Срамежливите момци умеат чудно да се однесуваат – изгледаат како да се лути поради нешто, а потоа се свртуваат и си одат. Исто така, изгледаат како да не можат прецизно да одговорат на поставеното прашање, а уште помалку тие да го постават. Срамежливоста ги блокира срамежливите момци, па тие ни оставаат погрешен впечаток. Затоа, следниот пат кога ќе се обидете да разговарате со некое момче за кое ви кажале дека ве симпатизира, а тој се однесува како тотален идиот, само помислете дека можеби тој е срамежлив. Исто така, можеби срамежливоста е причината поради која не успевате да остварите никаков контакт со слаткото момче, бидејќи тој воопшто нема поим дека е сладок.rnrn
rn
1. Глупав е
rnКога ќе почне да пелтечи и не може да изговори ниедна сложена реченица, лицето ќе му се искриви од напор, а сè што успева да артикулира се фрази, прости реченици и кимање со главата, на нас ни изгледа како тој воопшто да не знае да зборува, а веројатно ниту да мисли. Тоа делува по малку застрашувачки. Не знаете како нему навистина му влијае срамежливоста, па само ќе помислите „тој е просто глуп“, ќе заминете и ќе заборавите на средбата. Но, немојте да се чудите ако случајно налетате на некој „глупак“ кој зборува течно со некого, се смее и се шегува, како да нема никакви проблеми во комуникацијата – сетете се дека блокадата од срамежливост прави чуда.rn
2. Тој нема поим за ништо
rnСрамежливоста не го фрустрира само оној кој пати од неа, туку и оној кој се обидува да воспостави некаков контакт со него. Ако разговорот тече тешко, вие се обидувате да флертувате, а тој како воопшто да не ве забележува, па вие „случајно“ ќе го допрете, а тој ќе се тргне, ако ја ставите вашата рака на него, а тој како да очекува удар, најверојатно ќе сфатите дека тој е премногу срамежлив. Меѓутоа, фрустрацијата која ја чувствувате и самите, бидејќи испаѓате наметливи, неумешни и се чувствувате како будала, ќе ве наведе луто да помислите дека тој нема поим за ништо и дека воопшто не вреди да се трудите. Но, срамежливците умеат да бидат вистинско изненадување – кога ќе се опуштат и „преработат“.rn
3. Ако не е во состојба да ми пријде, тогаш ништо
rnСигурни сте дека тоа треба да биде така. Тој треба да ви пријде вам и ако не може да се снајде во тоа, тогаш најверојатно нема да може ниту во кој било друг емотивен однос. Но, можеби поради предрасудите ја пропуштате приликата срамежливиот маж да се ослободи и да ви ги покаже неговите квалитети. Ризикувајте, пријдете му вие нему.rnrn
rn
4. Воопшто не му се допаѓам
rnПонекогаш срамежливоста е маскирана со ладнокрвност, дистанца и незаинтересираност, бидејќи тоа е единствениот начин срамежливите момци да не излезат неумешни и неспособни. Но, во секој случај, подобро е да мислите дека не го привлекувате, отколку да мислите дека е глупав.rn
5. Мора нешто во врска со него да не е во ред
rnДури и кога ќе сфатите дека тој е срамежлив, ќе бидете збунети поради промените во неговото однесување. Ќе се запрашувате дали со него е сè во ред. Па, не е. Во онаа смисла во која сите наши маани и слабости ни прават проблем во комуникацијата, нè спречуваат да го кажеме она што го мислиме, да бидеме опуштени и да се однесуваме самоуверено. Но, срамежливоста може да се надмине. За разлика од глупоста.


rn

rnrn
rnrn



rn
rn
rn
rn
rnrn







rnrnКонтролата на срамот е многу тешка работа. Токму поради тоа што не можеме и не знаеме како да го контролираме, во нашиот живот не се случуваат многу работи што ние би сакале да ни се случат. Од друга страна, пак, сите ние сакаме да бидеме перфекционисти и тоа дополнително ни прави проблеми во главата да се срамиме.rnrnПоради срамот што го поседуваме, многу пати не сме поставиле некои прашања, не сме добиле нешто што сме сакале, не сме поканиле дечко/девојка на состанок, итн. Дополнително на ова, поради срам (наш или на тие околу нас) некои луѓе не напредуваат на работа, не се истакнуваат, а имаат предиспозиции, не се активни, а имаат знаење и многу други работи кои доведуваат до фрустрации, но и незадоволство кај вашите надредени (од кај да знаат тие дека се срамите?!). И сега се поставува прашањето: ќе се срамите цел живот или ќе направите некои промени кај вас што ќе ви помогнат да го совладате срамот. Ако сте подготвени да се промените, еве ви неколку совети како да го направите тоа:rnrn