КАФЕ ПАУЗА

Tag: вистинска љубов

  • Фотографии од постари брачни парови кои ни покажуваат како изгледа вистинската љубов

    Фотографии од постари брачни парови кои ни покажуваат како изгледа вистинската љубов

    Фотографот кој започнал да прави фотографии од семејства и деца пред пет години забележал дека луѓето бараат да се сликаат само со нивните деца и партнери. Никогаш немал клиент кој барал да биде сликан со неговите родители или баби и дедовци. Тогаш одлучил да го подели работното време во два дела. Едната половина од месецот ги фотографирал клиентите на начин на кои тие сакале, а за време на другата половина одлучил да им предложи фотосесии на старци (кои ги повикувал преку интервју или сосема случајно им пристапувал на јавни места).rnrnrnrnЗа време на една фотосесија во Хјустон, Тексас тој забележал како дедото во тишина стоел во аголот додека ја фотографирал бабата со внукот и тогаш му дошла идеја. Во името на сите нивни заеднички спомени ги прашал дали би можел да ги фотографира заедно и оттогаш не прекинал да прави фотографии од брачни парови кои се во повозрасната доба. Фотосесиите ги осмислува во веренички стил односно преку нив ја прикажува љубовта што ја имаат старите луѓе и покрај толку години поминати во брак. Тој е презадоволен од можноста да посведочи на различни приказни од старите луѓе и нивните заеднички животи. Вели дека не може да опише колку го исполнува правењето на такви фотографии и заклучува дека љубовта и партнерството се најважни во животот.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на втората страница…rn

  • Најдобрата врска во вашиот живот ќе ви биде со личноста што ги прави овие 11 нешта

    Најдобрата врска во вашиот живот ќе ви биде со личноста што ги прави овие 11 нешта

    Поголемиот дел од животот, луѓето го поминуваат во потрга по „вистинската“ личност. Личност со која ќе доживеат чиста љубов, која ќе трае до крајот на животот. Но, како што вели изреката: „Треба да бакнете многу жаби за да го пронајдете принцот“. Пред да ја пронајдете личноста со која ќе го поминете остатокот од животот, прво треба да запознаете многу погрешни луѓе и да преживеете многу скршени срца.rnrnrnrnИако е точно дека сите луѓе различно ја изразуваат љубовта, личноста со која ќе имате најдобра врска во вашиот живот, ќе ги прави следниве работи за вас:rn

    1. Ќе ви посвети внимание

    rnЌе ве гледа во очи и внимателно ќе го слуша она што го зборувате. Ќе сака да знае сè за вас. Ќе се грижи за вашите чувства, мислења и проблеми, и ќе ви помогне во надминувањето на најголемите стравови и несигурности. Тој/таа ќе ги запомни сите мали работи за вас, кои никој друг не ги ни забележува. Оваа личност ќе ве смее секој ден, бидејќи вашата насмевка ќе ѝ го исполнува срцето со среќа.rn

    2. Целосно ќе ви се посвети

    rnВие ќе му/ѝ бидете приоритет во животот. Нивната најголема желба ќе биде да се чувствувате среќно и исполнето. Тој/таа ќе направи сè за да се чувствувате како во рајот. Без разлика колку и да е зафатена или колку ѝ е лош денот, оваа личност никогаш нема да направи да се почувствувате запоставено или игнорирано.. Секогаш ќе има време за вас.rn

    3. Ќе ве прифати и ќе сака такви какви што сте

    rnОваа личност ќе ги знае вашите доблести и предности, несигурности и слабости. И покрај тоа, ќе ве прифати и ќе ве обожува. Никогаш нема да ве натера да се промените, бидејќи знае дека несовршеностите се тие кои ве прават да бидете личност која сте. Ќе ве охрабри да се прифатите и да се сакате такви како што сте. За оваа личност вие ќе бидете совршени.rn

    4. Ќе се грижи за вас

    rnЌе биде покрај вас кога ќе ви биде скршено срцето и ќе се чувствувате тажни. Ќе ве заштитува од сè и секого. Никогаш нема да ве остави да се справите сами со проблемите. Тој/таа ќе биде вашиот најголем обожавател и најдобрата помош. Оваа личност ќе проверува дали сте стигнале безбедно дома и никогаш нема да заборави да ве праша за вашиот поминат ден. Ќе направи сè за да се чувствувате сакано, сигурно и заштитено, бидејќи вие сте му/ѝ најважното нешто во животот.rn

    5. Ќе биде подготвен/а да вложи труд

    rnОваа личност знае дека „за танго се потребни двајца“. Таа ќе се осигури да имате подеднаков дел во врската. Нема да чека само вие да организирате настани или да донесувате важни одлуки во врската. Оваа личност ќе ги прави сите оние незабележителни романтични работи, бидејќи знае колку се потребни во одржувањето на врската.rn

    6. Ќе ги решава кавгите со зрел пристап

    rnКога ќе наидете на препреки и предизвици во врската, оваа личност никогаш нема да ги игнорира вашите проблеми или да започне лута расправија со вас. Напротив, секоја тешкотија ќе ја реши со зрелост, имајќи разбирање за вашите чувства. Ќе направи да се чувствувате удобно и слободно, да ги изразувате вашите мислења, без разлика колку се различни од неговите/нејзините. Никогаш нема да ве осудува и критикува или да направи да се чувствувате безвредно. Напротив, секогаш ќе дискутира за проблемите со вас, на цивилизиран начин, обидувајќи се да пронајде разумно решение.rn

    7. Нема да му/ѝ биде срам да ви ја покаже ранливоста

    rnОваа личност нема да чувствува страв или срам за да ви покаже како се чувствува. Доколку е тажна, ќе плаче. Доколку се плаши, ќе го сподели нејзиниот страв со вас. Оваа личност ќе ви ја покаже душата. Ќе ви ги покаже нејзините ранливи страни, бидејќи знае дека на овој начин ќе се поврзете емоционално и душевно.rn

    8. Ќе биде горда на вас

    rnОваа личност ќе биде горда на вашите достигнувања и на самите вас како личност. Таа ќе ве охрабрува да продолжите во потрагата и остварувањата на вашите цели. Таа гордо ќе ја чува вашата слика на телефонот и ќе се осигури нејзините пријатели и семејство да знаат кои сте вие. Оваа личност ќе ви покаже колку е горда и благодарна што ве има во животот.rn

    9. Ќе ви дава комплименти

    rnОваа личност нема да заборави да ви каже колку сте убави, паметни и способни. Дури и кога ќе се чувствувате несигурни во себе или ќе се сомневате во вашите способности, тој/таа секогаш ќе знае да направи да се чувствувате подобро. Но, најважно од сè, кога ќе ви даде комплимент ќе знаете дека навистина го мисли тоа.rn

    10. Ќе ве вклучи во плановите за иднина

    rnКога оваа личност ќе прави планови, без разлика дали станува збор за краткорочни или долгорочни, секогаш ќе бидете вклучени. Тој/таа ќе ја замислува иднината со вас.rn

    11. Ќе ве сака безусловно

    rnОваа личност ќе ви покаже како изгледа вистинската љубов. Ќе ви покаже колку ве сака и ве почитува, не само преку зборови туку и со дела. Ќе ве сака и покрај вашата необичност, каприци и несигурности. Ќе ве сака во тешките времиња, дури и кога тоа ќе изгледа невозможно.rnrnЌе ве сака со целото срце, бидејќи нема да може да живее без вас!rnrnПрочитајте и што значи ако сонувате дека сте ѝ ставиле крај на врската.

  • Зошто секоја личност треба да се заљуби 3 пати во животот?

    Зошто секоја личност треба да се заљуби 3 пати во животот?

    Според една нова студија, секоја личност во просек се заљубува три пати. Студијата, на која присуствувале 3.000 британски мажи и жени, чија просечна старост била 37 години, ги анализирала љубовните навики на паровите. Според резултатите на анкетата, секоја личност може да се заљуби само три пати и последниот пат е трајно.rnrnrnrnПрвата љубов најчесто настанува во тинејџерските години, кога објектот на нашите емоции е идеализиран до максимум и ни се чини дека оваа врска има неверојатна иднина. Но, суровата реалност ги приземјува сите и со тек на време, почнуваме да гледаме и со сопствените очи, а не само низ розовите очила.rnrnВтората љубов, како и третата, се случуваат во текот на возрасната доба, но на различно ниво. Психолозите тврдат дека втората љубов е бегство од првата и дека таа секогаш се јавува во животот како нужност. Скршеното срце, бара сигурно засолниште во кое може да се заборави и одново да се пронајде себеси. Овие односи често се себични бидејќи во нивната основа се наоѓа заздравувањето. Поради фактот дека другиот партнер зависи од првиот, овој однос од старт е осуден на колапс.rnrnА третата љубов? Зошто е таа посебна? По две романтични приказни, кога личноста е едноставно разочарана од љубовта, таа влегува во нова врска. И токму таа љубов е точка на рамнотежа во која и двајцата партнери стекнуваат искреност, спокојство, духовна интимност, како и подготвеност за вистинска љубов. Ако во претходните две врски не сме биле спремни да бидеме искрени еден кон друг, како и со себе, во третата веќе знаеме каде сме згрешиле и што треба да направиме. Тогаш веќе знаеме колку се вредни човечките односи.rnrnНајголемите лични промени почнуваат токму во тие односи, силни и искрени, затоа што токму тогаш сакаме да бидеме својата најдобра верзија и да останеме во близина на оние што нè чинат среќни и што целосно нè прифаќаат.rnrnКолку сте поневеројатни, толку е потешко да пронајдете љубов!

  • Сократов метод за откривање на вистинската љубов: Во пожар, дали ќе ја спасите сопругата или детето?

    Сократов метод за откривање на вистинската љубов: Во пожар, дали ќе ја спасите сопругата или детето?

    Беше обична саботна вечер. Децата се разбегаа по собите, а јас го читав Сократ. Едно прашање ме замислил. Тoj ги прашал неговите сограѓани: „Ако дојде до пожар, а можете да спасите само една личност, кого ќе спасите? Жената или детето?“rnrnСократов метод за откривање на вистинската љубов: Во пожар, дали ќе ја спасите сопругата или детето?rnrnСите мажи одговориле: „Детето, се разбира!“rnrnСократ рекол: „Јас би ја спасил својата жена. Ќе остареме заедно, а таа ќе ми роди уште деца. Ако го спасам детето, тоа би била трагедија и вечна тага и за него и за мене. Засекогаш еден со друг ќе се потсетуваме на трагедијата. Детето би ја изгубило мајката, можеби би добило и маќеа која не би го сакала како мајка…“rnrnМорав да му го поставам ова прашање на сопругот. „Детето! Секако дека е го спасам детето! Тоа е незаштитено и мало“, рече тој..rnrnМу кажав за Сократ. Долго разговаравме на оваа тема…rnrnСледното утро секој отиде на работа, а децата на училиште. Имав напорен ден на работа и не помислив на Сократ. Кога си дојдов дома вечерта, сопругот ми рече: „Како не ме убија на работа денес! На паузата за ручек им го поставив ова прашање на колегите. Сите одговорија дека би го спасиле детето. Јас им реков дека исто одговорив, но дека Сократ на крајот ме убеди да го променам своето мислење. Никој не ручаше, почна општа расправа. Се вклучија и жените од сметководство. Почнаа да галамат: ‘Дали сте нормални? Секако дека ќе го спасите детето, тоа е ваша крв! Жената секогаш може да се замени!’ За среќа, дојде шефот и расправата прекина.“rnrnСледниот ден сопругот отиде на работа и почнал да разговара со портирот кој е пензионер. Портирот го прашал зошто вчера сите галамеле за време на ручек. Сопругот му раскажал за сократовото прашање.rnrnПортирот му одговорил: „Мојата жена и јас сме во брак 40 години. Имаме 3 сина, 5 внуци. Нашата куќа ја изградивме со сопствени раце… И децата и внуците редовно нè посетуваат. Јас сепак би ја спасил својата сопруга. Децата се само гости во нашите животи, во нашата куќа. Да, јас ги сакам и тие не сакат нам. Сите ние сме потрошена роба. Ако можам да одбирам, би одбрал да умрам пред својата сопруга.“rnrnМе шокира мудроста на овој старец. Си помислив, можеби разводите се толку чести бидејќи не ги цениме сопружниците доволно. Можеби центарот на нашиот свет не би требало да бидат децата, туку брачниот партнер. Можеби сите би биле посреќни кога мама и тато би се сакале повеќе.

  • Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

    Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

    Доколку ја прашате вашата мајка како да дознаете дали вистински сакате некој, голема е веројатноста да го чуете стереотипниот одговор, чуен илјадници пати во филмовите: „Едноставно, ќе знаеш“. Секој од нас има гледано безброј романтични комедии, во кои главните карактери зборуваат за огнометите коишто ги чувствуваат во срцето кога се заљубени, а поп ѕвездите низ своите текстови ја објаснуваат опсесијата којашто целосно ги обзема. Но, дали тоа е навистина љубов? Можеби станува збор за занес? Како да откриете дали чувствувате само жестока страст или навистина сте вљубени во некого?rnrnТерапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?rn

    Што велат истражувањата за љубовта?

    rnПо сè изгледа, сепак постојат начини кои ќе ви помогнат да дознаете дали сте заљубени и не, тоа нема никаква поврзаност со чувствувањето пеперутки во стомакот. Всушност, разни истражувања откриле неколку чести знаци, коишто укажуваат на вистинска заљубеност. Така на пример, во едно истражување од 1995 година, испитаниците изјавиле дека развиле нови интереси и карактерни особини откако влегле во љубовна врска. Во друго истражување, било обелоденето дека заљубувањето може да предизвика да почнеме да манифестираме симптоми слични на оние коишто се јавуваат при анксиозна состојба, како што е на пример прекумерното потење.rn

    Знаци дека можеби сте (не)заљубени

    rnСе разбира, доколку мислите и зборувате за таа личност нонстоп или веќе ја замислувате вашата заедничка иднина, можете да се посомневате дека сте заљубени. Сепак, тие сигнали не секогаш укажуваат дека тоа е вистинското нешто коешто го барате во животот. На крајот на краиштата, возбудата околу вашата нова врска што е присутна на почетокот, може да ја замати вашата способност јасно да видите дали постои вистински потенцијал за долготрајна врска. На пример, можеби сексот е одличен, имате безброј теми на кои можете да разговарате и сè уште не сте ги откриле сите мани, каприци и иритирачки навики на вашиот партнер. Поради тоа, многу е лесно да се излажете себеси дека сте заљубени до уши, а во суштина премногу е рано да се каже тоа.rnrnТерапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?rnrnПонекогаш огнот може да се изгаси, а во други случаи да прерасне во нешто навистина посебно. За среќа, според мислењето на лиценцираниот клинички терапевт и основач на LoveVictory.com др. Лесли Бет Виш, постојат начини низ кои можете да процените, дали тоа што го чувствувате е вистинска љубов или не е.rn

    Може да станува збор за вистинска љубов доколку…

    rnЗборот „безбедно“ можеби не ви звучи баш секси или романтично, но вистината е дека чувството на сигурност во врската е еден од најважните фактори коишто треба да ги земете предвид, доколку се обидувате да разграничите дали сте заљубени.rnrnМногу луѓе, сметаат дека возбудата којашто емотивно ги обзема во раната фаза од врската, е знак дека се заљубени. Љубовната молња ве удира и одненадеж, вие се чувствувате како никогаш да нема да ви биде доста од таа личност. Дури и да се надеваме дека таа моќна искра ќе продолжи да постои во некоја форма и во подоцнежните фази од врската, сепак тој занес донекаде ќе слегне. Кога тоа ќе се случи, а бидете сигурни дека ќе се случи, доколку се чувствувате безбедно покрај таа личност добри се шансите дека вие сте можеби вистински заљубени.rn

    „Здравата, трајна љубов си изнаоѓа своја сопствена ‘бродска опрема’ поради која се чувствувате исполнето, среќно, позитивно и сигурно во вашиот избор на партнер. Вие тогаш, дури сте и изненадени колку спокојно се чувствувате. Повеќе не сурфате и скокате преку брановите, туку си шлапкате и си пловите во мирен базен“, објаснува др. Виш.

    rnЗа да може да се каже дека сте вистински заљубени, вие не треба само да се чувствувате физички, туку и емотивно безбедни покрај партнерот. Тоа значи дека можете слободно да ги изразите вашите мисли и чувства, без страв од негативна реакција. Здравата љубов, доаѓа во комбинација со самодоверба благодарение на која сте свесни дека што и да се случи и без разлика колку лоши работите може да станат, вие тимски ќе се соочите со тие предизвици.rn

    „Вие сте го пронашле најдобриот пријател, на кој можете да му верувате и да се потпрете за што и да треба. Полека откривате дека вие сте одличен тим за решавање на проблеми. Со помош на вашите комплементарни стилови, вие се учите еден со друг како да се подобрувате себеси во секоја смисла на зборот“, продолжува таа.

    rn

    Дали ова е она вистинското нешто за вас?

    rnОд друга страна, доколку постојано се чувствувате како да сте на раб дека оваа личност може да ве остави, не знаете во кој правец се движи вашата врска или едноставно не можете да бидете искрени со неа, ова неспокојство ќе формира дистанца помеѓу вас, а таа ќе застане на патот до вистинската, долготрајна љубов.rnrnТерапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?rnrnДр. Виш препорачува да се запрашате себеси неколку прашања, пред да избрзувате со заклучоци дека сте заљубени:rn

    1. Дали мојот партнер ме разбира и почитува?

    rn

    2. Дали имам чувство дека треба да им го „објаснувам“ или „бранам“ мојот избор на партнер на другите луѓе?

    rn

    3. Дали јас ги занемарувам знаците на лошо однесување кај партнерот, само затоа што сакам да бидам со него?

    rn

    4. Дали јас го оправдувам ова емоционално слепило, велејќи си на себеси: „Никој не е совршен, вклучително и јас“?

    rnДруг начин со чијашто помош можете да дознаете дали сте заљубени или не, според др. Виш, е ако вашиот личен увид во погрешните чекори коишто сте ги правеле во претходните врски, одеднаш стане многу јасен.rn

    „Вие конечно, располагате со потребната внатрешна сила да се соочите со реалноста и да сфатите зошто првично сте ги одбрале, а подоцна и сте раскинале со вашите претходни партнери“, додава таа.

    rnИсто така, луѓето имаат тенденција да чувствуваат огромно сочувство и грижа кога се заљубени во некого. Тоа е толку моќно чувство, што можеби ќе имате некоја надреална способност да ја почувствувате нивната болка и радост, како да се тоа ваши емоции. Доколку почнете да се грижите малку повеќе за вашиот партнер или вложувате напори за да се погрижите за него/неа, во секоја смисла на зборот, тогаш постојат големи шанси да имате наскоро добра причина да ги споделите со таа личност оние двата слатки збора.rnrnОткријте дали не станува збор за љубов, на следната страница…rn

  • Доколку навистина сакате некоја личност, ќе се борите за неа до крај!

    Доколку навистина сакате некоја личност, ќе се борите за неа до крај!

    Зошто продолжуваме да се бориме? Зошто остануваме во љубовна врска со некој и покрај тоа што тој или таа ни нанесува огромна болка? Зошто продолжуваме да ги сакаме оние, коишто не ја заслужуваат нашата љубов? Во процесот на сакање на таквите личности, губиме дел од себе. Ја губиме нашата самодоверба. Забораваме да ги погледнеме убавите нешта во животот.rnrnДоколку навистина сакате некоја личност, ќе се борите за неа до крај!rnrnСето ова е навистина глупаво. Зошто се губиме себеси и зошто ги пропуштаме сите прилики и среќни моменти во живот, само поради некој што не нè заслужува? Зошто таа личност е првото нешто коешто ни се појавува во мислите секојпат кога ни е здодевно или се чувствуваме осамени? Зошто ни е во последната мисла пред да потонеме во сон? Зошто нашите умови се исполнети со мисли за таа личност, кога во суштина сè што е потребно, е да научиме како да продолжиме понатаму?rn

    Зошто продолжуваме да се враќаме назад кон оние што нè повредиле?

    rnНели е доволно да погледнеме колку самите ние вредиме? Толку ли е тешко да забележиме дека заслужуваме нешто подобро, односно заслужуваме луѓе коишто навистина ни ја возвраќаат љубовта?Луѓе коишто сакаат да поминат време со нас, луѓе коишто го ценат секој најситен детаљ којшто го имаат со нас, луѓе коишто се чувствуваат благословено што сме дел од нивните животи?rnrnПоточно кажано, не ли треба да бидеме среќни и да продолжиме со нашите животи? Не ли треба да бидеме среќни, што тие се среќни без нас? Не ли треба да се чувствуваме подобро и да сме на некој начин утешени од фактот дека личноста којашто ја сакаме ѝ е подобро сега без нас? Не ли треба едноставно да ја оставиме да продолжи да си чекори по патот, бидејќи го/ја сакаме и сакаме да е среќен/на, со или без нас? Не ли треба едноставно да се откажеме и да кренеме раце?rn

    Не! Баталете го „легендарниот“ животен совет: „Ако го/ја сакате, оставете го/ја да си оди!“

    rnТоа е тотално невистинито! Другите луѓе постојано ќе ви кажуваат дека едноставно треба да продолжите понатаму, да се ослободите од мислите и чувствата за таа личност и дека заслужувате „некој подобар“. Овие совети се до некаде во ред и до некаде точни, но не сосема. Без разлика на фактите коишто ги знаете и се составен дел од вашата реална состојба, запрашајте се дали навистина можете да оставите некој којшто искрено го љубите? Дали навистина можете навистина да ѝ кажете „збогум“, знаејќи го фактот дека можеби таму некаде, постои некоја минимална шанса, одново да го изградите односот и да ги поправите скршените нешта?rnrnВојникот не престанува да се бори, сè до неговиот или нејзиниот последен здив, односно до оној момент кога навистина дал/а сè од себе. Епа ако сметате дека тоа што сте го имале заедно била вистинска љубов, тогаш треба да размислувате како војник. Одете до крај, сè додека не дадете буквално сè што имате, тргајќи го вашето его и гордост настрана. За вашиот живот станува збор, заборавете што ќе кажат другите, живејте за себе и за својата среќа првенствено! Испратете ја таа ризична долга порака, прашајте ја личноста дали можете да разговарате очи во очи, побарајте уште една последна прегратка ако треба, побарајте од него/неа да ви даде шанса да започнете одново. Доколку таа личност навистина ви била судена, тој или таа ќе се врати назад. Бидете сигурни во тоа.rnrnПодобро е да бидете повредни знаејќи дека сте се обиделе, дека сте се бореле за таа личност, дека сте се бореле за вас двајца, наместо да живеете во каење и тага дека сте оставиле некој да си оди од вашиот живот, туку-така. Подобро е да се борите и да не успеете во вашата цел, наместо вечно да се прашувате „Што ако…?“ или „Што ќе се случеше, доколку…?“rnrnАко навистина сакате некоја личност, вие ќе се борите за неа. Ќе се борите за она што сте го имале, ќе се борите за она што сакате да го имате во иднина. Ќе се изборите со болката.rnrnПрочитајте и зошто љубовта подразбира напорна работа и зошто не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко.

  • Како да си ги зголемите шансите за наоѓање на вистинскиот партнер?

    Како да си ги зголемите шансите за наоѓање на вистинскиот партнер?

    Не е лесно да го најдете вистинскиот партнер, а привлечноста и хемијата како повеќе да одмагаат отколку што помагаат во потрагата, бидејќи луѓето често се вљубуваат во личност со којашто не можат да изградат врска. Ќе имате многу шанси во животот да привлечете партнер со кој можете да изградите здрав однос ако знаете што сакате, се познавате себеси и не се обидувате да бидете некој друг.rnrnКако да си ги зголемите шансите за наоѓање на вистинскиот партнер?rn

    1. Бидете свои

    rnНајпрво треба да се прифатите и да се сакате себеси, какви и да сте. Ако се чувствувате неисполнето и незадоволно од себе, партерот нема да може да ви помогне да ги излечите вашите емотивни повреди. Ако не можете сами да си пружите поддршка на себе, ни друг нема да може да ви ја даде. Партнерот не треба да ви ја дополнува личноста и да ви ги маскира слабостите, туку да ви го направи вашиот живот поубав, покомплетен. Можеби ќе сакате да се прикажете во најдобро светло и затоа ќе се обидувате да ги сокриете вашите слабости пред партнерот, но тоа не е реално. Секој има и доблести и маани. Ако сте отворени и автентични, ако не се обидувате да глумите дека сте подобри одошто сте, шансите да го пронајдете вистинскиот партнер се многу поголеми.rn

    2. Верувајте во љубовта

    rnТреба да верувате дека заслужувате љубов. Можеби не сте свесни за вашите несигурности и мислите дека верувате во љубовта, кога всушност сами ги саботирате вашите шанси. Оваа саботажа се манифестира низ врски кои завршуваат на ист начин. Исто така, ако сте убедени дека сте подобри од сите и никој не може да ви го пружи тоа што ви треба, тогаш веројатно и така ќе биде. Не дозволувајте им на ваквите мисли да ви ги намалат шансите. Отворете го вашето срце.rn

    3. Откријте што е она што навистина го сакате

    rnОна што сакате да го постигнете во животот треба да се совпаѓа со љубовниот живот. Ако сакате кариера, патувања и динамичен живот, тогаш нема да бидете среќни со партнер кој сака да се „смири“. Компатибилен партнер е оној со сличен животен стил и слични вредности и желби како вашите.rn

    4. Правете го она што го сакате

    rnКога правите нешто што навистина сакате, вие зрачите со позитивна енергија којашто привлекува уште повеќе позитивна енергија. На овој начин поголеми ви се шансите да запознаете личност што ги сака истите работи како и вие. Ако не знаете што е тоа што го сакате, немојте да се грижите, потребно е само да се обидете да го пронајдете.rn

    5. Бидете комуникативни и активни

    rnНемојте да чекате некој да ве најде. Пријдете ѝ на личноста што ви се допаѓа и започнете разговор. Многу луѓе испуштиле одлични можности само затоа што чекале другата личност да им пријде прва. Одете на места со луѓе со слични интереси како вашите, бидете активни, вклучени и преземете иницијатива.rnrnДознајте и на кој начин вистинскиот партнер ќе ви ја докаже искрената љубов кон вас.

  • 6 причини зошто вреди да ја чекате вистинската врска

    6 причини зошто вреди да ја чекате вистинската врска

    Во текот на животот можеби ќе имате многу партнери, но речиси сите романтични врски ќе ви бидат неуспешни. Ако долго време сте сами, немојте да очајувате. Всушност, навистина вреди да го чекате вистинскиот партнер и вистинската врска. Овие причини ќе ве убедат во тоа.rnrn6 причини зошто вреди да ја чекате вистинската врскаrn

    1. Вистинската врска нема да направи да се чувствувате како да сте се помириле со помалку

    rnВо вистинската врска нема никогаш да посакате нешто подобро. Наместо тоа, ќе бидете задоволни онаму каде што со личноста со којашто сте и еднакво ќе ја делите љубовта со партнерот. Нема да ви предизвикува несигурност и никогаш нема да се чувствувате искористено. Нема само да мечтаете за нештата што ги сакате бидејќи ќе ги добивате.rn

    2. Постојано ќе бидете потсетувани за вашата вредност

    rnВистинската врска ќе ве инспирира и вам и партнерот постојано да си ја признавате меѓусебната вредност и достојност. Меѓусебно ќе си покажувате колку се цените и ќе се гордеете што се имате еден со друг. Нема да се чувствувате очајно и да се сомневате во вашата убавина и интелигенција. И двајцата ќе се гледате како вредна награда за другиот.rn

    3. Ќе бидете присилени да станете подобра личност

    rnВистинската врска ќе ја зголеми уникатноста на вашата душа. Нема да ве натера да ги елиминирате ни најчудните одлики кај себе само за да го задоволите партнерот. Наместо тоа, ќе се смеете за нив и кога-тогаш ќе ги засакате. Вистинската врска ќе ви помогне и на двајцата да созреете така што меѓусебно ќе се инспирирате без потреба да си судите. И двајцата ќе создадете свет кој ги цени вашите разлики.rn

    4. Ќе ви помогне да го цените вашето лично време

    rnЗнаете дека нема потреба постојано да бидете заедно. Знаете дека не мора секогаш да се држите за рака или сите активности да ги правите заедно. Вистинската врска секогаш ќе се грижи за вашите индивидуални потреби и ќе ја зацврсти вашата независност. Во ред е сами да излезете. Во ред е сами да џогирате, а потоа да го гледате зајдисонцето. Во ред е да одите на патување само со пријателите или семејството бидејќи знаете дека далечината само ќе ја зајакне вашата љубов.rn

    5. Ќе ве натера да ги следите вашите соништа

    rnВистинската врска никогаш нема да ве натера да ги заборавите вашите амбиции. Вашата посветеност нема да влијае на вашата страст. Наместо тоа, љубовта што ја имате еден за друг ќе ви помогне и двајцата да ги остварите вашите соништа. Секогаш можете да бидете посветени без да брзате со брак.rn

    6. Ќе ја зајакне вашата верба

    rnНајважно од сè, вистинската врска ќе ја зајакне вашата верба во што и да верувате. Вистинската врска ја става вербата во центарот бидејќи ја покажува вашата најискрена љубов. Ова ќе ве научи вистински да се сакате со партнерот и да се третирате со многу повеќе почит.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави.

  • Љубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!

    Љубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!

    Љубовта треба да има сладок, шеќерен, а не горчлив, скапан вкус. Таа треба да ви го направи животот поубав, не полош. Треба да ви овозможи да искусите нешта коишто не сте ги почувствувате претходно. Треба да ви помогне да достигнете височини коишто не сте ни знаеле дека постојат.rnrnЉубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!rnrnЉубовта треба да го извади најдоброто од вас и да ви помогне да растете. Треба да ве мотивира да се отворите и да го погледнете светот низ леќи со облик на срце. Но, љубовта исто така подразбира и вложување многу труд и пожртвуваност за другиот.rnrnДобрите љубовни врски не се случуваат преку ноќ. Кога сакате некого, се борите со сето ваше битие за да го заштитите она што го имате. Успевате да излезете на крај со работи во коишто лично не уживате. Прифаќате да правите компромиси за доброто на врската. Со задоволство ги загрнувате промените, бидејќи знаете дека тоа е единствениот начин да се движите напред. rnrnНе си заминувате од врската преку ноќ, само бидејќи сте искусиле некаква драма со партнерот. Не можете да се преправате дека љубите некој и да избегате со брзина на светлината од таа врска, секојпат кога ќе имате мала кавга. Љубовта не функционира на тој начин.rnrnВие сте или дел од неа и во добро и во лошо, се држите за дланки и бестрашно поминувате низ ураганите или воопшто не се ни врзувајте.rnrnЖал ни е што мораме да ве соочиме со суровата реалност, но љубовта никогаш нема да биде само розови неба, топли прегратки, безгрижни романтични утра и пријатни ноќи. Дел од секоја љубовна врска е и болката, тагата, гневот, солзите, драмата и кавгите, а ако навистина ја сакате личноста којашто е покрај вас, ќе направите сè што можете за да ги надминете тешките времиња.rnrnЗнаете, кога искрено љубите некого, не се откажувате од него/неа на првиот знак на тешкотија и непријатност. Не фрлате сè што имате и сте граделе заедно, поради едно глупаво несогласување. Едноставно не дозволувате врската да ви се распадне поради некој бесмислен аргумент.rnrnКога навистина сакате некого, вие седнувате сериозно да поразговарате сè додека не го разрешите секој проблем. Можеби ќе се скарате, ќе викате, ќе плачете, но нема никогаш да се откажете. Му давате шанса на партнерот да ги објасни своите постапки. Ги споделувате меѓусебно вашите мислења и ставови. Предлагате да направите компромис. Размислувате за сè што секој од вас може да направи, во насока на подобрување на врската. Дискутирате за важните нешта сè додека не изгрее сонцето и одново не падне ноќта. Што и да произлезе од муабетот, нема да се откажете без борба. Нема, ако ви е грижа за таа личност.rnrnКога сакате некоја личност, ама навистина ја сакате од сета длабочина на вашето срце, вие се држите до неа. Не се појавувате само кога вас ви е погоден моментот. Не ја држите раката на партнерот кога тој/таа се чувствува супер, а потоа да го/ја напуштите кога е мизерен/на. Не исчезнувате кога сте ѝ потребни на љубената личност и дефинитивно не се појавувате само кога вие имате потреба од него/неа.rnrnКога вистински љубите некој, не дозволувате да поминува низ животот сам/а. Без разлика дали партнерот во моментот искусува нешто болно или среќно, вие треба да бидете покрај него, да му ја држите раката и да го потсетите дека сè ќе биде во ред. Не дозволувате љубената личност сама да страда. Вие сте во ова заедно! Кога навистина сакате некого, верувате дека што и да се случува во моментот, сè додека се чувате еден со друг, ќе можете успешно да го надминете!rnrnМоже да ве интересира да откриете и како да знаете кога станува збор за вистинска љубов?

  • Зошто девојката која нема да ги толерира вашите глупости е вистинската за вас?

    Зошто девојката која нема да ги толерира вашите глупости е вистинската за вас?

    Заборавете на сѐ што сте чуле во врска со тоа дека девојката која постојано ќе ви простува е вистинската за вас. Девојката која ќе ве сака безусловно не е жената со која треба да го поминете вашиот живот. Вистинската за вас е онаа девојка која нема да ги толерира вашите глупости. Нејзината љубов е напорна и тешка, но токму таа ќе успее да го извлече најдоброто од вас. Повеќето мажи ќе се исплашат и ќе побегнат, бидејќи не се доволно силни за да бидат со неа. Само вистинскиот маж ќе ги препознае придобивките од љубовта на силната жена…rnrnЗошто девојката која нема да ги толерира вашите глупости е вистинската за вас?rn

    Таа секогаш ќе верува во вас

    rnОваа девојка никогаш нема да ве понижува и омаловажува само поради тоа што не е сигурна во себе. Напротив, таа постојано ќе ве турка напред. Кога ќе мислите дека не можете да направите нешто, таа ќе знае дека можете. Ќе ве поттикнува да ги направите работите што сте мислеле дека се невозможни. Таа ќе ви покаже дека можете да направите сѐ што ќе посакате. Ќе ве турка напред додека не се видите себеси онака како што ве гледа таа. Таа навистина сака да знаете колку сте неверојатни!rn

    Таа ќе ви биде најголемата поддршка

    rnСекогаш ќе можете да сметате на нејзината поддршка. Таа никогаш нема да застане зад вас или пред вас. Таа ќе биде покрај вас за време на секој ваш успех или пад. Вие сте тим и ќе останете заедно без оглед на сѐ. Нејзината љубов е доволно силна за да ги преброди сите тешки периоди од вашиот заеднички живот.rn

    Ќе остане покрај вас во најтешките моменти

    rnТаа нема да си замине кога ќе наидете на потешкотии. Таа ќе ви дава сила кога ќе се чувствувате слаби и ќе ве љуби за време на сите несреќни моменти. Сѐ додека не ја изневерите, таа ќе биде во вашиот живот како партнер, најдобар пријател, љубовница и сродна душа.rnrnЗошто девојката која нема да ги толерира вашите глупости е вистинската за вас?rn

    Нејзината љубов нема да исчезне

    rnНејзината љубов ќе биде најмоќната сила што некогаш сте ја почувствувале. Нема да мора да внимавате на вашите зборови кога ќе бидете со неа. Таа не е нежна и сака да го добива тоа што го дава. Па така, немојте ниту вие да ги толерирате нејзините глупости. Ќе успеете да го извлечете најдоброто од неа исто како што таа го извлекла најдоброто од вас и заедно ќе бидете непобедливи.rnrnМажите обично мислат дека нејзината љубов е напорна, но тоа е далеку од вистината. Нејзината љубов не е напорна, туку моќна, инспиративна и надежна. Но, таа нема да остане покрај вас ако не го добие истото за возврат. Нарекувајте ја напорна ако сакате, но оваа жена знае колку вреди. Таа верува во вас повеќе одошто самите верувате во себе. Верувајте и вие во неа.rnrnТаа нема да ви дозволи да ја газите и нема да ви прогледа низ прсти кога ќе згрешите. Мора да бидете искрени со неа и да ја почитувате. Таа нема да прифаќа изговори и секој ден ќе ве поттикнува да станете најдобрата верзија од себе. Таа ќе ви укаже на тоа дека самите сте одговорни за своите постапки и ќе ви покаже каде ви е местото доколку има таква потреба.rnrnТокму затоа, таа е вистинската за вас. Таа ќе ви помогне да станете подобри, а токму тоа е целта на вистинската љубов. Не бегајте од неа, бегајте заедно со неа. Нејзината љубов ќе ви го промени животот, а вие двајцата заедно ќе можете да го промените светот.rnrnПрочитајте и зошто момците најдлабоко се вљубуваат во силните девојки.