КАФЕ ПАУЗА

Tag: срам

  • Кои 5 прашања се срамиме да ги поставиме во љубовната врска?

    Кои 5 прашања се срамиме да ги поставиме во љубовната врска?

    Еве пет вообичаени прашања во врската за кои луѓето често сметаат дека се премногу табу за да разговараат, а разговорот за овие теми, всушност, може да ве зближи со вашиот партнер.rnrnКои 5 прашања се срамиме да ги поставиме во љубовната врска?rn

    1. Длабоко скриени стравови

    rnНе мислиме на страв од пајаци или од летање, туку на подлабоки стравови поврзани со вашиот карактер и личност. Стравовите се толку потиснати и вкоренети што можеби не сте ни свесни за нив. Секој има суштински страв што го поттикнува неговото однесување и затоа е важно да се зборува за него.rn

    2. Семејни проблеми

    rnМногу возрасни веруваат дека семејството од кое потекнуваат е одраз на тоа кои се тие.rn

    3. Тајни соништа и цели за иднината

    rnСподелувањето на вашите цели и соништа е многу чувствителен чин, бидејќи кога другите луѓе реагираат на кој било начин што е помалку од 100% поддршка, тоа може да доведе до сомнеж во врската. Дури и ако не се сомневате во себе, нивниот недостаток на поддршка ќе ве принуди да се соочите со студената, тешка реалност дека тие не се вистинските личности за вас.rn

    4. Финансиски проблеми

    rnВашата финансиска состојба е ваша лична, приватна работа. Меѓутоа, ако го делите вашиот живот со некого, има некои аспекти за кои ќе треба да разговарате. Вашиот начин на живот неизбежно влијае на блиските луѓе.rn

    5. Сексуални фантазии

    rnНекои еротски фантазии се полесни за споделување од другите, но споделувањето со партнерот може да ви помогне да се поврзете, дури и ако вашиот партнер не ја дели истата желба. Во секој случај, корисно е вашиот партнер да знае кои се вашите желби и до каде оди вашата еротска имагинација.rnrnОткако прочитавте кои прашања се срамиме да ги поставиме во љубовната врска, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 6 работи за кои никогаш не треба да се срамите во животот

    6 работи за кои никогаш не треба да се срамите во животот

    Дали некогаш сте се чувствувале лошо поради одредени нешта и начинот на кој ги чувствувате? Па, има неколку работи од кои никогаш не треба да се срамите.rnrn6 работи за кои никогаш не треба да се срамите во живототrn

    1. Искажување на вашите емоции

    rnЗа многумина од нас, покажувањето емоции е исто што и покажување слабост. Всушност, тоа е спротивно бидејќи луѓето кои можат да ги покажат своите чувства пред целиот свет се прилично силни.rn

    2. Поминување време со луѓе што ги сакате

    rnНе заборавајте дека никогаш не треба да се срамите од луѓето со кои најмногу уживате да сте.rn

    3. Вашата работа

    rnНе сите имаме гламурозни работни места и затоа не е важно дали сте на најниското скалило во некоја корпорација – важно е дека имате работа и дека работите напорно. Тоа не е нешто од што треба да се срамите.rn

    4. Им простувате на другите

    rnИако е тешко е да се направи, понекогаш простувањето е корисно. Затоа, не срамете се да простите и да се срами да простите и да заборавите.rn

    5. Чувството на надеж

    rnВо овој свет на надежта честопати се гледа како одлика на послабите. Но, ако вие не ја почувствувате оваа надеж, кој ќе ја почувствува за вас? Нека вашето срце постане вашиот светилник во овој темен свет.rn

    6. Вашето минато

    rnНашето минато е она што нè оформува како личности. Не треба да се срамите од глупавите работи што можеби сте ги направиле во минатото. Признајте ги, научете ги лекциите од вашите грешки, но не задржувајте се на нив.rnrnОткако прочитавте од кои работи никогаш не треба да се срамите, можеби ќе сакате да прочитате и за 30-те закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работи.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • За што не треба да се срами секој хороскопски знак?

    За што не треба да се срами секој хороскопски знак?

    Никој не е совршен, па ни вие и нема потреба да се срамите поради тоа. Во продолжение прочитајте за што не треба никогаш да се срамите, според вашиот хороскопски знак.rnrnЗа што не треба да се срами секој хороскопски знак?rn

    Овен

    rnЗа вашите достигнувања. Имате постигнато многу работи и дозволено ви е да се фалите за нив.rn

    Бик

    rnЗа вашата насмевка. За вашата смеа. Не дозволувајте вашите несигурности да ве спречат да се забавувате. Најубавата работа што можете да ја направите е да се смеете.rn

    Близнаци

    rnЗа вашиот симпатија. Дозволено ви е да чувствувате пеперутки во стомакот. Не кријте ги вашите емоции затоа што заслужуваат да бидат искажани.rn

    Рак

    rnЗа вашите соништа. Не грижете се за тоа што ќе кажат тие што ве критикуваат. Сонувајте големи соништа и покажете му ги на светот. Визуелизирајте го вашиот сопствен успех.rn

    Лав

    rnЗа вашите сексуални фантазии. Не треба да се срамите кога станува збор за сексот. Кажете гласно што сакате затоа што заслужувате задоволство.rn

    Девица

    rnЗа вашата врска. Дозволено ви е да се фалите за вашиот партнер. Дозволено ви е да покажете колку го сакате партнерот.rn

    Вага

    rnЗа вашите стравови. Не мора да ги чувате во себе. Можете да ги споделите и да признаете што ви минува низ главата.rn

    Скорпија

    rnЗа вашето тело. Сите имаат недостатоци, но вие треба да бидете горди на вашето тело. Тоа е она што го одржува вашето срце да пумпа крв. Тоа е она што ве одржува во живот.rn

    Стрелец

    rnЗа вашите интереси. Вашите страсти се важни. Не треба да се срамите да зборувате за нив.rn

    Јарец

    rnЗа вашите неуспеси. Нема потреба да ги криете вашите грешки од минатото од сите. Можете да зборувате за тоа колку пораснавте и колку многу работи сте научиле.rn

    Водолија

    rnЗа вашето минато. Не мора да криете ниту еден дел од себе. Не мора да се плашите да зборувате за тоа што сте доживеале.rn

    Риби

    rnЗа вашето мислење. Имате глас и треба да го користите. Вашето мислење е исто толку важно како и сите други.rnrnПрочитајте зошто секој хороскопски знак се обидува да ги скрие своите чувства.

  • 14 работи за кои веднаш треба да престанете да се обвинувате во животот

    14 работи за кои веднаш треба да престанете да се обвинувате во животот

    Понекогаш се обвинуваме себеси за начинот на кој го живееме нашиот живот бидејќи не изгледа совршен како што сакаме да биде. Кога разговараме со пријателите или сме на социјалните мрежи имаме навика да ги споредуваме нашите животи со туѓите. Се обвинуваме за работите за коишто не треба дури ни да се извинуваме. Бидејќи никому не должите објаснување време е да се прегрнете себеси и да престанете со срамење за следниве работи.rn

    1. Вашиот избор на кариера

    rnrnrnАко е невообичаена и помалку платена вашата работа, вие ќе се обвинувате себеси за вашиот избор. Се сомневате дали имате квалификации за постабилна работа со подобри примања, но сте одбрале поинаков пат во кариерата. Но, ако работата ве исполнува треба да бидете горди со тоа што го правите, за што и да станува збор.rn

    2. Вашите способности или недостаток на способности

    rnrnrnМожеби сте се почувствувале омаловажени поради вашата неспособност или недостаток на способност во нешто, но не смеете да се обвинувате поради тоа. Сите имаат силни и слаби страни, а ако во нешто не сте добри тоа не ве прави губитник.rn

    3. Посветување време за себе

    rnrnrnВо свет полн со екстроверти понекогаш е тешко да одвоите време за себеси. Ако сте мајка ќе се чувствувате виновно ако не им посветуваме внимание на децата. Но, вистината е дека секој заслужува време што ќе го помине со себе и ќе си угодува без да се грижи за останатите, барем на кратко.rn

    4. Пријателите и партнерот што ги избирате

    rnМожеби имате партнер или пријатели во вашиот живот за кои другите мислат дека не се доволно добри за вас. Но, ако вам ви одговара да ги имате покрај вас тоа не е воопшто важно. Треба да ви е драго што таквите луѓе како нив сè уште постојат во светов и се грижат за вас.rnrnrn

    5. Од каде доаѓате

    rnrnrnАко се срамите од вашето минато потешко ќе ви биде да ја цените сегашноста и да се насочите кон иднината. Прифаќањето на вашето минато е едно од нештата што треба да ги направите за да почнете да се сакате себеси.rn

    6. Храната што ја јадете

    rnrnrnСè додека се грижите за здравјето не смеете да се обвинувате за храната што ја јадете. Јадењето е едно од најголемите задоволства во животот, а ако можете да си го дозволите, уживајте во него.rn

    7. Вашиот љубовен статус

    rnМожеби преферирате да бидете сингл или сакате да се разведете од вашиот партнер. Дури и ако луѓето не се согласуваат со вас не смеете да се обвинувате ако не сакате да бидете со некого. Може да звучи одлично да се биде во врска и да се стапи во брак, но ако чувствувате потреба да бидете сингл не смеете да чувствувате вина поради тоа.rnrnrn

    rnПродолжува на втората страница…rn

  • Менструацијата е нормална, па затоа е време да престанете да се срамите за овие нешта!

    Менструацијата е нормална, па затоа е време да престанете да се срамите за овие нешта!

    Веќе е 2019 година, а жените сè уште се срамат да зборуваат отворено за некои работи. Секоја причина за срам поврзана со нивниот менструален циклус мора да прекине. Менструацијата е сосема нормална работа и еднаш месечното крвавење не може да биде спречено туку само одложено доколку земате контрацептивни таблети. Таа е знак дека вашето тело е здраво и дека сè функционира нормално. Никогаш не се срамете…rnrnrn

    Да зборувате за вашиот циклус пред момците

    rnДа бидеме искрени, многу е полесно да се зборува отворено пред пријателките отколку пред некој ваш пријател. Нема ништо срамно доколку кажете дека имате циклус, а реакцијата на момците треба да биде сосема нормална доколку тие барем малку се потрудат да ги разберат девојките.rn

    Поради фактот дека користите влошки

    rnПоради некои чудни причини постои некоја стигма околу користењето влошки наместо тампони. Некои жени знаат да кажат дека користењето влошки е „за мали девојчиња“. Секако дека ова не е точно. Влошките се за жени од секоја возраст, а посебно за оние кои не се чувствуваат удобно кога користат тампони. Се работи за потполно слободно право на избор што ќе се носи за време на циклус, а тоа не е нешто што другите треба да ги интересира.rn

    Да ги криете вашите влошки

    rnНавистина нема никаква потреба да ги криете ниту да се чувствувате засрамено кога ги купувате во маркетот или во најблиската продавница. Немојте да ги криете помеѓу рацете барајќи начини да не се гледаат. Менструацијата е нешто што не може да се контролира, ниту спречи, па затоа не вреди да се чувствувате засрамено поради нешто врз кое немате влијание.rn

    Да се обидувате да бидете тивки кога употребувате влошка

    rnПризнаваме дека отворањето и нејзиното поставување на долната облека може да биде гласно. Уште погласно е кога се наоѓате во јавен тоалет заедно со некоја друга жена. Не мора да бидете премногу внимателни додека се одвиткува и да трошите плус една минута правејќи го сето тоа премногу бавно и тивко. Не треба да се извинувате никому за „шушкањето“ што го правите затоа што нема ништо срамно во тоа.rn

    Поради болката што ја чувствувате

    rnВие не ја преувеличувате вашата болка. Некои жени имаат грчеви што болат толку силно што доведуваат до повраќање, па дури и до несвестица. Не се чувствувајте слаби поради неподносливоста на болката што ја имате еднаш месечно. Слободно лежете на креветот во чудни позиции додека се обидувате да се ослободите од стегањето во нозете и болката во грбот. Нема ништо чудно во тоа и кога градите се претерано сензитивни, а вие сакате тоа што побрзо да престане.rn

    Вашите промени во расположението

    rnПромената во расположението изразена преку плачење на нешто апсурдно или нервирање за нешто безначајно не треба да биде причина за чувствување срам. Тоа не е знак дека сте слаби или претерано чувствителни туку дека вашите хормони малку поинаку работат во тој период.rn

    Дамката на креветот или на вашите панталони/долна облека

    rnМенструацијата може да дојде во средината на ноќта и кога ќе се разбудите да видите дамка на вашите чаршави, пижами и долна облека. Ова е навистина непријатно. И не може да се спореди со мокрење во кревет, па не се будите затоа што сте се почувствувале влажни. Месечниот циклус доаѓа тивко и вие нема да забележите одма дека се случува и поради тоа не треба да ви биде воопшто срам. Тоа е само крв која некогаш знае да излезе малку подалеку од онаму каде што ѝ е местото.rn

    Изјавата „имам добиено“

    rnКако и да изјавите дека ви дошол месечниот циклус нема да згрешите и немојте да се чувствувате чудно. Нема потреба да користите медицински термини, туку кажете го тоа како што најмногу ви одговара. Секако нема потреба да се оправдувате некому поради тоа што крвавите.rnrnПрочитајте ги и овие 25 помалку познати факти за менструацијата.

  • Телото после породувањето: 5 промени за кои жените се срамат да зборуваат

    Телото после породувањето: 5 промени за кои жените се срамат да зборуваат

    Телото после породувањето минува низ бројни промени од кои не сите се пријатни, а некои кај жените предизвикуваат дури и срам. Не зборуваме за стриите, хемороидите, опуштената кожа и надуваниот стомак, за кои поголемиот дел од жените се свесни, туку за неудобностите за кои ниту една новопечена мајка не сака да зборува.rnrn1-teloto-posle-poroduvanjeto-5-promeni-za-koi-zhenite-se-sramat-da-zboruvaat-www,kafepauza.mk_rn

    1. Вагината може да стане преголема за тампон

    rnПосле појавата на првата менструација, немојте ни да се обидувате да користите тампон, бидејќи постои голема веројатност дека ќе доживеете неудобно искуство. Не грижете се, тоа е само привремена состојба која може да потрае неколку месеци после раѓањето. Станува збор за последица од растегнувањето и ширењето на вагината после породувањето на која ѝ е потребно време да се врати во нормалната состојба.rn

    2. Нема да можете да го контролирате испуштањето гасови

    rnПородувањето и тоа како остава траги на вашето тело, особено на делот поврзан со задникот и мускулите на задникот. Тие стануваат послаби отколку што биле, што може да доведе до неудобни појави на неконтролирано испуштање гасови, без предупредување. Оваа појава е многу честа, но добрата вест е тоа што мускулите постепено ќе се зајакнат и ќе се вратат во нормала, а неудобноста ќе престане.rn

    3. Можеби и ќе испуштите малку урина во гаќичките

    rnПовторно станува збор за слабеење на мускулите кои во текот на породувањето минуваат низ многу големи промени. Токму заради тоа многу новопечени мајки не можат целосно да го контролираат мочниот меур. Тоа значи дека кога ќе кивате, ќе се закашлате, ќе подигате товар или ќе се смеете гласно од сѐ срце, постои опасност дека ќе испуштите малку урина во гаќичките, барем додека мускулите не зајакнат.rnrn2-teloto-posle-poroduvanjeto-5-promeni-za-koi-zhenite-se-sramat-da-zboruvaat-www,kafepauza.mk_rn

    4. Може да ви пораснат стапалата

    rnВо текот на последните месеци од бременост нозете често натекуваат, а стапалата стануваат пошироки и поголеми. Добрата вест е што после породувањето тие се враќаат во нормала. Но, дека тие ќе станат поголеми за време на бременоста, нема сомнеж. Стапалото може да порасне и за еден цел број, а што ја предизвикува оваа, за жените непосакувана појава, не се сигурни ниту научниците.rn

    5. Интимните делови може да ја променат бојата

    rnСилните хормонални промени кои се случуваат во телото на новопечените мајки телото ги изразува на разни начин. Еден од нив е и значајното темнеење на кожата на брадавиците и на подрачјето околу вагината и анусот. И додека кај некои жени оваа појава после одредено време исчезнува, другите мајки мора да се помират со уште еден „дар од природата“.rnrnПрочитајте ги одговорите на непријатните прашања за породувањето кои сите жени се срамат да ги постават.

  • 10 засрамувачки секс приказни поради кои и вие ќе поцрвенете од срам

    10 засрамувачки секс приказни поради кои и вие ќе поцрвенете од срам

    Некои сексуални искуства се неверојатно „жешки“ и возбудливи, други, пак, се непријатни и чудни. Доколку сте доживеале срамно сексуално искуство, не сте единствени! Можеби во моментот сте посакале да пропаднете во земја, но мора да признаете дека сега кога ќе се сетите на тоа, ви доаѓа да се „згазите“ од смеење. Прочитајте ги следниве 10 секс приказни кои ќе направат и вие да поцрвенете од срам…rnrn10 засрамувачки секс приказни поради кои и вие ќе поцрвенете од срамrn

    1. Пазарење

    rn

    „Еднаш за време на секс, почнав да размислувам што треба да купам од продавница и ненадејно извикав ’Моркови!’.“

    rn

    2. СМС пораки

    rn

    „Еднаш додека сѐ уште траеше сексуалниот чин, партнерот ме праша дали сакам да си ги прочитам пораките кои непрекинато ми стигнуваа на телефонот.“

    rn

    3. Перика

    rn

    „Ми падна периката за време на секс и типот толку се исплаши што помисли дека ми ја откорнал косата.“

    rn

    4. Домашните миленици се на прво место

    rn

    „Го прекинав сексот за да го подготвам моето куче за спиење.“

    rn

    5. Отвори се, сезаме!

    rn

    „На сред секс, тој сосема ми ја уби желбата кога ги стави рацете на моите бутови и извика ’Отвори се, сезаме!’ и што е најтрагично сериозно го мислеше тоа.“

    rn10 засрамувачки секс приказни поради кои и вие ќе поцрвенете од срамrn

    6. Она кога ќе ви почне омилената песна…

    rn

    „Еднаш имав пуштено музика за време на секс и кога почна мојата омилена песна одеднаш почнав да пеам на цел глас и станав да танцувам.“

    rn

    7. Победа!

    rn

    „Имавме секс на првиот љубовен состанок. Тој заврши за 2 минути, извика ’Јас победив!’ и заспа.“

    rn

    8. Рекорд

    rn

    „Направив рекорд во издржливост за време на сексот и толку се возбудив што кажав нешто што сосема го уништи моментот.

    rn

    9. Држење за рака

    rn

    „Еднаш си ја држев сопствената рака за време на сексуалниот однос.“

    rn

    10. Мукање

    rn

    „Најсрамниот момент во мојот живот беше кога случајно замукав како крава за време на сексот.“

  • 5 знаци кои ве издаваат дека штотуку сте имале секс

    5 знаци кои ве издаваат дека штотуку сте имале секс

    Во нашите простори луѓето сѐ уште не се толку отворени кога се работи за сексот и постојано се обидуваат да скријат колку сексуални партнери имале, колку често имаат или немаат секс и дали воопшто уживаат во него. Многумина не би сакале да се знае дека штотуку имале секс, особено ако треба да одат на работа, да излезат со пријателите или да ги извршуваат секојдневните обврски. Поради тоа тие се обидуваат да го скријат тој факт што е можно подобро и да изгледаат прибрано. Но, неодамнешните истражувања откриле дека постојат знаци кои лесно ќе ве издадат дека сте имале секс и сте доживеале оргазам. Во продолжение прочитајте кои се тие…rnrn4 знаци кои ве издаваат дека штотуку сте имале сексrn

    1. Румени образи

    rnСексот го забрзува крвотокот поради што по водењето љубов се појавува црвенило на лицето. Некои се повеќе црвени, некои помалку, но сите зрачат со специфичен „блескав изглед“.rn

    2. Среќа и радост!

    rnЧувството на задоволство и чудното разиграно расположение кое ги обзема луѓето по сексот се последица на зголеменото лачење на хормонот за среќа. Ендорфинот прави да се чувствувате како ништо да не може да ви го уништи денот.rn

    3. Насмевка на лицето

    rnДури и да сте на состанок од работа, ќе ви биде тешко да го задржите сериозниот израз на лицето доколку сте го започнале денот со оргазам. Насмевката и среќата ќе ве красат цел ден. Не се обидувајте да делувате сериозно, смешкајте се кога веќе имате вистинска причина за тоа.rn

    4. Материјални докази

    rnОна што секако треба да го сокриете се истутканата облека, уништената шминка, отпечатоците од кармин од таму каде што не им е место и сите други чудни дамки. Добро проверете како се излегле од дома бидејќи не би сакале буквално сѐ да ви пишува на чело.rn

    5. Лесен од

    rnВерувале или не, оргазмот кај жените влијае на нивниот од! Истражувачите од Универзитетот Луван анализирале видеа од жени како одат по улица и успеале да заклучат кои од нив имале редовни оргазми, а кои не. Жените кои често имаат сексуални односи и редовно доживуваат оргазам имаат подолг чекор и подвижна карлица поради подобриот проток на крвта низ мускулите во тој дел од телото. Истражувачите тврдат дека жените кои често доживуваат вагинален оргазам додека одат ги нишаат колковите, повеќе се „фрцкаат“ и имаат полесен чекор.

  • Непријатно ви е кога добивате комплимент? 4 причини зашто се срамите кога слушате пофалби за вас

    Непријатно ви е кога добивате комплимент? 4 причини зашто се срамите кога слушате пофалби за вас

    Луѓето даваат комплименти поврзани со вашиот изглед или вашата личност, со цел да истакнат некоја ваша добра особина и да направат да се почувствувате убаво. Но, дали во тие моменти се чувствувате непријатно? Не грижете се, не сте сами. Има голем број луѓе на кои им е многу тешко да се носат со убавите зборови кои ги слушаат за себе. Постојат голем број објаснувања зашто е тоа така, а еве четири поради кои најчесто не знаете како да се однесувате кога ќе добиете комплимент.rnrn(1) Непријатно ви е кога добивате комплимент? 4 причини зашто се срамите кога слушате пофалби за васrn

    1. Самопочитта ви е на ниско ниво

    rnЕдна нова студија објавена во „ Journal of Experimental Social Psychology, доаѓа до сознанието дека луѓето кои имаат пониско ниво на почит кон себеси, имаат најголеми потешкотии при прифаќањето на комплиментите. Доколку мислите дека имате недостатоци и не сте доволно добри, тогаш може да имате проблем да сфатите како останатите луѓе можат да кажат добри работи за вас. Според студијата, во таквиот случај, пофалбите нема да ја подобрат перцепцијата којашто ја имате за себеси. Дури и уште полошо, доколку воодушевувањето доаѓа од вашиот љубовен партнер/ка, може да ви го наруши односот. Најчесто, луѓето со мала самопочит, помислуваат дека партнерите кога им доделуваат комплименти, ги лажат, што ја намалува довербата меѓу нив.rn

    2. Вашата перцепција за вас не се совпаѓа со туѓото мислење

    rnДруга причина поради која чувствувате непријатност кога ќе добиете пофалба, е тоа што убавите зборови што ги слушате не се совпаѓаат со начинот на којшто се гледате себеси. Ова е познато како когнитивна дисонанса, термин што психолозите го користат за да се опишат одредени недоследности. На пример, кога вашиот колега кога би ви рекол „Ти си паметен/паметна. Секогаш ги наведуваш точните работи во извештаите“, а вие не се доживувате како паметни и стручни работници, тогаш тоа ќе ве стави во недоумица. Нема да знаете дали вие немате добар увид врз своите способности или пак, можеби човекот кој ве пофалил не суди правилно. Ова е причината поради којашто луѓето кои не знаат да примаат комплименти, многу често наместо да се заблагодарат, почнуваат да објаснуваат.rnrn(2) Непријатно ви е кога добивате комплимент? 4 причини зашто се срамите кога слушате пофалби за васrn

    3. Тешко ви е да се соочите со големи очекувања

    rnНекои истражувања покажуваат дека луѓето со помала самодоверба си поставуваат помали очекувања, па ако ги исполнат се пријатно изненадени. Поради тоа, кога ќе добиете пофалба, тоа ве става под поголем притисок, затоа што сметате дека и очекувањата од вас ќе бидат поголеми. Доколку вашиот шеф рече „Ве одбрав за овој проект затоа што секогаш ги исполнувате задачите во зададените рокови“, овие зборови можат да ве исплашат. Кога забележувате дека останатите луѓе имаат почит кон вас, а вие не сте сигурни во себе, тоа може да ве доведе во стресна состојба. Тогаш сметате дека е само прашање на време кога ќе ја разочарате другата страна, која ви поставила одредена, според вас, висока задача.rn

    4. Многу сте скромни

    rnЛуѓето кои се премногу скромни, почнуваат да се чувствуваат многу лошо кога ќе добијат голем број комплименти. Доколку и сте вие едни од нив, секако сте се нашле во слична ситуација. Добивате комплименти дека сте добар шеф, добар пријател, добар работник… Секако, доколку во тие моменти речете „Да, знам“ ќе испаднете некултурни и претенциозни, но, можеби се наоѓате и во ситуација кога ви е тешко да изговорите и едно „Благодарам.rnrnЗа да ја подобрите ваквата состојба, поработете малку на својата самодоверба и самопочит и ќе видите дека набрзо комплиментите ќе ви станат попријатни. Доколку сметате дека делењето комплименти е чудна појава, тоа не значи дека и вашето однесување треба да биде чудно. Најдобриот одговор кога ќе добиете комплимент е да покажете барем малку благодарност. Едно едноставно „Благодарам“ е речиси секогаш најсоодветен одговор.

  • 12 хороскопски знаци, 12 големи тајни: Од што најмногу се срами вашиот знак?

    12 хороскопски знаци, 12 големи тајни: Од што најмногу се срами вашиот знак?

    Секој хороскопски знак има свои врлини и маани, како и многу несигурности предизвикани од лошите страни. Во продолжение прочитајте ги најголемите тајни на секој знак кои тие повеќе од сè би сакале да ги сокријат во себе бидејќи се срамат од нив…rnrn12 хороскопски знаци, 12 големи тајни – Од што најмногу се срами вашиот знак?rnrnОвен… Делува самоуверено, но е преполн со сомнежи и самиот си наметнува притисок дека мора да биде најдобар.rnrnБик… Стравува од секоја промена во животот, бидејќи се плаши од непознатото и од сè останато на што не е навикнат.rnrnБлизнаци… Го кријат лошото расположение, како и тагата бидејќи сакаат да остават впечаток дека бескрајно се среќни и задоволни.rnrnРак… Никогаш не им верува во целост на луѓето во својот живот.rnrnЛав… Сака другите да имаат постојана потреба од него, бидејќи тоа е единствениот начин да се чувствува силно и подобро.rnrnДевица… Бара потврда од луѓето околу неа дека е добра во сите оние нешта кои секојдневно ги прави.rnrnВага… Едноставно не знае или не сакам да им каже „не“ на луѓето.rnrnСкорпија… Стравува од неуспех.rnrnСтрелец… Пати од себичните дела на другите луѓе, но постојано глуми и се преправа дека сè е во ред.rnrnЈарец… Постојано ја преиспитува својата вредност и се прашува дали е доволно добар во оние нешта кои ги прави.rnrnВодолија… Потајно се плаши дека луѓето всушност не ја прифаќаат каква што навистина е.rnrnРиби… Наместо соочувањето со проблемите или луѓето кои ги предизвикуваат истите, тие попрво би избегале од конфликтните ситуации.