КАФЕ ПАУЗА

Tag: заборавање

  • Што понекогаш заборава секој хороскопски знак?

    Што понекогаш заборава секој хороскопски знак?

    Има некои моменти во кои не се снаоѓаме најдобро. Тоа е така поради тоа што понекогаш не сме свесни за нашиот капацитет, а понекогаш ги подзабораваме нашите недостатоци. Астролозите ја истражувале и оваа проблематика и еве на што го потсетуваат секој хороскопски знак.rnrnШто секогаш заборава секој хороскопски знак?rn

    Овен

    rnЗаборавате дека сте силна личност. Борец. Воин. Поминавте многу во својот живот и треба да се гордеете со себе за она што го направивте досега. Можеби не сте сигурни каде точно сакате да бидете, но импресионира фактот колку брзо стигнавте до таму каде што сте.rn

    Бик

    rnЗаборавате дека вашиот живот не завршува утре. Не мора да завршите сè токму во оваа секунда. Не се ставајте под притисок брзо да ги завршите сите различни проекти кои сте ги планирале. Земете воздух и опуштете се.rn

    Близнаци

    rnВие заборавате дека вашата работа не е сè, иако ви одзема поголем дел од вашето време. Таа не треба да ги преокупира вашите мисли. Постојат и други важни работи на овој свет на кои треба да се фокусирате. Не дозволувајте кариерата да ви ја црпи целата енергија.rn

    Рак

    rnЗаборавате колку многу луѓе се грижат за вас. Вие сте секогаш оној што е во близина, поправате грешки и им помагате на пријателите, но вашите чувства не се еднострани. Луѓето околу вас ве сакаат онолку колку што вие ги сакате нив. Тие ве ценат, дури и кога не го искажуваат тоа.rn

    Лав

    rnЗаборавате дека не треба да бидете совршени. Во ред е да признаете кога нешто не ви успеало. Никој нема да ве обвини доколку се најдете во неред. Ако ништо друго, тоа ќе ве направи поприспособливи.rn

    Девица

    rnВие заборавате дека животот не е натпревар против другите, или против себе. Убаво е што сакате да се подобрите, но не треба сè да биде игра. Во ред е ако вчера сте направиле повеќе од денес. Во ред е и ако минатиот месец сте биле попродуктивни од овој. Немојте да се нервирате.rn

    Вага

    rnЗаборавате дека не треба секогаш да сте љубезни. Понекогаш морате да бидете гласни за она што го сакате. Мора понекогаш да „покажете и заби“ за некој да се повлече. Во одредени ситуации мора да заборавете на вашата учтивост и да застанете цврсто на земја.rn

    Скорпија

    rnЗаборавате дека никој не сака лаги. Можеби мислите дека им помагате на најблиските, заштитувајќи ги од вашите проблеми, но вистината е дека тие сакаат да бидат покрај вас. Тие сакаат да слушаат. Тие сакаат да знаат што се случува во вашиот свет.rn

    Стрелец

    rnЗаборавате дека вие ја одредувате вашата судбина. Ако некој не ве третира добро, може да заминете. Ако работата не ве исполнува, може да дадете отказ. Има многу можности во вашиот живот. Вие сте личноста која треба да направи избор.rn

    Јарец

    rnЗаборавате дека колку и да се ставате под притисок, тоа нема да ви донесе големи резултати. Нема да натера некој да ве почитува повеќе. Само ќе направи да не се чувствувате добро, затоа одберете да го правите она што ве прави среќни. Одберете и патека која ќе ви донесе возбуда.rn

    Водолија

    rnЗаборавате дека вашата моментална состојба нема да трае вечно. Тоа како се чувствувате сега е само привремено. Нема да се чувствувате вака следната година и годината потоа. Наскоро ќе се подобрат работите.rn

    Риби

    rnЗаборавате дека никој не ви должи ништо. Никој не треба да е фин со вас, само затоа што вие сте фини кон него. Треба да се однесувате љубезно затоа што тоа ве прави среќни, затоа што чувствувате дека тоа е вистинскиот избор за вас, не затоа што мислите дека ќе ви донесе нешто.rnrnМожеби сакате да прочитате и за работите од кои мора да се откаже секој хороскопски знак до крајот на годината.

  • Фотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањето

    Фотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањето

    Секој од нас бил во ситуација кога му се блокирал мозокот, а кога ќе се земе предвид колку нешта го бараат нашето внимание, оваа појава е сосема нормална. Понекогаш се случува да ги заборавиме дури и најважните нешта. Но, што се случува потоа? За жал, мора да се соочиме со последиците. Следниве фотографии претставуваат моменти кога бил заборавен некој важен детаљ, а резултатите се навистина урнебесни.rn

    1. „Работев во градинка за кучиња и често го носев моето куче со мене. Еднаш заминав од работа и бидејќи бев многу гладна го заборавив, а менаџерот ми ја испрати оваа фотографија од него. Изразот на неговото лице е совршен.“

    rnФотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањетоrn

    2. Кога доцните на работа и сте заборавиле да го нахраните кралот…

    rnФотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањетоrn

    3. „Заборавив да го преместам апаратот пред да се фотографираме во скок, па изгледа како да сме се обесиле“

    rnФотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањетоrn

    4. „Девојка ми си го заборави бричот, но не и жилетите, па ѝ помогнав“

    rnФотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањетоrn

    5. „Заборавивме да ѝ кажеме на мачката дека имаме бебе“

    rnФотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањетоrn

    6. „Доцнев, а не можев да го најдам нејзиното ремче, па вака ја прошетав ова утро“

    rnФотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањетоrn

    7. Пијано момче на бразилскиот карневал заборавило дека девојка му му е на рамената

    rnФотографии што ги прикажуваат смешните последици од заборавањетоrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 8 лоши љубовни совети кои може да ја уништат и најголемата љубов

    8 лоши љубовни совети кои може да ја уништат и најголемата љубов

    Постојат различни совети. Семејството и пријателите се нашата најголема поддршка и најчесто имаат најдобри намери, но советите од некои луѓе со скриени намери може да ни ја расипат врската од чиста љубомора или пакост. Сепак, понекогаш дури и најискрените зборови може да имаат лошо влијание врз нашата врска. За да не бидете во дилема кого да послушате, а кого не, психолозите издвоиле совети кои би требало да ги избегнувате по секоја цена доколку сакате вашата врска да биде здрава и трајна.rnrn4-8-loshi-ljubovni-soveti-koi-mozhe-da-ja-unishtat-i-najgolemata-ljubov-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Би требало да пронајдеш некоја подобра прилика!“

    rnАко сте со некого во врска само од одредена лична корист, можеби сте на погрешен пат. Користа, како што психолозите тврдат, никогаш не може да биде добра причина да започнете или да ја прекинете врската. Доколку се водите само од неа, можете да уништите навистина среќен брак или да започнете живот кој нема да ви донесе ниту малку среќа и радост.rn

    2. „Покажи му/ѝ кој е шеф. Не дозволувај никој да те влече за нос!“

    rnПред сѐ, партнерите имаат различни полиња на одговорност во врската и сосема е нормално одвреме-навреме да ја предадете водечката улога во врската. Само заемното разбирање и почитување води до успешен брак и го прави постабилен и поцврст.rn

    3. „Мора да биде многу романтичен/а!“

    rnПсихолозите тврдат дека постои одреден романтичен период во секоја врска кој обично минува после некое време. Партнерите не може да го живеат целиот живот како да се во некоја романтична комедија, одлепувајќи од среќа секој пат кога ќе се видат. Од таа причина не може да барате од партнерот да останете во фазата на меден месец засекогаш. Секоја врска има различни фази на развивање и секоја од овие фази си има свои предности.rnrn2-8-loshi-ljubovni-soveti-koi-mozhe-da-ja-unishtat-i-najgolemata-ljubov-www.kafepauza.mk_rn

    4. „Само молчи. Немој да ги влошуваш работите!“

    rnСкоро е невозможно да ги избегнете караниците во врската. Меѓутоа, најдобро е да ги решите конфликтите веднаш штом дојде до нив. Не треба да ги потиснувате вашите чувства и да чекате еден ден да експлодирате, бидејќи тоа може да доведе до непоправлива штета. Не играјте на картата жртва. Наместо тоа, разговарајте за вашите чувства со партнерот.rn

    5. „Проверувај му/ѝ ги пораките и повиците. Имаш право на тоа!“

    rnТаквиот вид мешање во личниот живот на партнерот како што се постојаните повици, читањето на пораките и следењето на локациите, се смета за прв чекор кон насилничкото однесување во семејството. Насилството не е само физичко, туку и емоционално. Не слушајте ги ваквите видови на совети и не правете го партнерот жртва на вашата љубомора.rnrn3-8-loshi-ljubovni-soveti-koi-mozhe-da-ja-unishtat-i-najgolemata-ljubov-www.kafepauza.mk_rn

    6. „Потсетувајте го дека она што го заработува не е доволно!“

    rnОвој совет е одличен начин за малото недоразбирање да го претворите во огромна караница. И самите знаете дека, доколку сакате, можете да пронајдете многу заеднички замерки за да ја направите ситуацијата уште полоша. Психолозите советуваат дека ваквите прашања никако не смеете редовно да ги споменувате и секако, обидете се да ги избегнувате и текот на другите големи расправии.rn

    7. „Гледај ме и учи!“

    rnУчењето некого со сопствен пример е исправно кога се во прашање децата, а не љубовните партнери. Вие не сте дете и не треба да имитирате нечие туѓо однесување. Ако имате потешкотии во бракот, обидете се да не гледате од друго семејство и да не го копирате нивниот начин на живот. Сепак, ова не значи дека не треба да се обидете да ги избегнете грешките кои другите ги прават.rn

    8. Бонус совет: Вие најдобро ја познавате ситуацијата однатре и однадвор

    rnИмајќи го ова на ум, тогаш зошто постојано ги слушаме туѓите зборови кои не ни носат никакво добро? Можеби затоа што веруваме дека луѓето однадвор ги гледаат работите многу подобро и ни даваат порационален совет. Меѓутоа, ова е многу несигурен пат, бидејќи секоја врска е сложена и преполна со детали кои не ги знае никој друг освен вие двајца. Затоа треба да го слушате сопствениот разум и да го следите сопственото срце.rnrnПогледнете кои љубовни совети можете да ги научите од вашата мајка.

  • Едноставен трик што ќе ви помогне да се сетите дали сте го исклучиле шпоретот

    Едноставен трик што ќе ви помогне да се сетите дали сте го исклучиле шпоретот

    Ако сте од оние луѓе кои не можат да престанат да се грижат околу тоа дали го исклучиле шпоретот откако излегле од дома, време е да престанете да се мачите бидејќи решението е поедноставно одошто мислите. Иако денес постојат разни мобилни апликации, оптимизации и автоматизации, решението се крие во еден обичен клик.rnrnЕдноставен трик што ќе ви помогне да се сетите дали сте го исклучиле шпоретотrnrnПред да отпатувате на заслужен годишен одмор, земете го вашиот смартфон во рака и фотографирајте ги сите уреди за кои најчесто се прашувате дали сте ги исклучиле. Погрижете се добро да се гледаат бројките, за да не се загрижите на половина пат и да се запрашате дали сте ја исклучиле пеглата. Ова е најдобро да го направите кога ќе промените нешто во домот, бидејќи мозокот треба да се навикне на тоа како изгледа исклучената рингла на шпоретот, на пример.rnrnСекако дека степенот на загриженост не е ист кај сите луѓе, но оние кои навистина се грижат, тоа најчесто го прават од оправдани причини, бидејќи веќе еднаш им се случило да ги остават шпоретот или рерната вклучени. Наместо да го гледате светлосниот сигнал на шпоретот, секогаш обрнувајте внимание на бројките.rnrnСо оглед на тоа што последните моменти пред заминувањето на летување се разликуваат од секојдневните рутини, лесно е да се заборави нешто многу важно. Во тие моменти вие излегувате од рутината, а правилото „клучеви, паричник, телефон“ повеќе не важи. Сѐ е поинакво, од облеката што ја носите до работите кои ги држите во раце, па затоа ви е толку тешко да се сетите дали сте го затвориле прозорецот, исклучиле пеглата и слично.rnrnЛуѓето кои го пробале овој трик тврдат дека откако почнале да ги фотографираат уредите пред да заминат на патување, не се грижеле повеќе за ништо. Тоа се случува затоа што фотографирањето станало дел од нивната нова рутина или можеби затоа што мозокот памети каква била сликата пред заминувањето.rnrnДоколку и вие го имате истиот проблем, вреди да го примените овој трик и да видите дали ќе ви помогне и вам како што им помогнал на илјадници други луѓе.rnrnПрочитајте и за овој кујнски трик за зачувување на свежината на салатите.

  • Лесно заборавате? Дознајте ја вистината зад овој незгоден проблем

    Лесно заборавате? Дознајте ја вистината зад овој незгоден проблем

    Малкумина се оние кои не доживеале момент кога едноставно извршуваат некоја активност и потоа одеднаш го губат текот на сопствените мисли и забораваат што треба да направат. Таквата заборавеност знае да нè збуни, но едно ново истражување упатува на тоа дека нема потреба и простор за грижа.rnrn2-lesno-zaboravate-vistinata-zad-ovoj-nezgoden-problem-zaradi-koja-kje-vi-stane-polesno-www.kafepauza.mk_rnrnИстражувањето што било спроведено во Торонто докажало дека моментите на заборавеност всушност се знак дека вашиот мозок работи правилно. Во истражувањето кое е објавено во списанието „Неврон“ пишува дека кога можете да се сетите само на одредени детали, тоа може да биде знак дека вашиот мозок подобро ги сортира информациите и разликува која информација ќе ви биде корисна во иднина.rnrnЗа потребите на студијата, истражувачите ги проучиле претходните студии и заклучиле дека создавањето нови неврони во хипоталамусот, делот од мозокот кој е одговорен за меморијата, всушност го поттикнува заборавањето на одредени сеќавања за да се направи место за некои поважни информации.rnrn1-lesno-zaboravate-vistinata-zad-ovoj-nezgoden-problem-zaradi-koja-kje-vi-stane-polesno-www.kafepauza.mk_rn

    „Важно е мозокот да ги заборави неважните детали и да се фокусира на работите што ќе ѝ помогнат на личноста да донесува одлуки во реалниот свет“, вели главниот автор на студијата, професорот Блејк Ричардс.

    rnАко помнењето детали ни помага да донесуваме подобри одлуки, има смисла нашиот мозок да ги филтрира знаењата што ни се потребни за да донесеме поточна и пологична одлука.rnrnСвоите заклучоци научниците ги темелат на студијата од 2017 година, која открила дека заборавеноста е високо развиен облик на интелигенција, односно дека луѓето кои подобро помнат сложени пораки, а не едноставни детали, имаат поголем коефициент на интелигенција.rnrnЗатоа, следниот пат кога во одреден момент ќе го заборавите роденденот на вашата пријателка, лозинката од профилот или каде сте ги оставиле клучевите од автомобилот, немојте да се вознемирувате, бидејќи најверојатно вашиот мозок на тој начин само создава ново место за поважна меморија која ќе ви помогне во донесувањето на некои поважни одлуки.rnrnПонекогаш проблемите со помнењето може да бидат посериозни, па добро е да проверите што ја предизвикува лошата меморија.

  • Важни ситници што секоја невеста ги заборава на денот на свадбата

    Важни ситници што секоја невеста ги заборава на денот на свадбата

    Од морето со емоции кои ги преплавуваат младенците за време на најубавиот ден од нивниот живот, невестата често заборава на некои важни ситници. Па ако и вие набрзо планирате свадба, тогаш обрнете внимание на следниве ситници што можат да ви направат голема разлика…rnrn1-vazhni-sitnici-koi-sekoja-nevesta-gi-zaborava-www.kafepauza.mk_rn

    1. Мала тоалетна чанта

    rnВашата шминка може да биде долготрајна, но во еден момент ќе морате да ја поправите. Затоа на венчавката не заборавајте да понесете мала чанта во која ќе ставите кармин, пудра и уште неколку ситници кои доста добро ќе ви се најдат.rn

    2. Нешто за грицкање

    rnПоради целата мешаница на денот на венчавката на младоженците често прв оброк им е оној којшто ќе го изедат после венчавката. Невестата секако би требало да јаде нешто пред да започне целата церемонија, за да ги избегне можните сцени кои може да ја расипат веселбата.rn

    3. Чување покана за фотографот

    rnМладенците често ја забораваат онаа покана која ќе му ја дадат на фотографот за да ја фотографира. Со оглед на тоа дека сите покани се испратени, младенците немаат фотографија од своите покани, а тие се и тоа како важен дел од венчавката.rn

    4. Подготовка на цеде со песни

    rnПреубавиот ден како што е венчавката вреди да се прослави со вашата омилена музика. Направете цеде со омилените песни кои ќе ги слушате додека се подготвувате и додека ги чекате вашите гости, доколку доаѓаат да ве земат од вашиот дом.rnrn2--vazhni-sitnici-koi-sekoja-nevesta-gi-zaborava-www.kafepauza.mk_rnrn

    5. Резервни обувки

    rnБез разлика колку удобни ви изгледаат обувките кои ги носите, па дури и да сте ги разгазиле, сигурни сме дека во еден момент ќе посакате да ги собуете. Ова особено важи доколку носите обувки со изразена висока потпетица. Затоа, за секој случај понесете резервни удобни обувки.rn

    6. Кутија или перниче за бурмите

    rnДелот од обредот каде што се земаат бурмите ќе изгледа поубаво доколку прстените се поставени во убава кутија или на декоративно перниче, отколку само да се извадат до џебот.rn

    7. Торта за денот потоа

    rnНа венчавката секогаш останува торта и младенците со задоволство ја споделуваат со гостите. Но, забораваат да сочуваат парче за себе. Затоа, сочувајте едно парче во кое подоцна на мир ќе уживате.rn

    8. Полнење на батеријата на мобилниот телефон

    rnСекоја невеста би требало својот мобилен телефон да го остави кај некој за време на самата церемонија. Сепак, поголемиот дел забораваат да ја наполнат батеријата, па кога ќе започнат да го користат може да се исклучи. Наполнете ја батеријата еден ден порано.

  • Експертите советуваат: Најдобрите начини да го заборавите вашиот бивш партнер

    Експертите советуваат: Најдобрите начини да го заборавите вашиот бивш партнер

    По раскинувањето, нормално е да бидете тажни и незадоволни. Но, наместо да ја изразувате нервозата преку различни непристојни начини, постојат многу попродуктивни работи кои можете да ги практикувате за да се справите со ситуацијата. Исто така многу е важно да знаете и да прифатите дека врската може да има сериозно влијание врз вашиот ум и врз вашето тело, па во ред е да се чувствувате збунети и повредени. Всушност, колку повеќе биле сериозни вашите односи со бившиот партнер, толку е поголема веројатноста да добиете криза. Несомнено е дека тоа е тежок период, но сепак, возможно е да продолжите напред и да го поминете. Размислете колку енергија трошите и сфатете дека истата можете да ја пренасочите кон попродуктивни работи. Еве неколку совети кои можете да ги примените за да го заборавите вашиот бивш партнер.rnrnЕкспертите советуваат: Овие се најдобрите начини да го заборавите вашиот бивш партнерrn

    1. Откажете се целосно од него

    rnЕден од најдобрите и најчесто препорачуваните совети за да го надминете тешкиот период по раскинувањето, е целосно да го отстраните партнерот од вашиот живот, а тоа подразбира бришење и од сите социјални мрежи, затоа што доколку одржувате каква било комуникација и сметате дека можете да бидете некој вид „пријатели“, вие само ќе ја одржувате жива вашата надеж. Најпрво може да ви биде тешко, но живеењето во лажна надеж и верувањето дека еден ден повторно можете да бидете заедно, нема да ви донесе ништо добро и ќе ве спречи да продолжите понатаму.rn

    2. Отидете на терапија

    rnДоколку никогаш порано не сте поминале низ период на раскинување, не би можеле да сфатите колку значајна може да биде терапијата. Без разлика дали тоа ќе биде зборување со професионално лице или пак со вашите најдобри пријатели, ова во значајна мера може да придонесе за да си ја вратите енергијата.rn

    „Постојат повеќе процеси додека заврши една љубовна врска, а со цел да ги задржите здравиот разум и достоинството колку што е можно повеќе, важно е да имате стабилна, професионална поддршка од терапевт. Ако тоа не ви е веднаш достапно, разговарајте со вашите пријатели преку телефон, или пак самите создајте си терапија по свој избор“, вели Лурен Бримсекс, тренер и автор.

    rn

    3. Сетете се на заедничките лоши моменти

    rnКога ќе се разделите со личноста за која сте мислеле дека е љубовта на вашиот живот, можете да бидете опседнати со тоа што би можело да се случи доколку работите би биле поинакви, па почнувате да ги гледате нештата какви што не биле, притоа прикажувајќи си го партнерот во подобро светло отколку што навистина е. Наместо тоа, обидете се да се сетите на негативните работи, оние кои ви пречеле и кои биле причината за вашето раскинување. Направете листа од нив и погледнете ја секогаш кога ќе бидете во искушение да му се јавите и да го побарате. Сетете се дека има причина зошто вие сте се разделиле. Иако е полесно да се каже отколку да се направи ова, сепак, размислете за енергијата што ја трошите бесцелно, а можете да ја насочите кон нешто многу подобро.rnrnЕкспертите советуваат: Овие се најдобрите начини да го заборавите вашиот бивш партнерrn

    4. Грижете се за себе

    rnРаскинувањето ќе ви донесе промени во вашиот живот, па време е да се одлучите да живеете на нов начин, со нови цели. Иако на почетокот може да ви биде тешко, обидете се да се фокусирате само на себе и воспоставете нова, здрава врска со вашата личност. Така, настојувајте да го живеете животот комплетно и поставете си свои цели кои сакате да ги постигнете. Правете работи што ве исполнуваат и што ви се важни и корисни, нешто што ќе направи да се чувствувате подобро, не само моментално, туку и понатаму. Се сеќавате ли на идејата да започнете со некој креативен проект, но немавте време бидејќи бевте фокусирани на вашата врска? Сега е време повторно да се вратите на тоа и да дадете сѐ од себе за да го направите најдобро што можете!rn

    5. Испланирајте некои забавни активности

    rnМногу е важно да не западнете во размислување дека сѐ е безнадежно. Секако, на почетокот ќе бидете тажни, а и повеќето се наоѓале во таква ситуација, но исто така ова е време каде што сте слободни и можете да испланирате некои забавни активности. Почнете да тренирате некој спорт, посетувајте курс за јазици или испланирајте некое патување. На овој начин ќе запознавате нови луѓе и ќе го подобрите своето расположение многу побрзо отколку ако само седите дома, плачете и гледате филмови. Исто така, ако се социјализирате, побрзо можете да добиете покана за нов состанок, што може да биде многу корисно за вашето заздравување.rn

    6. Ако се чувствувате добро, започнете нова врска

    rnОвој совет не одговара за сите, но за некои, новата врска е одличен начин за да заборават некого, а ова го потврдува и едно познато истражување. Имено, во 1993 година во Списанието за социјални и лични односи, една студија покажувала дека почетокот на нова врска веднаш по раскинувањето може да даде позитивни ефекти. Таа покажува дека оваа врска може да биде здрава на долг рок за да го заборавите вашиот бивш партнер и да ја одржувате вашата доверба и среќа. Кога ќе бидете со нова личност, чувствата на љубов, задоволство и поврзаност може да ви донесат нови и свежи перспективи.rnrnБез разлика кој начин ќе го изберете за да преминете преку периодот на раскинувањето, важно е секогаш да настојувате да продолжите понатаму, затоа што вие заслужувате да бидете среќни!

  • 10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

    10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

    Сте помислиле ли некогаш како би ви изгледал животот без сеќавања? Тоа не е возможно, нели? Сеќавањата се како мали делчиња од голема сложувалка: Заедно создаваат една голема слика на вашиот живот. Се обидуваме да ги избришеме тажните сеќавања и да ги цениме среќните, но без разлика колку и да се трудиме, нашиот мозок има свој зол план да ги зачувува сите наши сеќавања. Зошто се сеќавате на некои неважни информации, а целосно заборавате на нешто што навистина сте сакале да го зачувате како сеќавање? Во продолжение прочитајте ги овие интересни факти кои ќе ви помогнат да ја разберете логиката на вашиот мозок и ќе ви покажат како да го натерате да заборава и памети некои работи…rnrn10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењетоrn

    1. Можете да се сеќавате на некои работи и настани само затоа што ги заборавате оние непотребните

    rnНашиот мозок е единствениот шеф одговорен за заборавањето и паметењето. Нашиот мозок самиот одлучува кои информации се важни и каде треба да ги зачува. Секако дека ќе се сеќавате на вашата венчавка или на некое стресно искуство што сте го имале и никогаш нема да можете да се ослободите од тие сеќавања. Меѓутоа, многу лесно ги забораваме секојдневните, здодевни настани или рутински активности. Тоа се нарекува ефект на бришење.rn

    2. Можете да го присилите мозокот да запамети нешто

    rnНашиот мозок се обидува да нѐ заштити од сите непотребни информации. Доколку ги паметевме сите мали работи што ни се случуваат секој ден од животот, веројатно ќе полудевме. Меѓутоа, ако навистина сакате да запаметите нешто, можете одвреме-навреме да си ја повторува ситуацијата или настанот, како да му ја кажувате некому. Тоа е одличен трик кој ќе го натера мозокот да мисли дека таа епизода е важна за вас.rn

    3. Можете да се навратите на некоја информација без воопшто да знаете дека сте ја имале

    rnНа пациент кој страдал од амнезија му била дадена листа на зборови да ги запамети. По неколку обиди, тој не успеал во тоа. Меѓутоа, кога му била дадена листа на реченици со празни места да ги пополни со зборовите што ги видел претходно, тој ги погодил сите! Како е можно тоа? Вистината е дека нашиот мозок памети работи, а ние не го ни забележуваме тоа. Кога ќе ви биде потребна некоја одредена информација, може да останете изненадени од фактот дека вие цело време всушност сте ја имале таа информација.rnrn10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењетоrn

    4. Мозокот ги поврзува новите информации со искуства од минатото

    rnНашиот мозок постојано ги поврзува новите информации со нашите искуства од минатото. Не сте го забележале тоа? Сетете се на последниот пат кога сте читале книга или сте гледале телевизија. Кога ќе видите некоја нова актерка, веднаш се обидувате да се сетите дали сте ја виделе некаде претходно. Или додека читате книга, постојано ги споредувате случките од животот на главниот лик со вашите лични искуства. Колку сте поискусни, толку подобра меморија имате.rn

    5. Доколку ви е тешко да запаметите нешто, користете слики

    rnОваа техника претежно ја користат луѓето со фотографска меморија. Тие ја трансформираат потребната информација во визуелна секвенца од слики. И вие можете да го пробате овој метод, само поврзете го сеќавањето со некоја слика во вашата глава. Ако имате жива имагинација, ќе ви биде лесно да го примените овој метод и ќе видите колку е ефективен.rn

    6. Ако се обидувате да запаметите нешто важно, ставете го светот на нечујно

    rnСекој звук од околината, дури и пријатните звуци, му пречат на мозокот да ви ја даде информацијата која ви треба во моментот. Во такви ситуации мозокот не е сигурен дали треба да ги памети тие звуци или треба да поврати некоја одредена информација. Така што, ако навистина сакате да се сетите на нешто, бидете сами во апсолутна тишина.rn

    7. Мозокот подобро зачувува информации по оброк или ако сте под стрес

    rnГликозата која ја добиваме од квалитетен појадок или ручек ја активира нашата меморија и ни помага полесно да ги запаметиме работите. Истиот ефект може да се добие кога сме под стрес. Емотивните и стресните ситуации се добар поттик за процесот на паметење.rnrn10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењетоrn

    8. Доколку во текот на вашиот живот повеќе се занимавате со ментална работа отколку со физичка, веројатноста е дека вашата меморија засекогаш ќе остане свежа

    rnСпоред истражувањата, универзитетските професори лесно можат да се сетат на одреден параграф од нивните предавања дури и кога се во пензија. Од друга страна, пак, луѓето кои се занимаваат со физичка работа имаат проблем да се сетат на работите кога ќе остарат. Никогаш не е доцна да се впуштите во некое научно патување и да ѝ дадете шанса на вашата меморија, нели?rn

    9. Можете да запаметите зборови и броеви со помош на звуци

    rnАвстрискиот лингвист и преведувач, Ханс Еберстарк, користел негов сопствен метод за да запамети зборови и броеви. Тој се концентрирал на тоа како звучат зборовите, а не како се пишуваат. Откако ќе го слушнете зборот, поголеми се шансите дека ќе го запаметите дури и да не знаете што значи. Што се однесува до зборовите, пак, тој успеал да изговори 11.944 последователни бројки кои се содржат во Пи само од сеќавање. Тој подоцна објаснил дека успеал да ги запамети тие работи со тоа што бројките ги заменил со букви. На пример, осмицата може да се запамети како В, бидејќи В-то личи на половина 8.rn

    10. Тешката депресија и постојаниот стрес може да ја уништат меморијата и мозокот

    rnДобро запаметете го ова и следете го следниов совет: Без оглед на тоа каква е ситуацијата, смирете се, земете воздух и помогнете му на мозокот да најде решение. Верувајте дека ќе најде.

  • Ако се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте гениј

    Ако се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте гениј

    Дали знаевте дека можеби навистина сте гениј? Дури и ако не се сметате себеси за супериорно интелигентни, може да поседувате одредени карактеристики кои ги делат луѓето со висок коефициент на интелигенција. Според психолошките студии, генијалците имаат неколку заеднички особини, навики и однесувања. Ако некои од овие 7 карактеристики кои следуваат во продолжение се однесуваат на вас, тогаш можеби сте многу попаметни отколку што мислевте.rnrnАко се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте генијrn

    1. Љубопитни сте за сѐ

    rnДали постојано се информирате за различни теми или често барате одговори на прашања кои ви се вртат во главата, на интернет? Дали правите мали експерименти за да видите што ќе се случи, дури и кога станува збор за мали работи како мешање и додавање состојки во некој рецепт? Генијалците се природно љубопитни личности. Тие постојано формулираат прашања и потоа се обидуваат да ги пронајдат одговорите.rn

    2. Разговарате со самите себеси

    rnАко честопати ве забележуваат дека си зборувате со самите себеси, не грижете се, тоа можеби е знак дека сте гениј. Кога вашиот ум постојано работи, често се среќавате со проблеми, дијалози и идеи кои мора поединечно да ги разработите. Колку што е покомплициран процесот, толку е поверојатно да почнете да разговарате со себе.rn

    3. Постојано читате

    rnМногу луѓе го сакаат читањето, но генијалците се скоро опседнати со тоа. Некои од нив се фокусираат на еден жанр, како на пример научна фантастика или трилер. Други сакаат да располагаат со поширок спектар на теми, вклучувајќи ги и фиктивните и реалните приказни. Независно што читате, ако вашите полици за книги се полни или постојано барате нови книги на интернет, тогаш се вбројувате во генијалците.rn

    4. Обожавате да го предизвикувате својот интелект

    rnДали ги сакате логичките игри, игрите со зборови, квизовите и загатките кои го тестираат вашиот мозок? Многу генијалци решаваат содоку или крстозбор исто толку импулсивно и по навика како што некои луѓе го проверуваат својот профил на Фејсбук.rn

    5. Често заборавате

    rnВисоко интелигентните луѓе ги оптоваруваат своите мисли со многу комплицирани и тешки работи. Тие се преокупирани со разни проекти и идеи. Како резултат на ова, тие ги забораваат едноставните и секојдневните задачи како што се закажаните средби или изгубените клучеви. Затоа, немојте да се грижите кога нареден пат ќе влезете во собата и ќе заборавите зошто воопшто сте влегле. Тоа е знак дека сте гениј.rn

    6. Сте имале потешко минато

    rnСите сме читале за трауматичните детства на генијалците и начините на кои тие се обидуваат да се справат или помират со тоа, како што се алкохолот и дрогата. Тоа не е само сценариски трик за да се долови приказната или карактерот на ликот. Нема да биде потребно многу време за да се направи листа на музичари, писатели, уметници, научници и други креативни генијалци кои се соочиле со зависноста. Очигледно, ова е сосема нездраво и непотребно и по секоја цена треба да се избегнува, бидејќи така само можете да направите поголема штета, како на својот мозок така и на организмот во целост. Но, ако сте имале некои минати експериментирања, знајте дека тоа не е невообичаено за генијалните умови.rn

    7. Премногу размислувате и се грижите за работите

    rnМислите дека сите генијалци се полни со самодоверба. Сепак се генијалци. Но, вистината е сосема поинаква и вели дека генијалците навидум изгледаат сигурни во себе, но кога се сами, тие се полни со сомнеж. Тие знаат дека не постојат само црно-бели одговори и дека вистината и знаењето континуирано еволуираат и се прошируваат. Како последица на тоа, тие се чувствуваат неспособно и понекогаш се сомневаат во себе и своите избори и одлуки.

  • Веднаш заборавете ги: Работни пропусти кои не смеете да ги правите во 2016-та година

    Веднаш заборавете ги: Работни пропусти кои не смеете да ги правите во 2016-та година

    Сите ние правиме помали или поголеми подносливи работни пропусти, но нивниот број, барем кога станува збор за 2016-та година, треба да биде сведен на минимум. Најпросто кажано, немојте да ја ризикувате својата кариера поради обични глупости. Ова се работните пропусти кои не смеете да си ги дозволите на себе оваа година.rnrn1-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Доаѓате последни на работното место

    rnВо ред е да задоцните еднаш, но ако го правите тоа секојдневно или секој втор ден, можете да го привлечете вниманието на шефот и да го доведете во прашање своето работно место, но и својата кариера. Обидете се во 2016-та година да не доцните, не само на работа, туку и на секој закажан состанок. Тоа е најдобар начин да се научите да го почитувате туѓото време, но и другите да започнат да ве почитуваат вас.rn

    2. Одите на работа мамурни

    rnНе доаѓајте на вашето работно место мамурни, бидејќи тоа нема да ја загрози само вашата кариера, туку и ќе оставите голем негативен впечаток за вас лично. Пијте многу вода и обидете се вашиот мамурлак да остане незабележан.rn

    3. Ја работите работата која ја мразите

    rnВо време кога сите мислиме на финансиски опстанок, тешко е да се каже дека не треба да ја работите работата што не ја сакате. Меѓутоа, ако таа работа ви го нарушува вашето здравје, во која било смисла, тогаш никако не си дозволувајте да го работите она што не ве исполнува, а уште помалку, она што не ве прави среќни.rn

    4. Работите прекувремено само затоа што чувствувате вина

    rnАко другите остануваат на работа прекувремено, тоа не значи дека и вие треба да го правите тоа. Штом сте си ја завршиле својата работа или сте завршиле нешто повеќе, никако не се оптоварувајте со дополнителна работа, особено надвор од работното време, бидејќи утредента ќе бидете преморени и исцрпени, а тоа воедно ќе влијае на вашата продуктивност.rnrn2-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    5. Не разговарате со колегите

    rnОваа година потрудете се да имате коректен однос со останатите луѓе на работа. Нема да ви штети ако ги прашате како се или да поразговарате со нив на некоја тема. На овој начин вие, но и тие ќе се чувствуваат попријатно и така сигурно подобро ќе соработувате во иднина.rn

    6. Губите време на социјалните мрежи

    rnВо ред е да бидете на Фејсбук или на некоја друга социјална мрежа ако природата на вашата работа го бара тоа, но тоа не значи дека треба постојано да „висите“ таму. Освен тоа што вашиот шеф, порано или подоцна, ќе го забележи тоа, постојаното сурфање на интернет може сериозно да влијае на вашата продуктивност.rn

    7. Се плашите од вашиот шеф

    rnВо ред е да го гледате вашиот шеф како авторитет, но тоа не значи дека треба да се плашите од него. Затоа обидете се во 2016-та година да ја промените оваа особина и потрудете се својот страв кон шефот да го претворите во нешто покорисно за вас – нешто што нема да ве спречува да напредувате.rnrn3-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_