КАФЕ ПАУЗА

Tag: способност

  • Како до одлични организациски вештини?

    Како до одлични организациски вештини?

    Кога ќе одлучите да започнете со нешто ново, секогаш ќе постојат низа на препреки кои мора да ги поминете за на крајот да можете да бидете успешни. Кога ќе решите да започнете со вашата кариера, треба да бидете подготвени за соочување со различни видови на предизвици, но и да знаете да ги идентификувате способностите кои ќе ви бидат потребни за напредок. Една од тие способности кои ќе треба да ги развиете, се и организациските вештини. Тие понекогаш можат да бидат малку потешки за стекнување, но со тек на време преку следење на неколку едноставни совети, ќе можете и вие да ги совладате.Како до одлични организациски вештиниПроценете ги вашите сегашни стратегии – Размислете добро како се справувате со вашите секојдневни обврски. Дали веднаш ги одредувате вашите приоритети и започнувате со работа, или пак оставате на „судбината“ да одлучи за вас? Оценете ја вашата моментална работа и притоа обидете се да бидете малку подисциплинирани од вообичаено.rnrnКако до одлични организациски вештиниЗапочнете полека – Откако целосно ќе го запознаете вашиот начин на работа, треба да започнете полека да го менувате кон подобро. Со развивање на вашите организациски вештини таа цел многу полесно ќе ја постигнете. Секако мора да започнете со полесни задачи, бидејќи ако започнете со нешто преголемо и притоа не успеете – големи се шансите дека ќе се обесхрабрите и ќе се откажете. Одредете си неколку едноставни дневни задачи и обидете се да ги завршувате на време.Како до одлични организациски вештиниНаправете повеќе слободно место во работниот простор – Редовното расчистување на просторот во кој работите, е прв знак дека сте на добар пат кон стекнување одлични организациски способности. Тргнете ги непотребните работи и наредете ги оние кои ви се потребни така што ќе ви бидат на дофат. На овој начин ќе можете побрзо да ја завршувате вашата работа и дефинитивно нема да имате потреба да барате нешто обично како пенкало цел час пред да започнете со вашите работни обврски…Како до одлични организациски вештиниРаботете чекор по чекор – Направете кратка шема каде што ќе ја поделите вашата работа во неколку чекори и потоа обидете се да ја следите. На овој начин ќе си ја олесните работата, но и ќе си помогнете така што на крај кога ќе ги проверувате добиените резултати, ќе можете побрзо да пронајдете грешки и неправилности.Како до одлични организациски вештиниИмајте самодисциплина – Таа е клучна доколку сакате да бидете поорганизирани. Започнете така што ќе си направите листа на работи кои мора да ги завршите во текот на денот на денот. На пример, организирајте ги вашите документи, исчистете ја темелно областа во која работите… Ова ќе биде почетокот при формирањето на вашата самодисциплина. Можете да се обидете и со техниката наречена „не крши го синџирот“ која може многу да им помогне на вашите новостекнати навики да ви доаѓаат природно.Како до одлични организациски вештиниНаучете како да ја распределувате работата според важноста – Многу е важно да научите да проценувате кои задачи се поважни од останатите, за кои ќе ви биде потребно повеќе време да ги завршите или пак кои бараат повеќе внимание од вас. Не заборавајте дека без оваа способност нема да можете никогаш во целост да ги развиете вашите организациски способности.Како до одлични организациски вештиниОдредете ги целите и придобивките – Понекогаш поефективно ќе работите ако се мотивирате од „наградата“ која ве следува на крајот. Кажувајте си постојано на себеси што ќе добиете откако ќе завршите со тешката работа. На пример, ветете си нови обувки, книга или облека доколку завршите сè на време (или предвреме). Поставувањето цел која сакате да ја постигнете, може да ви помогне да останете организирани во текот на работата, како и побрзо и поквалитетно да ја завршите вашата работа.Како до одлични организациски вештиниНаучете да категоризирате – За почеток, означете ги сите документи, така што ќе употребите различни бои за различни категории. Нешто слично направете и со компјутерските податоци. За многу брзо време ќе научите што каде припаѓа и нема да имате потреба понатаму да означувате. Категоризирањето и организациските вештини одат „рака под рака“ така што доколку едното го совладате, нема да имате потешкотии при совладување и на другото.Како до одлични организациски вештини
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одберете хоби според хороскопскиот знак

    Одберете хоби според хороскопскиот знак

    Здодевно ви е и не знаете што да правите? Прочитајте како ѕвездите можат да ви помогнат да го одберете вистинското хоби.rnrnОдберете хоби според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnЕнергични и активни, овните речиси секогаш имаат потешкотии со истрајноста и ретко ги завршуваат започнатите работи. Вие важите за динамични спортисти кои се постојано активни. Но, својата креативност можете да ја изразите и преку различните стилови на танцување, како што се класичен или модерен балет, па дури и стомачен танц. Без разлика дали се работи за спортување или танцување, вие уживате да ги истражувате сите форми на вашето хоби.rn

    Бик

    rnБиковите со право го носат епитетот „земјен знак“. Заради вашиот голем интерес за цвеќиња и други растенија, вие едноставно обожавате да работите со земја. Може да се каже дека градинарството ви е омилено хоби. Едноставни, тивки и методични, вие уживате во тишината која ви ја овозможува градината. Садењето разни билки и зеленчук понатаму води до уште едно ваше омилено хоби – готвењето.rn

    Близнаци

    rnБлизанците имаат повеќе хобија. Брзо решавате да започнете некое хоби, но тоа за кратко време ви станува здодевно, па уште побрзо започнувате ново, оставајќи многу незавршени работи зад себе. Имате широк спектар на интереси и повеќе сакате да знаете многу различни нешта во целина, отколку да се задлабочите во одредена работа. Дел од вашите омилени хобија се читање, сложувалки, учење странски јазици и шах.rn

    Рак

    rnОна по што вие се издвојувате од другите хороскопски знаци е вашата неверојатна меморија за спомени од значајни настани и вашата страст за колекционерство. Пробајте сами да ги креирате домашните албуми. На тој начин уште еднаш ќе ги оживеете драгите спомени, а протокот на креативна енергија ќе ви помогне да се ослободите од емоционалната напнатост. Покрај фотографиите во албумот, додадете и по некоја влезница или нешто слично што дополнително ќе ве потсети на убавиот настан.rn

    Лав

    rnДалеку од срамежливи, вие знаете да бидете строги критичари. Вашиот идеализам е заразен. Познати сте по тоа што знаете како да ги импресионирате другите. Ако започнете да водите сопствен блог, тоа би можело да биде одличен начин за изразување на вашата креативност. Доколку пишувањето не ви е јака страна, обидете се со актерство. Талентот за драматичност кој го поседувате прави да изгледате како да сте родени за сцена.rn

    Девица

    rnИнтелигентните и аналитички девици имаат талент за постојано учење на нови нешта и одлична меморија за зачувување на информациите. Способни се да го пренесат своето знаење на најдобар можен начин и уживаат додека го прават тоа. Ако сакате навистина да ги тестирате своите умствени способности, играјте шах или заедно со пријателите организирајте мал турнир во шах доцна во ноќта.rn

    Вага

    rnВагите имаат талент за убавина и полни се со страст кон животот. Тоа е совршената комбинација која ќе ви помогне да го развиете и негувате интересот за фотографирање. Запишете се на курс за фотографија или едноставно само фотографирајте го она што ве инспирира. Вашето прецизно набљудување и способноста за точно одредување на боите и нијансите ќе направат фотографиите да изгледаат како да се направени од професионалец.rn

    Скорпија

    rnСо зголемена моќ за перцепција и свесни за работите што ве опкружуваат, вие имате вродена љубопитност за мистериите на животот. Ве привлекува духовното и заради тоа не ви пречи самотијата. Практикувајте медитација секогаш кога сте сами. Таа ќе ви помогне да ги покажете емоциите кои ги чувате под површината за никој да не ги дознае.rn

    Стрелец

    rnВие сте родени филозофи кои постојано се во потрага по нови концепти. Вашата најголема желба е да ги разберете мистериите кои ги носи животот. Соодветно на тоа, вашето хоби треба да ја поттикнува постојаната желба за знаење. Читајте книги во кои се застапени животните мистерии, присуствувајте на предавање од таков вид или запишете се на курс за светските религии.rn

    Јарец

    rnВредните јарци мора да научат како да воспостават баланс помеѓу работата и забавата додека стабилно се искачуваат кон врвот. Слободното време поминете го спортувајќи на отворено (голф, крикет или секаков друг спорт кој ќе ве однесе надвор). Освен со спорт, исполнете си го слободното време читајќи книги со историска тематика, како што се биографиите.rn

    Водолија

    rnЖелни за постојан прогрес, вие најмногу сте загрижени за напредокот на општеството во целина. Ве интересира сè што е ново, па затоа знаете дека какво хоби и да одберете, нема да погрешите. Вие едноставно можете да се занимавате со сè, од музика, преку мода, до електроника. Вашиот интерес ќе го задржи динамично хоби кое постојано може да ви понуди нешто ново.rn

    Риби

    rnРибите имаат најголеми уметнички способности од сите знаци во зодијакот. Огромниот капацитет кој го поседувате, интуитивноста и начинот на кој ги примате работите ѝ помагаат на вашата креативност да се развие, што ве прави одлични писатели, музичари и сликари. Голем успех можете да постигнете ако се занимавате и со драмска уметност или новинарство.

  • Како да ги подобрите вашите пишувачки вештини?

    Како да ги подобрите вашите пишувачки вештини?

    Веќе сте ја совладале основата на пишувањето која ве прави добар пишувач и многу добро знаете дека поседувате способност ефективно да раскажете приказна и притоа да ја убедите својата публика дека навистина знаете за што говорите. Но, сте се запрашале ли дали можете да ги поместите своите граници и да станете уште подобар пишувач?rnrnНеколку совети за како да бидете подобар писателrnrnНекој би рекол дека денес е многу едноставно да се издвоите од „морето“ со пишувачи. Потребен ви е само пристап до интернет и уникатна идеја и веднаш можете да започнете свој блог или да објавите веб-сајт. Но, не е се така едноставно. За среќа постојат неколку веќе испробани начини кои со сигурност можат да ви помогнат да станете подобар пишувач…rnrnСамо пишувајте – Пишувањето е практика која доколку повеќе ја применувате, таа ќе станува сè подобра. Тоа е исто како кога започнувате со свирење на нов инструмент како клавир или кларинет, можеби на почетокот ќе звучите ужасно и неподносливо, но со доволно вежбање ќе успеете да најдете начин да звучите одлично. Започнете со серии од неколку поврзани реченици и набрзо ќе забележите дека тие ќе се зголемуваат и ќе преминуваат во параграф, во краток текст, па и во убедлива приказна од неколку страни.rnrnОбјавете ги своите дела – Вие можеби често пишувате, но дали некој ги чита вашите текстови? Слободно објавете сè што сте напишале без разлика колку ви се допаѓа, бидејќи понекогаш субјективноста ви пречи во оценувањето на својот труд. Исто така очекувајте истовремено и критики и пофалби и во никој случај не дозволувајте тие коментари целосно да го менуваат вашиот стил. Можеби на почетокот ќе се случи да преовладуваат негативните коментари, но со тек на време ќе ја пронајдете публиката која ќе го цени вашето мислење и која со нетрпение ќе ги очекува вашите текстови.rnrnЧитајте на глас – Можеби вашите идеи звучат добро, но дали се тие логични? Секогаш препрочитувајте го на глас она што сте го напишале. Многу брзо ќе стекнете чувство за вашиот глас кое ќе ви помогне при оформување на вашиот авторски стил. Исто така ќе ви помогне и да составите текст со зборови кои ќе звучат нормално и секојдневно.rnrnНаучете нови зборови и како да ги употребите – Искусните автори знаат дека тие мора постојано да учат и да се развиваат. Многу е важно да имате навика за учење нови зборови кои ќе можете природно да ги инкорпорирате во вашите текстови. Исто така пробајте да ги пронајдете сите значења на зборовите кои веќе ги знаете за да можете да ги употребите во различни конотации. И не заборавајте секогаш да се изразувате природно.rnrnУпотребувајте активни глаголи – Започнувајте реченици со активни глаголи, тоа е докажан начин вашите текстови да звучат помоќно. Пасивните текстови и покрај тоа што имаат свои позитивни страни, тие се многу потешки за читање. Вашата цел е да го задржите вниманието на читателот, а не да го изгубите на пола текст.rnrnНикогаш не дозволувајте да ви пречи вашата човечност – Помирете се со фактот дека сте само човек, несовршена индивидуа, личност која прави грешки. Запознајте кој сте и што сакате да правите и прифатете се себеси какви што сте. Секогаш ќе правите грешки, но многу е важно да научите да ги сфаќате како добра лекција за во иднината.rnrnТуркајте се себеси надвор од „удобната зона“ – Добрите автори се добри во тоа што го знаат, но одличните автори го истражуваат непознатото – го запознаваат и пишуваат за него. Вие знаете дека можете повеќе, само треба да направите еден чекор напред за да тргнете во позитивна насока. Обидете се да експериментирате со вашиот следен текст и ќе забележите дека како што се приближувате до неговиот крај вие веќе сте научиле нешто ново, сте созреале и сте си докажале себеси дека можете да постигнете сè што ќе си замислите.rnrnПобедете ги сите последни рокови – Без разлика дали пишувате за себе или за клиент, мора да научите да ги почитувате роковите. Но, не да ја завршите својата работа неколку минути пред последниот рок, туку неколку часови или пак денови претходно. Со ова ќе стекнете дисциплина и рутина која во иднина ќе ви помогне многу со распоредот при пишувањето.rnrnПоставете си пишувачки цели и следете го својот процес – Очекувајте дека вашето пишување ќе стане многу попрефинето со тек на време. Тоа е добар знак дека созревате и дека го зацврстувате вашиот писателски глас. Поставете си цел да пишувате одреден број текстови во текот на неделата и почитувајте го тој распоред. Како што ќе поминува времето, по малку зголемувајте ја и должината на текстовите…rnrnОслободете го вашиот внатрешен писател – Клучот во станувањето подобар пишувач лежи во повторувањето. Колку повеќе го практикувате, толку подобри ќе станувате. Поставете си цели, следете го својот процес и верувајте им на своите инстинкти. Вие сте пишувач – и веднаш одете да го покажете вашето вистинско лице пред светот!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да развиете фотографско памтење за 30 дена?

    Како да развиете фотографско памтење за 30 дена?

    Сите сакаат да можат да памтат сè што ќе видат. За жал, не сите се раѓаат со таква способност. Со овој трик, ќе ги стигнете оние со добра фотографска меморија, за само 30 дена.rnrnКако да развиете фотографско памтење за 30 дена?rn

    Што ви е потребно:

    rn

      rn011

    • темна соба
    • rn011

    • јако светло
    • rn011

    • книга
    • rn011

    • картон отсечен во форма на еден пасус од книгата
    • rn

    rnЗа оваа техника треба да одвојувате по 15 минути секој ден. Во текот на првиот месец, на вашите очи ќе им бидат потребни по 5 минути за да се приспособуваат за читање на дневна светлина.rnrn1. Најдете темна просторија во вашиот дом, во која можете да бидете сами, без никој да ви го одвлекува вниманието 15 минути. Можете да ја користите бањата. Во просторијата треба да има јако светло.rnrn2. Сместете се блиску до прекинувачот за светлото. Земете ја книгата и парчето картон в раце.rnrn3. Покријте ја страницата, оставајќи отворен само еден параграф од книгата. Држете ја книгата пред вас. Затворете ги очите и потоа отворете ги. Прилагодете ја оддалеченоста од книгата, така за вашите очи да можат лесно да се фокусираат на напишаното.rnrn4. Изгасете го светлото. Ќе видите сјајна репликација од параграфот во воздухот, додека очите ви се привикнуваат на темнината. Пуштете го светлото повторно на секунда и пак изгасете го.rnrn5. Ќе ви се создаде визуелен отпечаток од материјалот кој бил пред вас претходно. Кога овој отпечаток ќе избледи, пуштете го светлото пак за делче од секунда и погледнете во пасусот.rnrn6. Повторувајте го овој процес сè додека не успеете да се сетите на секој збор од пасусот по ред. На крајот ќе бидете во можност да го прочитате целиот пасус од отпечатокот кој е запишан во вашиот мозок.rnrnВажно е да не се обесхрабрувате додека трае процесот. Оваа техника функционирала за војската 70 години. Редовно практикувајќи ја, ќе ја развиете до степен што ќе можете да ја примените во секој дел од денот.rnrnНапомена: Прескокнувајќи само еден ден, може да го пролонгира процесот и да бара дополнителен тренинг во времетраење од цела недела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Бидејќи конкуренцијата за вработување е поголема од кога било, многу е важен впечатокот кој ќе го оставите кај потенцијалниот работодавец. Резимеата и интервјуата се само дел од можностите кои кандидатите за работа можат да ги употребат во своја корист. И покрај тоа што не ви гарантираме дека ќе ја добиете работата која ја посакувате, овие 10 клучни зборови со сигурност можат многу да ви помогнат доколку правилно ги употребите во вашето резиме или пак на интервјуто за работа.Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работаУпорност – Потенцијалните кандидати за работа би требало да нагласат дека упорноста им е една од најдобрите карактеристики. Најмувањето интелигентни личности е добра бизнис-практика, но интелигенција без упорност и доследност ретко води кон долготраен успех. Упорните вработени не се откажуваат така лесно и со време продуцираат подобри резултати.rnrnПризнание – Многу е важно во резимето да ги нагласите претходните достигнувања за кои имате добиено признанија. Запишете ги сите специјални награди од работа или од професионалните асоцијации во кои сте членувале. Работодавците сакаат да вработат некој кој претходно бил сметан за „ѕвезда.“rnrnРезултати – На крајот, работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе ја завршат работата како што треба и поради тоа многу е важно да се употреби зборот „резултати“ во секое интервју. За да ја добиете работата, мора да го убедите оној кој го одржува интервјуто дека со сигурност ќе завршите на време сè што се очекува од вас. За да ја поддржите ваквата изјава, бидете подготвени да покажете дека ги имате потребните способности и карактеристики врз база на вашето досегашно искуство.rnrnВлијание – За време на интервјуто, работодавците сакаат да слушнат каков вид позитивно влијание би можеле вие да имате во нивната компанија. Тие се заинтересирани за вредноста која може потенцијалниот кандидат да ја донесе во организацијата и начините на кои позитивно ќе влијае, посебно помеѓу вработените.rnrnКомпетентност – Овој збор е клучен, но малкумина од потенцијалните кандидати го употребуваат. Секој работодавец сака да слушне дека новиот вработен ќе може да ги исполнува задачите согласно работното место кое ќе му биде доделено.rnrnДиректност – Комуникацијата е критична за успешен бизнис и поради тоа работодавците сакаат да слушнат колку директни можат да бидат нивните потенцијални вработени. Во денешно време комуникацијата на работа е „бојно поле“ од емоции, правни работи и технологии. Способноста да се помине преку сите овие работи и при тоа да се завршат добро обврските е нешто што секој работодавец го посакува од своите вработени.rnrnСпособност за учење – Работодавците сакаат да се сигурни дека нивните вработени нема да ги прават истите грешки од минатото. Сите ние имаме неуспеси позади нас, но важно е да ги сфатиме како лекција и да не ги повториме во иднина.rnrnПосветеност – Повеќе од кога било, работодавците бараат од своите вработени да бидат посветени на нивната работа и на компанијата. Поради тоа многу е добро да ја нагласите таа ваша намера во интервјуто за работата. Размислете добро на што сте посветени и како таа посветеност ќе ù помогне на компанијата – тој одговор со сигурност ќе ви ги зголеми поените за работното место кое го посакувате.rnrnФлексибилност – Во денешната работна околина, каде што сè се одвива премногу брзо, многу е важно да ја нагласите својата флексибилност. Работната околина константно се менува и воопшто не е важно со какви способности ќе влезете во компанијата, туку потребно е да можете лесно да се адаптирате.rnrnРешенија – Работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе можат да бидат способни да ги решат сите проблеми на кои ќе налетаат. Тие честопати се привлечени од личности кои „зборуваат“ со јазикот на решавањето проблеми.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни факти за мозокот кои ќе ве замислат

    Неверојатни факти за мозокот кои ќе ве замислат

    Мозокот е еден од најголемите и најкомплексните органи во човековото тело. Составен е од повеќе од 100 милијарди неврони кои комуницираат преку трилиони врски наречени синапси. Секој дел од мозокот е одговорен за одредена функција. На пример, делот кај вратот кој го поврзува ’рбетниот мозок со мозокот во главата е одговорен за основните функции како што се дишењето и спиењето. Предниот дел е одговорен за решавање проблеми, проценување како и за моторните функции, а делот кај слепоочницата – за помнење и слушање…rnrnНеверојатни факти за мозокот кои ќе ве замислатrnrnГолем дел од функциите на нашиот мозок сè уште се голема мистерија. Но, има неколку неверојатни научно докажани факти кои дефинитивно ќе ве замислат.rn

      rn011

    • Зевањето се појавува кога на мозокот му е потребно повеќе кислород. На тој начин го смирува и го разбудува.
    • rn011

    • Мозокот е составен од околу 75% вода.
    • rn011

    • На децата кои знаат два јазика до петтата година, им се променува структурата на мозокот и како возрасни имаат повеќе сива материја.
    • rn011

    • Едно истражување спроведено во Њујорк на милион студенти покажало дека оние кои јаделе храна со многу адитиви и конзерванси имале послаби резултати на тестовите од оние кои јаделе поприродна храна.
    • rn011

    • Додека сте будни вашиот мозок продуцира од 10 до 23 вати енергија – тоа е доволно енергија за напојување на сијалица.
    • rn011

    • Машкиот и женскиот мозок не реагираат исто на болка, поради што двата пола различно ја перцепираат болката.
    • rn011

    • Во првата декада од животот на детето, мозокот формира трилиони врски.
    • rn011

    • Едно парче од материјата на мозокот со големина на зрно песок содржи 100.000 неврони и 1 милијарда синапси кои комуницираат помеѓу себе.
    • rn

    rnНеверојатни факти за мозокот кои ќе ве замислатrn

      rn011

    • Човековиот мозок е најбрзиот дел од телото, а понекогаш може да е составен и од 60% маснотии.
    • rn011

    • Вашиот мозок употребува околу 20% од кислородот во вашето тело.
    • rn011

    • Оние кои посетуваат музички часови имаат зголемени организациски и други способности.
    • rn011

    • Информациите во вашиот мозок патуваат со брзина од околу 430 км на час, освен кога сте под дејство на алкохол – тогаш работите многу се успоруваат.
    • rn011

    • Не постојат рецептори за болка во мозокот.
    • rn011

    • Вашиот мозок престанува да расте на 18-годишна возраст.
    • rn011

    • Прекумерниот стрес ги менува структура, функциите и ќелиите на мозокот.
    • rn011

    • И покрај тоа што вашиот мозок е околу 2% од вашата тежина, троши 20-30% од калориите кои ги конзумирате.
    • rn011

    • Секој неврон е поврзан со други неврони преку 40.000 индивидуални врски (синапси). Кога ќе помножите 100 милијарди неврони со 40.000 синапси, можете слободно да претпоставите дека големи се шансите во еден мозок да има повеќе врски отколку што има ѕвезди во универзумот.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Избор на кариера според видот на интелигенцијата

    Избор на кариера според видот на интелигенцијата

    Според психологот Харолд Гарднер интелигенцијата има биопсихолошки потенцијал – што значи дека сите ние имаме потенцијал да вежбаме група интелектуални способности во различен период од нашиот живот. Но, сепак постојат некои области во кои сме природно подобри. Тоа е одредено од видот на интелигенција кој го поседуваме и најчесто токму тоа ни помага во изборот на нашата професионална кариера. Истражувањата покажале постоење на барем 7 интелигенции кои се релативно независни:rnrnИзбор на кариера според видот на интелигенцијатаrn

    Лингвистичка интелигенција

    rnОваа интелигенција е високо развиена кај писатели, поети, новинари, адвокати, политичари, преведувачи… Таа се базира на способноста да се сфати синтаксата, фонетиката и семантиката на јазикот. Доколку оваа интелигенција е на повисоко ниво, се зголемуваат способностите за јазично изразување, читање, јасно пишување, убедување.rn

    Логичко-математичка интелигенција

    rnОваа интелигенција се сретнува на повисоко ниво кај математичари, научници од природните науки, сметководители, програмери, правници, доктори… Таа е интелигенција за бројки, математички операции и логичко расудување. Оние кои ја поседуваат имаат високо развиена способност за рационално расудување, поставување хипотези, утврдување каузални односи, за категоризирање и класифицирање.rn

    Спацијална интелигенција

    rnОвој вид интелигенција во поголема мера ја поседуваат архитекти, уметници, пилоти, фотографи, машински инженери, ловци, кореографи, декоратори… Таа подразбира развиена сензитивност за бои и форми, осетливост за визуелни поединости, имагинативна трансформација во тродимензионален простор, креирање на визуелни светови, способност за цртање, просторна ориентација.rn

    Музичка интелигенција

    rnОваа интелигенција на повисоко ниво се наоѓа кај пејачи, изведувачи на музички инструменти, композитори, музички критичари… Се базира на способностите за перципирање, препознавање и продуцирање ритами и мелодии, разликување на висината на тоновите и трансформација во различни тонски скали.rn

    Телесно-кинестетичка интелигенција

    rnОвој вид интелигенција е високо развиена кај спортистите, скулпторите, артистите, танчарите, занаетчиите, хирурзите… Личностите кај кои е развиена оваа интелигенција се одликуваат со тактилна сензитивност, контрола на телесните движења и способност преку нив да ги изразат своите чувства и идеи. Исто така многу вешто ракуваат со предметите.rn

    Интерперсонална интелигенција

    rnОваа интелигенција е високо развиена кај политичките лидери, советници, едукатори, раководители, менаџери на големи фирми, социјални работници… Таа се заснова на способноста да се разберат другите луѓе, да се препознаат нивните расположенија, намери и желби и соодветно да се реагира на нив. Лицата кои ја поседуваат оваа интелигенција се социјално одговорни, емпатични и способни да го видат светот од аспектот на другите луѓе. Тие имаат и способност лесно да влијаат врз одредена група на луѓе.rn

    Интраперсонална интелигенција

    rnОваа интелигенција е на повисоко ниво кај теолози, бизнисмени, психотерапевти… Оние кои ја поседуваат се одликуваат со точно развиена слика за своите доблести и слабости, свесни се за своите расположенија, интереси и желби. Можат лесно да стигнат до своите чувства, да прават дистинкција помеѓу нив. Најчесто се интровертни, интроспективни, уживаат во медитацијата и други форми на длабинско душевно испитување. Тие се независни личности кои преферираат да работат сами.rnПомалку или повеќе ние ги поседуваме сите овие видови интелигенции. Секоја од нив се јавува во одреден степен од нашето детство, го достигнува врвот во различни периоди од зрелоста и постепено опаѓа во староста. Може да се манифестира на различни начини, но најголема улога игра во изборот на нашата кариера.rnrnКоја интелигенција моментално преовладува кај вас?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и барањето прочка од партнерот

    Астрологијата и барањето прочка од партнерот

    Имавте страшна кавга со вашиот партнер? Ја кажавте најлошата работа, во најлошиот момент и сега сте соочени со ситуација во која морате да изберете дали ќе ја поправите штетата или ќе дозволите во вашата врска да завладее лоша карма. Дали знаете искрено да побарате прочка? На тоа прашање одговор ќе ви даде астрологијата.rnrnАстрологијата и барањето прочка од партнеротrnrnСтрелецот е непоправливо груб, нетактичен и суров и најчесто прекасно сфаќа дека неговите импулсивни реакции и зборови кои не се на место, погодиле некоја многу сензитивна точка кај неговиот љубовен партнер. Во секој случај, стрелците не се злобни по природа и (доколку сфатат навремено) ќе се обидат да се оддолжат за нивните непромислени реакции.rnrnОвенот има тенденција инстантно да заборава што кажал во моментот на бес и не може да сфати зошто некој би требало да биде загрижен за нешто што се случувало пред еден час, а камо ли за нешто од минатата недела. Претставниците на овој хороскопски знак мораат да научат да сочувствуваат со оние луѓе кои имаат поинаков темперамент од нивниот.rnrnБлизнаците знаат да бидат тотално безобѕирни во однос на чувствата на другите, а нивните коментари во момент на кавга можат да бидат многу ладнокрвни. Исто како и овните, близнаците не можат да сфатат зошто треба да се крева толкава врева околу нешто, поради што не чувствуваат дека имаат за што да се извинат. Луѓето родени во оној хороскопски знак мораат да научат повеќе да се потпираат на она што им го кажува срцето, а помалку на разумот и само тогаш ќе бидат способни да сфатат каде е проблемот.rnrnВодолијата знае да стане непредвидливо директна во кавга и тврдоглаво одбива да признае дека нејзините зборови се тотално нечувствителни. Таа исто така, знае да тера инает и сака буквално да провоцира само за да ја види реакцијата на партнерот. Извинувањето не е нивна јака страна, освен доколку тоа не го побарате од нив на некој кул пријателски начин.rnrnНа скорпијата во принцип не и е забавно да предизвикува ситуации кои создаваат проблеми. Но, таа сака партнерот да и ги почитува мислите и чувствата, така што типично за неа е да каже по некој зајадлив коментар, кој е всушност одмазда за некоја претходна препирка во врската. Повеќето скорпии извинувањето го доживуваат како самопонижување. Тие треба да научат да забораваат на лошите работи кои се случиле во врската, да се разведрат фокусирајќи се на убавите и да продолжат понатаму со животот.rnrnДевицата знае честопати да биде претерано пребирлива и не може секогаш да сфати дека нејзините „добри“ забелешки, за личноста од спротивната страна можат да звучат како најлоши критики. Наспроти нивната „бодликава“ надворешност, девиците имаат добро срце, благодарение на што тие набрзо ги исправаат грешките кои ги направиле.rnrnВагата мрази ситуации во кои владее непријатна атмосфера. И покрај тоа што таа знае да биде премногу аналитична, критична и огорчена во однос на негативните карактерни особини на нејзиниот љубовен партнер, таа сепак е желна кратко после расправијата да ги „излекува“ повредените чувства на партнерот.rnrnРакот толку многу не може да поднесе чувствата да му бидат повредени, што има тенденција да се воздржува од изразување на неговите размислувања, бидејќи се плаши да не испровоцира контранапад. Кога раковите сепак се решаваат да ги искажат нивните замерки во однесувањето на нивниот партнер, тие набрзо после муабетот ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја вратат хармонијата и спокојот во врската.rnrnРибите имаат тенденција да бидат изненадувачки брутални во нивните замерки кон партнерот, кога нивниот потиснат гнев ќе излезе на површина. Кога хаосот ќе помине и ќе си ја „оладат“ главата, рибите ќе бидат толку стаписани од нивната постапка, што ќе трчаат кон партнерот со букети и чоколада в рака, за да бараат прочка од него.rnrnБикот вообичаено е сталожен и спокоен, но знае да постане екстремно избувлив кога ќе се вознемири. Тој не сака да каже „извини“, бидејќи смета дека таквата постапка го става во подредена положба, но затоа неговите постапки ќе зборуваат погласно од зборовите, па наместо „извини“ бикот ќе ви понуди прегратка и бакнеж.rnrnАко избие љубовна кавга, јарецот веднаш ќе „исчезне“ од просторија и ќе отиде да работи нешто друго. Но, јарецот ја обожава безбедноста која ја создава пријателскиот дух во љубовната врска, па затоа порано или подоцна ќе се врати назад за да ги измрмори вистинските зборови, се разбира, доколку не му оставите алтернатива.rnrnЛавот во ваквите ситуации секогаш се обидува да ја префрли вината на другиот, притоа правејќи коментарите кои ги кажува со цел да го засрами партнерот, да звучат оправдано. Лавот не знае баш да ја преземе одговорноста за сопствените грешки, па би било добро доколку неговиот партнер го познава доволно добро, за да сфати дека ќе му биде потребно подолго време за да признае дека погрешил.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

    Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

    Автор: М. ДавидовскаrnrnОвој брз ритам на живеење секојдневно ни создава чувство на депресија, огорченост, незадоволство, завист и љубомора. Дали сте се запрашале која е причината? Сè е до вашата психа! Затоа се потрудивме да ви одвоиме неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете да работите на себе и да ја користите моќта која ја поседувате.rnrnПостојат разни теории за позитивното размислување. Природниот закон на енергијата која постои во сите нас, која не поврзува, која ја шириме во правец на позитивно или пак негативно влијание кон другите и кон самите себе, е енергија која никогаш не умира, туку само ние, како дел од неа можеме да ја менуваме, да делуваме на најразличен начин. Позитивната енергија е извор на сите убави случувања, на нашата насмевка, на среќните и весели мигови и на исполнување на сите цели кои си ги задаваме во животот. Позитивната енергија не се купува, не се добива со посебно знаење, туку потребна е само желба и упорност за да ја достигнете.rn

    За почеток верувајте дека во вашата личност се крие голема сила и ослободете ја!

    rnЗамислете си што сакате да бидете и постигнете го тоа. Помислете дека токму во овој момент ви се случува таа промена.rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Исфрлете го од употреба зборот „невозможно“!

    rnНајдете ја неговата вистинска примена, а во вашиот речник внесете и применувајте го почесто исказот „јас можам“. Често употребуваните зборови со негативна конотација предизвикуваат да ви се случат работи кои не ги сакате.rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Не сомневајте се во вашите способности!

    rn

    Во моментот на разочарување, насочете ги мислите на позитивната страна и верувајте дека во вас постои Џин и изнесете го на површина.

    rn

    Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

    rnrn

    Полетот е клуч за долга младост

    rnЖивејте како млади сега и секогаш. Па дури и старецот, доколку верува во себе и својата способност, започнувајќи го денот полетно, тој ги завршува работите со успех.rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Самодовербата нека го засени чувството на неспособност

    rnТајната на успехот е: нема тајна на успехот! Вие ја поседувате способноста да успеете. Хранете и одржувајте ја вашата самодоверба. Доколку нешто не можете да го завршите сами, тогаш бидете сигурни дека постои некој околу вас што се грижи за вас и е тука да ви помогне во сè и секогаш!rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Неверојатната моќ на имагинацијата

    rnОбидете се да замислите како сакате да изгледа она што планирате да го започнете. Не сме сите големи фантазери, но можеме да се потрудиме да замислуваме убави работи, секојдневно накратко да ѕиркаме во замислениот „розов свет“. Бидете искрени, верувајте, трудете се и ќе остварите!rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Не оставајте простор за паника!

    rnВо моменти на стрес и напнатост, не дозволувајте паниката да ве обземе, смиреноста ќе ви помогне разумно да постапите, да се справите со ситуацијата и да изнајдете решение. Стравот е демонски плод, па затоа заборавете го засекогаш тој збор бидејќи не постои ништо од што треба да се плашите!rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Барајте го решението во иднината!

    rnНикогаш не присетувајте се на пропуштените можности, лошите моменти, размислувајте на иднината и пронајдете ги решенијата на проблемите во неа. Трудете се да ги видите новите можности кои ви се пружаат.rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Вие сте поголеми од вашите проблеми

    rnОживејте го спортскиот дух и со негова помош хранете ја вашата психа со мисли кои ќе ви помогнат да се искачите и на највисокиот врв! Погледнете околу себе и црпете енергија од сето она што ве опкружува. Променете ги своите мисли и пристапете со позитивен став – од тој момент ќе почнете да ги доживувате „чудата“!rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rnrnВашиот ум е предуслов за успех. Дозволете и на позитивната мисла да внесе радост во вашиот живот, само вие можете да направите од себеси човек за кој „розовиот свет“ ќе биде светот во кој живеете. Пронајдете го во себе непресушниот извор на позитивната енергија, изворот на среќата, љубовта, успехот, топлина и пријатност и ширете ја наоколу, така вие и сите луѓе околу вас ќе бидат среќни и задоволни!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.