КАФЕ ПАУЗА

Tag: веб-сајтови

  • 5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасни

    5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасни

    Дали ви се случило да се чувствувате тажно после долго време поминато на социјалните мрежи? Не сте сами. Истражувања покажале дека колку повеќе користиме екрани, толку понесреќни стануваме. Едно неодамнешно истражување објавено од Американското здружение на психолози покажало дека психичкото „здравје“ на адолесцентите значително се намалило од 2012 година – период кога почна масовна употреба на смартфоните. Па, како да се справите со ова? Одличен начин да се одморите од вашиот смартфон е да ги земете боичките и да почнете да боите.rnrn5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасниrnrnВерувале или не, боењето може да биде навистина терапевтско. Покрај тоа, ова релаксирачко хоби е многу едноставно. Благодарение на Интернетот, нема потреба да излегувате и да купувате боенки, бидејќи има илјадници кои можете да ги симнете бесплатно. Сè што ви е потребно е принтер. Без разлика за што сте расположени, сигурно ќе најдете слика за вас. Дали тоа се цветови, некој пејзаж или инспиративни зборови – тие веќе ве чекаат. Покрај тоа, ќе можете секој цртеж да го испечатите повеќе пати и да го обоите различно. Па, погледнете некои од најдобрите места на кои ќе најдете бесплатни боенки за возрасни.rn

    1. Art is Fun

    rnТанија Мекардл го води овој веб-сајт кој е полн со цртежи за боење. Некои се навистина смешни, други се навистина инспиративни. Но сите имаат неверојатни дезени кои ќе го направат боењето навистина забавно.rn

    2. Just Color

    rnНа овој веб-сајт ќе најдете над 1.300 страници со разни теми – од мандали, до природа и патување. Покрај тоа, има и посебен дел за уметници каде што ќе ги најдете некои од најголемите уметнички ремек-дела.rn

    3. FaveCrafts

    rnОвде ќе најдете над 50 индивидуални цртежи за печатење, како и 6 бесплатни боенки кои имаат сезонски теми (како Ноќта на вештерките) и кои се во PDF формат.rn

    4. Faber-Castell

    rnНе треба да ве изненади дека компаниите кои приведуваат боички имаат нивни цртежи за боење. Компанијата Faber-Castell го направила токму ова. Овде ќе најдете прекрасни дезени, како и специјални тематски цртежи. rn

    5. Coloring Bliss

    rnИ на овој веб-сајт има околу 50 бесплатни цртежи за боење. Покрај тоа можете бесплатно да се зачлените и да имате пристап до програма со рецензии, туторијали, како и можност да се поврзете со заедница која сака да бои. Можете да платите и 4 евра месечно за премиум членарина што ќе ви овозможи пристап до над 300 рачно нацртани цртежи.rnrnПрочитајте и зошто боенките се единственото нешто кое ви треба за да се ослободите од стресот.

  • 20 корисни веб-сајтови што ќе ви го зголемат коефициентот на интелигенција

    20 корисни веб-сајтови што ќе ви го зголемат коефициентот на интелигенција

    Поголемиот дел од слободното време го поминуваме на социјалните мрежи каде што комуницираме со пријателите или објавуваме фотографии на Инстаграм. Но, можете да го искористите Интернетот и за нешто покорисно. Вреди да ги погледнете следниве 20 веб-сајтови, бидејќи тие ќе можат да го зголемат вашиот коефициент на интелигенција. Збогатете си го животот со нови знаења и почнете да учите уште веднаш…rnrn20 корисни веб-сајтови што ќе ви го зголемат коефициентот на интелигенцијаrnrn1. Free Rice е веб-сајт што донира зрна ориз доколку точно одговорите неколку прашања со повеќе можни одговори. Сајтот изобилува со разновидни теми и го тестира вашето знаење од областа на општествените и природните науки. За секој точен одговор Free Rice дава 10 зрна ориз. Можете да играте во група или сами.rnrn2. Coursera е едукативна платформа што нуди онлајн курсеви од најдобрите универзитети и организации во светот.rnrn3. Udemy е пазар на знаење. Повеќе од 10 милиони студенти го користат денес и нуди повеќе од 40.000 курсеви.rnrn4. Lumosity е веб-сајт што може да го зголеми вашиот интелектуален капацитет. Изгледа едноставно, но Lumosity создава индивидуални „вежби“ за секој човек. Вреди да потрошите малку време на него!rnrn5. Memorado е бесплатна апликација за смартфони што се вика „Brain Training Games“ („Игри за тренирање на мозокот“). Таа е составена од многу нивоа. Има вкупно 600 нивоа, а секое од нив е претставено преку различни загатки.rnrn6. Duolingo е бесплатна платформа за учење јазици. Корисниците учат нови работи, се здобиваат со знаење и потоа можат да помогнат со тоа што ќе преведуваат веб-сајтови, статии и други документи.rnrn7. Brainexer е веб-сајт со голем број тестови и вежби за подобрување на меморијата, вештините за броење, концентрацијата и интелигенцијата.rnrn8. Memrise е уникатна онлајн платформа што ги користи најновите техники за вежбање на меморијата, со цел да им помогне на луѓето полесно и побрзо да помнат разни информации.rnrn9. Project Gutenberg е електронска библиотека што содржи разни дела од светската литература.rnrn10. Curious е веб-сајт направен за студенти, наставници и талентирани луѓе од целиот свет кои сакаат да го споделат своето знаење и вештини, па дури и да бидат наградени за нивниот труд.rnrn11. Open Culture е веб-сајт со едукативна и културна содржина што лесно можете да ја добиете и користите бесплатно.rnrn12. CogniFit Brain Fitness е апликација каде што невронауката и гејмањето се споени за да создадат вежби за сивата маса. Според создавачите на апликацијата, ако ја користите апликацијата најмалку 20 минути 2-3 пати неделно, ќе можете да ги подобрите вашите когнитивни вештини.rnrn13. Fit Brains Trainer е апликација за учење јазици. Потребно е да потрошите само неколку минути на оваа апликација за да го ја подобрите мозочната функција.rnrn14. TED-ED е веб-сајт за наставници и ученици што содржи интересни едукативни видеа, пократки од 10 минути.rnrn15. Zooniverse е онлајн платформа што ви овозможува да учествувате во повеќефункционални научни проекти.rnrn16. How Stuff Works е лесно разбирлив веб-сајт што изобилува со најразлични теми и објаснува како функционираат работите. Тој ги претвора комплицираните теми во разбирливи статии.rnrn17. Unplug the TV е веб-сајт што нуди голем број забавни и едукативни видеа. Едноставен е за користење, бидејќи можете лесно да преминувате од едно на друго видео или да пребарувате во архивираните податоци.rnrn18. This American Life е радио емисија во која се дискутира на различни теми и обични луѓе ги споделуваат нивните лични приказни и мислења. Може да ја слушате преку подкаст или мобилна апликација.rnrn19. EIDETIC е апликација за луѓе чија меморија не е толку стабилна. Повторувачкиот метод на апликацијата ќе ви помогне да си ја подобрите меморијата.rnrn20. Answerbag.com е веб-сајт за љубопитните корисници кои не можат да се сетат како функционира аеродинамичката сила или ги интересира кој бил најдобриот кошаркар во 1980-тата година. Answerbag е многу едноставен веб-сајт што сигурно ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот одговор.rnrnЗошто да не ги погледнете и следниве 10 веб-сајтови кои можат многу да ви користат?!

  • 13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

    13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

    Понекогаш имате само неколку минути одмор во денот, а понекогаш не знаете што да правите по цел ден. Во овие моменти сакате само да се опуштите и да не размислувате за ништо. Но, доколку повеќе ја сакате рекреацијата отколку релаксацијата, тогаш погледнете ги овие веб-сајтови кои имаат само една задача: Да тепате време на Интернет.rn

    1. Пукање обвивка со воздушни балончиња

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnMariemarie е едноставен веб-сајт кој ви дозволува да ја правите омилената активност: Да пукате воздушни балончиња на пластичните обвивки за пакување. Единствените маани се што нема тактилно чувство како вистинското пукање на балончињата, што е и главната причина зошто луѓето го прават тоа, и звукот на пукањето е доста гласен. Но, затоа има и една голема предност: Играта нема крај и можете постојано да пукате нови обвивки.rn

    2. Правење цртани филмови

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnDvolver е бесплатен веб-сајт кој ви овозможува да правите анимирани филмови со селекција на најразлични ликови, позадини, сценарија и да куцате наративи и текст за ликовите да зборуваат. Кога ќе биде готова, анимацијата можете да ја испратите до вашите пријатели по имејл и што е најдобро, не мора да основате свој профил за да почнете со користење.rn

    3. Посакување желба

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnPush A Wish е веб-сајт кој ви дава шанса да посакате желба додека паѓа ѕвезда. Креаторите велат дека за да ви се исполни желбата, сѐ што ви е потребно се ѕвездата и облаците. Сајтот ви честита секогаш кога вашата ѕвезда ќе падне и ви нуди опција да се обидете уште еднаш.rn

    4. Играње со вода

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnWebGL Water е веб-сајт што се состои од мал сад полн со вода и топка која плови во него. Им дозволува на луѓето да ја ротираат камерата во која било насока, да ѝ пркосат на гравитацијата, да ја насочат светлината и да ја паузираат анимацијата. Играјте со топчето за да слушнете реалистични звуци на вода која прска наоколу.rn

    5. Покажување лице

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnTurn Your Name Into A Face е веб-сајт кој зборува сам за себе, опишувајќи ја својата цел совршено. Едноставно внесете го своето име или името на своите пријатели и тоа ќе го претвори во смешно, пикселирано лице.rn

    6. Играње со топчиња

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnBall Pool е веб-сајт со едноставна игра каде треба да ги движите топчињата по екранот. Примитивна, а сепак забавна, оваа анимација сигурно ќе ви помогне да потрошите неколку минути од времето.rn

    7. Слушање на звуците на дождот во кафуле

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnRainy Cafe е веб-сајт кој се состои од кафуле во кое седите и пиете некој освежувачки пијалак додека го слушате дождот. Можете слободно да го менувате волуменот на различните звуци.rn

    8. Цртање неонски вртлог

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnNeon Flames е необичен веб-сајт кој ви овозможува да создавате неонски вртлози со помош на 8 бои и екстензивен сет од параметри. Можете да го зачувате свето дело со симнување на цртежот.rn

    9. Чувство како да сте хакер

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnHackerTyper е веб-сајт кој ќе ви помогне да изгледате како хакер, програмер и компјутерски гениј преку интересен хакерски симулатор и екран со кодови. Сѐ што треба да направите е да куцате рандом букви, бројки и симболи.rn

    10. Неактивност

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnDo Nothing For 2 Minutes е веб-сајт кој ви овозможува да ги слушате морските бранови на 2 минути и да го одморите мозокот од напорната работа.rn

    11. Цртање со песок

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnThis is Sand е веб-сајт кој ви дозволува да создавате неверојатни пејсажи со песок. Притиснете го левото копче на глувчето за да создадете одредена количина песок и да цртате со неа со тоа што двојно ќе кликнете.rn

    12. Лупање врата

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnBig long now е сервис создаден за оние луѓе кои сакаат да ги смират нервите со тоа што силно ќе ја затворат вратата.rn

    13. Направете сѐ да е во ред

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnОва е веб-сајт кој ви овозможува со кликањето на едно копче да го подобрите квалитетот на животот. Пробајте. Можеби некогаш навистина ќе функционира.

  • 17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на Интернет

    17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на Интернет

    Здодевно ви е на работа или пак, не можете да се фокусирате на учењето, па сакате некако да го „размрдате“ вашиот ум? Погледнете ги наредниве 17 одлични начини на кои можете онлајн да го губите вашето време…rn

    1. Направете ваша личност

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnДа, со помош на „Moonface“ брзо и едноставно можете да креирате ваша сопствена личност. Вие кликате на главата, носот, очите и устата со цел да селектирате различни комбинации од понудените можности. Постојат околу 759.375 можни лица, па ајде дајте им шанса. И секако, не заборавајте да го именувате вашиот нов пријател.rn

    2. Читајте урнебесни критики на Амазон

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnКако на пример, оваа.rn

    3. Вежбајте ја азбуката наопаку

    rnrnrnПогледнете ги наредниве трикови кои можат да ви бидат од помош.rn

    4. Откријте дали сте психопат! (Да, и тоа постои)

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnОфицијалниот тест можете да го најдете тука. Жените можеби ќе сакаат да проверат дали можеби се во врска со психопат.rn

    5. Не заборавајте на его-сурфање (Гуглајте се самите себе… повторно)

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnБидејќи има ли подобар начин да ја подобрите вашата самодоверба и да се забавувате во исто време?rn

    6. Направете меме во кое ќе ги исфрлите вашите денешни фрустрации

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnОтпуштете го вашиот внатрешен креатор на мемиња тука.rn

    7. Правете неверојатни симетрични цртежи

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnПосетете го веб-сајтот „Silk“ и дозволете му на вашиот внатрешен артист да надвладее…rn

    8. Гледајте како Николас Кејџ тотално полудува

    rnrnrnОва видео на никого, никогаш нема да му здосади…rn

    9. Тестирајте ја вашата емоционална интелигенција

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnТука можете да се проверите колку сте емоционално интелигентни.rn

    10. Гледајте ги овие луди оптички илузии со славни личности

    rnrn

    11. Играјте ретро игри онлајн

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnКликнете тука или тука и вратете се инстантно во вашето детство.rn

    12. Обидете се да ја решите оваа загатка

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnИмате два сада. Едниот собира 5 чаши вода, другиот 3. Како ќе измерите 4 чаши вода користејќи ги само двата сада?rn

    13. Откако ќе ја решите загатката, одморете се со ова гифче

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на Интернетrn

    14. Научете како да ги врзете вашите врвки за само 1 секунда

    rnrn

    15. Тестирајте го вашиот вид

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnПосетете го сајтот „Essilior“ за да го проверите вашиот вид.rn

    16. Обидете се да сфатите што точно се случува тука

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на Интернетrn

    17. Истражувајте ја вашата фамилијарна историја

    rn17 забавни нешта кои мора веднаш да ги пробате на ИнтернетrnrnСимнете бесплатна фамилијарна историја и генеологија тука. Којзнае, можеби припаѓате на кралското семејство?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 сајтови за торенти кои се добра алтернатива за The Pirate Bay

    6 сајтови за торенти кои се добра алтернатива за The Pirate Bay

    Сега кога The Pirate Bay е привремено неактивен, потребно е да се бараат нови извори на торенти. Замунда веќе сите ја знаете, но еве и некои други сајтови кои можат да ви послужат.rn

    1. Kickass.so

    rnОвој сајт е многу сличен на The Pirate Bay. Тука можете да најдете буквално сè што ќе ви падне на памет, ако на некој пред тоа му текнало да го постави тука. Негова многу добра страна е тоа што при пребарување филмови, резултатите ги групира според квалитетот на сликата.rnrn6 сајтови за торенти кои се добра алтернатива за The Pirate Bayrn

    2. Torrentz.eu

    rnОвде може да го најдете секој торент на интернет. Torrentz.eu всушност пребарува други сајтови со торенти и ви ги дава резултатите од сите нив.rnrn6 сајтови за торенти кои се добра алтернатива за The Pirate Bayrn

    3. Bitsnoop.com

    rnТие самите за себе велат дека „ако нешто не можете да најдете кај нив, тоа не ни постои“. Се фалат дека имаат најголем број торенти на интернет.rnrn6 сајтови за торенти кои се добра алтернатива за The Pirate Bayrn

    4. YTSre.eu

    rnПорано познат како YIFY-torrents, на овој сајт можете да најдете само филмови со исклучително добар квалитет на сликата. Нивните торенти не излегуваат веднаш штом излезе и филмот, туку се чека на нивните ДВД и блу-реј изданија и воопшто не се постираат снимки од кино. Тоа гарантира врвен квалитет. Пребарувачот може да ви најде филм според жанр, квалитет на сликата или оценка на ИМДБ.rnrn6 сајтови за торенти кои се добра алтернатива за The Pirate Bayrn

    5. Torrentbutler.eu

    rnНа Torrent Butler можете да најдете филмови од најразличен квалитет, од кино снимки, па сè до HD.rnrn6 сајтови за торенти кои се добра алтернатива за The Pirate Bayrn

    6. ExtraTorrents.cc

    rnИ на ExtraTorrents.cc се постираат само торенти од филмови. Групирани се по квалитет, така што пребарувањето е многу лесно.rnrn6 сајтови за торенти кои се добра алтернатива за The Pirate Bayrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 веб-сајтови кои можат многу да ви користат

    10 веб-сајтови кои можат многу да ви користат

    Разгледајте ги овие неколку веб-сајтови и меѓу нив може да пронајдете некој што ќе ви олесни некој дел од животот.rnrn10 интернет страници кои можат многу да ви користатrnrn1. Zero Dollar Movies. Овој сајт располага со колекција од 15.000 филмови кои може да се гледаат бесплатно на Јутјуб. Нема трејлери или само делови од филмовите, туку се работи за целосни верзии.rnrn2. Livestream. Доста популарен сајт за видеостримање на вашите настани на која било платформа. Следниот пат кога ќе сакате да го споделите искуството од некој настан со други, употребете го Livestream.rnrn3. Get Notify. Овој веб-сајт следи дали оној кому сте му пратиле мејл го прочитал и ви праќа известување кога ќе се случи тоа.rnrn4. PicMonkey. Не мора да симнувате различни апликации за обработка на слики. Тоа можете да го сторите онлајн со помош на овој сајт.rnrn5. Instructables. Овде има извонредна колекција од „Направи сам“ туторијали. Се чини дека нема нешто што не е застапено на овој сајт.rnrn6. Sync.in. На овој сајт ќе најдете алатки за истовремено менување на еден документ од страна на повеќе лица. Го качувате документот и потоа сите кои имаат пристап до него можат едновремено да вршат преправки.rnrn7. Fitday. Овде можете да водите дневник поврзан со вашите фитнес цели. Покрај тоа сајтот располага и со многу текстови од областа на здравата исхрана и вежбањето.rnrn8. Endomondo. Овде ќе добиете помош во врска со вашите физички активности. На сајтот ќе внесете податоци за тоа што сте вежбале и ќе добиете анализа за резултатите од тоа.rnrn9. 750 Words. Одлична можност за креативците секое утро да ги запишат првите 750 зборови кои им доаѓаат на памет. Тоа помага да сфатите што ви се врти низ главата, а и го разбиструва умот.rnrn10. Memrise. Забавна интернет локација која ви овозможува да учите нови едноставни работи преку игри и вежби за меморирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

    Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

    Наоѓањето добра книга за читање понекогаш може да биде многу тешко. Но, еве една листа од предлози кои веруваме дека ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.rn

    The Book Seer

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnПостете ја веб-локацијата Book Seer и врз основа на тоа која книга ја имате претходно прочитано, ќе ви даде предлози базирани на слични автори и книги.rn

    Goodreads

    rn2-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_rnrnНа Goodreads можете да се поврзете со милиони фанови на книжевноста од целиот свет. На овој сајт можете да видите кои книги се највисоко оценети, кои имаат најдобри критики и така да направите соодветен избор.rn

    Нобеловци

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnАко се двоумите, секогаш одберете некој автор-нобеловец, како Жан Пол Сартр, Алберт Ками или други познати писатели. Еве ја и официјалната листа на сите нобеловци во литературата.rn

    Листа на најдобри книги

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnУште еден добар начин е да ја разгледате листата со 100 најдобри дела. Таму сигурно ќе најдете нешто вредно за читање.rn

    WhichBook

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnWhichBook е сајт кој ќе ви даде листа со препорачани книги врз основа на вашите потреби и афинитети.rn

    Одбегнувајте ги бестселерите

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnОва можеби звучи чудно, но бестселерите не секогаш навистина вредат. Во повеќето случаи се прославуваат поради звучното авторско име или успешната маркетиншка кампања. Доколку многу сакате ваков тип книги, тогаш најдобро е претходно да прочитате критики за одреден бестселер за да го спречите разочарувањето. Секцијата Книги на Кафе пауза може доста да ви помогне во тоа.rn

    Пингвин класици

    rn6-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_rnrn Пингвин класиците се богати со одлични романи. На крајот од секоја книга стои и листа од дела во нивно издание кои сигурно ќе ви помогнат уште веднаш да се одлучите што следно да прочитате.rn

    Книжари

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnВо книжарите има добар избор на стари и нови наслови и сигурно ќе успеете да најдете некоја книга за вас. Читајте ги кратките објаснувања на задната корица или пак прочитајте ги првите неколку страни за посигурен избор.rn

    Совет од вработените

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnВработените во книжара обично се големи љубители на книжевноста, па доколку не можете да се решите, прашајте ги нив за мислење. Тие ќе ви ги посочат најквалитетните неодамна издадени книги или пак ќе ви препорачаат други одлични дела.rn

    Совет од пријателите и семејството

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnДоколку во кругот на пријателите или во семејството имате некој обожавател на книжевноста, не двоумете се и веднаш прашајте ги за совет. Сигурно ќе им биде мило да ви препорачаат некоја книга по нивен избор.rn

    Онлајн-курсеви

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnРегистрирајте се на некој онлајн-курс за книжевност. Со тоа ќе добиете список од книги што треба да ги прочитате и есеи кои треба да ги напишете. Ќе истражувате, ќе дознаете за нови автори и нови значајни дела, што ќе ви постават стандарди и ќе ви помогнат во следните избори. На пример, започнете со следнава веб-локација за бесплатен курс.rn

    Библиотека

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnНека вработените во библиотеката ви помогнат при изборот или едноставно изберете некоја книга што во моментот ви изгледа најпривлечно. Убавината на библиотеките е што книгите ги изнајмувате за малку пари, а истовремено можете да си седнете таму и да уживате во моментот.rn

    Класици

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnМожеби сте слушнале за Госпоѓа Даловеј, Злосторство и казна и други познати дела, но дали ги имате прочитано? Доколку не, без размислување уште веднаш набавете ги и почнете со читање.rn

    Саем на книга

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnСе ближи саемот на книга, каде има одличен избор на изданија по снижени цени. Дефинитивно вреди да посетите таков настан доколку сакате читање и литература.rn

    Филмови

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnМногумина мислат дека најпрвин треба да се прочита книгата, па да се гледа филмот. Но, не мора секогаш да биде така. Можеби токму филмот ќе ви открие некој одличен роман што уште веднаш ќе сакате да го прочитате.rn

    Книжевен клуб

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnОдличен начин да се сретнете со други љубители на литературата. Одбирате книга, ја читате, а по неколку недели се собирате и ја дискутирате. Вака ем ќе запознавате нови луѓе, ем ќе дознаете нови интересни книжевни автори и дела. Прочитајте зошто е добро да основате ваш книжевен клуб.rn

    Авторско дело

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnИ за крај, зошто и самите да не се обидете да напишете свое дело? Може да почнете со кратки раскази, а потоа да продолжете со краток роман од 20 илјади зборови. Запомнете, сите во себе носиме животен роман, кој само чека да излезе на површина. Среќно! :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Изгледот на популарните сајтови: некогаш и сега

    Изгледот на популарните сајтови: некогаш и сега

    Автор: Ана ПетровиќrnrnДрастичната промена на веб-сајтовите сведочи за еволуцијата на веб-дизајнот и технологијата. Веруваме дека секој од вас барем еднаш во денот ги посетува овие 5 најпопуларни веб-сајтови, кои одлучивме да ви ги прикажеме во нивниот првобитен облик.rn

    Фејсбук

    rnКолкумина од вас го памтат почетниот изглед на социјалната мрежа Facebook (на почетокот позната како Thefacebook), креирана во рамки на неколкумина студенти и цимери на основачот, Марк Закерберг? Од сосема мал проект кој на почетокот започнува со неколку (позајмени) долари, денес претставува најуспешна социјална мрежа која брои повеќе од милијарда корисници.rnrnИзгледот на популарните сајтови: некогаш и сегаrn

    Гугл

    rnСе сеќавате ли на Google од 1998 година? Изгледаше токму вака, основана од страна на двајцата студенти, Лари Пејџ и Сергеј Брин.rnrnGoogle е познат по иновативниот систем на пребарување. Така, колку една веб-страница е повеќе посетена, толку почесто таа се појавува на првата страна, кога пребарувате поим поврзан со истата. Денес, ваквата техника ја користат поголемиот дел од интернет пребарувачите.rnrnИзгледот на популарните сајтови: некогаш и сегаrn

    Јутјуб

    rnYoutube, со самото настанување во 2005 година, ја започнува ерата на видео клиповите. Според истражувањата во 2006 година, на оваа страница дневно се прегледуваат 100 милиони видеа, а се поставуваат 65 илјади нови.rnrnИзгледот на популарните сајтови: некогаш и сегаrn

    Јаху

    rnКреиран во март 1995 година, воопшто не изгледа на она што е денес.rnrn(4) izgledot-na-popularnite-sajtovi-nekogash-i-sega-kafepauza.mkrn

    Твитер

    rnТешко е да поверувате, но втората по ред најпопуларна мрежа во светот, Twitter, некогаш изгледала токму вака. Од своето преставување во 2006 година, оваа социјална мрежа бележи огромен развој.rnrn(5) izgledot-na-popularnite-sajtovi-nekogash-i-sega-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул ефекти за вашите фотографии

    Кул ефекти за вашите фотографии

    Освежете ја фотографијата на вашиот Фејбук-профил со помош на некоја смешна анимација или интересен ефект, кои ќе ги најдете на следните 4 сајтови:rnrn1. Fun Photo Box – тука најпрво треба да изберете една од понудените анимации или ефекти, па потоа да прикачите фотографија. Тоа може да го сторите преку аплоудирање на готова фотографија или да направите нова со помош на вашата веб-камера. На располагање ви се огромен број анимации и ефекти.Кул ефекти за вашите фотографии2. Photofunia – сличен како претходниот сајт, но со помал избор на ефекти. Откако ќе се одлучите за ефектот, ја прикачувате фотографијата и за неколку секунди ќе се најдете на некоја позната реклама или билборд. 🙂Кул ефекти за вашите фотографии3. Fake Magazine – поставете ја вашата фотографија на насловната страница на лажен магазин.Кул ефекти за вашите фотографии4. Hollywood makeover – на овој сајт можете да видите како би ви стоела фризурата на некоја позната холивудска ѕвезда.Кул ефекти за вашите фотографии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустани

    Познатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустани

    За 19-годишиот италијански артист и моден дизајнер Виктор Фаретина, познат како Неко-Ви, веб-сајтовите како Фејсбук, Википедија и Јутјуб биле инспирација за креирање дигитална серија вечерни фустани, наречена Web in Vogue. Неко-Ви во својата работа одлично ги отсликал карактеристиките, целта и заедницата на веб-сајтовите кои ги реинтерпретирал во вид на елегантни фустани. Внимавал на боите, шаблоните, иконите, типографијата и логоата.rnrnТој се надева дека еден ден ќе може да ги развие овие дизајни во вистинска облека, иако веројатно ќе мора да се откаже од некои модели, како оној инспириран од поранешниот MegaUpload.Познатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниПознатите веб-сајтови преобразени во вечерни фустаниrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.