КАФЕ ПАУЗА

Tag: убиства

  • 10-те најпознати женски сериски убијци

    10-те најпознати женски сериски убијци

    Се смета дека женските сериски убијци се поретки од машките, но сепак низ историјата постојат многу случаи на убиства извршени од страна на женски лица. И тие се подеднакво брутални како и оние кои биле извршувани од страна на машки лица.rnrnrn

    1. Ајлин Вуорнос

    rnРодена во 1956-та година, Ајлин Вуорнос убила 7 мажи во Флорида помеѓу 1989-та и 1990-та година. Сите мажи ги убила од непосредна близина со пиштол.rnrnУапсена е после мала сообраќајна незгода во автомобилот на еден од нејзините жртви, а на полицијата ѝ рекла дека сите мажи ги убила во самоодбрана бидејќи ја силувале додека работела како проститутка. Меѓутоа, таа сепак била осудена на смрт за 6 убиства. Во 2003-та година снимен е филмот „Чудовиште“ за нејзиниот живот, а во него ја глуми Шарлиз Терон (која добила Оскар за оваа улога.)rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Serial Killers (@serial_killers_real) on

    rnrn

    rnrn

    2. Хуана Бараса

    rnНаречена е „убиец на старици“ откако се пронајдени 16 стари жени кои биле задавени во Мексико во 2005-та година. Експертите велат дека Хуана со убивањето се обидувала да се ослободи од бесот што го имала кон нејзината мајка која била алкохоличарка. Хуана користела предмети како што се телефонски кабли, хеланки и стетоскоп за да ги задави своите жртви. Станала една од најпознатите сериски убијци во Мексико и осудена е на 759 години затвор поради 11 посебни обвинувања за убиство.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by serial.killers_true.crime (@serial.killers_true.crime) on

    rnrn

    rnrn

    3. Џејн Топан

    rnЏејн била медицинска сестра која убила десетици пациенти. Го добила прекарот „Џоли Џејн“, а признала 31 убиство откако била уапсена во 1901-та година. Ги убивала жртвите со различни комбинации на лекови и хемикалии, па дури и лежела на кревет со нив откако ќе им ја давала дозата. На крајот ја прогласиле за виновна поради психички проблеми, па наместо во затвор остатокот од животот го поминала во психијатриска болница.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Parcast (@parcast) on

    rnrn

    rnrn

    4. Кристин Гилберт

    rnКристин била медицинска сестра во медицински центар за ветерани во Масачусетс и осудена е за убиство на 4 пациенти (сите ветерани) односно обид за убиство на уште 3 пациенти поради ставање инјекција со епинефрин. Тужителите барале смртна казна, но судот во 2001 година одлучил остатокот од животот да го помине во затвор, па од тогаш ислужува казна во Федералниот медицински центар во Тексас.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by it’s all about serial killers. (@shadesofnecro) on

    rnrn

    rnrn

    5. Нани Дос

    rnНани Дос во 1955-та година е осудена на доживотна затворска казна откако го признала убиството на нејзините 4 сопрузи. Направена му е обдукција на нејзиниот последен сопруг, а резултатите покажале дека причина за смртта бил арсен. Тоа бил истиот отров со кој Дос ги убила и тројцата претходни сопрузи за кои претходно се верувало дека умреле од мистериозна смрт. Таа признала дека ги убила и нејзините мајка, сестра, внука и свекрва, но обвинета е само за смртта на нејзините сопрузи. Дос умрела во затвор од леукемија во 1965-та година.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by The Eerie Americas (@theeerieamericas) on

    rnrn

    rn

    rnПродолжува на следната страница…rn

  • 7 луди, но уверливи теории за убиецот Зодијак

    7 луди, но уверливи теории за убиецот Зодијак

    Зодијак е познатиот сериски убиец кој наводно е одговорен за неколку убиства во областа на Сан Франциско. Зодијак ги измачувал полицијата и јавноста испраќајќи писма до весниците со неверојатно точни и одвратни детали кои барал да бидат објавувани на насловната страница. Во спротивно, се заканувал дека ќе следуваат уште убиства. И покрај сите ДНК докази, идентитетот на убиецот останува непознат.rnrn7 луди но уверливи теории за убиецот Зодијакrn

    1. Зодијак не бил една, туку две личности

    rnСпоред теоријата, едната личност била убиецот, а другата ги пишувала писмата. Овие луѓе можеби работеле заедно, а можеби и одвоено. Некој, како на пример, полицаец од Сан Франциско би имал доволно информации да ги пишува писмата на Зодијак и да ги испраќа до медиумите. Сериските убијци често работат во пар. Покрај тоа, оваа теорија им дава вистинска предност на убијците. Доколку го фателе едниот, тој би бил обвинет за сè, а другиот ќе се извлечел.rn

    2. Полицијата се има соочено со убиецот

    rnДали расизмот има улога во тоа што полицијата не успеала да го фати Зодијак? Можно е и ова. Местото каде што бил убиен таксистот Пол Стајн било надгледувано од двајца полицајци. И покрај сите докази и истражувања што ги натерале полицајците и детективите да веруваат дека Зодијак е белец, полицајците што патролирале во областа не биле известени за ова. Кога добиле повик да внимаваат на осомничениот, настанало огромно недоразбирање, па полицајците барале црнец наместо белец. Тие забележале маж кој го напуштал местото на злосторството, но не го застанале бидејќи не одговарал на описот.rn

    3. Зодијак употребувал цемент за да ги прикрие отпечатоците од прстите

    rnЕден од митовите за тоа како Зодијак го избегнал апсењето и откривањето на неговиот идентитет е во врска со тоа што полицијата не можела да ја детектира неговата ДНК. Во едно од неговите писма тој тврдел дека си ги покрил прстите со два слоја цемент за да не остава отпечатоци. Овој мит не е ниту побиен ниту потврден.rn

    4. Убиствата на Зодијак се поврзани со семејството Менсон

    rnНекои луѓе веруваат дека Зодијак е Брус Дерн, член на семејството Менсон. Брус е убиец обвинет за неговите злодела додека бил дел од семејството, а ликот на Зодијак навистина му одговара. Речиси секое негово движење се поклопувало со убиствата на Зодијак, а кога убиецот го напишал писмото „Исповед“, Брус одреден период бил „под земја“.rn

    5. Зодијак се јавил во телевизиско шоу

    rnНа 22-ри октомври 1969-та година, Зодијак се јавил во полицискиот оддел во Оукленд и побарал или Мелвин Бели или Френсис Ли Бејли (и двајцата адвокати) да се појават во шоуто на Џим Данбар истиот ден. Мелвин Бели се согласил. Во шоуто се јавил маж кој се претставил како Сем, кажал дека е Зодијак и наскоро потоа ја спуштил слушалката. Полицијата не успеала да открие од каде доаѓа повикот.rn

    6. Зодијак не постои

    rnПостои верување дека Зодијак е само една голема лага, а за ова има и цел блог. Авторот на блогот напишал:rn

    „Па, зошто толку многу луѓе беа убедени толку долго? Еден резултат од моето истражување покажа дека во реалноста малкумина кои имале директно знаење за 4-те убиства всушност верувале во Зодијак.“

    rn

    7. Тед Круз е Зодијак

    rnИако звучи како шега, оваа теорија се прослави на Интернет во 2016-та година за време на претседателските избори во Америка. Во октомври 2017-та, во расправа на Тивтер, Тед Круз дури објавил и твит со една од загатките што Зодијак им ја оставил на полицајците.rnrnДали имате слушнато за овие застрашувачки и помалку познати сериски убијци?

  • 8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

    8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

    Постојат бројни серии и филмови кои прикажуваат застрашувачки приказни за опседнувања кои завршиле со смрт. Но за колку од нив можеме да кажеме дека се вистински? Додека натприродните појави не се евидентирана причина за ниту еден смртен случај, постојат докази коишто покажуваат дека можеби има некоја вистина во приказните од Холивуд. Па, погледнете ги приказните на 8 луѓе чија смрт можеби е поврзана со натприродното.rn

    1. Духот од Хамерсмит

    rn8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духовиrnrnНа почетокот на 19-тиот век, Западен Хамерсмит во Лондон бил полн со гласини за ужасно привидение кое се наоѓало во дел од тамошните гробишта. Локалните жители изјавувале дека гледале фигура во бело со стаклено око и рогови. Откако една бремена жена тврдела дека била физички нападната, почнало да се шири мислењето дека духот е на маж кој неодамна извршил самоубиство.rnrnПријавите биле сфатени толку сериозно што вооружени полицајци биле пратени да го уапсат духот. Не поминало многу време пред еден полицаец по име Смит да го сретне во живо. Откако побарал од духот да се идентификува и не добил одговор, Смит го застрелал. За жал привидението не било дух, туку Томас Милвуд, скулптор кој бил извалкан од работата.rnrnПо некое време Смит бил осуден на смрт, но Томас не се смирил. Се верува дека неговиот дух и денес шета по земјата и можеби покрај сè, тој сепак е духот од Хамерсмит.rn

    2. Клетвата на Тутанкамон

    rn8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духовиrnrnВо долината на кралевите, во раните 1920-ти години, била откриена гробницата на фараонот Тутанкамон која датира од 16-тиот век п.н.е. Гробницата била откриена од британскиот археолог Хауард Картер. Ова неверојатно откритие станало вистинска сензација во медиумите, но истовремено почнале да се шират приказни за тоа дека секој што ќе ја вознемири гробницата на фараонот ќе биде проколнат. Кратко потоа умрел еден од членовите на тимот што учествувал во наоѓањето. rnrnИако со текот на времето замреле сите шпекулации, следните неколку години имало уште неколку смртни случаи во истражувачкиот тим. Помеѓу починатите се Артур Мејс кој бил убиен со арсен во 1928-ма година, Ричард Бетел, секретарот на Хауард, кој наводно се згушил во неговиот сон во 1929-та година и сер Арчибалд Даглас Ред, кој ја правел рендгенската снимка на мумијата. Дали навистина биле одговорни древните египетски духови?rn

    3. Духот во Алкатраз

    rn8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духовиrnrnМногумина веруваат дека Алкатраз е место каде што владее натприродното, а најзастрашувачка е приказната за духовите во ќелиите од блокот Д. Дел од овој блок е познат како „Дупката“. Дупката е најстуденото место од затворот и овие ќелии биле самици. Во нив имало лавабо, тоалет и светилка. Затворениците биле оставани сами со нивната здодевност.rnrnВо текот на 1940-тите многумина изјавиле дека забележале дух на маж во Дупката со затворска униформа од 19-тиот век. Но, ова привидение може да се поврзе со мистериозната смрт на еден затвореник. Откако бил затворен во ќелија во Дупката, затвореникот почнал да вика дека со него има некој на којшто му светат очите. Чуварите го игнорирале, но следниот ден го пронашле задавен. На неговото грло имало свежи отпечатоци од дланки. Додека некои сметаат дека затвореникот бил убиен од некој од чуварите, не се појавиле никакви докази од истрагата.rn

    4. Духот на тајландската вдовица

    rn8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духовиrnrnВо 2013-та година, жителите на едно тајландско село биле тероризирани од духот на една вдовица за којашто се верувало дека убила десет мажи за само еден месец. Сите мажи умреле под сомнителни околности. Причината кај сите била проблем со респираторниот систем. Бидејќи ниту еден од мажите немал симптоми, селаните најмиле медиум кој го обвинил духот за смртта на мажите. Во 2018-та година истото се случило и во друго село. Дали станувало збор за истиот дух?rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд

    8-те најмистериозни смртни случаи во Холивуд

    Холивуд е полн со светла, гламур, ѕвезди и драма, a понекогаш и смрт. Но смртта во Холивуд не може да помине без внимание. Овде постојат многу нерешени убиства, мистериозни смртни случаи и збунувачки исчезнувања на ѕвезди од секој период. Па, погледнете некои од најчудните.rn

    1. Алберт Декер

    rn8-те најмистериозни смртни случаи во ХоливудrnrnАлберт Декер е актер кој мистериозно исчезнал неколку денови во 1968-ма година, пред да биде пронајден од неговата сопруга. Таа го пронашла гол во када, заврзан со синџири, a околу вратот имал обрач. Во неговите раце имало игли, а по целото тело имал испишано зборови со црвен кармин. Полицијата на почетокот ја сметала смртта за самоубиство, но подоцна тоа било одбиено. Не се направени понатамошни истражувања и не биле пронајдени осомничени.rn

    2. Боб Крејн

    rn8-те најмистериозни смртни случаи во ХоливудrnrnБоб Крејн бил американски актер и тапанар, имал радио шоу, а бил и диск џокеј. Бил пронајден претепан до смрт во неговиот апартман со електричен кабел околу вратот. Првиот осомничен бил маж по име Џон Карпентер, пријател на Крејн. Полицијата го уапсила, но подоцна бил ослободен од обвинувањата. Убиството и денес е нерешено.rn

    3. Тупак Шакур

    rn8-те најмистериозни смртни случаи во ХоливудrnrnЗа контроверзната смрт на познатиот хип-хоп артист се зборува и денес. Тупак бил убиен во Лас Вегас во 1996-та година кога бил застрелан 4 пати додека чекал на семафор. Се мислело дека убиецот е член на соперничка банда, Орландо Андерсон. Полицијата го испрашала Андерсон само еднаш и никој никогаш не бил обвинет за убиството. Многумина мислат дека неговото убиство е поврзано со она на Notorious B.I.G. 6 месеци подоцна.rn

    4. Џорџ Ривс

    rn8-те најмистериозни смртни случаи во ХоливудrnrnЏорџ умрел од куршум во главата и целото место на злосторството изгледало како самоубиство. Но, тој немал барут на своите раце. Од пиштолот не можеле да бидат земени отпечатоци кои би помогнале во истрагата. Пријателите на Џорџ тврделе дека тој не би посегнал по својот живот и дека виновна е неговата поранешна девојка Тони Маникс.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 6 мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна благодарение на науката

    6 мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна благодарение на науката

    Иако можеби злосторниците и жртвите во овие приказни долго ги нема, науката дури сега успеала да разреши голем број мистериозни убиства од минатото. Замислете колку полесно се извлекувале криминалците пред безбедносните надзори, доказите со ДНК и отпечатоци од прсти и медицината на 21-виот век.rn

    1. Што се случило со момчето во подрумот?

    rn6 мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна благодарение на наукатаrnrnВо 1991-ва година во подрумот на една куќа во Мериленд бил откриен скелет на 16-годишно момче. Љубопитните експерти почнале со истражување и откриле дека скелетот му припаѓа на бело машко од 17-тиот век. Понатамошната анализа открила навистина тажна приказна зад ова тело. ‘Рбетот и забите на момчето биле оштетени или од напорна работа или од некоја болест. Исто така, неговите зглобови биле скршени кратко пред неговата смрт. Истражувачите веруваат дека момчето било слуга, било злоупотребувано, имало тежок живот и умрело прерано.rn

    „Го закопале во тајност за да не мора да ја пријавуваат неговата смрт“, изјавила Кери Брувелхајд која го проучувала телото.

    rn

    2. Дали претседателот на САД бил убиен?

    rn6 мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна благодарение на наукатаrnrnЗакари Тејлор умрел ненадејно на 9-ти јули 1850-та година додека бил претседател на САД. За време на неговиот краток мандат од 16 месеци, проблемот со ропството се заканувал да ја подели државата на 2 дела. Додека лекарите изјавиле дека неговата смрт била предизвикана од болест, националната напнатост ја натерала историчарката Клара Рајзинг да се сомнева дека Тејлор бил отруен. Во 1991-ва година форензичарите го ексхумирале телото на претседателот. Тие не откриле никаква трага од отров во неговото тело, што укажува дека причината за смртта навистина била болест.rn

    3. Дали Наполеон бил убиен?

    rn6 мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна благодарение на наукатаrnrnЛуѓето зборуваат за заговор во врска со смртта на Наполеон уште откога починал на осамениот остров Света Елена во 1821-ва година. Иако официјалната аутопсија покажала дека имал рак на стомакот, многумина се прашувале дали францускиот император бил отруен од Британците од страв. Во 2007-ма година, група научници повторно му се вратила на случајот. Претходно во неговата коса бил најден висок процент на арсен, но ова било испитувано со медицина од 19-тиот век. Со последните истражувања не се пронајдени траги од отров, но откриен е доказ дека Наполеон сепак имал рак на стомакот.rn

    4. Семејство скелети во бунар

    rn6 мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна благодарение на наукатаrnrnЕдно археолошко ископување од 2004-та година открило скелети на 17 луѓе од кои 11 им припаѓале на деца. Откритието е направено во еден средновековен бунар за вода во Норвич, Велика Британија. Како што можете да замислите, смртта на овие луѓе сигурно била ужасна. Користејќи ДНК анализа, датирање со јаглерод, хемиско испитување на коските и историски докази, научниците веруваат дека овие луѓе можеби се жртви на еврејски прогон. Податоците покажале дека поголемиот дел од групата имале слична ДНК, па најверојатно биле членови на исто еврејско семејство во период од 12-тиот до 13-тиот век. Од околу 1135-та година навака, Норвич бил центар за еврејските заедници. Исто така во овој период Евреите се соочувале со дискриминација и често биле обвинувани дека ги трујат бунарите кога се појавувале епидемии. Поради ова, истражувачите веруваат дека овде станува збор за убиство од омраза.rn

    5. Големата Ботичели измама

    rn6 мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна благодарение на наукатаrnrnВо светот на уметноста, автентичноста значи пари, иако фалсификувањето на уметничките дела е многу често. Сликата „Мадона со велот“ се верувало дека е дело на големиот Ботичели и се движела помеѓу колекционери и музеи во Велика Британија во текот на 20-тиот век. Сепак, во Втората светска војна експертите почнале да се сомневаат за автентичноста. Во 1994-та година научното истражување со електронска анализа покажало дека сликата содржи пигмент кој не постоел до 1862-ра година, односно тој се појавил околу 350 години по смртта на Ботичели. Исто така се покажало дека дупките кои наводно биле направени од црви се направени со дупчалка. Оваа слика била дело на познатиот италијански фалсификувач Умберто Џиунти кој работел околу 1920-тите.rn

    6. Астрономот што најверојатно умрел од урина

    rn6 мистериозни убиства кои биле решени векови подоцна благодарение на наукатаrnrnДанскиот астроном од 16-тиот век, Тихо Брахе е најпознат за неговата работа со небесни тела и каталогизацијата на повеќе од 1.000 нови ѕвезди. На почетокот на 20-тиот век, луѓето почнале да се фасцинираат од теоријата дека тој бил отруен, веројатно поради неговата афера со мајката на Кристијан IV од Данска. Се мислело дека убиецот бил неговиот асистент, Јоханес Кеплер кој користел жива. Научниците го ексхумирале неговото тело во 2010-та година и откриле дека не бил изложен на висока доза жива пред неговата смрт. Постои и друга легенда според која Тихо умрел поради проблеми со мочниот меур бидејќи му било срам да ја напушти кралската маса за да оди во тоалет. Денес најлогично е дека причината за смртта најверојатно е инфекција на мочниот меур или бубрезите.rnrnДоколку сакате мистерии, сигурно ќе ве интересираат овие 9 кои уште не се решени.

  • Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

    Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

    Сите луѓе имаат мрачна страна и лоши навики. Можеби обожавате да гледате морбидни видеа на Јутјуб или ги грицкате ноктите. Секако дека тоа не ве прави лоша личност, но понекогаш забавно е да се истражува таа темна страна на човекот, особено ако тука се вклучат и најпознатите сериски убијци. Доколку сакате да дознаете повеќе за вашата мрачна природа, прочитајте кој сериски убиец би биле според вашиот хороскопски знак…rn

    Овен: Пол Џон Ноулс познат како „Убиецот Казанова“ (The Casanova Killer)

    rnДознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знакrnrnОвните се импулсивни и не прифаќаат критики. Тие копнеат по туѓото одобрување и прифаќање. Убиецот Казанова е одличен пример на Овен кој не бил прифатен. Откако родителите го дале на посвојување кога бил дете, тој не можел да се помири со фактот дека тие не го сакале и прифаќале. Прв пат бил уапсен кога имал 19 години и во затворт ја сретнал неговата идна свршеница. Кога таа ја откажала свадбара, Ноулс импулсивно почнал да убива наоколу и „средил“ 18 до 35 жртви за само една година. Овните се енергични и мотивирани, но имаат проблем со правењето планови. Па така, овој Казанова добил куршум во градите додека се обидувал да избега од полицискиот автомобил со рацете врзани во лисици.rn

    Бик: Дени Ролинг познат како „Косачот од Гејнсвил“ (The Gainesville Ripper)

    rnДознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знакrnrnБиковите се сензуални, одлучни и големи уметници. Тие сакаат да си создаваат убава атмосфера што и да прават, макар тоа било убивање. Косачот од Гејнсвил ги покажувал телата на неговите жртви како да се на уметничка изложба. Тој дури и ја отсекол главата на една од жртвите и ја ставил на полица за книги за да ја видат полицајците кога ќе пристигнат. Во еден од случаите, тој наредил огледала околу креветот на жртвата за да постигне подобар ефект.rn

    Близнаци: Џесмија и Тесмија Вајтхед познати како „Изопачените близначки“ (The Twisted Twins)

    rnДознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знакrnrnЗа Близнаците се вели дека имаат две лица. Освен тоа, тие се многу приврзани за нивните браќа и сестри за кои би направиле сѐ. Па така, изопачените близначки ја прободеле и задавиле нивната мајка и го искасапиле нејзиниот ’рбетен мозок едно утро пред да одат на училиште кога имале 16 години. Кога полицијата пристигнала во нивната куќа, тие изгледале многу невино. Плачеле и биле видно вознемирени. Меѓутоа, приказните што им ги раскажале на полицајците не се поклопиле и тие биле однесени во затвор. Изопачените близначки покажале две сосема различни лица пред полицијата и додека убивале, исто како и Близнаците во секојдневниот живот.rn

    Рак: Ед Гејн познат како „Лудиот касап“ (The Mad Butcher)

    rnДознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знакrnrnРаковите или многу се приврзани за нивните мајки или ги презираат поради тоа што не им го даваат посакуваното внимание. Тие се големи домашари и домот за нив претставува безбедно засолниште. Токму затоа овој хороскопски знак најдобро би бил претставен од озлогласениот убиец Ед Гејн кој по смртта на мајка му ги откопувал гробовите на штотуку закопаните жени кои личеле на мајката и потоа го украсувал домот со нивните делови од тело.rnrnПродолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…rnrn

  • 6 телефонски повици кои засекогаш ќе останат мистерија

    6 телефонски повици кои засекогаш ќе останат мистерија

    Приказните за овие повици можеби ќе ве потсетуваат на урбаните легенди и хорор филмовите, но единствената разлика помеѓу нив е што тие навистина се случиле.rnrn(5)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mkrnrnТеориите на заговор и нерешливите случаи отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста, па така мистеријата околу овие шест повици од минатото сѐ уште трае и останува неразрешена, додека истовремено буди и голем интерес.rn

    1. Тинејџер кој исчезнал додека разговарал со родителите

    rn(1)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mkrnrnСтудентот Брендон Свонсон (19) една вечер многу доцна се враќал дома. Возел по патот покрај шумата, а потоа ненадејно излетал во ендек. За среќа, не бил тешко повреден, па трезвено согледал што се случило и решил да им се јави на родителите. Им објаснил каде се наоѓа, а кога тие се појавиле на локацијата, него го немало, исто како и автомобилот.rnrnСледните 45 минути ги поминале во разговор со Брендон, кој и понатака тврдел дека се наоѓа на локацијата која претходно им ја кажал и дека ги гледа светлата од блискиот град. На среде разговор одеднаш извикал „Ох, по ѓаволите“ и тие повеќе не слушнале ништо од него. Брендон Свонсон се смета за исчезнат од 14 мај 2008 година.rnrnПосле 120 дена неговиот автомобил бил пронајден. Телефонските записи откриваат дека Брендон бил оддалечен 32 километри од локацијата на која мислел дека се наоѓа. Една од можностите е дека паднал во река, а неговиот телефон ѕвонел и неколку дена после исчезнувањето.rn

    2. Една деценија примал закани преку телефон

    rn(2)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mkrnrnБашир Коучаци во седумдесеттите години од минатиот век го напуштил Либан и во Вашингтон отворил успешен марокански ресторан. Тоа на некого очигледно му пречело, па решил во следните десетина години да го малтретира преку телефонски повици.rnrnЦели девет години некој упорен човек секојдневно се јавувал и во ресторанот и во домот на Башир. Како што поминувало времето, така и нештата се влошувале. Повиците зачестиле, а личноста од другата страна на врската почнала да имитира глас од мало девојче.rnrnКога Башир отпатувал во Филаделфија, во посета на својата сестра, повиците продолжиле и таму, иако во тоа време сѐ уште не постоеле мобилните телефони. Тие ѕвонеле на домашниот број од неговата сестра. Кога ФБИ го презеле случајот, работите станале уште почудни. Се покажало дека повиците доаѓаат од различни телефонски говорници, па според тоа немало никакви шанси тоа да го правела само една личност. Со тек на време, повиците станувале сѐ поретки, а целосно прекинале во текот на 1995 година. Никогаш не се открило кој стоел зад нив.rn

    3. Медицинска сестра која никој повеќе не ја видел

    rn(0)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mkrnrnМедицинската сестра Дона Лас (25) во седумдесеттите години од минатиот век работела во брза помош, која била дел од казиното во Солт Лејк Тахо во Калифорнија. Едно утро нејзиниот работодавач и шеф добил повик од непознат маж кој се претставил како член на нејзиното семејство и објаснил дека Дона ќе отсуствува од работа извесно време поради здравствени причини.rnrnНејзиниот шеф се посомневал во приказната и ѝ се јавил на нејзината мајка која го негирала сето тоа. Набрзо била спроведена истрага и автомобилот на Дона бил пронајден пред нејзиниот стан. Но, таа никогаш повеќе не била видена. Шест месеци подоцна, новинарот Пол Ејвори добил порака, слична како тие што ги добивал од легендарниот сериски убиец Зодијак. Нејзиниот убиец сакал полицијата да мисли дека Дона ја убил Зодијакот, но не внимавал на еден детаљ – дека овој сериски убиец никогаш не ги криел своите жртви.rn

    4. Поради анонимен повик, го осудиле за убиство на својата сопруга

    rn(6)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mkrnrnВилијам Валас во 1931 година работел како продавач на осигурување. Кога една вечер пристигнал во шаховскиот клуб, Валас примил порака – го барал извесен Р. М. Куалтрог и сакал да се сретнат следниот ден во 19:30 часот. Тој му ја оставил и својата адреса. Валас следниот ден влегол во воз и се упатил кон другиот крај од градот со намера да му продаде осигурителна полиса на непознатиот човек.rnrnКога стигнал и сфатил дека таа адреса не постои, измамен тргнал кон својот дом. Но, таму ја пронашол својата мртва сопруга. Таа била убиена додека тој одел на договорениот состанок. Полициската истрага траела кратко. За нејзиното убиство очигледно бил виновен таинствениот Р. М. Куалтрог. Но, кој бил тој? Вилијам Валас, заклучила полицијата. Тие тоа го објасниле со тврдење дека Валас сам ја испратил пораката за да има алиби.rnrnНо, вработениот во шаховскиот клуб бил сигурен дека гласот од телефонскиот повик не бил на Валас. Во неговиот стан имало крв насекаде, а тој на себе немал ни капка крв. Исто така, убиената сопруга разговарала со некој доставувач, токму во моментот кога Валас излегувал од дома. Се верува дека полицијата лошо си ја завршила работата, па за среќа судот го ослободил. Таинствениот Куалтрог никогаш не бил идентификуван и уапсен, а денес постои сомнеж дека тоа бил поранешен вработен во осигурителната куќа каде што работел Валас.rn

    5. Повик кој оживеал нерешен случај стар 25 години

    rn(3)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mkrnrnМладата Џудит Хајамс исчезнала без трага во 1965 година, во Корал Гејблес, Флорида. Нејзиниот автомобил бил пронајден во Атланта, со крв на задното седиште. Хајамс била бремена и од неодамна разведена, па со оглед на општествените и културните ставови во тоа време во САД таа била многу осудувана.rnrnХајамс само неколку денови претходно имала договорено нелегален абортус со унгарскиот доктор Џорџ Хадјуа кој немал добра репутација. Тој бил обвинет за „завера да се изврши абортус“, но се извлекол со кауција и избегал од земјата. Брзо потоа сите заборавиле на изчезнатата девојка.rnrnДве и половина децении подоцна, во 1990 година полицијата во Корал Гејблес добила телефонски повик од радио водител од Небраска кој тврдел дека има информации за исчезнувањето на младата девојка. Кога полицаецот го возвратил повикот, на другата страна се јавила збунета личност која немала идеја за што зборува полицаецот. Водителот му објаснил дека никогаш не се јавил и дека не знае која е таа жена.rnrnНа крај се открило дека во полиција се јавил сосема друг човек од друга држава, кој себеси се претставил како познатиот радио водител. Подоцна имало уште еден повик и мажот кој се јавил тврдел дека Хајамс е жива и дека живее во Омаха. Дали се работело за шега? Веројатно. Но, во тоа време било многу тешко да се дојде до податоци за случаи од пред 25 години во сосема друга сојузна држава.rnrnПолицискиот наредник кој бил надлежен за новоотворениот случај ја повикал екипата од емисијата „Нерешливи мистерии“, а после нејзиното емитување му стигнало анонимно писмо каде што пишувало:rn

    „Џудит Хајамс не е жива. Дојде да изврши абортус, но кога доби инјекција со анестетик нејзиниот организам реагираше доста бурно. Имаше алергиска реакција. Сѐ што можеше да се преземе, беше преземено, но реакцијата беше фатална. Телото беше фрлено во заливот Бискејн.“

    rnНикој од засегнатите никогаш не бил пронајден, ни оние кои се јавиле, ни телото на несреќната Џудит.rn

    6. Анонимниот повик што ја најави смртта на Џон Кенеди

    rn(4)-6-telefonski-povici-koi-zasekogash-kje-ostanat-misterija-kafepauza.mkrnrnСмртта на еден од најомилените претседатели на САД е најчеста тема на авторите на теории на заговор. Сите кои ги отфрлаат таквите теории сигурно нема да се среќни со последниот мистериозен повик на оваа листа.rnrnНекаде околу 10 часот наутро, телефонскиот оператор во Окснард, Калифорнија примил повик:rn

    „Претседателот ќе умре во следните десет минути!“

    rnПоминале десет минути, а жената од другата страна на врската зборувала дека во 10:30 ќе се пука од сите прозорци. Токму тогаш и го прекинала повикот.rnrnОператорот ги отфрлил заканите бидејќи претседателот добивал по десетина закани секој ден. Дополнително влијаели фактот што Кенеди не бил во Калифорнија во тој момент. Но, ова сепак се случило на 22 ноември 1963 година. Претседателот во тој момент бил во поворката во Далас. Во 10:30, како што предупредил женскиот глас од анонимниот повик, Џон Кенеди бил убиен со истрел од прозорец.rnrnИнтересно е што Кенеди требало порано да ја помине делницата каде што бил убиен, но доцнел бидејќи се ракувал и разговарал со граѓаните. Операторот подоцна се присетил дека женскиот глас во 10:10 часот му рекол дека претседателот ќе умре во 10:30, додека во позадина се слушнало ѕвонење на друг телефон. Значи таа ја добила информацијата од убиецот или од некој негов соработник.rnrnИако се работи за вистински случај и полицијата никогаш не открила кој се крие зад женскиот глас, теоретичарите на завери велат дека тоа била актерката Карин Купкинет. Таа била пронајдена мртва шест дена после убиството на претседателот. Се верува дека имала доверливи информации поврзани со убиството на Кенеди, со оглед на тоа што нејзиниот татко бил пријател со Џек Раби, човекот кој кој го убил Ли Харви Освалд – осомничениот за убиството на претседателот. За жал, личноста и локацијата од која бил направен повикот никогаш не се откриени, а истрагата вели дека се работи за случајно предвидување од страна на некоја параноична жена.

  • 10 мистериозни загатки

    10 мистериозни загатки

    Интересни, мистериозни загатки што ќе ја разбудат вашата имагинација и вашите скриени, детективски способности…rnrn(1)-11-misteriozni-zagatki-kafepauza.mkrn

    1. Леден чај

    rnДве девојки излегле заедно на вечера. Двете порачале леден чај. За времето во кое првата девојка ја испила првата чаша, втората испила пет чаши леден чај.rnrnДевојката која испила само една чаша умрела, додека другата преживеала. Во сите пијачки имало отров.rnrnКако преживеала девојката што испила повеќе чаши ладен чај?rn

    2. Касета

    rnНепознат маж е пронајден мртов со касетофон во едната рака и пиштол во другата.rnrnКога пристигнала полицијата, веднаш го притиснале копчето PLAY на касетофонот.rnrnНа касетата било снимено „Немам зошто да живеам повеќе. Не можам да продолжам“, а потоа истрел од пиштол.rnrnПосле преслушувањето на касетата полицајците знаеле дека се работи за убиство, а не за самоубиство.rnrnКако го знаеле тоа?rn

    3. Броеви

    rnДетектив кој бил влезен во трагата на меѓународен синџир на шверц со нафта ненадејно исчезнал.rnrnДодека го проверувале местото на кое бил последно виден, полицајците нашле белешка на која било запишано:rnrn710 57735 34 5508 51 7718rnrnМоментално има тројца осомничени: Bill, John и Todd.rnrnМожете ли да го пробиете детективскиот код и да го откриете името на криминалецот?rn

    4. Богати луѓе

    rnЧовек е пронајден мртов во недела наутро. Неговата жена повикала полиција и полицијата ги испрашувала жената и послугата. Тие ги приложиле следните алибија:rn

      rn011

    • Жената рекла дека спиела
    • rn011

    • Батлерот го чистел шпајзот
    • rn011

    • Градинарот собирал зеленчук
    • rn011

    • Слугинката била да ја земе поштата
    • rn011

    • Готвачот подготвувал појадок
    • rn

    rnПолицијата веднаш го уапсила убиецот.rnrnКој бил убиецот и како полицијата била сигурна?rn

    5. Широк костум

    rnНа улицата Фримонт било извршено криминално дело. Главен осомничен е човек по име Шон Бејкер. Според сведоците, непознат човек чекорел по патеката кога ненадејно бил погоден од куршум во стомакот.rnrnОсомничениот има кафеава коса, сини очи и носел широк Армани костум, исто како Шон Бејкер. Од Шон било побарано да ја раскаже приказната од почеток.rnrn„Па“, рекол Шон, „Се врткав околу паркот кога го видов човекот кој доаѓаше по патеката. Одеднаш, зад него се појави непознат тип и го застрела! Јас избегав дома најбрзо што можев.“rnrnПолицијата од него побарала да го опише убиецот.rnrn„Тој имаше црвени мустаќи, црвена коса и широк Армани костум.“rnrn„Мислам дека овој човек лаже“, рекол еден од полицајците.rnrnКако бил сигурен во тоа?rnrn(2)-11-misteriozni-zagatki-kafepauza.mkrn

    6. Соби

    rnУбиец е осуден на смртна казна. Има можност да избира помеѓу три соби:rnrnВо првата беснее пожар, во втората има убијци со пиштоли и во третата лавови кои не јаделе со години.rnrnКоја соба е најбезбедна?rn

    7. Коли, ножеви и жени

    rnМаж ја убива својата сопруга во нивната кола со нож. Нема сведоци.rnrnЈа исфрла од колата, внимавајќи да не остави отпечатоци на нејзиното тело.rnrnСледно, го фрла ножот од една карпа во длабока провалија, каде што никогаш нема да биде пронајден и си заминува дома.rnrnЕден час подоцна добива повик од полицијата при што му кажуваат дека неговата жена е убиена и дека треба да дојде на местото на злосторот најбрзо што може.rnrnШтом пристигнува го апсат.rnrnКако знаеле дека тој е убиецот?rn

    8. Планинарење

    rnПар отишле на планинарење во друга земја. Само мажот се вратил од одмор и кажал дека жена му се лизнала додека се качувале и паднала. При истражувањето на случајот, локалниот шериф го уапсил мажот известувајќи го: „Се јавија од туристичката агенција. Си ја убил жена ти.“rnrnМажот не известил никого за патувањето. Како знаеле од туристичката агенција дека тој е убиецот?rn

    9. Погреб

    rnНа погребот на својата мајка, девојка сретнала непознат маж.rnrnТаа била заинтригирана од мажот и заинтересирана да го запознае подобро.rnrnНо, додека разговарала со други луѓе присутни на погребот, сфатила дека не го знае неговото име, ниту пак неговиот телефонски број. Кога го побарала, тој веќе бил заминат.rnrnЕдна недела подоцна, таа го убила нејзиниот постар брат за да го најде човекот.rnrnЗошто?rn

    10. Живот во колиба

    rnБогат човек живее сам во мала колиба. Бидејќи бил делумно парализиран, сѐ му било доставувано до неговата колиба.rnrnЕден четврток кога вообичаено доставувал писма, поштарот забележал дека предната врата е отворена. Низ вратата можел да го види телото на мажот како лежи во вир од крв.rnrnКога дошол детективот, ја испитал сцената. На тремот имало две шишиња топло млеко, понеделнички весници, каталог, флаери и неотворени писма.rnrnДетективот се посомневал дека се случило убиство.rnrnВо кого се посомневал и зошто?rnrnАко приложените докази не ви беа доволни за да го откриете убиецот, тогаш погледнете ги одговорите на втората страница или кликнете овде.rnrn

  • Морничава смисла за хумор: Последните зборови на 5 жени-убијци

    Морничава смисла за хумор: Последните зборови на 5 жени-убијци

    Постојат многу малку феномени кои нѐ држат во неизвесност онака како што тоа го прават убијците. Човечката љубопитност за морбидните нешта оди до тој степен што сакаме да разбереме како убијците размислуваат, кој е мотивот зад секое убиство и начинот на кој ги одбираат нивните жртви, но најмногу од сѐ сакаме да знаеме дали се каат за стореното и какви биле нивните последни зборови. Особено кога станува збор за жени.rn

    1. Амелија Дајер

    rn1-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mkrnrnАмелија Дајер многу успешно заработувала за живот така што се грижела за бебиња-сирачиња додека не најдат подобар дом. Тоа била вообичаена професија во последната декада на 19-ти век во Англија, но во 1896, локалната власт открила што се крие зад успешноста – Дајер ги давела бебињата и се ослободувала од нивните тела во реката Темза.rnrnДајер не ги одрекувала убиствата туку рекла: „Моите ќе ги препознаете по селотејпот околу нивните вратови.“ Откако била осудена во рок од 5 минути, нејзините последни зборови пред да ја обесат ни малку не асоцираат на каење за направените злосторства:rn

    „Немам што да кажам.“

    rn

    2. Ајлин Вурнос

    rn2-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mkrnrnАјлин Вурнос ги признала убиствата на 6 мажи во северниот и централниот дел на Флорида во периодот помеѓу декември, 1989 и септември, 1990. Вурнос тврдела дека мажите ја собирале додека работела како проститутка и дека секој од нив се обидел сексуално да ја злоставува.rnrnВурнос рекла дека ги застрелала како мерка на самоодбрана. Ајлин на јавноста најдобро ѝ е позната според насловот во весниците „Првиот женски сериски убиец во Америка“. Токму пред да биде усмртена со помош на инјекција, нејзините последни зборови се цитат од филмот „Ден на независноста“:rn

    „Само би сакала да кажам дека пловам со камењата и дека ќе се вратам како Ден на независноста со помош на Исус. Исто како во филмот – со голем брод и сето тоа. Ќе се вратам.“

    rn

    3. Мери Бланди

    rn3-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mkrnrnМери Бланди била осудена во 18-тиот век во Англија затоа што го отрула нејзиниот татко – Френсис Бланди со арсен. Мери тврдела дека мислела дека смесата е љубовна напивка која ќе го омекне татковото мислење за нејзината врска со Вилијам Хенри Кранстоун – женет воен офицер, син на шкотски благородник. Мери носела фустан на нејзиното бесење, утрото на Велигден во 1752, па затоа нејзините зборови може да се протолкуваат како бонтон или навистина морничава смисла за хумор:rn

    „Во името на пристојноста џентлмени, не ме бесете високо.“

    rn

    4. Барбара Грахам

    rn0-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mkrnrnБарбара Грахам била осудена во Калифорнија во 1955 за убиството на Мејбел Монохан додека се обидувала да изврши грабеж во нејзиниот дом. Грахам со уште 4 соучесници (кои сите биле мажи) влегле во домот на Монохан барајќи пари и накит. Монохан одбила и затоа била убиена. Грахам и останатите заминале од куќата со празни раце, попуштајќи 15.000 долари и накит скриени во плакарот. Грахам била убиена во гасна комора на 3 jуни 1955 и го држела својот здив полни 60 секунди пред смртта да ја стигне, а нејзините последни зборови биле подеднакво страшни:rn

    „Добрите луѓе секогаш се толку сигурни дека се во право.“

    rn

    5. Мира Хиндли

    rn5-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mkrnrnОсудена во 1966 за силување и смрт на 5 деца, заедно со нејзиниот љубовник Иjан Брејди, Хиндли сепак се штитела себеси околу 20 години. Во 1987, таа конечно ги признава 5-те убиства и ѝ било одземено правото на казна. Иако била позната како „најзлобната жена во Англија“, Хиндли не била осудена од државата, туку умрела поради откажување на респираторниот систем во 2002. Попот, кој бил испратен да ги изврши последните обреди, ги пренесува нејзините последни мисли:rn

    „Последниот разговор беше за нејзината мајка. Таа само изрази грижа за нејзината мајка – но нема точно да кажам што рече.“

  • Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерва

    Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерва

    Сигурното знаете кој бил Џон Ленон, но дали знаете кој го убил? Исто така дали знаевте што тие правеле пред тој да го убие? Погледнете ги следниве морничави факти кои можеби никогаш не сте ги чуле и кои дефинитивно ќе ви ги подигнат сите влакненца на кожата…rn

    1. Проколнатото срце кажува многу приказни

    rn(1) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnСони Греам добил трансплантација на срце откако неговиот донор, Тери Котл, се самоубил. Но, подоцна Котл се заљубил во вдовицата на Греам, се венчал со неа и на крајот се самоубил на истиот начин како и неговиот донор.rn

    2. Трент Резнор го снимил својот хит албум, „The Downward Spiral“ во куќата во која Шерон Тејт била убиена

    rn(2) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnТејт била убиена во 1969 година од страна на „фамилијата“ на Чарлс Менсон. Резнор тврдел дека се вселил во куќата пред да ја дознае нејзината тајна. Со оглед на тоа колку се зборувало во медиумите за овој настан, декади по самото случување, големи се шансите дека тој лажел дека не знаел.rn

    3. Артистка користела мртви муви за најодвратниот моден додаток

    rn(3) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnЏесика Херисон создала пар лажни трепки од нозете на муви. Забавно.rn

    4. Последната личност која била фотографирана со Џон Ленон бил Марк Дејвид Чапмен, кој всушност бил неговиот убиец

    rn(4) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnИконскиот пејач воопшто не се ни сомневал во овој човек, ниту пак имал идеја што тој планирал да направи следно.rn

    5. Оваа риба, позната како „овча глава“, јаде школки

    rn(5) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnНо, најморничавиот дел е што нејзините заби изгледаат исто како и нашите.rn

    6. Собирач на данок ја поседувал главата на кралот Хенри IV

    rn(6) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnПо серија трансакции кои датирале до атентатот на кралот во 1610 година, собирачот на данок Жак Беланжер, ја купил неговата глава на аукција откако Хенри умрел.rn

    7. Еден од членовите на шоуто „Storage Wars“ пронашол мртво тело во складиште кое го купил на аукција.

    rn(7) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnДарел Шитс открил тело обвиено во пластика. Полицијата потоа дознала дека претходниот сопственик на складиштето ја убил својата сопруга и го ставил нејзиното тело таму.rn

    8. Во шоуто „The Dating Game“ имало убиец како натпреварувач

    rn(8) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnТие не знаеле дека Родни Џејмс Алкала бил убиец. Откако престанал да се појавува во шоуто, тој убил уште неколку жени плус.rn

    9. Семејството Ексетер од Масачусетс биле многу несреќни

    rn(9) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnВо 19-от век, сопругот и сопругата Џорџ и Бери починале од туберкулоза, исто како и нивната ќерка Мерси и синот Едвин. Но, жителите на нивниот град мислеле дека Мерси е вампирка, па затоа го распарчиле нејзиното тело, го запалиле и потоа го натерале Едвин да ја пие нејзината пепел. Тој починал брзо потоа.rn

    10. За време на Викторијанската ера се граделе кафези околу гробиштата

    rn(10) Овие 10 морничави факти можат да бидат причината за вашите кошмари вечерваrnrnТие го правеле ова со цел да ги спречат мртвите да се вратат назад во живот… Што звучи сосема логично.