Покрај редовното миење на забите, испирањето на усната шуплина е клучно за одржување на оралната хигиена. Со оваа течност, која е многу едноставна за подготовка, ќе ги отстраните насобраните остатоци од храна и бактериите од устата кои го предизвикуваат лошиот здив.rnrn
rnrnИако течностите за уста се достапни на полиците во сите продавници, треба да се избегнуваат заради нивните агресивни состојки, па затоа ви препорачуваме да си направите сами природен и евтин производ за чистење на усната празнина кој ќе ви даде свеж здив.rn
Потребни состојки
rn
- rn011
- ½ рака свеж магдонос
- ½ литар вода
rn011
rn
rn
rnrnЗелените ливчиња од магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја укажува на изобилство на хлорофил кој е најдобар природен борец против лошиот здив заради тоа што поседува антибактериски својства.rnrnИако џвакањето ливчиња магдонос се препорачува веднаш по јадење храна која предизвикува непријатна миризба, чајот од магдонос е попрактична и поделотворна метода во елиминирањето на бактериите и лошиот здив.rn
Начин на подготовка:
rnВо тенџерче ставете ја водата и додајте го исечканиот магдонос, а потоа оставете да се вари околу 5 минути. Потоа процедете ја течноста, оладете ја и конзумирајте ја после секој оброк.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.






rnrnОвој сладок изглед е инспириран од сјајните цреши, црвените јаболка и сочните калинки, а неодамна стана хит на модните писти. Ова е варијанта на стандардните црвени усни, кои во овој случај добиваат мек сјаен финиш.rnrn
rn
rnrn rnrn
rnrnСекој од нас некогаш доживеал ужасно лош бакнеж, а ова е листа на најлошите 7 видови:rnrn
rnrnНа храната ѝ се потребни само 7 секунди од устата преку хранопроводот да стигне во желудникот.rnrnПостојат околу 9.000 рецептори во устата. 3.000 од нив се наоѓаат на површината на јазикот. Рецепторите за вкус содржат хеморецептори. Тие реагираат на хемикалии од храна и други супстанци кои се разградуваат во плунката и можат да го задржат вкусот во устата дури до 10 дена.rnrnЖенските имаат повеќе рецептори од машките.rnrn
rnrn50% од бактериите во устата живеат на површината на јазикот. Кога се бакнувате, може да добиете 265 видови бактерии од вашиот партнер.rnrn
rnrn85% од луѓето можат да го свиткаат својот јазик во облик на цевка.rnrnСекој човек има единствен отпечаток на јазикот, исто како и отпечатоците на прстите.rnrnАко вашиот јазик е многу сув, вие нема да можете да разликувате вкусови. Затоа пијте доволно вода.rnrn
rnrnЗа да почнете да зборувате потребно е да активирате 72 мускули.rnrnНајсилниот мускул во човечкото тело е јазикот (во однос на мускулите со слична големина). Тој е единствениот мускул кој е прикачен за телото само со едниот крај.rnrn
rnrnЛуѓето кои ја користат десната рака, несвесно и храната ја џвакаат на десната страна во устата, а леваците, на левата.rnrnВо устата на еден човек, во текот на животот се лачат околу 37.854 литри плунка или 1,5 литри на ден. Таа е неопходна за да можеме да го почувствуваме вкусот на храната. Додека храната не се разгради во нашата уста, ние не можеме во целост да го почувствуваме нејзиниот вкус и да уживаме во него.rnrn
Сетилото за вкус е најслабото од петте сетила кај човекот.rnrnЛековите, пушењето, недостатокот на витамини, повредите на главата, тумор на мозокот, како и изложеноста на хемиски материјали и радијација може да го оштетат сетилото за вкус.rnrn
rn
rnrn