КАФЕ ПАУЗА

Tag: топло

  • 10 неверојатни здравствени придобивки од само една шолја топло млеко на ден

    10 неверојатни здравствени придобивки од само една шолја топло млеко на ден

    Сите знаат дека млекото е најдобриот извор на калциум, но дали сте знаеле дека тоа исто така може и да им помогне на оние кои страдаат од несоница или пак, да ги намали симптомите на ПМС? Погледнете ги следниве 10 неверојатни придобивки од само една топла шолја млеко на ден…rnrn10 неверојатни здравствени придобивки од само една шолја топло млеко на денrn

    1. Природен извор на протеини

    rnТоплото млеко е еден од најдобрите природни извори на протеини и витамини. Токму затоа тоа се смета за интегрален дел од здравата диета. Една шолја топло млеко за време на појадокот овозможува одличен старт на денот. Тоа помага при градење на мускулите, особено ако вежбате. Калциумот кој го содржи млекото влијае одлично на коските, па токму затоа се препорачува на сите оние кои се активни.rn

    2. Најдобар извор на калциум

    rnДоколку сакате силни заби, тогаш треба секојдневно да пиете млеко. Топлото млеко не им штети на забите како што делува студеното (кај оние кои имаат чувствителни заби). Големото количество на фосфор, калциум и јод кои се наоѓаат во млекото ги зацврстуваат забите и целата вилица, како и сите останати коски во телото.rn

    3. Одличен начин за справување со стрес

    rnДоколку сте имале тежок ден на работа, напијте се топло млеко кое веднаш ќе ве опушти. Тоа е познато по својата моќ при смирување на нервите како и при релаксирање на напнатите мускули.rn

    4. Зголемување на енергијата

    rnТоплото млеко може за кратко време да ја зголеми енергијата во вашето тело, особено во оние моменти кога се чувствувате уморно и слабо. Тоа не само што ќе ве размрда, туку исто така и ќе ве подмлади. Неколку истражувања покажале и дека една шолја топло млеко наутро може да му овозможи доволно енергија на едно дете да го издржи целиот ден на училиште.rn

    5. Намалување на симптомите на ПМС

    rnПовеќето жени знаат колку тешко може да се живее со ПМС, но истражувањата покажале дека една шолја топло млеко може да ви ги олесни овие денови од месецот. Доколку страдате од грчеви, промени на расположението и други симптоми поврзани со ПМС пијте повеќе млеко и тие веднаш ќе исчезнат. Од друга страна пак, симптомите на менопаузата можат исто така да бидат премногу тешки за жените, но топлото млеко може да им помогне и на нив.rn

    6. Додаток на исхраната

    rnМлекото може да им биде од голема помош и на пациентите кои страдаат од хронични заболувања како ракот. Многумина кои имаат потешкотии при внесување храна во својот организам наоѓаат спас во една шолја топло млеко.rn

    7. Добар сон

    rnСите ние ја знаеме важноста на добриот сон и неговата улога во подобрување на телото. Имајќи го тоа на ум, многумина страдаат од чести несоници. Токму затоа докторите ширум светот порачуваат сите оние кои имаа потешкотии со спиењето да се напијат една шолја топло млеко пред спиење со цел полесно да заспијат и поквалитетно да спијат.rn

    8. Намалување на воспалението на грлото

    rnДоколку имате болки во грлото, топлото млеко може да биде најдобрата природна медицина за брзо справување со проблемот. Доволно е само една голтка со цел да почувствувате скоро инстантно подобрување. За да го забрзате процесот на оздравување, направете си и лесен чај кој ќе го пиете покрај или со млекото.rn

    9. Подобрување на хидратацијата

    rnТоплото млеко може да го наполни вашето тело со енергија како и да го одржува хидрирано во текот на целиот ден. Особено добро е да пиете млеко по интензивно вежбање со цел да ги обновите електролитите во вашето тело.rn

    10. Олеснување на тврдата столица

    rnЕдна шолја топло млеко пред спиење може да биде одличен начин на справување со тврдата столица. Тоа исто така ви помага и да спиете поцврсто за вашиот дигестивниот систем да може подобро да си ја заврши својата работа.

  • Кремасто топло какао со урми

    Кремасто топло какао со урми

    Густ и богат вкус

    rnКремасто топло какао со урмиrn

    Потребни состојки за една шолја:

    rn

      rn011

    • една лажица какао
    • rn011

    • една лажица путер од кикирики
    • rn011

    • 5 урми
    • rn011

    • млеко колку да ги покрие сувите состојки
    • rn011

    • вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги какаото, путерот од кикирики и урмите во блендер и прелијте ги со млеко колку да ги покриете. Блендирајте додека сите состојки добро се соединат, измешајте ги со шолја врела вода и вашиот пијалак е готов.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топло какао со ѓумбир и портокал

    Топло какао со ѓумбир и портокал

    Какао со силно зачинет вкус

    rnТопло какао со ѓумбир и портокалrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажички какао
    • rn011

    • 4 лажички кафеав шеќер
    • rn011

    • рендана кора од ½ портокал
    • rn011

    • 1 лажичка ситно исечкан корен од ѓумбир
    • rn011

    • 100 мл млеко
    • rn011

    • 100 мл вода
    • rn011

    • малку екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЃумбирот, кората од портокал, шеќерот и екстрактот од ванила ставете ги во блендер и мешајте околу една минута. Потоа додајте го какаото и мешајте додека сите состојки убаво не се соединат.rnrnВо меѓувреме млекото и водата ставете ги во сад на тивок оган. Кога течноста ќе зоврие, почнете да додавате од неа во смесата од блендерот, константно мешајќи, и не повеќе од една лажичка наеднаш. Кога ќе добиете паста, истурете ја оваа смеса во течноста која врие на огин. Кога сето тоа добро ќе се соедини, вашиот пијалак е спремен за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шолја за кафе и чај која ќе ве стопли во студените зимски денови

    Шолја за кафе и чај која ќе ве стопли во студените зимски денови

    Оваа шолја е баш тоа што ни треба во овој период од годината. Дизајнирана е така што овозможува да си ги пикнете рацете во неа и да се стоплите кога ви се смрзнати рацете.rnrnШолја за кафе и чај која ќе ве стопли во студените зимски деновиrnrnДизајнот овозможува топлината од течноста да се задржува во внатрешноста на извиената рачка и на тој начин ви го одржува и напитокот и вашите раце постојано топли.rnrnToastyMUG, како што се вика оваа иновативна керамичка шолја, се произведува во Италија и чини 44 долари, а за достава во Европа се доплаќаат само 5 долари.rnrnШолја за кафе и чај која ќе ве стопли во студените зимски денови Шолја за кафе и чај која ќе ве стопли во студените зимски денови Шолја за кафе и чај која ќе ве стопли во студените зимски денови Шолја за кафе и чај која ќе ве стопли во студените зимски денови
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тренди елеци кои се одлични за оваа топла есен

    Тренди елеци кои се одлични за оваа топла есен

    Помеѓу останатите парчиња облека кои се носат оваа есен се и модерните елеци, кои се особено практични во потоплите денови. Ноќно време температурите знаат да паднат, па токму ова парче облека може одлично да ви се најде доколку сте излезени цел ден.rnrnТренди елеци кои се одлични за оваа топла есенrnrnОдлично се комбинираат со секаква облека, па без разлика за каков модел ќе се одлучите со сигурност лесно ќе го вклопите во вашите дневни комбинации.rnrnТренди елеци кои се одлични за оваа топла есен Тренди елеци кои се одлични за оваа топла есен Тренди елеци кои се одлични за оваа топла есен Тренди елеци кои се одлични за оваа топла есен Тренди елеци кои се одлични за оваа топла есен Тренди елеци кои се одлични за оваа топла есенrnrn

  • Како да имате секс кога е многу жешко?

    Како да имате секс кога е многу жешко?

    Кога е многу жешко и константно се лепиме од пот, обично не сакаме ни да се помрднеме, а не пак да се нафатиме на возбудлива физичка активност припиени до друго, подеднакво лепливо тело. Со клима овие проблеми се надминуваат, но ако се најдете во средина во која нема ладење, еве неколку идеи кои ќе ви ја вратат желбата за разгорување на страста.rnrn(1) Како да имате секс кога е многу жешко?rn

    Користете мраз. Да, сериозно

    rnНајдобро би било да го испразните фрижидерот и да се пикнете двајцата во него за да имате секс. Но, бидејќи ова не е можно, следната најдобра работа е да земете мраз и да си играте со него за време на предиграта.rnrnЛизгајте коцка мраз по стомакот, бутините, грбот и брадавиците на вашиот партнер или партнерка. Тоа делува ефикасно за изладување на целото тело. Плус, капките од растопениот мраз по вашето тело дополнително ќе го возбудат партнерот кој ќе се инспирира да ги лиже. Зар има нешто позабавно од лижење на нешто што се топи? Ова е малку леплива забава меѓу чаршафите, но е многу покул од температурата надвор.rnrnКако да имате секс кога е многу жешко?rnrnБонус: Доколку со вашиот партнер или партнерка употребувате секс-играчки, добро е да знаете дека пред употреба можете да го изладите вибраторот во замрзнувач.rn

    Секс под туш

    rnЛепливите лета се најдобар изговор за секс под туш. Оваа опција е одлична бидејќи истовремено ве лади на жешкото време и ве одржува чисти по сексуалниот чин. Две муви со еден удар.rnrnКако да имате секс кога е многу жешко?rn

    Мудро изберете поза

    rnИзбегнувајте пози во кои торзата се допираат. Сигурно сами ќе се сетите како да изведете некоја, но чисто за инспирација можете да ја пробате оваа.rnrnКако да имате секс кога е многу жешко?rn

    Не плашете се да се потите

    rnРеки пот од телото на вашиот партнер или партнерка се слеваат на вашето лице и тело… Не звучи баш возбудливо. Но, нема причина да го избегнувате ваквиот ефект. Потта испушта природни феромони кои делуваат како природен парфем кој го возбудува вашиот партнер. Тие имаат силен афродизијачки ефект, така што дишете и апсорбирајте од природниот афродизијак на вашиот партнер.rn

    Секс во базен

    rnОва е добра опција само доколку не користите кондоми, што пак е ОК само доколку сте во долга моногамна врска.rnrnТоплата вода и хемикалиите влијаат на издржливоста на кондомот, а дополнително во вода полесно е да се излизга. Затоа не сметајте на овој тип заштита.rnrnПа, ако ги исполнувате погорните критериуми, ви останува само да најдете базен каде што ќе можете да го искусите ова влажно, но сензационално искуство. Во водата ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате полесно заради што ќе бидете многу пофлексибилни. За инспирација во базен, погледнете ја сликата подолу.rnrn Како да имате секс кога е многу жешко? rn

    Секс на отворено

    rnОва не е баш легална опција, но правилата се за да се прекршуваат. Па, сè додека сте дискретни и нема луѓе околу вас, пробајте го и ова искуство. Совет: полесно е доколку носите лесна облека, како пантолони без ремен за машките и фустани за женските. Бидете практични и завршете работа набрзина, а потоа, задолжително расчистете си зад себе.rnrnАко пак сте на одмор, ви ја препорачуваме „полуотворената“ варијанта – секс во шатор.rnrnКако да имате секс кога е многу жешко?

  • Пингвини на туширање

    Пингвини на туширање

    Фокландските Острови не се многу далеку од Антарктикот и се пријатно место за живеење на пингвините. Не се цела година под снег, па кога ним ќе им стане премногу топло тие мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат за да се разладат. Кога Браќата Вил и Мет Барард – Лукас, фотографи од Лондон, ги посетиле островите останале изненадени од нивниот нов метод – туширање со студена вода од растопениот снег.rnrnПингвини на туширањеrnrnТие отпатувале до островите за да фотографираат албатроси, но оваа интересна глетка го освоила целото нивно внимание.rn
    rn

    „Пингвините беа неверојатно слатки. Беше прекрасно да се набљудуваат, изгледаше како навистина да уживаат. Често се препираа за најдобрата позиција за туширање. Можевме цело време да ги гледаме пингвините како се забавуваат под водата,“ вели Вил.

    rnПингвини на туширање Пингвини на туширање Пингвини на туширањеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото

    Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото

    Летото е веќе на прагот, а тоа значи дека е редно време да искулирате малце. Доколку успеете да се релаксирате барем половина во однос на овие животни, значи дека сте на добар пат. Најдобриот начин да го поминете летото е со добра наочара за сонце, базенче и свеж коктел со малку алкохол. Облекувајте се летно во сончевите денови, ставете ги очилата за сонце, чкрапнете неколку фотографии и ајде да го прославиме сите заедно доаѓањето на летото. :)rnrnЖивотни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото (17) zhivotni koi se totalno podgotveni za doagjanjeto na letoto-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимска капа со вградена плетена брада

    Зимска капа со вградена плетена брада

    Beardo“ е единствениот модел на зимска капа со вградена волнена брада. Станува збор за плетен додаток кој е одлична заштита во ладните зимски денови, а особено е корисен за сите оние кои се занимаваат со зимски спортови, кои сакаат да планинарат, да се маваат со снежни топки и слично.Зимска капа со вградена плетена брадаОдличниот додаток е многу стилски и може да се прилагоди во зависност од формата на главата на корисникот. Интересен факт е тоа што, дизајнерите истражиле дека на оние мажи кои имаат брада, им е многу потопло во зимските денови, па токму затоа и го создале ова кул капче. Цената на едно капче е околу 40 долари, а го има во повеќе дизајни и бои.Зимска капа со вградена плетена брадаЗимска капа со вградена плетена брадаЗимска капа со вградена плетена брадаЗимска капа со вградена плетена брадаЗимска капа со вградена плетена брадаЗимска капа со вградена плетена брада
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го заштитите вашето маче или куче од топлото време?

    Како да го заштитите вашето маче или куче од топлото време?

    Во летните горештини, ги затвораме ролетните, пуштаме клима, се разладуваме со освежителни пијалаци, но забораваме дека можеби и на милениците им е топло. За да ги заштитиме милениците од големите горештини, важно е најпрво да ги препознаваме симптомите за непријатност кои тие ги покажуваат, па потоа да им ја пружиме негата која им е потребна.rnrnКако да го заштитите вашето маче или куче од топлото време?rnrnВо својата книга „Extreme Weather“ (Екстремно време), Бони Шнајдер пренесува совети кои ѝ ги дале ветеринарите Шарлот Круглер и Адам Еичелбергер од Јужна Каролина. Кај кучињата и мачките, најчест симптом е гласното дишење со отворена уста и исплазен јазик, дури и кога лежат. Уште еден знак дека им е топло е потењето на перничињата на шепите. Додатни знаци можат да бидат недостаток на апетит и збунетост.rnrnЗа време на горештините, тие не смеат да бидат изложени на напорни физички активности, бидејќи тоа може да допринесе до прегревање на нивниот организам. Во случај да ги приметите овие симптоми, најубаво ќе биде да го однесете вашиот миленик на ветеринар, каде што ќе му пружат соодветна нега.rnrnДоколку ги чувате вашите миленици надвор, треба да внимавате во текот на денот да имаат сенка, како и секогаш да им менувате свежа вода и да имаат проток на свеж воздух. На овој начин ќе го заштитите вашето милениче од топлотен удар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.