КАФЕ ПАУЗА

Tag: уста

  • Оставете го бебето да ги става играчките во уста

    Оставете го бебето да ги става играчките во уста

    Доенчето има вродена потреба со усните и јазикот да ги истражува предметите, па затоа експертите ги советуваат родителите ваквото однесување да не се ограничува или забранува. Поголемиот дел од родителите не сакаат кога детето ги става предметите и играчките во уста. Во тој момент гледаат што побрзо да им го тргнат предметот од уста, сметајќи дека тоа е нехигиенски, дека детето може да се разболи, а присутен е и страв од можно голтање на предметите.rnrnОставете го бебето да ги става играчките во устаrnrnНо, како што веќе кажавме, станува збор за вродена потреба на детето со усните и јазикот да ги истражува предметите. Па, родители, пуштете го своето бебе да ги става играчките во уста. Тоа е важен чекор во детскиот развој.rn

    Истражување со устата

    rnСтавање на предметите во уста е првиот начин на истражување на околината, односно орално истражување. Се јавува во четвртиот месец од животот и трае до осмиот месец. Тогаш детето го истражува предметот со усните, а не со очите, како што се мисли вообичаено. Децата со усните ги истражуваат предметите се до 18-от месец, а некои и подоцна.rnrnМногу е важно родителите да се запознаат со оваа фаза на развој и да се погрижат во детската околина да нема опасни и мали предмети. Важно е да се обрне и внимание на предметот со кој детето игра, односно тој треба да биде:rn

      rn011

    • Доволно голем, за да не може да се проголта
    • rn011

    • Да нема остри рабови
    • rn011

    • Да не е обоен со токсични бои или направен од токсични материјали
    • rn011

    • Да не е кршлив
    • rn

    rn

    Мануелно истражување

    rnВо шестиот месец од животот, детето во играта почнува да користи мануелно истражување, ги фрла предметите на подот, удира со предметот на подлогата, мавта со нив во воздух. Родителите, понекогаш за овој начин на игра немаат разбирање и го прекоруваат детето. Но, ваквиот начин на игра на детето му овозможува да ја истражува тежината на предметот, звуците, односно тактилно-кинестетичките функции на предметот. Оваа фаза обично трае додека детето не наврши една година, додека кај некои деца трае и до 15 месеци.rn

    Визуелно истражување

    rnДетето почнува да ги набљудува предметите од осмиот до деветтиот месец, а пред тоа ги користи очите за да го воочи предметот и да си ја приближи раката.rnrnСо истражување на околината децата користат разни начини на однесување, па некои се склони кон набљудување на предметите, додека други ги запознаваат предметите преку истражување со рацете и усните.rnrnДознајте и како да му помогнете на вашето дете да ја засака книгата…rn

     Сања Нечовска, дефектолог-логопед

  • 3 чекори до природно големи и црвени усни без употреба на кармин

    3 чекори до природно големи и црвени усни без употреба на кармин

    Полните усни и црвената боја се совршен украс за лицето. Па, доколку сакате да го постигнете овој ефект на природен начин, погледнете ги следниве едноставни трикови покрај кои воопшто нема да ви треба кармин, а вашите усни ќе останат совршени во текот на целиот ден.rnrn3 чекори до природно големи и црвени усни без употреба на карминrn

    Прв чекор – Направете пилинг на усните со цел да ги отстраните мртвите клетки кожa од нивната површина

    rn

      rn011

    • Направете паста од 1 лажица мед и 1 лажица кафеав шеќер.
    • rn011

    • Нанесете ја пастата на прстите и потоа со кружни движења темелно масирајте ги усните.
    • rn011

    • Откако ќе завршите, измијте ги усните со млака вода.
    • rn

    rn

    Втор чекор – За природна, здрава и румена боја, како и зголемен волумен, потребно е да ја подобрите циркулацијата во вашите усни

    rn

      rn011

    • Во 1/4 лажица цимет додајте неколку капки вода и измешајте добро.
    • rn011

    • Нанесете ја мешавината на усните и нежно протријте ги на кратко.
    • rn011

    • Оставете ја да делува неколку минути.
    • rn011

    • Потоа измијте ги усните и освежете ги со хидратантен балсам или мелем.
    • rn

    rn

    Трет чекор – За силно црвени усни, употребете природен кармин направен од свежо цвекло

    rn

      rn011

    • Измијте ги усните, а цвеклото исечете го на половина.
    • rn011

    • Со стапче за уши, тријте по внатрешноста од цвеклото сè додека тоа не го впие нејзиниот црвен сок.
    • rn011

    • Намачкајте ги детално усните, но внимавајте да не го надминете работ бидејќи ќе го пренесете црвенилото и на кожата од вашето лице.
    • rn011

    • Оставете го да отстои околу половина час и потоа усните измијте ги со млака вода.
    • rn011

    • За крај, по желба нанесете балсам или проѕирен сјај со цел да се засили ефектот.
    • rn

  • Во секоја брчка ни е запишана судбината: Дознајте што откриваат вашите?

    Во секоја брчка ни е запишана судбината: Дознајте што откриваат вашите?

    Ако сте премногу загрижени, под стрес или исхраната не ви е балансирана, сето тоа може да се види на вашето лице. Погледнете што зборуваат брчките за вас.rnrn1-vo-sekoja-brchka-e-zapishana-sudbinata-doznajte-shto-otkrivaat-vashite-kafepauza.mkrn

    Чело

    rnХоризонталните брчки упатуваат на преголема загриженост, а кај младите личности се знак на преголема конзумација на шеќер, млечни производи и растителни и животински масла и масти. Две вертикални брчки измеѓу веѓите упатуваат на лутина или потисната лутина која може да изразува нетрпеливост, фрустрација и/или здодевност. Ако брчките се спуштаат надолу кон коренот на носот, може да означуваат грижа и прекумерна концентрација.rn

    Образи

    rnВертикалните линии на образите се знак на голем и континуиран стрес. Назолабијалните брчки (кои се спуштаат покрај коренот на носот до врвовите на устата) се линии на животната смисла или целта и покажуваат колку долго всушност живеете во стварниот живот. Ако се предлабоки, а сè уште немате 50, можеби е време за чистење на вашиот живот од разни верувања и идеи, но и за детоксикација, бидејќи ова подрачје е поврзано со дебелото црево.rn

    Усни

    rnСитните вертикални линии над горната усна упатуваат на премногу грижи – време е да почнете малку да се посветите на себеси. Често се порпапратени со кратки брчки на разочараност кои од аглите на усните се спуштаат косо кон вилицата. Ситните вертикални линии кои се наоѓаат под долната усна означуваат огорченост и незадоволство од животот.rn

    Брада

    rnВертикалните линии на брадата тешко се видливи кај младите личности, а се поврзуваат со рационални или ирационални стравови. Често кожата на тоа подрачје добива изглед на кора од портокал.rn

    Очи

    rnБрчките кои од надворешниот агол на окото во лак се искачуваат кон горе зборуваат за среќа и радост, а оние кои се спуштат кон јаболчниците или уште пониско се знак дека сте имале повеќе тага отколку радост во животот.rnrnrn

    Во секоја брчка е запишана нашата судбина

    rnБрчките на лицето сведочат за нашите години, но јасно ги откриваат и нашиот карактер, судбината, здравјето, како и тоа дали сме предодредени за успех и за што сме талентирани. Ова се основите на физиогномиката, наука за личноста, која први почнале темелно да ја проучуваат и користат старите Кинези. Погледнете што зборуваат за вас најизразените брчки кои ги имате на лицето.rnrnЗнак на снаодливост – Две или три линии кои хоризонтално го пресекуваат челото се сметаат за добар знак. Челото со две брчки често е знак на среќа кај успешните и снаодливи луѓе. Челото со три линии укажува на голема смисла за уметност и е одраз на книжевен талент.rnrnЗнак на популарност – Три, а со годините и повеќе долги, неиспрекинати линии кои одат преку челото образувајќи голем лак укажуваат на човек со исклучителна популарност. Таквата личност ужива длабока почит од својата околина и има широк круг на пријатели. Луѓето од овој тип можат да стекнат огромна слава и живеат долго и среќно без посебни грижи и неволји.rnrnЗнак на тешка судбина – Длабока, вертикална линија во средината на челото не е многу добар знак. Меѓу кинеските физиогномисти таа го добила името „висечка игла“. Таа линија означува закана за личната сигурност или претставува навестување на лоши односи меѓу сопружниците.rnrnМеѓутоа, некои луѓе имаат т.н. компензирачки црти, како што се на пример класичните, идеални веѓи, очи и нос, кои на таквата личност ѝ помагаат да се варди несреќата. „Висечката игла“ често се сретнува кај луѓе на високи позиции, меѓу кои и кај членовите на власта, но и меѓу актерите, што говори за високиот интелектуален потенцијал на тие луѓе.rnrnЗнак на успех – Помеѓу двете веѓи се наоѓаат две кратки паралелни линии кои укажуваат на успех во раководството, индустријата или културата. Таквата личност е истовремено мислител и добар организатор на работата со која се занимава. Таа поседува сè што е потребно за брлијинатна кариера.rnrnЗнак на амбициозност – Доколку помеѓу двете веѓи се наоѓаат три прави линии, тоа е знак дека личноста може многу рано да се искачи на скалите на општествениот успех до самиот врв. Но, ако се трите вертикални линии искривени, тоа укажува на предиспозиција за психичко нарушување, а можеби и за криминални тенденции.rnrnЗнак на среќа – Една единствена хоризонтална линија која поминува по средината на челото е знак на убав и благороден живот. Таквата личност ќе има успех со сите потфати кои ќе ги направи, особено во младоста. Меѓутоа, доколку таа линија се наоѓа преблиску до веѓите, можни се непријатности во текот на тинејџерските денови.rnrnЗнак на слава – Необичните линии на челото во облик на ромб претскажуваат долг живот и исклучителна слава. Таквите линии се карактеристични за писателите, сликарите, музичарите и другите креативни професии.rnrnЗнак на болест и негативност – Тенките, кратки, кривулести и раштркани хоризонтални линии на челото говорат за личност со лошо здравје, за колебливост и безволен карактер. Дури и ако заземаат позиција за која се заинтересирани, таквите луѓе остануваат злопамтила.rnrnЗнак на лоша среќа во љубовта – Доколку личноста има по три вертикални линии под секое око, тоа значи дека може да има несреќен брак, кој ќе заврши со развод.rnrnЗнак на раѓање син или ќерка – Доколку бремената жена има кратки црти околу горните и долните усни, голема е веројатноста дека ќе роди син. Доколку нема, на свет ќе донесе ќерка.

  • 6 грешки кои ги правите при миењето на забите

    6 грешки кои ги правите при миењето на забите

    Можеби ги миете забите секој ден, но ако правите некоја од овие грешки тие сепак не се добро заштитени. Д-р Едмонд Хјулит има совети за вас како да ги исправите.rnrn6 грешки кои ги правите при миењето на забитеrn

    1. Ги миете забите во погрешно време

    rnСпоред д-р Хјулит четката за заби треба да биде последното нешто кое допира до забите навечер. Ако каснете нешто по миењето на забите тоа ќе се задржи на нив и ќе почне да ги оштетува.rn

    2. Користите погрешна четкичка

    rnИзберете четкичка за заби со меки влакна затоа што таа подобро ја чисти глеѓта. Оние со поцврсто влакно можат дури и малку да ја оштетат глеѓта и да го изложат коренот на забот на оштетување.rn

    3. Имате погрешна техника на четкање

    rnПоминувањето со четкичката по забите не ја завршува работата. Д-р Хјулит препорачува свртување на четкичката за 30-45 степени кога ја четкате глеѓта со цел подобро миење на она што предизвикува забен камен. Миењето на задниот дел на вилицата треба да се направи со вертикално држење на четкичката, а неопходно е добро да се измие и задниот дел на устата. Сето тоа треба да трае по две минути два пати дневно, при што треба да се задржите по 30 секунди на секоја четвртина од вилицата.rn

    4. Не ја плакнете добро устата

    rnУстата треба добро да се исплакне после четкањето на забите. Плукањето на пастата за заби не е доволно, затоа што на тој начин во устата останува она што сте го тргнале од забите.rn

    5. Не обрнувате внимание на остатокот од устата

    rnЦелата уста се мие, а не само забите. Ситни остатоци од храната можат да се заглават и на јазикот и да бидат плодно поле за создавање на бактерии кои им штетат на забите.rn

    6. Не ја менувате четкичката

    rnЛекарите препорачуваат менување на четкичката на секои три до четири месеци. Истрошените четкички нема ефикасно да го отстранат она што треба да го отстранат и миењето на забите со нив е речиси бескорисно. Исто така, тие треба да се менуваат и откако ќе оздравете од некоја болест затоа што можеби тие кај себе сè уште ја имаат бактеријата која ве разболела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најсмешниот трик со молив за сите оние кои обожаваат да се смеат

    Најсмешниот трик со молив за сите оние кои обожаваат да се смеат

    Срце без омраза, ум без грижи и само еден обичен молив… И среќата е гарантирана! Што треба да направите? Додека го читате овој текст, во устата намесете молив така што усните ќе ви се развлечат во форма на насмевка.rnrnНајсмешниот трик со молив за сите оние кои обожаваат да се смеатrnrnОваа употреба на мускулите за смеење поттикнуваат позитивни емоции, правејќи ве помалку исцрпени и посреќни. Немојте веднаш да се откажете и да си кажете дека ништо нема да се случи дури и да пробате, туку дозволете си барем 30-тина секунди со цел да сфатите дека ова е наједноставниот начин брзо да се расположите.rnrnСпоред едно истражување кое било објавено во журналот „Positive Psychology“ се докажало дека со помош на овој едноставен трик оние кои имале задача свесно да се потрудат да бидат посреќни, биле многу успешни при постигнување на својата цел. Обидете се и споделете со нас дали успеавте.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жабуркање масло во устата: Зошто и како?

    Жабуркање масло во устата: Зошто и како?

    Жабуркањето маслиново, сончогледово или сусамово масло е одличен начин да ги елиминирате бактериите и нечистотиите во устата и грлото. И тоа не е сè, жабуркањето може да ви помогне при отстранувањето на токсините од целото тело, како и при лечењето на одредени заболувања.rnrnЖабуркање масло во устата: Зошто и како?rnrnНајпознатите здравствени придобивки од оваа пракса се:rn

      rn011

    • Посветли и побели заби
    • rn011

    • Поздрави непца
    • rn011

    • Спречување на лошиот здив
    • rn011

    • Зголемување на енергијата
    • rn011

    • Намалување на појавата на главоболки
    • rn011

    • Ублажување на алергиските реакции
    • rn011

    • Подобар сон
    • rn011

    • Почиста кожа
    • rn011

    • Подобрување на здравјето на лимфниот систем
    • rn011

    • Регулирање на менструалниот циклус
    • rn011

    • Ублажување на симптомите на ПМС
    • rn

    rnОвој метод на жабуркање е едноставен и евтин. Сè што ви е потребно е една лажичка квалитетно маслиново, сончогледово или сусамово масло. Доколку сте загрижени за вкусот, можете да додадете и една капка есенцијално масло по ваш избор. Жабуркајте го маслото во устата полека и погрижете се да поминува и помеѓу забите. Препорачаното време за овој третман е 20-тина минути, но на почетокот обидете се да издржите барем 10 минути.rnrnМаслото ќе ги апсорбира сите токсини и бактерии, па токму затоа се препорачува да го плукнете по жабуркањето. Оваа техника можете да ја повторувате од 2 до 3 пати дневно. Најдобро е да ја применувате наутро, пред миењето заби и потоа уште 2 пати во текот на денот, пред оброк. По жабуркањето измијте ги забите како и секогаш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Темни усни: Тренд кој не смеете да го пропуштите

    Темни усни: Тренд кој не смеете да го пропуштите

    Со пократките денови и поладните ноќи, есента станува помрачна. Некогаш поради облеката, некогаш поради бојата на косата, а пак некогаш поради режимот за разубавување. Од потемнување на косата до „зачадени“ очи, мрачниот изглед оваа сезона е многу модерен, затоа осудете се да ризикувате и имајте темни усни. Рубиново црвена, слива или виолетова, без разлика која нијанса, овој изглед е драматичен и еклектичен, така што ќе привлечете бројни погледи.rnrn1-temni-usni-trend-koj-ne-smeete-da-go-propustite-kafepauza.mkrn

    1. Спремни и полни усни

    rnПрв чекор е подготвување на кожата. А, кај усните тоа значи добра хидратација. Ако имате испукани усни прво исчеткајте ги со чиста четка за заби. Вака, ќе го отстраните вишокот кожа. Потоа хидрирајте ги за да бидат мазни.rn

    2. Пронајдете ја соодветната нијанса

    rnНе секој кармин ви одговара, затоа е важно да препознаете кои се оние што најдобро ви прилегаат, а еве како ќе знаете:rnrnСветли: За оние девојки кои имаат светла кожа како Гвен Стефани или Кристен Стјуарт најдобри се светлите нијанси. Но, ако веќе сакате темни нијанси, тогаш држете се настрана од портокаловите нијанси и насочете се кон богатите темноцрвени.rnrnСредни: Средниот тен е најлесен, бидејќи има и светли и темни пигменти, а многу од комбинациите на бои беспрекорно одговараат. Кармините со сини пигменти се одличен избор бидејќи го осветлуваат тенот и создаваат илузија на побели заби. Добра идеја се и класично црвените нијанси или една-две нијанси потемни.rnrnМаслинести или темни: Оние со темна или маслинеста кожа вообичаено имаат златни пигменти на кои најдобро одговараат подлабока темноцрвена и виолетова боја. Друга перфектна идеја се сливовите нијанси со малку сјај.rn

    3. Внимателно нанесете

    rnКај кармините клучен е начинот на нанесување. Внимавајте на линиите од усните, но и на интензитетот на бојата. За да ги погодите линиите нанесете молив за уста во нијансата на вашите усни. Исто така, може да употребите чепкалка за уши потопена во вазелин за да ги отстраните вишоците кармин на краевите. За да не нанесете кармин на забите, формирајте „О“ со устата при нанесувањето и поминете со прстите по усните за да ја отстраните шминката на внатрешните страни од усните.rn

    Бонус совети за трендот на темните усни

    rn1. Не знаете каков тен имате? Видете ги вените на внатрешната страна од зглобот. Ако ви изгледаат сини тогаш имате светол тен, ако се зеленикави, имате темен тен, а ако се мешавина од зелени и сини тогаш имате среден (неутрален) тен.rnrn2. За го изедначите тенот на усните со кожата користете моливче за усни кое одговара на потемната нијанса. Пред употребување на моливчето користете пудра како основа за да го фиксирате.rnrn3. Ако сакате карминот да ви изгледа проѕирно тогаш натапкајте го на прстите и потоа нанесете го.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Шизички дуксер со уста која се отвора на патент

    Направете сами: Шизички дуксер со уста која се отвора на патент

    Секој од нас има некој дуксер по дома кој е премногу едноставен за да се носи надвор, но премногу удобен за да се фрли. Корисникот Hellovillain на сајтот Instructables дошол до одлична идеја за претворање на старите обични дуксери во парче облека кое ќе обожавате да го носите.rnrn1-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Патент
    • rn011

    • Ножици
    • rn011

    • Молив и хартија
    • rn011

    • Малку материјал во 3 бои
    • rn011

    • Соодветни конци
    • rn011

    • Игли
    • rn011

    • Шпенадли
    • rn011

    • Машина за шиење или вашите вешти раце
    • rn

    rn2-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrn

    Постапка:

    rn1. Нацртајте ги очите на парче хартија. Направете го истото со носот.rnrn3-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn2. Исечете ги и наместете ги очите и носот на вашиот дуксер.rnrn4-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn3.Исечете ги очите од материјалот што го одредивте за нив.rnrn5-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn4. Не заборавајте ги зениците.rnrn6-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn5. Зашијте сè заедно.rnrn7-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn6. Со шпенадли наместете ги очите на дуксерот и така сошијте ги.rnrn8-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn7. Исечете ја устата од материјалот и за неа зашијте ги забите.rnrn9-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn8. Зашијте го патентот за устата (отворен).rnrn10-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn9. Кога е затворена устата треба да изгледа како торбичка за моливи.rnrn11-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn10. Засечете уста на дускерот.rnrn12-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn11. Закачете ја патент-устата на дускерот со шпенадли и сошијте.rnrn13-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn12. Готово! Уживајте во многуте погледи од вашите пријатели и од луѓето со кои ќе се разминувате на улица.rnrn14-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk 15-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk 16-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршен бакнеж: 3 грешки кои ги правиме додека се бакнуваме

    Совршен бакнеж: 3 грешки кои ги правиме додека се бакнуваме

    Од добриот бакнеж ќе ви се затресат колената, ќе ви се разлетаат пеперутки во стомакот, силно ќе ви затропа срцето. Иако бакнувањето доаѓа инстинктивно и повеќето од нас сметаат дека одамна ја имаат совладано техниката, за жал овие грешки многумина ги прават и поради тоа се далеку од пружање на совршениот бакнеж.rnrnsovrshen-baknezh-3-greshki-koi-gi-pravime-dodeka-se-baknuvame-kafepauza.mkrn

    1. Агресивен почеток

    rnНа филмовите често можеме да видиме како двајца агресивно пристапуваат еден кон друг и страсно запловуваат во долг романтичен бакнеж. Но, животот не е филм и доколку истово го пробате во реалноста, голема е шансата дека едниот од вас ќе се здобие со модрица под окото, оток над устата или евентуално скршен заб. Наместо да тргнете нагло и нападно, започнете со меко спојување на усните и продолжете со бакнување кое постепено и природно ќе се забрзува и засилува. Слушајте ги сигналите од телото на вашиот партнер, вдишувањата и срцебиењата. Тие ќе ве водат во процесот на совршеното бакнување.rn

    2. Премалку јазик

    rnСекако дека не треба да го забивате јазикот во грлото на партнерот, но и држењето на јазикот во својата уста не овозможува уживање. Бакнежот започнете го со затворена уста, без да зинувате од далеку, а потоа грицнете ја долната усна на партнерот, нежно пројдете со јазикот преку нејзините рабови, па допрете го неговиот јазик и веќе потоа дозволете да ве понесе моментот.rn

    3. Погрешна цел

    rnДобра идеја е повремено да земате воздух додека се бакнувате. Незгоден момент може да настане кога ќе се одвоите од партнерот и кога потоа ќе сакате да продолжите со бакнување, па случајно ќе завршите лапнувајќи го неговиот нос. Во таков момент и вашиот партнер ќе се збуни, па најдобро е да продолжите со бакнување како ништо да не се случило.

  • Какви се вашите усни? Нивниот облик го открива вашиот карактер!

    Какви се вашите усни? Нивниот облик го открива вашиот карактер!

    Устата се поврзува со комуникацијата, говорот и сензуалното уживање во храната и сексот. Таа исто така го открива нашиот однос кон другите луѓе во социјалните и љубовните врски. Прочитајте што големината и обликот на вашите усни открива за вашите квалитети.rnrnkakvi-se-vashite-usni-nivniot-oblik-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    Полни усни

    rnПолните усни симболизираат доверба и храброст. Оние кои имаат вакви усни во најголем број случаи можат да решат сложени ситуации и зрачат со самодоверба. Тие се и духовити и знаат добро да се забавуваат.rn

    Широки усни

    rnОва е оној тип усни како на Џулија Робертс и Ен Хатавеј. Тие личности се полни со живот и имаат голем круг пријатели со многу различни интереси. Како вистински перфекционисти, многу се успешни и талентирани, и настојуваат сами да си ја кројат својата судбина.rn

    Тенки усни

    rnТенките усни се карактеристика на интуитивните, мирни и урамнотежените личности кои се свесни и за најмалите детали. Можат да ги набљудуваат ситуациите од далеку, но ќе го направат првиот чекор кога ќе биде потребно. Чувствителниот изглед на ваквите усни може да ве доведе во заблуда, со оглед на тоа што овие личности делуваат срамежливо и прескромно, но тоа е всушност нивното тајно оружје за победа во тешки ситуации, а обично излегуваат како победници од сите расправии и борби. Лицата со тенки усни се полни со љубов и многу се нежни само ако успеете да ги уверите во вашата верност и искреност.rn

    Усни спуштени надолу

    rnОвој облик на усни често создава впечаток на тажна личност. Лицата со ваков облик на уста делуваат таинствено и повлечено, што кај другите создава впечаток дека имаат премногу тајни и секогаш остануваат настрана. Заради својата досетливост, секогаш се многу привлечни, другите ги сметаат за остроумни и егзотични, но се и многу избирливи, па е тешко да ги задоволите.rn

    Усни во облик на срце

    rnЖените со усни во облик на срце како на Риз Витерспун и Хајден Пантери се многу заводливи. Ваков облик на усни укажува на личност која не се плаши да ужива во работите што ги прави. Делуваат гламурозно и не се плашат да го кажат своето мислење и да преземат одговорност за својата судбина. Исто така, овие личности имаат потреба од љубов и љубезност. Независноста и довербата се уште две особини кои ги имаат луѓето со срцевидни усни.rn

    Закривени усни

    rnВрвот на едниот крај на устата е свртен кон горе, а другиот е спуштен надолу. Ваквите усни откриваат дека личноста е зборлеста, полна со живот, но и голем мислител. Овие личности сакаат да се забавуваат и да излегуваат. Покрај тоа, посебната линија на усните укажува на многу успеси во однос на финансиите.rn

    Што уште открива дебелината на устата?

    rn

      rn011

    • Кога горната усна е значително потенка од долната – неспособност за реципроцитет во односите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога долната усна е потенка од горната – личност која премногу дава.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога долната и горната усна се со иста дебелина – добронамерна и комуникативна личност.
    • rn

    rn

      rn011

    • Полна кружна усна – грижлива и чувствителна личност.
    • rn

    rn

      rn011

    • Големи усни – Дарежлива личност со истанчен вкус која сака скапи предмети.
    • rn

    rn

      rn011

    • Мали, стиснати усни – генерално многу себична и манипулативна личност.
    • rn

    rn

      rn011

    • Тенки усни – самостојна личност која повеќе или помалку живее повлечено и не е во можност да ги сподели своите најдлабоки чувства со другите.
    • rn