Пријателката која ве поддржуваше првиот пат кога ви беше скршено срцето има посебна вредност. Таа сигурно ги знае сите ваши други тајни, а во нејзино друштво се чувствувате најопуштено. Станува збор за пријателката од вашите средношколски денови што е многу драгоцена за вас. Првите работи секогаш се паметат, а повеќето од нив сигурно сте ги направиле заедно со вашата пријателка од средношколските денови.rnrn
rnrnЗаедничкото откривање на светот и тинејџерската перцепцијата според која дури и најмалите работи се од витално значење го направија своето – пријателствата од клупите се сметаат за посебни и вечни. Погледнете го овој список со причини зошто таа има посебно место во вашето срце.rnrn1. Таа знае за сите срамни работи што ви се случиле во животот.rnrn2. Сè уште имате парчиња облека што сте ги позајмиле една од друга пред многу години.rnrn3. Се заколнавте дека ќе присуствувате на вашите венчавки.rnrn4. Блиски сте со нејзиното семејство, а и таа со вашето.rnrn5. Пријателката од средно училиште знае сè за вашите симпатии и момчиња, како и вие за нејзините.rnrn6. Бевте поддршка една на друга кога првпат ви го скршија срцето.rnrn7. Заедно преживеавте многу турбулентни и бурни периоди од животот.rnrn8. Сте направиле безброј аргументирани дебати и сте целосно отворени една кон друга.rnrn9. Може да се сетите на вашите несмасни инциденти и да се смеете за тоа многу години подоцна.rnrn10. Можете да се сетите и да ги озборувате сите од вашата генерација.rnrn11. Никогаш не можете да криете од неа како навистина се чувствувате.rnrn12. Се чувствувате најудобно и најопуштено во нејзиното друштво отколку во друштво на која било друга пријателка.rnrn13. Останавте блиски дури и додека студиравте, па дури и ако сега живеете во различни градови.rnrn14. Една за друга знаете и некои од најстарите тајни.rnrn15. Таа разбира низ што сè требало да поминете за да бидете личност што сте денес.rnrn16. Може да се однесувате сосема чудно и невообичаено, но тоа нема да ја исплаши или да ја оттргне од вас.rnrn17. Кога повторно ќе се сретнете, тоа се најдобрите и најзабавните собири.rnrn18. Вие сте кралици на најдобрите и тотално совршени инсајдерски шеги.rnrn19. Пријателката од средно училиште знае сè за работите што не ви се допаѓаат.rnrn20. Во текот на тие четири години, веројатно никогаш не сте поминале толку многу време дружејќи се со некоја друга пријателка.rnrn21. Спомените при слушањето на старите песни не се толку живи со никој друг.rnrn22. Никогаш нема да се чувствувате непријатно во нејзиното друштво и нема ништо што може да ве извади од такт.rnrn23. Секогаш сте возбудени кога ѝ кажувате за вашите достигнувања.rnrn24. Знаете дека нејзината пријателска љубов е безусловна.rnrn25. Само вие знаете за прекарите кои можеле би сакале и да ги заборавите.rnrnПрочитајте ги 20-те најдобри љубовни совети кои би ги добиле од најдобрите пријателки.
Tag: средношколци
-

25 причини зошто пријателките од средношколските денови секогаш ќе ви бидат најдобри пријателки
-

8 интересни работи кои сигурно сте ги правеле со вашата сестра во средношколските денови
Ако разликата во годините е мала помеѓу вас и вашата сестра и сте оделе заедно во средно училиште, сигурно веќе знаете дека тоа бил важен период од вашиот живот. Дури и кога ќе се потсетите на тие денови и помислувате „Што сум правела? Кој ме натерал да излезам со таа фризура?!“, сте ја имале вашата сестра за заедно да донесувате лоши одлуки. Погледнете ги овие интересни работи кои сигурно сте ги правеле со сестра ви.rn
1. Нејзиниот гардеробер бил и ваш гардеробер
rn
rnrnДури и ако сте имале целосна забрана за влегување во нејзината соба, сигурно барем еднаш сте се прикрале за да позајмите некое нејзино парче облека. Сигурно сте си ветиле дека ќе го вратите пред таа да забележи, но понекогаш и најдобрите крадци се фатени на дело. Па, веројатно сте ја искористиле фразата „Мама по грешка го има ставено кај мене.“rn2. Сте биле тврдина од тајни
rn
rnrnМожеби и до денес чувате некоја средношколска тајна. Дури и ако не е некоја важна, самата мистериозност е забавна. Сте чувале тајни за момчиња и останување до подоцна од дозволеното. Сигурно било забавно да криете работи од родителите.rn3. Пријателче за на концерт
rn
rnrnКонцертите и излегувањата се важен дел од средношколските денови. А кој би бил подобро друштво за овие настани од вашата сестра?rn4. Сте си биле водичи за преживување
rn
rnrnПомеѓу родителите и средното училиште, вие и вашата сестра сте си биле водичи за преживување. Сте си давале совети како да го прескокнете часот по физичко или пак како да го преболите момчето што ве напуштило. Сте си помагале кога имало проблеми со родителите и сите проблеми биле полесни кога сте ја имале сестра ви покрај вас.rn5. Размена на музика
rn
rnrnИако денес речиси и да не се употребуваат, пред неколку години сигурно сте разменувале цедиња со музика или пак сте правеле ваши оригинални музички листи.rn6. Заедничко бегање од часови
rn
rnrnУчилиштето е премногу стресно, па понекогаш моравте да избегате за да не полудите. Сами сте си го ослободувале денот за прошетка, гледање телевизија или пак само да се наспиете. И се разбира, сте го криеле тоа од родителите.rn7. Танцување на омилените песни
rn
rnrnНавистина, со вашата сестра можете да танцувате како никој да не ве гледа. Можеби сте имале и ваши кореографии од кои денес ви е срам.rn8. Возење од и до училиштето
rn
rnrnАко едната од вас ја добила возачката дозвола во средно, сигурно едвај сте чекале да ви го дадат автомобилот. Заедничките возења биле вистинско време за поврзување. Тие биле посебни моменти кога сте можеле да разговарате или пак, да ја слушате омилената музика.rnrnДоколку имате сестра, погледнете кои работи треба да ги направите со неа пред да наполните 30 години. -

Професор од 70-тите им направил прекрасни интимни портрети на неговите бунтовни средношколци
Пред Џозеф Сабо да стане светски познат фотограф, тој бил професор во средно училиште во Лонг Ајленд. Уште на првиот работен ден тој сфатил дека ќе треба да направи нешто интересно за да го привлече вниманието на учениците. Па токму затоа, тој донел фотоапарат.rnrn
rn„Немав никаков план околу фотографирањето. Не помислив дека ќе заработам пари од тоа, туку само сакав да се поврзам со младите луѓе. Мислам дека моите фотографии се со автентичен квалитет затоа што многу луѓе можат да се пронајдат во нив. Отсекогаш сум се трудел да ги фатам личните моменти на искрен начин за да им покажам на луѓето точно што прават. Ќе видите како некои од нив седат на скалите од училиштето и пушат цигара или мавтаат со раце додека висат од автомобилот и велат ’Ова е мојот последен училиштен ден и никогаш повеќе нема да се вратам назад!’. Некои скокаат во воздух од возбуда поради музиката што ја слушаат….“, објаснил фотографот.
rn
rn„Сите овие модели и моменти имаат големо значење за мене. Тие ми помогнаа да ги разберам луѓето и ми дозволија да се зближам со нив низ годините. Се надевам дека и тие имаат некакво значење за другите луѓе“, завршил Џозеф.
rnПогледнете ги овие прекрасни фотографии од младите бунтовници од 70-тите кои сигурно ќе ви го разбудат бунтовничкиот дух и ќе ве натераат да размислувате за вашата младост…rnrn
rnrnВо продолжение, погледнете ги и овие интимни портрети кои ќе ве допрат до душата. -

Одличен есеј од средношколец кој едноставно мора да го прочитате
Оваа писмена задача од еден млад средношколец навистина заслужува неколку минути од вашето внимание. Темата за есејот била „Светлината исчезна, престанав да читам и тага ме обви: Повторно живеам“ и книгата „Клетници“. За овој есеј, тој добил заслужена 5+ оцена, дури и покрај тоа што не бил напишан според зададената тема.rnrn
rnrnГледам, но очите ми се затворени. Чувствувам миризба на свежо лакирано дрво и помислив како мојот ковчег е прилично добар за парите кои ги дадов. Да, конечно починав.rnrnГо слушам попот како пее тажачка и децата кои викаат: „Лелеее, Вујчеее!“ Одлучив малку да се прошетам, да видам дали мојата баба Јорданка дошла на погребот. Се зачудив кога сфатив колку лесно се движам. Мора да признаам дека сум задоволен. Погребот е прилично добро среден. Миле, првиот трубач со неговиот плех оркестар добро ја заврши својата работа. Свињата се врти на оган, додека мојот пијан зет се тркала во калта. Баба Стана е со дедо Митре и замислено гледа во мојот гроб додека се издишува.rnrnПочнав да ѝ викам, „Што се жалиш стара, не сум мртов, повторно живеам“, но се сетив дека не може да ме чуе. Погледнав уште еднаш кон моите кутри внучиња и помислив, „Ех, деца, деца, секој кој вас ве познава дури ни пеколот нема тешко да му падне.“rnrnВо тој момент почувствував како нешто ме влече нагоре. „Епа, дојде време да се разделиме.“ Патував, можам слободно да ви кажам, добри 5 часа додека да пристигнам до вратата пред рајот каде што стои Свети Петар.rnrn„Здраво Петар, дојде време и ние да си позборуваме.“rnrnПетар лошо ме гледаше, но конечно проговори: „Не ти се пишува добро Огнен, полн си со грешки. Бог те чека.“rnrnПризнавам, малку се исплашив, бидејќи знаете, ова ми е прва средба со Бог, а тоа не е мала работа. Молчам јас, молчи и тој. И така молчиме половина час и конечно се охрабрив да кажам: „Добар ден Боже!“ Повторно молчиме, а мене веќе и нозете почнаа да ми откажуваат. Знаете, не умира човек секој ден.rnrnКонечно Бог ја поправи краватата, се намести удобно на својот облак и рече: „Кажи Огнен.“rnrnОвој говор прилично долго го подготвував, па решив да му кажам сè од првиот до последен збор…rnrn„О Боже, владетел на царството небесно, Ти кој на небото одиш, Творец на моето куче Марк, синовите Марко и Коста, баба Боса и дедо Радован, мојот кум Кристијан и се извинувам ако некој со моето брзање заборавам да спомнам…“rnrnТука застанав и забележав дека тој се збуни. Замислете, Бог е толку голем, а јас толку мал и тој се збуни пред мене. Но, сепак тој успеа да ги најде некако вистинските зборови, па ме праша:rnrn„Дали ти, Огнен, ја прочита книгата „Клетници“?rnrn„Не“, му одговорив.rnrn„А дали ти, Огнен, си забележал дека светлината исчезнува?“rnrn„Не“, одговорив пак збунето.rnrn„Дали те обвива тага, Огнен?“rnrn„Не, Господе“, одговорив, „Но, зошто?“rnrn„Затоа што тоа е темата на овој есеј и се плашам дека ти си ја утнал темата.“rnrnБог е моќен, си помислив во себе… -

Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)
Средното училиште никогаш не било потешко…
rn
Режија: Марк ВејтерсrnrnУлоги: Зои Доич, Луси Фрај, Даниел КозловскиrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 февруари 2014rnrnЖанр: акција, комедија, фантазијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка [ratings]rnrnrnrnЛиса Драгомир (Луси Фрај) е кралски член на античка магична раса – Морои. Роуз Хатавеј (Зои Доич), нејзината најдобра пријателка, објаснува дека тие не носат црни наметки, не се претвораат во лилјаци, не спијат во ковчези, ниту пак светкаат. Дневната светлина ги нервира, но не ги убива. Да, тие живеат од крв, но за разлика од вампирите кои ни се нам познати, Мороите не живеат вечно и токму затоа имаат потреба од чуварите. А Роуз Хатавеј е токму тоа, чувар-заштитник. Таа е пола човек, пола Морои, односно Дампир. И благодарение на човечката половина таа се исхранува како и сите останати луѓе. Дампирите ги посветуваат своите животи во штитење на Мороите и живеат само според едно правило, а тоа е дека тие се секогаш први. Но, работите никогаш не се едноставни. Во оваа верзија постојат и лоши вампири, односно Стригои. Тие напаѓаат навечер и можат да бидат убиени само со помош на сребрен колец.rnrn
rnrnСвети Владимир или како што Роуз го нарекува, Академија за вампири, не е воопшто како обично училиште. Тоа е сосема друг универзум. Сите ученици слушаат исти часови како и нормалните ученици во нормалните училиштаa, но откако овие часови ќе завршат Дампирите учат борбени вештини, а Мороите ги посетуваат своите часови за магија. Интересно е што во текот на школувањето секој Морои мора да избере само една магија, без разлика дали станува збор за вода, воздух, земја или оган. Но, уште во првите неколку сцени вие веднаш ќе забележите дека Лиса се издвојува од останатите. Во неа постои нешто што е уникатно и непознато. И токму затоа ќе стане мета.rnrn
rnrnАкадемија за вампири е типична тинејџерска приказна. Дејството се одвива во средно училиште, учениците се поделени на популарни и губитници, постои забранета љубов, се појавуваат закани од соучениците… Накратко, доколку ви се допаднал филмот „Mean GIrls“, со сигурност ќе ви се допадне и овој. Единствената забелешка која вреди да се спомне е дека одвреме-навреме ќе почувствувате како приказната да го губи својот тек и како нешто да недостасува. Но, настрана од тоа, станува збор за лесен и интересен филм со добра доза на хумор и акција кој добро ќе го пополни вашето слободно попладне.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Филм: Привилегијата да се биде срамежлив (The Perks of Being a Wallflower)
Шармантна емотивна приказна за тешкотиите во тинејџерските години
rnrn
Режија: Стивен ЧбоскиrnrnУлоги: Логан Лерман, Ема Вотсон, Езра Милер, Пол РадrnrnВреметраење: 102 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 12 октомври 2012rnrnЖанр: драма, романсаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrn rnМожеби ви се чини нереално да оцениме со десетка филм во кој дејството се врти околу животот на неколку тинејџери, но овој пат мора да се направи отстапка затоа што и „Привилегијата да се биде срамежлив“ драстично отстапува од вообичаените тинејџерски филмови. Пријателството, љубовните проблеми и сексот преку очите на петнаесетгодишниот Чарли, изгледаат многу поинаку во споредба со оние филмови кои им се додворуваат на гледачите, нереално идеализирајќи ги тие години од животот.rnrn
rnrnЧарли (Логан Лерман) е средношколец во прва година кој нема ниту еден пријател. Тој воопшто нема со кого да разговара вон своето семејство. Тргнува на училиште со намера да стекне пријатели и нив ќе ги најде во матурантите Сем (Ема Вотсон) и Патрик (Езра Милер). Кога ќе добијат слика за неговото секојдневие, тие ќе направат сè за да го воведат во убавините на средношколскиот живот, но токму кога ќе помислите дека уште еднаш ќе гледате како аутсајдерот станува ѕвезда, филмот се претвора во преубава емотивна приказна за искреното пријателство и љубовта.rnrnСем: Зошто јас и сите оние што ги сакам бираме луѓе кои нè третираат како ич да не вредиме?rnrnЧарли: Затоа што ја прифаќаме љубовта која мислиме дека ја заслужуваме.
rnrn
Сем: Не можеш само да седиш настрана и да ги ставаш туѓите животи пред својот и да мислиш дека тоа е љубов.
rnrn
rnrnИако Чарли немал пријатели и девојки, тој не е обичен неснаодлив средношколец. Тој е само срамежлив, воедно многу интелигентен и добро разбира што се случува околу него. Како што ќе се продлабочува неговото пријателство со Сем и Патрик, кои исто така поминуваат низ свои драми, така слој по слој ќе излегува на површина она што довело до нивните денешни проблеми. Преку нивните животи, авторот на книгата по која е направено сценариото и режисер на овој филм Стивен Чбоски ќе испреплете теми како губењето на првата љубов, конфузијата околу смислата на животот, губењето на најдобриот пријател, менталните болести, проблемите поради хомосексуалноста, сексуалното злоставување итн.rnrn
rnrnСепак овој филм воопшто не е мрачен. Иако обработува вакви тешки теми на доста реален начин, неговото гледање предизвикува убаво чувство кај гледачот, а често изнудува и насмевка. Во тоа особено се истакнува Патрик, одлично одигран од Езра Милер. Кога и да се појави во сцената успева да го освои просторот со својата елоквентност и реплики со извонредно дозиран хумор. Чарли, Сем и Патрик се премногу интересни деца за овој филм да биде тажен. Нивните дијалози секогаш се интересни, забавни и многу мудри.rnrnПроф. Калахан: Ништо (мисли на Патрик), ти читај прв!rnrnПатрик: Добро. Прва лекција: Како да преживеете со вашиот професор-фашист кој сака да понижува деца за да се чувствува голем. Уау! Ова е корисно дечки, ајде да го прочитаме!
rnrnrn
rnrnВи го препорачуваме „Привилегијата да се биде срамежлив“ за моментите кога ќе сакате да гледате филм кој ќе направи да се чувствувате добро. Навистина, понекогаш е истовремено тажен и смешен, но и покрај тежината на некои теми, сепак влева оптимизам. Ова е неверојатно шармантна приказна за емоционалните тешкотии од тинејџерските години, исполнета со мудрост каква што ретко се појавува и затоа би сакале да ја изгледате.rnrnЧарли: Знам дека сите ќе станеме некој – сите ќе станеме стари фотографии и сите ќе станеме нечии мајка и татко. Но сегашниот момент не е приказна, тој се случува. Јас сум тука и гледам во неа. А таа е толку прекрасна.
rnrn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Американска пита: 13 години од матура (American Reunion)
13 години по матурирањето, откачените јунаци пак се собираат за да се присетат на лудите авантури од минатото… и да доживеат новиrnrn rnrn
Режија: Џон Хурвиц и Хејден ШлосбергrnrnУлоги: Џејсон Бигс, Алисон Хенигaн, Шон Вилијам Скот, Тара РидrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 април 2012rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnАко лудо сте се смееле на претходните делови од „Американска пита“, насловот ќе биде доволен да ве натера да го изгледате и ова продолжение. А има и зошто! Случувањата на годишнината од матура на старото друштво се полни со хумор, па така оваа комедија значително отскокнува од останатите кои се снимаа во последниве неколку години, а на кои генерално им недостигаше токму овој елемент.rnrn13 години откога започнавме да ги следиме авантурите на групата пријатели од малото гратче во Мичиген, оригиналната екипа актери од првиот дел се собира на покрај езерото на годишнина од матура, во обид да поминат уште еден луд и незаборавен викенд како во старите добри времиња.
rnrn
Приказна: За разлика од претходните делови на „Американска пита“, во овој следиме веќе возрасни луѓе кои влегуваат во зрелите години од животот. Џим е во брак со Мишел и имаат мало дете, исто како и Кевин и неговата сопруга, додека Оз има свое спортско шоу на телевизија и сериозна љубовна врска. Верувале или не, Стифлер се вработил во голема компанија, а Финч ги воодушевува сите со приказните за неговиот пат околу светот, но сè уште копнеејќи по Стифлеровата мајка.
Иако поминало долго време од нивната последна средба, кога ќе се сретнат во Ист Грејт Фолс, блискоста на дружината дава впечаток дека никогаш не се разделиле. Главната забава е закажана за крајот на викендот, а дотогаш ќе се среќаваат со старите љубови од средношколските денови (повторно со оригиналната екипа од првиот дел), ќе евоцираат спомени и ќе си раскажуваат за тоа кого каде го однел животот во изминатите години. Набргу ќе сфатат дека главната средношколска грижа да најдат девојка сега е заменета со проблемите кои ги носи животот на возрасните, како бракот, децата и кариерата.
И баш кога се чини дека тоа ќе биде уште една вообичаена годишнина од матура во која сè се врти околу спомените, се појавува Стифлер и започнуваат вистинските лудории. Тој, секако, сè уште не пораснал, па ќе му биде многу лесно да смисли нови финти со кои ќе прејде некој и уште полесно ќе се вклопи помеѓу денешните матуранти на забавите. За негова несреќа, во овој дел нема доволно „напалени“ тинејџери на кои тој ќе им помага да фатат девојка, но овој пат таа улога ќе ја одигра татко му на Џим, чија сопруга починала пред три години.

Нема да откриваме повеќе, туку ќе ве оставиме сами да ги изгледате смешните сцени со кои изобилува филмот.
Кога и како да го гледате: Не е важно кога ќе го гледате, туку важно е да го гледате во друштво. Целата приказна се врти околу лудориите на група пријатели, па разбирливо е дека вашето друштво е идеално за споделување на впечатоците од филмот и пред сè, смеата предизвикана од неговата содржина.
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?
Кога сакате некого да излажете нешто, тоа најчесто се прави преку СМС порака. Ова е резултатот кој го добиле истражувачите од Универзитетот на Британска Колумбија и „Common Sense Media“. Истражувањето било спроведено врз средношколци и студенти од САД и покажало дека тие најмалку веруваат во информациите кои ги добиваат преку СМС пораките.
Дури 95% од испитаниците одговориле дека повеќе веруваат во видео чет отколку во СМС порака. Голем дел, односно 31% веруваат дека пријателите попрво би ги излажале преку порака отколку во комуникација лице в лице.rnrnПричината поради која не веруваме во СМС пораките се состои во тоа што во таквата комуникација нема контакт со очи, не е видлив говорот односно движењата на телото и лицето, ниту пак се слуша гласот на говорникот, па не може преку него да се откријат неговите чувства. Исто така, содржината на текстуалната порака може да се испланира однапред и добро да се размисли пред да се одговори на нешто, со што се зголемуваат шансите да се изврти вистината.
Резултатите од ова истражување покажале и дека повеќе од третина од испитаниците барем еднаш го користеле мобилниот телефон за да препишуваат на тест или на испит.rnrnНајголем процент, односно 26% од оние ученици и студенти кои препишувале со мобилен телефон запишувале важни информации во него, па потоа на тестот или испитот препишувале од нив, додека 17% го сликале тестот за потоа да ги имаат прашањата за поправниот. Исто така, 20% успеале да ги пребараат точните одговори на интернет. Најинтересно од сè е тоа што дури 25% од оние кои мамеле на тест и испит благодарение на својот мобилен телефон, сметаат дека преку тоа не погрешиле ништо и дека тоа е исправно.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како изгледале познатите во нивните алманаси?
Познатите личности, пред да станат познати, ги проживеале своите луди тинејџерски години, исто како и сите нас, со многу бурни емоции и варирања на карактерот, додека да ја пронајдат својата улога во светот.rnrnПриложени со слика од нивниот годишен алманах од средно или основно училиште, прочитајте кои од познатите фаци, кои се денес актери или пејачи, удирале на тапани, се откажале од школо, ги бивало за спорт, сакале да имаат мртовечница или отсекогаш биле она што се денес. :)rn
Анџелина Џоли
rn
rnrnТаа не била баш во поштенскиот број 90210 (како во популарната ТВ серија Беверли Хилс), туку во 90212, но Енџи сепак завршила во средното училиште во Беверли Хилс. Сликата е фотографирана во 1991, кога Анџелина Вот (Џоли е нејзиното средно име) била втора година средно и сонувала дека кога ќе порасне ќе стане актерка или ќе има свое погребално претпријатие! Молам?!rnБијонсе
rn
rnrnФотографијава е направена во 1995 година кога Бијонсе била осмо одделение во училиштето „Велш“ во Хјустон и веќе била на вистинскиот пат за постанување музичка ѕвезда. Во оваа година, Бијонсе веќе била член на ар-ен-би бендот, кој подоцна ќе стане „Destiny’s Child“.rnБред Пит
rn
rnrnПред да биде прогласен за најсекси маж кој некогаш се родил во магазинот „Пипл“, Бред бил прогласен за најдобро облечен ученик во средното училиште „Кикапу“ во Спрингфилд, Мисури и отсекогаш имал многу девојки.rnБритни Спирс
rn
rnrnТоа е малечката верзија од Бритни, кога таа била осмо одделение во католичкото училиште „Академија Парклејн“, во Мисисипи, а е фотографирана во 1996 година, кога била изгласана за омилена во класот.rnКамерон Дијаз
rn
rnrnКамерон е фотографирана во 1988 година, кога била втора година во средното политехничко училиште „Лонг Бич“, во Лонг Бич, Калифорнија. Заборавете ја оваа чудна фаза од животот на русокосата бомба, бидејќи на 16-годишна возраст таа веќе била успешна манекенка.rnКортни Кокс
rn
rnrnКортни е фотографирана во 1980 година, кога била втора година, во средното училиште „Маунтин Брук“ во Бирмингем, Алабама, каде ѕвездата на „Градот на пумите“ била пливачка и тенисерка.rnЕва Лонгорија
rn
rnrnОва е преубавата Ева во 1992 година, кога била прва година средно во училиштето „Рој Милер“. Во овој период таа удирала на тапан во марширачки бенд и имала трајна фризура.rnХали Бери
rn
rnrnОва е Хали Бери, фотографирана за нејзиниот годишен алманах од завршната средношколска година во 1984 г., во „Бедфорд“, Охајо. Во средно, Хали била мажоретка, претседател на клас и кралица на матурската прослава.rnХју Хефнер
rn
rnrnОва е сопственикот на „Плејбој“ фотографиран во 1944 година. Тој матурирал во средното училиште „Стајнмец“ во Чикаго. Контроверзниот Хефнер имал ултраконзервативни родители. Тој бил претседател на училишниот совет во средно. Не само што таму ги развивал неговите лидерски способности уште како тинејџер, туку очигледно отсекогаш имал интерес и за публикување, бидејќи тој го основал школскиот весник.rnЏејк Гиленхал
rn
rnrnОоо, тоа е малиот Џејк, фотографиран во 1993 г., кога бил седмоодделенец во училиштето Харвард-Вестлејк во северен Холивуд, Калифорнија. И покрај тоа што тој одел на аудиции за филмски улоги уште додека бил во средно, неговите родители не му дозволувале да прифаќа работа, која може да му го одвлече фокусот од учењето. Тогаш ги мразел поради тоа, но денес им е многу благодарен.rnЏенифер Анистон
rn
rnrnЏенифер е фотографирана во 1987 година во нејзината последна година во средното музичко и уметничко училиште Ла Гвардија во Њујорк. Други познати поранешни ученици во ова школо биле и Ал Пачино, Роберт де Ниро, Сара Мишел Гелар… И покрај тоа што Анистон изгледа како некое мирно девојче на фотографијата, таа има изјавено за таблоидот „Пипл“ дека нејзиниот средношколски имиџ вклучувал фризура во мохакински стил и многу туш за очи.rnЏенифер Гарнер
rn
rnrnПред да стане г-ѓа Афлек или најинтересниот шпион виден на ТВ во серијата „ Alias“, Џенифер, која на фотографијава направена во 1986 г. била осмо одделение, свирела на саксофон во училишниот бенд во школото „Џон Адамс Џуниор“, лоцирано во Чарлстон, Западна Вирџинија.rnКети Пери
rn
rnrnОва е Кетрин Хадсон, денешната Кети Пери, кога била прва година во средното училиште „Дос Пуеблос“ во Голета, Калифорнија, во 2000-та. Наредната година, кога Кети имала 16 г., се откажала од училиште и го напуштила нејзиниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, за да почне да ја негува нејзината музичка кариера во Лос Анџелес.rnКанје Вест
rn
rnrnКанје, на фотографијава направена во 1994 година, бил прва година средно, во училиштето за индивидуална едукација „Поларис“ во селото Ок Лан, во Илионис. Тој бил доста добар ученик, а тоа го изјавил и за MTV: „Добивав само 5-ки и 4-ки и не се правам фаца со тоа“ – вели тој.rnКим Кардашијан
rn
rnrnЛуѓето ширум светот се обидуваат секојдневно да го следат животот на популарната џетсетерка Ким, уште откако била многу млада. Оваа фотографија е направена во 1997, кога таа била прва година средно во училиштето Меримаунт. Таа има еднаш изјавено за магазинот „Севнтин“ дека била помеѓу најпопуларните во средно школо, но била фино девојче. Нејзините најдобри другарки биле сестра ù и бубалиците.rnЛејди Гага
rn

rnrnОва е Лејди Гага, во 2004 година на алманахот во завршната средношколска година во женското училиште „Sacred Heart“ во соседството Апер Ист Сајд во Њујорк, каде таа вели дека се вљубила во музичките претстави. Контроверзната пејачка, очигледно била многу чесна тинејџерка.rnЛеонардо Дикаприо
rn
rnrnОва е фотографијата на Лео направена во 1991 г. во неговиот алманах кога бил втора година средно, во лосанџелешкиот центар за талентирани деца. Во средношколските денови тој веќе бил вработен актер, кој ги нервирал и плашел професорите кога го имитирал страшниот убиец Чарлс Менсон.rnНатали Портман
rn
rnrnОва е Натали Портман, тогашна Натали Хершлаг, на алманахот во нејзината завршна година во училиштето „Сајосет“, во Сајосет, Њујорк. Таа била ученичка со сите 5-ки и стигнала до полуфинале во престижен средношколски натпревар по наука и технологија.rnТом Круз
rn
rnrnФотографиран во 1980 година, Том Круз, по сè изгледа, отсекогаш имал насмевка вредна милион долари. Ова е фотографија од неговиот годишен алманах од завршната средношколска година во училиштето „Глен Риџ“ во Њу Џерси, кога се викал Том Мепотер. Том уште додека бил во средно училиште го „фатиле бубачките“ за глума, па дури ја играл и главната улога во школската претстава „Guys and Dolls“ (Момци и кукли).rnМетју Меконахи
rn
rnrnСо својот откачен ретро изглед и „опасна“ фризура, Метју Меконахи очигледно бил јако фраерче уште од средно, со оглед на фактот дека во втора година, во 1986 г. во училиштето „Лонгвју“ во Тексас, бил прогласен за најзгодниот ученик, во годишниот алманах. -

Неколку причини зошто да гледате „Glee“
“Гли„ (Glee) е музичка ТВ серија која на малите екрани своето официјалното деби го имаше на 19 мај 2009 година. Таа е во продукција на „20th Century Fox Television“, а нејзината популарност ја докажува фактот дека првата сезона била гледана од над 10 милиони гледачи само во САД.
Главни улоги: Лиа Мишел, Диана Агрон, Крис Колфер, Кори Монтих, Метју Морисон, Џејн Линч….rnЖанр: комедија, мјузикл, драмаrnВреметраење: 42 – 48 минутиrnНаша оценка: 7/10rn.rnrnrnТинејџерската серија е приказна за вистинските вредности во животот, амбициите и желбите, подемите и падовите. Сатиричната приказна проследена со песна, ја издвојува оваа серија од класичните мјузикли, а пофалбите пристигнуваат токму на адреса на изборот на песните. Покрај стари незаборавни класици, во серијата се пеат песни кои моментално се актуелни и вртени по ТВ и радио станиците. Низ епизодите ќе наидете на песни од Мадона, Бијонсе, Кети Пери, Лејди Гага, Аврил Лавињ, Кели Кларксон, Џастин, Ашер, Јуту, Бон Џови и многу други славни и прочуени имиња на музичката сцена.rn.rnrnrn
Одлично испеаните песни проследени со уште поинтересна кореографија, ќе ви покажат како да ги испеете вашите емоции, дури и ако не сте музички талентирани. Ако сè уште не сте почнале да ја гледате оваа серија, а сте решени да го сторите тоа, никако не се откажувајте после првата епизода, која ќе ви создаде чувство како да гледате уште еден тинејџерски мјузикл. Напротив, ова е серија која ве советува дека не треба да се откажувате од вашите соништа, затоа што никогаш не е премногу доцна за да го живеете вашиот животен сон. Таа ќе внесе оптимизам во вашите мисли и надежи и навистина ќе си поигрува со вашите емоции.

Кратка содржина: Приказната се одвива во едно средно училиште во Охајо, каде што учителот по шпански јазик, го презема клубот „Гли“. Неговата цел е да ја врати старата слава на клубот, па така и покрај критиките и незгодите кои ќе му се случуваат, тој успева да ја подобри програмата и да натера дел од учениците да се приклучат, меѓу кои се и некои од познатите фудбалери и мажуретки во училиштето..






















