помогнат да ја пронајдете страста и да ги остварете своите цели.rnrnПронајдете ја вашата страст и остварете си ги целитеrn

    Која е вашата страст во животот?

    rnНе е толку едноставно. Имаме многу можности и не сме сигурни што најмногу би ни годело и која професија би била најпогодна за нас. Еве една мала игра која може да помогне. Земете лист хартија и во 5 групи напишете по 2 работи кои уживате правејќи ги или нешто за што мислите дека навистина сте способни. Размислете, за што навистина сте способни и во што вистински би уживале? Нештата не мора да бидат меѓусебно поврзани.rnrnПронајдете ја вашата страст и остварете си ги целитеrnrnПотоа разгледувајте ги одделно, група по група. Во првата група одберете една од двете работи кои сте ги навеле. Ако не можете да одберете, затворете ги очите и помислете само на првата работа, исто како втората воопшто да не постои. Замислете дека го работите тоа, дека тоа е вашата професија. Како се чувствувавте, колку ве исполнува? Што би правеле во текот на денот, колку би биле успешни? Потоа размислувајте за истите нешта, само замислете дека ја работите втората работа без првата воопшто да постои. Откако ќе ја одберете работата која повеќе ви одговара, пречкртајте ја другата. Потоа повторете ја истата постапка со останатите четири групи. Петте работи кои ви останаа непречкртани, напишете ги настрана на листот. Тоа се вашите пет главни страсти во животот.rn

    Пронајдете ја мотивацијата

    rnСите имаме макар по еден пријател или член на семејството, кој вистински нè познава и вистински може да нè ислуша. Зборувајте со него/неа за вашите 5 страсти. Ќе ве мотивира со тоа што искрено ќе ви посочи зошто би требало да правите некоја од наведените работи и ќе ве увери дека поради одредени особини кои ги поседувате, токму вие би биле совршени за одредена работа. Само започнете го разговорот со: Што мислиш, би бил/а добар/ра во некое од овие нешта? и оставете разговорот да се развива.rnrnПронајдете ја вашата страст и остварете си ги целитеrnrnНе оставајте мотивацијата да спласне. Секојдневно интересирајте се за работи кои на кој било начин се поврзуваат со вашите страсти. Информирајте се и читајте, надградувајте ги своите знаења. Потрудете се да најдете макар волонтерска работа поврзана со некое од петте нешта кои ги одбравте. Така ќе проверите дали таквата работа ве исполнува и ќе останете мотивирани.rn

    Приредете забава за идеи

    rnИмате одредена цел или повеќе цели, знаете што би сакале да правите, имате свои желби, но седењето дома и размислувањето за нивното остварување изолирани од светот, нема да ви помогне. Користете ја секоја можна прилика да комуницирате со различни личности и да разменувате мислења и идеи. Проширете го кругот на пријатели и познајници. За ова треба време, па нека биде ваша мисија.rnrnПронајдете ја вашата страст и остварете си ги целитеrnrnИсто така, одлично е доколку имате можности да приредите забава за идеи. Повикајте ги вашите пријатели, блиски и далечни и побарајте од нив да дојдат со уште една или две личности. Започнете со кежуал разговори и друштвени игри. Како што поминува вечерта, разговарајте за вашите страсти и идеи. Би биле изненадени како лесно можете да најдете контакти кои би ви помогнале во остварувањето на вашите цели, луѓе кои ќе ве мотивираат или ќе ви предложат решенија.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Драги дами, дали сте подготвени да доживеете (к)оргазам?

    Драги дами, дали сте подготвени да доживеете (к)оргазам?

    Го знаете она убаво чувство кога вашето тело се облива со топлина, додека истовремено се распрснува на милиони мали парчиња, речиси парализирајќи ве од задоволство? Епа сега замислете тоа чувство да го доживеете додека вежбате јога или фитнес. Дали е можно? Да! rnrnДраги дами, дали сте подготвени да доживеете (к)оргазам?rnrnПостигнувањето оргазам или чувството блиску до коргазам како резултат на одредени длабоки стомачни вежби е топ тема во фитнес-центрите и салите за вежбање.rnrnКоргазамот не е нов. Она што е ново е само неговото име. Коргазам е всушност оргазам кој се доживува за време на вежбање. Жените зборуваат за ова и секако сакаат да го постигнат.rnrnЖените можат да постигнат оргазам и со друг тип вежби: со бавно, контролирано подигање на ногата додека се потпираат на грб, подигнување на колковите или спуштање на карлицата во лежечка позиција на грб, па дури и со базични вежби со карлица. Тајната е во стискање и контрахирање на вистинските мускули многу пати во комбинација со чувство на тензија. Нормално, на некои жени ќе им треба подолго време.rn
    rn

    Според сексуалниот терапевт д-р Викторија Здорк „многу жени треба да создадат тензија во нозете пред да доживеат оргазам. Па кога жените вежбаат, испуштањето на ендорфинот и допаминот, кои се неопходни за доживување оргазам, во комбинација со тензијата во долните екстремитети, може да ја предизвика потребната клиторична стимулација.“

    rnСе случува кога жените ги притискаат мускулите во нивното јадро, односно квадрицепсите и мускулите во бедрата. Тие автоматски ги стискаат карличните мускули што ги поттикнува нервните импулси и така се случува коргазмот. Не мора да значи дека со едно стискање ќе се постигне коргазам, но со повеќе повторувања, ваквата стимулација може да предизвика интензивно чувство на задоволство во долниот дел од вашето тело. Па ако ова не ви е доволно добра причина за да почнете со вежбање, што друго би било? :)rnrnСекако, не ви треба сала за вежбање доколку имате жесток и редовен сексуален живот. Можете да затегате мускули, да согорувате калории, да ослободувате токсини и да доживувате оргазми и во спалната соба. Можете да согорите од 200 до 1.000 калории од еден оргазам на кој му претходеле 30-60 минути водење љубов.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?

    Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?

    Животот понекогаш наликува на лотарија, а една од првите добивки може да биде местото во кое ќе се родите, сугерира најновото истражување спроведено од страна на лондонското списание „The Economist“.Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?Според истражувањето кое опфатило 80 земји од светот, најдобро место за да се родите во 2013 е Швајцарија, а најлошо е Нигерија.rnrnТимот од „The Economist“ при спроведувањето на оваа студија ги поврзал субјективните фактори на луѓето како што е чувствувањето задоволство од сопствениот живот, со објективните фактори за квалитетен живот, во кои спаѓаат не само степенот на богатство, туку и степенот на криминал, доверба во јавните институции и можноста за водење здрав семеен живот. Географската положба, климата, демографијата, политиката и состојбата во стопанството, се исто така важни фактори кои се земени предвид. Вклучена е и перспективата за иднината, за којашто се користени економските предвидувања до 2030 година, кога децата родени во 2013, ќе станат полнолетни.rnrnСпоред магазинот, после Швајцарија, најдобро е да се родите во Австралија, потоа во скандинавските земји како Норвешка, Шведска и Данска, а потоа следуваат Сингапур, Нов Зеланд, Холандија и Канада. На 10-то место се наоѓа Хонг Конг.Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?Најразвиени западни земји се САД и Германија кои се наоѓаат на 16-то место, Италија, Франција и Велика Британија кои ги заземаат местата помеѓу 21-во и 27-мо место, а Шпанија и Грција се тек на 28-мо и 34-то место, и покрај тоа што располагаат со убава клима.rnrnНа средината од листата се наоѓаат Куба и Аргентина, кои го заземаат 40-тото место.rnrnОд бившите југословенски држави, најдобро е да се родите во Словенија (32-ро место), а потоа следува Хрватска, која се наоѓа на 46-то место. Потоа следува Србија на 54-то место, додека БиХ, Македонија и Црна Гора ги нема на листата.rnrnОд членките на ЕУ, најлошо е да се родите во Бугарија, која се наоѓа на 61-во место, Романиjа на 56-то место и Литванија на 57-мо место, оценува тимот на „The Economist“.rnrnИнтересен е податокот, дека ниедна од земјите членки на БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина) не котираат високо на листата, и покрај високиот економски раст. Кина е на 49-то место, а Русија тек на 72-ро место, на само едно место пред Сирија.rnrnНајлошо место во кое бебе може да се роди во 2013-та година, е Нигерија, а на оваа земја ѝ претходат Кенија, Украина и Бангладеш.rnrnПогледнете ја целата листа со 80 земји.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вашиот живот е клуч за победа на задоволството наспроти тагата

    Вашиот живот е клуч за победа на задоволството наспроти тагата

    Сите сме имале лоши моменти во животот и периоди кога нè надвладеала тагата или депресијата. Но, чекањето лошото чувство да помине само може да нè доведе да се чувствуваме полошо бидејќи сите имаме навика да размислуваме премногу околу тоа што нè мачи и да го преувеличуваме проблемот.

    rnВашиот живот е клуч за победа на задоволството наспроти тагатаrnrnПоради тоа психолозите советуваат дека во таквите моменти клучно е да се преземе акција. Нашето однесување може да го смени текот на работите, нашиот живот е клучот за победување на задоволството наспроти тагата. Ова се трите чекори кои треба да ги преземеме во ваквите периоди.rn

    Прв чекор: Излезете од безнадежноста

    rnКога веќе одреден период се чувствуваме лошо, влегуваме во безнадежна ситуација, мислејќи дека работите никогаш нема да се променат. Она што ни се случува е блокирање на среќните спомени поради сегашните проблеми. Моменталната ситуација не ни дозволува да се сетиме на сите убави моменти во минатото како и на сè убаво што би го доживеале во иднина, и така се вртиме во круг.rnrnМора да ги форсираме нашите мисли да веруваат дека ситуацијата не е безизлезна. Да ги избркаме од главата сите тие помисли дека ни е судено да бидеме несреќни. Натерајте се себеси да се навратите на среќните моменти. Сте доживеале прекрасни, среќни моменти и ќе ги доживеете повторно. Правете си белешки за сè она што ве прави среќни во текот на денот. Не испуштајте ни една мала ситница. Запишете сè што ви донело макар мала насмевка. Така ќе ги оттргнете мислите од она што ве мачи.rnrnИзградете нова надеж за иднината базирана на среќните моменти од минатото и сè она што ве прави среќни во сегашноста. Она во коешто верувате и она на што се надевате запишете го на парче хартија. Психолозите советуваат ваквите работи да бидат запишувани бидејќи така имаме поголема прегледност за она што нè прави среќни и за она што го сакаме во иднина. Едно е да помислиш на нешто, а друго е да го запишеш. Со запишувањето имаме цврст доказ.rn

    Втор чекор: Пронајдете го задоволството

    rnСледниот чекор е самите да си направите рецепт за среќа. Најдете ја среќата во три подрачја: минатото, сегашноста и иднината. Размислете за работите кои ве правеле среќни во минатото, запишете некои убави и весели спомени и сеќавајте се на позитивни случки и важни достигнувања. Потоа погледнете ги белешките кои ги направивте за работите кои ве прават среќни во сегашноста. Анализирајте се себеси, ќе забележите како во многу погледи сте напреднале како личност. Потоа, погледнете што запишавте како надеж за во иднина. Можеби не е во ред сè да се планира однапред и да имаме преголеми очекувања бидејќи би биле разочарани, но оној кој нема цел не ни знае каде оди. Запишете ги работите кои најмногу ве инспирираат и мотивираат. На овој начин совршено си го создавате сопствениот рецепт за среќа.rn

    Трет чекор: Испланирајте ја сопствената среќа

    rnНека не остане само на правење планови, сега е време и за нивно остварување. Работите кои ви носат најголемо задоволство, правете ги почесто. Испланирајте ја вашата среќа со тоа што ќе си направите распоред. Секој ден одвојувајте време за она што ве исполнува. Ова е совршен начин да ја победите тагата со тоа што ќе имате добар план и ќе знаете кон што целите. Вие сте свесни дека секој ден ќе добивате макар одредена количина од работите и моментите кои ви носат среќа. Самите си гарантирате за тоа.rnrnМоќта да ги промениме работите ја имаме во оној момент кога ќе сфатиме колку работи зависат од нас самите и од начинот на кој размислуваме.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни цитати за (анти)воркохолици

    Смешни цитати за (анти)воркохолици

    Прочитајте неколку цитати кои слатко ќе ве изнасмеат, а голема е веројатноста и да ви го разубават работниот ден… :)rnrnСмешни цитати за (анти)воркохолици
    rn

    „Би те пратил во пеколот, но работам таму, па не би сакал да те гледам секој ден.“ – непознат автор

    rn

    „На работа, секогаш давам 100 % од себе. 10% во понеделник, 23% во вторник, 40 % во среда, 22% во четврток и 5% во петок.“ – непознат автор

    rn

    „Јас никогаш не пијам кафе на работа… главно заради тоа што ме држи буден.“ – непознат автор

    rn

    „Секогаш доцнам на работа, но надополнувам со тоа што заминувам порано.“ – Чарлс Лемб

    rn

    „Напорната работа никогаш не убила никого, но зошто да ризикувате?“ – Едгар Берген

    rn

    „Златно правило е тоа дека шегите на шефот се СЕКОГАШ смешни.“ – Роберт Пол

    rn

    „Кога шефот ќе се сопне, јас паѓам.“ – непознат автор

    rn

    „Мозокот е фантастичен орган. Започнува со работа кога се будите и не престанува сè додека не стасате во канцеларија.“ – Роберт Фрост

    rn

    „Ја сакам работата, таа ме фасцинира. Можам да седам и со часови да гледам во неа.“ – Џером К. Џером

    rn

    „Ако мислите дека вашиот шеф е глуп, сетете се: немаше да имате работа, ако тој беше малку попаметен.“ – Џон Готи

    rn

    „Нема задоволство во тоа да немаш работа. Задоволството е да имаш многу работа, а да не работиш ништо.“ – Мери Вилсон

    rn

    „Наместо да се јавувате на работа кога сте болни и не можете да отидете, јавете се кога се чувствувате добро. Кажете им колку добро се чувствувате што не морате дента да одите на работа!“ – непознат автор

    rn

    „Забушант? Не. Јас само чекам до последната секунда за да ја сработам задачата, бидејќи колку сум постар, толку сум помудар.“ – непознат автор

    rn

    „Со чесна 8-часовна работа, можеби еден ден ќе станете шеф и ќе работите 12 часа.“ – Роберт Фрост

    rn

    „Сè што сакам е чесна неделна плата, за чесно одработен ден.“ – Стив Мартин


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 најсреќни држави за живеење

    5 најсреќни држави за живеење

    Светскиот извештај за тоа каде најсреќно се живее, кој го создава Комисијата на Обединетите Нации, нуди листа според која е јасно во која земја граѓаните се најисполнети од животот кој таа им го нуди. Доколку некогаш решите да се селите, тогаш ова се првите 5 држави, каде луѓето се најсреќни.rn

    Данска

    rnДанска е членка на ЕУ од 1973 година и на НАТО од 1949 година. Животниот стандард е на високо ниво, стапката на невработеност е ниска, а платите се одлични.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Финска

    rnЛуѓето во Финска знаат да направат вистински баланс помеѓу работните обврски и приватниот живот. Тоа е нивната култура и тајниот рецепт за квалитетен и среќен живот.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Норвешка

    rnНорвешка во последните години е една од земјите која е најпосакувана за живеење поради високиот стандард, добрите работни позиции и плати и бесплатното образование.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Холандија

    rnЗемјата на лалињата е една од најлибералните земји, што ја прави многу интересна за живеење.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Канада

    rnКанада може да се пофали со високо ниво на политичка слобода, друштвени луѓе, здравствена и економска стабилност, како и добри плати.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?

    Што неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?

    Начинот на кој мажите се справуваат со себеси после стресен ден на работа или пак се наградуваат после успешен ден, може да открие некои карактеристики од неговиот карактер и неговата вистинска мотивација во животот. Проф. Д-р Патрик Венис е експерт за однесувањето на луѓето, кој зборува за 10 типови задоволства кои ги имаат голем број мажи и што тие говорат за нивниот карактер.rn

    Јаде темно чоколадо

    rnОние мажи кои сакаат да се „нурнат“ во вкусно темно чоколадо после долгиот работен ден, се романтични, спонтани луѓе со филозофска природа, кои ги разбираат своите емоции и можат да учествуваат во длабоки разговори.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Гледа авантуристички реални ТВ шоуа

    rnДоколку тој преферира да ја смирува својата тензија гледајќи реални ТВ-шоуа како „Survivor“ и слични, тогаш тој е маж кој сака да презема ризици, авантурист е по природа и сака да биде предизвикан со нешто. Доколку овој опис не е соодветен на вашето момче, тогаш ова негово задоволство може да индицира дека тој потсвесно сака да биде понаметлив, самоуверен или поагресивен. Гледајќи во телевизорот си помислува: „Би сакал јас да можев да го направам ова“ – објаснува Венис.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Купува гаџети

    rnНекои мажи едноставно мораат да го поседуваат секое ново технолошко чудо кое се појавило на пазарот, дури и ако реално не им е потребно. Венис објаснува дека мажите кои имаат афинитет кон гаџети, можеби едноставно сакаат да ги истражат новите технологии бидејќи навистина го ценат она што човекот може да го создаде. Од друга страна, овие мажи можеби чувствуваат потреба да бидат прифатени од страна на општеството, па затоа се чувствуваат поудобно кога го следат она што го прават останатите луѓе. И покрај тоа што купувањето нова „играчка“ моментално ќе направи овој маж да се чувствува возвишено, сепак на крајот на краиштата, тој не е креатор на трендовите, туку ги следи веќе постојните.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Сака да се негува

    rnОние мажи кои обожаваат да одат на масажа или во спа-центар, едноставно можат да проценат кога им е потребен вистински одмор и фокус кон сопственото здравје. Венис смета дека голем број луѓе во денешниот брз начин на живот, се казнуваат себеси кога се мрзеливи, сметајќи дека единствениот начин на сатисфакција претставува напорната работа. Меѓутоа оној маж кој знае дека е сосема во ред понекогаш да се олабави и да ги почувствува убавите работи во животот, има помали шанси да ја расипе својата љубовната врска и вистински го живее животот.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Купува скапи работи

    rnДоколку мажот има потреба да се награди себеси за напорната работа, купувајќи си скап часовник, пар дизајнерски чевли или скапи очила за сонце, тој или може да препознае колку напорно работел и навистина верува дека заслужува да се почести себеси со некое поскапо парче или има потреба да ги убеди луѓето околу себе дека е многу богат и успешен во она што го прави. Не станува збор за типична самобендисаност, туку потреба за внимание и одобрение од страна на луѓето околу него.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Поседува луксузен автомобил

    rnСпоред Венис, луксузниот автомобил претставува највисок статусен симбол. Доколку вашето момче не се задоволува со само едно извозено крукче во добар туѓ автомобил и сака да поседува свој, тогаш тој е можеби опседнат со тоа колку далеку сака да стигне во животот, но му недостасува доволно амбиција за да го направи тоа. Мажите кои фантазираат за добри автомобили, буквално си замислуваат дека наскоро ќе ги имаат, без разлика на финансиската состојба во која се наоѓаат. Разликата помеѓу оние кои имаат скапи автомобили и оние кои посакуваат да ги имаат, е во тоа што првите ја имаат моќта, а вторите сакаат да ја имаат.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Спие до пладне

    rnИ покрај тоа што ова може само да значи дека тој е мрзелив и му недостасува малку мотивација, може да значи и дека тој навистина ги разбира значењето на живеење балансиран живот, а тоа е квалитет кој секоја девојка би посакала да го има нејзиниот партнер. Доколку тој е мотивиран да спие малку подолго бидејќи забележел дека е хронично уморен, тогаш тој ќе има разбирање за неговата девојка, кога таа ќе се чувствува исцрпено. Овој тип на момче ќе ја охрабрува својата партнерка да ужива во својот живот и да се релаксира секогаш кога тоа ѝ е потребно.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Сака да игра онлајн игри

    rnИграњето игри како „FarmVille“ и „World of Warcraft“ може да значи дека на него му е потребен ментален излез од реалноста. Фантазиите можат да бидат ок, доколку се во рамнотежа со реалниот поглед и доколку се појавуваат повремено. Но, доколку вашето момче поминува повеќе време играјќи игри на компјутер наместо со вас, тоа може да претставува знак за постоење на негов нерешен психолошки проблем, кој го предизвикува да побара излез од реалните врски и реалните луѓе, влегувајќи во надреалниот свет на видео играта.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Сака да слуша музика од ’80-тите

    rnПосле напорна седмица, тој можеби сака да дојде дома и да ги „рокне“ звучниците со некои песни од  Дуран Дуран или Депеш Мод. Венис објаснува дека враќањето назад во времето им дава на луѓето чувство на сигурност. Музиката од осумдесеттите репрезентира самозадоволство и нарцисизам, односно претставува почеток на демонстрирањето самодоверба. Поради тоа, мажите кои слушаат ваква музика, можеби наоѓаат утеха во преживувањето на тоа време, во кое се уживало во сѐ до бескрајни граници и луѓето многу се забавувале.rnrnШто неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?rn

    Сака да се напие убаво виски

    rn

    Ова може да значи дека вашето момче сака да се релаксира и да ужива во доброто расположение.  Пиењето виски после напорен ден, означува дека тој е тип на личност која сака да ужива во убавините кои животот ги нуди. Воедно, ова негово „валкано“ задоволство значи дека тој е маж кој се гордее со себеси и својата работа.

    rn

    Што неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Митови и вистини за неверството

    Митови и вистини за неверството

    Еднаш неверен – секогаш неверен? Размислете подобро. Една студија спроведена од „YourTango“ која ја воделе 1.200 психотерапевти, советници и други експерти во таа област, покажала некои изненадувачки резултати кои ги побиваат добро познатите митови за неверството.rnrnМитови и вистини за неверствотоrn

    Мит #1 – Мажите се поневерни од жените

    rn49% од испитувањата потврдуваат дека мажите изневеруваат повеќе од жените, но дури 47% од нив покажале дека и жените се исто толку неверни колку и нивните партнери – мажите.rn

    Мит #2 – Мажите изневеруваат поради сексуално незадоволство

    rnВсушност, 34% (мнозинството) се согласиле дека мажите изневеруваат кога се емоционално незадоволни во врската. Лин Р. Закери вели:rn
    rn

    „Можеби ќе ви звучи изненадувачки, но голем број од мажите бараат личност со која ќе можат да се поврзат, која ќе биде нивна најдобра пријателка и интимна партнерка и кога го губат тој однос во врската, големи се шансите дека ќе го побараат на друго место.“

    rnМитови и вистини за неверствотоrn

    Мит #3 – Порнографијата и неверството не се поврзани

    rnНе баш… Всушност, 59% од испитувањата покажале дека порнографијата на некој начин го поттикнува неверството.rn

    Мит #4 – Кога станува збор за неверство, искреноста е најдобрата одлука

    rn57% сметаат дека кога некој во врската бил неверен, не секогаш е добра идеја да му кажат на партнерот. Една од повеќето причини била и оваа:rn
    rn

    „Ако личноста сфати дека тоа што го направила било погрешно и неоправдано и не планира да го повтори и сака понатаму да се посвети целосно на партнерот, признавањето нема воопшто да помогне.“

    rnДоколку пред неверството комуникацијата помеѓу партнерите не била доволно искрена за длабок разговор поврзан со нивните проблеми во врската, тогаш признанието ќе предизвика само чувство на емоционална празнина, предавство, болка и бес и во никој случај нема да ги реши веќе постоечките проблеми. Но, ако неверството настанало од сосема друга причина, а комуникацијата со вашиот партнер ви е отворена и искрена и сте сигурни дека ќе можете зрело да разговарате за причините кои довеле до негова појава – тогаш искреноста дефинитивно е најдобра одлука…rnrnМитови и вистини за неверствотоrn

    Мит #5 – Политичарите и славните личности изневеруваат повеќе од останатите

    rnСкоро 47% од резултатите покажуваат дека славните личности не изневеруваат повеќе и почесто од сите нас. Но, неверството во тие кругови влијае на неговата перцепција кај останатите.rn

    Мит #6 – Еднаш изневерил/а, секогаш ќе изневерува

    rn81% од испитувањата укажуваат сосема на спротивното. Всушност не може ни да се генерализира бидејќи луѓето изневеруваат од различни причини. Доколку изневериле зашто не биле среќни со партнерот и подоцна ја поправат врската или пак, си отидат и започнат сосема нова врска од која ќе бидат позадоволни, големи се шансите тие веќе никогаш да не бидат неверни.rnrnМитови и вистини за неверствотоrn

    Најдобрите начини за спречување појава на неверство се:

    rn

      rn011

    • Двајцата партнери да се чувствуваат ценето и важно помеѓу себе – Ако вашиот партнер се чувствува пријатно, сигурно и посакувано од вас, нема да има потреба да бара друга врска надвор од вашата…
    • rn011

    • Добра комуникација – Без разлика дали станува збор за негативни или позитивни работи, отвореноста и искреноста во врската може да придонесат само за нејзино подобрување и зацврстување.
    • rn011

    • Задоволување на сексуалните потреби – Бидете отворени со вашиот партнер за вашите сексуални желби и фантазии. На тој начин и ќе го подобрите вашиот сексуален живот и ќе се чувствувате поблиски.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Откријте која е вашата страст

    Откријте која е вашата страст

    Исполнетоста во животот во голема мера зависи од секојдневни нешта кои со себе носат задоволство. Тоа доаѓа оттаму што тие работи ги правиме со голема страст. Страста е многу силна движечка сила, која доколку се внесе во извршувањето на одредена активност, неизмерно ќе го збогати животот. Доколку вие сè уште не сте пронашле нешто такво, кое секојдневно, или барем одвреме-навреме ќе ви ги полни батериите, следните чекори имаат за цел да ви помогнат да откриете што е тоа и да уживате во она што сакате да го правите.rnrnОткријте која е вашата страстrn

    Што знаете да правите добро?

    rnРазмислете за тоа во што сте навистина добри. Дали можеби има работи кои сакате да ги правите, но сметате дека не сте добри во тоа, па ги избегнувате? Можно е токму тука да се крие она нешто кое ќе додаде нешто убаво во вашиот живот. Не мора да бидете брилијантни во одредена активност за тоа да биде вашата страст. Нема секој талент за цртање, но ако вам ви причинува задоволство, само напред.rn

    Кои ограничувања ви пречат?

    rnКога постои нешто што страсно сакате да го правите, ќе ви пречи сето она што ќе ви оневозможува да му се препуштите на тоа. Ако од време-навреме сакате да направите по некоја фотографија, а брат ви постојано ви го зема фотоапаратот, што вам многу ви пречи, може да значи дека токму фотографијата е вашата страст.rn

    Што сакате да читате?

    rnКога некоја активност многу ве привлекува, ќе поминете часови читајќи нешто во врска со тоа. Во прв момент може и да не помислувате сериозно да се бавите со тоа. Сепак, секој не го троши времето на читање магазини за риболов или прегледување видеа со танци. Страста е таа која го поттикнува интересот за овие работи.rnrnОткријте која е вашата страстrn

    Што сте сакале да правите кога сте биле деца?

    rnОва е веројатно е наједноставниот начин да ја откриете вашата страст. Кога сте биле дете сте имале можност да покажете наклонетост кон што било без да бидете оптоварени со очекувањата според кои живеат возрасните.rn

    Кога губите чувство за време?

    rnКога страста ќе ве обземе, таа предизвикува губење на чувството за време. Ако работите работа која не ја сакате или ако не ви се седи на факултет, постојано ќе погледнувате на часовникот. Но, ако уживате играјќи фудбал или свирејќи гитара, ќе се прашувате кога поминало времето.rn

    Не откажувајте се

    rnБарањето на вашата скриена страст нека ви биде авантура, со која ќе навлезете во непознат дел на вашата личност и ќе го истражите. Дури и да не успеете брзо да најдете нешто кое ќе ви ги полни батериите, не откажувајте се. Уживајте во самиот процес на истражување, а резултатот кога-тогаш ќе стигне. Тогаш, задоволството ќе биде уште поголемо.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.