КАФЕ ПАУЗА

Tag: тинејџери

  • Зошто тинејџерите ги одбиваат советите на родителите кога бараат решение за проблемите?

    Зошто тинејџерите ги одбиваат советите на родителите кога бараат решение за проблемите?

    Родителите на тинејџерите често се соочуваат со збунувачки ситуации. Прво, тинејџерите им доаѓаат со некаков проблем, потоа родителите им нудат предлози и решенија, а тинејџерите ги отфрлаат нивните идеи и ги сметаат за иритирачки, ирелевантни или и двете. Овие моменти се соодветни за поврзување со вашите деца, но тие често се толкуваат погрешно. Во повеќето случаи, ова се случува затоа што родителите не им го даваат на своите тинејџери она што тие навистина го сакаат. Свесно или несвесно, тинејџерите ги сакаат следниве работи:rnrnЗошто тинејџерите ги одбиваат советите на родителите кога бараат решение за проблемите?rn

    1. На тинејџерите им е потребен некој што ќе ги сослуша

    rnАдолесцентите, како и возрасните, можат да чувствуваат олеснување ако едноставно ги артикулираат своите грижи. Луѓето кои гласно ги кажуваат своите проблеми се чувствуваат многу подобро од оние што ги држат во себе. Тоа важи за сите проблеми, без оглед на тежината.rnrnКога децата ќе одлучат да ги споделат своите проблеми со родителите, најдобро е да претпоставите дека не сакаат предлози или совети, барем не веднаш. Дозволете им да ви кажат што им пречи.rnrnВозрасните можат да им помогнат на тинејџерите со тоа што ќе им го дадат потребниот простор. Важно е родителите да ги слушаат своите тинејџери без да ги прекинуваат и да се воздржат од додавање на свои мисли во купот што детето веќе го има во главата.rn

    2. Тинејџерите бараат емпатија

    rnМногу работи што ги мачат тинејџерите не можат да бидат решени. Родителите не можат да ги излечат скршените срца, да ги спречат нивните социјални драми или да направат нешто во врска со фактот што имаат закажано три важни тестови во еден ден. Проблемот е многу полош ако се чувствувате целосно сами.rnrnТинејџерите често имаат проблеми што сакаат да ги споделат, но не со своите пријатели. Во тие моменти, тие можат да се обратат кај своите родители кои треба да запомнат дека детето бара само емпатија, а не решение за проблемите.rnrnЗа да можат родителите да изразат дополнителна солидарност, можат да ги прашаат своите деца: „Дали сакаш да останам или сакаш да те оставам сам некое време?“ или „Дали има нешто што можам да направам за да не се влошат работите?“ Овие прашања испраќаат силна порака дека на родителите не им пречат проблемите на децата и ќе бидат тука за нив, дури и кога не можат да им помогнат.rn

    3. На тинејџерите им е потребно да им верувате

    rnИако на родителите им е тешко да престанат, премногу предлози можат да направат детето да мисли дека се обидувате да му кажете: „Ти не можеш да се справиш со ова, но јас можам“. Тоа може да предизвика сомнеж дека немате доволно доверба во детето и мислите дека тоа не може да се справи со проблемите што му ги создава животот.rnrnНаместо да му предложите решенија на вашето дете, поттикнете го само да дојде нив. Кога ќе му кажете: „И порано успеа да се справиш со вакви проблеми“ или „тешко е, но ќе ги надминеш тоа“, му давате поинаква перспектива и го охрабрувате затоа што во тој момент неговата самодоверба е нарушена.rnrnАдолесцентите честопати се чувствуваат ранливи, особено кога се отвораат пред возрасните. Во тие моменти, добронамерните коментари може да звучат како критика или предавање.rn

    4. Тие сакаат идеи, а не инструкции

    rnКога на тинејџерот му давате емпатија и охрабрување, всушност му го давате она за што е дојден. Ако потоа вашиот тинејџер сè уште бара решение, тогаш понудете му совет. Започнете со тоа што ќе го прашате дали сака да му помогнете во решавањето на проблемот. Ако одговорот е да, поделете го проблемот во категории: што може да се промени и што не може.rnrnЗа првата категорија, фокусирајте се на потребите што ги идентификува вашиот тинејџер и заедно дојдете до решение. За втората категорија, помогнете му да се помират со работите што не можат да ги контролираат.rnrnКолку и да мислите дека вашиот совет е добар, најдобро е да го чувате во себе сè додека не го сослушате вашето дете. Кога возрасните ќе понудат решение премногу брзо, тие воопшто не слушаат и не разбираат низ што поминува детето. Честопати излегува дека слушањето и разбирањето е она што навистина им треба на тинејџерите.rnrnПогледнете ги овие 12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџер.

  • 12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџер

    12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџер

    Да бидете мајка е навистина тешка задача која трае цел живот. За време на бременоста и откако ќе се роди детето, мајките добиваат многу совети и мислења за воспитувањето на своите деца. Сепак, не постојат прирачници или магични рецепти како да го направите тоа, но кога вашето дете ќе стане тинејџер, ќе ви треба најмногу трпение. Погледнете некои од најчестите и најсмешни ситуации со кои се соочуваат мајките од целиот свет за време на тинејџерските години на своите деца.rn

    1. Тинејџерите не разбираат зошто не треба прво да ја миете мрсната тава, а потоа да продолжите со чашите

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    2. Тие го поминуваат поголемиот дел од времето прашувајќи се дали треба да ја обесат облеката нагоре или надолу

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    3. Понекогаш инсистираат постојано да ја носат истата облека

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    4. Тинејџерите мислат дека за чистење на шпоретот треба да се користат двете страни на сунѓерот

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    5. Понекогаш, тие најдобронамерно се обидуваат да ви помогнат, но го користат истиот сунѓер за чистење на бањата и на кујната

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    6. Тие можат и ќе влезат во куќата со многу валкани чевли

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    7. Им се чини дека сè е чисто

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    8. Тинејџерите се склони кон тоа да прават сè во најлошиот момент, па не вознемирувајте се ако ждригнат за време на оброкот

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    9. Понекогаш прават грешки, но кој не прави?

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    10. Кој може да му одолее на тој изглед?

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    11. Тие обично мислат дека знаат повеќе за животот од вас и дека можат да ве измамат

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrn

    12. Можеби ќе ги измијат сите садови за да ве израдуваат или затоа што научиле дека секој мора да помогне во домаќинството, но највалканото тенџере секогаш ќе остане валкано, чекајќи некој друг да го измие

    rn12 илустрации што покажуваат колку е тешко да воспитувате тинејџерrnrnПогледнете ги овие 14 илустрации што ја покажуваат „еволуцијата“ на вашиот живот откако ќе имате деца.

  • Тинејџери измислиле квака која уништува бактерии

    Тинејџери измислиле квака која уништува бактерии

    Како тинејџери, малкумина од нас размислувале за изуми кои потенцијално би го промениле светот. Но, тинејџерите Сун и Кинг од Хонгконг го менуваат начинот на кој гледаме на оваа група млади луѓе.rnrnТинејџери измислиле квака која уништува бактерииrnrn17-годишниот Сун Мин и 18-годишниот Кинг Пон неодамна откриле дека соединението титаниум оксид најефикасно ги убива бактериите кога е изложено на УВ светлина. Двајцата тинејџери го искористиле ова знаење за да дизајнираат квака која може да се чисти сама.rnrnТинејџери измислиле квака која уништува бактерииrnrnКваката е направена од стаклена цевка со алуминиумски краеви. Таа го содржи соединението титаниум диоксид, но на неа има и фотокаталитички слој, што значи дека хемиското соединение во неа реагираа на УВ светлина. Хемиската реакција во цевката ги разложува бактериите кои се наоѓаат на кваката.rnrnМладите генијалци веќе добиваат награди и го привлекуваат вниманието на светската јавност за својот изум.rnrnСледно, прочитајте за овие 15 фантастични изуми, чии пронаоѓачи треба да добијат Нобелова награда.

  • Како се однесува секој од тинејџерските хороскопски знаци за време на летото?

    Како се однесува секој од тинејџерските хороскопски знаци за време на летото?

    Секој хороскопски знак е уникатен и има посебни карактеристики по кој е препознатлив. Токму затоа и летото им влијае многу различно! Па, доколку сакате да знаете како се однесуваат знаците за време на најтоплите месеци во годината, продолжете со читање!rnrnrn

    Овен

    rnПрави нешто продуктивно 5 секунди, па се откажува и се враќа на спиење.rn

    Бик

    rnЦело време мисли на продуктивни задачи, но го преседува целиот ден без да заврши ниту една обврска.rn

    Близнаци

    rnГи повикуваат сите што ги познаваат кај нив дома.rn

    Рак

    rnСе нервира бидејќи е многу жешко, но јаде многу сладолед, па тоа го смирува.rn

    Лав

    rnОди на секоја можна плажа и пробува да собере што е можно повеќе телефонски броеви.rn

    Девица

    rnЈа организира следната учебна година, купувајќи училишна опрема и есенско-зимски алишта уште во јуни.rn

    Вага

    rnПоголемиот дел од времето го поминува со своите пријатели, без разлика дали се стари или нови.rn

    Скорпија

    rnИли не се прибира дома, или седи на компјутер цел ден – нема средина.rn

    Стрелец

    rnТој е еден од пријателите што се чини дека секогаш е на одмор!rn

    Јарец

    rnНекако успева да го задржи распоредот за спиење и ги завршува летните обврски многу брзо.rn

    Водолија

    rnОстанува будна до 4 часот навечер и потоа заспива исцрпена од сурфањето на Интернет.rn

    Риби

    rnГледаат многу филмови и се нервираат бидејќи не можат да се замотаат во ќебе.rnrnПрочитајте и како се однесуваат хороскопските знаци на плажа.rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • Тинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачки

    Тинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачки

    Тинејџерите чувствуваат голем притисок да се однесуваат и да изгледаат на одреден начин. Но, по која цена? За да го открие ова, креативната агенција M&C Saatchi направила соработка со познатиот британски фотограф Ранкин и агенцијата MTArt.rnrnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrnrnКако дел од нивната кампања VISUАL DIET која има за цел да го истражува влијанието на имиџот врз менталното здравје, тие замолиле група тинејџери да ги уредат нивните фотографии за социјалните мрежи.rn

    „Во серијалот Selfie Harm барав и експериментирав со апликации кои се направени за тинејџери. Тие се како да играте компјутерска игра и воглавно се навистина добра забава. Лично јас пробав неколку од нив, но многу се зависни“, изјавил Ранкин.

    rnЗа овој проект фотографот фотографирал група тинејџери на возраст од 13 до 19 години. Потоа ги замолил да ја уредуваат фотографијата сè додека не сметаат дека е доволно добра за да ја објават на социјалните мрежи.rn

    „На почетокот користевме модели, а потоа сакав да го проширам проектот и на други тинејџери, па почнавме да бараме.“

    rnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrnrnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrn

    „Програмата што ја користевме беше една од многуте како Facetune, но таму има стотици од овие апликации. Главното нешто е што не викавме луѓе што ги користеле овие апликации, туку тинејџери и ги замоливме да ги пробаат.“rnrn„Она што можете да го направите со овие апликации е многу повеќе од она што може да го направи искусен корисник на Фотошоп. Технологијата се движи напред многу брзо и идејата да бидете некој друг на кој било начин поразличен од личноста што сте, може да биде возбудувачка. Ако можете да бидете само ‘поизмазнета’ верзија од себе, колку тешко станува тогаш да се прифатите такви какви што сте? Ова е минско поле на менталното здравје, а овој проект ја допира само површината.“

    rnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrnrnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

    21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

    Книгите што ги читаме во тинејџерските години имаат потенцијал да нè оформат како возрасни личности. Овие книги ќе им помогнат на сите денешни тинејџери да станат најдобрата верзија од себе.rn

    1. „Јас сум Малала“ – Малала Јусфзаи (I Am Malala)

    rn21 книга што секој тинејџер треба да ја прочитаrnrnМемоарите на 20-годишната добитничка на Нобелова награда треба да бидат задолжително четиво за секоја млада личност. Ова е инспиративна приказна за тоа како секој може да го промени светот со доволно страст и труд.rn

    2. „Знам зошто пее птицата во кафезот“ – Маја Анџелоу (I Know Why the Caged Bird Sings)

    rn21 книга што секој тинејџер треба да ја прочитаrnrnАвтобиографијата од 1961-ва година покажува како љубовта кон литературата може да ви помогне да надминете речиси сè. Ова е одличен потсетник за тинејџерите кои повеќе го сакаат Инстаграм од книгите.rn

    3. „Персеполис“ – Маржан Сатрапи (Persepolis)

    rn21 книга што секој тинејџер треба да ја прочитаrnrnОваа графичка новела го прикажува созревањето на Сатрапи во Иран за време на и по исламската револуција во доцните 1970-ти и раните 1980-ти. Мрачно смешно и трагично тажно, ова дело ви дава увид за тоа колку различен може да биде животот на тинејџерите низ целиот свет.rn

    4. „Ноќ“ – Ели Визел (Night)

    rn21 книга што секој тинејџер треба да ја прочитаrnrnВо оваа книга за Холокаустот, Визел на само 100 страници го раскажува своето искуство со неговиот татко во концентрационите логори во средината на 1940-тите.rn

    5. „Сите треба да бидеме феминистки“ – Чимаманда Нгози Адичи (We Should All Be Feminists)

    rn21 книга што секој тинејџер треба да ја прочитаrnrnОваа кратка книга е адаптирана од TED говорот на Адичи од 2012-та година. Таа нуди уникатна дефиниција за феминизмот на 21-виот век чија основа е свесноста.rn

    6. „Помеѓу светот и мене“ – Та-Нехиси Коутс (Between the World and Me)

    rn21 книга што секој тинејџер треба да ја прочитаrnrnОва дело е напишано како писмо до синот тинејџер на авторот. Ја истражува реалноста за тоа како изгледа да бидете црнец во САД.rn

    7. „Чудна случка во ноќта“ – Марк Хадон (The Curious Incident of the Dog In the Night-time)

    rn21 книга што секој тинејџер треба да ја прочитаrnrnОваа новела од 2003-та година е за 15-годишниот Кристофер кој ја истражува сомнителната смрт на кучето на соседот. Иако читателите сметаат дека Кристофер има некој вид аутизам, авторот изјавил дека ова не е книга за аутизам туку за разликата, за тоа да се биде „аутсајдер“ и за гледање на светот на нов начин.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 вештини коишто треба да ги научат вашите деца пред да наполнат 13 години

    10 вештини коишто треба да ги научат вашите деца пред да наполнат 13 години

    Според мислењето на психолозите, тинејџерските години започнуваат кога децата се на возраст од 9 до 13 години. Ова е период на транзиција, во кој родителите треба да престанат да прават сè за нивните деца и да започнат да ги учат да станат понезависни. За да биде оваа транзиција поедноставна, родителите треба да им помогнат на нивните деца да ги научат овие 10 клучни животни вештини, пред 13-годишна возраст, за да станат успешни индивидуалисти во иднина.rn

    1. Треба да научат како да заработуваат и управуваат со пари

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnМожете да започнете да ги учите вашите деца на некои основни финансиски вештини, од моментот кога ќе научат како да бројат. До нивната 13-годишна возраст, тие треба да бидат способни да заштедат пари од нивниот неделен џепарлак, да бидат свесни колкави се основните трошоци во едно домаќинство, да прават разлика помеѓу дебитни и кредитни картички и да знаат да носат разумни одлуки во однос на трошењето и заштедата на пари.rn

    2. Треба да научат да ги извршуваат основните домаќински обврски

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnСпоред експертите по психологија, децата можат да научат да извршуваат многу обврски уште од рана возраст, како што е раздигувањето на масата после вечера или издвојувањето на алиштата што им се за перење. Додека да наполнат 13 години, тие треба да знаат да си ги пеглаат алиштата, да ја испразнат машината за миење садови, да си ја сменат постелата на којашто спијат, да исперат автомобил, да го исчистат тоалетот и да ја средат кујната. Родителите треба да бидат упорни и конкретни во нивните побарувања и да ги охрабруваат децата.rn

    3. Треба да научат да подготвуваат оброци

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnГотвењето е многу важна вештина, којашто ќе им биде неопходна на децата кога ќе станат возрасни личности. Во денешно време, имаме пристап до безброј едноставни рецепти за салати, сендвичи, пржени јајца, тестенини и супи. До својата 13-годишна возраст, децата треба да бидат способни да го испланираат семејниот ручек, да ги следат инструкциите на едноставните рецепти и да умеат да се снајдат со кујнската опрема. Исто така, немојте да заборавате да ги научите вашите деца на хигиена и безбедност во кујната.rn

    4. Треба да научат да пазарат во маркет

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnДоколку ги носите децата со вас додека пазарите продукти за дома, ќе им помогнете да развијат разни неопходни вештини, како што се: пишување листа со потребни продукти, смислување идеи за оброци и трошење во согласност со определениот буџет. Научете ги како да ги читаат состојките на амбалажите на продуктите и како да одберат квалитетни и поевтини производи.rnrnВоедно, немојте да заборавите да им поставите граници. Едно истражување спроведено во Универзитетот Канзас, покажало дека 50% од децата, коишто одат заедно со нивните родители на пазарење во супермаркетите, бараат од нив да купат уште нешто што не е на пазарната листа и само 50% од родителите, успеваат да му одолеат на искушението.rn

    5. Треба да научат да се грижат за нивната лична хигиена

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnЕкспертите велат дека многу родители сметаат дека нивните деца на возраст од 10 или 11 години, сами ќе научат да се грижат за личната хигиена, по природен пат. Но, реалноста е дека постојат многу нешта коишто родителите треба да ги дискутираат со нивните деца, пред да биде предоцна. Такви работи се: секојдневното туширање, користењето деодоранс, менувањето на облеката, бричењето, оралната хигиена и сл. Запомнете, дека многу е важно самите да бидете добар пример и секогаш објаснувајте им на вашите деца, зошто е неопходно да се грижат за самите себе.rn

    6. Треба да научат да користат основна опрема за прва помош

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnУчењето како да користат опрема за прва помош, ќе им овозможи на децата сами да си помогнат ако се повредат, а нема никој возрасен во близина. Црвениот крст во Велика Британија, укажува на тоа колку е важно основната медицинска помош, да се вклучи како дел од образовниот систем. Некои истражувања откриваат дека децата уште на 4-5 години, се способни да го запомнат телефонскиот број за прва помош, правилно да го проценат ритамот на дишење кај луѓето и да ги запомнат правилните позиции за закрепнување. Постарите деца, треба да научат и како да го сопрат крвавењето и да третираат изгореници и убоди од оса.rn

    7. Треба да научат да го менаџираат своето време

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnВештините за управување со време, се основно нешто во животот, па затоа тинејџерите треба да бидат способни да прават планови, да одредуваат приоритетни обврски и да работат продуктивно. Посочете им на вашите деца некои корисни алатки, коишто можат да ги направат попродуктивни, како што се известувањата на телефонот, разни апликации за организација и специјални календари. Укажете им дека одлучувањето што да направите и кога да го направите, станува многу полесно, кога ќе го запишете некаде. Подарете им рачен часовник за да бидат точни, помогнете им да се справат со работите коишто им го одвлекуваат вниманието и како и за сè друго, бидете добар пример за нив.rn

    8. Треба да ги совладаат социјалните вештини и манири на однесување

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnМногу е важно да ги научите вашите деца да имаат добри манири на однесување и тоа да го направите што е можно порано. Додека се помлади, охрабрете ги да бидат љубезни, да научат да споделуваат работи со другите и да ги почитуваат постарите. Разните забави во вашиот дом, се добра прилика да ги научите вашите деца како да бидат добри домаќини и да им ги објасните манирите за однесување на маса. Исто така, немојте да заборавате дека во модерново време, многу се важни и манирите на однесување во интернет – комуникацијата.rnrnДоколку ги научите вашите деца како да ги следат основните манири на однесување, тоа ќе им помогне полесно да се справат со секојдневието кога ќе станат тинејџери, да напредуваат во кариерата и подобро да се вклопат во друштвото на нивните врсници.rn

    9. Треба да научат да користат навигација до местата што се во близина

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnГолема е веројатноста дека вашите тинејџери ќе патуваат сами или ќе возат автомобил, во наредните неколку години. Поради тоа, многу е важно да научат како да ги користат алатките за навигација и како да гледаат на мапа. Додека да наполнат 13 години, децата треба да бидат способни да ги запомнат насоките, да ги препознаваат симболите на мапите и да се ориентираат во простор. Постојат многу ресурси онлајн, коишто можат да го претворат гледањето на мапи, во забавна активност за вашите деца.rn

    10. Децата треба да научат како да ги контролираат своите емоции

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnНе само тинејџерите, туку и многу возрасни личности, немаат способност да ги прифатат и контролираат нивните емоции, како што се стресот, гневот и нервозата. Учењето како да се справат со истите, вклучува способност за идентификување на емоциите коишто ги чувствуваат, разбирање и прифаќање на ситуацијата таква каква што е, справување со емоциите и барање помош кога им е неопходна. Важно е да им воочите на вашите деца, дека тагата не е знак на слабост во карактерот, туку дека напротив и позитивните и негативните емоции, ќе им помогнат подобро да се справуваат со ситуациите во понатамошниот живот.rnrnМоже да ве интересира и Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?

  • 10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

    10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

    Ретко кога тинејџерите сами им признаваат на родителите дека имаат проблеми со дрогата, така што задача на родителите е да ги препознаат суптилните знаци што ги издаваат. Обрнете внимание на сомнителните промени во однесувањето на вашиот тинејџер. Слушајте си ја интуицијата. Ако има нешто што ве загрижува, разговарајте со вашиот партнер, со професор кому му верувате или која било личност што се грижи за вашето дете. Две глави подобро мислат од една. Ако забележите некој од следниве знаци, побарајте помош од некого и преземете ги потребните мерки…rnrn10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрогаrn

    1. Вашиот тинејџер делува поизморено или повозбудено од вообичаено

    rnЕмоционалните успеси и падови се дел од животот на тинејџерите и повеќето луѓе. Но, навиките како што се заспивање на маса за време на вечера или долгите дремки по училиште не се последица од поспаноста. Ако вашиот тинејџер не може да се опушти по напорен ден или делува нервозно без очигледна причина, може да се посомневате дека станува збор за користење друга. Без разлика дали станува збор за екстремна исцрпеност или нервоза, може да ги употребите овие појави како изговор да го однесете тинејџерот на доктор.rn

    2. Вашиот тинејџер станува нервозен и повеќе не разговара со вас

    rnСекако дека чувствителноста и молчаливоста се нормални кај тинејџерите, но ако вашето дете целосно ја прекине комуникацијата со вас, можеби се соочува со сериозен проблем. Во ваков случај, најдобро е да бидете тука за него, но да не му досадувате со прашања. На тој начин, тинејџерите нема да се чувствуваат притиснато, но ќе знаат дека имаат отворена врата за комуникација доколку сакаат. Можете да го кажете следново „Знам дека не сакаш да разговараш со мене во моментов, но треба знаеш дека секогаш сум тука за тебе и можам да ти помогнам, доколку ти треба помош“.rnrn10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрогаrn

    3. Вашиот тинејџер го сменил друштвото

    rnВрсниците имаат големо влијание на однесувањето на тинејџерите, па затоа друштвото што ќе го одберат е многу важно. Ако вашето дете се дружи со луѓе кои користат дрога и алкохол, не поставувајте забрани за дружење, но укажете му дека некои од нив може да му влијаат негативно. Доколку сте многу загрижени, забранете му на тинејџерот да се дружи со тие поединци, но подгответе се за многу жалби и обиди да се прекрши забраната.rn

    4. Вашиот тинејџер троши повеќе пари од вообичаено

    rnТрошоците што не ви се јасни може да бидат голем знак на предупредување. Без разлика дали му давате џепарлак или тинејџерот има работи, сите необјасниви трошоци треба да бидат разјаснети и да ги побудат следниве прашања: „Колку трошиш за викенди?“, „Со кого беше во кино?“. Ако забележите дека вашиот тинејџер располага со голема сума на пари, очигледно е дека станува збор за нешто сомнително. Време е да побарате некои одговори пред да му дозволите на детето да продолжи со работа, да излегува за викенди и да вика другари на гости.rnrn10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрогаrn

    5. Оценките на вашиот тинејџер стануваат значително пониски

    rnАко оценките на вашите тинејџер почнат да се влошуваат и професорите одеднаш се жалат поради нивното однесување, би требало да се загрижите. Разговарајте со вработените во училиштето и слушнете ги нивните забелешки. Така најдобро ќе можете да сфатите што се случува кога вашето дете оди на училиште.rn

    6. Забележувате промени во исхраната кај вашиот тинејџер

    rnАко вашиот тинејџер одеднаш изгуби апетит, ја намали тежината или нагло се здебели, причината за тоа можеби лежи во користењето дрога, но можеби станува збор и за нарушување во исхраната. Стимулантите како што се кокаин и амфетамин може да предизвикаат слабеење. Некои тинејџери намерно почнуваат да ги користат овие супстанции за да изгубат тежина. Ако ги забележите овие знаци, искористете го тоа како причина за да го однесете детето на лекар. Не заборавајте и да разговарате со тинејџерот за пиењето алкохол.rnrn10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрогаrn

    7. Вашиот тинејџер губи интерес за хобијата што претходно ги обожувал

    rnИако тинејџерите смеат да експериментираат со нови активности и хобија, наглата промена на интересите или отсуството на интерес, може да се сфатат како знаци на предупредување. Марихуаната, кога се консумира во големи количини, предизвикува умор, апатија и недостаток на мотивација. Ако забележите дека вашиот тинејџер не може да ги извршува домашните обврски, не спортува и не излегува, треба да преземете нешто. Иако марихуаната и сличните дроги не можат да предизвикаат смрт од предозираност, тие ќе го забават тинејџерот и нема да му дозволат да го оствари својот потенцијал.rn

    8. Се влошува физичкото здравје на вашиот тинејџер

    rnНемојте да паднете на изговорите што ви ги даваат тинејџерите. Ако забележите крваво црвени очи, проширени зеници и гребаници по телото, можеби станува збор за земање дрога. Знаци на употреба на кокаин се честите крварења од носот и раните околу устата и рацете. Ако вашиот тинејџер постојано покрива одредени делови од телото, како што се рацете на пример, можеби се обидува да се скрие. Доколку забележите некој од овие знаци, веднаш инсистирајте на лекарски преглед.rnrn10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрогаrn

    9. Вашето дете поседува дроги или има реквизити за користење дроги

    rnЗависностите се чуваат во тајност, но ако најдете непознати апчиња, лулиња, шприцови или супстанции во вреќички кај вашиот тинејџер, обидете се да дознаете повеќе. Доколку сте многу загрижени, пребарајте ја собата на вашите тинејџери или разговарајте со нивните пријатели и професори. Овој совет можеби не ви звучи морално, бидејќи на тој начин ќе ја нарушите приватноста на вашето дете, но кога станува збор за проблеми со дрога, не смеете да му дозволите на тинејџерот да крие работи од вас. Во спротивно, целата ситуација може да заврши катастрофално.rn

    10. Вашиот тинејџер ви признал дека користи дрога

    rnОва можеби ви звучи невозможно, но некои тинејџери им признаваат на родителите дека имаат проблеми со дрогата. Ако детето само побара помош, тогаш полесно ќе можете да му помогнете. Но, ако чуете некои од најчестите оправдувања од типот „Можам да прекинам кога сакам“, „Само го чував кокаинот за еден другар“ или „Возам подобро кога сум надуван/а“, немојте да се шокирате од наивноста на вашиот тинејџер. Бидете среќни што сте дознале за проблемот и веднаш побарајте помош за детето.rnrnБидете внимателни доколку вашиот тинејџер има повисок коефициент на интелигенција, бидејќи кај паметните деца постои поголема веројатност дека ќе експериментираат со дрога и алкохол.

  • 5 совети што сите тинејџери и тинејџерки треба да ги прочитаат (и добро да ги запомнат!)

    5 совети што сите тинејџери и тинејџерки треба да ги прочитаат (и добро да ги запомнат!)

    Тинејџерските години можат да бидат навистина чудни. Почнувате да излегувате, почнувате да гледате девојки и забележувате многу физички промени. Сето ова се случува наеднаш и понекогаш може да изгледа многу страшно. Исто така ова се годините кога мислите дека знаете сè и никако не ги прифаќате советите од постарите. Но, имајте на ум дека некогаш и тие биле колку вас, и тие поминале низ она што вие го минувате сега. Па затоа размислете добро пред да ги отфрлите нивните совети. Во продолжение погледнете некои од најважните совети кои секое момче тинејџер треба да ги слушне.rnrn(1)5-soveti-za-site-momchinja-tinejdzeri-kafepauza.mkrn

    1. Бидете скромни

    rnГордоста може да биде корен на многу проблеми, а скромноста е лек за тоа. На еден тинејџер може да му биде навистина тешко да го прифати ова. Сигурно се обидувате да го пронајдете вашето место во светот. Повеќе не сте дете и сакате да бидете почитувани, но сè уште треба да ги почитувате правилата на вашите родители и наставници. Се подготвувате за остатокот од вашиот живот, а многу луѓе ќе сакаат да ви помогнат во тоа. rnrnАко сакате да ве почитуваат, бидете скромни. Прифатете критика. Обидете се да ги разберете мислењата и аспектите на другите луѓе. Ако грешите за нешто, признајте го тоа и направете промена. Постојат неколку „симптоми“ на гордост кои најверојатно ви се познати. Ако забележите некој од нив, обидете се да го поправите тоа. Променете ги вашите навики бидејќи тоа многу ќе ви помогне во животот.rn

      rn011

    • Навредување на другите
    • rn011

    • Игнорирање на инструкциите од родителите
    • rn011

    • Неучтиво разговарање со родителите/наставниците
    • rn011

    • Зборување лошо за другите зад нивниот грб
    • rn011

    • Одбивање да ги признаете вашите грешки и да се извините
    • rn

    rn

    2. Всушност, вашите родители знаат што зборуваат

    rnМожеби веќе ги превртувате очите и сметате дека ова е само уште една лекција за почитување на постарите. Но, имајте на ум дека вашите родители не се родени стари. Некогаш и тие биле колку вас. Со секоја помината година сè повеќе ќе го разбирате тоа. Кога ви поставуваат правила и ви даваат совети, тие го прават тоа бидејќи ви посакуваат само најдобро. И ним им се познати опасностите со кои се соочувате секој ден. Можеби вашите родители не ви изгледаат „кул“, не знаат како да користат компјутер, но тие ве сакаат и важно е да обрнете внимание на нивните зборови.rn

    3. Кому му е грижа што мислат вашите пријатели?

    rnСигурно веќе сте го слушнале ова, но кога ќе завршите средно училиште голема е веројатноста да изгубите контакт со 90% од луѓето кои сте ги познавале. Па, потрудете се да го поминете тој период без да се преправате дека сте некој кој не сте. Поминете го средното училиште создавајќи се себеси. Изградете се во личноста која што навистина сакате да бидете. Да правите нешто само за да се вклопите не е во ред. Ако забележите дека некој е малтретиран на училиште, одбранете го. Бидете добри. Бидете пријателски настроени кон оние кои немаат пријатели. Ова се работите на кои луѓето ќе се сеќаваат. Ова се работите кои се навистина важни.rn

    4. Бидете внимателни со вашиот смартфон

    rnАко имате смартфон, сметајте дека сте многу среќни. Овие направи имаат многу поголема моќ отколку што им придаваме, а некои луѓе навистина ги злоупотребуваат. Па имајте на ум дека ако не можете нешто да кажете некому во лице, немојте да му го пишувате на Фејсбук, Инстаграм, Снепчет… И овде важи скромноста. Ако сакате да докажете или да покажете нешто, направете го тоа на мирен начин без да ги навредувате и повредувате другите. На Интернет можете да се соочите со многу мислења различни од вашите, и тоа е факт. Но вашиот карактер зависи од тоа како ќе реагирате на овие „несогласувања“. Дали ќе почнете „војна“ во коментарите? Или пак на мирен начин ќе го споделете вашето мислење? Немојте да ги малтретирате другите на Интернет.rn

    5. Кога станува збор за девојки и момци, олабавете

    rnВие сте во период кога вашите хормони се однесуваат како луди. Обидете се да ги држите под контрола. Внимавајте на сериозните врски во средно. Станувањето родител треба да биде откако ќе можете сами да се грижите за себе. Немојте да брзате и донесувајте паметни одлуки за вашите врски.rn

    Ќе бидете добро

    rnПонекогаш светот може да биде навистина страшен. Секој кој има способност да го направи подобро место, има и должност да го направи тоа. Вие ја имате таа способност. Денес бидете најдобрата личност која можете. Ако го правите ова секој ден, тоа ќе ви стане навика, ќе стане дел од вашата личност. Немојте да се плашите од промени. Исто така, не плашете се од грешки, но секогаш признавајте ги и справувајте се со нив.rnrnПрочитајте ги и тинејџерските лекции кои треба да ги помните и во вашите 20-ти.

  • 12 моќни совети што секој тинејџер треба да ги прочита

    12 моќни совети што секој тинејџер треба да ги прочита

    Наближувањето на 20-тите може да биде навистина стресен период, и тоа не само за тинејџерите, туку и за сите околу нив. Комичарот Вилијам Бетит споделил неколку бисери на мудроста кои ќе им се најдат на сите тинејџери што се близу до своите 20-ти години.rnrn12-soveti-koi-sekoj-tinejdzer-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mkrn

    1. Секој ден барајте можности што ќе ви го променат животот

    rnАко си поставите цел, секој ден од вашите 20-ти да барате можност која ќе ви го промени животот, вие ќе бидете многу поуспешни кога ќе стигнете до 30-тите.rn

    2 Станете неверојатни во нешто

    rnБез разлика дали е програмирање, графички дизајн, пишување и слично, секој ден обидувајте се да станете навистина добри во нешто. Ова ќе ви даде вредност на крајот на вашите 20-ти, која пак многу ќе ви помогне во вашата кариера.rn

    3. Ослободете се од телевизорот

    rnНемојте да ги поминете вашите 20-ти гледајќи како живеат други луѓе.rn

    4. Слушајте аудио книги додека пешачите

    rnПретворете ја дневната прошетка во училница.rn

    5. Останете сингл

    rnСостанувајте се, имајте врски, но зачувајте ја вашата слобода. Сигурно ќе сакате да бидете способни да ги донесувате правилните одлуки во вашите 20-ти.rn

    6. Направете мрежа

    rnКога ќе создадете моќна мрежа ќе знаете кои луѓе ќе можат да ви помогнат да стигнете таму каде што сакате.rn

    7. Разберете го ефектот на соединување

    rnЕдна шолја кафе во Старбакс е 2,45 долари. Ако секој ден го пиете тоа, вие ќе потрошите 894,25 долари. А едно патување до Копенхаген чини 506 долари. Запомнете дека несвесните одлуки кои ги правите секој ден ве спречуваат да го живеете животот што го сакате.rn

    8. Најдете/создадете „племе“ кое има слични гледања на животот

    rnГрупа од луѓе со исто размислување ќе ви помогне да созреете и да останете фокусирани на вашата цел.rn

    9. Отворете социјален профил

    rnБез разлика дали ќе станува збор за блог, Твитер или слично, најдете место каде што ќе можете да ја понудите вашата вредност. Не знаете кои се придобивките од многуте следбеници на социјалните мрежи.rn

    10. Покачувајте ги вашите стандарди

    rnЖивотите на луѓето запираат бидејќи тие престануваат да ги покачуваат своите стандарди.rn

    11. Вежбајте, облекувајте се убаво, хранете се здраво

    rnДобриот изглед е како социјален пасош што може да ви отвори многу можности.rn

    12. Одете на авантура

    rnБарем еднаш во вашите 20-ти одете на патување кое е долго и тешко. Наместо да одите во хотел, спијте во хостел или на нечиј кауч. Колку е потешко патувањето, толку е поголем предизвикот.