КАФЕ ПАУЗА

Tag: УВ светлина

  • Кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните?

    Кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните?

    Минералните кремови на површината на кожата создаваат бел заштитен слој кој ја рефлектира сончевата светлина. Хемиските ја апсорбираат УВ-светлината, но нивните состојки влегуваат во кожата и не оставаат бели траги на кожата. Без разлика каков вид крем за сончање користите, важно е да бидете сигурни дека има широк спектар на дејствување.rnrnКои кремови за сончање се подобри - хемиските или минералните? rnrnВажно е да знаете дека соодветната заштита од сонце не значи само заштита од УВ-зраците (УВА и УВБ), туку и заштита од видливата светлина и од инфрацрвеното зрачење. Под УВ-заштита се подразбира заштита од УВБ-зраците кои се одговорни за настанувањето на изгорениците и за појавата на рак на кожата и заштита од УВА-зраците кои навлегуваат подлабоко и се одговорни за стареењето на кожата, за нарушувањето на пигментацијата и за појавата на меланом.rnrnВидливата светлина влијае на несаканата пигментација, особено кај луѓето со потемен тен. Инфрацрвеното зрачење стигнува до подлабокиот дел од кожата и доведува до распаѓање на колагенот и предизвикува формирање брчки.rnrnВо последните неколку години, т.н. минерални или поприродни кремови за сончање се сметаат за поздрава верзија за заштита на кожата, но на многумина не им се допаѓаат затоа што оставаат бел слој на кожата. Минералните кремови не се апсорбираат во кожата, туку нивната улога е да ги одбијат сончевите зраци. Хемиските кремови ја апсорбираат УВ-светлината и нивните состојки влегуваат во кожата, но имаат помека текстура и не оставаат бели слоеви на кожата.rnrnКремовите за сончање се поделени во две главни категории, хемиски и минерални. Двете категории го намалуваат краткотрајното и долгорочното оштетување на кожата и го намалуваат ризикот од изгореници и од појава на рак на кожата. Единствената разлика е во начинот на кој го прават тоа.rnrnХемиските кремови за сончање дејствуваат како сунѓер и ја апсорбираат УВ-светлината, додека минералните кремови за сончање дејствуваат повеќе како штит и ги одбиваат сончевите зраци.rnrnВообичаените состојки во хемиските кремови за сончање се оксибензон, авобензон, октизалат, октокрилен и др. Тие се понежни, полесно се нанесуваат и не оставаат бели дамки на кожата. Минералните кремови за сончање содржат цинк оксид или титаниум диоксид и често создаваат лепливо чувство на кожата.rnrnЕдна од причините зошто минералните кремови стануваат сè попопуларни е тоа што многу луѓе се загрижени дека нивните тела ги апсорбираат состојките што се наоѓаат во хемиските кремови за сончање.rnrnИако е можно да апсорбирате мала количина од минералниот крем за сончање, тоа е малку веројатно затоа што тие најчесто остануваат на површината на вашата кожа и ја рефлектираат сончевата светлина, а лесно се мијат со вода.rnrnПрочитајте ги 5-те митови за сончањето што мора да ги знаете.

  • Уметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магично

    Уметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магично

    Денес, кога тетоважите ги има во сите форми, бои и големини, тешко е да импресионирате љубител на тетоважите, но тоа не е проблем и за Тукои Оја, која создава тетоважи што блескаат. Овие тетоважи се прават на ист начин како што се прават и обичните тетоважи, но таа користи мастило што свети само под УВ-светлина. Во продолжение погледнете ги фотографиите од тетоважите што раскажуваат возбудливи приказни под УВ-светлина.rnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnУметник од Австралија прави тетоважи што светат под УВ-светлина и изгледаат магичноrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Неверојатни мурали што светат во темно

    Неверојатни мурали што светат во темно

    Унгарската уметница Боги Фабијан користи УВ-боја што самата ја направила, за да создава неверојатни мурали кои оживуваат навечер. Во текот на денот ѕидовите изгледаат најобично, но штом ќе ја исклучите светилката, делата на Боги почнуваат магично да светат.rnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnНејзините дела осветлуваат цели простории и ги претвораат и најобичните места во спектакуларни космички светови со галаксии, ѕвезди и облаци од прашина и гас.rnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnМуралите ја менуваат својата боја во зависност од тоа дали се гледаат со природна темнина или со УВ-светилка.rnrnНеверојатни мурали што светат во темноrn

    „Се обидувам да создадам атмосфера како од сон. Ги фарбам ѕидовите и подовите и ја осветлувам мојата уметност со и без извор на енергија за да може оној што ја гледа да ужива во сите нејзини аспекти. Мојата цел е да создадам уникатни простори и соби и да им дадам идентитет и душа, каде што релаксирањето и живеењето стануваат искуство.“

    rnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnОсвен муралите, Боги прави и слики користејќи ги истите бои. Од осветлена месечина, до неверојатно небо, секое дело направено на платно ја менува бојата во зависност од изворот на светлина.rnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnНеверојатни мурали што светат во темноrnrnПогледнете ги и овие креативни полици за книги кои веднаш ќе ги посакате во вашиот дом.

  • Прекрасни фотографии од невидливата светлина која ја емитуваат растенијата

    Прекрасни фотографии од невидливата светлина која ја емитуваат растенијата

    Исто како што флуоросцентните предмети сјаат на црна светлина, речиси секоја органска материја сјае барем малку кога ќе се изложи на УВ светлина. Фотографот Крег Буроус фотографирал растенија во потполна темница со цел да ја фати светлина која ја емитуваат. Секојпат кога цветовите се изложени на сончева светлина тие сјаат, но поради светлината од сонцето, тој сјај за нас е невидлив. Овие фотографии ни покажуваат нешто што се случува пред нас но ние не можеме да го видиме.rnrn(1)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrn(2)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrn(3)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrn(4)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrn(5)prekrasni-fotografii-od-nevidlivata-svetlina-koja-ja-emituvaat-rastenijata-kafepauza.mkrnrnПродолжете на следната страница за повеќе магични фотографии…rnrn

  • Интимна конекција потенцирана со неонски бои

    Интимна конекција потенцирана со неонски бои

    „The Glow“ (Блесокот) е колоритна фотосерија од бразилската артистка Сара Леал. Употребувајќи неонски бои и црна светлина, Сара истакнува одредени детали од човечкото тело, на еден невообичаен, но прекрасен начин. Портокаловата и зелената боја распрскана на сината кожа, создава една надреална композиција во која дланките, усните и очите се истакнуваат наспроти темнината.rnrnИнтимна конекција потенцирана со неонски бои Интимна конекција потенцирана со неонски боиrnrnСо својата фотосерија Леал ни открива еден затскриен свет, кој се открива единствено под осветлувањето од невидливата ултравиолетова светлина т.н. црна светлина. Таа им се приближува на субјектите за да ја фотографира нивната интимна конекција, а сенките и светлата помешани заедно, креираат воодушевувачка дисторзија помеѓу формите и боите.rnrnИнтимна конекција потенцирана со неонски бои Интимна конекција потенцирана со неонски бои Интимна конекција потенцирана со неонски бои Интимна конекција потенцирана со неонски бои Интимна конекција потенцирана со неонски бои Интимна конекција потенцирана со неонски бои Интимна конекција потенцирана со неонски бои Интимна конекција потенцирана со неонски бои
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сонцето во малку поинакво издание

    Сонцето во малку поинакво издание

    Ова е поглед на Сонцето какво што досега никогаш не сме го виделе. Овие восхитувачки фотографии ни го прикажуваат внатрешното вриење на нашата ѕвезда на таков начин што човечкото око не би можел да го забележи. Сателитот на Сончевата Динамична Опсерваторија на NASA (SDO) направил слики кои ја покажуваат енергијата што ја ослободува Сонцето во вид на бранови должини, како X-зраци и ултравиолетова светлина. Тоа помогнало за добивање многу нови сознанија за начинот на функционирање на Сонцето.rnrn

    Сонцето во малку поинакво издание
    Овие X-зраци и УВ-светлината им помогнале на научниците да го разберат начинот на кој функционира Сонцето.
    rnrnЧистината на сликите од SDO-сателитот укажува на тоа дека во NASA ќе пристигнат многу покорисни податоци за разлика од кое било друго вселенско летало. Овој сателит секој ден испраќа околу 1,5 терабајти податоци што е еднакво на 500.000 песни на вашиот мп3 плеер.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сателитот има произведено чудесни слики од Сонцето, набрзо по неговото лансирање во февруари, 2010 година.
    rnrnНекои слики покажуваат и работи кои никогаш досега не биле видени, детали за сончевиот материјал кој струи околу Сонцето, како и приказ одблизу на активностите кои се одвиваат на неговата  површина.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектрум – светлина која е невидлива за човековото око, но која го предизвикува потемнувањето на кожата при сончање
    rnrnСателитот бил лансиран во февруари, 2010 година. Неговиот главен научник Дин Песнел, пренесува дека податоците кои NASA ги добива од него ги реобликуваат и менуваат теориите за начинот на кој функционира нашата ѕвезда, но и овозможуваат да се набљудуваат скорешните бурни активности кои се одвиваат на неговата површина.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектар на бои. Светлите делови се предели на Сонцето со изразена активност кои можат да предизвикаат сончеви бури.
    rnrnВо текот на 5-годишната мисија, овој сателит ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговата улога во климатските промени на Земјата. Исто така, ќе се детерминира улогата на магнетното после на Сонцето во создавањето на силните соларни, деструктивни појави како соларните ветрови.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сателитот ќе им помогне на научниците во проучувањето на штетата која може да ја предизвика соларната светлина врз работата на комуникациските сателити и напојувањето со енергија.
    rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    NASA објавува дневни фотографии и видеа од движењето на Сонцето
    rnrnСончевата Динамична Опсерваторија на NASA е лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, Америка. Во текот на 5-годишната мисија, се проценува дека ќе се потрошат околу 855 милиони долари за одржување на неговата активност. Ова вселенско летало, орбитира околу Земјата на околу 35.405 км, сончевите панели се големи 6,4 метри и продуцираат струја со јачина од 1.450 вати.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Во текот на 5-годишната мисија на сателитот, тој ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговото влијание врз климатските промени на Земјата.
    rnrnИнструментите кои се наоѓаат во сателитот се дополнително заштитени од радијација, бидејќи тој се наоѓа надвор од радијацискиот појас на Земјата, каде што има високо ниво на зрачење.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Комбинација од три бранови должини на светлина во една слика – од X-зраци до УВ-зраци… Светлиот прстен ги прикажува местата со големо магнетно зрачење.
    rnrnОва летало има три инструменти кои се задолжени за фаќање слики од Сонцето со ултрависока резолуција.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Црните точки се сончеви пеги кои се движат по површината на Сонцето.
    rnrnСателитот, исто така, помага во разбирањето на соларниот притисок кој се генерира на неговата површина.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“

    Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“

    Новиот дизајн на шишето на „Heineken“ е комбинација инспирирана од ледената алуминиумска лименка и класичното шише.rnНовиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новосоздаденото совршенство наречено „Heineken Aluminum“ на својата амбалажа има испечатена графика со невидлив тонер, која може да биде видена само под УВ светлина. Овој дизајн своето деби го имаше пред некој месец во Милано, а пивото ќе се продава во ограничена количина.rnНовиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Новиот алуминиумски дизајн на „Heineken“Ако не сте по пивото, можеби сте за вотка „Smirnoff“ во овошна амбалажа?