КАФЕ ПАУЗА

Tag: вложување

  • 16 знаци дека партнерот не вложува доволно труд

    16 знаци дека партнерот не вложува доволно труд

    Важно е да знаете дека не може секогаш двајцата да се вложувате еднакво во врската, а сето тоа зависи од ситуацијата низ којашто минувате. Сепак, ако постојат знаци што откриваат дека тој никогаш не се труди да балансира, можеби е време да ја преиспитате вашата врска. Еве како да откриете дали вашиот партнер не вложува доволно напори во врската.rnrn16 знаци дека партнерот не вложува доволно трудrn

    1. Вие сте единствената што прашува за него и за неговиот живот

    rnВие се интересирате за него, но тој не се интересира за вас.rn

    2. Тој вели „те сакам“ само откако вие ќе го кажете тоа

    rnИнаку, тој никогаш не го кажува тоа, ниту го покажува.rn

    3. Престанал да се обидува да ве импресионира

    rnНе ви дава комплименти, не флертува со вас и вложува минимални напори.rn

    4. Имате средба само ако тоа одговара во неговиот распоред

    rnТоа значи дека вие треба да го менувате вашиот распоред за да се вклопите во неговиот.rn

    5. Вие секогаш избирате и предлагате средби

    rnВие избирате каде ќе одите, а тој обично се жали на тоа цело време.rn

    6. Не сака да се дружи со вашите пријатели и со вашето семејство

    rnНе е ниту заинтересиран да изгради некаков однос со нив.rn

    7. Тој е себичен за време на сексот

    rnВе тера да ја завршите целата работа, додека вие ретко го добивате тоа што го заслужувате.rn

    8. Не се грижи за својот изглед

    rnДури и ако прославувате посебна пригода, тој не вложува напори.rn

    9. Понекогаш се однесува грубо кон вашите пријатели

    rnМожеби ќе забележите дека тој се однесува поинаку во споредба со тоа како се однесува кон вас кога сте сами. По некое време, може да почне да почне да се однесува грубо и кон вас.rn

    10. Никогаш не ви пишува прв

    rnТој остава вие да го продолжите разговорот.rn

    11. Не се сеќава на значајните датуми

    rnТој не се сеќава на настаните како што се родендени или годишнини, а можеби нема ни да ви подари подарок.rn

    12. Не ја плаќа секогаш сметката

    rnОбично очекува вие да бидете првата што ќе се фати за паричникот.rn

    13. Очекува од вас сами да направите сè

    rnНаместо да ви помогне во домашните обврски, тој очекува вие да ја завршите целата работа.rn

    14. Не споделува многу работи со вас

    rnБез разлика дали станува збор за простор во плакарот, за храната или за некои информации, тој ги задржува за себе. Секогаш сè е одвоено помеѓу вас двајцата.rn

    15. Постојано „заборава“ да ви каже нешто

    rnТоа би можело да биде за забавата на која ќе оди, за пријател за кој никогаш не сте слушнале или за расправијата што ја имал со неговиот шеф.rn

    16. Не покажува интерес за напредок на врската

    rnРетко споменува дека сака да живеете заедно или да стапите во брак и никогаш не забележувате знаци дека ќе останете заедно уште долго време.rnrnПрочитајте кои 10 постапки откриваат дека партнерот се грижи за вас.

  • За што треба секој хороскопски знак да почне да вложува повеќе труд?

    За што треба секој хороскопски знак да почне да вложува повеќе труд?

    Ако сакате да ги постигнете вашите цели, астрологијата ќе ви открие каде треба да се потрудите повеќе.rnrnЗа што треба секој хороскопски знак да почне да вложува повеќе труд?rn

    Овен

    rnТреба да вложите повеќе труд во откривањето на вашите внатрешни страсти.rn

    Бик

    rnТреба да вложите повеќе труд за да се поврзете со луѓето што најмногу ги сакате.rn

    Близнаци

    rnТреба да вложите повеќе труд за да можете да управувате со вашиот темперамент, со вашите стравови и со вашиот багаж.rn

    Рак

    rnТреба да вложите повеќе труд за да го прифатите вашето минато и да ја преземете контролата врз вашата иднина.rn

    Лав

    rnТреба да се потрудите да се сакате себеси повеќе.rn

    Девица

    rnТреба да вложите повеќе труд за остварување на вашите соништа.rn

    Вага

    rnТреба да вложите повеќе труд за да имате силна врска што ве исполнува.rn

    Скорпија

    rnТреба да вложите повеќе труд за повторно да ја откриете вашата безгрижна страна.rn

    Стрелец

    rnТреба да вложите повеќе труд за да се ослободите од стресот и да водите сметка за целокупното ментално здравје.rn

    Јарец

    rnТреба да вложите повеќе труд во подготовките за вашата блиска и далечна иднина.rn

    Водолија

    rnТреба да вложите повеќе труд за да развиете посилно чувство за себе.rn

    Риби

    rnТреба да вложите повеќе труд за да бидете подготвени за промени и за нови искуства.rnrnПрочитајте зошто секој хороскопски знак треба да размислува позитивно.

  • 8 едноставни начини да покажете дека навистина се трудите во вашата врска

    8 едноставни начини да покажете дека навистина се трудите во вашата врска

    Романтичните врски не треба да бидат монотони, но кога се работи за подолга врска тогаш монотонијата може да тропне на врата. Кога чувствувате дека не вложувате голем труд во вашата врска како на почетокот, време е да преземете нешто. Бидејќи за таа да биде успешна потребно е подеднакво вложување од двајцата партнери. Па, како да покажете дека навистина се трудите?rnrn8 едноставни начини како да вложите напор во вашата врскаrnrn

    1. Нека ви биде приоритет

    rnОва е посебно важно ако комуникацијата му е неопходна на вашиот партнер. Секогаш известувајте го каде сте, дури и кога не прашува. Прашајте го за неговиот ден. Раскажете го вашиот ден. Насмејте го. Пишете му доколку сте зафатени и кажете му дека ќе го побарате после работа.rn

    2. Одвојте време за да го/ја видите

    rnЗа ова нема изговори – ако навистина го/ја сакате, би поминале и илјадници километри за да ги видите. Дури и ако имате само три часа на располагање, со вистинската личност тоа е и повеќе од доволно.rn

    3. Рачно напишаните писма никогаш нема да излезат од мода

    rnВо времето кога технологијата владее, нема ништо поромантично од изјавувањето љубов на лист хартија.rn

    4. Вашето целосно време и внимание е најдоброто нешто што можете да му/ѝ го дадете

    rnСкапите подароци или вечери не се секогаш еднакви на вложениот труд. Некогаш, наједноставно е да го оставите телефонот и целосно да се фокусирате на партнерот. Тоа ќе направи да почувствува дека сакате да го разберете и да се грижите за него.rn

    5. Планирајте ги вашите состаноци

    rnНе мора да биде ништо скапо, но изненадете го/ја со состанок. Љубовта е несебична, па направете му/ѝ го денот убав и исполнет и нека се почувствува сакано како никогаш претходно.rn

    6. Разговарајте со партнерот

    rnТој/таа би требало да е вашиот најдобар пријател и партнер за цел живот. Имајте здрави дебати со на најразлични теми. Оставете го/ја да зборува за своите пасии. Нема ништо како човек кој зборува за работите што ги сака.rn

    7. Кажете му/ѝ колку ви значи и колку го/ја обожавате

    rnНема нешто поедноставно од искажувањето на овие емоции. Дури и ако вашиот главен љубовен јазик не е исполнет со афирмативни зборови, секој би сакал да биде потсетен колку е важен и ценет во вашиот живот.rn

    8. Никогаш не прекинувајте да бидете романтични, дури и кога е ваш/а

    rnЖивееме во ера на удобности и многу е лесно да се почувствувате задоволни во врската, но удобноста го убива напорот. Не престанувајте да вложувате напор и продолжете да бидете нежни и наклонети. Бидете горди на него/неа и секому покажете ги.rnrnПрочитајте и кои се знаците што покажуваат дека довербата во вашата врска е силна.

  • 10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требале

    10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требале

    Постојаното вложување во бракот е задолжително за тој да биде успешен, но потребно е да препознаете во кои случаи трудот ќе ви се исплати, а кога не. Така, голем проблем може да се јави доколку вие премногу се трудите околу партнерот, а тој не ви возвраќа со иста мера.rnrnЛуѓето, честопати мислат дека можат да го променат својот партнер доколку му дадат премногу од себе, но овој метод ретко кога успева. Наместо тоа, треба да ги препознаете потребите на вашиот партнер или едноставно да го прашате и да му го понудите она што навистина му е потребно од вас. Се разбира, и тој/таа треба да го стори истото за вас. Во продолжение, погледнете како да препознаете дали премногу се залагате за вашиот брак и како со тоа можете да си наштетите себеси.rn

    #1

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnАко вложувате преголем дел од себеси во врската и вашето тело ќе почне да го чувствува тоа. Набрзо, и тоа ќе се умори, а вие ќе започнете да ја губите емоционалната стабилност и ќе станете „емотивен вампир“.rn

    #2

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnАко некој не сака да вложи труд во вашиот однос, нема да сака да ве запознае со неговите или нејзините важни личности во животот. Нема да поминувате време со родителите, пријателите и роднините на вашиот партнер. Нема да ги споделува важните настани од животот и нема да прави планови со вас.rn

    #3

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnСите имаме обврски, но компромисот е клучот за среќна врска. Ако некој сака да ве види, ќе пронајде време да ве вклопи во својот распоред. Доколку вие наоѓате време, а вашиот партнер не, тоа значи дека тоа не му е доволно важно.rn

    #4

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnДоколку сте во врска со емотивно незрела личност, таа ќе очекува сè да правите вие – да го чистите секој настанат неред и да го решавате секој конфликт, наместо нив.rn

    #5

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnСите ние правиме грешки, но треба да останеме отворени за критика и да го чуеме туѓото мислење. Доколку вашиот партнер направил нешто погрешно и во текот на разговорот зазема одбранбен став, тоа значи дека ве зема здраво за готово и нема ни да се потруди да ја поправи својата грешка.rn

    #6

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnДоколку партнерот не ве слуша и секогаш ја префрла сета вина на ваша страна, тоа значи дека тоа не е вистинската личност за вас. Борете се за „своето јас“ и не му дозволувајте на никој да си поигрува со вашите емоции.rn

    #7

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnБез разлика дали станува збор за поминување повеќе време заедно, дружење со вашето семејство или пријатели, тој/таа секогаш ве одбива, под изговор дека има некоја друга, побитна работа. Во овој случај, морате да поразговарате сериозно со партнерот и да бидете искрени со себе – дали само вие вложувате во успехот на вашиот брак?!rn

    #8

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnДоколку секогаш вие сте тие коишто правите планови за вас двајца, а партнерот не покажува интерес за поминување квалитетно време заедно или не збори за вашата иднина, тоа значи дека само вие се грижите за опстанокот на вашата врска.rn

    #9

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnДоколку секогаш сакате очајно да го видите вашиот партнер, додека тој е зафатен со други нешта, тоа значи дека не му е грижа како вие се чувствувате во таа врска.rn

    #10

    rn10 јасни знаци дека вложувате во бракот повеќе одошто би требалеrnrnДоколку партнерот никогаш не ве изненадува, никогаш не иницира разговор, не ви пожелува среќа за битните работи во вашиот живот и продолжува нормално да функционира во своето секојдневие, дури и кога вие имате проблеми, тогаш таа врска е многу штетна за вас.rnrnПрочитајте ги и овие 14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во брак.

  • Престанете да се борите за односот во кој вложувате само вие

    Престанете да се борите за односот во кој вложувате само вие

    Во човековата природа е да сакате да се борите за она за што се грижите. Но, покрај тоа што постојат многу луѓе кои се вредни за борба, постојат и такви коишто не заслужуваат. Иако можеби не очекувате ништо за возврат, сепак, треба да бидете внимателни колку вложувате во односите со другите. Некои работи едноставно не зависат од вас и не можете да влијаете на каков било начин, па подобро е да ги прифатите и притоа разумно да ги донесувате своите одлуки. Еве на што да внимавате.rnrnПрестанете да се борите за односот во кој вложувате само виеrn

    1. Престанете да се обидувате да промените некој кој не сака да се промени

    rnБез разлика колку и да се обидувате, доколку една личност не сака да се промени себеси и своите ставови, тогаш вашите обиди се залудни. Сигурно вие сакате да го направите тоа со добри намери, но доколку тоа не е прифатено од другата страна, треба да се откажете.rn

    2. Престанете да му давате шанса на некој кој го злоупотребува вашето простување

    rnДали сте биле повредени, па, покрај сѐ сте се решиле да им простите на тие луѓе? Човечки и исправно е да се простува, но секогаш постојат одредени граници и за тоа. Речиси секој заслужува втора шанса, но доколку некој заборави на минатото и покрај сѐ повторно го злоупотребува вашето простување, тогаш време е да сфатите дека таа личност не заслужува ништо повеќе од ваша страна.rn

    3. Престанете да се враќате на местото од каде што побегнало вашето срце

    rnПонекогаш тешко е да се контролираат чувствата, па многу личности се враќаат на своето минато. Но, која е целта? Еднаш веќе имало причина што сте се разделиле и вашето срце решило да го заборави минатото. Затоа, не отворајте стари рани, придобивките речиси и не постојат.rn

    4. Престанете да верувате во зборовите и постапките на некои луѓе

    rnСо текот на времето сфаќате колку вистина се крие во зборовите и постапките на некои луѓе. Тие може да ви зборуваат со часови и да ви ветуваат различни работи, но доколку веќе сте сфатиле дека тоа се само празни реченици, тогаш сигурно во иднина нема ништо да се промени.rnrnПрестанете да се борите за односот во кој вложувате само виеrn

    5. Престанете да давате сѐ од себе на некој кој ни малку не ви враќа на тоа

    rnПозната ли ви е ситуацијата кога постојано давате максимум од себе и правите работите да бидат во најдобар ред, а притоа другата страна е индиферентна кон ова? Доколку се пронаоѓате, тогаш време е да ја заборавите оваа своја навика. Погледнете појасно на работите и обидете се што е можно побргу да се оддалечите од овие личности кои само ви ја црпат енергијата.rn

    6. Престанете да се борите за односот во кој се борите самите

    rnМожеби ја сакате таа личност и сакате да направите сѐ што е во ваша моќ за да ја задржите покрај себе, па притоа се борите на секаков начин. Но, тоа не е вистинското решение. Еден однос треба да се заснова на меѓусебно давање и почитување. Доколку само едната страна е онаа која вложува, тогаш тој однос не заслужува внимание.rn

    7. Престанете да го кршите вашето срце

    rnТреба да сфатите дека вие сте најважната личност и дека не треба да правите работи кои не ви носат ништо корисно. Зошто постојано да се навраќате на спомените кои ве повредуваат? Погледнете напред, иднината има да понуди многу поубави работи отколку што тоа го може минатото!

  • 3 пара чевли во кои вреди да вложите пари оваа есен

    3 пара чевли во кои вреди да вложите пари оваа есен

    Во чевлите, исто како и во врските, вложуваме доколку сме сигурни дека ќе траат. Меѓутоа, многу е тешко да се најдат удобни, модерни и финансиски прифатливи обувки кои истовремено ќе бидат и квалитетни. Денес ви предложуваме три пара кои со сигурност ќе ви траат, а можете да ги носите со различни комбинации…rn

    1. Кратки чизми во неутрална боја

    rnОвие чизми со сигурност ќе ви прилегаат со секоја модна комбинација. За да изгледате поелегантно, можете да изберете чизми на штикла, но таа не мора да биде тенка и неудобна. Одлучете се за штикли кои ќе ви одговараат на ногата и во кои ќе ви биде пријатно.rnrnТри пара чевли во кои вреди да вложите пари оваа есенrn

    2. Балетанки

    rnБалетанките се совршен избор за на работа, затоа што ви ја нудат потребната удобност, додека истовремено со нив можете и лесно да одите и да ги извршувате напорните задачи. Исто така ако по завршувањето на работното време сакате да се наградите себеси со одење во некое кафуле, балетанките совршено ќе се вклопат во таа весела атмосфера!rnrnТри пара чевли во кои вреди да вложите пари оваа есенrn

    3. Штикли со каиш

    rnДоколку вложите пари во штикли со каиш, ќе бидете сигурни дека секогаш ќе сте стабилни. На овој начин ќе го избегнете лизгањето на стапалата што е особено важно доколку не сте вешти во одењето на високи потпетици.rnrnТри пара чевли во кои вреди да вложите пари оваа есен

  • 4 ситуации во кои љубовта едноставно не е доволна

    4 ситуации во кои љубовта едноставно не е доволна

    Повеќето од нас пораснале со приказните дека љубовта може да ги победи сите неволји и дека кога постојат чувства ништо друго не е важно. Меѓутоа, реалноста е многу поинаква. Секако дека постојат среќни краеви, на факт е дека потребно е да се вложат многу други работи покрај љубовта за една врска да може да потрае. Ова се неколкуте ситуации во кои љубовта едноставно не е доволна…rnrn4 ситуации во кои љубовта не е доволнаrn

    1. Ве сака, но не може да ви биде верен

    rnИако тој цело време ви се враќа и тврди дека навистина ве сака, едноставно не може да одолее на неверствата! Верувале или не, многу е веројатно дека тој не лаже кога ве уверува дека она што го чувствува е љубов, но некои луѓе едноставно не можат да бидат верни на една личност. Без оглед на тоа што ви ветува и се колне во неговата љубов, најдобро е да ставите крај, затоа што кога еднаш ќе се наруши довербата во врската, не постои спас.rn

    2. Сакате различни работи

    rnТој сака семејство и свадба што поскоро, а за вас тоа претставува далечна иднина. Тој сака да живеете во странство, но вие би сакале да останете дома каде што ви се сите блиски и каде што можете да го работите она што го сакате. За жал, љубовта не е решение кога партнерите навистина посакуваат различни работи. Иако постојат компромиси, тешко е дека тие ќе ги задоволат сите ваши потреби.rnrn4 ситуации во кои љубовта не е доволнаrn

    3. Неговото или вашето семејство е против вашата врска

    rnКолку и да инсистирате дека надворешните влијанија и туѓите мислења не се важни и дека најважно е што се сакате, вистината е сосема поинаква! Мислењето на вашите родители и на луѓето кои се грижат за вас и тоа како е важно! Без поддршката од вашите најблиски, тешко дека вашата врска ќе успее. Да не се лажеме, вашиот сакан не е принц од бајките, а вашите најблиски ви се потребни како за поддршка, така и за совет и нормално функционирање.rn

    4. Кога тој е премногу млад или стар

    rnИако можеби ќе чуете дека љубовта не знае за години, треба да се соочите со реалноста и да признаете дека не треба да се оди во крајности! Без разлика колку се сакате, премногу несериозно момче сигурно нема да ги исполни сите ваши очекувања, исто како што премногу постар партнер постојано ќе ве кочи. Секако дека годините не треба да бидат главен критериум, но бидете реални и не дозволувајте поради одредени чувства да стагнирате во животот и да бидете несреќни.

  • Еден и едноставен клуч за среќна љубовна врска

    Еден и едноставен клуч за среќна љубовна врска

    Поголемиот дел од оние кои се во врска сакаат да знаат што можат да направат за да го подобрат својот однос со партнерот. Сите тие тежнеат кон личност која ќе направи да се чувствуваат вредно, но сепак остануваат во врска каде што не го добиваат тоа. Зарем е прифатливо да сте со личност која не прави да се чувствувате на овој начин? Дури и ако се надевате дека со тек на време нештата ќе се сменат?rnrnЕден и едноставен клуч за среќна љубовна врскаrnrnНе. Основата на секоја врска е љубовта. Но, паралелно со неа треба да чувствувате и ценење, почит, доверба, привлечност… Сите овие емоции треба да бидат взаемни и да предизвикуваат и двајцата да се чувствувате дека вредите. Доколку не ги добивате овие нешта во врската, тогаш зошто сè уште сте во неа? Размислете како сте се однесувале на почетокот. Дали сè уште ги правите истите мали нешта кои ги правевте тогаш? Ако не, зошто?rnrnМалите нешта кои ги правите во врската најчесто се иницијатори на поголемите, бидејќи тие покажуваат дека сте подготвени да се потрудите за вашиот соиграч без која било друга причина освен вашата желба да ја направите оваа личност посреќна. Вам не треба да ви бидат потребни посебни прилики или дата на календарот со цел да ја искажете вашата љубов. Сè што ви е потребно е само љубовта. Или посреќна врска. Токму затоа секојдневно одвојувајте малку време со цел да направите нешто мало што ќе му покаже на вашиот партнер дека се грижите и го/ја цените.rnrnЖивеењето во денешно време е тешко, нештата знаат да станат хаотични и да избегаат од контрола, но постојаниот напор е оној кој ќе ја одржува вашата врска цврста. Вие двајцата заедно треба да се борите против сите предизвици кои ќе ви излезат на патот. Среќните врски не траат доколку никој не се труди. Имајќи го тоа на ум, не мора да правите големи нешта. Доволни се само 30 секунди да му/ѝ испратите порака која ќе го/ја насмее. Не се потребни пари за да го/ја бакнете на средината од неговата/нејзината реченица. Дали сè уште го/ја прегрнувате кога шетате? И мажите и жените имаат своја одговорност. Доколку некој не ги исполнува вашите стандарди за начинот на кој сметате дека треба да се однесува кон вас во врската, тогаш мора да го кажете тоа јасно и гласно со цел да можете да разговарате и да ги подобрите нештата.rnrnВие можеби не го сфаќате тоа сега, но да се биде неутрален или генерално апатичен во врската исто така може да доведе до негативни резултати. Дури и кога несвесно го правите тоа, ако не се чувствувате посакувано може да биде исто како и да се чувствувате непосакувано. Слободно поставете си повисоки стандарди. Доколку вашата врска почне одлично, но по некое време вашиот партнер почне поинаку да се однесува кон вас, тоа не значи дека се променил туку дека едноставно го открил својот вистински лик. И секако, доколку не вложувате труд секојдневно да правите тој или таа да се чувствува посебно, тогаш врската без сомнение ќе има негативен исход. Животот е премногу краток да се помине покрај личност која не ве цени.

  • Одлични совети за бракот од еден разведен маж

    Одлични совети за бракот од еден разведен маж

    Бракот бара многу труд, вложување и посветување, но тоа е лекција која многумина ја научуваат прекасно. Таков е случајот и со Џералд Роџерс, мотивацискиот говорник кој во јули оваа година се разведе. Непосредно потоа на Фејсбук призна дека можел да промени многу работи и да го спаси својот брак. Неговиот статус, во кој споделува и низа совети за подобар брак, за кус рок собрал 4.000 лајкови и повеќе од 100.000 споделувања на Фејсбук.rnrnОдлични совети за бракот од еден разведен мажrnrn rn

    „Очигледно не сум експерт за врски, но откако ми се случи разводот, почнав да ги гледам работите на поинаков начин и увидов кои работи сум можел да ги променам. Откако ја изгубив жената што ја сакам и со која бев во брак 16 години, ова можам да ве посоветувам.“ – напишал тој на својот профил.

    rn1. Никогаш не прекинувајте да си се додворувате. Никогаш не прекинувајте да се однесувате како да сте на состанок. Никогаш не доживувајте ја вашата жена здраво за готово. Кога ја запросувавте, ветивте дека ќе бидете мажот кој ќе се грижи за нејзиното срце. Таа ве одбрала вас. Тоа никогаш не треба да го заборавите и не бидете мрзеливи кога станува збор за љубовта.rnrn2. Чувајте го вашето срце. Баш како што треба да бидете внимателен со нејзиното срце, и за своето морате да се грижите постојано да го има истиот жар. Сакајте се себеси, сакајте го светот, но во тоа посебно место во вашето срце нека има простор само за вашата сопруга. Секогаш нека биде спремно да ја прими само неа и никоја друга.rnrn3. Заљубувајте се постојано. Константно се менуваме и не сме истите луѓе кои сме биле кога сме се впуштиле во бракот, а за пет години од сега нема да бидете истиот човек кој сте денеска. Промените постојано ќе се случуваат, па затоа морате постојано да се борите за нејзината љубов.rnrn4. Секогаш гледајте го најдоброто во неа. Фокусирајте се на она што го сакате. Доколку се фокусирате на она што ви пречи, сѐ почесто ќе го забележувате. Затоа фокусирајте се на љубовта.rnrn5. Не е ваша работа да ја менувате или да ја доведувате во ред. Ваша работа е да ја сакате каква што е и да не очекувате таа да се менува. Доколку таа се промени, сакајте ја каква што е, без оглед што не е како што вие сте очекувале.rnrn6. Одговорни сте за вашите емоции. На вашата сопруга не ѝ е работа да се обидува да ве прави среќен. Вие самите треба да ја пронајдете среќата, а паралелно со тоа, вашата среќа и радост ќе се одрази и на врската.rnrnОдлични совети за бракот од еден разведен мажrnrn7. Никогаш не обвинувајте ја сопругата доколку ве разлути, бидејќи тоа е до вас, не до неа. Вашите емоции се ваша работа. Сами треба да заклучите што е тоа што ве налутило и смирено да се потрудите тоа да биде средено. Оваа жена вас ве привлекла поради тоа што од вас може да ги извади и позитивните и негативните емоции.rnrn8. Пуштете ја вашата жена да биде тоа што е. Кога е тажна и вознемирена, не е ваша работа со сила да ја расположите. Само бидете тука за неа и дадете ѝ до знаење дека сѐ ќе биде во ред. Нека биде свесна дека вие сте човекот на кој може да се потпре и дека не бегате кога таа не е расположена. Слушнете го она што се крие зад нејзините зборови и емоции.rnrn9. Не доживувајте сè што ви се случува премногу сериозно. Смејте се. Засмејувајте ја, бидејќи насмевката прави сѐ да биде полесно.rnrn10. Секојдневно исполнувајте ѝ ја душата. Научете го нејзиниот јазик на љубовта и дознајте што прави таа да се чувствува важно, вредно и сакано. Нека направи листа со 10 работи поради кои се чувствува сакано и запомнете го. Правете да се чувствува како кралица, секој ден.rnrn11. Бидете присутни. Не посветувајте ѝ го само вашето време, туку и вашето внимание. Кога сте со неа, навистина бидете со неа.rnrn12. Сексот е многу важен. Таа мора да ја почувствува вашата машка присутност и сила. Таа мора да се почувствува женствено за да може во целост да ви верува.rnrn13. Не бидете идиот, но и не плашете се да станете. Ќе грешите, но и таа ќе греши. Не правете премногу грешки, но и учете од нив. Никој не вели дека треба да бидете совршен, но не бидете и глупав.rnrn14. Оставете ѝ простор. Понекогаш на жените им е потребно време само за себе, особено доколку имате деца. На секоја жена ѝ е потребно тоа слободно време за да се пронајде, откако целото свое време го изгубила грижејќи се за сите освен за себе.rnrnОдлични совети за бракот од еден разведен мажrnrn15. Бидете ранливи. Не мора секогаш сѐ да имате под контрола. Споделувајте ги вашите стравови и чувства со неа.rnrn16. Бидете транспарентни. Доколку сакате да има доверба во вас, морате да споделувате сѐ со неа. Симнете ја маската. Ако постојано внимавате пред неа да се претставувате во совршено светло, никогаш нема да искусите вистинска љубов.rnrn17. Секогаш растете заедно. Исто како и кај мускулите, така и во врската, доколку не работите на неа, ќе тапкате во место. Пронајдете ги вашите заеднички цели, соништа и идеи и работете заедно на нив.rnrn18. Не грижете се за пари. Парите се игра и морате да пронајдете начин како со заеднички напори да победите.rnrn19. Опростувајте и бидете фокусирани на иднината, а не на она што можело да се случи во минатото. Не бидете заложник на историјата. Опростувањето е слобода.rnrn20. Секогаш одбирајте ја љубовта. Секогаш одбирајте ја љубовта. Секогаш одбирајте ја љубовта. На крајот на краиштата, ова е единствениот совет кој ви е вистински потребен. Доколку ова е ваш водечки принцип кој влијае на сите ваши одлуки, на вашиот брак нема да му фали ништо. Бракот не е како бајка. На него морате да работите и да бидете посветени на заедничкото растење и да инвестирате во создавањето на заеднички живот. Со работата доаѓа и среќата. Бракот е како животот, има подеми и падови, кои морате да ги прифатите и врз нив да го градите вашиот однос.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го подобрите впечатокот кој луѓето го имаат за вас?

    Како да го подобрите впечатокот кој луѓето го имаат за вас?

    Автор: Горана КоневскаrnrnВо човечката природа е секој да посакува да остави добар впечаток кај другите, луѓето да имаат позитивна перцепција за него или да биде одличен пример за останатите и да биде запаметен како позитивна личност. Еве неколку совети кои ќе ве направат попопуларни меѓу пријателите и ќе ви помогнат при оставање одличен впечаток кај соговорниците.rnrnКако да станете впечатлива личностrnrnБидете заинтересирани за случувањата во животот на соговорникот. Секој сака да зборува за себе, за работите кои го тангираат во секојдневието, без разлика дали станува збор за личниот или за деловниот живот. Кога покажувате интерес за личноста со која разговарате преку прашања и теми поврзани лично со нејзе, вие директно покажувате дека ја почитувате, дека работите кои ѝ се случуваат ви се битни, а со тоа му создавате на соговорникот чувство дека ви е важен.rnrnНаучете активно да слушате. Никој не сака да биде прекинат додека зборува. Активното слушање ви овозможува постигнување поголемо почитување кај соговорничката страна, како и време во кое можете внимателно да размислите за тоа што се говори, без притоа да ја следите само сопствената мисла. На крајот, можеби ќе соберете повеќе информации или ќе го промените своето мислење кога соговорникот ќе ја постигне својата поента. Не претпоставувајте дека знаете што точно соговорникот сака да каже. Активно и внимателно слушајте и ќе станете еден од најдобрите соговорници.rnrnБидете свои, бидете искрени. Искреноста е една од карактеристиките што секој човек многу ја цени кај другите. Дури и да сте погрешиле или нешто да не знаете во моментот кога сте прашани, искрената реакција нема да наиде на осудување. На осудување може да наиде обидот за прикривање или глумата. Бидете искрени. Бидете свои. Никој не сака луѓе кои копираат или кои немаат свое мислење и свој став. Вашиот уникатен став и јасното изразување на мислењето без напад на соговорничката страна, како и искрениот пристап, ќе ве направи личност со која секој сака да соработува и да се дружи.rnrnКако да станете впечатлива личностrnrnПоставете добар пример. Луѓето се воодушевуваат на добрите примери на кои потајно посакуваат да се огледаат. Една од карактеристиките на луѓето кои претставуваат добар пример за другите е позитивниот дух. Да се гази цврсто на земја, да се биде реалистичен и притоа да се задржи позитивниот дух и енергичноста е исклучително важно. Никој не ги сака намуртените личности околу себе, а од друга страна секогаш сакаме да бидеме во присуство на луѓе кои ни влеваат позитивна енергија и кои дури и во тешките моменти знаат дека „ќе дојдат и подобри времиња“ и дека „во секое зло има и добро“.rnrnИсто така, во се што работите вложувајте го својот максимум. Работата завршувајте ја со љубов, без разлика дали станува збор за готвење, работа на шалтер, фризерски салон и слично. Вашите клиенти секогаш ќе бидат задоволни, а верувајте дека и кај вашите претпоставени тоа нема да остане незабележано, така што напредокот ќе биде гарантиран.rnrnБидете дарежливи во однос на парите и времето. Дарежливите луѓе се посреќни, поисполнети, поздрави и позадоволни од другите. Дарежливоста, во секого предизвикува чувство дека е важен и дека со своите добри дела може да направи макар и мала промена во животот на другите. Тука не се мисли само на финансиска помош за некое лице кое има потреба од тоа, туку и за волонтирање во непрофитна организација, одвојување на дел од своето време за помош на пријател, сосед, постаро лице или за други слични цели.rnrnВложувајте во она во кое верувате. Многу успешни и влијателни луѓе делат исти карактеристики: напорно работење, добри идеи, солидна едукација и голема социјализација. Направете шема за оние работи кои се важни за вас и постојано надградувајте се себеси. Вложувајте ја својата енергија за работите во кои верувате и кои ги посакувате, за да ги постигнете своите цели. Никој не ги цени луѓето кои лутаат, кои не знаат што сакаат и кои се недефинирани, затоа поставете си цели и работете да ги остварите.rnrnСигурно постојат личности на кои во овој момент можете да се сетите, а кои ви претставуваат добар пример. Тоа може да биде родител, пријател, писател, бизнис лидер или друга личност која е дел од вашиот живот. Но, во истовреме, постојат луѓе околу вас кои претставуваат и негативни примери. Можеби вашиот шеф кој никогаш не е тука за да поразговарате за некој проблем, вашиот пријател кој никогаш не ве сослушува, вашиот комшија кој секогаш наоѓа причина за да ви префрли нешто или вашиот колега кој секогаш е негативен.rnrnОбидете се и од нив да научите нешто – на пример како не треба да се однесувате ако сакате да постигнете ниво на забележителна личност на која сите ѝ се воодушевуваат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.