КАФЕ ПАУЗА

Tag: способност

  • Престанете да се фокусирате на себе – не се врти сè околу вас, и тоа е во ред!

    Престанете да се фокусирате на себе – не се врти сè околу вас, и тоа е во ред!

    „Вистинскиот начин да се пронајдеш себеси е да се изгубиш служејќи им на другите.“ – Махатма Ганди

    rnВо свет на суета каде сè што се слуша е: јас, јас, јас, го сакам ова, сакам сега, тешко е да ја прифатиме големата вистина дека сонцето не се врти околу нас и тоа е всушност добра работа. Секој е повеќе или помалку фокусиран на себеси, пробувајќи да ги задоволи своите интереси, потреби и апетити, со други зборови, да си угоди на себе.rnrnПрестанете да се фокусирате на себе – не е сè околу вас и тоа е во редrnrnСите ние сме тука со причина, имаме цел и намера, и нашето присуство на планетата Земја е многу, многу повеќе од плитката себичност која нè тера постојано да се фокусираме на самите себе и да внимаваме што другите мислат за нас. Секој од нас има нешто специфично, нешто единствено што го прави посебен и оригинален, и само ако успееме да го победиме нашето сопствено его ќе можеме со нашата уникатност да придонесеме за светот. Сите ние имаме способност да донесеме светлина, подобар живот и промена, но само ако успееме да го тргнеме рефлекторот од себе.rnrnОва се 5 реални примери кои покажуваат дека не се врти сè околу вас, но и дека тоа всушност е супер.rn

    1. Анксиозност при јавно говорење

    rnКога подготвуваме каков било вид јавно излагање, чувствуваме страв, несигурност и анксиозност која би можела да ни го уништи говорот. Ставањето акцент на нас самите, како сме облечени, со каков тон зборуваме, всушност прави целата презентација да биде за нас. Но, правилниот пристап кон нештата е да се доживее тоа јавно излагање малку пореално – не е за вас, туку за оние кои ве слушаат. Главната цел ви е да ја пренесете моќната порака на она што го кажувате, да допрете до некого, да ги научите вашите слушатели на нешто, да направите мала промена во нивните животи и начинот на размислување. Не е сè за вас, и ова е доста олеснителна околност.rn

    2. Кога не го добиваме она што го сакаме

    rnКога нема да го добиеме она што го сакаме – работната позиција, наградата, унапредувањето, и сл., чувствуваме фрустрација. Пробајте на тоа да гледате поинаку. Постои многу поголема сила од нас како единки, и сите ние сме само мала точка на оваа планета, дел од некаков план. Ова ќе ви помогне да сфатите дека сè се случува со причина и дека тоа што една врата се затворила за вас, само значи дека наскоро ќе ви се отвори многу поголема.rnrnПрестанете да се фокусирате на себе – не е сè околу вас и тоа е во редrn

    3. Кога сме игнорирани

    rnМоже да биде дури и болно кога си игнориран. Секој од нас речиси секојдневно се соочува со тоа. Тука спаѓа неодговарањето на мејловите кои ги праќате, телефонски разговори за кои другите не се достапни или заинтересирани, нерасположени јавни службеници кои може дури и да ви го расипат денот. Не грижете се, не сте вие проблемот. Луѓето едноставно се премногу свртени кон себеси, премногу „зафатени“ со своите интереси и премногу себични. Тоа е оној по малку ироничен круг по кој се движат нештата.rn

    4. Кога некој зборува лошо за нас

    rnВашите најголеми критичари всушност го проектираат сопствениот страв, несигурност и завист на вас. Популарно наречените хејтери „хејтаат“ поради нивните сопствени проблеми и несигурности. Значи, тоа нема врска со вас, вие сте само предмет на нивните фрустрации, затоа држете се настрана. Може да допрат до вас само ако влезете во таква дискусија и им посветите внимание. Значи повторно, не е за вас, туку проблемот се тие самите.rn

    5. Кога ви се чини дека не го живеете вашиот сон

    rnВашиот талент и вашите способности сфатете ги како алатки за служење на заедницата. Што сакате да правите, кој е вашиот сон? Сакате да пишувате, да издавате свои книги, да цртате, да фотографирате, да држите мотивациони говори, и што ли уште не, разбирливо е да имате соништа. Кога ви се чини дека не ви оди во животот, тогаш зборува вашето его кое сака повеќе и повеќе и ве спречува да видите што сте сториле досега. Значи, правете го она што сакате да го правите, дајте го најдоброто од себе, и престанете да се фокусирате на себеси, туку гледајте од спротивната страна – како со мојот талент јас им помагам на другите? Кога ќе го заборавите вашето его, вие ќе почнете да го живеете вашиот сон.rnrnДокажано е дека преголемиот фокус кон себеси е причина поради која среќата нè одбегнува. Затоа престанете да прашувате „Што сакам?“ или „Како можам да го добијам ова?“, туку запрашајте се себеси „Како можам да придонесам?“.rnrnКога сите ние би престанале да бидеме толку себични и фокусирани на себе, светот би бил подобро место за живеење.rnrnСега вдишете, па издишете. Во ред е, не се врти сè околу вас, и тоа е големо олеснување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е така

    15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е така

    Вашиот потенцијал ве прави да достигнувате големи нешта и да си ги остварувате вашите соништа. На моменти може да почувствуваме дека не го даваме најдоброто од себе, дека можеме повеќе, дека не го искористуваме целосно нашиот потенцијал. Но, сè додека се трудите и вложувате време и внимание работејќи го она што го сакате, вие сте на вистинскиот пат. Вистината е дека никој не може да биде присутен секаде и да успева на секое можно поле во животот, па не се обесхрабрувајте. Ова се 15 знаци кои ќе ви покажат дека го користите вашиот потенцијал иако во моментов мислите дека не е така.rnrn15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е такаrn

    1. Зрачите со позитивност

    rnВо најголем дел од времето имате насмевка на вашето лице. Не е сè совршено но вие знаете дека работите си доаѓаат на свое место и на крај коцките ќе се наредат. Кога размислувате за иднината ја гледате со позитива и очекувате убави работи. Кога имате проблем знаете да дојдете до решение, можеби не веднаш, но свесни сте дека за секој проблем има решение, дури и ако понекогаш треба да почекаме и да бидеме стрпливи.rn

    2. Се фокусирате на решенија и крајни резултати

    rnСвесни сте дека најголем дел од проблемите со кои животот нè тера да се справиме, се решаваат со верба во себеси и позитивен пристап на нештата. Немате навика долго да плачете поради тоа што ве снашло туку се фокусирате на тоа како да го поправите. Размислувате за последиците и свесни сте дека секој потег во животот носи различни последици за кои самите сте одговорни.rn

    3. Ги исполнувате вашите цели

    rnПоставувањето цели е многу корисно. Знаете кон што целите и каде се движите. Со помош на целите вие сте одговорни, фокусирани и мотивирани. Се радувате на секој, и најмал успех, бидејќи знаете дека малите чекори исто така ве водат кон големи нешта. Си поставувате многу цели и се фокусирате на исполнување на истите. Можеби не секогаш нештата ќе одат по планираното, но во најголем дел од случаите можете гордо да се пофалите дека со труд сте го добиле она што сте го сакале.rn

    4. Не ви пречи напорната работа

    rnНапротив, ѝ се радувате бидејќи знаете дека она што е навидум тешко, непознато и што ве плаши е токму она што треба да го направите. Свесни сте за тоа и го прифаќате фактот дека ќе има денови кога излегувате рано од дома а се враќате доцна, ќе има непроспиени ноќи и мамурни утра придружени со галонски количини на испиено кафе, но тоа е само дел од патот до успехот.rnrn15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е такаrn

    5. Ги исполнувате вашите ветувања

    rnВашиот збор ви значи многу и го сфаќате сериозно, како и оние околу вас. Колку ги исполнувате вашите ветувања зборува многу за вас како личност. Дури и ако станува збор за ветување што сте го направиле кон вашиот помал брат, знаете дека треба да го исполните.rn

    6. Вие сте во постојан процес на учење

    rnНе се плашите да побарате помош и свесни сте дека животот е голема лекција. Секогаш сте отворени за нови познанства и знаења. Доколку чувствувате дека ви е потребно повеќе знаење на одредена тема, ќе се запишете на курс или пак ќе се информирате на кој било друг начин. Верувате дека секогаш и од секого може да научите нешто во животот.rn

    7. Отворени сте за промена

    rnВерувате дека нештата се случуваат со причина и дека некогаш мора да излезете од безбедната зона на комфорот и да ризикувате. Иако промените може да бидат страшни, во суштина се добри. Дури и да не излезе како посакуваното, знаете дека сте побогати за едно искуство повеќе.rn

    8. Добро се справувате со стрес

    rnИако не секогаш ви успева добро и разумно да се справите со стресот, знаете колку е важно како вие реагирате на стрес. Затоа се осврнувате кон нештата кои ве смируваат и знаете дека некогаш е подобро да ја преспиете вечерта и наутро да донесете одлука што ќе правите. Вашиот лек при стресни ситуации може да биде осврнувањето кон религијата, долгите прошетки, слушањето музика и сл.rn

    9. Се грижите за вашата исхрана

    rnЗнаете колку е важна здравата исхрана и физичката активност. Се грижите за себе за што телото ви возвраќа со енергија, баланс и добро здравје.rn

    10. Останувате во форма

    rnНе вежбате само за да го отстраните вишокот килограми. Вежбате за едноставно да останете во форма. Тоа е дел од вашиот здрав начин на живот и покажува колку сте истрајни, мотивирани и доследни до своите принципи.rn

    11. Посветувате внимание на физичкиот изглед

    rnЗнаете дека физичкиот изглед не е пресуден, но исто така знаете дека е важен. Сакате да зрачите со професионалност и токму поради тоа нема да направите утка при изборот на гардероба за интервју за работа.rn

    12. Негувате цврсти врски со блиските

    rnВрските со членовите на вашето семејство, пријателите или со вашиот партнер ви се важни и вложувате во нив. Знаете дека успешниот човек секогаш негува цврсти пријателства, здрави семејни односи и љубовни врски. Подарувањето љубов значи и добивање љубов, а ако човек не знае каде припаѓа лесно може да се изгуби.rn

    13. Едноставно, се забавувате

    rnИмате полн распоред. Не безделничите и точно знаете што ќе правите утре. Но, исто знаете и како да го организирате слободното време. Само работа и сериозност ќе ве направи здодевни личности кои заборавиле како да уживаат во животот, затоа знаете како да се опуштите и да го доживеете животот како голема забавна авантура.rnrn15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е такаrn

    14. Благодарни сте и скромни

    rnИскрено сте благодарни за малите нешта со кои секојдневно сте благословени. Не се поставувате надмено и во принцип сте скромни и едноставни личности кои знаат да го ценат и вреднуваат животот.rn

    15. Имате животно мото

    rnИли, уште подобро, повеќе од едно. Секогаш се водите по некоја движечка сила која ве мотивира и инспирира. Не само мото, тоа може да биде и нечија животна приказна. Секогаш наоѓате зборови кои ви го поттикнуваат расположението и ве охрабруваат кога ќе се почувствувате несигурно.rnrnСигурно по читањето на овој текст сфативте колку вложувате во остварувањето на вашите цели во животот и оваа доза на самодоверба ви беше потребна. А, доколку мислите дека некои од горенаведените работи не ги применувате, сега е вистинско време да почнете.

  • Зошто е корисно повеќе да се слуша отколку да се зборува?

    Зошто е корисно повеќе да се слуша отколку да се зборува?

    Комуникациските техники се од есенцијална важност. Но не е важно само себеизразувањето туку и слушањето на соговорникот. Благословени сме со моќта да зборуваме, но и со можноста да слушаме.rnrnИако ја имаме способноста да искажуваме емоции и мислења, вистината е дека колку повеќе зборуваме толку помалку сме во можност вистински да комуницираме.rnrnЗошто е корисно повеќе да се слуша отколку да се зборува?rnrn

    Размислете пред да кажете што било

    rnЧесто ја отвораме устата без точен план за она што сакаме да го кажеме, како и за тоа каков ефект ќе има врз слушателот/публиката. Доколку зборуваме инстинктивно и неподготвени, некогаш нашето импровизирање може да излезе како што треба, но некогаш не. Зборувањето на памет, колку да се учествува во темата на разговор нема да му даде квалитет и значење на разговорот. Не само што никој нема да нè слуша, туку може да создадеме одбивност и недостиг на авторитет во нечии очи.rnrnПред да кажете што било, земете здив, размислете добро бидејќи кажаниот збор не се повлекува. Размислете што точно сакате да кажете, со која цел, дали може да постигнете нешто и дали коментарот воопшто е потребен во дадената ситуација. Секогаш имате повеќе опции за да кажете нешто. Размислете што е најприфатливо во дадениот момент.rn

    Ислушајте го соговорникот пред да донесете заклучок

    rnСлушањето не значи само дозволување некому да заврши со зборување, туку и „позајмување“ на неговата/нејзината перспектива односно гледиште на работите. Значи дека треба да се ставите на нечие место и во нечија кожа и навистина да се потрудите да го разберете она што ви е кажано.rnrnБрзото и импулсивно донесување на заклучоци неретко ќе нè донесе до сосем погрешни претпоставки и неправилно оценување на личноста која ни зборува. Дајте му време и на вашиот мозок да го „процесира“ она што сте го слушнале.rn

    Ограничете се на она што е важно

    rnКвантитет е едно, а квалитет е нешто сосем друго. Секогаш кога ќе помислите да ја отворите устата за да кажете нешто, да напишете нешто на социјалните мрежи или да објавите нешто на вашиот блог, размислете колку вашиот коментар/текст е потребен и дали тоа е вистинското нешто што треба да го кажете/напишете во тој момент. Некогаш тишината е злато.rn

    Запознајте ги оние со кои комуницирате

    rnНајчесто многу кажуваме со нашите постапки, а за успешна и ефективна комуникација, обрнувањето внимание на секој аспект е многу важно. Запознајте ги вашите соговорници, луѓето со кои најчесто сте во интеракција. Дајте му важност на дружењето, заедничките излети, игри или оброци. Обрнете внимание на другите, на начинот на кој размислуваат и го доживуваат животот. Така и вие ќе си отворите нови перспективи и гледишта.rn

    Пишувајте

    rnПишувањето е начин на себеизразување, и пишаните дела траат подолго од вербално пренесените. Кога пишувате мора многу подобро да размислите за тоа како ќе се изразите и што сакате да кажете односно пренесете. Ќе ставите многу поголем акцент и на употребата на јазикот, и најважно од сè, ќе мора да се слушате самите себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни велосипедски трикови кои ќе ве импресионираат

    Неверојатни велосипедски трикови кои ќе ве импресионираат

    Запознајте го Мартин Ештон, човекот кој ќе ве помести од столчето со своите неверојатни способности, додека седи зад велосипедскиот волан. Овој професионален велосипедист, заедно со двајца помошници ги изведуваат најневеројатните велосипедски трикови коишто некогаш сте ги виделе на интернет.rnrnrnrnКако и да е, љубителите на овој спорт не е пожелно да пробуваат вакви трикови со нивните велосипеди, бидејќи овие момци користат опрема од највисок ранг. Нивните велосипеди се викаат Colnago C59 Italia, и се продаваат по повеќе од 20.000 американски долари. Очекувано, ова неверојатно видео собра неколку милиони прегледи за неколку дена, привлекувајќи повеќе од 1 милион прегледи во првиот ден.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најатрактивните аматерски кошови што некогаш сте ги виделе

    Најатрактивните аматерски кошови што некогаш сте ги виделе

    Секој од овие кошови е посебен на свој начин. Некои од нив се индивидуално достигнување, додека некои се резултат на тимска работа.rnrn(6) najatraktivnite amaterski koshevi shto nekogash ste gi videle - www.kafepauza.mkrnrnЌе останете со подзината уста на способноста и имагинацијата на овие луѓе. Капата доле, секоја чест.rnrnНајатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделе Најатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделе Најатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделе Најатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделе Најатрактивните аматерски кошеви што некогаш сте ги виделеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куче со неверојатни актерски способности

    Куче со неверојатни актерски способности

    Џиф е померанец со многу зафатен живот. Може да оди на три нозе, на две нозе, во круг, се движи и наназад правејќи го „месечевиот од“, па дури знае да вози и скејтборд. Тој има половина милион лајкови на Фејсбук, а неговата фан-страница е ставена во категоријата „филмски актер/модел“ и тоа не е шега, Џиф навистина има талент за глума.rnКуче со неверојатни актерски способности Тој бил дел од рекламата на Њујоршката лотарија и актер во филм со име „Adventures of Bailey: A Night in Cowtown“. Имајте на ум дека не сите кучиња се дел од шоу-бизнисот, но мора да се признае дека со толку слатко лице, Џиф заслужува да биде во центарот на вниманието. :)rnrn

    rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    Дали чувствувате дека можете да направите многу повеќе со својот живот? Мислите ли дека не го искористувате целосно вашиот потенцијал? Проблемот е во тоа што речиси никогаш не сме сигурни колкав е нашиот потенцијал. Првиот чекор кон искористување на сопствениот потенцијал е сфаќањето што нè спречува да го направиме тоа.

    rn

    Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    rnrn

    Причини поради кои не си го искористувате доволно потенцијалот:

    rnСе потценувате себеси – Можеби имате некаква визија за себе, но во моменти на ниска самодоверба некој глас во вас ви кажува дека не сте доволно добри или дека мечтаете за нешто неостварливо. Дури може да почнете самите да барате изговори зошто не тргнувате кон посакуваната цел. Дали вашиот сон многу често ви звучи како смешна детска идеја и не се осмелувате да почнете да вложувате труд во неговото остварување?rnrnГо знаете вашиот потенцијал, но не знаете како да го достигнете – Можеби сте свесни дека имате потенцијал да направите неверојатни работи, но не знаете како да го достигнете. Ви се чини дека растојанието од точката каде моментално се наоѓате до самиот успех е едноставно преголемо и немате идеја како да го поминете. Тоа е како да гледате полн базен со вода и јасно ви е дека она што треба да го направите е да го испразните, но сè што имате на располагање е една малечка лажица. Можеби токму немањето ресурси ве спречува да тргнете нанапред?rnrnДостигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успехrnrnЈа насочувате целата ваша енергија во погрешни работи – Можеби знаете дека сте создадени за да работите нешто, но сте преокупирани со други обврски, така што не можете да посветите време за надградување на себеси во таа област. Или едноставно сте заглавиле во шаблонот на секојдневието и не можете да излезете од тој лавиринт и да ја насочите вашата енергија во правилна насока?rnrnДоколку се пронајдовте макар во една од трите наведени причини, продолжете со читање.rn

    Како да го достигнете вашиот потенцијал?

    rnСтивнете ги негативните гласови. Она што треба да ве поведе е жестоката желба за стигнување до посакуваната цел. Нема нешто што е невозможно. Наместо да барате изговори, дејствувајте водени од мислата дека сè што посакувате може да ви се оствари доколку имате желба и вложите доволно труд.rnrnПронајдете ја вашата страст. Издвојте период во кој ќе пробате многу работи во кои барем малку се пронаоѓате. Потоа издвојте ја онаа која најмногу ја буди вашата креативност и желба за успех. Онаа која ве претвора во енергична сила која има капацитет да постигне сè што ќе ѝ падне на памет.rnrnНавивајте самите за себе. Бидете свои навивачи наместо критичари. Не секогаш ќе го направите правилниот избор, но важно е да се задржи позитивната енергија и мотивацијата. За сè може да најдете негативни страни, но поддржувајте се наместо да се кудите. Ќе забележите како за брзо ќе почнете многу повеќе да верувате во себе.rnrnДостигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успехrnrnБидете свесни за своите позитивни страни. Како може да го достигнете својот потенцијал ако се плашите да признаете дека сте добри во нешто? Заборавете на скромноста. Кога гледате дека во одредено подрачје сте навистина добри, најдете начин тоа да го кажете на глас.rnrnБидете свесни за своите негативни страни. Секако, секој има слабости и предности. Бидете искрени кон самите себе. Ако постојано се залажувате дека сте добри во нешто за што навистина не сте, ќе продолжите да ја насочувате целата ваша енергија во подобрување на тоа поле наместо надградување и усовршување на она што ви е силна страна.rnrnИмајте генерален план. Ретко кога нашите планови ги следиме во секој чекор, но добро е да имате генерален план за да знаете кон каде се движите. Имајте на ум што треба да направите, кон каде треба да се придвижувате и што треба да вложите за понатамошен успех.rnrnКолку сте подготвени да жртвувате? Можеби за постигнување на вашата цел ќе треба да вложите непроспиени ноќи и многу труд. Дали сте подготвени да се жртвувате или ќе се откажете на пола пат?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Светло, камера, АКЦИЈА!

    Светло, камера, АКЦИЈА!

    Ако се спроведе истражување кај младите, би се потврдил запрепастувачкиот факт дека огромен дел од оние кои веќе завршиле факултет или оние кои одлучиле да не студираат воглавно џаболебарат. Дефиниција за џаболебарство: го преспиваш денот, залудно ја трошиш ноќта, најголем напор вложуваш во избор на облека, кога би било изводливо би дозволил некој и храната да ја џвака наместо тебе, со еден збор живееш за џабе, постоиш за да правиш гужва во светов, како статистите во филмовите. И кога ќе ми текне дека зборувам за голем дел од моите врсници, ми доаѓа да урлам. Ама не можам, срамота е, а иронијата е во тоа што никој не ќе ме слушне.rnrnСе рекло „светот на младите останува“, ама не е така, требало да биде „светот останува на младите со визија“. Не е во ред да имаш 22 години, да не знаеш што да правиш со себе, главна преокупација да ти биде терање кафе-шема и пишување статуси на ФБ. Тато носи, мама меси е работава. Па така, околу два попладне, кафулињата се полнат со луѓе кои се „активни џаболебари“. Како е можно? Свесни сме колку сме моќни? Свесни сме што можеме да направиме со себеси? Младост, знаење, моќ, визија, ренесанса… ХА! Не можеме, зафатени сме со водење плитки и површни животи.rnrnСветло, камера, АКЦИЈА!rnrn

    Огромен дел од младите се мрчатори. Да се зачудиш како е можно толку негативна енергија да се собере во човече старо цели 17 години. Ништо не им одговара, сè е за нигде. Образование, статусот на невработеност, јавни институции, места за забава и излегување, начинот на кој птиците летаат над нашата земја, буквално сè што може, дури и она што не може, ќе го искритикуваат. Во ред ли е толку мрчаторска енергија да биде собрана во младината? Од каде идејата дека си интересен ако критикуваш сè и сешто и ако секој твој коментар е полн со иронија? Докажуваме дека сме подобри од некого, поспособни, поуспешни, со повеќе знаење? Што и кому може да се докаже нешто со пишување иронични статуси на ФБ или „жестоки“ твитови на Твитер? Кој колку е компетентен за некого да критикува?

    rnДа заврши факултет не може секој, искрено па факултет не е за секого. Ама во ред, заврши средно и барај работа, кој рече дека факултетот е задолжителен? Сепак не, денес секој може и да се запише и да го заврши факултетот, критериуми речиси и да нема. Не е нешто вау и ако продолжиш на постдипломски, сепак многумина го прават и тоа, биле способни или не. И демек сите во иднина ќе бидеме горди академски граѓани на оваа држава? Моето дете има да биде магистер, море и докторат ќе има. Зошто? Па мое дете е! Е добро де, секој е нечие дете, ама можеби твоето и не е баш толку способно колку што си мислиш. Амбициозни родители и деца со недоволно елан за учење и надградување на себеси – најлоша, но и најчеста комбинација.rnrnСтрашно е и тоа што голем дел од нас младите не сакаат да го дозавршат факултетот, како да се плашиме од иднината. Вака имаме обврска да учиме и да полагаме испити. Ама после тоа ќе имаме обврска да бараме работа и да работиме. Зошто толкав дел од младите со диплома паѓаат во депресија? Не можат да најдат работа? Не знаат што понатаму со себеси? Како всушност одбираме каква работа е погодна за нас? Чекаме да ни се отвори директорско столче? Добро, ситуацијата не е сјајна, ама нигде не сјае, и никој не може  да ми каже дека ако сакаш да работиш нема да најдеш работа. Проблемот е што многумина бараат работа со цел да не најдат, па секогаш е полесно да седиш дома, да мрчиш и некој друг да ти е крив за твојата состојба. Ако си способен/на, што и да работиш ќе те забележат, ќе се истакнеш. Знаете кој е еден од критериумите да се кандидираш за претседател на држава? Да бидеш постар од 40 години. Што сакам да кажам? За големите работи треба искуство, животно и работно. Треба муви да лапаш, со други зборови. Не е срамота да работиш нешто „под твое ниво“, поголема срамота е да не работиш ништо. Седење дома и чекање совршеното работно место да ти падне од небо… Излези, работи, запознавај луѓе, информирај се, зголеми го кругот на пријатели и контакти. Кој е нашиот систем на сфаќање на работите? Зошто да биде срамота да работиш и да заработуваш, да стекнеш работна навика дури си млад? Нели дијагностицираната мрза е поголема срамота?rnrnНапишала статус на ФБ „I don’t work, I’m a princess“. Ха! Ха! А каде тоа, во Македонија? И као демек си наследник на кралската лоза, сина крв? Оди работи нешто или најди си маж, па прави ручек и пеглај кошули. Ќе се разбудиме ние од овој смешен сон или ни треба кофа со ладна вода?rnrnНам младите многу работи не ни се јасни, многу работи допрва ќе ги искусиме, но многу работи намерно се правиме дека не ги  знаеме. Чудо едно, од здрав разум, мозок со капацитет, толкава способност да направиш нешто од себеси, и насила да се правиш дебил. Нашата младина затупува со гледање сапуници, терање патетични кафе-шеми, преокупација со „мода“ и слушање „исцрпни“ турбо-фолк хитови. Незаборавни дружења, добри филмови, позитивни песни, убави стихови, поучни книги, труд, визија, работа и надеж, тоа ни прилега нам како млади и како некои кои се наречени „иднина“.rnrnЖивотот е многу едноставен, само ние луѓето милуваме да го правиме комплициран. Ако ти требаат пари – работи. Ако нешто не ти одговара – промени го. Ако нешто ти смета – тргни се од него. Ако сакаш да успееш – труди се, труди се, труди се. Светло, камера, преземи акција, СЕГА!rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 предизвици за 30 дена!

    30 предизвици за 30 дена!

    Велат дека за да создадете нова навика потребни се 30 дена. Самиот процес не е баш наједноставен, потребни се одлучност и посветеност, особено ако сакате некоја стара навика да ја замените со нова. Но, кога станува збор за подобрување на некои аспекти на нашиот живот и работење на тоа да бидеме сè подобри личности, тогаш трудот дефинитивно вреди!rnrnРазмислете добро каква личност сакате да бидете за 5 години од сега, кои доблести сакате да ги поседувате, а кои навики да ги отстраните. Изберете го вашиот предизвик и бидете доследни 30 дена, затоа што времето секако поминува без разлика дали ни се допаѓа тоа или не. Па тогаш, зошто да не го искористите месецот пред вас за животна промена? На крајот на краиштата, не мора да биде некоја животна промена, можеби редно е да најдете време секој ден за нешто во коешто уживате. Еве некои интересни идеи кои можеби ќе се најдат на вашиот список.rnrn30 предизвици за 30 дена!rnrn1. Пишувајте по една убава порака за некој што го сакате. Сигурно има барем 30 нешта што ги сакате кај драгата личност. Искористувајте по една за вашите пораки секој ден во наредниот месец.rnrn2. Секој ден нова фотографија! Не дозволувајте прекрасните моменти да поминат незабележни, овековечете ги.rnrn3. Одвојте време за љубов кон самите себе и научете да се сакате со сите доблести и недостатоци.rnrn4. Разговарајте со непознат. Ќе ја победите срамежливоста, а можеби и ќе наидете на некоја несекојдневна приказна.rnrn5. Размислете повторно за некои ваши верувања и запрашајте се дали сè уште стоите зад нив. Ако не, можеби е време за реевалуација на она во коешто верувате.rnrn6. Одвојте 30 минути за прошетка!rnrn7. Пробувајте нов рецепт секој ден. Најблиските сигурно ќе се израдуваат.rnrn8. Откажете се од алкохол во наредните 30 дена. Можеби е најдобро да се одлучите за овој предизвик откако ќе завршат куќните слави. :)rnrn9. Отсекогаш сте сакале да напишете роман? Ве предизвикуваме, 50.000 зборови за 30 дена!rnrn10. Искористете го вашиот талент за сликање и научете некоја техника во наредниот месец. А и да не сте многу талентирани, кој вели дека мора да имате талент за да си играте со бои?rnrn11. Гледајте документарец секој ден и проширете ги вашите знаења.rnrn12. Прочитајте неколку страни од вашиот омилен роман.rnrn13. Одберете тема или вештина којашто сакате да ја совладате еден ден и одвојувајте време секојдневно во нејзино изучување.rnrn14. Офлајн цели 30 дена! Без Фејсбук, Твитер, вести, телевизија… само вие и вашето слободно време. Ограничете го протокот на информации, изберете неколку омилени сајтови (не ја заборавајте Кафе пауза 🙂 )  и пробајте да живеете едноставно.rnrn15. Имате лоша навика од која навистина сакате да се ослободите? Одложувањето нема никако да помогне, така што, соберете сили и преминете на дело. Ние целосно ве поддржуваме!rnrn16. Инспирирајте се! Некоја добра песна, инспиративно видео, нова мантра за време на вашата медитација, што и да е, само да го одржува вашиот дух. Инспиративните и креативни луѓе се докажано посреќни.rnrn17. Водете дневник, 30 дена без отстапка. Ова е одличен филтер за вашите насобрани емоции, а и секогаш ќе имате прекрасно место за да се навратите на убавите спомени.rnrn18. Цел месец без ниту една лага? Ова сигурно е еден од најтешките предизвици на листата, но можеби конечно ќе научите да го кажете она што ви лежи на душа на начин на којшто нема да ги повредите луѓето околу вас.rnrn19. Будете се рано секој ден. Докажано е дека организмот најдобро функционира кога имате точно одредено време за легнување и станување. Потрудете се барем наутро да станувате во приближно исто време секој ден.rnrn20. Победете ги конечно вашите стравови! Се плашите да му се спротивставите на шефот, цел живот ги избегнувате лифтовите или пак не погледнувате од балкон доколку се наоѓате повисоко од втори кат? Време е да се соочите со стравовите, со по еден секој ден.rnrn21. Медитирајте.rnrn22. Секој ден, направете нешто хумано и од срце, нешто што нема корист за вас воопшто, а многу би им помогнало на другите.rnrn23. Сигурно има мал милион работи во вашиот дом кои треба да се поправат, преместат или едноставно да се фрлат. Менување на прегорената светилка или поправање на чешмата што капе се мали задачи кои нема да ви одземат премногу време, а ќе направат веднаш да се чувствувате подобро.rnrn24. Организирајте си филмски маратон – којшто ќе трае 30 дена. Сите филмови што некогаш сте сакале да ги гледате, а сте немале време, омилените филмови што би ги гледале пак, а и оние за коишто сте сигурни дека не се ваш жанр, но би било добро да ги гледате заради проширување на видиците.rnrn25. Сменете го ставот и наредниот пат кога ќе ве прашаат како сте, одговорете – прекрасно! Уште подобро, во наредните 30 дена користете само позитивни зборови кои ќе измамуваат насмевки и ќе направат да се чувствувате одлично.rnrn26. Споделете го вашето знаење или некоја ваша вештина со луѓето околу вас и научете некого по нешто секој ден.rnrn27. Создадете нешто сосема ново во наредните 30 дена. Во секој од нас се крие креативна душа и сите имаме некој талент кој можеме да го развиеме. За што и да се одлучите да направите, по нецел месец ќе имате нешто ново и целосно ваше!rnrn28. Исплатете некој долг што одамна ве мачи и во наредните месец дена потрудете се да не должите никому ништо.rnrn29. Точно е дека секоја врска треба да се одржува и некогаш е потребна напорна работа за односите да останат добри, но доколу постои личност во вашиот живот којашто постојано ве повредува, можеби е редно време да ја оставите во минатото.rnrn30. Одвојте 10 минути секоја вечер пред спиење и размислете за сè она што ви се случило во текот на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога ќе пораснам сакам да бидам…

    Кога ќе пораснам сакам да бидам…

    Среќата не доаѓа при успаните, ок да, вистина е… ама кога ми се спие – ми се спие. Колку само работи знам, а не ги применувам, некогаш сум гневна самата на себе поради тоа. Научниците тврдат дека не сме свесни за сè она што се случува во нашиот мозок. Дека нашиот мозок може да процесира над двесте работи во еден момент, но ние сме свесни само за осум или девет од нив, и дека човештвото не е ни приближно блиску до вистинскиот одговор за тоа како мозокот работи и колкав капацитет има… можеби и подобро да не знаеме.Кога ќе пораснам сакам да бидам...Се рекло (и целосно го поддржувам ова), дека самите луѓе не се свесни за тоа за што сè се способни, некогаш ќе дојдеш во таква ситуација во животот и ќе изреагираш како суперхерој. На пример, ќе го научиш целиот материјал една ноќ пред испит и се чувствуваш појако и од Супермен. Ќе се послужам со пример од еден стенд-ап комедијант кој неретко ме импресионира. Човечкото тело е чудесно, создадено за толку многу работи, може да помине толку многу пречки, створено да освојува златни медали на долги патеки, да претрча и преплива маратони, да се искачува на планини… а нас нè мрзи да појдеме до продавница. „Па не знам зошто имаш тело на човек, подобро да имаше тело на фока!“rnrnЗошто спиеме кога знаеме дека среќата не доаѓа при успаните? Зошто не станеме, не го искористиме нашиот мозок и не направиме едно БУМ? Па која сум јас, лесно е само да го кажам ова… Ама си ветив дека ќе си го исполнам детскиот сон.rnrnНаивно ли е да сакаш да си го исполниш сонот од детството? Сме сонувале дека сакаме да бидеме балерини, пилоти, писатели, учителки… Велат дека детските соништа се најискрени, невини и исконски. Она што најпрво си сакал да бидеш. А од друга страна, некои ќе речат дека биле неразумни, недоволно осмислени, несериозни. Нашите детски соништа се уништуваат во истиот момент кога ќе допрат до реалноста, во моментот кога почнуваме наголемо да мислиме на пари. И ќе останеме заробени во свет кој не ни одговара, каде ќе работиме по шема, а што со нашите скриени страсти за животот?rnrnВраќајќи се наназад низ годините станувам гневна (а не сакам да сум дел од оние кои се гневни, немав таков концепт за себеси), гневна на сите оние на кои им е работа да ги откриваат скриените страсти и таленти, а не го прават тоа. Работите одат напред кога се раководени од луѓе кои својата работа ја вршат со задоволство, а не механички. Парите се битни, ама најбитно е да имаме некој скриен, поголем мотив. Сите тие психолози и педагози по основните училишта, кога би одвојувале секој ден макар по половина час од своето скапоцено време резервирано за кафе и цигари, и би ги повикувале учениците на разговор со цел да откријат за што се талентирани и да ги насочат кон одредена идна професија, немаше ние младите да се изгубиме себеси. Ако не успееш сам да си се пронајдеш во нешто – готов си, стануваш дел од шемата.rnrnДа докажеме зошто сме благословени со тела на луѓе, а не на фоки, да ги докажеме нашиот капацитет и нашата способност. Да му дозволиме на детскиот сон да влијае врз нашата животна професија, и што и да работиме во иднина да го работиме со љубов. Тоа е клучното решение.rnrn„Кога ќе одбереш твојата професија да биде нешто што навистина те исполнува, нема да потрошиш ниеден ден од животот работејќи.“rnrnДо следното читање,rnrnОтријте ја скриената страст во вас.rnrnВашата Ели.rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.