КАФЕ ПАУЗА

Tag: трошење

  • Се прашувате дали залудно го трошите вашиот живот? Овие знаци ќе ви одговорат!

    Се прашувате дали залудно го трошите вашиот живот? Овие знаци ќе ви одговорат!

    Како да дознаете дали залудно го трошите вашиот живот? Овие знаци ќе ви укажат на тоа!rnrnСе прашувате дали залудно го трошите вашиот живот? Овие знаци ќе ви одговорат! rn

    1. Посветувате премногу време на непотребни работи

    rnВидео игри. Телевизија. Интернет. Како го поминувате поголемиот дел од вашето време? Дали го трошите паметно? Ако одговорот е не тогаш најверојатно треба да ги преиспитате вашите рутински активности и да направите промена.rn

    2. Премногу се жалите

    rnДали и вие сте од оние кои постојано се жалат за работата, шефот, платата, соседите или брачниот другар? Единствениот ефект што го постигнувате во овој случај е ширење негативна енергија. Запомнете дека негативноста нема да ги промени работите. Затоа, зборувајте за она што го цените во животот, а не за она што не ви се допаѓа.rn

    3. Не го храните умот

    rnДоколку не го одржувате умот активен и не учите нови работи нема да имате можност да се развивате како личност.rn

    4. Имате негативно мислење за себеси

    rnКако што рекол Хенри Форд: „Без разлика дали мислите дека можете или мислите дека не можете… во секој случај, вие сте во право“. Така, ако си велите дека не сте доволно паметни да започнете бизнис, тогаш сте во право. Ако си велите дека сте премногу исцрпени за да вложите труд и да го промените вашиот живот, тогаш во право сте. Запомнете дека сето она што ќе си го кажете себеси ќе постане вашата реалност.rn

    5. Немате инспирација

    rnСигурно постои нешто што уживате да го правите. Единствено нешто што треба да направите е одново да го откриете она што ве возбудува и да му се посветите.rn

    6. Не ја планирате вашата иднина

    rnИако секогаш е одлично да се живее „сега“ и во „овој момент“, сепак, понекогаш треба да гледате напред за да увидите каде сакате да одите. Доколку немате цел или план, тогаш сте како брод што бесцелно талка во океанот, надевајќи се дека безбедно ќе пристигне на некое пристаниште.rn

    7. Им посветувате премногу време на луѓе кои не придонесуваат за вашиот развој

    rnСекој од нас некогаш заглавил со луѓе кои се познати како „енергетски вампири“ и кои знаат само да го цицаат вашиот живот без да ви дадат нешто позитивно за возврат.rn

    8. Не спиете доволно

    rnСпиењето има клучна улога во грижата за физичкото и менталното здравје. Обидете се да ги промените вашите навики доколку не спиете доволно или останувате будни до доцна во ноќта.rn

    9. Не му посветувате внимание на вашето тело

    rnНе само што спиењето е од суштинско значење за вашето здравје, туку и храната и вежбањето се подеднакво важни. Сигурно сте свесни за фактот дека здравата, урамнотежена исхрана и вежбањето имаат позитивен ефект не само во однос на губењето на тежината, туку и влијаат врз целокупната благосостојба.rn

    10. Живеете живот што не ви се допаѓа

    rnДали сте среќни? Доколку одговорот е „не“, тогаш треба да промените нешто! Не заборавајте дека животот е краток, па затоа треба да уживате колку што е можно повеќе во него. Запомнете и дека вие имате моќ да го подобрите вашиот живот – доволно е да го промените начинот на размислување.rnrnОткако прочитавте кои знаци ви укажуваат на фактот дека залудно го трошите животот, можеби ќе сакате да прочитате и од кои нешта треба да се откажете доколку сакате мирен живот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Неделен финансиски хороскоп до 2 јануари: Ќе бидеме во искушение да потрошиме повеќе од потребното

    Неделен финансиски хороскоп до 2 јануари: Ќе бидеме во искушение да потрошиме повеќе од потребното

    Последната недела ни носи нови предизвици со кои некои знаци полесно, а некои знаци потешко ќе се справат. Многумина од вас ќе бидат во искушение да потрошат повеќе отколку што треба. Еве што ни предвидува неделниот финансиски хороскоп до 2 јануари.rnrnНеделен финансиски хороскоп до 2 јануари: Ќе бидеме во искушение да потрошиме повеќе од потребнотоrn

    Овен

    rnОваа недела многумина од вас ќе ја откријат својата вистинска цел во животот. Иако трошењето е неопходно, сепак можете да бидете повнимателни кога станува збор за финансиите. Веднаш одвојте пари за плаќање сметки и основни потреби. Сè што ќе купите треба да биде добро испланирано.rn

    Бик

    rnПостои веројатност дека оваа недела ќе работите повеќе време, а ќе заработите исто или уште помалку. Важно е да не ја изгубите вербата во себе и да работите мирно и без притисок, без да трошите нерви и време. Можеби подобро е да го одложите трошењето пари по празниците кога ќе почнат попустите.rn

    Близнаци

    rnДо крајот на годината ќе сфатите што е она што сакате да промените во вашиот живот. Сега е одличен момент да размислите за промена на работното место или за започнување сопствен бизнис, но не донесувајте одлуки прерано без детална анализа.rn

    Рак

    rnПоследните денови од годината ќе бидат многу стресни за вас. Ќе брзате од состанок на состанок, а тука е и непланираниот шопинг. Во овој период астролозите ви препорачуваат да не ги занемарите вашите приоритети како и времето за одмор. Во спротивно, тоа може негативно да се одрази врз вашето здравје.rn

    Лав

    rnЌе бидете најзафатени на 28 декември – денот на преминот на Јупитер во Риби, а не во петок, 31 декември. Астролозите ви препорачуваат да не закажувате важни работи за овој ден и да се воздржете од каков било шопинг, особено преку интернет. Доколку по професија сте продавач или менаџер на продавница, оваа недела вашиот бизнис ќе бележи значителен напредок.rn

    Девица

    rnАстролозите ве советуваат да ја завршите годината со планирање и поставување реални цели за следната година. Вашиот успех во голема мера може да зависи од поддршката на вашите најблиски. Најдобро би било да купувате новогодишни подароци во вторник или четврток, но не и во среда или во петок.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

    10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

    Постојат многу комплицирани и ефикасни трикови како да инвестирате пари и да заработите повеќе. Но, тие трикови најчесто се ефикасни само за луѓето што се талентирани да водат бизнис. Сепак, тоа не значи дека сите други луѓе што сакаат да бидат богати немаат шанси за тоа. Тие треба само да научат некои други трикови и пристапи, а во продолжение прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Инвестирајте во себе

    rn10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен животrnrnНајдобрата инвестиција што можете да ја направите за вашата иднина е да инвестирате во себе. Колку порано ќе го сфатите тоа, толку подобро затоа што треба да направите колку што е можно повеќе различни работи додека сте млади.rnrnТоа значи дека треба да учите нови работи. Не значи дека мора да завршите факултет, но барем обидете се да научите нешто ново што навистина ве интересира. Читањето книги, курсевите преку Интернет, добивањето сертификати или учеството во програми за личен развој се одлични опции. Колку повеќе ќе инвестирате во себе, толку повеќе ќе вредите. Во современиот свет, секој има пристап до многу бесплатни обуки, па обидете се да откриете во која насока треба да се движите.rn

    2. Запомнете го правилото од три 8-ки

    rnВо просек, треба да работите 8 часа на ден, да спиете 8 часа навечер и да имате околу 8 часа слободно време. Па, слободното време искористете го паметно. Направете нешто од коешто може да имате долгорочна корист, така што можете да ги усовршите вештините што веќе ги имате или да стекнете нови, наместо само да гледате видеа на Интернет.rn

    3. Бидете внимателни кога им позајмувате пари на пријателите и на роднините

    rn10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен животrnrnИ покрај тоа што ги сакате роднините и пријателите и се грижите за нив, сепак се надевате дека ќе ви ги вратат парите што им ги позајмувате, нели? Но, проблемот е во тоа што тие можеби размислуваат поинаку, па веројатно се надеваат дека ќе заборавите на тој долг со текот на времето. Сепак, вие не мора да бидете толку дарежливи.rnrnПоради ваквите недоразбирања, можеби ќе ставите крај на вашите односи. Или воопшто не позајмувате пари или договорете се да ви ги вратат парите во дадениот рок.rn

    4. Трошете помалку и ќе бидете послободни и пофлексибилни

    rnНаписите за богатство често препорачуваат да трошите помалку пари. Овој совет всушност има многу повеќе смисла отколку што мислите. Замислете дека ја мразите работата и живеете во место што не ви се допаѓа, но сте во можност да промените сè кога ќе посакате. Кога ќе започнете да штедите повеќе пари, ќе бидете пофлексибилни. Освен тоа, ќе можете да направите многу работи што ви се навистина важни.rn

    5. Следете го правилото од 24 часа

    rn10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен животrnrnКога купувате нешто, можеби ќе ве понесат емоциите. Кога купувате нешто мало, лесно е да го направите тоа бидејќи парите што ги трошите не се значајни. Но, кога ќе ги соберете сите такви трошоци, ќе сфатите дека непотребно сте потрошиле многу пари.rnrnПа, за да ги намалите трошоците и да престанете да купувате производи што не ви требаат, мора да го следите правилото од 24 часа. Почекајте 1 ден пред да купите нешто. Вашите емоции ќе се смират и ќе сфатите дали навистина ви треба тој производ.rn

    6. Секој ден трошете барем по 1 минута за да ги проверите трошоците

    rnОвој трик е многу едноставен, но ќе ви помогне да имате контрола над вашите трошоци. Секој ден трошете по 1 минута за да проверите и да размислите што сте купиле во текот на денот. Ова ќе ви овозможи да откриете какви било проблематични области, да го намалите трошењето и да одредите нормална сума пари што ви е потребна за секој ден.rn

    7. Направете споредба пред секое купување

    rn10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен животrnrnУште еден начин да намалите со трошењето и да избегнете разочарување во иднина е да размислите дали скапиот џемпер е поважен од патувањето што планирате да го реализирате следниот месец.rn

    8. Не паѓајте на маркетиншки трикови

    rnГолемите компании користат многу различни трикови за да ве натераат да купите работи што не ви требаат. Она што е уште поизненадувачко е тоа што повеќето маркетиншки трикови ви се добро познати, но тие сè уште функционираат и вие верувате во лажните попусти.rnrnСо цел да престанете да паѓате на овие трикови, не заборавајте дека кога ќе има попуст, тоа е само за производи што имаат повисока цена или за неквалитетни производи.rn

    9. Одете на шопинг сами

    rn10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен животrnrnКога одите на шопинг со пријателите, трошите повеќе пари од многу различни причини. Посетувате повеќе места отколку кога сте сами и кога пробувате облека, тие ве расположуваат и ве охрабруваат да ја купите таа облека. Расположението ви е секогаш подобро кога купувате со пријателите и затоа сакате да потрошите повеќе.rnrnКога сакате да се видите со пријателите, одете на прошетка во паркот. Шопингот никогаш не треба да ви служи како забава, туку како сериозна задача.rn

    10. Ослободете се од сите токсични мисли поврзани со парите

    rnКога ќе го програмирате вашиот мозок да мисли дека е невозможно да заработите многу пари и дека сите богати луѓе се лоши момци, тогаш нема да можете да постигнете многу.rnrnАко не верувате дека можете да станете успешни, брзо ќе се изморите од тоа што го правите и ќе мислите дека што и да правите е бесцелно, па нема да постигнете ништо и со тоа ќе докажете дека сте биле во право. Променете го вашето негативно мислење за парите и обидете се да живеете така еден месец. Ќе бидете изненадени од резултатот.rn

    Бонус: Финансиската стабилност нема да ги реши сите ваши проблеми

    rn10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен животrnrnДали знаете што го одредува вашето ниво на среќа и радост? Парите не го прават тоа, туку уживањето во работите што веќе ги имате.rnrnМислењето дека парите ги решаваат само безначајните проблеми како што се организирањето голема свадба или посетувањето луксузна дестинација ви овозможува да заработите уште повеќе. Кога ќе го разберете овој принцип, ќе сфатите дека богатството не е единствената цел во животот, а сè останато ќе си дојде на своето место.rnrnПрочитајте ги овие 6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот.

  • Колку калории трошите за време на шопинг?

    Колку калории трошите за време на шопинг?

    Километрите што ги минувате за време на вашите модни излети не треба да бидат занемарени. Од денес слободно фалете се како да сте истрчале цел маратон. Имено, сигурно ќе се изненадите доколку почнете да ги броите километрите што сте ги поминале додека сте шетале по продавници и трговски центри.rnrnКолку калории трошите додека купувате?rnrnСпоред резултатите од едно британско истражување, жените во текот на само една година изодуваат дури 330 километри додека се во шопинг. Научниците потврдиле дека и жените кои се најголеми противници на теретаните и вежбањето, во просек одат 8 километри, два пати неделно, за време на вообичаените шопинг излети. Овде спаѓа и секојдневното одење во продавница по намирници.rnrnСо други зборови, со купувањето годишно трошите неверојатни 14.884 калории. Односно, без одење во теретана, трошите дури 67 чоколади, а токму пешачењето е најдобрата вежба бидејќи го одржува здравјето на срцето, го забрзува согорувањето на мастите и го поттикнува трошењето на калории.rnrnЖените кои учествувале во истражувањето носеле бројач на чекори за време на нивното рутинско купување. И испитаничките биле шокирани од резултатите.rn

    „Никогаш не ми текнало дека за време на шопинг вежбам! Сега гледам дека има вистина во тоа. Одење од продавница до продавница, истегнување кога сакам да фатам нешто од горните полици и на крај, зајакнување на мускулите кога сè треба да однесам дома“, изјавила една од нив.

    rnСепак, немојте да претерувате бидејќи овој „спорт“ може да биде навистина скап.rnrnПогледнете и колку калории на час трошите со различни активности.

  • Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

    Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

    Продавачите се добро истренирани да користат психолошки техники за подобрување на расположението на муштериите со правилно избрани бои, музика, миризби и чувство на луксуз. Продавниците го местат мебелот, работат со форми и нè молат „само да пробаме“ нешто. Всушност, тие го прават сето ова само за да привлечат муштерии и да ги натераат да останат внатре. Погледнете кои се тајните на продавниците за облека со кои ве тераат да потрошите повеќе пари.rn

    1. Големиот црвен знак „Распродажба“ создава чувство на итност

    rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnСте се запрашале ли зошто сите знаци за распродажба што нудат добри зделки се црвени? Во овој случај продавниците користат основна психологија и ја употребуваат бојата на која најмногу реагираме. Во човечкиот ум, црвената е позната како нијанса за опасност. Оваа реакција создава чувство на итност и ги тера потрошувачите да купат нешто.rn

    2. Користат „препознавање на брендови“

    rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnПовеќето од нас лесно можат да препознаат облека направена од големи и скапи модни брендови. Ова е познато како препознавање на брендови и значи дека луѓето можат да го препознаат брендот преку лого, слоган, боја и слично. Многу брендови за облека го употребуваат ова во нивна корист. Прават парчиња што изгледаат како да се од некој познат бренд, а се многу поевтини. На овој начин потрошувачите го купуваат парчето бидејќи го препознале и мислат дека „заштедиле“ пари.rn

    3. Облеката и додатоците се покажани во сетови и групи

    rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnРетко ќе најдете кукла со само едно парче облека на неа. За продавниците е важно да ви покажат како можете да ја комбинирате нивната облека. Ако на потрошувачот му се допаѓа нешто, најверојатно ќе купи уште нешто што одговара со тоа парче. Ако ви се допаѓаат некои панталони, тогаш ќе посакате да купите и палто што ќе одговара со нив.rn

    4. Користат предмети за да ве забават

    rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnПродавниците сакаат да поминете што е можно повеќе време во нив, па користат мали трикови за да ги забават нивните потрошувачи. Тие ги редат масите и закачалките на тој начин што не можете да ја поминете продавницата во права линија. На овој начин ќе се движите побавно.rn

    5. Ви предлагаат да пробате уште нешто

    rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnКога се упатувате кон соблекувалната, некој од продавачите може да ви понуди уште некое парче облека или додаток што би одговарало со тоа што сте го избрале, најчесто „само за проба“. Целта им е да го купите и предметот што ви го понудиле. Оваа техника е наречена „сугестивно продавање“.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 активности кои се залудно трошење на вашето време

    7 активности кои се залудно трошење на вашето време

    Колку пати сте си помислиле дека подобро ќе сте завршеле некоја работа ако не сте трошеле време правејќи нешто друго? Иако речиси секој од нас е свесен за ова, ние продолжуваме да го трошиме нашето време на работи кои не го заслужуваат тоа.rnrn7-raboti-koi-se-zaludno-troshenje-na-vasheto-vreme-kafepauza.mkrnrnСепак сме само луѓе и ни се случува да се измориме од постојаното мислење и планирање, и на крај да го поминеме денот гледајќи телевизија. Но, доколку сакате навистина да направите нешто, мора да престанете со залудното трошење време. За почеток, потребно е да знаете кои активности спаѓаат во трошење време.rn

    1. Гледање телевизија

    rnСекоја програма што сте ја гледале, барем во поголемиот број ситуации, било трошење на вашето време. Речиси сите канали нудат само бескорисни информации. Сигурно ви се има случено да ве праша некој дали сте изгледале некоја епизода (или филм) што се емитувале претходниот ден. Кога ќе одговорите со не, во следната можност која ќе ви се укаже, вие ја гледате епизодата. Размислете, дали навистина вредело да поминете цел час гледајќи ја таа епизода? Најчесто одговорот е не, и вие само залудно сте го потрошиле вашето време.rn

    2. Почнување врска бидејќи не сакате да бидете сами

    rnАко сте започнале романтична врска поради оваа причина, треба да ви биде јасно дека само ќе го трошите вашето време. Само затоа што мислите дека сте осамени или затоа што ви е здодевно не значи дека треба да почнете врска со некого. Оваа постапка може само да го уништи и вашиот и животот на партнерот. Наместо тоа, излезете со пријателите, одете на кафе, разговарајте со некого…rn

    3. Постојано сте достапни за сите

    rnНе мора постојано да одговарате на сите повици и да им помагате на сите. Кога ја нудите вашата помош дури и онаму каде што не е потребна, луѓето ќе почнат да се „хранат“ од вас, а ова ќе ви го уништи животот. Се разбира, во ред е да помогнете, но само онаму каде што е потребно.rn

    4. Престанете да се жалите

    rnЖалењето е само трошење време. Кога имате проблем, насочете ја вашата енергија кон решавање на истиот наместо да им го раскажувате на сите. Жалењето нема да ви ја олесни ситуацијата, напротив може само да ја влоши. Ако не можете да направите ништо во врска со проблемот, прифатете го тоа и продолжете понатаму.rn

    5. Престанете да ги задоволувате сите

    rnАко правите нешто што не го сакате само за да задоволите некој друг, веднаш престанете со тоа. На крајот ќе сфатите колку сте безнадежни бидејќи не правите работи кои ве прават среќни. Запомнете дека никој не може да ги задоволи другите ако тие не се среќни сами со себе.rn

    6. Кажете му НЕ на озборувањето

    rnКолку пати ви се има случено да судите или да критикувате некого? Ова е најдобриот начин залудно да го потрошите вашето време. Со озборувањето можете навистина да му наштетите некому, но и да ги натерате другите да мислат лошо за вас. Секогаш бидете искрени за своето мислење и ако не ви се допаѓа некој, едноставно немојте да разговарате со него. Озборувањето никогаш не треба да ви биде опција.rn

    7. Смирете се и простете

    rnГневот нема да ви помогне во ништо. Ако некој ви згрешил нешто, разговарајте со него за тоа. Постои голема шанса личноста на која сте гневни воопшто да не ја знае причината, па вие само ќе ги трошите вашето време и енергија. Затоа простете и заборавете.rnrnСега е вистинскиот момент да одлучите што сакате да правите со вашиот живот. Ако имате цели кои сакате да ги постигнете, престанете залудно да го трошите времето и користете го продуктивно и на начин од кој ќе имате придобивки.rnrnОва се знаците кои покажуваат дека го трошите вашиот живот на погрешни работи.

  • 5 електронски уреди што трошат струја дури и кога се исклучени

    5 електронски уреди што трошат струја дури и кога се исклучени

    Дали сте знаеле дека некои домаќински уреди водат „таен“ живот и продолжуваат да работат дури и тогаш кога не се вклучени? Доколку сакате да заштедите, прочитајте кои уреди трошат струја кога се исклучени…rn

    1. Полнач без телефон = 1,2 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnДоколку го оставите полначот вклучен во штекер, тој ќе продолжи да троши струја дури и тогаш кога телефонот не е приклучен на него. Трошокот на струја е минимален, така што ова невнимание нема да се одрази многу на вашиот паричник.rn

    2. Дигитален ТВ тјунер = 22 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnТВ тјунерите продолжуваат да работат дури и откако ќе ги исклучите и годишно трошат струја во вредност од околу 1.215 денари. Повеќето од нас не ги ставаат тјунерите на стенд бај, бидејќи мислат дека доволно е само да го исклучат телевизорот. Тоа ќе доведе до 5 пати поголем трошок.rn

    3. Телевизор = 24 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnДали сте знаеле дека ако го притиснете копчето на телевизорот, ќе го ставите во стенд бај, но нема да го исклучите? На тој начин ќе потрошите струја во вредност од 1.380 денари на годишно ниво.rn

    4. Компјутери и лаптопи = 96 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnДури и кога се исклучени, компјутерите и лаптопите продолжуваат со работа. Токму затоа, доколку ги исклучите од штекер, ќе можете да заштедите дури 5.515 денари годишно. Оние кои ги оставаат машините на стенд бај, слободно можат да го помножат овој износ со 1,5.rn

    5. Уреди со тајмер = 108 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnМалиот детаљ како што е тајмерот може да ви каже дали вашиот уред е сѐ уште вклучен. Доколку ваквиот уред го исклучите од штекер, ќе можете да заштедите околу 6.300 денари годишно.rn

    Дали треба да ги исклучувате овие уреди од штекер?

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnЗа некои, овие бројки ќе бидат безначајни, додека други ќе бидат импресионирани. Во секој случај, вреди да ги исклучувате уредите од штекер, бидејќи секој непредвиден проток на струја може да ве остави без пари и со куќа полна со изгорени уреди.rnrnВо продолжение прочитајте како да заштедите пари на струја.

  • 10 знаци дека го трошите вашиот живот на погрешни работи

    10 знаци дека го трошите вашиот живот на погрешни работи

    Секој човек го исполнуваат различни нешта, но постојат и некои општо прифатени работи за тоа како не би требало да се живее животот. Во продолжение погледнете ги овие 10 знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали го трошите времето на сосема погрешни работи.rnrn10 знаци дека го трошите вашиот живот на погрешни работиrn

    1. Честопати приговарате

    rnЧесто се жалите од работата, шефот, платата, пријателите или брачниот партнер? Ако одговорот е потврден, тогаш тоа значи дека поголем дел од време ширите негативна енергија. Негативноста ништо нема да промени, туку само ќе направи да не се помрднете од место. Затоа, трудете се да го промените начинот на размислување и повеќе зборувајте за работите за кои сте благодарни во животот, а не за она што не го сакате.rn

    2. Не го храните својот ум

    rnАко не се развивате како личност и не учите нови работи, тоа значи дека стагнирате, баш како мирно езеро на чијашто површина се создава зелен талог. Слично се случува и со вашиот ум ако не го држите активен и ако не правите нови работи. Позитивните предизвици во животот ќе ги прошират вашите размислувања.rn

    3. Честопати зборувате негативно за самите себе

    rn

    „И кога мислите дека можете и кога мислите дека не можете, и во двата случаи сте во право.“ − Хенри Форд

    rnВсушност, доколку самите си зборувате дека не сте доволно паметни за да добиете унапредување на работата, вие ќе бидете во право. Ако самите си зборувате дека сте премногу уморни за да го промените вашиот живот и тогаш ќе бидете во право. Тоа што си го зборувате себеси, ќе стане и ваша реалност. Па, внимателно избирајте ги речениците затоа што вашиот живот и вашите мисли се едно исто.rnrn10 знаци дека го трошите вашиот живот на погрешни работиrn

    4. Не ја планирате иднината

    rnСекогаш е најдобро да се живее во сегашниот момент, но понекогаш треба да погледнете и на иднината за да сфатите во која насока се движите. Ако немате цел или план, тогаш сте како брод кој бесцелно плови по океанот, надевајќи се дека ќе завршите на некое добро место. Не смеете да живеете така. Морате да направите водич во вашиот живот, каде што ќе ги разработите своите планови кои ќе треба да ве однесат онаму каде што би сакале да бидете.rn

    5. Премногу време поминувате со луѓе кои не придонесуваат за вашиот развој

    rnМногу лесно може да ви се случи да се најдете во друштво на луѓе кои не ве прават добра личност. Ако премногу време поминувате со нив, вие ќе стагнирате и тие ќе ве повлечат со нив. Тие се познати и како „енергетски вампири“ коишто го исцрпуваат вашиот живот и за возврат не ви даваат ништо позитивно. Затоа, настојувајте да бидете во друштво на луѓе со кои ќе имате можност да се развивате како личности.rn

    6. Зависни сте од мобилниот телефон

    rnРазмислете за тоа колку време поминувате на мобилниот телефон и како тоа влијае на вашите односи со другите. Ако испраќате порака или пребарувате на Интернет додека вечерате со вашето семејство, тогаш вие го пропуштате времето кое би требало да го поминете со саканите личности или планирањето на вашата заедничка иднина.rnrn10 знаци дека го трошите вашиот живот на погрешни работиrn

    7. Трошите пари на неважни работи

    rnПостои разлика помеѓу потреба и желба, но, многумина од луѓето веќе и не го разграничуваат ова. Тие трошат пари на најновите технолошки додатоци, автомобили, притоа скратувајќи си од основните животни потреби. Ако застанете и размислите, ќе сфатите дека не ви треба ниту малку од тоа. Храната, водата, покривот над главата и љубовта е она што ви треба, а сѐ останато е само бонус. Затоа, размислете на што ги трошите вашите пари и дали можете да направите некои промени. Можеби дел од парите ќе ги заштедите за во иднина.rn

    8. Не спиете доволно

    rnСпиењето е нужно за да имате добро здравје. Ако не можете да се наспиете затоа што имате премногу работа или едноставно сакате да останувате будни до доцна во ноќта, треба да промените нешто во вашите навики.rn

    9. Не водите грижа за своето тело

    rnУрамнотежената и здрава исхрана, како и вежбањето, имаат уште многу други позитивни ефекти освен губењето телесна тежина. Здравите навики влијаат на менталното здравје, како и на тоа да се чувствувате подобро. Размислете за својот начин на исхрана и колку сте физички активни, па можеби ќе сфатите дека некои мали промени можат многу да ви го подобрат животот.rnrn10 знаци дека го трошите вашиот живот на погрешни работиrn

    10. Не излегувате од својата зона на удобност

    rnЕдна животна мудрост вели дека животот започнува тогаш кога ќе излезете од својата зона на удобност. Затоа, прифатете некој ризик кој сметате дека може да ви го подобри животот. Но, имајте предвид дека претходно добро сте ги согледале сите опции и сте смислиле добар и сигурен план за постапување.

  • 9 забавни спортови со кои ќе потрошите најголем број калории

    9 забавни спортови со кои ќе потрошите најголем број калории

    Спортот е секогаш најдобриот начин за трошење калории, а сè поголемиот број сончеви денови кои следуваат ни овозможува да излеземе надвор од домот и да започнеме да се занимаваме со различни активности. Токму затоа и составивме список од спортовите со кои најбрзо ќе напредувате до посакуваната тежина и изглед, додека истовремено и лудо се забавувате.rnrn1-9-sportovi-so-koi-kje-potroshite-najgolem-broj-na-kalorii-www.kafepauza.mk_rnrn1. Велосипедизам – Зависно од брзината со која возите, можете да потрошите од 300 до 400 калории за половина час. Велосипедизмот е одлична кардио вежба која ги зајакнува бедрата и листовите.rnrn2. Бокс – Доколку сте доволно храбри да зачекорите во рингот, ќе потрошите 324 калории за 30 минути. Освен тоа, вашата кондиција и мускулна издржливост без сомнение брзо ќе се зголеми.rnrn3. Качување по карпа – На овој начин за половина час можете да изгубите 370 калории, но исто така и да ја зајакнете силата, издржливоста и флексибилноста.rnrn2-9-sportovi-so-koi-kje-potroshite-najgolem-broj-na-kalorii-www.kafepauza.mk_rnrn4. Кошарка – Константната акција која ја овозможува овој спорт значи трошење на 288 калории за половина час и неизмерна количина на забава.rnrn5. Пливање – Се работи за одлична вежба за целото тело, со која можете потрошите до 360 калории за 30 минути. Но, поголемиот дел од луѓето не можат толку многу да издржат. Најдобар е тренингот во интервали, односно пливање во две должини, па потоа краток одмор, па повторување на рутината.rnrn6. Тенис – Се работи за забавна игра која бара брзина, вртење, сила и рефлекси. На овој начин ќе потрошите помеѓу 250 и 300 калории за половина час.rnrn3-9-sportovi-so-koi-kje-potroshite-najgolem-broj-na-kalorii-www.kafepauza.mk_rnrn7. Сквош – Освен тоа што ќе потрошите 300 калории во краток временски период, со сквошот ја градите кондицијата и мускулите и ќе ја развиете флексибилноста.rnrn8. Трчање – Освен тоа што ви помага да потрошите 450 калории за 30 минути (со одредено темпо и поминат пат) трчањето е фантастична кардио вежба. Облечете се соодветно, набавете добри патики и започнете да вежбатеrnrn9. Веслање – Со трошење на 280 калории за 30 минути, веслањето е одличен начин за да го исфрлите вишокот на енергија. Освен тоа, ја јакне издржливоста, како и градите, мускулите, рамената, бедрата и рацете.rnrn4-9-sportovi-so-koi-kje-potroshite-najgolem-broj-na-kalorii-www.kafepauza.mk_

  • Животот е прекраток за да ги правите овие работи

    Животот е прекраток за да ги правите овие работи

    Животот е прекраток! Времето што го имате е драгоцено и треба да го цените и паметно да го користите. Постојат некои секојдневни работи за кои не вреди да си ја трошите енергијата и нервите. Посветете внимание на она што е навистина значајно. Веднаш ќе се почувствувате подобро ако престанете да се грижите за следниве работи…rnrnЖивотот е прекраток за да се грижите за овие работиrn

    Се чувствувате виновни ако сте пропуштиле да вежбате

    rnВо ред е да си дадете слободен ден и не треба да се чувствувате како тотален губитник поради тоа. Како што велат: Потребно е повеќе од една вежба за да имате убаво тело, но потребно е и повеќе од еден слободен ден за да пропадне целиот ваш труд.rn

    Плачете поради лошите момчиња

    rnПред некој да ја добие титулата „момче“ треба да ја заслужи. Ако постојано ве расплакува и ве остава да седите дома и да се чувствувате лошо за себе, тој навистина не ве заслужува. Вашето време е бесценето и не треба да го трошите седејќи дома додека се растурате од плачење.rn

    Имате работа што не ја сакате

    rnОставете ја таа работа за некој што ќе биде среќен да го прави тоа. Вашето ограничено, драгоцено време и енергија треба да бидат потрошени на нешто во кое навистина верувате. Животот е прекраток за да бидете несреќни 40 часа неделно.rn

    Се навредувате себеси

    rnНемојте да си упатувате навреди секогаш кога ќе се погледнете во огледало, кога ги разгледувате вашите слики на Инстаграм, кога пробувате нова облека… Замислете сите тие милиони пати кога сте го критикувале вашето тело, да сте ги искористеле за да си укажете почит, да си дадете комплимент и да ја зголемите вашата самодоверба. Нема сомнеж дека веднаш би се чувствувале подобро!rn

    Носите неудобна долна облека

    rnДолната облека со чипка, тангите, корсетите, халтерите… Сите тие се навистина убави и можат да направат да се чувствувате секси, но само во спалната соба. Доколку не ви се удобни за носење, едноставно чувајте ги само за посебни прилики и уживајте во удобноста на памучните гаќички. Кој ќе знае дека носите „бапски“ гаќи на работа?rn

    Не ги споделувате вашите соништа со вашите најблиски

    rnАко не ги споделувате вашите соништа и цели со вашите пријатели, семејство и луѓето што ви значат, тие нема да знаат како да ве поддржат и да ве охрабрат. Доколку го чувате во тајност она што сакате да го создадете, немате право да очекувате дека тоа магично ќе се случи. Не ја потценувајте моќта на зборовите. Никогаш не знаете кој може да ви се најде во одредена ситуација.rn

    Премногу сте мрзливи за да внесете промени во вашиот живот

    rnИзговорите одземаат многу време: Треба прво да ги измислите, па да си ги повторите додека не почнете да верувате во нив и на крајот да ги искористите во сите области каде што многу поедноставно би било да се фатите за работа и да го завршите тоа што треба. Престанете со ова!rnrnЖивотот е прекраток за да се грижите за овие работиrn

    Се споредувате со други луѓе

    rnТоа што посакувате да бидете како некој друг или да живеете нечиј друг живот нема да го смени она што веќе сте. Насочете ја вашата енергија кон тоа да се претворите себеси во она што навистина би сакале да бидете.rn

    Не трошите пари на патувања и авантури

    rnИма толку многу плажи, планини, ридови, гребени, винарии, реки, мориња, што навистина би било штета да не се обидете да видите барем дел од нив. Зар има подобар начин да ги потрошите заштедените пари од тоа да отпатувате во некој друг свет?rn

    Ги критикувате другите

    rnТоа нема да направи да се чувствувате подобро, само ќе направи да изгледате уште понесреќни и сурови. Никој не сака да биде во близина на таква личност.rn

    Повеќе ги цените размислувањата на другите луѓе

    rnЕдинственото мислење за вашиот живот и одлуките во кои можете да имате доверба, се вашите. Вие сте единствениот човек кој го знае секој детаљ од вашиот живот и вие си знаете најдобро. Верувајте си себеси. Вие најдобро знаете што треба да направите, како да постапите и кој пат да го одберете.