КАФЕ ПАУЗА

Tag: срцев удар

  • Дали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?

    Дали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?

    Витаминот Д е особено важен за правилното функционирање на нервниот, мускулно-скелетниот и имунолошкиот систем и може лесно да се добие од храна и сончева светлина, но и покрај бројните додатоци, неговиот недостаток е сè уште чест проблем.rnrnДали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?rnrnВитаминот Д е еден од многуте витамини што му се потребни на нашето тело за да остане здраво. Има клучна улога во одржувањето на рамнотежата на калциумот во крвта и коските и во градењето и одржувањето на коските.rnrnХроничниот недостаток на витаминот Д води до намалувањето на апсорпцијата на калциум и фосфор во цревата, а тоа пак, резултира во ниски нивоа на калциум во крвта. Оваа состојба може да предизвика симптоми како мускулна слабост, грчеви, замор и депресија.rnrnНедостатокот на витамин Д може да доведе и до зголемен ризик од фрактури на коските, а некои студии дури покажале дека луѓето со недостаток на витамин Д имаат поголем ризик од срцев удар.rnrnИако секој може да има недостаток на витамин Д во телото, оваа состојба најмногу се манифестира кај доенчињата, децата и возрасните над 60 години. Освен тоа, луѓето со зголемена содржина на меланин во кожата, исто така, се соочуваат со недостатокот на овој важен витамин.rnrnОткако прочитавте за значењето на витаминот Д и неговата улога во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и дали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Едно авокадо неделно го намалува ризикот од срцев удар за 20%!

    Едно авокадо неделно го намалува ризикот од срцев удар за 20%!

    Според истражувачите од Харвард, замената на половина порција јајца, сирење, јогурт и преработено месо со авокадо би можела да има големо влијание врз нашата исхрана.rnrnЕдно авокадо неделно го намалува ризикот од срцев удар за 20%!rnrnКонсумирањето на само едно авокадо неделно го намалува ризикот од срцеви заболувања за околу 20 проценти, открива најновата научна студија.rnrnУчесниците во студијата биле прашани за нивната исхрана и морале да пополнат прашалници за да се утврди колку често јаделе одредени работи на почетокот на студијата, а потоа ги пополнувале анкетите еднаш на секои четири години.rnrnВо текот на 30 години, меѓу испитаниците имало 9.185 срцеви и 5.290 мозочни удари. Резултатите од студијата заклучиле дека честото консумирање авокадо е поврзано со намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести кај субјектите од двата пола за 16 и 22 проценти.rnrnОсвен тоа, внесот на незаситени масти од растително потекло може да го подобри квалитетот на исхраната и е важна компонента во превенцијата од кардиоваскуларни болести.rnrnАвокадото е одличен извор на влакна, витамини Ц, Е, К, Б5 и Б6, како и рибофлавин, ниацин, фолна киселина, магнезиум и калиум. Здравите масти во овошјето, исто така, помагаат при губење на тежината со тоа што ве одржуваат сити подолго време.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и која е разликата меѓу маслиново и авокадово масло.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Која крвна група има поголем ризик од срцев удар?

    Која крвна група има поголем ризик од срцев удар?

    Според најновите истражувања, луѓето со една од крвните групи А имаат поголема веројатност да доживеат мозочен удар пред својата 60-та година во споредба со луѓето со други крвни групи.rnrnКоја крвна група има поголем ризик од срцев удар?rnrnКрвните групи ја опишуваат богатата разновидност на хемикалии прикажани на површината на нашите црвени крвни зрнца. Меѓу најпознатите се А и Б, кои можат да бидат присутни заедно како АБ и 0. Дури и во овие главни крвни групи, постојат суптилни варијации кои произлегуваат од мутациите во одговорните гени.rnrnОва истражување покажало и јасна врска помеѓу генот на подгрупата А1 и раниот мозочен удар.rnrnИстражувачите собрале податоци од 48 генетски студии, кои опфатиле приближно 17.000 луѓе кои имале мозочен удар и речиси 600.000 луѓе од контролната група која немала мозочен удар. Сите учесници биле на возраст од 18 до 59 години.rnrnИстражувањето покажало дека луѓето со крвна група А имале 16 проценти поголеми шанси да доживеат мозочен удар пред возраст од 60 години, во споредба со испитаниците со другите крвни групи.rnЗа оние од групата О1, ризикот бил за 12 проценти помал.rn

    „Сè уште не знаеме зошто крвната група А би претставувала поголем ризик“, изјави еден од научниците кои учествувале во ова истражување, Стив Китнер од Универзитетот во Мериленд. „Но, тоа веројатно е поврзано со факторите на згрутчување на крвта, како што се тромбоцитите и клетките што ги обложуваат крвните садови, како и други циркулирачки протеини“, изјави тој.

    rnМозочните удари кај помладите луѓе се со помала веројатност да бидат предизвикани од масни наслаги во артериите (процес наречен атеросклероза) и поверојатно е да бидат предизвикани од фактори поврзани со згрутчување, заклучиле авторите.rnrnОткако прочитавте која крвна група има поголем ризик од срцев удар, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те рани симптоми за срцев удар што се случуваат само кај жени.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Редовното консумирање на овој сок го намалува ризикот од срцев удар!

    Редовното консумирање на овој сок го намалува ризикот од срцев удар!

    Цвеклото е здрав зеленчук кој може да се подготви на многу различни начини, а неговиот сок е еден од популарните пијалаци поради многуте здравствени придобивки. Имено, цвеклото е многу хранливо и полно со витамини, минерали и соединенија кои имаат лековити својства. Содржи големи количини на калиум, фосфор, калциум, магнезиум и железо, но и одредена количина на кобалт, кој учествува во создавањето на витаминот Б12.rnrnРедовното консумирање на овој сок го намалува ризикот од срцев удар!rnrnНајновите истражувања покажале дека само една чаша сок од цвекло дневно може да има благотворно влијание врз нашето здравје, особено врз здравјето на нашето срце и кардиоваскуларниот систем.rn

    „Нашето истражување покажува дека една чаша сок од цвекло дневно може да биде доволно да го спречиме воспалението во телото, кое, меѓу другото, може да доведе до срцеви заболувања, па дури и до срцев удар “, изјавил Асад Шабир, автор на истражувањето и предавач на Универзитетот Квин Мери во Лондон.

    rn

    Други придобивки од консумирањето сок од цвекло

    rnОсвен што го намалува ризикот од срцеви заболувања, друго истражување покажало дека секојдневното консумирање сок од цвекло може да ја подобри и нашата издржливост. Имено, возрасните кои пиеле 500 мл од овој сок дневно можеле да вежбаат дури 16% подолго од оние кои не го консумирале.rnrnНутриционистите исто така истакнуваат дека редовното консумирање сок од цвекло помага за зачувување на здравјето на цревата, забрзување на метаболизмот и слабеењето.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од сокот од цвекло, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Внимавајте на овие 8 знаци, бидејќи тие се јавуваат еден месец пред инфарктот

    Внимавајте на овие 8 знаци, бидејќи тие се јавуваат еден месец пред инфарктот

    Многу од овие симптоми се поврзани со стресот или едноставно со заморот и затоа поголемиот дел од пациентите не ги препознаваат како аларм пред инфаркт. Обрнете внимание на вдишувањето, изразениот замор и потењето. Доколку забележите некои од овие симптоми не треба да паничите, но во секој случај треба да се јавите кај вашиот доктор за да ги избегнете можните сомнежи.rnrn1-vnimavajte-na-ovie-8-znaci-bidejkji-tie-se-javuvaat-eden-mesec-pred-infarktot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Болка во градите

    rnМажите и жените ја чувствуваат болката во градите различно и според интензитетот и според траењето. Кај мажите, ова е еден од најизразените симптоми кои укажуваат на можност од срцев удар, и никако не треба да го игнорираат. Кај жените, овој симптом се јавува само во 30% од случаите. Болката во градите може да се прошири и на другите делови од телото, во двете раце (понекогаш само во левата), вилицата, рамењата или горниот дел од стомакот. Болката може да биде константа или да се јавува одвреме-навреме.rn

    2. Прекумерно потење

    rnОваа состојба е еден од посериозните рани знаци кои предупредуваат на можен срцев удар. Може да се потите во која било доба од денот или ноќта. Почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, но тие честопати знаат да го протолкуваат како бранови на топлина врзани за менопаузата. Во поголем дел од случаите луѓето се потат во текот на ноќта. Можните симптоми се слични како за настинката, чувство на леплива кожа или ненадејни налети на топлина и потење без оглед на надворешните фактори како што се температурата и облеката.rnrn2-vnimavajte-na-ovie-8-znaci-bidejkji-tie-se-javuvaat-eden-mesec-pred-infarktot-www.kafepauza.mk_rn

    3. Неправилен срцев ритам

    rnАритмијата или неправилните отчукувања на срцето се чести и за време на паника. Оваа состојба почесто ја искусуваат жените отколку мажите. Промените на срцевиот ритам се создаваат ненадејно и се манифестираат на два начини: аритмија (неправилна срцева фреквенција) или тахикардија (забрзано отчукување на срцето). Неправилниот срцев ритам може да трае до две минути, а доколку после тоа не се стабилизира, можна е силна вртоглавица и замор, кои се јавуваат пред срцевиот удар. Веднаш повикајте доктор.rn

    4. Губење на косата

    rnГубењето на косата се смета за уште еден од очигледните показатели за срцева болест. Најчесто ги погодува мажите постари од педесет години. Ќелавоста, исто така, се поврзува и со нивото на кортизол, хормонот на стрес. Треба да внимавате на губењето на косата од врвот на главата.rnrn3-vnimavajte-na-ovie-8-znaci-bidejkji-tie-se-javuvaat-eden-mesec-pred-infarktot-www.kafepauza.mk_rn

    5. Краток здив

    rnНеможноста за длабоко вдишување е еден од јасните знаци за можен срцев удар. Се јавува и кај мажите и кај жените околу шест месеци пред инфарктот. Освен неможноста длабоко да земете воздух, може да почувствувате и вртоглавица и како да не можете да дојдете до здив.rn

    6. Несоница

    rnСе поврзува со зголемен ризик од срцев, но и мозочен удар. Почеста е кај жените и обично ја следи анксиозност. Несоницата вклучува симптоми како тешко заспивање, чести ноќни будења и рано утринско будење.rnrn4-vnimavajte-na-ovie-8-znaci-bidejkji-tie-se-javuvaat-eden-mesec-pred-infarktot-www.kafepauza.mk_rn

    7. Болки во стомакот

    rnНадуеност, грчеви, мачнина и болка на „празен желудник“ може да се јавуваат периодично неколку месеци пред инфарктот, односно болките може да престануваат и повторно да се активираат. Подеднакво се јавуваат и кај мажите и кај жените.rn

    8. Изразен замор

    rnЕден од најизразените симптоми на срцев удар е невообичаениот замор кој се јавува само неколку дена пред инфарктот. Жените почесто го пријавуваат овој симптом, но тие обично го мешаат со пролетниот замор или исцрпноста. Овој замор не е поврзан со физичка или ментална активност, а често е толку изразен што оневозможува извршување на лесни задачи како што се средување на креветот или туширање. Честопати се јавува навечер.rnrnВи предлагаме да ги прочитате овие изненадувачки совети кои го намалуваат ризикот од срцев удар.

  • 10 изненадувачки совети кои го намалуваат ризикот од срцев удар

    10 изненадувачки совети кои го намалуваат ризикот од срцев удар

    Без разлика кои сте, сигурно и кај вас постои ризик од проблеми со кардиоваскуларниот систем. Овде многу работи имаат улога, но со текот на времето повеќето луѓе ќе почувствуваат некој ваков проблем. Срцевиот удар е еден од најчестите несреќи без разлика на знаењето кое го имаме за негово избегнување.rnrn(1)10-iznenaduvachki-raboti-koi-go-namaluvaat-rizikot-od-srcev-udar-kafepauza.mkrnrnНавистина е едноставно, хранете се здраво, вежбајте и грижете се за себе. И покрај ова кај секој од нас може да се појави проблем со срцето. И најздравите личности имаат големи шанси за срцев удар, па дури и рак. Луѓето кои не ни пробале цигари завршуваат со рак на белите дробови, а дури и веганите имаат проблеми со висок холестерол. Но, сепак има начин да ги избегнете овие ризици. Постојат неколку работи кои можете да ги направите за да го одржите здравјето на вашето срце. На пример, дали сте знаеле дека живеењето сами го зголемува ризикот за застанување на срцето? Или пак, дека чувањето куче го намалува? Местото на кое што живеете исто така игра улога, како и музиката којашто ја слушате. Дали сето ова е случајност? Можеби е, но нема да загубите ништо ако го направите она што можете.rn

    1. Чистење на забите со конец

    rnDental calculus removingrnrnКако е можно ова да биде добро за вашето срце? Иако доказите се малку, лекарите ја истражуваат можната поврзаност со болеста на непцата и болестите на срцето. Како и да е, не е лошо да одвоите некоја минута за детално чистење на забите.rn

    2. Преселете се на запад

    rn(3)10-iznenaduvachki-raboti-koi-go-namaluvaat-rizikot-od-srcev-udar-kafepauza.mkrnrnКултурата прави разлика, исто како и вашето опкружување. Погледнете карта на светот и ќе забележите дека во некои земји има помалку случаи со срцеви удари. Изгледа дека земјите на западот помалку страдаат од срцеви заболувања.rn

    3. Спијте редовно

    rnYoung man can`t wake uprnrnВажноста на спиењето никако целосно да се разбере и многу од нас ја игнорираат. Остануваме будни до доцна играјќи видео игри, „висејќи“ по барови или на социјалните мрежи. Воспоставувањето стриктен распоред за спиење ќе направи чуда за вашето здравје, особено за здравјето на срцето.rn

    4. Јадете лосос

    rn(5)10-iznenaduvachki-raboti-koi-go-namaluvaat-rizikot-od-srcev-udar-kafepauza.mkrnrnПовеќето луѓе јадат место. Црвеното и преработено место е преполно со масти и холестерол и кога се консумира во големи количини може да резултира со срцеви болести. Рибата од друга страна, содржи здрави масти. Ако сè уште не јадете морска храна, обидете се да додадете малку риба во вашата исхрана. Еднаш неделно заменете го хамбургерот со лосос.rn

    5. Одете на одмор

    rn(6)10-iznenaduvachki-raboti-koi-go-namaluvaat-rizikot-od-srcev-udar-kafepauza.mkrnrnЗнаете што предизвикува срцеви удари? Стресот. Што е најдобро за ослободување од него? Одморот. Сите ние сме преработени и под многу стрес. Ако имате можност да одите на одмор, или само на кратко да избегате од секојдневниот живот, направете го тоа.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 6 рани симптоми за срцев удар што се случуваат само кај жени

    6 рани симптоми за срцев удар што се случуваат само кај жени

    Срцевиот удар е еден од главните причини за рана смрт во модерниот живот. За жал, оваа болест обично напаѓа без никакво предупредување, но сепак постојат неколку знаци што нашето тело ни ги испраќа моменти пред трагедијата, што мора да научите да ги препознавате доколку сакате да си ја зголемите шансата за преживување.rnrn6 рани симптоми за срцев удар што се случуваат само кај жениrn

    1. Болка во грбот, вратот, вилицата и рацете

    rnОвие знаци можат да бидат збунувачки, бидејќи срцевиот удар најчесто се поврзува со болка во градите или во левата рака. Болката може да биде прогресивна, здодевна, акутна или ненадејна. Може дури и да ве разбуди од сон. Токму затоа и мора веднаш да се консултирате со доктор доколку почувствувате каква било болка што не можете да ја објасните.rn

    2. Остра болка во стомакот и чувство на гадење

    rnНекои од знаците што предупредуваат на срцев удар можат да бидат помешани со знаци за труење, грип или жиговина. Некои жени чувствуваат притисок во областа на адбдоменот, што ја опишуваат како „слон да седи на стомакот“.rn

    3. Студена пот

    rnСтудената пот е уште еден симптом што се јавува само меѓу жените. Може да изгледа дека станува збор за нешто поврзано со стрес, но ако сте немале слични симптоми претходно, веднаш посетете специјалист.rn

    4. Недостаток на воздух и вртоглавица

    rnПроблемите со дишењето без очигледна причина се верни сопатници на срцевиот удар, особено ако се појавуваат со некој друг од симптомите од оваа листа. Жените што преживеале срцев удар велат дека се чувствувале како да истрчале маратон, дури и ако не мрднале со ниту еден дел од телото.rn

    5. Зголемен замор

    rnДури и ако по долго одмарање чувствувате замор и не можете да направите ни некоја едноставна активност, како посета на тоалетот, ова е алармантен сигнал дека треба да обрнете внимание на состојбата на вашиот кардиоваскуларен систем.rn

    6. Притисок и болки во градите

    rnБолки во градите, непријатно чувство, горење или чувство на притисок се симптоми што се појавуваат и кај мажите и кај жените непосредно пред срцевиот удар. Имајте на ум дека жените, наместо на левата страна од градите, доживуваат болка во целиот предел и ако чувството на притисок не исчезне за неколку минути, јавете се кај вашиот доктор веднаш.rnrnЗабелешка: Овие симптоми не се гаранција дека ќе имате срцев удар, но со нивната комбинација, како и фактот колку често се појавуваат, треба да ви бидат доволна причина за да се консултирате со доктор. Медицинската грижа добиена во вистинското време е клучна за вашиот живот. Грижете се за себе!rnrn10 нешта кои посакуваме секоја жена да ги знае за своето здравје!

  • Необични симптоми кои укажуваат на тивок и незабележлив срцев удар

    Необични симптоми кои укажуваат на тивок и незабележлив срцев удар

    Срцевиот удар воопшто не е едноставен. Многумина го замислуваат како болка во градите, отежнато дишење, па дури и вртоглавица, но тоа не е нешто што треба да се игнорира. Не ризикувајте го своето здравје и дознајте како да препознаете дали сте имале „тивок срцев удар“ и што е тоа што го предизвикало, за во иднина да можете да го спречите и да се заштитите од поголем удар.rnrnНеобични симптоми кои укажуваат на тоа дека сте имале тивок срцев удар: Препознајте ги и не дозволувајте повторно да ви се случат!rnrnЕдна студија спроведена во 2016-та година на Универзитетот Харвард, покажала дека 45% од луѓето воопшто не чувствуваат никакви симптоми пред да доживеат срцев удар. „Тивкиот срцев удар“ се случува многу почесто отколку што можете да замислите. Тој е многу сличен на недостатокот на кислород во срцето, што може да доведе до блокада. Во повеќето случаи, вашето срце може да го преживее ова. Можеби ќе се изненадите, но овој удар е многу почест кај жените и често доведува до срцеви проблеми во иднина. За среќа, денес лекарите може да утврдат дали сте доживеале „тивок срцев удар“, при што од особена важност е да одите на редовни прегледи. Откако ќе ви се случи, овој удар може да остави некои последици на вас, како што е хроничен умор, болка во вратот или вилицата, отежнато дишење кога ќе работите нешто и слично. Постојат некои ризични фактори на кои треба да внимавате, а некои од нив се следниве:rn

      rn011

    • Пушење
    • rn011

    • Дијабетес
    • rn011

    • Дебелина
    • rn011

    • Срцеви проблеми во семејството
    • rn011

    • Висок крвен притисок
    • rn011

    • Недостаток на физичка активност
    • rn

    rnНеобични симптоми кои укажуваат на тоа дека сте имале тивок срцев удар: Препознајте ги и не дозволувајте повторно да ви се случат!rnrnДоколку имате повеќе од 35 години, би требало редовно да одите на лекарски прегледи за да утврдите дали ви се заканува опасност. Ова е најдобриот начин за да откриете дали веќе сте доживеале „тивок срцев удар“ или пак во иднина сте изложени на опасност од истиот или поголем. Исто така треба да промените некои свои навики, со цел да ја намалите веројатноста вам да ви се случи ова. Откажете се од пушењето, намалете го внесувањето на сол и потрудете се да ги изгубите вишокот килограми. Честото консумирање алкохол исто така може да ги зголеми шансите за срцев удар.

  • Само 1 минута е доволна за да си го спасите животот: Природен лек за срцев удар

    Само 1 минута е доволна за да си го спасите животот: Природен лек за срцев удар

    Дали сте знаеле дека можете да го спасите својот, но и туѓиот живот за само една минута со помош на каенската лута пиперка? Погрижете се да имате барем една ваква пиперка во својата кујна бидејќи никогаш не знаете кога може да ви затреба. Американскиот кардиолог д-р Кристофер, во својата долгогодишна кариера, не загубил ниту еден свој пациент од срцеви забулувања, ниту пак од срцев удар. Тој вели дека на сите оние пациенти кои имале зголемен ризик од удар, им давал чај од каенскиот лут пипер додека сѐ уште биле свесни.rnrnСамо 1 минута е доволна за да си го спасите животот: Природен лек за срцев ударrnrnЕдна кафена лажичка од пиперот се става во чаша вода и се дава на пациентот кој доживеал срцев удар во моментот додека е сѐ уште свесен и диши. Доколку личноста е без свест, тогаш потребно е да се стават капки од екстракт на лутиот пипер под јазикот на пациентот. Тоа го зголемува пулсот и ќе ја распореди крвта во сите делови на телото, балансирајќи ја циркулацијата и помагајќи срцето да ја обнови функцијата. Во продолжение прочитајте што ви е потребно за да го подготвите лекот.rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Каенски лут пипер во прав
    • rn011

    • Свежи каенски пиперки
    • rn011

    • 50% алкохол (можете да користите вотка)
    • rn011

    • Стаклено шише од еден литар
    • rn011

    • Ракавици
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ракавици, бидејќи каенските лути пиперчиња се многу лути. Исполнете 250 милилитри од шишето со каенски пипер во прав и ставете доволно алкохол за да се прекрие правот. Сомелете неколку свежи каенски пиперки и додадете доволно алкохол за смесата да добие текстура на сос. Додајте ја оваа смеса во шишето кое сега би требало да биде околу 3/4 полно. Дополнете го со алкохол до врвот и добро затворете го. Оставете да делува околу еден месец, со тоа што ќе го протресувате шишето неколку пати во текот на денот. По месец дена, смесата исцедете ја со помош на газа и чувајте ја во темен сад и темна просторија. Доколку сакате појака текстура, исцедете ја по 3 месеци. Смесата не може да се расипе и трае колку што сакате.rn

    Примена:

    rnНа пациентот кој доживеал срцев удар, дадете му 5-10 капки од смесата. По 5 минути дадете му повторно уште 5-10 капки. Повторувајте го процесот додека состојбата на пациентот не се подобри. Доколку пациентот не е при свест, ставете му 1-3 капки од смесата под јазикот и започнете со брза помош. Повторувајте го процесот на секои 5 минути додека состојбата на пациентот не се подобри.rnrnЗдравствени придобивки на каенската лута пиперка: Антифунгални својства, поволно делува на дигестивниот систем стимулирајќи го производството на желудочен сок, има антиканцерогени својства, посебно кај ракот на белите дробови и црниот дроб, помага во лекувањето на стомачните проблеми, мигрената и симптомите на грипот, содржи селен, магнезиум и витамините А и Ц.

  • 6 знаци дека се движите кон срцев удар

    6 знаци дека се движите кон срцев удар

    Живееме во брз свет, каде што ретко кога имаме време да се наспиеме, а уште помалку да обрнеме повеќе внимание на нашето здравје. Но, тоа мора веднаш да се смени, бидејќи едноставно не вреди да го ризикуваме нашиот живот. Доколку се пронаоѓате во следниве знаци, тогаш без сомнение треба да размислите за начинот на кој го водите вашиот живот и да почнете да правите промени уште денес, доколку сакате да се заштитите од сигурниот срцев удар кој следува во вашата иднина.rnrn6 знаци дека се движите кон срцев ударrn

    1. Се разлутувате дури и за најмалите нешта

    rnИмате тенденција да се претворите во Халк кога сте лути? Овие огнени емоции можат драстично да го зголемат вашиот ризик за срцев удар. Истражувачите од Универзитетот во Австралија тестирале 313 пациенти кои доживеале срцев удар веднаш по силно разлутување. Тие откриле дека пациентите имале 8,5 пати поголема шанса да доживеат срцев удар во 2-та часа кои следуваат по разлутувањето. Колку повеќе сте лути, толку поголеми се шансите за срцевиот удар.rn

    2. Поголемиот дел од времето го поминувате пред екран

    rnДа, тоа ја вклучува и вашата работа на компјутер. Една студија од Универзитетот во Лондон ни покажува дека луѓето кои гледаат телевизија или работат на компјутер 4 или повеќе часа секојдневно, имаат 125% поголем ризик од развивање кардиоваскуларна болест, како срцевиот удар. Долгите периоди поминати во седење ги трошат резервите на липопротеинската липаза во телото, ензим кој ја согорува маста и спречува затнување на артериите. Доколку го поминувате поголемиот дел од денот заглавени зад маса, обидувајте се на секои 20 минути да правите кратка прошетка или пак, почнете да работите на висока маса крај која потребно е да стоите. Вие можете да согорите и 30% повеќе калории кога стоите, отколку кога седите.rn

    3. Спиете помалку од 6 часа секоја вечер

    rnМногу возрасни личности се обидуваат да ги достигнат препорачаните 7 до 9 часа сон секоја вечер, но постојаното намалување на овие граници може да биде смртоносно. Една студија објавена во „Scandinavian Journal of Work, Environment & Health“ открила дека мажите во Јапонија кои спиеле помалку 6 часа во текот на вечерта имале и до 5 пати поголема шанса да доживеат срцев удар од оние кои спиеле 7 до 9 часа. Уште една студија објавена во медицинското училиште Јичи во Точиги, Јапонија, покажува дека истиот ризик се случува и кај жените кои спијат помалку од 6 часа секоја вечер.rn

    4. Живеете во област со многу смог

    rnСмогот е исто толку лош за вашето срце, колку што е и за вашите бели дробови. Истражувачите користеле редовни мерења на загаденоста на воздухот во Јужен Бостон со цел да детерминираат колкава изложеност на штетните материи влијае врз пациентите кои доживеале срцев удар. Тие откриле дека изложеноста на висока концентрација загаден воздух може да го зголеми ризикот за срцев удар и до 48% во 2-та часа пред пациентите да почнат да ги чувствуваат првите симптоми. Ризикот се зголемувал и до 69% кога луѓето се изложуваат на високо ниво загадување на воздухот за 24-те часа пред појавата на симптомите.rn

    5. Разведени сте

    rnРазводот може навистина да предизвика болка во срцето. Истражувачите од училиштето за медицина во склоп на Универзитетот Дјук спровеле 18-годишна студија која вклучувала скоро 16.000 мажи и жени помеѓу 45 и 80 години кои барем еднаш биле во брак. На секои 2 години, истражувачите го проценувале нивниот брачен статус, како и општото здравје. Разведените жени имале 25% поголема шанса да доживеат срцев удар отколку оние кои останале во бракот. Жените кои имале 2 или повеќе разводи, имале и 77% поголема шанса да страдаат од срцев удар. Што се однесува до мажите, ризикот останал ист, без разлика дали биле во брак или разведени за прв пат. Но, ако постојат 2 или повеќе развода, шансите за срцев удар се зголемуваат на 30%.rn

    6. Живеете во област со екстремни температури

    rnСтудиите ни покажуваат дека и екстремното ладно и екстремното топло може да ги изложи луѓето на ризик од срцев удар. Со помош на податоците од една студија која истражувала срцеви удари во Ворчестер, Масачусетс, научниците откриле дека температурата пониска од -8 степени Целзиусови, може да го зголеми ризикот и за 36% во 2-та дена пред појава на првите симптоми за срцев удар. Од друга страна пак, британските истражувачи откриле дека откако температурата ќе достигне 20 степени, со секое наредно нејзино зголемување, се зголемува и ризикот за срцев удар.