10-те најпознати женски сериски убијци
6. Доротеа Пуенте
Злосторствата на Доротеа Пуенте се откриени во 1988-та година откако детективите го барале исчезнатиот маж на неговата последна позната адреса, во нејзината куќа во Сакраменто, Калифорнија. Деловите од телото се откриени, а биле закопани во нејзиниот двор и властите набрзо откриле дека во дворот се закопани коски и од 4 жени и 3 мажи, на возраст од 52 до 79 години. Пуенте е обвинета за труење на нејзините станари со лекови на рецепта. Таа побегнала од градот, но била уапсена во Лос Анџелес, а судено ѝ е за 9 убиства (ѝ биле припишани уште 2 убиства). Била осудена на доживотна затворска казна без можност за условно пуштање на слобода откако е прогласена за виновна за два случаја за убиство од прв степен и еден случај за убиство од втор степен. Умрела на возраст од 82 години.
View this post on Instagram
7. Мира Хиндли
Мира Хиндли и нејзиниот дечко, Јан Бреди, убиле пет деца и ги закопале на мочуришно земјиште недалеку од Манчестер во текот на 1960-те години. Во 1966 осудена е за 3 убиства. Парот во 1980-та година признал дека за тоа време убиле уште 2 деца. Најшокантно е што некои деца пред смртта биле мачени и злоупотребувани, а парот чувал фотографии и аудио снимки од некои од жртвите. Бреди умрел во психијатриска болница во 2017-та, а Хиндли умрела во 2002-та година во затвор.
View this post on Instagram
8. Леонарда Чианчули
Леонарда водела мал трговски дуќан во Кореџо, Италија, во 1930-тите години. Според некои извори, пророчица на судбината ја предупредила дека нејзините деца се во опасност, а таа сфатила дека ѝ се потребни човечки жртви. Чианчули завела 3 жени во нејзиниот дуќан, ги дрогирала, ги убила со секира и нивните остатоци ги сварила, а некои од нив ги „претворила“ во сапун што им го дала на соседите, при што го добила прекарот „Производителка на сапуни од Кореџо.“ Иако ѝ биле дијагностицирани тешки психички проблеми, била способна за судење и била осудена на 30 години затвор. Умрела во 1970-та година.
View this post on Instagram
9. Џуди Буеноано
Џуди го убила нејзиниот сопруг Џејмс Гудиер со арсен, го удавила нејзиниот син Михаел (кој бил делумно парализиран), и бившиот дечко Боби Морис (и потенцијално уште еден партнер, Џералд Досета). Исто така се претпоставува дека била вклучена во убиство во Алабама од 1974-та година односно дека се обидела да го убие нејзиниот свршеник Џон Гентри.
Мотивот на нејзините убиства наводно биле парите од осигурувањето со оглед на тоа дека добила околу 240 илјади долари за смртта на сопругот, синот и бившиот дечко. Иако Џуди никогаш не ги признала убиствата, наречена е „Црна вдовица“ и е осудена на смрт на електрична столица во 1998-та година (и била првата жена осудена на смрт во Флорида уште од 1848 година).
View this post on Instagram
10. Роузмери Вест
Роузмери Вест и нејзиниот сопруг Фред, измачувале тинејџерки и сексуално ги злоставувале (а една од нив била и нивна сопствена ќерка). Исто така убиле и распарчиле повеќе нивни жртви. Полицијата го фатила парот во 1994-та година. Поради бруталноста на нејзините злосторства Роузмери е прогласена виновна за 10 убиства и осудена е на доживотен затвор. Фред извршил самоубиство.
View this post on Instagram
Дознајте и кои се 10-те најзастрашувачки сериски убијци од Централна Европа.