КАФЕ ПАУЗА

Tag: тајни

  • 20 луѓе споделуваат тајни од нивните работни места

    20 луѓе споделуваат тајни од нивните работни места

    Речиси секоја компанија си има свои тајни кои ги знаат мал дел од вработените. Луѓе со разни професии решиле да споделат тајни од нивните професии на Твитер и Редит, а нивните приказни може да ви променат многу мислења. Изгледа дека не сите професии се транспарентни колку што мислиме.rnrn20 луѓе споделуваат тајни од нивните работни местаrn

    1. Возач на камион

    rn

    „9 од 10 возачи на камион патуваат со смартфон на шофершајбната гледајќи ТВ серии. Држете се понастрана од големи камиони.“

    rn

    2. Вработен во Дизниленд

    rn

    „Има тајни тунели под парковите што им овозможуваат на вработените да минуваат низ паркот брзо и лесно.“

    rn

    3. ИТ поддршка

    rn

    „Овие луѓе само подобро знаат да го користат Гугл од вас.“

    rn

    4. Вработен во фабрика за брашно

    rn

    „Пченичното брашно всушност не е бело. Користиме хлор за да го направиме поатрактивно. Ова го зголемува и нивото на глутен во брашното и поради тоа многу луѓе денес се чувствителни на глутен.“

    rn

    5. Член на тим за спасување

    rn

    „Кога сте млад спасувач, имате радио на себе 24/7. И секогаш слушате што се случува во градот. Ако, на пример, одите на роденденска забава со вашиот автомобил и слушнете дека има пожар на соседната улица, ќе го свртите автомобилот и ќе одите таму!“

    rn

    6. Вработен во фабрика за маслиново масло

    rn

    „Имаме само еден вид масло, но го ставаме во 27 разни контејнери и го продаваме по разни цени. Некои се означени како увезени, некои се наречени најквалитетно масло. Но маслото е исто во секое шише.“

    rn

    7. Компјутерски инженер

    rn

    „Кога некој ви го поправа компјутерот, често гледа низ податоците на вашиот хард диск барајќи нешто забавно или срамно. Па, пред да го однесете компјутерот на сервис, избришете ја историјата на пребарување и копирајте ги важните податоци на надворешен диск.“

    rn

    8. Вработен во фабрика за свеќи

    rn

    „Парафинските свеќи се опасни и отровни. Бидејќи знам што додаваме во нив (иако на нив пишува 100% парафин), никогаш повеќе нема да користам свеќи. Ако ви се потребни од која било причина, купувајте свеќи од пчелин восок без никаква арома.“

    rn

    9. Енолог

    rn

    „Виното не е веганско. Не е ни вегетаријанско во некои случаи. Во процесот на филтрирање се користат белки од јајца, а понекогаш и делови од риба.“

    rn

    10. Вработен во кино

    rn

    „Огромно пакување пуканки што го чини потрошувачот 6 евра, го чини киното 6 центи за да го направи, вклучувајќи ја пченката, путерот, пакувањето, електричната енергија и времето што било потребно за да се направи.“

    rn

    11. Интернет сервис

    rn

    „Повеќето услуги за претплата ги покачуваат цените со текот на времето бидејќи очекуваат да прифатите. Ова важи за телефонски сметки, кабловска, Интернет, планови за осигурување… Јавете се и учтиво пожалете се за цената. Не слушајте зошто се качила цената и учтиво кажете дека не можете да си ја дозволите услугата и можеби ќе треба да ја откажете претплатата. Или зборувате со некој што веќе може да ја спушти цената, или ќе ве поврзат со личност која може да го направи тоа.“

    rn

    12. Механичар

    rn

    „Ако сакате да одите на одмор и не знаете каде да го оставите автомобилот, однесете го на автомеханичар. Многу луѓе го прават ова. Навистина е евтино и можете да бидете отсутни цел месец! Многу поскапо е да користите паркинг.“

    rn

    13. Фармацевт

    rn

    „Работев во неколку фабрики што произведуваа лекови. Правилата беа исти секаде – ако ви паднат пилули на подот, ставете ги назад во шишенцето. Па, можеби вашите лекови не се толку чисти колку што мислите.“

    rn

    14. Библиотекар

    rn

    „Количеството тоалетна хартија, случајни предмети и сметки кои се заборавени како покажувачи во книгите е неверојатно!“

    rn

    15. Доктор

    rn

    „Минуваме толку време за да бидеме добри во нашата работа, што не знаеме речиси ништо за другите нешта во светот.“

    rn

    16. Вработен во онлајн продавница

    rn

    „Не постои нешто како бесплатна достава. Цената на доставата е вклучена во цената на продуктот.“

    rn

    17. Дадилка

    rn

    „Работам со деца во градинка и понекогаш гледаме бебиња кои ги прават првите чекори, но не им кажуваме на родителите бидејќи не сакаме да се чувствуваат лошо бидејќи ги испуштиле.“

    rn

    18. Вработен во музеј

    rn

    „Нештата што навистина не смеат да бидат допрени се ставени под стакло, но вработените не сакаат кога посетителите ги допираат изложените предмети.“

    rn

    19. Шанкер

    rn

    „Хотелските барови ќе се осигурат дека вашата сметка за некој настан е потрошена што е можно порано.“

    rn

    20. Готвач

    rn

    „Доколку јадете во ресторан за време на гужва, најверојатно вашиот вегански хамбургер е приготвен со истиот прибор како и пилешките крилца.“

    rnДали сте слушнале за овие навистина необични работни места?

  • 9 тајни што бизнисите и корпорациите не сакаат да ги знаете

    9 тајни што бизнисите и корпорациите не сакаат да ги знаете

    Речиси секој бизнис има само една цел – профит. И најчесто сопствениците на овие бизниси би направиле сè за да го остварат, па дури и би ги лажеле нивните корисници со тактики кои се ниту легални, ниту нелегални. Големите корпорации имаат неколку тајни што потрошувачите не би сакале да ги дознаат, бидејќи во спротивно би се намалила нивната продажба. Сепак, јавноста открива сè повеќе и повеќе од овие измами, а следниве 9 се едни од најчестите.rn

    1. Супермаркетите додаваат јаглероден моноксид за месото да изгледа поцрвено

    rn9 тајни што бизнисите и корпорациите не сакаат да ги знаетеrnrnДоколку мислите дека црвената боја е знак за посвежо месо, тоа не е секогаш вистина. Благодарение на штетниот јаглероден моноксид, месото може да ја задржи неговата боја дури и откако ќе се расипе. Природно, месото добива сива или кафеава боја по неколку денови, па за да го спречи ова, месната индустрија го смислила модифицираното атмосферско пакување (MAD). Месото се изложува на гасот пред да се спакува и поради ова може да остане свежо дури цела година.rn

    2. Кабелските телевизии ги забрзуваат програмите за да покажуваат повеќе реклами

    rn9 тајни што бизнисите и корпорациите не сакаат да ги знаетеrnrnКабелските телевизии го прават ова поради две причини. Првата е тоа што колку повеќе реклами прикажуваат, толку повеќе заработуваат бидејќи рекламирањето на телевизија станува сè поевтино. Втората причина е да ги исполнат договорите за гледаност што ги направиле со рекламните компании. Ова забрзување е речиси незабележливо за гледачите – филм од 30 минути би бил забрзан за само 2 минути. Иако изгледа тривијално, можат да се заработат и до 65.000 евра од тие две минути. Дури и луѓе кои учествуваат во сериите и шоуата го забележале ова. На пример актерката Кортни Кокс, која ни е позната како Моника од серијата „Пријатели“, забележала дека серијата е забрзана бидејќи нејзиниот глас звучел поразлично.rn

    3. Тонерот за печатач од „непозната“ фирма е исто толку добар колку и брендираниот

    rn9 тајни што бизнисите и корпорациите не сакаат да ги знаетеrnrnПроизводителите на печатачи често тврдат дека тонерите од непознати брендови можат да го оштетат самиот печатач. Ова е лага и производителите го прават со цел да ги купувате нивните производи. На пример компаниите како НР и Epson повеќе заработуваат од тонерите наместо од самите печатачи. Бидејќи „непознатите“ компании не продаваат и печатачи, нивните тонери се и до 90% поевтини. Некои компании како НР, одат и дотаму што ги програмираат нивните печатачи да не работат доколку детектираат тонер од друга фирма.rn

    4. Бејби морковите се обични моркови

    rn9 тајни што бизнисите и корпорациите не сакаат да ги знаетеrnrnOвие моркови се мали, заоблени и излупени. Исто така имаат неверојатна портокалова боја. За разлика од обичните моркови, овие се веднаш подготвени за јадење. Но, бејби морковите се всушност обични моркови кои се исечени. Првиот бејби морков бил направен во 1980-тите кога Мајк Јуросек исекол неколку моркови кои биле скршени и во лоша состојба и ги направил помали. Во тој период фармерите фрлале 70% од морковите бидејќи биле скршени или имале лоша форма. Бидејќи не сакал да трпи загуба, Мајк користел нож за лупење компири и ги направил привлечни за продажба и успеал во намерата.rnrnДенес фармерите одгледуваат моркови со оваа цел. Ги берат пред да созреат и потоа ги сечат во помали големини. Исто така ги мијат со хлор и вода, наводно за да ја отстранат бактеријата ешерихија коли. Сепак на многу луѓе не им се допаѓа тоа што хлорот се користи во храната.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Тајните и чудните навики на хороскопските знаци

    Тајните и чудните навики на хороскопските знаци

    Секој хороскопски знак е различен и секој има различни тајни, навики и верувања кои можеби не им се јасни на другите. За подобро да ги разберете хороскопските знаци, прочитајте нешто повеќе за нивните тајни и нивните чудни навики.rnrnТајните и чудните навики на хороскопските знациrn

    Овен

    rnМотото на Овните е едноставно: Ако можам јас, можете и вие. Тие немаат време за луѓе кои отстапуваат. Делуваат импулсивно и никогаш не губат време. Нивниот менталитет ги тера секоја обврска да ја завршат најбрзо што можат. Овните тешко се вљубуваат бидејќи според нив, довербата треба да се заработи. Кога сакаат нешто, го добиваат тоа. Одлучно се движат кон нивната цел и ништо не може да ги спречи.rn

    Бик

    rnБиковите се стабилни, но ако ги предизвикате можете да се соочите со вистинска бура. По природа овие луѓе се опуштени и трпеливи, и потребно е многу за да ги разгневите. Никогаш не се откажуваат од нивните цели и ретко го менуваат мислењето. Како партнери тие се верни, а ако ја изневерите нивната љубов, ќе станат ладни и недостапни.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се луѓето кои најмногу се грижат, но ретко го покажуваат тоа. Никогаш не се оптоваруваат со тоа да остават добар впечаток бидејќи знаат дека вистинските луѓе веднаш ќе ги препознаат. На сите нешта им пристапуваат рационално и не им дозволуваат на емоциите да владеат со нивните одлуки. Близнаците можат да направат сè што ќе замислат.rn

    Рак

    rnРаковите секогаш се овде за саканите, дури и кога не се во најдобри односи. Никогаш нема да ја одбијат личноста со којашто се поврзани. Доколку се расправаат со сакана личност, целиот ден ќе мислат на ситуацијата, односно додека не се реши проблемот. Понекогаш кога се гневни сакаат да игнорираат. Сепак, секогаш ќе бидат ваше рамо за плачење и веруваат дека сите луѓе можат да се променат.rn

    Лав

    rnПонекогаш е тешко да се справите со Лавовите и мора да бидете подготвени за предизвик. Ако сте слаби, ќе немате шанси. Со Лавовите има само еден начин, а тоа е нивниот. Доколку ја повредите нивната гордост, веројатно ќе ве избришат од нивниот живот. Кај нив нема игри – она што го гледате е и она што ќе го добиете.rn

    Девица

    rnДевиците ги ценат малите нешта кои обично поминуваат незабележани. Тие се прецизни и педантни, а кога ќе ветат нешто си стојат на нивниот збор. Организирањето им е силна страна и нивните планови се разработени и до најситниот детаљ. Доколку добиете критика од Девица, тоа не значи дека не ѝ се допаѓате. Тоа ѝ е начин да ви покаже дека се грижи за вас. Кога нештата не одат по план, Девиците се повлекуваат и наново ја проценуваат ситуацијата.rn

    Вага

    rnНеодлучните Ваги сакаат секоја ситуација да ја претворат во расправа. Доволно се зрели за да признаат кога грешат, и доволно се силни да ги исправат тие грешки. Вагите не избрзуваат од заклучоците и потребно им е време да ја донесат вистинската одлука. Тие секогаш се борат за она што го сакаат.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите мислат дека знаењето е моќ. Поради ова се чувствуваат како да изгубиле дел од моќта кога ќе споделат нешто лично за нив. Тие се лојални партнери и пријатели и знаат како да им угодат на другите. Ако ги лажете, ќе платите за тоа. Знаат како да ја извлечат вистината од секого. Подготвени се да жртвуваат многу за одмазда, па бидете внимателни.rn

    Стрелец

    rnСтрелците секогаш живеат на работ. Тие ги сакаат возбудите и новите искуства, па кога нешто им изгледа интересно никако не го пропуштаат. Стрелците не се извинуваат за нивното мислење и сметаат дека доколку не можете да ја поднесете нивната вистина, не би требало да бидете пријатели. Овие луѓе ќе направат сè за нивниот партнер кога се вљубени.rn

    Јарец

    rnЈарците имаат мал круг на пријатели. Гужвите им предизвикуваат драма што сакаат да ја избегнат по секоја цена. Доколку се почувствуваат издадени, тешко простуваат и забораваат. Малку е потребно за да ги усреќите Јарците. Тие имаат голема верба во себе и во нивните способности. Не постои нешто што овие луѓе не можат да го направат.rn

    Водолија

    rnВодолиите им дозволуваат само на неколку одбрани луѓе да им се приближат. Тие се независни и си го живеат животот по нивно темпо. Навистина сакаат да ги едуцираат луѓето кои се убедени дека знаат сè. Ексцентрични се и понекогаш ги шокираат другите. На Водолиите најважен им е квалитетот, а не квантитетот. Сакаат автентичност и ги презираат копиите. Тие секогаш наоѓаат решение и никогаш не се жалат.rn

    Риби

    rnРибите простуваат, но никогаш не забораваат. Кога се вознемирени, немојте да се шегувате на сметка на нивните проблеми. На Рибите им е потребна поддршка и нема да им се допаѓа ако сте незаинтересирани. Тие сочувствуваат со сите и би направиле сè за да помогнат некому. Рибите имаат големо срце и ако ја заслужувате нивната љубов, тие се подготвени на секаква жртва за вас.rnrnДали знаете од што најмногу се срамат хороскопските знаци?

  • 4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган Маркл

    4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган Маркл

    Знаевте ли дека Меган Маркл ја објави нејзината прва книга со рецепти? Насловена „Заедно: Книга со рецепти од нашата заедница“ (Together: Our Community Cookbook), книгата содржи разни рецепти и приказни од жените од кујната во Муслиманскиот центар за културно наследство Al Manaar. Групата се формирала по трагичен пожар кој го уништил градот околу палатата Кенсингтон. Погледнете неколку интересни тајни што Меган ги споделила во нејзината книга.rn

    1. За најкремастиот намаз од авокадо…

    rn4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган МарклrnrnДодајте малку јогурт и мајонез. За секое авокадо додајте 3 лажици јогурт и 4 лажици мајонез. Меган изјавила дека ова е нејзиниот нов омилен рецепт за гвакамоле.rn

    2. Досега погрешно сте го подготвувале кускусот

    rn4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган МарклrnrnНајдобриот начин за приготвување на кускус е следниот – накиснете го кускусот во солена вода и оставете го околу 5 минути. Потоа разделете го со вашите прсти, ставете го во ситно сито и држете го на пареа покриен со фолија. Иако изгледа како многу работа, навистина вреди. Ќе добиете двојно повоздушеста маса.rn

    3. Салатата не мора да биде здодевна

    rn4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган МарклrnrnДодајте малку буковец и веднаш ќе го подобрите вкусот на салатата.rn

    4. Печењето со кефир е брилијантно

    rn4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган МарклrnrnВеќе знаете дека кефирот е одличен извор на пробиотици и калциум. Но дали некој навистина сака да го пие? Според еден рецепт од книгата на Меган, млекото можете да го замените со кефир кога правите торта, леб или колачи.rnrnПогледнете ги и советите за готвење што ќе ви го спасат секој оброк.

  • 10 чудни, нејасни и морбидни тајни друштва

    10 чудни, нејасни и морбидни тајни друштва

    Тајните друштва како Илуминатите и Масоните изгледа секогаш ќе ни бидат интересни. Но постојат голем број вакви друштва чии приказни се уште почудни и ги прават уште поинтересни од оние познатите. Дознајте нешто повеќе за нив.rn

    1. Редот на Херонеја

    rn10 чудни и нејасни тајни друштваrnrnБитката кај Херонеја во 338-ма година п.н.е. значела пораз за Светиот тебански баталјон, елитна грчка борбена единица составена од 150 војници и нивните машки љубовници. Години подоцна, во 1899-та година името ѝ припаднало на малку поразлична група – Редот на Херонеја, англиска политичка организација за хомосексуалните мажи.rnrnГрупата била основана од страна на Сесил Ајвс со цел да се комуницира без страв. Тој го патентирал редот како вистинско тајно друштво во кое имало церемонии и лозинки за членовите. Исто така имало и листа строги правила кои ги спречувале членовите да прават средби од сексуална природа. Многу геј интелектуалци биле членови, наводно и Оскар Вајлд. Организацијата брзо се проширила низ целиот свет и му овозможила на Сесил да ги промовира правата на хомосексуалците преку книги и предавања. Редот стана модерен предвесник на организациите од овој вид од 20-тиот век.rn

    2. Витезите на апокалипсата

    rn10 чудни и нејасни тајни друштваrnrnОваа група е формирана во 1693-та година со цел да се заштити католичката црква од наводното доаѓање на антихристот. Членовите носеле мечови на работа и носеле облека на која имало ѕвезда на градите. Чудното однесување на членовите веројатно е вина на самиот основач, Августино Габрино. Габрино бил познат како луд маж кој прекинал две црковни литургии мавтајќи го неговиот меч и викајќи дека е крал. На основањето на групата се прогласил за „Монарх на светото тројство“ и поставил навистина чудни правила за витезите. Овде спаѓала полигамијата и венчавање само со девици. Една година по постоењето, еден витез го предал друштвото на инквизицијата. Редот бил уништен, а витезите затворени.rn

    3. Редот на окултната рака

    rn10 чудни и нејасни тајни друштваrnrnОваа група имала само една цел. Нејзините членови внесувале само една фраза во весниците и другите изданија – како да го имала окултна рака. Групата започнала кога Џозеф Фландерс, новинар за Charlotte News, случајно ја кажал фразата во извештај. Неговите пријатели толку ја засакале што ја користеле што е можно почесто. Наскоро и други новинари и репортери од целиот свет почнале да ја употребуваат фразата. Заговорот бил откриен во 2004-та година кога Џејмс Фанега, новинар од Chicago Tribune, успеал да ги најде сите спомнувања на фразата. Групата повторно се појавила во 2006-та година кога лидерот Пол Гринберг изјави дека одбрана е нова фраза. Досега никој не успеал да ја открие.rn

    4. Клубот телешка глава

    rn10 чудни и нејасни тајни друштваrnrnКратко по погубувањето на кралот Чарлс I во 1649-та година, неговите непријатели го создале Клубот телешка глава за да се шегуваат за него. Членовите се состанувале еднаш годишно на 30-ти јануари, годишнината на погубувањето, и прославувале со бизарна вечера. Менито вклучувало глави од телиња (поддржувачите на кралот), глава од бакалар (кралот) и голема глава од дива свиња (тиранијата на кралот). Членовите имале и нивна химна и наздравувале со вино во чаши направени од телешки черепи. По враќањето на монархијата во 1660-та година, клубот морал да се состанува тајно. Неговиот крај дошол во февруари 1735-та година кога толпа луѓе влегле на еден состанок и речиси линчувале неколку членови.rn

    5. Ариои

    rn10 чудни и нејасни тајни друштваrnrnАриои било тајно друштво кое постоеле на Тахити долго пред Европејците да го најдат патот до островот. Групата била посветена на обожување на богот Оро и патувале барајќи нови членови. Со цел да ги привлечат, тие имале цели ритуали со танцување. Секој можел да побара членство, но биле прифаќање само најпривлечните и најубавите луѓе.rnrnДруштвото проповедало многу слободен животен стил за кој докажуваат некои од нивните ритуали од сексуална природа. Тие имале и строго правило со кое се забранувало раѓањето деца бидејќи тие би им пречеле на членовите. Ги абортирале сите фетуси и ги убивале сите новороденчиња. Во 19-тиот век христијаните му ставиле крај на друштвото.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Хималајски рецепти за долговечност

    Хималајски рецепти за долговечност

    Зошто во последните неколку години сè поголем број луѓе од Хималаите живеат над 100 години? Како може да изгледаат и да се чувствуваат здраво? Како ги избегнуваат болките и болестите? Продолжете со читање за да ги откриете нивните тајни.rnrnХималајски рецепти за долговечностrn

    1. Многу спијат

    rnЛуѓето од Хималаите знаат колку е важно секоја вечер да спијат онолку колку што му е потребно на телото. Тие навистина знаат да се опуштат. Квалитетниот сон е важен за умот и телото. Спиењето го намалува нивото на хормонот на стрес кој инаку може да го зголеми ризикот од многу болести. Па, секоја вечер спиете барем по 7 часа.rn

    2. Јадат калинки

    rnКалинката има многу здравствени придобивки, а најважната е што го подобрува здравјето на срцето. Истражувањата покажале дека калинките содржат супстанци кои ги подобруваат работата и здравјето на целиот кардиоваскуларен систем. Чистиот сок од калинка е трипати покорисен за срцето од зелениот чај.rn

    3. Јадат гоџи бобинки

    rnГоџи бобинките се една од главните причини за долговечноста на овие луѓе. Овие неверојатни бобинки се одличен извор на витамин Ц. Можете да консумирате чист сок од гоџи бобинки или да јадете по неколку зрна од овој плод дневно. Можете да ги јадете и свежи и суви.rn

    4. Се опуштаат во природа

    rnЛуѓето од Хималаите живеат во хармонија со природата и знаат како да ја искористат за намалување на стресот и ослободување од анксиозноста и депресијата. Многумина од нив користат и есенцијални масла. Најчесто употребуваат масло од сандалово дрво кое смирува, го намалува стресот и го подобрува расположението.rn

    5. Јадат кардамом

    rnАко имате проблеми со празнењето и страдате од гасови и подуеност, почнете да употребувате кардамом. Можете да додавате по 1 лажичка во чај или кафе. Пијте го најмалку 10 минути пред оброкот. Некои истражувања покажале дека кардамомот може да ве ослободи од масните наслаги околу органите и со тоа да ве заштити од срцеви болести и мозочен удар.

  • 10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

    10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

    Речиси секој од авторите на листава ќе ви биде познат од средно училиште. Професорите по македонски обично не зборуваат за мрачната страна на овие луѓе, но нивните животи биле полни во валкани тајни. Навистина ќе се изненадите кога ќе дознаете дека можеби и некои од вашите омилени автори биле ужасни личности.rn

    1. Џорџ Орвел ги издал своите пријатели на Тајната служба

    rn10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот животrnrnЧовекот кој нè предупреди за ужасната иднина во која шпионите и полицијата ги затвораа луѓето поради опасни мисли не бил голем љубител на слободата. Во реалниот живот тој повеќе бил дел од Големиот брат наместо да биде против него.rnrnОрвел имал тајна листа со луѓе кои ги запознавал и кои мислел дека се тајни симпатизери на комунизмот. Секој кој му изгледал дека му е поволна идејата за социјална заштита се наоѓал на неговата црна листа. Кога имал доволно имиња, ги испраќал на Британската тајна служба со порака која гласела: ‘Никогаш не им верувајте на овие луѓе.’ Не неговата листа се нашле имиња како Орсон Велс, Кетрин Хепбурн, Чарли Чаплин и многу други. Излегло дека Орвел можеби не го сакал комунизмот, но не бил многу далеку од „полицијата за мисли“.rn

    2. Вилијам Голдинг се обидел да силува 14-годишно девојче

    rn10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот животrnrnИмало причина зошто авторот на „Господар на мувите“ (Lord of the Flies) бил добро запознаен со црнилото на срцата на машките деца. И неговото срце било црно. Пред да умре, Вилијам почнал да пишува мемоари кои биле можеби премногу искрени. Во нив тој отворено признал обид за силување.rnrnКога имал 18 години, Вилијам бил опседнат со 14-годишно девојче по име Дора. Еднаш ја намамил во некое поле и се обидел да ја силува. Малата Дора почнала да го удира и успеала да избега. Она што е уште поморничаво е што додека ги пишувал мемоарите, Вилијам не чувствувал грижа на совест. Тој признал дека таа била дете, но напишал дека била атрактивна и дека сакала секс.rn

    3. Дејвид Фостер Волас бил насилен демнач

    rn10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот животrnrnАвторот на „Бесконечна шега“ (Infinite Jest) не бил најдоброто момче на светот. Можеби знаел да напише добра книга, но во реалниот живот им правел ужасни работи на жените. Мери Кар ја запознала неговата најлоша страна. Дејвид бил опседнат со неа во 1990-тите. Се вљубил во неа уште кога прв пат ја сретнал. Кога таа љубов доаѓа од човек како Дејвид, сигурно ќе настанат проблеми.rnrnМери била во брак и имала деца, но Дејвид сепак се обидувал да ја заведе. Кога таа не го напуштила сопругот за него, тој полудел. На почетокот им кажувал на сите дека се пар, иако тоа било лага. Потоа го истетовирал нејзиното име на неговите гради и му ја покажал тетоважата на сопругот на Мери. Кога ништо од тоа не успеало, почнал да ја нарекува со погрдни зборови, па дури и го скршил прозорецот на нејзиниот автомобил. Во еден момент се обидел да најми и платен убиец за нејзиниот сопруг.rnrnИако ова е однесување на луд човек, и самата Мери веројатно имала проблеми. Наместо да го пријави, таа почнала да има афера со лудиот човек кој ја демнел. Но кога биле заедно, Дејвид бил насилен. Постојано ѝ викал и фрлал работи кон неа. Таа останала со него сè додека тој не скршил една маса и се обидел да ја фрли кон неа.rn

    4. Мери Шели ја изгубила невиноста на гробот на нејзината мајка

    rn10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот животrnrnЖивотната приказна на Мери е можеби поморничава и од „Франкенштајн“ (Frankenstein). Малкумина зборуваат за ова, но Мери била навистина чудна. На пример, таа го носела срцето на нејзиниот сопруг во тегла 30 години по неговата смрт. Но ова не е најчудното нешто.rnrnВрската на Мери и Перси Шели започнала кога тие воделе љубов на гробот на нејзината мајка. Веројатно младата Шели не можела да одбере подобро место да ја изгуби нејзината невиност. Сепак, во нејзина одбрана, гробот на мајка ѝ бил место на многу случувања. На пример, татко ѝ ја научил да чита со помош на надгробната плоча на мајка ѝ. Па ако Шели била чудна, тоа било дел од нејзиното семејство.rn

    5. Виктор Иго бил зависен од проститутки

    rn10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот животrnrnКога ќе помислите на авторот на „Клетници“ (Les Miserables) и „Ѕвонарот на Богородичната црква“ (The Hunchback of Note-Dame), сексот не е првото нешто што ви доаѓа на памет. Но луѓето кои го познавале лично, знаеле дека сексот бил целиот негов живот.rnrnСексуалниот апетит на Иго бил нешто како легенда. Постои верување дека на денот на неговата венчавка, тој и неговата сопруга го консумирале нивниот брак 9 пати во една вечер. Тогаш ја изгубил невиноста, но штом почнал, не можел да запре. Наскоро имал афери со секоја жена што му дозволувала. Наводно, омилени му биле проститутките и венчаните жени. Според неговата омилена љубовница, само во периодот од 1848 и 1850 година, Иго спиел со 200 различни жени.rnrnДури и староста не го забавила. Според неговиот дневник, кој бил полн со детали од неговите секс авантури, во последните 4 месеци од неговиот живот спиел со 8 разни жени. Тогаш имал 83 години. Толку бил познат помеѓу дамите на ноќта што кога умрел, јавните куќи во Париз затвориле за да можат да му оддадат почит на најпознатиот муштерија.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 тајни за мажите и љубовта што жените не ги знаат

    7 тајни за мажите и љубовта што жените не ги знаат

    Дали некогаш сте размислиле какво е состанувањето за мажите? Многу жени веруваат дека кога станува збор за состанување, мажите ги држат сите карти. Веројатно ова мислење постои бидејќи многу жени биле одбиени, изневерени или имале некое лошо искуство со поранешен партнер. Сепак, без разлика кое е вашето мислење, постојат некои работи кои сигурно не ги знаете за мажите.rnrn7 тајни за мажите што жените не ги знаатrn

    1. Мажите се изложени на поголем ризик од одбивање

    rnВистината е дека жените се соочуваат со одбивање многу поретко од мажите. Ако една жена сака да му го привлече вниманието на некој маж, доволен е само разговор. Дури и да биде одбиена, без проблем може да продолжи понатаму. Таа може да се среќава со многу мажи без да се плаши од одбивање. Можеби ќе нема премногу опции, но сепак ќе има барем неколку. Ако мажот не го направи првиот чекор, најверојатно ќе си оди дома сам. Без разлика колку се обидува да привлече нечие внимание, тој е оној што мора да отиде кај девојката, да ја бакне или да ја покани на вечера. Поради ова на мажите им е потребна огромна самодоверба.rn

    2. Мажите не можат да договорат состанок или да добијат внимание толку лесно

    rnАко жената сака состанок, секс или пак само некоја мала промена, може лесно да го добие тоа. На некој начин, жените постојано имаат некој кој е заинтересиран за нив. Секогаш кога мажот сака да направи промена, постои ризик да биде одбиен.rn

    3. Општеството им создава голем притисок на мажите да бидат добри со жените

    rnДодека растат, момчињата кои можат да флертуваат со девојки се како херои во очите на нивните пријатели. Од друга страна, девојките кои ја имале оваа способност се учени да се срамат од тоа. Ова им праќа порака на момците дека треба да се засрамат ако не можат да привлечат девојка. Па, пред да го одбиете момчето на кое му е срам да ви пријде, размислете за притисокот на којшто е изложен.rn

    4. Мажите се научени да бидат независни и да не бараат помош

    rnКога некоја жена ќе побара помош, обично не се плаши дека ќе ѝ судат. Но, повеќето мажи се израснати со верувањето дека треба да бидат независни и силни. Нив им е срам да побараат помош кога станува збор за љубовниот живот. Ова не им дозволува да ги подобрат своите способности за состанување. Немојте да бидете груби кон мажите кои не се добри со жени и размислете како се чувствуваат и тие.rn

    5. Мажите не ги „читаат“ другите луѓе добро

    rnМажите немаат добро развиена интуиција како и жените. Исто така потешко им е социјално да се адаптираат. Просечните жени подобро се справуваат со разговори со другите и можат да претпостават што мисли нивниот соговорник. Обидете се да го разберете момчето кое не може да се вклопи секаде.rn

    6. Од машка гледна точка, сè што ѝ е потребно на една жена е нејзиниот изглед

    rnДо некаде ова е и точно. Ако жената изгледа убаво, многу полесно ѝ е да освои кој било. Ова не мора секогаш да биде момчето што ѝ се допаѓа, но без разлика каде сте во животот, ако се средите, ќе добиете нешто. Мажите во оваа ситуација гледаат убава девојка во која гледа половина бар и се обидуваат да ѝ пријдат. Многу е нормално да си помислат дека на девојките навистина им е полесно.rn

    7. Мажите добиваат измешани сигнали за тоа што сакаат девојките

    rnДа бидат џентлемени, да ги почитуваат девојките, секогаш да ги ставаат на прво место… Мажите се преплавени со совети за желбите на жените. Постојат навистина измешани пораки кои доаѓаат од медиумите, од нивните родители, па дури и од други жени. Младите мажи се присилени самите да сфатат што е она што го сакаат жените, па имајте на ум дека понекогаш не е нивна грешка што не знаат што да направат.rnrnБез разлика дали верувате или не дека мажите имаат предност кога станува збор за состанувањето, барем во овие 7 ситуации жените водат. Па кога следниот пат ќе бидете фрустрирани бидејќи некое момче разговарало со вас или изгледа како да не ве сфаќа, размислете за овие ситуации.rnrnПогледнете и што сака да чуе секоја девојка на првиот состанок.

  • Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

    Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

    Овие луѓе не станале познати правејќи ги работите како сите други. Кога станува збор за готвење, тие се вистински уметници. Па, погледнете некои од тајните состојки на познатите готвачи кои сигурно ќе ви се најдат.rn

    1. Алтон Браун: Сумак

    rnТајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користатrnrnМожеби не го користите овој зачин често, но би требало да почнете. Според Алтон Браун, овој зачин е одличен за приготвување храна со скроб.rn

    „Додава длабочина на сè со скроб – грав, компири, ориз…“

    rn

    2. Боби Флеј: Меласа од калинка

    rnТајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користатrnrnОвој мајстор за скара секогаш приготвува неверојатна храна. А една од неговите тајни состојки е меласа од калинка.rn

    „Сакам да ја користам за да создадам рамнотежа кај преливите за салата.“

    rn

    3. Емерил Лагас: Креол зачин

    rnТајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користатrnrnКако што изјавил овој готвач:rn

    „Овој зачин ми е најдобар пријател во кујната. Тој е совршена мешавина од сол, бибер и други тревки и зачини.“

    rn

    4. Гијада де Лорентис: Маскрапоне сирење

    rnТајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користатrnrnНе е ни чудно што на познатата Италијанка омилената состојка ѝ е ова сирење.rn

    „Сакам да го користам и во слатки и во солени оброци. Може да се користи наместо павлака или крем сирење.“

    rn

    5. Мајкл Симон: Лимон

    rnТајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користатrnrnОвој готвач ја знае вредноста на нешто едноставно. Според него, малку лимонов сок прави голема разлика.rn

    „Не може да се готви со многу животински масти без киселоста на лимонот.“

    rnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Можете ли да чувате тајна? Ако сте жена, најверојатно одговорот е НЕ!

    Можете ли да чувате тајна? Ако сте жена, најверојатно одговорот е НЕ!

    Ако вашиот одговор е ДА, тогаш или се лажете или сте една од ретките личности што успеваат во оваа цел. Кога станува збор за жени, едно неодамнешно истражување открило дека просечното чување тајни кај нив трае околу 32 минути. Научниците стигнале до овој резултат откако испитале околу 3.000 жени. Тие исто така откриле и други интересни информации.rnrnmozhete-li-da-chuvate-tajna-ako-ste-zhena-najverojatno-odgovorot-e-ne-www.kafepauza.mkrnrnДури 85% од испитаните жени признале дека не се способни да чуваат тајна, без разлика на нивната важност, додека пак, 50% од нив објасниле дека чувствуваат огромно олеснување кога ќе ја споделат туѓата тајна со некој друг. Личностите на кој најчесто им ги откриваат туѓите тајни се нивните најдобри пријателки, партнерот или блиски членови на семејството.rnrnОд друга страна пак, 40% од жените сметаат дека е сосема во ред да откријат тајна на личност што не ја познаваат, додека 13% од нив едноставно уживаат во озборувањето па сакаат да ги споделат информациите со сите што ги познаваат. Само 25% откриле дека чувствувале грижа на совест откако споделиле нешто што не било нивно за споделување.rnrnОткривањето туѓи тајни не е етичко и не може да помине без последици, па затоа и секоја 10-та жена од ова истражување што учествувала во озборување изгубила блиско пријателство токму поради тоа. Довербата е клучна за секој однос, особено за пријателството. Ако споделите туѓа тајна нема ништо да добиете, баш напротив, можеби и ќе ја изгубите најважната личност во вашиот живот.rnrnПрочитајте и за 11-те светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината!