КАФЕ ПАУЗА

Tag: заборавање

  • Сè уште мислите на вашиот бивш? Еве зошто навистина треба да го заборавите!

    Сè уште мислите на вашиот бивш? Еве зошто навистина треба да го заборавите!

    Сите вие сте имале некого во животот за кого сте мислеле дека е оној вистинскиот, но за жал поради некои несреќни околности сè докажало дека не е така. Можеби не било вистинското време или пак не сте знаеле што сте имале сè додека не сте го изгубиле, но животот е таков и тој продолжува. Сепак, не вреди да се навраќате на тоа и едноставно најдобро е да продолжите понатаму. Еве и неколку добри причини зошто би требало да го направите тоа.rnrn1-se-ushte-mislite-na-vashiot-bivshi-eve-zoshto-navistina-treba-da-go-zaboravite-www.kafepauza.mk_rnrnВе спречува да пронајдете некој нов. Ако сè уште не можете да се помирите со фактот дека вашата врска завршила и дека тој повеќе не е со вас, како ќе пронајдете доволно енергија и желба да започнете нова врска со некое прекрасно момче кое стои токму пред вас?rnrnЗавршило со причина. Како и секоја друга врска што завршила, постои добра причина за тоа. Клучот на среќното продолжување понатаму е во тоа да се сетите зошто таа врска не успеала и да си дозволите да верувате во тоа дека сте ја донеле вистинската одлука.rnrnЖивеењето во минатото не е воопшто добро за вашата иднина. Минатото е зад вас. Ако продолжите да гледате во ретровизорот, ќе го загубите фокусот од прекрасната глетка што ве очекува ако гледате само напред.rnrnТој нема да се врати. Не надевајте се на опцијата дека тој ќе ја сфати својата грешка и ќе се врати кај вас како некој херој од новелите на Николас Спаркс. Тоа нема да се случи и што побрзо го прифатите ова, толку подобро.rnrnНајверојатно тој веќе продолжил понатаму. Тој сигурно не седи дома, секој викенд, јадејќи сладолед и прашувајќи се дали да ви се јави пред да ве изгуби засекогаш. Па, не треба и вие да го правите истото.rnrnТој не сака да биде со вас. Суровата вистина дами – ако тој навистина сакал да биде со вас, ќе се обидел да ве задржи. Без изговори.rnrnМожете многу подобро. Надвор има многу момци кои би ве сакале исто толку колку што вие нив.rnrnПрестанете да ги споредувате новите момчиња со него! Вие нема да завршите повторно со него, ниту пак со неговиот клон. Не е фер кон новите момчиња да седите со нив на состанок и да размислувате „тој е супер, но не е како стариот“. Дајте им шанса, ќе сфатите дека другите квалитети се токму она што сте го барале.rnrnЦенете ги добрите моменти што сте ги имале со него. Веројатно сте поминале добри времиња со него и имате почувствувано работи што никогаш претходно не сте ги почувствувале. Но сепак, готово е. Ценете ги тие работи какви што навистина се – само добри спомени.rnrnНе секој што ќе го запознаете е оној Вистинскиот. Само затоа што сте биле заљубени „до уши“ во него и сте ја испланирале целата заедничка иднина, не значи дека тој е Вистинскиот. Ќе имате уште многу прилики да се заљубите повторно, па не пропуштајте ги вашите шанси за среќа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што да сторите кога ќе го заборавите името на некој кого штотуку сте го запознале?

    Што да сторите кога ќе го заборавите името на некој кого штотуку сте го запознале?

    Запознавате некоја нова личност, тој/таа ви го кажува своето име, а вие и понатаму не знаете како се вика. Можеби не сте слушнале убаво, а можеби сте заборавиле. Тогаш влегувате во една непријатна ситуација од која сепак постојат овие неколку излези.rnrnШто да сторите кога ќе го заборавите името на некој кого штотуку сте го запознале?rnrnПобарајте ја нивната имејл адреса, прашајте ги како да ги најдете на Фејсбук или пак предложете им самите да го запишат својот број во вашиот телефон. Тие ќе го стават своето име и бројот. Освен што ќе дознаете како се викаат, тоа дава можност и да останете во контакт потоа.rnrnЗапознајте ги со ваш пријател. Побарајте од некој ваш пријател да се запознае со него/неа, па откако тој ќе го каже своето име, истото ќе го стори и вашиот соговорник.rnrnПрашајте ги како ги викаат нагалено. Не мора и вие веднаш да почнете да ги викате како семејството и блиските пријатели, но веднаш ќе сфатите кое е името што сте го пропуштиле претходно во разговорот.rnrnПрашајте ги за значењето на нивното име. На некои луѓе им значи тоа што нивните имиња имаат некое „скриено“ значење и сакаат да зборуваат за тоа. Други не се занимаваат толку со тоа, но во објаснувањето сигурно ќе го споменат своето име барем уште еднаш.rnrnПобарајте им визит-картичка. Доколку се луѓе од бизнисот, и онака сакаат да ви ја дадат.rnrnБидете креативни. Сигурно со вашите пријатели сте ги споредувале личните документи и фотографиите од нив. Ако успеете да издејствувате некоја таква ситуација со вашиот нов соговорник, тогаш имате шанса да видите и како се вика.rnrnЗавршете го разговорот повторувајќи го вашето име уште еднаш. Кажете како се викате исто како кога сте се запознале и речете дека разговорот ви бил пријатен или нешто слично. Веројатно и тој/таа ќе го стори истото.rnrnБидете искрени. На крај, наједноставното решение е да се извините, да признаете дека сте пропуштиле да го запомните името и уште еднаш да прашате за него. На секој му се случува тоа и затоа секој ќе ве разбере.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали заборавате? Овие совети ќе ви помогнат околу тоа

    Дали заборавате? Овие совети ќе ви помогнат околу тоа

    Автор: Калин БабушкуrnrnВо време на стресно живеење и обврски кои секој ден сè повеќе натежнуваат околу нас, заборавањето на работите е можеби и нормална работа. Но работата е дека сè повеќе и повеќе луѓето околу нас се „вадат“ на тој момент и дозволуваат сè почесто да забораваат на работи кои треба да ги извршат.rnrnНа заборавањето влијаат многу фактори, но речиси сите се поврзани со вас и зависат само од вас. Тука, би сакал со вас да споделам неколку работи кои би ви помогнале да го намалите заборавањето, да го исполните она што сте го ветиле.rnrnWoman Forgets To Take Her MedicinernrnОдмор – Имајте време за одмор, затоа што само одморен мозок може да памети многу работи.rnrnПодобра организација – Пробајте да одвоите време за ваша подобра организација и приоретизирање на работите.rnrnПотсетници – Користете потсетници. Тие може да бидат од обично ливче, преку мобилен телефон, до потсетник во компјутер.rnrnОдложување на работите – Извршувајте ги работите навреме и што порано. Немојте да ги одложувате.rnrnСподелување – Замолете ги луѓето околу вас или тие директно инволвирани во работата, да ве потсетат.rnrnДА – Немојте веднаш да кажувате ДА. Размислете дали имате време за да ја извршите работата, и после кажете ДА.rnrnОдредено место – Имајте одредено место каде што ќе ги оставате работите што треба да ве потсетат (фрижидер, работна маса итн.) од каде што може лесно да се потсетите што треба да направите.rnrnПриоретизирање – Имајте начин на приоретизирање на работите. Тоа ќе ви помогне да не ги одложувате работите на кои треба да им дадете важност. Но немојте ова да ви овозможи тие работи што за вас не се толку важни, со тек на време воопшто да не бидат изреализирани и извршени.rnrnИзвинување – Имајте доблест да се извините на соодветната личност дека сте заборавиле да го направите тоа за што сте се договориле.rnrnСекако дека има многу други работи кои може да ви помогнат да го намалите моментот на заборавање за извршување на работите. Многу важна работа, околу заборавањето, е да сте свесни дека тоа го правите и да прифатите дека треба нешто да промените. Откако тоа ќе го прифатите, сте направиле голем чекор.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 прашања кои треба да ги поставите пред да простите неверство

    4 прашања кои треба да ги поставите пред да простите неверство

    Велат неверството е полесно да се опрости отколку да се заборави. Еве 4 прашања кои задолжително треба да ги поставите доколку планирате да го направите првиот чекор кон надминувањето на оваа непријатна состојба.rnrn4 прашања кои треба да ги поставите пред да простите неверствоrn

    rn1. Дали било само еднаш?

    rnВременскиот период е многу важен, иако можеби би рекле дека неверство си е неверство и секако подеднакво боли. Не е лесно да се преболи дури и ако се случило само еднаш, но долготрајните афери значат изневерување и на физички и на емоционален план. Ова второво ги прави работите многу посериозни и потешки.rn

    2. Дали прељубникот признал?

    rnМногу е важно дали тој што изневерил сам му кажал на партнерот или вие сте дознале на друг начин, преку трети лица или чепкајќи по неговиот мобилен. Чувството на предавство е многу полошо доколку се работи за вториот начин.rn

    3. Ќе ви даде ли простор и време за да простите?

    rnПосле ваква случка, најдобро е да се остави малку време за да слегнат работите и за да можете двајцата да размислите за постапките и ефектите кои тие ги имаат врз чувствата. Оној што го извршил неверството треба да биде трпелив и подготвен да помине низ природниот процес на надминување на таквата случка, а не да брза и да сака да го прескокне тој дел за да се вратат работите што побрзо во нормала. На тој начин и прељубникот самиот ќе има време да размисли за причините кои довеле до самата потреба за неверство.rn

    4. Дали ќе можете да заборавите?

    rnОпростувањето е полесниот дел. Заборавањето од друга страна… Да се заборави е тешко дури и ако сторителот на неверството се кае и ветува дека никогаш повеќе нема да го стори тоа. Но, едно е сигурно, ќе има многу моменти кога и тоа како ќе се сомневате во верноста на партнерот. Ова дури може да ве доведе до параноја. Па дали сте спремни да тргнете по тој пат?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Онлајн порнографијата може да влијае негативно на вашето помнење

    Онлајн порнографијата може да влијае негативно на вашето помнење

    И покрај тоа што некои луѓе сметаат дека порнографијата е забавна, тие не секогаш ги паметат работите кои ги виделе. Одредени истражувања покажале дека гледањето порно филмови на интернет може да ѝ попречи на краткотрајната меморија.Онлајн порнографијата може да влијае негативно на вашето помнењеОваа студија е прва досега која ги испитувала влијанијата од процесирање на порнографски фотографии врз помнењето. Делот од мозокот кој е одговорен за чување на информациите додека завршувате друга задача, е клучен за работната меморија која ги опфаќа разбирањето, сфаќањето, решавањето проблеми и донесувањето одлуки.rnrnГерманските истражувачи им дале задача на 28 мажи, хетеросексуални и во просек со 26 години, да гледаат неколку компјутерски фотографии. Некои од нив не биле со сексуална содржина. Непорнографските фотографии вклучувале луѓе кои прават голем број активности, како смеење, спортување или носење оружје. Како што испитаниците ги разгледувале фотографиите, тие притискале „да“ или „не“ за да дадат до знаење дали станува збор за истите фотографии кои тие ги виделе четири слајдови претходно.rnrnМажите добиле значително поголем број неточни одговори кога гледале порнографски фотографии, отколку кога ги гледале оние со несексуална содржина. Во просек, тие одговарале точно само 67% од времето кога гледале порнографија, но 80% во случајот со непорнографски содржини. Нивното помнење при изложеност на порнографија било доста послабо и мажите изјавувале дека во тие ситуации на некој начин биле преокупирани со зголеменото сексуално возбудување, како и зголемената потреба за мастурбирање.rnrn„Сексуалното возбудување ù попречува на работната меморија, која е значаен дел за извршните функции,“ вели авторот на оваа студија, Кристијан Лаијер. Студијата била објавена во ноември, 2012 година во Списанието за сексуални истражувања.rnrnСпоред истражувачите, ова откритие би можело да им помогне на психолозите подобро да разберат зошто некои луѓе кои се зависни од интернет порнографија забораваат да спијат, пропуштаат состаноци и ги занемаруваат своите работни одговорности и љубовни врски.rn
    rn

    „Сексуалното возбудување и неговото влијание на когнитивните процеси можат да објаснат дел од овие негативни ефекти,“ велат истражувачите.

    rnБидејќи оваа студија се базирала строго на хетеросексуални мажи, сè уште не може да се каже дали овие откритија важат и за хомосексуалците, како и за жените. „Оваа студија е прв чекор,“ вели Лаијер. „Нашите резултати допрва треба да бидат потврдени со поголемо истражување кое ќе вклучи разновидност во полот и сексуалната ориентација.“rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

    Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

    Секој од нас се посрамотува по 4 пати дневно – открива едно најново истражување. Помеѓу работите кои ни предизвикуваат црвенило на образите, спаѓаат заборавањето на нечие име, судир со уличната светилка и дамки од пот.rn
    rn

    Сите се трудиме да изгледаме смирено и кул без оглед на тоа каде се наоѓаме, меѓутоа, работите ретко се одвиваат онака како што сме планирале.“ – изјавил портпаролот на компанијата „Ladbrokes“, која го нарачала ова истражување.

    rnРаботи од кои се срамиме кога сме во јавностrnrnПогледнете ја листата со работи кои за многу луѓе претставуваат непријатност:rnrn1. Заборавање на нечие име во ситуација кога сакате да го претставите на вашите пријатели.rnrn2. Сопнување и паѓање на сред улица.rnrn3. Кога некому ќе му се обратите со погрешно име.rnrn4. Кога забележувате дека имате дамки на облеката.rnrn5. Кога на некој му мавтате и не ве забележува.rnrn6. Кога после оброкот ви се заглавила храна меѓу забите.rnrn7. Кога помислувате дека некој ви мавта вам, а всушност му мавтал на некој друг.rnrn8. Кога доцните.rnrn9. Кога заборавате каде сте се паркирале.rnrn10. Кога случајно ќе подждригнете.rnrn11. Кога ќе се изгубите.rnrn12. Кога имате дамка од пот на облеката.rnrn13. Кога зборувате за некој, а тој стои доволно близу за да може да ве слушне.rnrn14. Кога случајно ќе испратите порака на погрешна личност.rnrn15. Кога некој се обидува да влезе во тоалетот, додека сте вие во него.rnrn16. Кога автомобилот ќе ви се изгаси на семафор.rnrn17. Кога трчате по автобусот и на крај не успевате да го стигнете.rnrn18. Кога ќе се опијаните на свадба.rnrn19. Кога ќе заборавите дома некој важен документ.rnrn20. Кога имате кармин на забите.rnrn21. Кога ќе облечете нешто наопаку.rnrn22. Кога случајно ќе се удрите во уличното светло.rnrn23. Кога ќе паднете од велосипед.rnrn24. Кога на лице ќе ви останат траги од мастило од пенкало.rnrn25. Кога ќе се заглавите помеѓу подвижни врати.rnrn26. Кога на социјалните мрежи по грешка ќе споделите нешто приватно со сите.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Листа на основни секојдневни проблеми

    Листа на основни секојдневни проблеми

    Сите ние сме навикнати на одреден начин на живот и сме приморани постојано да се сретнуваме со голем број потешкотии. Но, во последно време се појавуваат некои секојдневни „проблеми“ кои и покрај нивната наизглед банална природа, успеваат моментално да предизвикаат многу поголема напнатост од некој посериозен и подолготраен проблем. Еве мал дел од овие мини проблемчиња со кои сите се сретнуваат барем по еднаш во текот на денот:rnrnЛиста на основни секојдневни проблемиrn

      rn011

    • Не можете да го најдете далечинското.
    • rn011

    • Има премногу реклами за време на вашата омилена ТВ-серија.
    • rn011

    • Сте го изгореле јазикот пиејќи жешко кафе.
    • rn011

    • Постојано ви „паѓа“ интернетот.
    • rn011

    • Немате ништо за јадење во фрижидерот.
    • rn011

    • Немате што да облечете за состанок.
    • rn011

    • Ви снемало тоалетна хартија.
    • rn011

    • Вашиот сосед ставил „пасворд“ на неговата мрежа.
    • rn011

    • Ви снемало млеко.
    • rn011

    • Додека се туширате, на водата ù е потребно долго време да стане топла.
    • rn011

    • Не сакате да јадете ладни остатоци од ручекот.
    • rn011

    • Сте се исекле додека сте се бричеле.
    • rn011

    • Сте го заборавиле паричникот дома.
    • rn011

    • Вашиот Фејсбук-профил сам се променил во тајмлајн.
    • rn011

    • Ве додале во групна порака со непознати луѓе каде што не ни можете да го следите разговорот.
    • rn011

    • На никој не му се допаѓа вашата слика на профилот.
    • rn011

    • На фризер сте добиле сосема спротивна фризура од онаа што сте ја побарале.
    • rn

    rnЛиста на основни секојдневни проблемиrn

      rn011

    • Имате слаб сигнал на мобилниот.
    • rn011

    • Постојано ви стигнуваат покани за настани на Фејсбук.
    • rn011

    • Приморани сте да користите два далечински управувачи (еден за менување програми, друг за зголемување/намалување на звукот).
    • rn011

    • Немате опција „снуз“ на будилникот.
    • rn011

    • Сте заборавиле да го исклучите ѕвонењето на мобилниот пред да си легнете.
    • rn011

    • Звукот од реновирањето на соседниот стан ве буди веќе цела недела во 6 часот сабајле.
    • rn011

    • Не можете да го слушнете телевизорот поради правосмукалката.
    • rn011

    • Сте го заборавиле мобилниот дома.
    • rn011

    • Во ресторанот служат само „Пепси“ производи.
    • rn011

    • Сакате да пишете порака додека возите, но сите семафори ви стануваат зелени уште пред да застанете.
    • rn011

    • Во омиленото кафуле на вашиот најдобар пријател не го служат единственото пиво кое вие го пиете.
    • rn011

    • Сте купиле поскапо кафе по препорака, но има многу лош вкус.
    • rn011

    • Не работи лифтот (а живеете на 15-ти кат).
    • rn011

    • Предолго чекате една личност да искочи од тоалетот во дискотека.
    • rn011

    • Сте ги заборавиле вклучени светлата на колата.
    • rn011

    • Сте купиле погрешни батерии.
    • rn011

    • Не можете да најдете место за паркирање.
    • rn

    rnЛиста на основни секојдневни проблемиrn

      rn011

    • Вашиот телевизор нема опција за враќање наназад неколку секунди.
    • rn011

    • Ви ја погрешиле нарачката во Мекдоналдс.
    • rn011

    • Заборавивте дека утре полагате.
    • rn011

    • Не можете да најдете исти чорапи во вашата фиока.
    • rn011

    • Вашиот тим го изгубил натпреварот.
    • rn011

    • Лаптопот ви „умрел“, а имате презентација за половина час.
    • rn011

    • Не можете да го најдете полначот за лаптопот.
    • rn011

    • Вашиот мобилен постојано сам ви ги „поправа“ зборовите.
    • rn011

    • Не можете никаде да си ги најдете клучевите од дома/кола.
    • rn011

    • Нема ништо интересно на ТВ.
    • rn011

    • Немате интернет.
    • rn011

    • Имате страшен вирус на компјутерот, поради кој тој сам се вклучува/исклучува.
    • rn011

    • Микробрановата ви титка сè додека не ја отворите.
    • rn011

    • Заглавени сте во сообраќај за време на најголемата гужва.
    • rn011

    • Немате батерија на мобилниот.
    • rn011

    • Додека пишувате есеј, Ворд ви ги потцртува сите зборови со црвено.
    • rn011

    • Не ви е удобно додека седите, бидејќи џебовите ви се полни со монети.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја усовршите способноста за помнење?

    Како да ја усовршите способноста за помнење?

    Дали ви се случило да влезете во просторија и да заборавите по што сте дошле или да не можете да се сетите на нечие име или име на некоја книга или филм? Не секирајте се, сите овие нешта можат да се надминат иако се нормални. Ова се интересни и корисни решенија кои ги нудат истакнати доктори од областа на подобрувањето на меморијата, а кои можат да ви се најдат во животот.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Заборавање досадни податоци

    rnПроблем: Ви се случува да ги заборавате денот и часот на вашите испланирани состаноци, адресата на живеење на блиските пријатели, пинот на мобилниот телефон или лозинките кои ги користите на интернет? Не грижете се. Мозокот не функционира така за да може да складира ваков тип информации на долг рок, освен доколку не вложите дополнителен напор за да ги запомните. Ваквите податоци, кои спаѓаат во категоријата декларативни спомени, по својата природа не се интересни ниту возбудливи, поради што кратко „живеат“ во вашето сеќавање. Во оваа категорија спаѓаат и историските податоци и родендените.rnrnРешение: Единствениот начин да направите некоја досадна информација да стане составен дел од вашата долготрајна меморија, е правилно да ја „складирате“, за да можете да ја пронајдете низ вашите мисли подоцна. „Ако не направите свесен напор да го запомните вашиот пин, вашата краткотрајна меморија, веднаш ќе го избрише од мозокот“ – вели м-р Зелди С. Тен, директор на клиниката за меморија во Бостон и автор на книгата „Age-Proof Your Mind“. Дајте му некакво значење, за да можете да го запомните.rnrnНа пример ако сакате да запомните битен датум, како што е роденденот на вашата внука, дајте му некоја емоционална поврзаност, да речеме пет дена после 2 август, празникот Илинден. За помалку битните податоци, како на пример денот и часот кога имате закажано на забар, не се ни обидувајте да го запомните. Токму затоа Господ ги измисли мобилните телефони и тефтерите со обележани календарски денови“ – вели Ерон д-р П. Нилсон, шеф на невропсихологија во болницата „Brigham and Women’s“ во Бостон. Тој исто така е автор на водичот „Постигнување на оптимална меморија“, кој се изучува на медицинскиот смер на Харвард.rn

    Расеаност

    rnПроблем: Заборавате зошто сте влегле во некоја соба? Најверојатно сте расеани или пак предметот по кој сте тргнале не бил доволно важен за вашиот мозок да го регистрира како таков.rnrnРешение: „Визуелизирајте го она што го сакате пред да тргнете да го барате“. – вели Тен. Тој исто така препорачува предметите кои сте тргнале да ги барате да ги поврзувате со нешто познато. На пример доколку сакате да ги замените зимските алишта со летните од плакарот, замислете се себеси во костим за капење, како лежите покрај базен или на плажа. Со овој систем, задачата која си ја задавате станува многу поважна и полесна за помнење.rnrnКога заборавате да го визуелизирате она што го сакате и потоа си велите „Што барам во оваа соба?“, навратете се со мислите неколку чекори наназад. Ако и тогаш не успеете, пробајте да се сетите што сакавте пред да дојдете тука, со кого бевте и како се чувствувавте. Оваа препорака ја дава д-р Елизабет Едгерли, шеф на програмата во здружението за лица заболени од Алцхајмерова болест во Северна Каролина и во Северна Невада.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Губење секојдневни предмети

    rnПроблем: Не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, паричникот или пак билетот за воз, автобус и слично? Ова е типичен проблем со вниманието. Ги фрлате клучевите веднаш штом влезете дома додека размислувате на нешто сосема друго, како на пример да се облечете во нешто покомотно или да се измиете. По неколку часа, не можете да се сетите каде сте ги оставиле. Чинот на оставање на клучевите останува незабележителен бидејќи клучевите ги чувствувате како обичен предмет. Да е во прашање банкнота со поголема вредност, сигурно нема да заборавите каде сте ја оставиле. Доколку обичните работи не ги перцепирате како важни, меморијата брзо ќе ги изостави.rnrnРешение: Обрнете внимание кога оставате нешто и кажете си во себе или на глас, што во моментот правите. Пример: „Ги оставам клучевите во џебот на палтото“ или нешто слично. Константноста е уште подобра стратегија. „Доколку ги ставате клучевите во истиот сад секој ден, секогаш и тоа без грешка ќе знаете дека се таму“ вели Едгерли. „Добрата меморија често е поврзана со создавањето на добри навики“ – додава таа.rn

    Помнење зборови

    rnПроблем: Се обидувате да се сетите на збор, име на филм или книга, но не можете. Народски кажано, „на врв на јазик“ ви е, но не можете да го изговорите. „Ова е универзален проблем и се почесто се случува како што старееме“ – вели Едгерли. Исто така, потешко е да се потсетиме на некои информации доколку сме под стрес или доколку ни се вртат многу мисли во глава во исто време.rnrnРешение: Најпрво, опуштете се, на секого му се случува. Потоа вдишете длабоко и избистрете си го умот. „Голем непријател на меморијата е мултитаскингот“ – вели д-р Гери Смол, директор на центарот за стареење „UCLA“ и автор на книгата „Рецепт за меморијата“ (The Memory Prescription). Потоа на глас кажете како отприлика мислите дека е името на филмот или книгата, како на пример „Беше нешто поврзано со вода“ или „Почнуваше на буквата С“. Набројувањето на актерите или ликовите исто така може да ѝ помогне на меморијата.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Заборавање имиња на луѓе

    rnПроблем: Тешко ви е да ги запомните имињата на луѓето? Со сигурност не сте единствени. „Кога им предавам за превентивна меморија на возрасни лица, 90-95% од учесниците велат дека не се добри во помнењето имиња“ – вели Едглер. Проблем може да биде складирањето на информацијата (не сте обрнале внимание кога сте го запознале тоа лице), пребарувањето (не можете да се сетите на името) или комбинација од двете.rnrnРешение: Повеќето луѓе учат визуелно, што дава објаснување зошто ретко забораваат лица, а често имиња. Па затоа наредниот пат кога ќе запознаете некој нов човек, убаво запомнете го неговиот лик и повторете си го неговото име најмалку 3 пати. Потоа употребете го во некој разговор. На пример, ако човекот се вика Мики обратете му се „Па Мики, каде живееш ти?“.rn

    Извршување на секојдневни автоматски активности

    rnПроблем: Не можете да се сетите дали сте ја исклучиле ринглата, кафематот или пеглата? Кога правите некоја секојдневна автоматска активност, како што е исклучувањето на ринглата, всушност ја употребувате процедуралната меморија. Овој вид долготрајна меморија се употребува за преземање акции како што е возење велосипед, чукање на тастатура и слично. Бидејќи овие дејствија се повеќе механички отколку што се свесни, не сте целосно претпазливи за дејствието кое го правите.rnrnРешение: Најчесто, најверојатно вие ја гасите ринглата или пеглата. Но, доколку почнете често да се прашувате дали сте го направиле тоа или пак доколку навистина почнете да заборавате, тогаш обидете се да го запомните моментот кога го притискате копчето за исклучување. Кажете на глас „Рерната е исклучена“, „Пеглата е извадена од штекер“. Доколку ни така не ви успева да бидете сигурни и да запомните, инвестирајте во продукти кои автоматски се исклучуваат или оставете си потсетник покрај влезната врата. Потсетникот секогаш ќе ви паѓа во очи и ќе ви дава до знаење дека треба да проверите дали сте средиле сè пред да го напуштите домот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.