Велат дека среќата со пари не се купува. Освен ако парите не ги искористите за да го купите ова. Една нова студија спроведена од Универзитетот во Британска Колумбија, вели дека трошењето пари за повеќе слободно време може да ве направи среќни.rnrn
rnrnНаучниците им дале на испитаниците повеќе хипотетички избори, како на пример: „Дали повеќе би сакале да имате скап апартман кој се наоѓа блиску до работното место или евтин апартман во предградието кој бара редовно патување до работното место?“ или „Дали повеќе би сакале да имате добро платена работа со подолго работно време или работа која носи помала плата, но ви овозможува повеќе слободно време?“rnrnВо продолжение, на една група испитаници им бил даден реален избор помеѓу 50 долари во кеш и ваучер за чистење на домот во вредност од 120 долари.rnrnИстражувачите заклучиле дека луѓето кои биле подготвени да се откажат од парите по цена на: поголемо работно време – поблиско работно место, помалку работни часови и помалку обврски – биле посреќни. Зошто? Бидејќи слободното време овозможува да се прават повеќе забавни и рекреативни работи. Дури и кога некој би имал милиони и милиони долари, за што би му вределе, ако нема време да ужива во нивното трошење?rnrnСепак, многу од испитаниците го направиле спротивниот избор – приоритетни им биле парите пред времето. Повеќе би сакале да ги потрошат нивните викенди чистејќи го домот или поправајќи ги расипаните предмети, наместо да најмат чистач или мајстор. Го избрале индиректниот лет за да заштедат 100 долари, но на сметка на 6+ часа од нивниот живот потрошени во патување.rnrnСе разбира, добро е и паметно да ги штедите парите и да не ги трошите на непотребни удобности. Но, вреди да се запомни дека она што навистина го прави еден човек среќен, кога станува збор за оваа тема, е кога тој човек ќе си го создаде и оформи сопствениот буџет. Парите треба да се трошат помалку на материјални добра, а повеќе на услуги кои го олеснуваат животот, бидејќи, со таа дополнителна сметка за чистачите на домот, можат да се купат и дополнителни 5 часа поминати со семејството и пријателите – а тоа е бесценето.
Tag: трошење
-

Единственото нешто на кое вреди да се трошат пари
-

Еве ги одговорите на прашањето: Зошто вашата батерија на мобилниот телефон брзо се празни?
Доколку ви се чини дека останувате без батерија побрзо отколку што ви требало време за да ја наполните, тогаш внимавајте на овие неколку работи кои можеби се причините за тоа. Погледнете кои може да бидат.rnrn
rn1. Зголемена ви е светлината на телефонот
rnКолку повеќе е зголемена светлината, толку повеќе батеријата се троши. Затоа наместете ја светлината на вашиот телефон така што ќе ја намалите до степен да не ви влијае на видливоста, а воедно ќе ви овозможи подолго траење на батеријата.rn
2. Апликациите коишто ги користите
rnАпликациите коишто ги користите на телефонот може да имаат поголемо влијание на трошење на батеријата за разлика од некои други. Затоа најдобро е во поднесувањата да проверите кои апликации повеќе ја празнат вашата батерија и да ги затворите доколку не ги користите.rn
3. Известувања
rnВерувале или не, постојаните известувања кои ги добивате од Фејсбук или Инстаграм може да влијаат на брзото празнење на батеријата. Затоа исклучете ги, бидејќи и така немате потреба да го проверувате вашиот телефон на секои 5 минути.rnrn
rn4. Вибрации
rnВибрацијата ја троши вашата батерија повеќе, отколку ако вашиот телефон е ставен на нечујно или пак на звук. Затоа користете некоја од овие две опции за да не морате да го полните вашиот телефон на секој час.rn
5. Не го исклучувате wi-fi сигналот
rnДоколку вашето wi-fi е константно вклучено, немојте да се чудите зошто вашата батерија побрзо се празни. Најдобро е да го вклучувате само тогаш кога навистина ви е потребен.rn
6. Не го вклучувате авионскиот режим
rnДоколку знаете дека ќе треба да го користите вашиот телефон подолго време, а нема да ви бидат потребни праќањето и добивањето пораки и повици, тогаш одберете го авионскиот режим. Тој ќе ја зачува вашата батерија на подолго време.rnrn
rn7. Автоматско надградување на апликациите
rnСекој кој има паметен телефон знае дека некои апликации одвреме-навреме самите се надградуваат, но тоа истовремено влијае на батеријата. Затоа исклучете ја оваа опција за да немате проблеми со траењето на вашата батерија.rn
8. Вклучена ви е опцијата за пронаоѓање локации
rnДоколку опцијата за пронаоѓање на локацијата каде што моментално се наоѓате ви е постојано вклучена, ете ви уште една причина за батеријата побрзо да ви се испразни. Исклучувајте ја оваа опција во моментите кога воопшто не ви е потребна.
-

5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за треба
Замислете дека седите некаде со друштво, си разговарате и се присетувате на некои работи од минатото. Дали со носталгија се присетувате кога сте купиле нов телевизор или телефон, или на некоја случка која има посебно место во вашите спомени? Така станува јасно на што вреди да се трошат пари, а на што не.rnrn
rnНе вреди да се трошат многу пари на…
rn
1. Електронски направи
rnЕлектронските направи се многу потребни во денешно време, но не мора да се трошат многу пари на нив. И евтините уреди можат да ја извршат истата функција за помалку пари, додека скапите не носат поголемо задоволство. И онака веќе следната година ќе излезе нов поубав смартфон, па зарем вие постојано ќе купувате нов иако стариот добро ја врши истата работа како и новиот?rn
2. Декорирање на домот
rnПостојано излегува некој нов помодерен начин на украсување на домот со нешто ново. Истото можете да ги направите и без да потрошите илјадници денари користејќи ја сопствената креативност или помошта од некој близок.rn
3. Автомобил
rnКаков автомобил и да купите, тој ќе ве однесе од точка А до точка Б, и толку. Па сега сами размислете колку често треба да го менувате автомобилот за тој да биде нов и убав и што ќе постигнете со тоа.rn
4. Облека по последна мода
rnНе треба да имате чувство на вина поради тоа што сакате постојано да си купувате нови парчиња облека, но ако запнете да купите нешто супер скапо, тогаш треба да имате предвид дека што и да е тоа сигурно нема да ви донесе задоволство кое ќе биде правопропорционално со цената.rn
5. Накит
rnУбаво е да се има убав накит за некои прилики, но повторно, не вреди да се трошат премногу пари за нешто кое ретко се употребува и не може да ве исполни.rnrn
rnНа што треба да се трошат пари?
rn
1. Едукација
rnУчењето нови работи ќе ви го прошири погледот на светот и ќе ви овозможи работите да ги гледате и искусите на поинаков начин. Разните курсеви и семинари понекогаш се доста скапи, но има такви кои навистина вредат за парите, а она што ќе го научите ќе ви овозможи и многу добри искуства понатаму. На пример, со курсот по странски јазик ќе можете да комуницирате со странци и сл.rn
2. Патување
rnПатувањето дава некои од најдобрите искуства за кои човек може да мечтае. Излегувањето од комфорната зона и запознавањето на светот носи возбуда од која лесно остануваат спомени. За тоа требаат пари, но вреди да се потрошат за едно такво искуство.rn
3. Музика
rnНе двоумете се дали да потрошите пари за да научите да свирите на некој инструмент. Можеби добро ќе ви тргне и тоа ќе биде нешто на кое ќе ги учите вашите деца и внуци. Исто така би можеле да посетите концерт на некој изведувач кој не го познавате добро, па можеби после тоа секојдневно ќе уживате со неговата музика.rn
4. Книги
rnМожете да купите и користени книги, можете и да ги позајмите од библиотека, но ако никаде не можете да го најдете она што сакате да го прочитате, дозволете си да платите малку повеќе. Книгите се средство за патување во нови светови додека сте удобно сместени некаде и затоа вредат за парите.rn
5. Храна
rnВреди да се потроши некој денар повеќе за здрава или за вкусна храна. Вреди да се потрошат пари на поздрава храна поради придобивките за здравјето, но секако дека може да потрошите и на некој вкусен специјалитет кога патувате некаде. Убавите вкусови долго се паметат.
-

20 причини поради кои животот може да биде убав и кога немаш денар в џеб
Ако сте млад човек, тогаш големи се шансите да немате многу пари во џебот. Многу е фрустрирачки, но не е крај на светот. Ова се дваесет причини кои го докажуваат тоа.rnrn
rn1. Кога немате пари станувате креативни во начините на кои се забавувате.
rn
rn2. Пријателите ве честат кога одите во диско…
rn
rn3. …затоа што знаат дека ќе им ја вратите услугата кога ќе застанете на нозе.
rn
rn4. Ги цените евтините продавници…
rn
rn5. …и изгледате убаво во тоа што го купувате од нив затоа што не личите на подвижна реклама.
rn
rn6. Распродажба? Попуст? Купони? Среќен час? Тоа ви причинува среќа.
rn
rn7. Се однесувате со поголема грижа кон она што го поседувате.
rn
rn8. Учите да се справувате со стресот.
rn
rn9. Кога ќе капне некој денар, се чувствувате вака…
rn
rn10. Цените сè што не спаѓа во здодевна невкусна евтина храна.
rn
rn11. Знаете да измислите некој специјалитет од неколкуте состојки кои ви останале во фрижидерот.
rn
rn12. Специјалното мени кое е на попуст е прекрасна работа…
rn
rn…барем првите неколку минути.
rn
rn13. Моментот кога ќе си најдете заборавени 100 денари во џебот на панталоните…
rn
rn14. Волјата ви е нескршлива. Ќе трошите само на тоа што ќе решите да трошите.
rn
rn15. Се чудите како пријателите фрлаат толку многу пари на непотребни работи. Кога вие ќе имате колку нив ќе се однесувате попаметно.
rn
rn16. Учите како да се забавувате и со малку пари.
rn
rn17. На пример, кому му треба теретана кога можете да спортувате на отворено?
rn
rn18. И кому му треба вечера во ресторан кога можете да си приготвите нешто дома и да си гледате филм?
rn
rn19. Моментите кога немате денар в џеб ве тераат да го цените тоа што можете да си го дозволите…
rn
rn20. …и ве учи што е најважното во животот.
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Табела: Колку калории на час трошите со различни активности?
Иако бројот на калории кои ги согорувате со вежбањето зависи од вашата тежина, метаболизмот и други фактори, постојат просечни пресметки врз основа на кои можете да се ориентирате при планирањето на вашите активности.rnrn
rnrnТабелата е базирана на просечно трошење калории за 1 час (60 минути) кај личност која тежи 60 кг.rnrn rn
rn rn Активност
rn
rn
rn Калории
rn
rn
rn Активност
rn
rn
rn Калории
rn
rn
rn
rn Аеробик – лесен rn
300 rn
Одбојка на песок rn
480 rn
rn
rn Аеробик – напреден rn
420 rn
Одбојка – професионална rn
280 rn
rn
rn Бадминтон rn
420 rn
Перење на автомобилот rn
270 rn
rn
rn Бокс rn
540 rn
Планинарење rn
360 rn
rn
rn Ватерполо rn
600 rn
Пливање – професионално rn
600 rn
rn
rn Велосипедизам 20-25 км/ч rn
480 rn
Пливање – рекреативно rn
360 rn
rn
rn Велосипедизам 25-30 км/ч rn
600 rn
Преуредување на домот rn
210 rn
rn
rn Велосипедизам 30-35 км/ч rn
720 rn
Ракомет rn
720 rn
rn
rn Велосипедизам 35 км/ч rn
960 rn
Рафтинг rn
300 rn
rn
rn Веслање во долги етапи rn
510 rn
Рибарење rn
240 rn
rn
rn Веслање во мали етапи rn
210 rn
Ритмичка гимнастика rn
360 rn
rn
rn Воден аеробик rn
240 rn
Ролерки rn
420 rn
rn
rn Голф rn
330 rn
Секс rn
120 rn
rn
rn Градинарење rn
300 rn
Скијање rn
570 rn
rn
rn Дигање тегови rn
160 rn
Скијање на вода rn
360 rn
rn
rn Ѕидање rn
420 rn
Собен велосипед – интензивно rn
630 rn
rn
rn Играње фризби rn
180 rn
Средување на домот rn
280 rn
rn
rn Играње со дете rn
240 rn
Степ аеробик – лесен rn
420 rn
rn
rn Јавање rn
240 rn
Степ аеробик – напреден rn
600 rn
rn
rn Јога rn
240 rn
Степање на степер rn
360 rn
rn
rn Канцелариска работа rn
100 rn
Стоење rn
150 rn
rn
rn Копање rn
510 rn
Тенис rn
150 rn
rn
rn Косење со косилка rn
270 rn
Трамполина rn
210 rn
rn
rn Косење – рачно rn
360 rn
Трчање 8 км/ч rn
480 rn
rn
rn Кошарка rn
480 rn
Трчање 11 км/ч rn
660 rn
rn
rn Куглање rn
180 rn
Трчање 19 км/ч rn
940 rn
rn
rn Лизгање на мраз rn
420 rn
Фудбал rn
540 rn
rn
rn Носење тежок товар rn
480 rn
Циркуларен тренинг rn
480 rn
rn
rn Одбојка – рекреативна rn
180 rn
Шетање rn
280 rn
rn
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

7 прашања кои ќе ви дадат појасна слика за вашата финансиска ситуација
За да дојдете до вистинските сознанија треба да ги поставите вистинските прашања. Следните седум се вистинските за да дознаете повеќе за вашата моментална финансиска ситуација.rnrn
rn1. Каква е улогата на парите во мојот живот?
rnПарите се средство со кое се добива нешто кое ни е потребно. Само толку. Многу луѓе се емотивно врзани за нив затоа што некои денешни авторитети ги наметнуваат парите и нивната акумулација како средство за успех. Запрашајте се каква е улогата на парите во вашиот живот. Дали се грижите или сонувате за нив? Дали ви предизвикуваат фрустрации? За што ви служат тие?rn
2. Што ме научија родителите во врска со парите?
rnЗа да изградите сопствен пристап во односот со парите, мора прво да сфатите на каква основа ќе го градите тоа. Како вашите родители ги третираа парите? Што зборуваа за нив? Дали беа благодарни на тоа што го имаа или постојано беа во потрага по повеќе пари?rnrn
rn3. Колку парите влијаат на мојата среќа?
rnСреќата не се купува со пари, но со нив може да се купат бројни предмети или искуства кои предизвикуваат радост и среќа. Факт е дека е тешко без нив. Размислете за тоа колку парите можат да го контролираат вашето ниво на расположение. Можете ли најдете нешта кои ќе ги правите кога не сте при пари и кои ќе ве направат да се чувствувате убаво? Кои сте и што сте вие кога немате пари?rn
4. Како реагирам на стрес предизвикан од парите?
rnОдвреме-навреме се случуваат работи кои ќе ве направат несигурни околу вашата финансиска иднина. Како реагирате во тие моменти? Дали го губите разумот? Можат ли овие проблеми да фрлат сенка на она што веќе го имате, а не е поврзано со нив? Или пак застанувате за да размислите и почнувате со планови како да се извадите од ситуацијата?rn
5. Знам ли што сакам од животот?
rnПод претпоставка дека ви се задоволени основните егзистенцијални потреби, што повеќе барате од животот? За што заработувате или би заработувале пари? Колку ви се неопходни тие работи и може ли да се стигне до нив со помалку или без пари? Нема потреба да се имаат многу пари само колку да се имаат. Можеби веќе имате доволно за тоа што ви треба.rnrn
rn6. Дали парите ги трошам на она што ми треба?
rnАко веќе знаете што е она кон што целите во животот, ќе знаете и да процените дали вашите пари одат на вистинското место. Ако сакате да започнете некаков бизнис или да одите на патување, тогаш не е паметно да трошите на прескапи излегувања или да трупате нова облека во гардероберот. Запрашајте се за тоа дали трошите согласно вашите цели во животот.rn
7. Знаете ли да ги планирате трошоците?
rnОткако ќе сфатите која е целта до која сакате да стигнете, потребно е да направите план за тоа. Бидете искрени со себе и признајте си доколку не знаете да направите план на трошење или доколку не сте дисциплинирани во тоа. Тоа не е тешко да се научи, а е една од клучните алатки кон подобра финансиска иднина.
-

4 причини поради кои немате пари
Знаеме дека немате пари затоа што сте млади и невработени или млади и несоодветно платени. Парите никогаш не стигнуваат за сè, првенствено заради такви причини, но и поради оние кои следуваат а често се занемаруваат како неважни.rnrn
rnТрошите затоа што и другите трошат
rnСте излегле во дискотека и другарите сакаат да нарачате цело шише вотка, а тоа ќе го пресуши вашиот буџет. Или, пак, купувате смартфон затоа што сите имаат смартфон и „не личи“ и вие да немате. Така, и она малку што ви останува оди во неврат за непотребни работи.rn
Користите автомобил
rnАвтомобилот е погодно средство за поминување на подолги дистанци, но не е неопходен за во град. Во поголемите градови има јавен превоз, а помалите може лесно да се поминат пешки. Добра опција е и велосипедот. Со него побрзо се совладуваат гужвите во сообраќајот и не троши пари како автомобилот. Деловите кои се заменуваат се неспоредливо поевтини, а не троши ниту гориво.rn
Се коцкате
rnНикој не се збогатил во обложувалница или казино. Парите кои ги „вложувате“ таму би можеле да ги искористите за многу други задоволства за кои тврдите дека ви се скратени поради скромниот буџет.rn
„Ќе платам од кредитот“
rnКредит се зема за инвестирање во нешто, а не за трошење во непродуктивни цели. Трошење пари од кредит е трошење пари што ги немате. Кај нас не е невообичаено редовни трошоци да се плаќаат од кредит затоа што, како што утврдивме, парите никогаш не стигнуваат, но размислете барем за тоа дали навистина тој трошок е неопходен или може да се живее и без него. Подеднакво голема грешка е и доколку не знаете со каква камата ги враќате кредитите. Зависно од условите, тие можат да се менуваат и ќе загубите контрола над тоа колку всушност пари имате на располагање.
-

Пресметајте го вашиот биоритамски број и дознајте како да дојдете до пари
Автор: Златко ЃорѓијоскиrnrnБиоритамскиот број е бројот кој го добиваме со собирање на броевите од датумот на раѓање, без годината. Може да ви покаже какви прилики ќе имате за напредок и прогрес во животот односно на финансиски план. Исто така, може да ви покаже кои се вашите таленти и сегменти од животот каде ќе имате најмногу успех.rnrn
rnПример на пресметување:
rnАко сте родени на 19 јули, тогаш вашиот број е 1+9+7=17, потоа се собираат броевите додека не се добие едноцифрен број, 1+7=8. Во овој случај вашиот биоритамски број е 8.rnrn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rnrn -

Трикови со кои продавачите се служат за да нѐ натераат да купуваме повеќе
Експертите за маркетинг, користејќи напредни техники за следење на активацијата на одредени делови во мозочната кора, како и брзината на дишење, отчукувањата на срцето, движењето на телото и потењето, утврдиле дека скоро сите потрошувачи слично реагираат кога се изненадени, воодушевени или разочарани.rnrnОбјаснувањето за тоа се наоѓа во нашиот анимален инстинкт, потсвеста и емоциите, кои честопати го надвладуваат разумот, па во склад со тоа понекогаш одлучуваме и непромислено.rnrn
rnrnВаквите истражувања од една страна им помагаат на компаниите да продадат повеќе производи, но исто така им помагаат и на купувачите подобро да го разберат своето однесување и моментот кога мозокот им соопштува „купи го ова, а не нешто друго“.rnГолемина
rnПроизводителите на облека често означуваат со помали броеви за да мислиме дека можеме да влеземе во помала големина и заради тоа сме среќни што купуваме.rnrn
rnКолички
rnОд големината на количките за пазарење зависи колку ќе купиме, па така ако се поголеми, подложни сме да купиме за 37% повеќе.rn
Мириси
rnАромите се подеднакво важни. Благодарение на нив, на купувачите им се отвора апетитот, поттикнувајќи поголема потрошувачка на прехранбени продукти.rnrnМирисите кои нѐ потсетуваат на детството и придонесуваат за создавање чувство на сигурност, ги зголемуваат шансите за купување или за трошење пари.rnrn
rnМузика
rnДури 76% од американите купувачи на прехранбени продукти одлучуваат што ќе купат во продавница, без разлика на претходно подготвената листа, а експертите објаснуваат дека тоа е така бидејќи вниманието им го одвлекуваат и другите производи на рафтовите. И музиката влијае на купувачите. Што погласна, тоа повеќе купувачот ја губи самоконтролата, со што се зголемуваат шансите за импулсивно купување.rn
Осветлување
rnДали некогаш сте се запрашале зошто овошјето и зеленчукот се секогаш во близина на влезните врати на големите маркети? Тоа е бидејќи тие изгледаат поздраво и посвежо на природно светло. На одделот за долна облека пак, осветлувањето е послабо отколку во останатиот дел од продавницата за да се добие чувство на интимна атмосфера.rnrn
rnВреме
rnТрговците исто така често се обидуваат да ве задржат што подолго во продавницата, а овој метод особено го практикуваат продавачите на мебел. Штом влезете во нивниот лавиринт од прекрасно дизајниран изложбен мебел, лесно ќе бидете убедени, покрај со ламба, од продавницата да излезете и со нови завеси.rn
Мирис на кокос
rnЗаради мирисот на кокос може да се почувствувате како да сте на плажа, па дури и ако не ви треба, ќе посегнете по нов костим за капење.rnrn
rnСамо пробајте…
rnПрезентациите на кои имате можност да го пробате производот ви даваат прилика да го „запознаете“, а така многу полесно ќе се одлучувате и за купување.rnrnДобра вест е што сепак можеме да го излажеме мозокот и да купуваме помалку. Тоа ќе го постигнеме доколку ја промениме свеста за тоа што би претставувало вистинска добивка за нас.rnrnИстражувањата покажуваат и дека постои поврзаност помеѓу коефициентот на интелигенција и способноста за одложување на некое пријатно искуство, па така попаметните луѓе можат подобро да го контролираат купувачкиот нагон.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Мали лаги кои секојдневно си ги кажуваме
„Денес ќе го изедам целото чоколадо, па утре ќе бидам само на салата и овошје“. Ќе ги измијам садовите подоцна“. „Имам време да поспијам уште 10 минути, нема да задоцнам“. Кои лаги вие си ги повторувате секој ден? 🙂
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.