Серија која нема да ве остави гладни
rnrn
Главни улоги: Хју Денси, Мадс Микелсен, Лоренс Фишбрн, Каролина Давернас…rnrnЖанр: криминалистика, хорор, трилерrnrnКреатор: Брајан ФулерrnrnПремиера: 4 април 2013rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnrnФантастично приспособеното сценарио надополнето со одличната екипа на чело со Мадс Микелсен, кој го толкува ликот на Ханибал Лектор, нема да остави никого рамнодушен. Доколку имате слаб стомак, бидете внимателни, хорор елементите во серијата се визуелно моќно прикажани, а на моменти дури и гадни. Не очекувајте дека Ханибал Лектор ќе биде истиот лик од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ од 1991 година, кој го толкуваше Ентони Хопкинс. Овој пат тој е уште пострашен, а морници ќе ви поминуваат низ телото додека ја гледате неговата морничава појава и неговото бесчувствително лице. Мрачен лик кој едноставно ќе ве „јаде“ однатре. Ова е серија која го заслужува вашето внимание. Бон апети!rnrn
rn rn
rn
ТВ серијата „Ханибал“, во продукција на телевизиската куќа „NBC“, е базирана на новелата „Red Dragon“ (Црвениот змеј) напишана од Томас Харис. Бидете спремни на возбудлива и „вкусна“ приказна, за која креаторот Брајан Фулер се погрижил повеќето гледачи да ја јадат со сласт.
Приказна: Дејството во серијата се фокусира на триото Вил Грем, специјален агент на ФБИ кој ја има способноста да се стави во кожата на сериски убиец, да му ѕирне во умот и да го види злосторството низ неговите очи, авторитетниот ФБИ агент Џек Крафорт и брилијантниот психијатар Ханибал Лектор. Во приказната Лектор е повикан за да му помогне на Вил во справувањето со психопатите, а тој постојано седи отспротива со најголемиот психопат со темна и болна тајна, дискутирајќи за своите мрачни чувства и нестабилната ментална состојба. Лектор тоа умешно ќе знае да го користи…
Серијата е постојано пропратена со одличен саундтрак кој максимално и ефектно ја надополнува. Првата сезона е предвидена да има 13 епизоди, а и во втората се најавени исто толку.
Интересeн факт: Сите епизоди од првата сезона се насловени со француски збор за некое јадење.
Кога да ја гледате: Епизодите траат долго, но се многу заразни. Како и да е, досега се излезени 11, па доколку им се запнете можете да ги изгледате во еден здив. Препорачливо е да ги гледате ноќно време, за да го подобрите доживувањето, но постои ризик во сон да вечерате човечки орган. 🙂
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Режија:
Тоа го постигнува преку мистериозните настани кои му се случуваат на Елисон (Итан Хоук), писател на крими романи којшто своите приказни ги темели на вистински настани кои претходно детално ги истражува. Поради работата, тој заедно со неговата сопруга и двете деца ќе се всели во куќа во која пред нив живеело семејство чии членови биле обесени во дворот, а нивната најмала ќерка исчезнала истиот ден. Неочекувана помош во потрагата по приказна ќе добие од кутија на таванот во којашто има снимка од бесењето, но и уште неколку снимки од други убиства на цели семејства во различни делови на државата.
Расветлувањето на случајот со бесењето и сè друго околу него ги следиме преку главата на главниот лик. Како што тој открива слој по слој од мистеријата, така и вие ќе дознавате зошто работите се случувале така како што се случувале. Како што тој полека ќе почне да ја чувствува сеприсутноста на злото и тешкотијата да се побегне од него, тоа ќе го почувствувате и вие додека го гледате филмот. Нема да ве плаши со некои ненадејни изненадувања, туку ќе ви стави во глава дека треба да се плашите затоа што има од што да се плашите.
„Злокобен“ не изобилува со страшни сцени, но може да ве држи многу напнати. Неверојатно е колку може да вознемири навидум мирната сцена кога главниот лик ги прегледува морбидните снимки од таванот, но напнатоста расте уште повеќе како што тој ќе станува сè повеќе опседнат во потрагата по вистината за убиствата. А, тоа овој филм може лесно да го пренесе и на гледачот. Ако сакате да гледате хорори тогаш овој задолжително треба да се најде на вашата листа. За да уживате во него треба само да обезбедите темна просторија, да го пуштите звукот гласно и да му оставите на филмот да си поигрува со вашето расположение.
rnrnrn
Главни улоги:
Во современата верзија на „Убавицата и ѕверот“, убавицата е млада атрактивна детективка која храбро решава случаи на убиство, а ѕверот… па и не е толку грд.
Приказната започнува со убиството на мајката на Кетрин, на кое таа е сведок, а успева да се спаси благодарение на силниот Винсент. Тој пак, порано служел за војската, кога бил инјектиран со некакви состојки кои му дале енормно голема сила, но истовремено разбудиле нешто ѕверско во него. За да се заштити од тајните агенти, Винсент е мртов за остатокот од светот.rnrn9 години подоцна, Винсеснт и Кет повторно се среќаваат и почнуваат заедно да ги решаваат случаите, додека постепено градат близок однос кој е истовремено емотивен, професионален и секси.
Иако е модерно да се прават преработки на класични приказни во вид на ТВ серии, мора да се нагласи дека за оваа е најмногу искористено името. Самото дејство има свој модерен, оригинален тек. Серијата не е лигава приказна за некаква љубов, напротив во фокусот се криминалните дејствија и случаите на полицијата за нивно решавање. Сепак, сосема малку, како зачин, основата на серијата ја држи необичната врска помеѓу една нежна, но цврста и бестрашна девојка, и еден мажествен, развиен секси „ѕвер“.
„Убавицата и ѕверот“ светот ја гледа секој четврток, што значи дека доколку сте љубители на споделените ТВ серии на интернет, веќе во петок после работа можете да уживате во нова епизода.
rnrn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrn„
rnrn„
rnrn„
rnrn„
rnrn„
„Редот на змејовите“ е создаден од унгарскиот крал Зигмунд Луксембуршки, за да го штити христијанството од непријатели, особено од Турците. Членовите биле облечени во црвено-црна комбинација. Коинциденција или не, токму така е опишан и вампирот, наречен гроф Дракула, во книгата на ирскиот писател Брам Стокер. Во Редот, од своите 5 години членувал и Цепеш. Доказ за тоа е неговиот потпис на еден од документите, кои биле подоцна пронајдени. Тој се потпишувал како Wladislaus Dragwlya или Drakwlya.rnrnВлад Цепеш Дракула на 17 години ги изгубил татко му и неговиот постар брат. Тие биле обезглавени од страна на аристократите. Според легендите, ова бил пресудниот момент, кој го излудел Дракула и од него направил монструм. Тргнал да го одмазди семејството и започнал со свирепите измачувања и убиства…rnrnДруга легенда пак, заради која се верува дека Дракула станал брутален владетел е самоубиството на неговата прва сопруга, чие потекло е непознато. Според легендата, Турците испратиле писмо до неа, во кое ù напишале дека го убиле Влад Цепеш, кој во тој момент бил на бојното поле. Откако го прочитала, таа не можела да се помири со загубата и се фрлила од еден од прозорците во реката Аргеш (денеска е позната како Реката на принцезата) која течела под замокот. Кога дознал што се случило, Дракула им објавил војна на Турците. Тогаш се свртел и против црквата, со образложение дека таа била должна да ја заштити неговата сопруга од злото, а не го сторила тоа. Од бракот со првата сопруга тој имал само едно дете.rnrnДракула се оженил и по вторпат, за ќерката на кралот Матијас, Илона Шилаѓи, со која имал два сина. Постариот се викал Влад Четврти Дракула, а името на помладиот е непознато.
Цепеш за првпат се споменува во турски хроники од 15-16-ти век, каде е наречен „Војводата којшто набива на кол“ (kaziklu bey). Тоа име го добива поради жестоките методи што ги користел при егзекуциите на затворениците и на неговите противници. Омилено измачување му било набивањето на жртвата на кол. На ваков ужасен начин усмртил околу 100.000 од неговите жртви, меѓу кои и голем број Турци, но тогаш тоа не го направило немилосрден убиец, туку национален херој. Неговиот народ го гледал како човек кој ја брани земјата од султанот и го штити христијанството.rnrnЕден од митовите е дека на Турците што ги заробувал со заби им го одгризувал грлото. Некои од нив ослободувал, но само за да има кој да ги раскажува неговите монструозни дела и да сее страв меѓу неговите и непријателите на неговиот народ. Така настанала легендата за вампирот кој цица човечка крв.rnrnДракула бил убиен во 1476 година, во една од битките против Османлиите. Тие неговата глава ја ставиле во мед и му ја испратиле на султанот, кој потоа ја покажувал на народот, за да го увери дека Дракула е мртов.rnrnСе верува дека посмртните останки на Дракула биле закопани во Валахија. Во 1931 година, кога грбот бил откопан заради одредени истражувања, во него не било пронајдено апсолутно ништо. Најверојатно тој бил мета на крадците… Некои пак, веруваат дека гробот на Дракула се наоѓа во манастир во Снагов (во близината на Букурешт).rnrn
Замокот Бран, попознат како Замокот на Дракула во минатото бил од стратешко воено и економско значење. На почетокот бил дрвена тврдина, изградена во 1212 година, од витезите на Тефтонскиот ред. Тогаш бил нарекуван „Dietrichstein“. Во 1377 година, унгарскиот крал им дозволува на жителите на Брашов да издигнат нова тврдина на истата локација.rnrnНивните потомци, во 1920 година одлучиле замокот да ù го подарат на романската кралица Марија. Тој брзо станал нејзина омилена резиденција. Денес посетителите можат да видат артефакти главно од нејзиното време, како мебел и традиционални таписерии, кои биле нејзини лични колекции. Она што недостасува, се предмети кои би сведочеле за животот на крвавиот владетел Дракула.rnrnВо 1948 година, кога Романија е под комунистички режим, Владата го конфискува замокот од нејзината ќерка и наследничка, принцезата Илеана и го депортира целото кралско семејство. 58 години подоцна, во 2006 година, Романската влада имотот му го враќа на нејзиниот единствен син Доминик од Австрија, принцот на Тоскана, познат како Доминик Фон Хабсбург, архитект во државата Њујорк. Тој уште наредната година сакал да го продаде и го ставил на аукција, но властите го спречиле во намерата.rnrnДенеска замокот на суровиот владетел е една од најпосетуваните и најпопуларни туристички атракции во светот. Се издига величествено на карпа со преубав поглед, близу градот Бран, помеѓу романските провинции Трансилванија и Влашко. Во него има долги и темни ходници, во кои се верува дека грофот Дракула се криел од Османлиите…



rnrn


Такер и Дејл цел живот сонувале да имаат своја викендичка на планина и конечно ова им се остварува. Одлучуваат да заминат таму за викендот за да пијат пиво, да ловат риби и да се релаксираат. По некоја случајност, младите момци и девојки се на истото место, каде како резултат на сплет на околности, една од русокосите девојки завршува во нивната викендичка.
Нејзините другари се обидуваат да ја спасат од сомнителните „селани“, но при секој обид всушност самите се убиваат. Од перспективата на Такер и Дејл пак, изгледа како да се работи за група студенти со самоубиствени претензии кои дошле овде групно да завршат со своите животи. На никој не му е јасно што вистински се случува, а луѓето еден по еден си умираат.
Приказната во филмот тече спонтано, средно динамично и сосема по малку предвидливо. Хуморот е спореден, но различен. Хорор-елементите се присутни, но недоминантни. Заради ова, дејството е фино спакувано во 90-минутна приказна која ќе ви го покачува адреналинот, ќе ве засмејува и ќе ве остави со импресии.
rnrn
Главни ликови: 
rnrn

