КАФЕ ПАУЗА

Tag: средношколци

  • Вампирски дневници (The Vampire Diaries)

    Вампирски дневници (The Vampire Diaries)

    ТВ серија за средношколци и вампири, за љубовта и одмаздатаrnrn Вампирски дневници (The Vampire Diaries)rnrnГлавни ликови: Нина Добрев, Пол Веслеј, Ијан Сомерхалдер, Стивен Р. Мекквин, Катерина Грахам, Кендис АколаrnrnРежисер: Маркос Сиега rnrnАвтори: Кевин Вилијамсон, Џули ПликrnrnЖанр: драма, фантазија, хорор, романсаrnrnВреметраење: 40-42 мин.rnrnПремиера: 10 септември 2009rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 1 (22 епизоди)rnrnСледна епизода: 9 септември 2010rnrnВеб-сајт: http://www.cwtv.com/shows/the-vampire-diariesrnrnНаша оценка: 8/10rn__________________________________________________________________________________rn„Вампирски дневници“ е серија која треба задолжително да ја гледате доколку сте фанови на сите продолженија на „Самрак“. Дури и да не е така, доколку сте љубители на тинејџерски ТВ серии и/или на ТВ серии со вампири, крвопролевање и заплеткани игри, тогаш треба добро да се загреете со првата сезона, бидејќи втората само што не започнала.rn_________________________________________________________________________________ rnrnПриказна: Двајцата сосема различни браќа, Дејмон и Стефан Салваторе, се враќаат во гратчето Мистик Фолс, во Вирџинија, каде пред повеќе од едно столетие останале осудени на вечна младост, преобразувајќи се во вампири. Цената на ваквата вечност е висока, а тие одлучуваат да живеат и да се хранат различно за да опстанат и притоа да не бидат фатени.Вампирски дневници (The Vampire Diaries)Доаѓаат во градот од иста причина, но поради различна личност – едниот трага по Кетрин, љубовта од минатото за која верува дека е заробена во локалната гробница, а другиот се заљубува во нејзината човечка репликација, отелотворена во ликот на Елена Гилберт. Едниот дрзок и безобѕирен, другиот скромен и човечен, сепак тие наоѓаат начини да живеат заеднички живот. Дали се тие единствените вампири во Мистик Фолс? Дали секој од нив ќе ја постигне целта по која трагал? Дали љубовта помеѓу вампир и човечко битие може да опстои? „Читајте“ ги вампирските дневници за да дознаете.rn

    rnИнтересни податоци: Во оваа серија ќе научите дека вампирите јадат лук, пијат света вода, распнувањето нема ефект врз нив и имаат рефлексија во огледало.rnrnНина Добрев (Елена Гилберт) е 6 месеци помлада од Стивен Р. Мекквин (Џереми), додека во серијата е 2 години постара.rnrnПилот епизодата за Вампирски дневници е снимена во Ванкувер, каде е снимено и второто продолжение на „Самрак„, „Нова месечина“.Вампирски дневници (The Vampire Diaries)Кога и како да ја гледате: Доколку сте романтичари и решивте да ја гледате серијата поради љубовта која во неа дефинитивно ги поместува границите, тогаш каучот во дневната соба кога нема никој дома е идеалната атмосфера за вас. Ако пак повеќе ве фасцинираат тврдокорните елементи во серијата, може да размислите да поканите и друштво за гледање.rnrn.

    rnrnСлични серии: „Вистинска крв“, „Месечина“, „Натприродни“, „Бафи, убиец на вампири“, „Порти“rn.rn

    „Животот е без врска на секој начин Џереми. Барем кога си вампир, можеш да не се чувствуваш лошо поради тоа ако не сакаш.“

    rn