„Мора да дозволиме да бидеме сакани од страна на луѓето кои навистина нѐ сакаат, кои навистина ни значат. Поголемиот дел од времето сме заслепени од потрагата по луѓето кои сакаме да нѐ сакаат, луѓето кои се безначајни, додека оние кои навистина нѐ љубат, стојат на тротоар и нѐ гледаат како просиме на улица! Време е да ставиме крај на ова. Време е да дозволиме да бидеме сакани.“ – Џојбел
rnЕдно од најволшебните чувства што ги доживуваме во животот е љубовта. Без разлика колку пати сме биле повредени, не можеме да ја спречиме оваа појава. Станува збор за прекрасно чувство што ни помага да сонуваме, ни дава енергија да живееме, но и ни го комплицира животот. Без оглед на тоа колкав успех ќе постигнеме во животот, нашата среќа останува нецелосна кога љубовта не ни е возвратена.rnrn
rnrnЖивотот не е секогаш праведен, а психата на човечките суштества е многу комплексна. Во свет полн со негативности, лажни емоции и измами, најтешко е да се најде вистинска љубов. Но, како можеме да бидеме сигурни дека сме го нашле вистинскиот човек за нас? Можеби мислите дека ова претставува невозможна мисија, но постои многу едноставно решение што сигурно ќе ви помогне.rnrnСѐ што треба да го прашате партнерот е следново: „Дали ме сакаш мене или ја сакаш идејата што ја имаш за мене?“. Прашањево можеби ви се чини едноставно, но одговорот не може да се даде само со „Да“ или „Не“. Прашањето ќе ви помогне да дознаете дали партнерот ве сака поради вашиот вистински карактер со сите маани и недостатоци или само ужива да биде со некој како вас и поради тоа се обидува да ја одржи врската во живот.rnrnДоколку одговорот гласи „Секако дека те сакам“, опуштете се. Вашиот партнер ве сака поради вашето вистинско „јас“. Вашите сакани без проблем зборуваат за работите што ги обожуваат кај вас, за вашите квалитети што ги привлекуваат и тврдат дека се подготвени да поминат низ сите потешкотии, успеси и падови во врската за да бидат со вас. Честитки! Вие сте ја нашле љубовта на вашиот живот!rnrnНо, ако партнерот ви каже дека ве сака поради тоа што се чувствува убаво додека е со вас, тоа е знак на предупредување. Запомнете дека кога некој ќе го каже ова, тоа значи дека таа личност само сака да биде сакана, да добива внимание и комплименти. Не ве сака поради вашиот вистински карактер, туку сака само да биде во љубовна врска и да има дечко или девојка.rnrn
rnrnДоколку вашите партнери ви кажат дека ве сакаат затоа што сте многу привлечни или затоа што имаат многу интересен начин на живот, тоа е исто така лош знак. Таквите луѓе обично ги сметаат нивните партнери за трофеи со кои сакаат да се фалат пред нивните пријатели. Тие не се грижат за вашите емоции и за вашиот карактер.rnrnТреба да се загрижите и доколку саканите ви кажат дека сте едни во милион. Ова можеби ќе ви звучи многу романтично, но треба да размислувате практично. Постојат милиони луѓе во светот и вие сигурно не сте најдобрите од нив. Оваа приказна со наслов „Еден/една во милион“ е ништо повеќе од едно обично ласкање. Ако вашиот партнер ви каже дека постојат милиони луѓе кои се подобри од вас, но тој и покрај сите нив ве одбира вас, тоа е знак на вистинска љубов. Разберете ја разликата помеѓу „Ти си еден/една во милион“ и „Те одбирам тебе покрај сите милиони луѓе во светот“.rnrnЉубовта не смее да биде лажна. Љубовта мора да биде вистинска. Ви треба некој кој ќе ве сака откако ќе ве види во сите добри и лоши периоди од животот, кој ќе ве сака секој ден без разлика во каква состојба сте, без шминка, со лузни, со солзи… Ви треба човек кој ќе ја цени вашата љубов и посветеност кон него. Без оглед на тоа колку караници сте имале, вие двајца останувате заедно на крајот од денот.rnrnНа почетокот, животот изгледа како бајка кога двајца луѓе ќе се вљубат еден во друг. Но, откако ќе помине првичниот занес, маските паѓаат и изложени сме на суровата реалност. Многу врски умираат во тој момент. Но, ако постои вистинска љубов помеѓу вас и вашиот партнер, ќе успеете да преживеете заедно. Па, каков одговор добивте од вашите сакани?rnrnДоколку се сомневате во чувствата на вашиот партнер, прочитајте ги овие 6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска.


rnrnНе треба да се менувате за некој друг, туку треба да се менувате за себе. Ако сте во врска каде што партнерот ве сака само поради одредени работи, тогаш најдобро би било да прекинете. Вистинската љубов подразбира неизмерна слобода и удобност. Сите имаме свои рани, сите знаеме како е да се биде одбиен, сите сме луѓе. Никој не е совршен. Не постои принц на бел коњ и не постојат совршени домаќинки, љубовници и дами. Ако се прашувате дали љубовта помеѓу вас и вашиот партнер е вистинска, прочитајте ги следниве знаци кои ќе ви ги уништат сите сомнежи…rn
rnrnМногу фактори влијаат на „хемијата“ помеѓу двајца партнери. Тие може физички да се привлекуваат, и тоа многу, но тоа не значи дека помеѓу нив ќе има некаква хемија. Ако вашата љубов е вистинска вие ќе го чувствувате тоа дури и кога не сте заедно, другите луѓе ќе ги чувствуваат вашите вибрации, ќе ви кажуваат колку добар пар сте. Воглавно, каде и да одите сите ќе ве гледаат како пар, а не како посебни личности. Ако на вашата врска ѝ недостасува ова, тогаш речиси сигурно не станува збор за вистинска љубов.rn
rnrnНормално дека на секому му е потребен простор во врската. Но, ако добивате премногу простор можеби е време да размислите. Без разлика колку е зафатен вашиот партнер, тој треба да најде време и за вас. Посветеноста не треба да ја има само на почетокот на врската. Секоја врска бара да вложите време и труд. Ако вашиот партнер ја избегнува оваа одговорност, можеби ќе ви биде подобро без него.rn
rnrnДали често ви поставуваат прашања како „Зошто не ти се јави кога не ти беше добро?“ или „Зошто не излегувате заедно?“ Размислете внимателно. Не сте само вие кои се сомневате, туку почнале и вашите пријатели. И тие можат да забележат кога нешто не е во ред. Ова однесување кое можеби го браните како нормално или природно не треба да го прифаќате. Овде во никој случај не станува збор за вистинска љубов.rn
rnrnНедостигот од комуникација е еден од поголемите проблеми во врската кој веднаш треба да се реши. Колку пати ви се случило долго да размислувате пред да му кажете нешто на вашиот партер? Дали сте почувствувале дека не можете да комуницирате со него? Сродните души се разбираат едни со други, а вистинската љубов бара партнери кои ќе се разберат дури и без зборови. Ако во вашата врска недостасува комуникација, треба да ја прифатите вистината дека таа можеби нема да трае.rn
rnrnАко станува збор за вистинска љубов, сигурно сакате да останете посветени засекогаш. Нормално е за сродните души заедно да ја планираат својата иднина, да планираат одмори и слично. Дали вашиот партнер избегнува да разговара за овие работи? Важно е да знаете дали вашиот партнер гледа некаква иднина со вас. Можеби ќе биде болно, но ако нема сериозни планови со вас, речиси сигурно ќе ве напушти. Откријте ја вистината пред премногу да се вљубите.
rn
rn
rn
rnrnЛуѓето не се толку комплицирани колку што мислиме. Човечките суштества се своеволни битија кои генерално ги прават работите што сакаат да ги прават. Понекогаш тоа се случува на сметка на нечии чувства. Но, тоа не е вистина кога се работи за романтичната љубов.rnrnАко некој не е со вас, тоа значи дека не сака да биде со вас. Ако не ви се јавува, тоа значи дека не сака да разговара со вас. Ако не се врзува, тоа значи дека не сака да се врзе. Тоа се случува во реалноста, без разлика колку противаргументи имате за да ја побиете бруталната вистина. Привлечноста и страста се чести појави, но посветеноста е поретка. И тоа е добро. Тоа ги издвојува врските што функционираат од врските што пропаднале.rnrnЉубовта на вашиот живот е човекот кој ќе биде тука за вас и кој нема да размислува дали сака или не сака да биде со вас. Тоа не значи дека нема воопшто да се карате, но тоа ќе биде личноста на која ќе сакате да ѝ се јавите пред да заспиете. Личноста со која сте духовно поврзани.rnrnЉубовта не е болна, туку загубата. Ќе ви биде уште потешко доколку одбивате да прифатите дека личноста која не се плаши да ве изгуби, не ве љуби вистински. Почекајте додека не го најдете човекот кој нема да ве тера да се прашувате и сомневате секој ден. Личноста со која треба да бидете е онаа со која ќе бидете без дополнителни проблеми и компликации. Не си го трошете времето на луѓето кои не ве заслужуваат.rnrnВо продолжение прочитајте 

rn
rn