КАФЕ ПАУЗА

Tag: вера

  • Три кратки приказни што ќе ви го разубават денот

    Три кратки приказни што ќе ви го разубават денот

    Најсложените и најважните работи понекогаш можат да се објаснат многу едноставно. Тие се кријат во секојдневните ситуации, ритуалите, активностите и движењата. Ова се три кратки приказни што ќе ги приближат сите до она што е вера, доверба и надеж.rnrnТри кратки приказни што ќе ви го разубават денотrn

    За верата

    rnЖителите на едно место одлучија заедно да се молат за дожд. Во закажаното време, сите дојдоа на плоштадот, но само едно момче донесе чадор. Тоа е вера.rn

    За довербата

    rnКога играте со вашето дете, фрлајќи го во воздух, тоа се смее среќно, затоа што знае дека ќе го фатите. Тоа е доверба.rn

    За надежта

    rnЛегнуваме секоја вечер, без гаранција дека ќе се разбудиме наутро, а сепак го вклучуваме будилникот. Тоа е надеж.rnrnМожеби ќе сакате да откриете и зошто Бутан е најсреќната држава во светот?

  • Атеистите ќе ги надбројат верниците до 2038 година

    Атеистите ќе ги надбројат верниците до 2038 година

    Во текот на целата историја на човекот, луѓето постојано верувале во некаква виша сила. Религијата е важен дел од човештвото и неговото постоење, но најновите истражувања покажале дека атеизмот ќе ја надвладее религијата во иднина.rnrnАтеистите ќе ги надбројат верниците до 2038 годинаrnrnУште од самите почетоци, религијата владеела со светот и била главниот причинител на многу војни. Религијата отсекогаш заземала голем дел од животот на човекот, но бројот на верниците постепено се намалува со текот на времето. Многу луѓе почнуваат да „ѝ го вртат грбот“ на вишата сила и наместо тоа, почнуваат да вложуваат во себе и во својата повисока свест. Многумина медитираат, ја вежбаат својата свесност, а тоа произлегува од промовирањето на улогата на свеста. Освен тоа, сѐ повеќе луѓе се откажуваат од религијата.rnrnИстражувањата покажале дека атеизмот ќе ја порази религијата до 2038 година. Исто така, резултатите откриле дека во земјите со различни верски убедувања, како што се Канада и Франција, владеат моралот, вербата во општеството, економската еднаквост и имаат пониски криминални стапки за разлика од државите со многу религиозни луѓе.rnrnПостојат многу различни аргументи кои објаснуваат зошто луѓето стануваат помалку религиозни. Некои веруваат дека тоа се случува, зашто и мажите и жените градат кариери наместо да чуваат деца, па нема кому да му се пренесат религиозните верувања. Постојат и луѓе кои веруваат во Господ, но не се многу религиозни. Во секој случај, од нејасни причини, атеистите се на добар пат да завладеат со светот и да ги надбројат верниците.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте го мислењето на генијалниот Ајнштајн и дознајте дали научниците се молат на Бога.

  • Домашен рецепт за љубов: Состојките ќе ве воодушеват

    Домашен рецепт за љубов: Состојките ќе ве воодушеват

    Привлечете љубов во вашиот живот

    rnДомашен рецепт за љубов: Состојките ќе ве воодушеватrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 чаша вера
    • rn011

    • 4 чаши љубов
    • rn011

    • 3 чаши трпение
    • rn011

    • 4 чаши разбирање
    • rn011

    • 5 литри нежност
    • rn011

    • 1 литар хумор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо еден поголем сад ставете ги љубовта и трпението и додека без престан ги мешате постепено додавајте вера сè додека смесата не се изедначи. Во друг сад изматете ја добрината со разбирањето и нежноста. Двете смеси спојте ги во една тава, премачкајте ги со хумор и оставете ги да се печат на сончевите зраци. Послужувајте секојдневно, со насмевка на вашето лице.

  • 17 секојдневни грешки кои Библијата ги забранува, но сепак христијаните  ги прават

    17 секојдневни грешки кои Библијата ги забранува, но сепак христијаните ги прават

    Според нашата вера никој не е совршен и сите грешиме, но ако замолиме за прошка и се покаеме ќе ни биде простено. Секој има некое свое верување и правила по кои се води, но до овие правила во денешно време ретко кој се придржува…rnrn0-17-sekojdnevni-greshki-koi-biblijata-gi-zabranuva-no-sepak-hristijanite-sekogash-gi-pravat-kafepauza.mkrn

    1. Не треба да се консултирате со медиум

    rn

    „Не обрнувајте внимание на оние кои тврдат дека зборуваат со духови, нити пак на оние кои прават магии затоа што тие само ќе ве расипат. Јас сум единствен бог, вашиот Господ.“ – Стар Завет

    rnСпоред Библијата, Господ е оној на кого треба да му се обратиме за одговори, а не на медиуми и пророци. Размислувајќи рационално, тоа е сосема добро правило затоа што голем дел од денешните медиуми се измамници кои само ќе ви ги земат парите.rn

    2. Жените не би требало да носат провокативна облека и кичест накит

    rn

    „Жените треба да се облекуваат скромно, соодветно на пригодата и чесно, без кичести украси, злато и бисери.“ – Прво послание на Тимотеј

    rnМожеби делува строго, но сосема јасно е какво влијание има ова однесување врз жените, а и врз луѓето кои би сакале да ги искористат. Исто така, во библиското време само проститутките се украсувале со разни парчиња кичест накит за да го привлечат вниманието кон себеси.rn

    3. Не смее да се мастурбира

    rn

    „ Избегнувајте блуд. Сѐ што прави човекот надвор од телото е грев кон телото.“ – Прво послание до Коринтијаните

    rnНекои веруваат дека Господ не го овозможил сексот само поради размножување туку и како најинтимната врска помеѓу мажот и жената. Избегнувањето на блуд го осигурува бракот да биде силен и соединет.rn

    4. Не смее да се гледаат порно филмови

    rn

    „ Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ – Евангелие според Матеј

    rnМногу од луѓето не се сложуваат со ова, но факт е дека порнографијата води кон опасно однесување како силување и педофилија. Исто така, затоа што порнографијата е толку пристапна и достапна, сѐ почесто се случува мажите да заболуваат од сексуална дисфункција, која не била толку честа до пред 30-40 години.rn

    5. Не треба да ја кинете облеката

    rn

    „Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови Елеазар и Итамар: ‘Не си ги откривајте вашите глави, ниту кинете си ги облеките, за да не загинете и за да не се налути Тој на целото општество’.“ – Стар Завет

    rnПорано, кинењето на облеката значело знак на жалост, а треба да означува искрено покајување. Од друга страна, во денешно време облеката се кине на секој маж кој станува татко, придружено од музика и алкохол.rnrn1-17-sekojdnevni-greshki-koi-biblijata-gi-zabranuva-no-sepak-hristijanite-sekogash-gi-pravat-kafepauza.mkrn

    6. Не треба да се тетовирате

    rn

    „Не треба да го засекувате сопственото месо, нити месото на мртвите. Не треба да цртате на него затоа што тоа е против волјата Господова.“ – Стар Завет

    rnНашето тело е нашиот храм и мора да бидеме добри спрема него и да не му нанесуваме штета.rn

    7. Не треба да се жените повторно откако сте се развеле

    rn

    „Секој што ја остава жената, освен за прељуба, ја принудува да врши прељуба, и оној што се жени со таква напуштена жена, врши прељуба.“ – Евангелие по Марко

    rnПо покајувањето, грешката може да се прости, а тука спаѓа и разводот. Затоа новото венчавање по покајувањето не треба да се смета за прељуба.rn

    8. Не треба да оговарате

    rn

    „Не треба да одите и да ширите приказни за луѓето, нити треба да застанете против блиските соседи свои затоа што тоа е грев против Господа.“ – Стар Завет

    rnОговарањето е штетно по пријателствата. Тоа може да уништи нечија репутација и сосема непотребно да ги раскара луѓето.rn

    9. Не треба се прејадувате

    rn

    „…И стави нож на своето грло ако се предадеш на алчноста.“ – Книга на Соломоновите приказни

    rnОва е повеќе од здравствени причини – поради избегнување на здебелување и други здравствени проблеми.rn

    10. Жените не треба да зборуваат во црква

    rn

    „Некои жени молчат во црква затоа што тие мора да бидат послушни кон законот.“ – Прво послание до Коринтијаните

    rnОвој стих е еден од најпогрешно сфатените стихови во Библијата. Ни жените ни мажите не треба да зборуваат во црква, затоа што мораат да мислат на Христа за да не се вратат паднатите ангели и да ги заведат.rn

    11. Не треба да се има секс пред брак

    rnВо Библијата има многу стихови кои се однесуваат на сексот пред брак, но суштината е дека тоа е грев затоа што Господ сака луѓето да се венчаваат, а не да бидат блудници.rnrn2-17-sekojdnevni-greshki-koi-biblijata-gi-zabranuva-no-sepak-hristijanite-sekogash-gi-pravat-kafepauza.mkrn

    12. Не треба да носите полиестер и други фабрички материјали

    rn

    „Треба да ја почитувате волјата Господова. Не смеете да вкрстувате два различни вида стока нити да вкрстувате две различни семиња, нити да носите облека од мешани материјали.“ – Стар Завет

    rnОвој стих има древен контекст во смисла дека свештениците некогаш носеле одори од волна и лен, а на другите луѓе им било забрането да се облекуваат како свештеници.rn

    13. Не треба да јадете морска храна

    rn

    „Сѐ што нема перки и жабри, а живее во морињата и реките е грозно и не треба да се јаде.“ – Стар Завет

    rnЖивотните од водата се чистачи и не се наменети за човечка конзумација.rn

    14. Жените не смеат да им помагаат на своите сопрузи во борба

    rn

    Кога мажите се борат едни против други, жената не смее да му пружи рака за спас на својот.“ – Повторени закони

    rnОвој стих се однесува на фер борба и дека едноставно не е во ред трета личност да се меша.rn

    15. Не треба да имате кружна фризура

    rn

    „Не треба да ја скратувате косата и таа не треба да има кружна форма од страните.“ – Стар Завет

    rnПлемињата во библиското време правеле одредени фризури за другите да можат да ги препознаваат.rn

    16. Не треба да ја кратите брадата

    rn

    „… ниту да ја отсечете брадата.“ – Стар Завет

    rnЖителите на Назарет носеле долги бради и долга коса, па веројатно овој стих се однесувал на нив.rn

    17. Не треба да се разведувате од партнерот кој изневерува и лаже

    rn

    Жената не смее да го остави својот маж (а, ако го остави мора да остане немажена), а мажот не смее да ја остави својата жена.“ – Прво послание до Коринтијаните

    rnОвој стих е погрешно сфатен, затоа што Бог не сака да останеме со некој кој нè злоставува и лошо нѐ третира, но во случај на покајување, разводот може да се прости.rnrn3-17-sekojdnevni-greshki-koi-biblijata-gi-zabranuva-no-sepak-hristijanite-sekogash-gi-pravat-kafepauza.mk

  • Поучна приказна: Која свеќа сте ја изгасиле вие?

    Поучна приказна: Која свеќа сте ја изгасиле вие?

    Четири свеќи гореле полека. Околу нив владеела тишина, па токму затоа и можел да се слушне нивниот разговор.rnrnПоучна приказна: Која свеќа сте ја изгасиле вие?rnrnПрвата свеќа рекла: Јас сум Мир. Луѓето не успеваат да ме сочуваат, па токму затоа и нема потреба да горам. Мислам дека е време да се изгасам. И таа тоа и го направила.rnrnВтората свеќа рекла: Јас сум Вера. За жал, во најдобар случај многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам, па токму затоа нема потреба да горам и понатаму. Само што го изговорила тоа, дувнал нежен ветер и ја изгасил.rnrnТретата свеќа жалосно проговорила: Јас сум Љубов. Немам веќе сила, бидејќи луѓето често забораваат на мене. И во истиот момент се изгасила.rnrnБрзо потоа во собата влегло едно дете.rnrnШто се случува?“ – прашало тоа. Требаше да горите до крај, рекло, плачејќи.rnrnТогаш се слушнал гласот на четвртата свеќа: Не грижи се, сè додека јас горам ќе можеме да ги запалиме и другите свеќи. Јас сум Надеж…

  • Книга: „Копилето од Истанбул“ – Елиф Шафак

    Книга: „Копилето од Истанбул“ – Елиф Шафак

    Роман кој магично ќе ве одведе во други светови, а кога ќе се вратите назад, реалноста веќе никогаш повеќе нема да биде иста

    rn
    rn

    „Убедливо мнозинство од луѓето воопшто не мислат, а тие што мислат никогаш не стануваат убедливо мнозинство. Реши се на која страна си.“

    rn1-kniga-kopileto-od-istanbul-elif-shafak-kafepauza.mkКога ќе сретнете книга со ваков наслов, помислувате дека станува збор за љубовна приказна каде централна улога има маж кого исфрустрираната девојка со скршено срце му го посветува епитетот копиле. Но, не, далеку сте од вистината. Откако ја прочитав „Чест“, знаев дека мора да дојдам до друг роман од Елиф Шафак и искрено, воопшто не бев разочарана. Моите очекувања не само што се исполнија, туку и пријатно бев изненадена. Слично како книгата која беше предмет на мојата претходна рецензија, „Копилето од Истанбул“ е мајсторско исткаено дело со доза на мистицизам и откако еднаш ќе го земете во раце и ќе ги прелистате неговите страници, никогаш повеќе нема да бидете истата личност.rnrnОвој роман ја издигнал Шафак на врвот на турската книжевност, повторно земајќи ги судирот на традиции, разликите меѓу истокот и западот, половата нееднаквост, љубовта и верата како централни теми. Но, овој пат како подарок за читателите Шафак додава доза мистичност одведувајќи нè назад во далечната 1915 и тој исконски нагон да се дознае судбината која си поиграла со двете семејства.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnАсја е централниот лик во романов. Деветнаесетгодишна девојка која слободното време го минува слушајќи го Џони Кеш и дружејќи се со постари и ексцентрични пријатели во едно локално кафуле, одбегнувајќи ги домашните традиции кои ја заморуваат, исто колку и задачите кои ѝ ги даваат нејзините тетки како одењето на балет. Асја сака да биде ексцентрична и да привлекува внимание со своето бунтовно однесување – карактерна особина која ја наследила од нејзината мајка. Асја живее заедно со другите жени од фамилијата Казанџи, каде мажите како да се проколнати со краток животен век. Под ист покрив живеат Залиха, најмалата и најбунтовна сестра која има свој салон за тетовирање и е мајката на Асја, на која Асја ѝ се обраќа со „тетко“. Бану е самопрогласената гатачка и пророчица, со стил на живеење сосем спротивен од оној на најмалата сестра. Џеврие е вдовица и работи како наставничка по историја, секогаш прибрана и смирена, додека Фериде е вистински хипохондрик опседната со секакви катастрофи кои можат да му се случат на човештвото.rnrnОд другата страна преку океанот живее младата Армануш, Ерменка по татко. Нејзините родители се разведени и нејзината мајка е во брак со Мустафа, единствениот син од фамилијата Казанџи. Армануш тајно ќе го посети Истанбул престојувајќи во куќата на фамилијата Казанџи, барајќи го сопствениот идентитет, таа суштинска нишка која ги поврзува минатото и сегашноста, како и барајќи одговор за ужасните неправди нанесени на ерменскиот народ. Но, Асја, од друга страна, посакува да нема минато, па дури и да побегне од сегашноста и од страшната вистина дека таа никогаш не го запознала својот татко и живее во одрекување и неприфаќање на вистината.rnrnСепак, девојките се многу поповрзани отколку што мислат на почетокот. Така оваа живописна и храбра приказна носи корени од далечната 1915 кога историјата на двете фамилии драматично се поврзува.rnrn2-kniga-kopileto-od-istanbul-elif-shafak-kafepauza.mkrnrnРоманот започнува со мајката на Асја која оди во клиника со намера да абортира, што не ни дава никакви знаци колку моќен роман следува во наредните страници, за на крај да нè доведе до магично расветлување на вистината, носејќи нè до фаталните последни страници. Книгата ќе ја затворите со голема грутка во грлото, како кнедла што не може да ја проголтате. Еден скапоцен камен оставен како наследство, горчливо чувана тајна и болна вистина… овој роман ќе ве одведе во магични светови. Топло го препорачувам.rn
    rn

    „Пред огледалото, помеѓу џинот и господарката, има сребрен сад со света вода од Мека. Во сребрениот сад има сребреникава вода, а во водата приказна, и таа сребреникава.“

    rn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 20 август 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Победникот помеѓу чувствата

    Победникот помеѓу чувствата

    Еднаш многу одамна, сите чувства се беа собрале на една ливада. Им било здодевно па лудоста предложила да играат криенка. Итрината се помислила, но сепак ја прифатила играта, љубопитноста веднаш скокнала подготвена за игра, а среќата почнала да скока и ги убедила воодушевувањето и сомнежот и тие да бидат дел од играта.rnrnСамо вниманието, гордоста и вистината биле против. Вниманието не сакало да ризикува. Гордоста мислела дека тоа е глупава идеја, а вистината не сакала да се крие, зошто на крај сепак ќе ја пронајдат.rnrnПобедникот помеѓу чувстватаrnrnЕден, два, три…почнала да брои лудоста.rnrnПрва се сокрила мрзеливоста која само се фрлила на првиот камен на патот. Убавината скокнала во кристално чисто езеро, а верата се качила на небото. Зависта се сокрила во сенката на успехот, а заборавот заборавил дека треба да се сокрие. Великодушноста никако не можела да одлучи каде да се сокрие, зашто секое место ѝ се чинело совршено за некој од нејзините пријатели. Срамежливоста се пикнала низ пукнатината на едно дрво, а слободата го нашла своето место во дувањето на ветерот. Себичноста пронашла скришно место, само за себе. Лагата се сокрила на крајот на виножитото (Лаже! Била на дното на океанот), а страста во кратерот на вулканот.rnrnКога лудоста избројала до 99, љубовта уште не пронашла скривалиште затоа што се било зафатено, брзо се сокрила меѓу цветовите.rnrnЛудоста избројала до 100, па почнала да бара.rnrnПрво ја нашла мрзеливоста зад најблискиот камен. Набргу ја нашла верата како се расправа со Бог. Случајно тука се нашла зависта, а секако и успехот, а себичноста не требало ни да се бара, таа сама излегла од своето скривалиште каде се покажало дека има осило. Од толку барање лудоста ожеднала и сакајќи да се напие вода од кристалното езеро ја пронашла убавината. Така лудоста лесно ги пронашла сите.rnrnСамо љубовта не можела никаде да ја пронајде. Ги пребарала секоја грмушка и секоја планина и бесна ги здогледала ружите. Застанала меѓу нив, зела суво гранче и почнала да удира по прекрасните цветови. Одеднаш се слушнал болен крик. Трњата од ружите ги изгребале очите на љубовта. Лудоста ја молела љубовта да ѝ прости и на крајот одлучила засекогаш да остане покрај љубовта и да ѝ помага со цел да ѝ се оддолжи. Така љубовта станала победник над сите чувства, но останала слепа, па лудоста ја следи каде и да отиде.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Народите на Сибир

    Народите на Сибир

    Малубројните нации во Северна Азија заедно претставуваат богат и стар збир од народи и култури. Се создале под влијание на вековните миграции и  инвазии од сите страни, вклучувајќи ги Персијците, Турците, Русите и Кинезите. Денешните политички поделби не секогаш се сообразени со историјата на тамошните народи, но, сепак, им го даваат новото чувство на национален идентитет, покрај, изворниот, етничкиот.Народите на сибир

    rnrn

    Евенки

    rn

      rn011

    • Население: 33.000 во Русија, 34.000 во Кина
    • rn011

    • Јазик: евенски (тунгунска гранка од алтајската група, сродни со јазикот маџу во Кина), руски, монголски, јакутски
    • rn011

    • Вера: шаманизам
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - ЕвенкиЕвенките живеат насекаде низ тајгите на Сибир, Монголија и Кина. Кинеските Евенки се фармери кои одгледуваат овци, а речиси половина од руските Евенки се занимаваат со традиционалното стопанство, засновано врз одгледувањето ирваси, со лов (заради храна и крзно) и со риболов. Тие одгледуваат припитомени ирваси кои им служат за влечење и добивање млеко. Тие се мали ирваси, па затоа се јаваат  седејќи на нивните рамена, а не на грбот. Евенките не ги јадат своите ирваси бидејќи ги сметаат за многу вредни во нивната култура. Шаманизмот е нивната религија (зборот шаман потекнува од евенскиот јазик) и има големо влијание.Народите на Сибир - Евенки

    rnrn

    Јакути (Саха)

    rn

      rn011

    • Население: 380.000
    • rn011

    • Јазик: јакутски (од групата северни туркиски јазици), руски
    • rn011

    • Вера: руска православна црва од преобратувањето во 17 век
    • rn011

    • Место: Република Јакутија, Русија
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - Јакути (Саха)Јакутите или Саха, како што сакаат самите да се нарекуваат, се најголема автохтона група од народите во Сибир. Ја населуваат Јакутија – најголема административна единица во Русија, огромен појас во источен Сибир, кој ја опфаќа и областа Верхојанск т.н. Студен пол, каде температурата се спушта и под -60. Се населиле во 13 век, веројатно со ширењето на турските народи кон север. Со себе ги донеле знаењата за одгледување добиток, посебно коњи, кои ги приспособиле на живот при ниски температури. Нивната култура цветала благодарение на трговијата со Русија, но економијата под власта на Сталин им била насилно колективизирана.Народите на Сибир - Јакути (Саха)

    rnrn

    Ненци

    rn

      rn011

    • Население: 34.000
    • rn011

    • Јазик: ненецки (сроден со финскиот и лапонскиот), руски
    • rn011

    • Вера: ненецка вера со примеси на анимизам и шаманизам
    • rn011

    • Место: Артичка Русија од двете страни на Урал
    • rn

    rn

    народите на сибирНенците живеат во зоната на поларниот круг и претставуваат најсеверни жители на Европа (бидејќи живеат и на европската страна на Урал). Нивната татковина е Јамалскиот полуостров (Јамал, значи „крај на светот“). Тие самите се нарекуваат Ненет што значи „исконски човек“ и тие се дел од поголема група наречена Самоеди. Благодарение на својата изолираност, ненеската култура им одолеала на руските христијански мисионери, а потоа и на колективистичките амбиции на советските власти. Тие се номади, не населуваат трајно некоја област, туку се селат два пати годишно со своите ирваси. Нивната древна вера е анимистичка (секој предмет во природата, жив или нежив, има свој дух).Народите на Сибир - Јакути (Саха)

    rnrn

    Чукчи

    rn

      rn011

    • Население: 15.000
    • rn011

    • Јазик: чукотски (еден од чукотско-камчатските јазици на рускиот далечен Исток), руски
    • rn011

    • Вера: руска православна црква, шаманизам, анимизам
    • rn011

    • Место: североисточен Сибир
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - ЧукчиСпоред надворешниот изглед, облеката и културата, Чукчите многу личат на автохтоните артички народи на Северна Америка. Повеќе Чукчи живеат во својата автономна област на Чукотскиот Полусотров. Крајбрежните и континенталните Чукчи имаат различен начин на живеење. Народите на Сибир - ЧукчиКонтиненталните се полуномади и одгледуваат ирваси, а крајбрежните се рибари и ловци на морски цицачи. Тие имаат слична традиција со народите на Алјаска. Чукчите во текот на 20-от век му давале оружен отпор на советскиот режим, па затоа земјата им била одземена и загадувана од индустријата и нуклеарните проби.Народите на Сибир - Чукчи

    rnrn

    Тувинци и Алтајци

    rn

      rn011

    • Население: 240.000 тувинци и 69.000 алтајци
    • rn011

    • Јазик: тувински, алтајски, руски, кинески
    • rn011

    • Вера: будизам, бурханизам (микс на будизам со шаманизам), ислам, христијанство
    • rn011

    • Место: Тувинска Република, Монголија и Алтајска Република, Русија
    • rn

    rn

    Народите на сибир - Тувинци и АлтајциТувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година  прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија.

    rn

    Алтајците се извор на шаренило од јазици. Тие се полуномадска заедница на сточари, но повеќето од нив Русите ги натерале на постојан живот. Дури некои од Алтајците, кои не се номади, чуваат јурт (традиционален номадски шатор).Народите на сибир - Тувинци и Алтајци