КАФЕ ПАУЗА

Tag: тинејџери

  • Штотуку наполнивте 19 години? Прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот живот

    Штотуку наполнивте 19 години? Прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот живот

    Тешко е да се живее во светот на возрасните, а уште потешко е кога ќе ве фрлат таму иако сѐ уште не сте подготвени. Тоа обично се случува кога ќе наполните 19 години. Веќе не сте тинејџери кои се безбедно засолнети во родителската закрила. Сега мора да го напуштите гнездото и да научите да летате. Па така, 19-годишната возраст од животот е исполнета со многу падови. Но, не губете надеж бидејќи нештата ќе станат подобри. Доколку само што сте наполниле 19 години, прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот живот…rnrnШтотуку наполнивте 19 години? Прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот животrn

    Официјално влеговте во светот на возрасните

    rnКога сте наполниле 18 години, луѓето ви велеле дека официјално сте станале возрасни, но вистината е дека сѐ уште го возите велосипедот со помошни тркала. На таа возраст ви е дозволено да бидете деца и да правите грешки. Но, тоа не важи и кога ќе наполните 19 години. Тогаш официјално ја поминувате границата која води кон светот на возрасните и нема враќање назад.rn

    Мора да откриете кои се вашите животни планови

    rnЖивеевте безгрижен живот полн со надежи и соништа и одеднаш сите ви велат дека мора да имате прецизен план за до крајот на вашиот живот. А вие сѐ уште немате поим што сакате да бидете кога ќе пораснете!rn

    Сѐ уште не можете да влезете во некои дискотеки и клубови

    rnСте влегле во светот на возрасните, но сѐ уште не ве пуштаат во некои дискотеки каде што влезот е забранет за лица под 21 година. Тоа може многу да ве збуни и да ве натера да се запрашате дали сте возрасни или деца? Кога веќе сите ви велат дека сте возрасни, малку е неправедно тоа што не можете да уживате во истите задоволства како и останатите возрасни.rn

    Вие сте и тинејџери и возрасни

    rnТехнички сѐ уште сте тинејџери, но од вас се очекува да се однесувате како возрасни. Тешко ви е да дефинирате кои сте. Како што кажа Бритни Спирс на времето: „Не сум девојче, но не сум ни жена сѐ уште“.rnrnШтотуку наполнивте 19 години? Прочитајте зошто ова ќе биде најтешката година во вашиот животrn

    Време е да најдете работа

    rnМожеби не сте имале потреба да работите во средно училиште, но сега веќе немате никакви изговори. Мора да почнете да заработувате пари. На тој начин ќе им помогнете на вашите родители и ќе можете да си ги дозволите сите вечерни излегувања, одмори и патувања на кои сакате да одите.rn

    Луѓето не ве почитуваат како да сте возрасни

    rnВи делува како луѓето околу вас да не можат да се одлучат, особено вашите родители. Можете да се однесувате како возрасни, но луѓето треба и да ве почитуваат како да сте возрасни. Од друга страна, пак, ако направите грешка, сакате да се однесуваат со вас како со деца.rn

    За прв пат живеете независно од вашите родители

    rnДоколку сте решиле да студирате надвор од родното место, ќе мора да живеете сами или со цимери. Тоа значи дека ќе треба сами да си ја перете облеката, да готвите и да плаќате сметки. Никој не може целосно да ве подготви за овие работи и затоа ќе мора постојано да се снаоѓате.rn

    Не знаете со кого да се дружите

    rnНа оваа возраст сигурно ќе имате пријатели на различна возраст. Некои од нив ќе имаат повеќе од 20 години други, пак, помалку од 18. Сите ќе поминувате низ различни проблеми и тешко ќе ви биде да пронајдете заеднички јазик.rnrnМожеби моментално минувате низ најтешката година во вашиот живот, но не грижете се, бидејќи тоа нема да трае засекогаш. Можеби сега ви се чини како овој период да нема крај, меѓутоа ќе успеете да излезете од оваа дупка во која не сте ни деца ни возрасни. Не заборавајте дека не сте сами. Сите минуваат, поминале или ќе поминат низ истиот конфузен хаос.rnrnВо продолжение, прочитајте ги овие 11 знаци дека сте влегле во светот на возрасните.

  • Кај паметните деца постои поголема веројатност дека ќе експериментираат со дрога и алкохол

    Кај паметните деца постои поголема веројатност дека ќе експериментираат со дрога и алкохол

    Според најновите истражувања, кај децата кои постигнуваат одлични резултати на државните испити постои поголема веројатност дека ќе експериментираат со марихуана и алкохол, но не и со цигари. Целта на истражувањето била да се побие верувањето дека тинејџерите со слаб успех на училиште почесто консумираат дрога и алкохол за разлика од нивните одлични соученици.rnrnКај паметните деца постои поголема веројатност дека ќе експериментираат со дрога и алкохолrnrnИстражувачите предупредуваат дека иако тинејџерите со одличен успех ќе се запишат на факултет и ќе најдат добро платена работа, претераната употреба на опојни супстанции може да го намали нивниот потенцијал. На пример, постојат докази дека марихуаната има штетно влијание на мозокот во развој, а алкохолот е најголемиот виновник за фаталните сообраќајни несреќи, алкохолното труење и самоубиствата.rn

    „Многу е важно да се намали употребата на психоактивни супстанции кај тинејџерите, без оглед на нивниот академски успех, бидејќи ризиците по здравјето и штетните последици се огромни“, изјавиле истражувачите.

    rn

    Каква е врската меѓу употребата на психоактивни супстанции и академскиот успех?

    rnВилијамс и Хегер-Џонсон од медицинскиот факултет во Лондон, собрале податоци од 6.000 испитаници и ги поделиле во три групи врз основа на резултатите од еден државен испит што го полагаат сите ученици во Англија на возраст од 11 години.rnrnТие ги следеле овие ученици низ годините преку прашалници за употреба на цигари, алкохол и канабис. Посебно се фокусирале на раната адолесценција, односно возраста меѓу 13 и 17 години и доцната адолесценција, од 18 до 20 години.rnrnТие откриле дека кај учениците со поголем успех постоеле 62% помали шанси дека ќе почнат со пушење цигари во раната адолесценција, за разлика од оние со послаб успех. Но, затоа, пак, кај нив постоела 25% поголема веројатност дека ќе почнат да пијат повремено во раната адолесценција, во споредба со учениците кои постигнале послаби резултати на испитите. Веројатноста дека ќе почнат да пијат редовно се зголемувала со текот на годините.rnrnОсвен тоа, кај одличните ученици постеле 50% поголеми шанси дека ќе почнат повремено да консумираат марихуана и 91% поголеми шанси дека ќе почнат редовно да пушат марихуана, на возраст од 18 години па нагоре. Во споредба со послабите ученици, кај децата со просечен успех постоела 37% поголема веројатност за повремена употреба и 81% за постојана употреба на марихуана.rnrnКај паметните деца постои поголема веројатност дека ќе експериментираат со дрога и алкохолrnrnИстото важело и за алкохолот. Кај одличните ученици во доцна адолесценција постеле два пати поголеми шанси дека ќе почнат редовно да пијат алкохол за разлика од послабите ученици.rn

    Зошто поинтелигентните тинејџери експериментираат со дрога и алкохол?

    rnДали попаметните тинејџери знаат нешто повеќе за употребата на дроги? Зошто поинтелигентните тинејџери ги привлекува канабисот, но не и цигарите? Ова истражување не се фокусирало на причините за оваа појава и не може со сигурност да открие зошто попаметните тинејџери почесто консумираат канабис и алкохол од останатите.rnrnНекои од објаснувањата се дека попаметните деца се поотворени за нови искуства, се обидуваат да бидат прифатени од страна на постарите ученици кои имаат пристап до овие супстанции или едноставно се поискрени кога одговараат на прашалници потребни за спроведување на истражување. И родителите можеби имаат удел во сето ова, бидејќи интелигентните и богати луѓе пијат повеќе алкохол, а одбегнуваат цигари.rnrnСепак мора да се земе предвид фактот дека истражувањето не го испитало пушењето цигари по возраста од 16 години, како и тоа дали децата консумирале канабис пред да наполнат 18 години. Освен тоа, истражувачите не собрале податоци за количината на алкохол и канабис што тинејџерите ја консумирале. Сите овие недостатоци укажуваат на тоа дека потребни се уште истражувања за да се докаже ова тврдењеrnrnЗа да дознаете повеќе за дејството на психоактивните супстанции, прочитајте што всушност му прави марихуаната на мозокот.

  • 10 песни кои покажуваат колку е „смешно“ денешното општество

    10 песни кои покажуваат колку е „смешно“ денешното општество

    Музика… Ја слушаме секојдневно. Ја слушаме за да се забавуваме, да нè смири кога сме нервозни или да нè развесели кога сме тажни. Но, што вели денешната популарна музика за нас како општество? Ова се 10 песни кои совршено сумираат какво е нашето општество денес.rnrn1-10-pesni-koi-pokazhuvaat-kolku-e-smeshno-deneshnoto-opshtestvo-www.kafepauza.mk_rn

    1. Обрнуваме повеќе внимание на женските тела отколку на нивните умови

    rnrn

    2. Сè е конкуренција

    rnrn

    3. Не ги учиме девојките да бидат силни

    rnrn

    4. Не ги учиме девојките да преземаат контрола над својата иднина

    rnrn

    5. Продолжуваме да ги третираме жените како плен

    rnrn

    6. Ги учиме момците да бидат насилни, а жените и покрај тоа да остануваат со нив

    rnrn

    7. Ги учиме момците дека „НЕ“ значи „Сè уште не“

    rnrn

    8. Ги учиме на моментално задоволство, но не на одговорност

    rnrn

    9. Ги учиме тинејџерите дека неодговорното пиење е кул (што воопшто не е)

    rnrn

    10. Ги учиме жените да ги омаловажуваат другите жени

    rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нешта кои секој родител му ги кажува на своето дете пред излегување

    10 нешта кои секој родител му ги кажува на своето дете пред излегување

    Се сеќавате на оние тинејџерски години кога почнавте редовно да излегувате? Тоа се оние моменти кога вашите родители мораа да научат како да ве пуштат да си го градите својот живот и да ве остават да бидете одговорни сами за себе. Токму затоа тие често пред да излезете ви кажуваа дел од следниве молби и совети…rnrn10 нешта кои секој родител ги кажува на своето дете пред излегувањеrnrn1. Немој да пушиш.rnrn2. Не ја испуштај пијачката од вид, некој може да ти стави дрога во неа.rnrn3. Зарем мора секоја вечер да одиш во град?rnrn4. Со кој ќе излегуваш сега?rnrn5. А да се подружиш малку со книгата?rnrn6. Кој друг ќе остане со тебе до толку касно?rnrn7. Што правите толку касно?rnrn8. Мора ли цело време да излегуваш со него/неа, немаш ли некој друг?rnrn9. Облеката пред некој ден ти мирисаше чудно, да не почна и да се дрогираш?rnrn10. Прави што сакаш и онака не ти е гајле јас што мислам, сам/а на себе си штетиш, не на мене…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџери

    25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџери

    Работите одеднаш преку ноќ почнуваат да ви се менуваат. Вашето тело се менува, вашите мисли се менуваат, па дури повеќе не можете да си го препознаете ни вашето однесување. Ова се случува на преминот од детството во тинејџерството. Но, не сите работи се онака како што вам ви изгледаат во овој момент. Откријте за што станува збор…rnrn25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџериrnrn1. Вие изгледате многу подобро отколку што во моментов се доживувате.rnrn2. Вие сте попопуларни отколку што мислите.rnrn3. Вашите родители се многу покул отколку што мислите. Но, тие се малку помалку кул отколку што тие мислат.rnrn4. Вашите родители грешат понекогаш. Вие грешите почесто.rnrn5. Која било „возрасна“ активност ја прават многу помалку луѓе отколку што вие мислите.rnrn6. Која било „возрасна“ активност навистина ја прават многу помалку луѓе отколку што кажуваат дека ја прават.rnrn7. Луѓето не размислуваат за вас. Тие размислуваат за она што вие го мислите за нив.rnrn8. Вие влегувате во период на мала лудост. Откако ќе излезете од адолесценцијата и ќе се навратите наназад ќе сфатите колку сте биле луди. Особено девојчињата.rnrn9. Тинејџерите момчиња се најлоши. Тие се груби, бесни и целосно луди, но најчесто стануваат многу добри во своите 20-ти.rnrn10. Вашиот здив е сосема во ред.rnrn11. Вашето тело мириса нормално.rnrn12. Не можете да се судрите со носовите. Не можете да се „закачите“ со протезите. Понекогаш можете да се судрите со забите. Усните може да испукаат, но за тоа е потребно многу долго време. Е сега знаете сè што постои за опасноста при бакнувањето.rnrn13. За малку ќе заборавевме. Многу лесно можете да добиете „шљивка“. Токму затоа ако ја добиете, сигурно ќе се обидете да ја скриете. Вашите родители и наставници подеднакво ќе се преправаат дека не ја забележале или пак, дека не знаат што е.rnrn14. Најчесто оние кои се кул и популарни како тинејџери не успеваат толку многу понатаму во животот.rnrn15. Најголемите бубалици се оние кои добиваат Нобелови награди.rnrn16. Ниту еден наставник не ве мрази. Тие едноставно не размислуваат на тој начин. Добрите наставници ќе ве сакаат малку или многу. Лошите едноставно не се грижат за вас, но дефинитивно нема да ве мразат.rnrn17. Вашите родители не ве мразат. Вашите родители ве сакаат многу повеќе отколку што во моментов можете да сфатите.rnrn18. Доколку нешто е нелегално, сигурно постои добра причина за тоа.rnrn19. Нештата кои мислите дека ќе ве вовлечат во голема неволја, не се толку сериозни како што вие гледате на нив во моментов.rnrn20. Работите кои вие ги сметате за опасни сигурно се многу поопасни отколку што верувате.rnrn21. Тетоважите траат екстремно долго време. Истражувањата покажале дека само 1% од тинејџерите кои ставиле тетоважа сè уште ја сакале и по 10 години.rnrn22. Пирсовите на нос и јазик може да траат онолку долго колку што вие сакате тие да траат, но премногу ќе ги вознемируваат вашите родители.rnrn23. Вие не сте заглавени. Тоа ќе заврши. Но, потребно е долго време.rnrn24. Кога ќе влезете во просторија каде што сите се смеат, вие не сте нивната тема на разговор.rnrn25. Доколку влезете во просторија каде што сите се смеат, а вие неодамна сте го испразниле својот нос и сите покажуваат кон зеленото нешто што виси во работ на вашиот вид, тогаш правилото број 24 не постои.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да ве радува ако имате немирни деца?

    Зошто треба да ве радува ако имате немирни деца?

    Родителите не сакаат да имаат немирни деца. Тие се гласни, нивната активност е тешка за контролирање и можат да ги доведат родителите во социјално непријатни ситуации. Ова последното веројатно е клучната причина за нивниот лош углед. Но, тие всушност имаат квалитети поради кои заслужуваат почит и треба да ве радуваат како родители.rnrnЗошто треба да ве радува ако имате немирни деца?rn

    Немирните деца се независни

    rnРодителите често посакуваат деца кои слушаат и убаво се однесуваат, додека немирните деца мислат за себе со своја глава и прават онака како што им се прави во моментот. Оваа особина се цени дури кога детето ќе порасне, но треба да ве радува ако тоа покаже такви знаци уште од рана возраст.rn

    Креативни се

    rnТие секогаш мислат поразлично од останатите. Нивната креативност не може да биде зауздана. Додека возрасните се трудат да мислат „надвор од кутијата“, немирните деца не ни знаат што е тоа. Тие никогаш не ни „биле во кутијата“ и не размислуваат така.rn

    Чувствителни се

    rnТие понекогаш влегуваат во активности кои ги карактеризираат како немирни поради тоа што негодуваат на неправдите. Кога возрасните прават нешто кое детето го смета за неправедно, тоа реагира поради чувствителноста на таквите работи, а неговиот бунт се смета за немирно однесување.rnrnЗошто треба да ве радува ако имате немирни деца?rn

    Имаат свои уверувања

    rnНемирните деца не се прават паметни, туку навистина се. Формираат свои уверувања согласно својата возраст и цврсто се држат до нив. Тиранското однесување на родителите може само да ги инспирира да се спротивстават.rn

    Силни се

    rnНемирните деца се силни. Нивното однесување е осудувано, но тие се отпорни на притисоците. Имаат поинакви ставови и се облекуваат различно од другите демонстрирајќи храброст и силна волја.rn

    Тежнеат кон тоа да бидат разбрани

    rnДури и ако одговорот на родителот е „не“, тие пак ќе се смират ако почувствуваат дека се разбрани нивните потреби. Не сакаат да им се наметнува авторитет, туку сакаат да бидат разбрани, макар последицата од тоа да биде негативен одговор на нивните желби.rnrnЗошто треба да ве радува ако имате немирни деца?rn

    Кажуваат што имаат на ум

    rnНе се срамат да го кажат она што го мислат без никакво каење во гласот. Кога се тинејџери тоа значи искажување на ставови по разни прашања кои за некого може да се контроверзни. Кога се деца, не им е гајле што ќе мислите кога ќе ви кажат дека не им се допаѓа вашиот подарок. Не се стискаат да зборуваат како децата кои важат за добро воспитани.rn

    Енергични се

    rnЕнергијата која ја гледате кај вашето немирно дете е онаа на спортистите, авантуристите и лидерите. Дајте им можност некако да ја канализираат таа енергија во продуктивни цели, но никако не осудувајте ги поради тоа.rn

    Амбициозни се

    rnНивното однесување може да биде резултат на фрустрација поради разликата меѓу нивните визии и она што го остваруваат во практика. Тоа е демонстрација на нивната амбициозност.rn

    Тие се научници

    rnНе учат така што го повторуваат она што ќе им го каже наставникот или некој друг авторитет. Тие учат преку експериментирање и увид во работите.

  • Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)

    Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)

    Како може љубовта да ја победи смртта?

    rnФилм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)Режија: Џош БунrnrnУлоги: Шејлин Вудли, Ансел Елгорт, Нет ВолфrnrnВреметраење: 126 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 јуни 2014rnrnЖанр: драма, романсаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОд илјада тинејџерски филмови обично само еден е добар.rnrnЕ па, ова е илјадитиот.rnrnХејзел и Гас се двајца тинејџери кои со симпатии гледаат еден на друг уште од првиот момент кога ќе се сретнат. Гас отворено покажува дека му се допаѓа Хејзел, додека таа пак, иако покажува исти такви знаци никако не попушта пред неговиот шарм. Доколку приказната останеше само на ова, тогаш „Светот не е фабрика за исполнување желби“ ќе беше само уште еден лигав тинејџерски филм, но фактот дека приказната им се случува на двајца млади кои се болни од рак и постои сериозна можност да умрат, на филмот му дава сосема поинаков контекст.rnrn(2) Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)rnrnПриказната е прилично едноставна, а тоа што остава впечаток овде се двата главни лика. Хејзел и Гас се супер кул, интелигентни и забавни личности кои можат да водат интересни разговори и да прават уште поинтересни и необични нешта. Уште поимпресивен е начинот на кој што се носат со последиците од својата болест: Гас се шегува на сметка на загубената нога, а Хејзел нема проблем да зборува за цевчето во носот кое ѝ помага да диши. Двајцата актери, Шејлин Вудли и Ансел Елгорт одлично ги пренесуваат нивните карактери од книга на филм и лесно го шармираат гледачот, а во моментите кога тоа е потребно, му сервираат и голема доза емоции кои тој многу веројатно ќе ги голтне и ќе остане маѓепсан од нив.rnrnФилм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)rnrn„Светот не е фабрика за исполнување желби“ е филм за борбата меѓу љубовта и смртта. Хејзел и Гас се свесни дека можеби нема да го преживеат ракот, но љубовта ќе ги натера да го живеат животот како ништо да не се случува. Затоа што, кога човек се плаши од смртта тој го живее секој ден како да му е последен. Во случајот на овие двајца јунаци љубовта станува помоќната движечка сила во животот и затоа секој ден го живеат како да им е прв. Па што биде утре – биде.rnrnФилм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)rnrnБез оглед на тоа дали веќе сте ја прочитале книгата според која е сниман или не, веќе насетувате дека филмот ќе ве внесе во бројни тажни моменти, а ако сте од оние кои плачат на филмови, спремете си и марамчиња. Кога филм со ваков квалитет би обработувал тема за хероите од Втората светска војна или за црнците-робови, ова веројатно би бил кандидат за Оскарите и многу повеќе би се зборувало за него. Вака, вам ви останува да го препорачувате откако ќе го изгледате.rnrnФилм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

    Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

    Средното училиште никогаш не било потешко…

    rnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy)Режија: Марк ВејтерсrnrnУлоги: Зои Доич, Луси Фрај, Даниел КозловскиrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 февруари 2014rnrnЖанр: акција, комедија, фантазијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка [ratings]rnrnrnrnЛиса Драгомир (Луси Фрај) е кралски член на античка магична раса – Морои. Роуз Хатавеј (Зои Доич), нејзината најдобра пријателка, објаснува дека тие не носат црни наметки, не се претвораат во лилјаци, не спијат во ковчези, ниту пак светкаат. Дневната светлина ги нервира, но не ги убива. Да, тие живеат од крв, но за разлика од вампирите кои ни се нам познати, Мороите не живеат вечно и токму затоа имаат потреба од чуварите. А Роуз Хатавеј е токму тоа, чувар-заштитник. Таа е пола човек, пола Морои, односно Дампир. И благодарение на човечката половина таа се исхранува како и сите останати луѓе. Дампирите ги посветуваат своите животи во штитење на Мороите и живеат само според едно правило, а тоа е дека тие се секогаш први. Но, работите никогаш не се едноставни. Во оваа верзија постојат и лоши вампири, односно Стригои. Тие напаѓаат навечер и можат да бидат убиени само со помош на сребрен колец.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy) Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)rnrnСвети Владимир или како што Роуз го нарекува, Академија за вампири, не е воопшто како обично училиште. Тоа е сосема друг универзум. Сите ученици слушаат исти часови како и нормалните ученици во нормалните училиштаa, но откако овие часови ќе завршат Дампирите учат борбени вештини, а Мороите ги посетуваат своите часови за магија. Интересно е што во текот на школувањето секој Морои мора да избере само една магија, без разлика дали станува збор за вода, воздух, земја или оган. Но, уште во првите неколку сцени вие веднаш ќе забележите дека Лиса се издвојува од останатите. Во неа постои нешто што е уникатно и непознато. И токму затоа ќе стане мета.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy)Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)rnrnАкадемија за вампири е типична тинејџерска приказна. Дејството се одвива во средно училиште, учениците се поделени на популарни и губитници, постои забранета љубов, се појавуваат закани од соучениците… Накратко, доколку ви се допаднал филмот „Mean GIrls“, со сигурност ќе ви се допадне и овој. Единствената забелешка која вреди да се спомне е дека одвреме-навреме ќе почувствувате како приказната да го губи својот тек и како нешто да недостасува. Но, настрана од тоа, станува збор за лесен и интересен филм со добра доза на хумор и акција кој добро ќе го пополни вашето слободно попладне.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy) Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Подмолна убавина“ – Ребека Џејмс

    Книга: „Подмолна убавина“ – Ребека Џејмс

    Тинејџерски трилер со сите нишани, приказна за сестринската љубов, пријателите и предизвиците кои со себе ги носат најлудите години од нашите животи

    rn(1) kniga-podmolna-ubavina-rebeka-dzhejms-kafepauza.mkТинејџерските драми и трилери, или young adult fiction ако сакате, толку го освоија книжевниот свет, што се чини невозможно да не налетате на некоја ваква книга, па колку и да не се вашиот омилен жанр. Бегајќи од напнатите психолошки трилери и драми кои ги читав во последно време, решив да сменам и да се обидам со нешто полесно – и дефинитивно не успеав. Иако е пишувана во многу полесен и поедноставен стил и е наводно наменета за помлада публика „Подмолна убавина“ нема баш лесна тематика. Приказната се врти околу главниот лик Кетрин и истовремено следи три важни периоди, животот после смртта на нејзината помалечка сестра, животот откако ја запознава Алис и конечно животот со нејзината ќеркичка.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnКетрин е повлечена, мистериозна девојка која одбива да се дружи со нејзините врсници, поточно одбива да се дружи со кој било, таа е сериозна девојка која изгледа како никогаш да не се забавува. Алис е најпопуларната девојка во училиштето, шармантна и преубава со неверојатна способност да ги натера луѓето околу неа да прават токму сè што ќе посака. Па така кога Алис решава дека Кетрин ќе биде нејзината нова најдобра другарка, Кетрин нема што многу да направи освен да ја прими во нејзиниот живот и притоа да се чувствува благодарно за вниманието кое го добива. Никогаш не претпоставува зошто Алис ја избира токму неа, осаменоста и депресијата во којашто запаѓа поради смртта на сестра ја оддалечува од нејзините врсници и Кетрин едноставно сака да биде меѓу луѓе коишто ќе ѝ дозволат да се чувствува младо, слободно па и по малку будалесто. Вистината е дека Кетрин се обвинува за смртта на нејзината сестра и токму поради тоа не може да продолжи нормално со својот живот, чувствувајќи вина за сè убаво што доживува.rnrnАлис многу брзо ѝ влегува под кожа и Кетрин, иако многу претпазлива и внимателна, почнува да се опушта во нејзино друштво и да ѝ верува, па наскоро ја открива пред неа нејзината голема и мрачна тајна – како всушност умрела Рејчел, помалата сестричка. Но, она што не го очекува се наглите промени во расположението на Алис, која од ултразабавна, дури екстатична станува зајадлива, мрачна па и злобна. Со текот на времето, Алис ја покажува нејзината темна страна, почнува постојано да ја повредува новата најдобра другарка со злобни коментари, да ѝ ги уништува ретките среќни моменти и едноставно не можете а да не ја забележите нејзината опседнатост со Кетрин. Во меѓувреме, Кетрин и покрај чудното однесување на Алис, конечно почнува да ја прифаќа тажната судбина и учи како да живее со неа, наоѓајќи нова љубов и со тоа надеж дека можеби сепак сè ќе биде во ред на крајот. Алис за жал, не може да се помири со нејзината среќа и наскоро Кетрин ја дознава вистинската причина за нејзината опседнатост со неа и конечно вистината дека никогаш не биле другарки, но за жал предоцна за да успее да се извлече лесно од нејзините лоши намери.rnrn(2) kniga-podmolna-ubavina-rebeka-dzhejms-kafepauza.mkrnrnКако што споменав, книгата е пишувана во доста лесен стил и многу брзо се чита, и можеби поради тоа не почувствував дека премногу се поврзав со ликовите па дури и со целата тажна приказна. Ми се допаднаа тинејџерските собиранки, слободата која на некој начин се чувствува додека се забавуваат и уживаат во најлудите години па дури и неколку интересни размислувања и нивните гледишта на светот. Секако, покрај Кетрин и Алис има уште неколку важни ликови околу кои е изградена приказната, но за сите заедно можам да го кажам дека ги обележува она што според мене е присутно кај сите тинејџерски книги, филмови, серии, а тоа е фактот дека никогаш не можам вистински да поверувам дека станува збор баш за тинејџери, за толку млади луѓе. Неколку пати морав да се потсетам дека читам за 16-годишна девојка, а не за некој далеку постар, што е прилично нормално кога главните ликови се толку млади а живеат сами, без ограничувања и без некој посериозен надзор од постарите.rnrnВо секој случај, интересно четиво кое реално би имало најголемо влијание врз помладата публика, како што и се очекува, па топло ја препорачувам на сите наши помлади читатели кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носат највозбудливите години во нашиот живот. Ако не друго, секогаш е добро некој да ви вреже во глава неколку добри правила:rn

      rn011

    • Секогаш останете блиску до пријателите кога сте на забава, особено меѓу непознати и кога се консумира алкохол;
    • rn011

    • Никогаш, ама баш никогаш не влегувајте во кола со непознати, колку и да е очајна ситуацијата во која се наоѓате;
    • rn011

    • Не верувајте им лесно на луѓето околу вас, злобата понекогаш знае да има и убаво лице.
    • rn

    rn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 15 јануари 2014. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rn

  • Чоколадото помага при согорувањето на мастите?

    Чоколадото помага при согорувањето на мастите?

    Тим од шпански истражувачи ја анализирале исхраната и активноста на 1.500 тинејџери на возраст од 12 до 17 години од девет европски земји и при тоа откриле интересен податок. Оние кои јаделе повеќе чоколадо, генерално имале помалку маснотии во телото.rnrnЧоколадото помага при согорувањето на мастите?rnrnИсто така утврдиле дека чоколадото има позитивно влијание на циркулацијата, крвниот притисок и здравјето на срцето.rnrnИстражувањето е направено од страна на Универзитетот во Гранада и се поклопува со она направено од страна на Универзитетот во Калифорнија, кое исто така покажало дека оние кои јадат многу чоколадо имаат пониско ниво на маснотии во крвта.rnrnШпанските истражувачи тврдат дека иако чоколадото има многу калории, ги неутрализира маснотиите и не дозволува да се лепат на телото.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.