КАФЕ ПАУЗА

Tag: тајни

  • 10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро

    10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро

    Џон Арден, неврофизиолог и искусен лекар, ве советува како да си го подобрите расположението, да ја намалите вознемиреноста и да бидете посреќни. Неговите совети се засноваат на најновите достигнувања во науката и во медицината поткрепени со докази.rnrn10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подоброrnrn1. Насмевката и намуртеноста испраќаат сигнал дека сте среќни или тажни. И кога ќе глумите дека сте среќни, вие ќе бидете посреќни отколку што сте.rnrn2. Ако размислувате повеќе за можностите отколку за ограничувањата, мозокот ќе формира нови врски меѓу невроните и ќе се ослободи од негативните емоции.rnrn3. Со стравот мора да бидете на ти. Наместо да го избегнувате, соочете се со него. Кога ќе се соочите со стравот, неудобноста и непријатноста постепено ќе исчезнуваат.rnrn4. Наместо да не размислувате за тоа што ве боли, прифатете ја болката. Додека размислувате колку навистина нешто ве боли, болката се намалува. Ова е научно докажано.rnrn5. Ако сте расположени, голема е веројатноста дека ќе ви се случи нешто убаво во животот. Најголемиот дел од она што се случува во животот се заснова врз расположението и се врти околу тоа.rnrn6. Обидете се да ја одржите емоционалната состојба во која сакате да бидете колку што е можно подолго. Со текот на времето, оваа состојба ќе ви доаѓа природно.rnrn7. Колку почесто намерно предизвикувате одредена состојба во себе, на пример смиреност или надеж, толку е поголема веројатноста дека таа состојба ќе ви стане навика.rnrn8. Ако тагата, депресијата или гневот се постојаната емотивна состојба на еден човек, тоа е како оштетување на плочата. Личноста треба да пронајде сила и да го прескокне тоа оштетување на плочата за песната да продолжи да свири.rnrn9. Наместо да размислувате како да го надминете проблемот, фокусирајте се на тоа зошто се појавил проблемот. Поентата е да се решат проблемите, а не да се давите во нив.rnrn10. Колку почесто човекот зборува за настаните во својот живот на одреден начин, толку се посилни и нервните врски што ги претставуваат тие мисли.rnrnИзјавите се позитивни или негативни. На пример, ако продолжите да велите: „Тешко е“, „Не знам дали можам да го преживеам ова“ или „Тоа нема да заврши добро“, тогаш е време да го смените начинот на кој размислувате.rnrnПрочитајте ги овие 3 едноставни совети за брзо подобрување на расположението.

  • 5 хороскопски знаци од кои е невозможно нешто да сокриете

    5 хороскопски знаци од кои е невозможно нешто да сокриете

    Постојат хороскопски знаци кои едноставно е невозможно да ги излажете. Се чини дека имаат способност да ја откријат секоја лага. Секогаш треба да бидете внимателни со нив и не треба да се обидувате да ги измамите или нешто да сокриете од нив. Полесно е да ја кажете вистината веднаш отколку подоцна да се обидувате да ја оправдате вашата измама.rnrn5 хороскопски знаци од кои е невозможно нешто да сокриетеrnrnВо продолжение прочитајте за кои хороскопски знаци станува збор.rn

    1. Риби

    rnРибите се многу интуитивни хороскопски знаци. Тие се и многу ранливи и чувствителни, но природата на нивните „рендгенски“ способности е прилично сокриена во фактот дека Рибите имаат буквално натприродна интуиција. Тие многу добро разбираат што се обидувате да скриете од нив. Дури не мора ниту да разговараат со соговорникот за да сфатат што се случува со него и што всушност планирал. Претставниците на овој знак совршено ги читаат гестовите и изразите на лицето. Тие се вистински „детектори“ за лаги.rn

    2. Рак

    rnРакот е многу чувствителен и емотивен. Има високо развиена способност за емпатија. Тој буквално ја тера другата личност да се чувствува како него. Раковите лесно се навредуваат. Поради тоа што доживеале голема болка, тие брзо научиле да ги „читаат“ лицата на луѓето. Детекцијата на другите најмногу ја применуваат во личните односи. Секогаш дознаваат за тајните афери или предавствата. Затоа, подобро е да не ја изневерите кревката доверба на овој знак.rn

    3. Скорпија

    rnСекако, Скорпиите се лидери меѓу оние кои можат да „намирисаат“ лаги „на километар“. И само заради тоа што овој хороскопски знак е и самиот одличен лажго и манипулатор. Тие ги имаат совладано техниките за „управување“ со луѓето и честопати ги коритат. Скорпиите ги знаат сите техники. Дури и ако не го научиле намерно, тие се во нивната крв. Буквално знаат сè за тоа како да влијаат врз луѓето и да добијат од нив сè што сакаат. Па така, „детектираат“ лаги уште од првата секунда.rn

    4. Јарец

    rnЈарецот сака да размислува и да анализира. Сето ова му помага да ги спознае луѓето, па затоа е опкружен само со луѓето на кои им верува.rn

    5. Близнаци

    rnБлизнаците припаѓаат на типот луѓе кои едноставно не можат да бидат сами. Ним дефинитивно им е потребна комуникација, па дури не е ни важно со кој ја остваруваат. Со толку многу пријатели, се чини дека го губат чувството за тоа кој е кој. Но, не! Тие веднаш утврдуваат кому да веруваат, а од кого да се држат настрана. Близнаци може да имаат добри односи речиси со сите, но само неколкумина ги сметаат за вистински пријатели.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои се 6-те хороскопски знаци кои може да ве излудат.

  • Како реагира вашето тело кога криете нешто од партнерот?

    Како реагира вашето тело кога криете нешто од партнерот?

    Чувањето тајна никогаш не е лесно, но криењето нешто од партнерот може да биде уште потешко, особено затоа што силните врски се градат врз доверба и искреност. Избегнувањето на темата може да ја изневери таа доверба и да предизвика многу стресни ситуации. Но, и покрај потенцијалните несакани ефекти, имајте на ум дека некогаш е подобро некои одредени работи да ги чувате само за себе.rnrnКако реагира вашето тело кога криете нешто од партнерот?rnrnПостои разлика помеѓу приватноста и тајните. Сите возрасни личности имаат свои приватни мисли што не ги откриваат пред партнерот. На пример, вие не мора да му го раскажете на партнерот целото ваше минато ако не сакате да го направите тоа. Исто така, ако не чувствувате дека некој моментот е добар за да споделите некоја приказна, подобро е да почекате.rnrnНо, стресот многу почесто е предизвикан од теми што би можеле да влијаат лошо на вашата врска или од работи што вашиот партнер треба да ги знае, но вие се плашите да му ги кажете. Ако информациите што треба да ги споделите со партнерот ви изгледаат потенцијално опасни за вашата врска и можат да му наштетат на партнерот или ако мислите дека вашиот интегритет, доверба или верност ќе бидат загрозени, тогаш тој процес може да биде многу стресен.rnrnСè додека ја чувате тајната во себе, ќе забележите дека се појавуваат многу стресни симптоми. Можеби ќе се чувствувате нервозни и вознемирени секојпат кога партнерот ќе почне да разговара на теми поврзани со информациите што ги криете, а со текот на времето ќе развиете главоболки, стомачни болки и мускулна напнатост. Исто така, тајната што ја криете може да влијае на вашата дневна рутина, а главниот симптом е неможноста да спиете во текот на ноќта. Првичното заспивање е лесно, но се будите во 2 часот наутро без причина, а следниот ден сте уморни.rnrnСо текот на времето, криењето нешто важно може да влијае и на вашата емотивна состојба. Можеби ќе бидете помалку трпеливи и повеќе нервозни, па ако сакате да го зачувате вашето здравје, имајте предвид дека подобро е да ја откриете тајната.rnrnСепак, можеби ќе одлучите да не ги споделите информациите со вашиот партнер и, наместо тоа, да го споделите проблемот со некој близок или со терапевт и да се ослободите од товарот. Но, ако партнерот треба да ја знае информацијата, најдете време да разговарате со него на место и во ситуација што ќе бидат удобни за двајцата. Ако криете нешто од партнерот затоа што сте загрижени дека тоа што ќе го дознае ќе го вознемири и ќе направи да се почувствува изневерено, бидете подготвени за токму таква реакција. Најверојатно партнерот ќе има негативна и одбранбена реакција и ќе му треба време да го процесира тоа што ќе му го кажете. Поради тоа, бидете подготвени повторно да разговарате за тоа подоцна, доколку има потреба.rnrnБидејќи криењето нешто од партнерот може да влијае на вашата врска, но и на вашето здравје, подобро е да ја кажете тајната. Откако ќе кажете, ќе се чувствувате многу подобро и ќе можете да започнете да ја поправате вашата врска, доколку има потреба за тоа. Но, запомнете дека од вас зависи одлуката што е приватност, а што треба да споделите со партнерот. Слушајте го вашето тело и направете го вистинскиот избор.rnrnПрочитајте какво е влијанието на хроничниот стрес врз секој дел од организмот.

  • 6 мажи и жени ги откриваат сексуалните тајни поради кои се развеле

    6 мажи и жени ги откриваат сексуалните тајни поради кои се развеле

    Клучот за среќна и успешна врска, помеѓу другото, е блискоста, но и добриот сексуален живот. Кога сексуалниот живот на еден брачен пар не е задоволувачки, во нивниот живот се вовлекува трајно незадоволство. Поради тоа многу мажи и жени почнуваат да бараат задоволство надвор од бракот, па во еден момент доаѓа до развод бидејќи таквиот живот повеќе им нема смисла на сопружниците. Сексуалните терапевти често тврдат дека според искуствата на нивните клиенти, незадоволството од сексуалниот живот влијае на намалување на самодовербата и самопочитта. Еве што изјавиле мажите и жените коишто се развеле поради незадоволство од сексуалниот живот.rnrn6 мажи и жени ги откриваат сексуалните тајни поради кои се развелеrn

    1. Никакво воведување новитети

    rn

    „Ја запознав својата сопруга кога имав 17 години и таа беше првата личност со која водев љубов. Откога се венчавме мислам дека и двајцата сфативме дека не сме во состојба да воведеме нешто ново во нашиот сексуален живот. Можеби можевме да бидеме повеќе отворени еден кон друг, но после раѓањето на нашето дете и еден спонтан абортус, почна да ја снемува искрата во сексот. Сфативме дека подобро функционираме како пријатели отколку како партнери.“ – Лука, 35

    rn

    2. Изневерување

    rn

    „Мојот поранешен сопруг ме изневери и кога тоа се случи бев подготвена да му простам. Но, тој рече дека не сака моногамна врска така што разводот беше единствената прифатлива опција за мене.“ – Клара, 31

    rn

    3. Немање односи

    rn

    „Вистината за мојот брак е дека јас и мојот сопруг имавме секс само три пати во година и пол, колку што траеше и нашиот брак, и тоа беше пресудно да поднесам барање за развод. Мојот поранешен сопруг воопшто немаше желба да дискутираме и да ги истражиме причините (физички и емотивни) поради кои немаше желба за секс. Сметам дека имам полно право да бидам во брак со некој којшто ме посакува. Поради тоа се разведовме.“ – Лидија, 29

    rn

    4. Редовно посетување проститутки

    rn

    „Мојот поранешен сопруг беше извонреден љубовник, со кого уживав во текот на 20 години брак. Но, случајно открив дека редовно посетува проститутки и после тоа никогаш не стапив во интимен однос со него.“ – Катарина, 51

    rn

    5. Пресериозно сфаќање на сексот

    rn

    „Мојата поранешна сопруга имаше строги упатства за тоа што треба да правам во текот на сексот, така што тоа повеќе личеше на одење на работа отколку на уживање.“ – Јурица, 34

    rn

    6. Игнорирање на нејзините потреби

    rn

    „Во мојот прв брак бев многу млад и неискусен и не знаев дека на мажите и жените им е потребен различен пристап во сексот. Го извршував односот брзо додека мојата сопруга очекуваше да трае подолго и да има повеќе интимност. Непријатно ми е сега кога размислувам за тоа.“ – Ловро, 52

    rnПрочитајте што откриваат мажите за женските недостатоци.

  • 5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот маж

    5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот маж

    Стапувањето во брак е еден од најголемите чекори и најважната одлука која ја носиме во животот. Се заколнуваме на вечна љубов, посветеност и грижа. Ветуваме дека секогаш ќе бидеме заедно, во добро и во зло. За бракот да опстане, се подразбира дека не треба да има тајни и дека треба да бидеме целосно отворени и искрени еден кон друг. Сепак, според некои истражувања, постојат некои тајни, кои девојките сакаат да ги задржат за себе и да не ги споделат со својот брачен партнер. Дознајте кои се тие 5 тајни, кои секоја девојка ги крие од својот иден сопруг.rnrn5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот мажrn

    1. Разговорите со најдобрата пријателка

    rnБез разлика колку и да се труди, партнерот никогаш нема да ги дознае деталите од разговорите на неговата девојка со нејзината најдобра пријателка. Најдобро е тој да го прифати нивниот однос како сличен на брачниот – заснован на љубов, почит и доверба. Во некои случаи, на девојките им е полесно да им се доверат на другарките отколку на партнерот. Сепак, тоа не значи дека љубовта и довербата кон партерот не се доволно силни. Најдобрата пријателка со сигурност знае некои детали за врската, како на пример за љубовта и љубомората, за некои нејзини несигурности или стравови. Доколку партнерот упорно се труди да ги дознае сите „женски разговори“ помеѓу неговата партнерка и нејзината најдобра другарка, тогаш со таквото однесување може само да предизвика непотребна кавга.rnrn5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот мажrn

    2. Проверката на поранешните момчиња

    rnЉубопитноста е главната причина за проверка на поранешните момчиња на социјалните мрежи. Едноставната љубопитност нѐ тера да провериме што прават тие, дали промениле некои навики, дали пронашле среќа во љубовта… Сепак, оваа љубопитност тешко може да му се објасни на партнерот без да настане љубомора и сомнеж. Поради тоа, повеќето девојки своите бивши партнери ги проверуваат во тајност.rn

    3. Несогласувањето со мајката на партнерот

    rnЗа жал, во повеќето случаи, односот на девојките со идната свекрва не е совршен. Тешко е да се исполнат очекувањата на една жена која ги вложила сета своја љубов и внимание во одгледување на своето дете. Кога односите со идната свекрва не се добри, девојката ова ќе го чува во тајност сѐ додека не дојде до ескалација на некоја ситуација. Ваквата постапка најверојатно уште повеќе ќе го отежни враќањето на односите во нормала, но сепак девојките често избегнуваат мешање помеѓу мајката и синот.rnrn5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот мажrn

    4. Контактирањето со бившиот

    rnДоколку понекогаш девојката се сретнува со бившиот, ваквото дружење е уште потешко за објаснување отколку следењето на неговиот профил на социјалните мрежи. Сепак, доколку станува збор за долгогодишна врска која завршила на мирен начин, комуникацијата со бившиот е всушност разбирлива. Тешко е да се избрише некој од животот со кого секојдневно сте се дружеле, со години. Но, сокривањето на ваквото дружење всушност може да има полоши последици отколку признанието дека ова дружење постои. Доколку партнерот дознае за ова, првата работа на која ќе помисли е неверството.rn

    5. Најлудите работи кои ги направила додека излегувала со другарките

    rnДевојката ќе сака да го запознае партнерот со сите нејзини пријателки. Притоа, сигурно ќе му бидат прераскажани некои настани од заедничките излегувања, но деталите ќе останат во тајност. Ситуацијата кога му заѕвонела на бившиот и му рекла дека сѐ уште го сака, кога бакнала некој непознат или испила малку повеќе – сите овие работи сепак ќе останат тајна помеѓу нејзините најблиски пријателки. Сепак, постои можност по неколку години таа да му раскаже за некоја луда ситуација од нејзините студентски денови.rnrn5 тајни која секоја девојка ги крие од идниот мажrnrnЗдравиот однос со партнерот се темели на искреност. Сепак, некои тајни остануваат скриени и не претставуваат опасност. Ситните тајни кои ги делиме со пријателките, како проверувањето на бившиот партнер и лудите излегувања пред неколку години, можат да останат тајни кои не предизвикуваат болка за никого. Но, доколку чувствата за бившиот партнер повторно се појават, мајката на партнерот упорно нѐ напаѓа, доколку средбите со бившиот се повеќе од дружење и излегувањето пред неколку години имало катастрофални последици, тогаш овие ситуации ќе влијаат на врската без разлика колку и да е цврста.rnrnПрочитајте и кои тајни ги откриваат само вистински заљубените мажи.

  • Овие тајни ги откриваат само вистински заљубените мажи

    Овие тајни ги откриваат само вистински заљубените мажи

    Познато е дека мажите најчесто не сакаат да разговараат за своите емоции, ниту пак да ги покажуваат пред другите. Но, кога ќе се заљубат, сите нивни бариери паѓаат и тие се спремни целосно да се отворат. Од жените кои навистина ги љубат немаат потреба ништо да кријат, па ако тој ви ги открил овие нешта, тоа е знак дека е ваш во целост!rnrnrn

    1. Ви кажува дека сака да ве гушка

    rnИако можеби пред пријателите ќе глуми дека не сака нежности, секој заљубен маж, исто како и жената, обожава да се гушка со саканата личност, особено пред спиење. Ако ви го признал ова, тоа значи дека е луд за вас!rn

    2. Ви признава дека се плаши да ве изгуби

    rnСтравот од загуба е чест во врските, и кај мажите и кај жените. Но, мажите повешто го кријат. Па, ако тој ви дал до знаење дека ве цени многу во својот живот и дека се плаши да ве изгуби, тогаш станува збор за вистинска љубов.rn

    3. Ви бара емоционална поддршка

    rnКако што веќе спомнавме, мажите се навикнати да ги чуваат емоциите во себе, но кога се чувствуваат сакано, и кога и самите љубат, тие ќе побараат совет или поддршка во тешките моменти. Тоа значи дека целосно ви верува и дели сè со вас.rn

    4. Ви ги открива сексуалните фантазии

    rnАко тој е искрен за тоа што навистина го сака меѓу чаршафите и ако се грижи и за вашите сексуални фантазии, сакајќи да ве задоволи, тогаш го имате вистинскиот маж покрај вас! Тоа значи дека не се грижи само за себе, туку и за вас.

  • 7 работи што повеќето мажи никогаш нема да им ги признаат на своите партнерки

    7 работи што повеќето мажи никогаш нема да им ги признаат на своите партнерки

    Нормално дека нема потреба да му кажувате сè на вашиот партнер. Сигурно имате некои тајни кои никогаш не би ги споделиле со него. Но сигурно сакате да знаете кои се нештата што мажите најчесто ги кријат од своите партнерки. Можете да дознаете во продолжение.rnrn7 работи што повеќето мажи никогаш нема да им ги признаат на своите партнеркиrn

    1. Има атрактивна колешка

    rnНормално дека партнерот никогаш нема да ви го каже ова. Всушност, ова е и добро од негова страна. Сигурно не сакате постојано да размислувате како тој секој ден минува време со оваа привлечна жена.rn

    2. Гледа порно филмови

    rnШто ѝ да ви кажува, голема е веројатноста вашиот партнер да гледа порно филмови.rn

    3. Љубоморен е

    rnПовеќето мажи никогаш не ја покажуваат нивната љубомора. Повеќе сакаат да премолчат и да се преправаат како сè да е во ред додека разговарате со згодниот сосед. Најчесто мажите ја гледаат љубомората како слабост, па ретко кога ќе ја признаат.rn

    4. Несигурен е за време на секс

    rnИ ова произлегува од категоријата „покажување слабост“. Несигурноста за време на секс е вистинска катастрофа за мажите. Имено, повеќето мажи ја мерат нивната „машкост“ според тоа какви се во кревет. Поради тоа, партнерот никогаш нема да ви признае дека понекогаш се чувствува навистина несигурно.rn

    5. Сака романтични филмови

    rnМожеби партнерот ви кажува дека воопшто не му се допаѓаат романтичните филмови, но најверојатно ова е лага. Сепак, и тие уживаат во љубовните сцени и сакаат да се замислуваат во такви сценарија.rn

    6. Потребни му се комплименти

    rnНиту еден маж нема да ја замоли својата партнерка да му каже нешто убаво. Но, факт е дека и на мажите им е потребно признание исто како и на жените. Па, не се воздржувајте од комплименти, сигурно ќе му годат.rn

    7. Најверојатно не ја сака вашата мајка

    rnОва се случува навистина често, но бидејќи нема да сака да ве повреди, партнерот никогаш нема да ви признае што навистина мисли и чувствува за вашата мајка.rnrnПогледнете и кои се малите „валкани“ тајни што мажите ги кријат од вас.

  • 7-те тајни на жените со совршена коса

    Секој ден, на Интернет, на телевизија и во весниците гледаме ѕвезди со совршени коси. Бидејќи ние немаме цел тим од стилисти, се обидуваме да го извлечеме максимумот од нашата коса со нови производи и тренди фризури. Но, нема потреба од ова. Во продолжение погледнете ги 7-те тајни на жените со совршена коса и почнете да ги користите уште денес.rnrn7-те тајни на жените со совршена косаrn

    1. Избегнуваат топлина

    rnСтилистите препорачуваат сушење и обликување на косата без топлина. Важно е да користите помагала кои се нежни кон вашата коса, односно кои не ја уништуваат со непотребна топлина. Доколку сепак не можете да се ослободите од фенот или пеглата за коса, не заборавајте на косата да нанесете заштитен спреј од топлина.rn

    2. Спијат на свила

    rnИнвестирајте во постелнина од свила. Нејзината нежна текстура нема да ви ја заплетка косата, како што тоа го прави памукот. На овој начин вашата коса ќе остане мека.rn

    3. Не штедат на регенератори

    rnКосата, исто како и кожата, бара влага. Па, со секое миење на косата нанесувајте и хидратантен регенератор.rn

    4. Се хранат здраво

    rnЗа здрава коса потребна е здрава исхрана. Особено добро е да консумирате намирници богати со железо, цинк и омега 3 масни киселини. Овие состојки ѝ даваат волумен и сјај на косата, а истовремено го поттикнуваат и нејзиното растење.rn

    5. Внесуваат важни витамини

    rnЗа да дознаете дали имате недостаток од некој витамин, погледнете колку ви се здрави кожата и ноктите. На пример, доколку кожата ви е сува а ноктите кршливи, голема е веројатноста дека и на вашата коса ѝ е потребна дополнителна нега. Биотинот, или витамин Х, кој се наоѓа во овесните снегулки и оризот е важен за косата и го спречува нејзиното паѓање. Исто така и витамините А, Б, и Ц имаат позитивно влијание врз растот на косата.rn

    6. Не минуваат многу време на сонце

    rnПокрај тоа што сонцето е штетно за кожата, тоа ѝ штети и на вашата коса. За да го спречите ова, стилистите препорачуваат секој втор ден да нанесувате регенератор што не се измива. Нанесете го од средината на главата до врвовите на косата и ќе ја заштитите од штетните УВ зраци, ветерот и солената вода.rn

    7. Миење со студена вода

    rnНемојте да ја миете косата со жешка вода. Превисоката температура го намалува волуменот на косата и најдобро е да ја миете со млака вода. Продуктите за нега на коса секогаш плакнете ги со студена вода.rnrnПогледнете ги и овие трикови за поголем волумен на косата.

  • Изненадувачки карактеристики што секој хороскопски знак се обидува да ги сокрие од другите

    Изненадувачки карактеристики што секој хороскопски знак се обидува да ги сокрие од другите

    Доколку ве интересира астрологијата, веројатно ги знаете главните карактеристики на хороскопските знаци. Но, понекогаш постојат работи кои се невидливи за нас. Секој човек си има по некоја тајна одлика којашто се обидува да ја сокрие најдобро што може. Па, погледнете ги тајните особини кои хороскопските знаци се обидуваат да ги сокријат по секоја цена.rnrnИзненадувачки карактеристики што секој хороскопски знак се обидува да ги сокрие од другитеrn

    Овен

    rnОвните не сакаат да знаете дека потајно се навистина емоционални. Тие сакаат да се преправаат дека се силни и незаинтересирани, со цел да не изгубат контрола пред другите. Сакаат другите да ги гледаат како смирени и прибрани луѓе, но вистината е дека лесно се повредуваат и ги засегаат дури и најмалите нешта.rn

    Бик

    rnОвие луѓе не сакаат да знаете дека се грижат за туѓото мислење. Иако изгледаат како личности со голема самодоверба и како интроверти, потајно се грижат што мислат другите за нив и за впечатокот што го оставаат. Сакаат да им се допаѓаат на сите, но никогаш нема да го признаат тоа.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците никогаш нема да признаат дека всушност сакаат да бидат сами. Тие се животот на секоја забава и секогаш се опкружени со голем број пријатели, но длабоко во себе се самотници и понекогаш имаат потреба од време поминато само со себе.rn

    Рак

    rnРаковите се изгубени души и не сакаат никој да го дознае тоа. Тие се грижат за другите, па никогаш нема да им кажат на саканите дека воопшто не знаат што сакаат или кои се. Овие луѓе сакаат да ги советуваат другите и не сакаат да се посомневате во нивната мудрост.rn

    Лав

    rnЛавовите потајно се исплашени од неуспех. Тие се познати по нивната храброст и по лидерските способности, па токму поради ова волонтираат или планираат екстремни авантури. Но, секој пат им е страв дека нема да завршат добра работа. Сепак, умешно го кријат ова и прават сè да изгледа навистина лесно.rn

    Девица

    rnДевиците се вистински романтичари. Можеби водат со нивниот ум и се во допир со реалноста, но потајно уживаат во романтичните книги и филмови. Штом вистински ќе се вљубат, можно е да ја покажат оваа нивна страна.rn

    Вага

    rnВагите се обидуваат да сокријат дека не сакаат другите да зависат од нив. Тие се залагаат за мир и правда, но понекогаш едноставно не сакаат другите да бараат нешто од нив. Не сакаат да бидат вклучени во туѓите животи колку што се. Понекогаш, ова е премногу за нив.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите сакаат да сокријат дека се опседнати со нивните сакани. Се однесуваат како да не им е грижа додека другите ги бркаат, но потајно ги „демнат“ личностите што им се допаѓаат и постојано проверуваат дали имаат порака од нив.rn

    Стрелец

    rnСтрелците не се толку наметливи колку што изгледаат. Можеби се однесуваат сигурно во себе и никогаш не се сомневаат, но речиси секогаш размислуваат за нивните избори и се прашуваат дали се вистински. Воопшто не го применуваат она што го зборуваат за свесноста и љубовта кон себе.rn

    Јарец

    rnЈарците се всушност навистина комплицирани личности. Се однесуваат како да се едноставни, разбрани и директни, но всушност е невозможно да откриете што навистина чувствуваат или што мислат. Откако добро ќе ги запознаете, ќе сфатите дека нивниот карактер е многу покомплексен.rn

    Водолија

    rnВодолиите се навистина срамежливи, но даваат сè од себе за да го сокријат тоа. Навистина, речиси е невозможно да поверувате во ова бидејќи тие секогаш се уметници, забавувачи или јавни личности. За жал, не уживаат во сето ова внимание и го трпат само затоа тоа што мораат. Длабоко во себе, тие сакаат едноставен живот.rn

    Риби

    rnРибите мразат да бидат сами. Иако бараат простор и одвреме-навреме исчезнуваат, потајно сакаат другите да ги бркаат и да ги бараат. Тие ја сакаат драмата предизвикана од исчезнувањето, но не и самиот акт. Не сакаат да бидат сами, но го прават тоа за внимание.rnrnДознајте ги и најстрашните тајни на секој хороскопски знак.

  • Нешта што мажите им ги откриваат само на жените кои ги сакаат

    Нешта што мажите им ги откриваат само на жените кои ги сакаат

    Понекогаш мажите не сакаат да разговараат за одредени теми со никого. Меѓутоа постојат многу работи кои би сакале да ги откријат, но само ако ги праша жената што навистина ја сакаат. Па, поставете му прашање на вашиот партнер за некои од следниве нешта и навистина ќе се изненадите.rnrnНешта што мажите им ги откриваат само на жените кои ги сакаатrn

    Сака силно да ве прегрне

    rnВљубениот маж е подготвен да ја допира неговата сакана со денови. Зарем партнерот никогаш не ви кажал колку му е убаво кога спие во вашата прегратка? Слободно прашајте го за ова, а одговорот пријатно ќе ве изненади.rn

    Страв му е дека ќе ве изгуби

    rnТоа што мажите најмногу се обидуваат да го сокријат од другите е фактот дека и тие можат да бидат исплашени. Можеби партнерот нема директно да ви каже, но тој секогаш се плаши дека може да ве изгуби. Обидете се некогаш да го прашате како го замислува животот без вас.rn

    Потреба за емоционална поддршка

    rnМажите можат да направат сè за да не покажат дека им е потребна помош. Кога доволно добро ќе го познавате вашиот партнер, ќе знаете кога му е потребна поддршка, дури и без да ви каже. Но, најдобро е во овие ситуации директно да го прашате.rn

    Сексуални фантазии

    rnСексот и фантазирањето често се придружени со чувство на вина и срам. Па, вашиот партнер можеби многу добро ги крие неговите желби од вас. Слободно прашајте го за неговите сексуални фантазии, па можеби ќе пробате и нешто ново и забавно во кревет.rnrnДали знаете кои се најголемите тајни стравови на мажите?