КАФЕ ПАУЗА

Tag: внуци

  • 10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителите

    10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителите

    Според истражувањата, бабите и дедовците кои редовно поминуваат време заедно со внуците, ја зголемуваат нивната благосостојба. Тие обично се обидуваат да им помогнат на родителите и да им го олеснат животот, но во реалноста, нивните постапки честопати само ги комплицираат работите. Погледнете кои се најчестите работи што водат до несогласувања помеѓу двете генерации.rn

    1. Ги критикуваат постапките на родителите

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnАвторитетот на родителите е основна алатка во процесот на воспитување на децата. Ниту една негативна изјава од бабата и дедото нема да им помогне на родителите да бидат добар пример за своето дете. Во најлоши случаи, може дури и сериозно да ја наруши довербата помеѓу нив.rn

    2. Купуваат непотребни играчки

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnРодителите многу добро знаат кои играчки ги имаат деца и кои навистина им се потребни. Покрај тоа, кога одбиваат да им купат сè што ќе посакаат, тие ги учат своите деца да ги ценат парите и да ги трошат мудро. Кога се мешаат во овој процес, бабите и дедовците му прават лоша услуга на детето.rn

    3. Објавуваат фотографии без дозвола

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnРодителите може да чувствуваат страв да им испратат фотографии од своите деца на нивните баби и дедовци затоа што тие честопати се појавуваат на Интернет. Постарата генерација не е многу запознаена со информатичката технологија, така што бабите и дедовците понекогаш не разбираат дека апсолутно секоја личност може да ги види тие фотографии. Можеби родителите едноставно не сакаат да споделуваат фотографии од својот приватен живот.rn

    4. Ги поддржуваат внуците за секоја ситница

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnЕдно истражување вели дека прекумерната пофалба може да доведе до недостаток на мотивација. Честопати, бабите и дедовците почнуваат да ги нагласуваат само добрите дела на своите внуци и ги охрабруваат непотребно. Но, таквото охрабрување може да ја убие желбата на детето да напредува.rn

    5. Наметнуваат свои правила

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnСпоред едно истражување, децата се многу подложни на влијанијата од надворешниот свет. Нивниот поглед на светот и нивните вредностите се многу наивни, па затоа е важно тие да се соочат со малку противречности. Кога родителите ги учат децата на една работа, а бабите и дедовците на друга, тоа води до несогласување што може да го комплицира процесот на учење.rn

    6. Тајно им даваат слатка храна

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnСпоред истражувањата, децата на возраст од 2 до 18 години треба да консумираат помалку од 6 лажички шеќер дневно. Обично, децата не се заинтересирани за резултатите од научните истражувања, така што родителите треба внимателно да ја следат нивната исхрана. Кога бабите и дедовците тајно им даваат слатка храна на своите внуци, тоа им претставува задоволство на децата, но во исто време, им нанесува голема штета врз нивното здравје.rn

    7. Им кажуваат на пријателите сè за своите внуци

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnЧестопати барате совет од вашите родители, дури и за воспитувањето на децата. Со нив можете да разговарате за многу интимни работи што не сакате да ги споделувате со странци. Кога родителите ќе откријат дека пријателите на бабите и дедовците не само што дознале за овие работи, туку и темелно разговарале за нив, обично многу се вознемируваат.rn

    8. Им купуваат смешна облека на внуците

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnМодата се менува толку брзо што понекогаш не знаете дали изгледате модерно според современите стандарди. Разликата во возраста помеѓу бабите и дедовците и внуците може да биде многу очигледна кога станува збор за изборот на облека. Родителите не сакаат да ја навредат постарата генерација, но во исто време, сакаат нивното дете да изгледа модерно. Таквата противречност ги става родителите во непријатна ситуација.rn

    9. Го занемаруваат времето за спиење

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnВо обид да ја придобијат љубовта на внуците, бабите и дедовците понекогаш може да им дозволат да си легнат доцна или да не се спијат по ручекот. Но, недостатокот на сон може да доведе до сериозни болести како што е дијабетес и да влијае на мозочната активност. Тоа е причината зошто родителите не сакаат некој да им дозволи на своите деца да го нарушат распоредот за спиење.rn

    10. Им дозволуваат на децата да гледаат телевизија цел ден

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnТелевизијата не е само средство за забава, туку за децата е и начин на запознавање со светот. Но, бабите и дедовците често забораваат на разумните граници. Според научниците, гледањето телевизија повеќе од 2 часа на ден може да доведе до висок крвен притисок кај децата.rnrnПогледнете ги овие прекрасни фотографии што ја покажуваат љубовта на бабите и дедовците кон внуците.

  • 15 работи што никој нема да ви ги каже кога ќе станете баба и дедо

    15 работи што никој нема да ви ги каже кога ќе станете баба и дедо

    Да имате внуци не е лесна задача што вклучува само играње и шетање во парк. Кога се замислувате како баба и дедо, веројатно замислувате дека постојано ќе добивате бакнежи и прегратки од вашите внуци. Но, постојат и многу други работи што никој нема да ви ги каже, а ова се некои од нив:rnrn15 работи што никој нема да ви ги каже кога ќе станете баба и дедоrnrn1. Ќе треба да останете во форма за да можете да го следите секој чекор на внуците.rnrn2. Ќе доживеете ново, неописливо чувство на гордост на вашите деца.rnrn3. Доаѓањето на вашите внуци ќе ве натера да размислите како вие ги одгледувавте своите деца.rnrn4. Вашите деца ќе ве гледаат со сосема други очи.rnrn5. Ќе мора да се придржувате кон правилата што ги поставуваат вашите деца, односно новите родители.rnrn6. Ќе мора да прифатите дека времињата се сменија и дека старите правила и совети за родителите веќе не важат.rnrn7. Не мора да се согласувате со сè и да бидете вклучени во апсолутно секоја минута од животот на вашите деца и внуци ако не сакате да го правите тоа.rnrn8. Ќе сакате да им раскажувате семејни приказни и сеќавања на вашите внуци.rnrn9. Новостекнатата улога ќе ве натера да размислите за сопственото детство и за предците.rnrn10. Ќе уживате во создавањето ритуали и традиции заедно со внуците.rnrn11. Несвесно ќе го приспособите вашиот дом според потребите на децата и ќе го претворите во игралиште.rnrn12. Постојано ќе бидете во искушение да купите нови работи и играчки за внуците, иако знаете дека не им се потребни.rnrn13. Ќе имате повеќе трпение и ќе бидете многу пофлексибилни со внуците отколку што бевте со сопствените деца.rnrn14. Оној момент кога ќе пораснат вашите внуци и ќе го напуштат својот дом, ќе биде исто толку тежок колку моментот кога вашите деца го направија тоа.rnrn15. Ќе започнете да цените потполно нови работи и моменти.rnrnПрочитајте кои се 9-те одлични здравствени придобивки од внуците.

  • Баба – една од најважните личности во животот на детето

    Баба – една од најважните личности во животот на детето

    Баба – колку топлина, добрина, нежност и љубов има во овој збор. Најубавите сеќавања се поврзани со нашите баби: безгрижните распусти, вкусните пити, одличните палачинки и уште многу пријатни и воодушевувачки нешта кои може да им ги понуди на своите внучиња оваа добра жена.rnrnrnrnАроматичен џем, миризлив чај, бајки за добра ноќ, безгранична љубов – кои асоцијации ги будат кај вас вашите баби? Сигурно, најдобрите!rnrnСите ги сакаме и почитуваме нашите баби. Но, најинтересно е тоа што внучињата понекогаш и потсетуваат на нив. Секако, овој факт е дури и докажан.rnrnСпоред научниците, бабата од мајчина страна има најголемо влијание врз животот на децата. Таа ги учи на основните правила од животот и несебично ги нуди своите љубов и внимание. Врската помеѓу бабата и внуците е една од најсилните и најдлабоките врски. Таа се формира на генетско ниво! Веќе одамна не е тајна дека нашите деца првенствено го наследуваат генетскиот материјал од нашите родители. Заради тоа, често може да ја забележите надворешната сличност.rnrnСтручњаците за генетски инженеринг кажуваат дека гените се пренесуваат кај нашите деца од бабите по мајчина линија! Секако, ова се генерализирани податоци, а во секое семејство, сè може да се случи на различни начини. Децата може да личат и на бабата по таткова линија.rnrnШто да се каже? Генетиката е многу сложена и непредвидлива наука. Родителите сами треба да сфатат која улога блиските роднини ја играат во судбината и природата на нивните деца. Според зборовите на стручните лица, дури и оние чувства што бабата ги доживеала во текот на бременоста, може да влијаат на развојот на внукот или внуката.rnrnНе заборавајте дека блиското сродство е комплексен и меѓусебно поврзан организам. Значи, нашите емоции, однесувања, добрите или лошите навики може заедно со гените да им се пренесат на нашите деца и внуци. Затоа е многу важно да им се обрати внимание на сопственото здравје и на сопствената психолошка состојба.rnrnКога си наштетуваме себеси, ненамерно им наштетуваме и на идните генерации. Размислете за тоа! Грижете се за себе и водете сметка за своето здравје – вашите внуци ќе ви бидат благодарни.rnrnВнимавајте на своите блиски, дајте им топлина, внимание и љубов, така сите околу вас ќе бидат среќни.rnrnМожеби сакате да се разнежните и со текстот за девојката која ја изненадила баба ѝ носејќи ја нејзината венчаница.

  • 9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

    9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

    Имањето деца е можеби искуството што најмногу го менува животот, но многу баби и дедовци тврдат дека имањето внуци е уште подобро. Сепак, кога сте баба или дедо, овде сте за сите добри моменти, а можете да ги избегнете досадните.rnrnМожете да им купувате слатки на внуците, а кога ќе станат хиперактивни да ги вратите кај родителите. Можете да ги прегрнувате и да ги сакате, но кога ќе дојде време за менување пелени, повторно да им ги дадете на родителите. Се разбира, многу баби и дедовци постојано им помагаат на родителите со внуците, а тоа пак има одлично влијание врз нивното здравје. Во продолжение, дознајте кои се придобивките од имањето внуци.rn

    1. Подобрен когнитивен перформанс

    rn9 одлични здравствени придобивки од имањето внуциrnrnИако внуците, особено помалите, можат да бидат вистински ментален напор, поминувањето време со нив може да ви го подобри когнитивниот перформанс. Според едно истражување од Националната медицинска библиотека во САД, жените во менопауза кои минувале еден ден неделно со нивните внуци, имале најдобар когнитивен перформанс за разлика од другите врснички. Доколку поминувате премногу време со внуците, тоа пак може да ја влоши вашата меморија и брзината на процесирање.rn

    2. Намален ризик од Алцхајмерова болест

    rn9 одлични здравствени придобивки од имањето внуциrnrnМинувањето време со внуците не само што ќе ја зачува острината на вашиот ум, туку ќе ви го намали и ризикот од Алцхајмеровата болест. Жените кои се грижат за нивните внуци имаат помали шанси да ја развијат болеста за разлика од другите.rn

    3. Намален ризик од депресија

    rn9 одлични здравствени придобивки од имањето внуциrnrnМногу баби и дедовци признаваат дека минувањето време со нивните внуци прави да се чувствуваат среќно. Врската помеѓу бабите и дедовците и нивните млади внуци има позитивно влијание и за внуците и за бабите и за дедовците. Колку е поблиска нивната врска, толку се посилни антидепресивните својства.rn

    4. Зголемување на енергијата

    rn9 одлични здравствени придобивки од имањето внуциrnrnИако внуците навистина можат да ве изморат, времето што го минувате со нив може да ве направи поактивни. Децата имаат толку многу енергија која е заразна, но тоа не значи дека нема да бидете преморени веднаш штом ќе си легнат.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Зошто бабата по мајка има поголемо влијание во вашиот живот за разлика од бабата по татко?

    Зошто бабата по мајка има поголемо влијание во вашиот живот за разлика од бабата по татко?

    Ако сте имале среќа да пораснете со вашата баба, вашите сеќавања од детството најверојатно се исполнети со чувство на сигурност и уживање. Но дали некогаш сте помислиле дека постои биолошка разлика помеѓу бабата по вашата мајка и бабата по вашиот татко? Ако им верувате на научниците, помеѓу внуците и бабата по мајка, покрај љубовта, постојат и уште неколку посебни врски.rnrnЗошто бабата по мајка има поголемо влијание во вашиот живот за разлика од бабата по татко?rn

    Неспорна генетика

    rnГените на некој начин претставуваат единици за наследување составени од ДНК. Генетичарите сметаат дека внуците делат 25% од нивната ДНК со нивните баби и дедовци. Гените се наследуваат и од бабата и од дедото, но најмногу од бабата по мајка. Според научниците, причината е тоа што нивните гени имаат поголемо влијание на потомците.rnrnСе верува дека тоа е поради врската по Х хромозомот. Имено, бабата по мајка им пренесува на децата 25% од Х хромозомот, додека бабата по татко пренесува еден Х хромозом кај женските внуци. Кај машките нема никакво пренесување на хромозоми. Па што значи ова за односот на внуците и родителите на таткото?rnrnПостојат повеќе теории, но повеќето научници веруваат дека станува збор за „татковска неизвесност“, односно мајката и нејзината мајка се 100% сигурни дека огледуваат нивно дете, додека татковците и нивните родители потсвесно не се целосно сигурни бидејќи тие не се на страната која учествува во раѓањето.rn

    Сосема поинаква блискост

    rnБабите по мајка се многу поблиски со нивните внуци, барем така сметаат научниците. Во многу семејства, бабата по мајка презема поголема одговорност за децата и минува повеќе време со нив. Тие вложуваат во нивните внуци и повеќе се грижат за нив.rn

    Единствена улога

    rnЕдно истражување покажало дека од сите родители на нашите родители, најприврзани сме со бабата по мајка бидејќи гените „прескокнуваат“ една генерација (на мајката и таткото). Па, можеби токму поради тоа подобро се сложувате со бабата и дедото, одошто со вашите родители.rnrnЗнаевте ли дека бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци?

  • 10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуци

    10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуци

    Децата обожаваат кога возрасните членови од семејството им обрнуваат внимание. Дури и ако немате свои деца, тоа не значи дека не можете да им бидете пример за одговорност на вашите внучиња, додека истовремено сте и нивниот најголем извор на забава. Пробајте да се пронајдете во следниве 10 знаци и дознајте дали вие сте омилената тетка на вашите внуци и внуки…rnrn10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуциrn

    1. Разговарате со нив како да се возрасни

    rnДецата обожаваат кога луѓето им се обраќаат како да се возрасни, а не како да се бебиња. Тоа што се мали и неискусни, не значи дека не се интелигентни. Вие го знаете тоа и секогаш разговарате со нив како со рамноправни членови на семејството.rn

    2. Им ги раскажувате срамните моменти од животот на нивните родители

    rnВие ги споделувате со вашите внуци сите незгоди кои нивните родители ги преживеале во основно училиште. Им покажувате фотографии од детството без да се плашите дека ќе ги исмејуваат вашите модни избори и фризури.rn

    3. Им подарувате совршени подароци

    rnНајдобрите тетки не ја прашуваат продавачката кој подарок е најсоодветен според возраста на детето. Тие внимателно ги слушаат желбите и интересите на нивните внучиња и одбираат подароци кои се совршени за нив, без разлика дали станува збор за некоја друштвена игра, книга или играчка.rn

    4. Ги носите на концертите на нивните омилени музичари или на спортски натпревари

    rnМожеби не сте големи љубители на музиката на Џастин Бибер, но тоа не значи дека не би купиле карти за неговиот концерт и не би им пружиле можност на вашите внуци да се забавуваат како никогаш дотогаш.rn

    5. Одбирате да се дружите со нив и покрај тоа што има и други возрасни

    rnНајдобрите тетки седат во друштво на нивните внучиња и разговараат за секојдневни работи, дури и тогаш кога има и други возрасни околу нив.rnrn10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуциrn

    6. Им помагате околу дотерувањето

    rnВие секогаш ги лакирате ноктите на вашите внуки и им ги давате најдобрите совети за да се ослободат од акните. Вашиот внук прво вас ве прашува дали ви се допаѓа неговиот избор на облека, па потоа сите останати бидејќи вие едноставно можете да разговарате за сѐ.rn

    7. Редовно им праќате разгледници од одмор

    rnНа овој начин им покажувате на вашите внучиња дека ви недостасуваат и покрај тоа што сте отишле на одмор. Притоа, вашите разгледници се директно упатени кон вашите внуци, а не кон целото семејство.rn

    8. Постојано контактирате на Фејсбук

    rnНајдобрите тетки ги имаат нивните внуци како пријатели на Фејсбук и постојано контактираат со нив, разменуваат слики, текстови и смешни видеа.rn

    9. Си праќате СМС пораки

    rnНе мора да ѝ се јавите на нивната мајка за да дознаете што се случува во животот на вашите внучиња. Го имате нивниот број на телефон и го користите секогаш кога ќе посакате.rn

    10. Им ги покажувате игрите од вашата младост

    rnТехнологијата е супер, но ваша должност е да ги запознаете вашите внучиња и со игрите од вашата младост како што се плочка, ластик, граница и слично. Има ли нешто подобро од забавна игра на отворено?rnrnПрочитајте ги и овие 11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели.

  • Истражувањата покажуваат: Бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци

    Истражувањата покажуваат: Бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци

    Вработувањето дадилка за да ги чува вашите деца додека сте на работа, не е баш добра идеја. Покрај тоа што ќе имате дополнителни финансиски трошоци, децата нема да ја добиваат потребната љубов. За среќа, сите ваши грижи може да исчезнат ако ги оставите најмалите во безбедноста на нивната баба. Можеби ќе помислите дека ова на бабите ќе им создава непотребен стрес или непријатни ситуации, но сепак, повеќето би биле воодушевени да поминуваат повеќе време со своите внуци. Тие може да им помогнат да бидат посреќни, повесели и поенергични. Поврзувањето со најмладата генерација во семејството носи чувство на гордост и среќа.rnrnИстражувањата покажуваат: Бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуциrn

    Внуците нудат ментални здравствени придобивки

    rnСе верува дека играњето со децата може да им го продолжи животниот век на бабите. Всушност, тоа може да игра важна позитивна улога во справувањето со болестите на мозокот. Додека тие поминуваат време со нивните внуци, всушност си помагаат во борбата против голем број проблеми со менталното здравје. Една интересна студија објавена во списанието Менопауза, открива дека бабите кои поминуваат време грижејќи се за своите внуци, покажуваат помал ризик од Алцхајмерова болест и други когнитивни пречки. rnrnЕден тест за Алцхајмерова болест спроведен на жени на возраст помеѓу 57 и 68 години, ги поддржува овие тврдења. Оние кои постигнале најголем број поени биле оние кои барем еднаш поминувале време со своите внуци. Исто така било согледано дека редовната социјална интеракција може да им помогне на старите луѓе да останат ментално здрави и смирени. Една студија објавена во Зборникот на Националната академија на науките, открила дека старите луѓе кои поминуваат време сами, без семејни интеракции, страдаат од 26% поголем ризик за смрт во период од седум години.rn

    Затворањето на генерацискиот јаз доведува до депресија

    rnДенес, во многу општества ширум светот, старите луѓе имаат тенденција да живеат сами или со нивните партнери, наместо да останат заедно во едно големо семејство. Додека тие не зависат од нивните деца економски или социјално, создаден е голем генерациски јаз помеѓу бабите и дедовците, родителите и децата. Помала е веројатноста кај старите лица да се појави депресија доколку создадат посилни врски со возрасните внуци. Истражувачите од Институтот за стареење во Бостон колеџот анализирале податоци од 700 баби, дедовци и внуци во период од 19 години. Тие откриле дека колку што постоела посилна врска помеѓу нив, толку била помала и депресијата.rnrnИстражувањата покажуваат: Бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуциrn

    Фактори што може да ви помогнат да создадете посилна врска

    rn

      rn011

    • Кога детето поминува повеќе време со неговите баба и дедо
    • rn011

    • Кога детето редовно контактира со бабата и дедото
    • rn011

    • Кога детето ги смета своите баба и дедо за огромна поддршка
    • rn

    rnЗаедно со внуците, исто така и на бабите и дедовците им е потребна поддршка. Доколку тие добијат материјална поддршка, тогаш дури е и поголема веројатноста да се ослободат од депресијата. Главниот истражувач, Сара Мурмен, смета дека колку повеќе бабите и дедовците разменуваат емоционална приврзаност и поддршка со своите внуци, толку подобро е нивното физичко и ментално здравје. Грижењето за внуците им помага на постарите лица да не бидат осамени, а со тоа индиректно се намалува веројатноста за депресија и прерана смрт. Силната и здрава врска има користи и за двете страни.rn

    Запаметете, таа е баба, а не дадилка!

    rnПремногу поминато време, сепак, не е добро. Бабите кои трошеле пет дена во неделата или повеќе, грижејќи се за своите внуци, покажале помали резултати на тестот за Алцхајмерова болест. Во вакви случаи децата може да им бидат проблем, особено доколку се немирни и непослушни. Секако, времето кое децата ќе го поминуваат со нивните баби и дедовци треба да биде прекрасно искуство и за двете страни, а не непријатно. Еве неколку идеи во кои бабите и дедовците може да уживаат со своите внуци:rn

      rn011

    • Прошетка во парк или природа
    • rn011

    • Заедничко читање книга
    • rn011

    • Запознавање со останатите членови на семејството
    • rn011

    • Посета на зоолошка градина
    • rn011

    • Практикување некое хоби
    • rn011

    • Кратко патување во друго место или град
    • rn

    rnКоја активност и да биде изберена, тоа би било прекрасно искуство. Доколку растојанието помеѓу нив е поголемо, тогаш често треба да користат телефонски јавувања, социјални мрежи, Скајп или друг вид комуникација кој ќе одржува силна врска помеѓу нив.

  • Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудите

    Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудите

    Запознајте ги Ана Мариа и Амброзио Лопез кои се заедно цели 60 години.rnrn(0) Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудитеrnrnТие денес имаат големо и пријателски расположено семејство, но некогаш морале да се борат за нивната љубов.rnrn(2) Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудитеrnrnАна Мариа и Амброзио се запознале во Рио де Жaнеиро во средината на 1950-тите години и веднаш се вљубиле. Но, семејството на Ана се противело на таа врска, бидејќи двајцата љубовници имале различна боја на кожата и потекнувале од различни општествени слоеви.rnrn(5) Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудитеrnrn(6) Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудитеrnrnНо, вљубената девојка и покрај противењето на нејзините родители, го спакувала куферот и заминала со својот сакан. Амброзио тогаш ѝ ветил дека засекогаш ќе бидат заедно.rnrn(1) Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудитеrnrnВо текот на 60-те години, тие одгледале две ќерки и пет внуци. Денес, сè уште се сакаат, исто како и првите денови од нивната љубов.rnrn(7) Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудите

  • Цитати коишто ја покажуваат приврзаноста на децата кон своите баба и дедо

    Цитати коишто ја покажуваат приврзаноста на децата кон своите баба и дедо

    Внуците се поврзани со своите баба и дедо на еден посебен начин. Кога родителите не се присутни, тука се бабите и дедовците да ја пружат својата љубов. Одгледувањето на втора генерација носи многу награди, меѓу коишто најголемата е одржувањето на семејството како целина. Спомените коишто ги носат внуците од моментите споделени со своите баба и дедо остануваат засекогаш. Бабите и дедовците се дел од нивните први осознавања за светот, притоа учејќи ги на вредни животни лекции.rnrnrnrnЗа тоа колку е важен овој однос зборуваат и некои од наведените цитати.rn

    „Нашите внуци нѐ прифаќаат онакви какви што сме, без прекорувања или желба да нѐ променат, онака како што никој во нашите животи досега не го направил тоа, ниту нашите родители, браќа и сестри, сопружници, пријатели, ниту пак нашите сопствени деца.“ – Рут Гуд

    rn

    „Нешто магично се случува кога родителите преминуваат во баби и дедовци. Нивниот став ‘парите не растат на дрво’ се менува како тоа да станува вистина.“ – Пол Линден

    rnrn

    „Внуците го пополнуваат просторот во вашето срце, оној што никогаш не сте знаеле дека е празен.“ – Непознат автор

    rn

    „Релацијата на бабите со своите внуци е едноставна. Бабите кратко критикуваат и долго љубат.“ – Непознат автор

    rnrn

    „Баба – прекрасна мајка со многу искуство.“ – Непознат автор

    rn

    „На младите им треба нешто стабилно за што ќе се држат – култура, чувство за своето минато, надеж за нивната иднина. Најмногу од сѐ, ним им треба она што нивните баба и дедо може да им го дадат.“ – Џеј Кеслер

    rnrn

    „Бабата и дедото се луѓе со сребро во косата и злато во срцето.“ – Непознат автор

    rnrn

    „Бабата и дедото се чудесна мешавина од смеа, грижливи постапки, преубави приказни и љубов.“ – Непознат автор

    rnА кој е вашиот омилен спомен од детството?

  • Зошто е супер да се биде тетка?

    Зошто е супер да се биде тетка?

    Доколку имате внуци од вашите браќа или сестри, тогаш знаете колку е супер да се биде тетка. Вие ја имате улогата на кул и забавна тетка која чувствува необјаснива потреба да ги размази своите внуци. Знаеме, и ве разбираме. Еве зошто велиме дека да се биде тетка е најубавата улога.rnrnЗошто е супер да се биде тетка?rn

    Купувате куп непотребни работи а никогаш не чувствувате дека парите ви одат залудно

    rnВашето внуче уште не може да оди, но вие сте ги одбрале најскапите минијатурни патики и никогаш не сте биле порадосни. Вие сте мајстор за купување на секакви нешта кои родителите не би му ги купиле на вашето внуче. Тука се нелогично скапите играчки на склопување, смоки и чипсови, чоколатца и што ли уште не.rn

    Секојдневно добивате неочекувани и слатки изливи на љубов

    rnБез никаква најава или причина вашето внуче ќе ве гушне, опсипе со бакнежи и прегратки и ќе ви каже колку ве сака. Некогаш и невербално со тоа што ненајавено ќе скокне на вас кога најмалку очекувате.rn

    Вие сте спасител на вашиот/ата брат/сестра

    rnОткако има дете, вашиот/ата брат/сестра ве гледа како спасител. Знаете да го изведете внучето на прошетка, да го чувате на некој саат или да го земете да преспие кај вас. Вашата сестра сега се крсти во вас и никогаш не ви била поблагодарна.rn

    Неизмерно многу сакате да ги размазите своите внуци

    rnИ не чувствувате потреба никому да му го објасните своето однесување. Едноставно е, вашите внуци ќе имаат сè што ќе посакаат.rn

    Може да им ги купите играчките кои ги сакаат без да се соочите со последиците

    rnВашиот внук сака сет малечки тапани, или гитара? Нема проблем, секако нема да бидете оние кои ќе ја слушаат галамата 24/7.rn

    Не ви пречи нивното плачење

    rnВо секој друга ситуација би посакале да се фрлите низ прозор, но ако плаче вашето внуче само сакате да го стопите во прегратка и да направите да му мине болката.rn

    Може да се однесувате незрело без некој да ве гледа попреку

    rnЈа изнесувате вашата внука во парк и може да се однесувате како дете – не дека сакате, туку мора да ја забавувате внуката. Вистината е дека бескрајно се забавувате и вие самите.rn

    Вашите внуци ве тренираат за вашата иднина

    rnДоколку сè уште немате деца, вашите внуци ќе ве научат на толку многу нешта. Прво, ќе ве истренираат да бидете психички поиздржливи.rn

    Во очите на вашите внуци секогаш ќе бидете кул

    rnШто ви е гајле што другите мислат за вас. За вашите внуци вие сте најкул личност на светот.rn

    Тие се причината поради која почесто се гледате со членовите на вашето семејство

    rnВашите внуци ве зближија повеќе, бидејќи без разлика колку сте зафатени или уморни, секогаш сакате да ги видите.rn

    Кај вас нема правила

    rnМоже да јадат сладолед во кревет во 10 часот.rn

    Секогаш можат да ве расположат

    rnКолку и да ви бил лош денот, колку и да сте под стрес, сè поминува кога сте со нив.