КАФЕ ПАУЗА

Tag: сунѓер

  • Како да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?

    Како да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?

    На децата може сè да им биде забавно и никогаш не им недостасува инспирација и имагинација. Сепак, пожелно е и возрасните да дадат свој придонес во тој поглед. На пример, можете да ги искористите сунѓерите што ги имате во вашиот дом и да направите интересни играчки за вашите деца.rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rn

    Што ви е потребно за да направите играчки од сунѓер?

    rnСунѓери во различна боја, ножици, лепило, панделки и дрвени стапчиња. Можете да направите сладолед на стапче од сунѓер, венец во разни форми, животни како ежови, жаби, птици, пеперутки и сл., потоа чамци, морски суштества, па дури и форми како облаци и сонце.rnrnДецата можат да ги користат овие весели сунѓери како алатки за уметничко сликање. Обезбедете им само соодветна површина и акрилни бои и гледајте како стануваат мали уметници.rnrnМеѓу омилените играчки направени од сунѓер се малите бомби кои се лесни за правење и многу забавни за играње. Сунѓерите треба да се исечат на тенки ленти, а потоа да се врзат во средината. Потоа, бомбите се натопуваат во кофа со вода и секое дете има можност да покаже колку далеку може да фрли. Погледнете ги предлозите во продолжение за да пронајдете инспирација какви играчки да им направите на вашите деца.rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnКако да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?rnrnАко на децата им е здодевно, искористете ги овие предмети што ги имате дома за да им биде позабавно.

  • Како се користи сунѓерот од растението коњак и зошто токму вие треба да го пробате?

    Како се користи сунѓерот од растението коњак и зошто токму вие треба да го пробате?

    Сигурно веќе сте слушнале за овој сунѓер, но доколку не знаете за што станува збор – ова е вашата шанса. Овој сунѓер чија популарност вртоглаво расте може да ви помогне на природен начин да го чистите и негувате лицето. Еве зошто во последно време токму сунѓерот растението коњак стана толку популарен.rnrn1-konjac-sungjer-kako-se-koristi-i-zoshto-treba-da-go-isprobate-www.kafepauza.mk_rn

    Што претставува сунѓерот направен од растението коњак?

    rnМожеби во парфимерија, во продавница или на Интернет сте виделе некој мал, кружен, обоен сунѓер, но не ви било јасно за што тој служи. Овие сунѓери се произведуваат од истоимената билка коњак (позната и како ѓаволов јазик), поточно од нејзиниот исушен корен. Во Азија оваа билка се користи преку 2000 години, а самите сунѓери околу 100 години.rnrnПроцесот на правење е едноставен – правот од коњакот се меша со калциум хидроксид, па се загрева, се замрзнува, а потоа се суши. Калциумот прави крајниот продукт да биде нешто што помага при балансирање на pH нивото на кожата. Понекогаш на таа смеса се додава зелена или црвена глина за да се приспособи на различни типови кожа.rnrn4-konjac-sungjer-kako-se-koristi-i-zoshto-treba-da-go-isprobate-www.kafepauza.mk_rnrn

    Зошто сунѓерот од растението коњак дава резултати?

    rnОвој сунѓер покрај тоа што е добар за пилинг, добар е и за акни, митесери и егземи. Коњакот ја храни кожата со витамини А, Б, Ц, Д и Е, протеини, липиди, масни киселини, цинк, железо и магнезиум. Оваа магична билка содржи и антиоксиданси и низ историјата се користела за лекување тумори.rnrnЗа разлика од другите препарати наменети за пилинг, коњакот е потполно нештетен за околината и е целосно природен и биолошки разградив. Најдоброто од сѐ е тоа што коњак сунѓерот во себе содржи толку добри состојки што за чистење на лицето може да се користи само вода. Некои истражувања покажале дека овој сунѓер дури ја спречува и појавата на бактериите кои предизвикуваат акни.rn

    Која боја на сунѓер треба да ја изберете?

    rnТемно сивиот сунѓер содржи јаглен и тој е добар за кожа која е склона кон акни.rnrnЦрвениот или розовиот сунѓер содржи француска глина која е добра за чувствителна, зрела или сува кожа.rnrnЗелениот сунѓер обично содржи зелена глина која е добра за детоксикација и отстранување на вишокот маснотии.rnrnОбрнете внимание кога ќе купувате дали некој од тие обоени сунѓери содржат вештачки состојки. Доколку не сте сигурни, земете коњак сунѓер што не е обоен.rnrn3-konjac-sungjer-kako-se-koristi-i-zoshto-treba-da-go-isprobate-www.kafepauza.mk_rn

    Како се користи?

    rn1. Кога прв пат ќе го земете во рака ќе забележите дела е малку тврд. Потопете го во топла вода околу 15 минути пред да започнете со употреба.rnrn2. После првата употреба, секој нареден пат треба да го оставате да отстои од 1 до 2 минути во топла вода. Откако ќе се потопи во вода тој станува 1,5 пати поголем.rnrn3. Нежно исцедете го вишокот вода држејќи го сунѓерот помеѓу вашите дланки. Можете да нанесете на него многу малку средство за чистење лице, а можете да го користите и без ништо.rnrn4. Тријте го лицето нагоре со кружни движења. Концентрирајте се на деловите од лицето кои се суви или склони кон акни. Овие сунѓери ќе ја отстранат секоја нечистотија од лицето, како и шминката (за отстранување на малку потешка шминка ќе морате да додадете малку кокосово масло).rnrn5. Измијте го сунѓерот со ладна вода и нежно исцедете го помеѓу дланките. Немојте да го вртите или пак, да го влечете.rnrn6. Ставете го некаде на воздух за да се исуши. Како второ решение, можете да го чувате затворен во некој сад во фрижидерот. Погрижете се да биде подалеку од светлина и влага (не е баш најдобра идеја да го држите во бањата каде што има доста пареа).rn

    Одржување на сунѓерот од растението коњак

    rn1. Секои две недели ставајте го сунѓерот во врела, но не зовриена вода на 5 минути за да го дезинфицирате.rnrn2. После 4 до 6 недели купете нов сунѓер. Време е за нов сунѓер кога ќе забележите дека тој не се однесува како претходно и кога ќе започне да се „распаѓа“.rnrn2-konjac-sungjer-kako-se-koristi-i-zoshto-treba-da-go-isprobate-www.kafepauza.mk_

  • Не, ова дефинитивно не е тоа што помисливте, а неопходно ѝ е на секоја жена!

    Не, ова дефинитивно не е тоа што помисливте, а неопходно ѝ е на секоја жена!

    Дали сте слушнале за силиконско сунѓерче и знаете ли за што служи? Со оглед на тоа дека многу потсетува на имплантите кои се вградуваат во градите, ни беше интересно да му посветиме повеќе внимание на овој интересен изум.rnrn1-ne-ova-definitivno-ne-e-ona-na-shto-pomislivte-a-neophodno-i-e-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_rnrnДефинитивно нема дилема – иако личи на имплант за гради, дефинитивно не служи за тоа. Неговата намена е сосема поинаква и жените ширум светот се луди за него. Всушност, во прашање е сунѓерче (бјути блендер), кое дамите го користат за изедначување на нијансите на своето лице. Секако, тоа е како бјути блендерите на кои сме навикнати и кои имаат своја цел, но ова сунѓерче е многу побарано и попопуларно ширум светот.rnrnrnrnОсвен тоа што одлично ја размачкува и контурира бојата на пудрата, коректорот и руменилото на вашето лице, неговата најголема корисност се крие во провидноста. Зошто? Поради една причина. Додека го користите, јасно ја гледате бојата која ја добивате со мешањето различни нијанси.rnrnrnrnИсто така, добрата страна на овој производ е тоа што за неговото одржување е потребен минимален труд и можете да го миете буквално после секое користење.rnrnrnrnНе е потребно да внесувате никаков напор, туку само да го ставите под млака вода и лесно да го истриете со течен сапун. Исто така, фрлањето на ваквите козметички производи можете да го сведете на минимум.

  • Како правилно да ги користите сунѓерчињата за шминка?

    Како правилно да ги користите сунѓерчињата за шминка?

    Во последно време премногу се зборува за сунѓерчињата за лице и тоа не е случајно. Постои причина зошто ги гледате во секое мејкап видео на Јутјуб, но зошто и сите мејкап артисти ги користат. За некои од нас, тие можат да делува комплицирано, во што има вистина, па затоа и се придржуваме до веќе познатите четки кои доаѓаат во различни големини и облици. Навистина, четките се незаменливи и никогаш нема да престанеме да ги сакаме и користиме. Но, сунѓерчињата имаат своја цел, која на некој начин е незаменлива. Ако веќе се одлучивте да купите сунѓерче за шминка, еве како да го одржувате и да се грижите за него, за тоа да ви трае што подолго.rnrn1-kako-pravilno-da-gi-koristite-sungjerchinjata-za-shminka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Користете го вашето сунѓерче мокро

    rnПред секое употребување задолжително намокрете го вашето сунѓерче! Ставете го под млаз вода и оставете го да се натопи. Потоа исцедете го за да биде влажно. На тој начин, подеднакво ќе ја нанесете течната пудра и со тоа ќе ги избегнете трагите кои би останале доколку е суво. Исто така, завршницата на пудрата ќе биде полесна и повеќе хидрирана.rn

    2. Измијте го сунѓерчето после секое користење

    rnПознатите шминкери предлагаат благо перење на сунѓерчето после секое користење, а еднаш неделно е потребно длабинско перење. Немојте премногу да размислувате како треба, бидејќи обичниот сапун за раце е одличен за тоа! Доколку е премногу валкано, можете да го оставите да отстои преку ноќ во вода со сапун. Немојте премногу да го стискате додека го перете, особено ако имате нокти, бидејќи можете да го оштетите. Затоа, стискајте го само помеѓу дланките.rn

    3. Внимавајте да се исуши убаво

    rnДоколку планирате вашето сунѓерче да го спакувате во несесер и да го носите со себе, морате да бидете сигурни дека е потполно исушено. Ако се случи да остане подолго време затворено и влажно, може да фати мувла, а тоа не е добро за вас и вашата кожа.rnrn2-kako-pravilno-da-gi-koristite-sungjerchinjata-za-shminka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Немојте да го ставате во микробранова печка

    rnАко сте читале малку повеќе за одржувањето на сунѓерчињата, сигурно сте виделе дека некои предлагаат да го ставате во микробранова печка, за да го исчистите од бактериите. Тоа немојте воопшто да го правите. Вистина е дека топлината ги убива микроорганизмите, но овие сунѓерчиња се чувствителни на топлина и можете да предизвикате контра ефект.rn

    5. Го имате сунѓерчето премногу долго?

    rnПо некое непишано правило, сунѓерчето треба да се менува на секои 3 месеци. Доколку го чувате подолго од тоа време, ќе започне да ги губи своите својства и ќе започне да се кине. Затоа, настојувајте да го менувате почесто.rnrnКога зборуваме за цената на сунѓерчињата, тие варираат од доста евтини до премногу скапи. Избирајте ги спрема вашиот буџет, но во секој ранг може да се најдат добри и лоши. Среќно со користењето и се надеваме дека дознавте нешто повеќе.

  • Не фрлајте го сунѓерот, со овој едноставен трик тој ќе биде повторно чист!

    Не фрлајте го сунѓерот, со овој едноставен трик тој ќе биде повторно чист!

    Кујнските сунѓери се полни со опасни бактерии, а нивното чистење со средство за миење садови и топла вода не е доволно за овие штетници да се уништат, туку тие и понатаму остануваат да се размножуваат.rnrnrnrnДоколку верувате дека после миењето садови вашиот сунѓер останал чист, тогаш сте во голема заблуда. Филип Тиерно, микробиолог и патолог од Њујорк, предупредува дека сунѓерите за садови всушност се многу нечисти и опасни по здравјето, затоа што во себе содржат ситни остатоци од храна којашто се наоѓала на садовите. Тоа води кон размножување на бактериите во сунѓерот, што е совршено место за нив – таму имаат доволно храна, топло е и влажно, токму онака како што тие сакаат.rnrnЗатоа кујнските сунѓери се полни со бактерии како што се салмонела, ешерихија, листерија и други бактерии коишто може да предизвикаат цревни и кожни инфекции, кои може да бидат и посериозни. Тиерно вели дека не е доволно сунѓерите да се мијат само со топла вода и со средство за миење садови. Но, постои начин којшто ви гарантира дека ќе се ослободите од бактериите коишто живеат на вашиот сунѓер.rn

    Трик за дезинфекција

    rnЗа ова ви треба избелувач и вода, во размер 1:9. Потопете го сунѓерот во овој раствор и извадете го после 10 до 30 секунди (не заборавајте да ставите ракавици), па потоа исперете го со млаз вода. Дезинфицирајте го сунѓерот на овој начин, посебно ако сте чистеле површини на коишто сте готвеле месо.

  • 5 работи кои треба веднаш да ги исфрлите од бањата

    5 работи кои треба веднаш да ги исфрлите од бањата

    Бањата не е место каде одиме само да се тушираме пред и после спиење, таа е и нашето мало место за релаксација, СПА зона и дел на козметички рај во кој секојдневно го поминуваме времето резервирано за уживање и средување. Сепак, има една работа која може да го расипе вистинското уживање во времето кое си го посветуваме себеси: Нередот и работите кои треба да се исфрлат. Не само што тие сметаат и зафаќаат простор, туку се и потенцијален извор на здравствени проблеми.rnrn5 работи кои треба веднаш да ги исфрлите од бањатаrnrnВреме е да се поздравите со непотребните детали и да ја направите вашата бања безбедно и пријатно место за вас.rn

    1. Стари сунѓери за капење

    rnСтарите сунѓери за капење се легло за бактерии кои на нив се размножуваат благодарение на константниот извор на вода и влага.rn

    2. Козметика која не сте ја користеле веќе година дена

    rnДоколку имате крема или серум кои не сте ги допреле цела година, постои голема веројатност дека тоа никогаш нема ни да го направите. Меѓу другото, рокот на траење на повеќето козметички производи е околу една година, па ако го ставите производот на вас ќе направите поголема штета отколку корист.rn

    3. Козметика која што ја променила својата текстура, боја или мирис

    rnДури и ако формално не истекол рокот на траење, сите козметички производи кои ја промениле нивната текстура, боја или мирис мора веднаш да ги фрлите, бидејќи ризикувате иритација или алергиска реакција.rn

    4. Стари завеси за туширање

    rnЗавесите за туширање кои секојдневно се изложуваат на вода, а не се сушат веднаш после користењето, треба почесто да се менуваат. Ако некои делови од завесата веќе пожолтиле од старост, време е за промена.rn

    5. Лекови без видлив рок на траење

    rnКутиите со лекови обично го зафаќаат целиот простор во медицинскиот кабинет, па поради тоа често ги фрламе откако ќе ги отвориме, заборавајќи дека на нив најчесто се наоѓа и рокот на траење. Доколку не сте сигурни колку е стар лекот, подобро заменете го со нов.

  • 5 работи кои веднаш мора да ги исфрлите од бањата

    5 работи кои веднаш мора да ги исфрлите од бањата

    Бањата не е само место во кое одиме да се избањаме пред да одиме на спиење. Тоа е нашето мало место за релаксација, спа зона и дел од козметичкиот рај во кој секојдневно поминуваме време резервирано само за уживање и средување. Сепак, една работа може да го наруши вистинското уживање во времето кое си го посветуваме само на себе: нередот и многуте работи кои се спремни за фрлање. Не само што сметаат, бидејќи заземаат драгоцен простор, туку се и потенцијален извор на здравствени проблеми. Време е да се поздравите со непотребните работи и повторно да ја претворите вашата бања во безбедно и пријатно место.rnrn1-5-raboti-koi-vednash-mora-da-gi-isfrlite-od-banjata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Старите сунѓери за капење

    rnСтарите сунѓери за капење се легло за бактериите кои се размножуваат во нив благодарение на константната изложеност на вода.rn

    2. Козметиката која не сте ја користеле скоро една година

    rnДоколку одредена крема или серум не сте ги чепнале година дена, постои голема можност дека нема никогаш повторно. Но исто така, рокот на траење на повеќето козметички производи е околу една година, па со производот кој стои толку време неискористен може да направите поголема штета отколку што би имале корист.rn

    3. Козметиката која ги променила текстурата, бојата и мирисот

    rnДури и ако официјално не истекол рокот на траење, сите козметички производи кои ја промениле текстурата, бојата или мирисот, морате да ги фрлите, бидејќи може да предизвикаат иритација или алергиска реакција.rnrn2-5-raboti-koi-vednash-mora-da-gi-isfrlite-od-banjata-www.kafepauza.mk_rn

    4. Старите завеси за туширање

    rnЗавесите, исто така, се секојдневно изложени на вода, а после користењето сигурно не ги сушите на воздух, па затоа би требало почесто да се менуваат. Доколку некои делови од завесата се веќе пожолтени, време е за промена.rn

    5. Лекови без видлив рок на траење

    rnКутијките со лекови најчесто ни заземаат доста простор во орманчето во бањата, па затоа често ги фрламе веднаш штом го отвориме лекот. Но, на нив најчесто се наоѓаат и бројки кои го означуваат датумот на производство, како и рокот на траење. Доколку не сте сигурни колку е стар некој лек, подобро е да го замените со нова доза.rnrn3-5-raboti-koi-vednash-mora-da-gi-isfrlite-od-banjata-www.kafepauza.mk_

  • Направете сами: Практична тегличка за отстранување лак за нокти

    Направете сами: Практична тегличка за отстранување лак за нокти

    Автор: Кристина ЛазаревскаrnrnОтстранувањето на лакот од ноктите за многу жени претставува секојдневна здодевна рутина. И додека на сите ни е познат вообичаениот начин на отстранување со помош на памук и ацетон, ширум светот се промовираше нова метода – тегличка со ацетон како практичен отстранувач на лакот за нокти.rnrn1-napravete-sami-praktichna-teglichka-za-otstranuvanje-lak-za-nokti-kafepauza.mkrnrnСо цел да ви ја олесниме оваа рутина, ви презентираме упатство за тоа како сами да си ја направите оваа супер практична тегличка!rn

    Потребен материјал:

    rn

      rn011

    • Тегличка со капаче (од некоја крема или балзам)
    • rn011

    • Сунѓер (се препорачува што помек)
    • rn011

    • Ацетон
    • rn

    rn3-napravete-sami-praktichna-teglichka-za-otstranuvanje-lak-za-nokti-kafepauza.mkrnrnЧекор 1: Сунѓерот исечете го по должина.rnrnЧекор 2: Откако ќе го исечете сунѓерот, двата дела што ќе ги добиете замотајте ги еден околу друг така за да создадете спирален ефект (да наликува на полжав).rnrnЧекор 3: Така свитканиот сунѓер сместете го во тегличката.rnrnЧекор 4: Во тегличката сипете поголема количина ацетон, потребно е сунѓерот да се натопи.rnrn4-napravete-sami-praktichna-teglichka-za-otstranuvanje-lak-za-nokti-kafepauza.mkrnrnИ тоа е тоа! Вашиот нов и практичен отстранувач на лак за нокти е готов. Сè што треба да направите е да го ставите прстот во средина помеѓу сунѓерот и да вртите лево-десно.rnrnКога ќе завршите со нејзиното употребување добро затворете ја тегличката до следното користење.rnrn5-napravete-sami-praktichna-teglichka-za-otstranuvanje-lak-za-nokti-kafepauza.mk

  • Зошто храната на рекламите изгледа многу повкусно отколку во живо?

    Зошто храната на рекламите изгледа многу повкусно отколку во живо?

    Лак за коса, боја за кондури, тампони, сунѓери, лепило… не, ова не е список за пазарење туку некои од најчесто користените средства кои се користат за шминкање на храната, за таа да изгледа вкусно и привлечно на ТВ рекламите. Маркетинг експертите многу добро знаат како да ги привлечат корисниците за одреден производ.rnrnЗошто храната на рекламите изгледа многу повкусно отколку во живо?rnrnСигурно досега сте забележале некоја реклама на која хамбургерот од некој ресторан за брза храна изгледа фантастично, а откако ќе го купите сфаќате дека тоа не е ни приближно до вистината, ни по вкус, ни по изглед. Џенифер Јусток е шминкерка на храна која се  снима за реклами. Нејзината задача е многу едноставна, бидејќи треба на каков било начин да направи храната да изгледа перфектно, без разлика како ќе го постигне тоа. Ова се десет трикови кои таа најчесто ги користи.rn

    1. Лепило

    rnЛепилото многу често се користи при снимањето на реклами за житарки. Имено, бидејќи млекото многу брзо ги растопува житните зрна во чинијата, децата на рекламите „јадат“ цереали потопени во бело лепило или понекогаш дури и во шампон.rn

    2. Сунѓери, тампони, памук…

    rnВо рекламите многу е важно храната да делува како да е само што извадена од рерната. За да се добие ефект како храната цело време да чури, многу умешно низ нејзе се кријат сунѓери, тампони или топчиња памук потопени во врела вода.rn

    3. Летламба, метално стапче за жигосување и боја за чевли

    rnМесните производи најчесто не се приготвуваат многу за да не се смали нивниот обем или пак да се исушат. Токму поради ова, печеното месо по рекламите се потпекува минимално со летламба, се жигосува со загреано метално стапче за да делува како да е печено на скара и се премачкува со боја за кондури за да изгледа неодоливо печено.rn

    4. Картони и чепкалки за заби

    rnКартоните се користат при снимањето на реклами за бургери, за да не се дозволи месото да го омекне лепчето. Затоа под и над месото се става по едно крукче картон. Чепкалките служат за зелената салата, доматот, краставичките и кормидот совршено да се фиксираат и да не се померуваат.rnrnЗошто храната на рекламите изгледа многу повкусно отколку во живо?rnrn

    5. Моторно масло и течности за заштита на текстилни материјали

    rnАмериканските телевизии често рекламираат палачинки прелиени со јаворов сируп. Но бидејќи во реалноста палачинките многу брзо го впиваат јаворовиот сируп, во рекламите тие се премачкуваат со разни течности за заштита на текстил, а јаворовиот сируп се заменува со моторно масло… Неодоливо!rn

    6. Лак за коса и дезодоранс

    rnОвие производи најчесто се користат кога се рекламира некое овошје, особено грозје бидејќи му даваат посебен мат финиш.rn

    7. Хартиени крпи, хартија за раце…

    rnЗа сладоледот на рекламите да изгледа што е можно повкусен, често врз него се истураат разни преливи. Но, бидејќи преливите често претекуваат, се фрлаат одозгора парченца од хартиени салвети, кои наводно прават чудо кога станува збор за задржување на преливот врз топките сладолед.rn

    8. Храна која придонесува другата храна да изгледа неодоливо

    rnВистински хит во рекламите е пирето од компир, кое се инјектира во друг продукт, како што е на пример месото, за тоа да би изгледало посочно. Исто така, пирето се користи и како замена за сладолед, но се бои во боја соодветна за вкусот на сладоледот.rn

    9. Таблети против жиговина и балони од сапуница

    rnОвие препарати се најнормална работа при снимањето на реклами за газирани пијалаци, бидејќи им даваат освежителен изглед.rn

    10. Пинцета

    rnЗа хамбургерот да изгледа целосно привлечен, лепчето мора да биде совршено. Токму затоа, сусамот на горниот дел од лепчето многу внимателно со пинцета се лепи со помош на лепило.rnrnЗа крај погледнете ја на дело работата на „стилистката“ Џенифер Јусток…rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.