Изберете една школка за да откриете која особина ќе ви помогне да го подобрите вашиот живот. Откако ќе откриете за која особина станува збор, не плашете се да ја искористите.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 1″ active=”false”]Вашата интуиција е една од неколкуте моќни вештини кои ги поседувате, па затоа не треба да ја занемарувате. Сигурно во животот честопати барате совет од другите иако веќе самите го знаете одговорот. Затоа, следен пат обратете повеќе внимание на вашите соништа и на интуицијата.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 2″ active=”false”]Вие им влијаете на другите повеќе отколку што самите сте свесни за тоа и затоа многумина бараат водство и мудрост од вас. Не плашете се да настапите во улога на водач бидејќи ќе бидете инспирација за многумина. На тој начин ќе постигнете нови успеси, но и ќе отидете онаму каде што никој друг не отишол, а истовремено и ќе им го отворите патот на другите кои се плашат да го сторат тоа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 3″ active=”false”]Вие сте најсреќни кога учите нешто ново. Тоа може да се манифестира преку читање книга, следење курсеви и предавања. Новите информации ќе го стимулираат вашиот ум да функционира подобро. Доколку, пак, во моментот чувствувате некаков вид стагнација, можеби е време да си поставите нови предизвици и да научите нешто ново што ќе го разбуди вашиот интерес.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете дали вашата желба ќе се оствари или не.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: способност
-

Тест: Омилената школка ќе ви открие која ваша способност може да ви го промени животот!
-

Како секој од хороскопските знаци привлекува пари?
Во астрологијата, на некои од знаците им е судено да направат богатство, без разлика дали се стремат кон тоа или не. Дали и вам ви е судено да бидете богати и успешни? Доколку не го знаете одговорот на ова прашање, тогаш прочитајте за вашиот знак и откријте.rnrn
rnОвен
rnОвој неуморен генијалец е успешен во започнувањето секаков вид работа. Неговиот претприемачки дух не мирува кога треба да се ризикува и вложува пари. Има храброст и често донесува мудри одлуки. „Без ризик нема капитал“ е неговото мото. Доколку работата му оди од рака, тој е способен да ротира со парите така што постојано ќе вложува и ќе добива, правејќи си богатство. Не сака кога парите му стојат некаде на сигурно, повеќе би сакал да ги инвестира обидувајќи се да се збогати уште повеќе. Не е склон кон штедење. Знае да потроши голема сума на пари честејќи ги пријателите. Парите ги доживува како средство за понатамошно развивање на работата.rn
Бик
rnБиковите се темелни, упорни и малку себични кога станува збор за финансиите. Склони се кон штедење, но кога зборуваме за материјални работи немаат граница. Постојано купуваат нешто со помислата „ќе се најде“. Иако се способни во работата со недвижностите, сепак тешко се одделуваат од веќе започнатата работа. Бидејќи имаат хедонистичка црта, тие можат да потрошат огромна сума на работи во кои ќе уживаат, како на пример храна. Но, и тогаш тие внимаваат со колку пари располагаат. Доколку сте им должни, тие никогаш нема да го заборават долгот и точно знаат кога треба да им се раздолжите. Со задоволство ќе ве потсетуваат на тоа. Од друга страна пак, ретко кога позајмуваат пари бидејќи се материјалисти во душа.rn
Близнаци
rnАко постои пример за изреката „Да имаш, па да немаш“, тогаш дефинитивно станува збор за Близнаци. Овој вечен циркуски знак едно време има, па потоа нема пари, но тоа воопшто не го загрижува. Кај овој знак, како пристигнале парите, така и си заминале, па повторно од некаде ќе му пристигнат и сè така во круг. Не е склон кон штедење, но има способност да заработува. Не се плаши од коцкање и секаков вид ризик, како и од позајмување. Тоа е затоа што парите не ги сфаќа премногу сериозно. Добрата страна на овој знак е тоа што може да направи големо богатство, а лошото е што може да го изгуби стекнатото богатство преку ноќ, па да западне во долгови или да направи некоја голема измама со стил.rn
Рак
rnРаковите се внимателни кога станува збор за пари. Тие со задоволство би ги чувале доколку можат. Поради својата сочувствителна природа, со задоволство би им помогнале на пријателите, позајмувајќи им пари. Но, доколку останат измамени, со нивната одлична меморија, нема да заборават и ќе паметат за наредниот пат. Со нивната посветеност кон работата може да стекнат голем имот. Не се склони кон ризици, иако имаат големи планови и идеи за заработка, па остануваат цврсто на земјата, одејќи по сигурниот пат.rn
Лав
rnЧесто сакат да се наметнуваат и да се докажуваат. Склони се кон трошење пари за скапи и гламурозни работи и скапоцени предмети. Што поскапи, толку подобро. Можат да станат вистински расипници. Способни се како организатори и се склони кон ризици. Се впуштаат во секаков вид шпекулација. Така заработуваат многу пари, но веднаш ги трошат. Немаат проблем во позајмувањето пари на други (сакаат да се направат важни, да бидат спонзори и донатори). Лошата страна на овој знак е тоа што може да прерасне во голем измамник.rn
Девица
rnКако што им е во природата на Девиците да собираат плодови, таков однос имаат и со парите. Многу се штедливи и внимателно располагаат со парите, што дури до детали планираат како и на што ќе ги потрошат. Нивното мото е „Зрно по зрно – погача, камен до камен – палата.“ Цел живот штедат и на крајот инвестираат во некоја голема и корисна работа (школување на дете, градење куќа). Девицата со сигурност е најштедливиот знак.rn
Вага
rnКако што им е важно воспоставувањето рамнотежа во животот, така им е важна и рамнотежата на парите. До приходи често стигнуваат со соработка со други луѓе, и често дават позајмици. Сакаат да трошат пари на убави работи – накит, облека, сè што е поврзано со уметноста… во главно сè што е убаво. Доколку си постават граница самите, можат мудро да уживаат во животот на тој начин што ќе заработуваат и трошат онолку колку што им е потребно.rn
Скорпија
rnСкорпија е осмиот знак по ред во хороскопот кој претставува вложување во други, наследства, кредити. Затоа овој знак е мајстор за банкарство. Неговиот дух и интуиција можат да го одведат во банкарските води, бидејќи точно знае кога и како да инвестира во акции, кога да купи и кога да продаде. На тој начин може да стекне големо богатство. Доколку се најде во ситуација да преземе ризик и да инвестира за некој друг, тој добро ќе размисли и ќе го послуша внатрешниот глас. Не е многу склон кон трошење пари и знае како да ги задржи. Доколку позајмува, сака да знае кога ќе му бидат вратени парите, бидејќи сака чисти сметки.rn
Стрелец
rnПознат коцкар, расипник но и среќлија во финансиите. Кај овој знак сè е можно. Бидејќи со Стрелецот владее планетата Јупитер, тој знае да се коцка. Лошата страна е тоа што лесно може да доживее банкрот, а добрата страна е тоа што може да се роди како личност на која лесно се лепат парите и сè што ќе допре – ќе го претвори во злато. Склони се кон уживања и сакаат да трошат. Немаат проблем со позајмувањето, без разлика дали тие ќе позајмат од некој или обратно – тие се луѓе од доверба.rn
Јарец
rnДобрата страна е што овој знак може да биде угледен богаташ, кој своето богатство го стекнал самиот со напорна работа, а лошата страна е тоа што може да биде и најголемиот скржавец во Зодијакот. Честопати овие страни можат и да се спојат. Сепак, овие луѓе се вистински професионалци во секоја работа. Многу бараат од луѓето, но и од самите. Со ваков пристап, тие можат да стекнат големо богатство. Не се склони кон ризици и сакаат сигурни работи. Не сакаат да позајмуваат пари. Тоа е затоа што се свесни дека самите ги заработиле парите, па очекуваат и другите да го направат истото. Доколку трошат, тие секогаш се внимателни при изборот и бараат да бидат квалитетни работи кои ќе траат долго.rn
Водолија
rnБоемството им е во крвта, па таков им е и односот со парите. Денес имаат, утре немаат, и така во круг. Имаат чуден однос со парите и имотот. На пример, еден ден ќе дадат сè за своите пријатели, но друг ден не даваат ни денар за нешто што би можело да им донесе голем профит. Тие се непредвидливи, како и нивните приходи. Премногу се склони кон преземање ризик, но само кога им е по ќеиф. Можат да заработат пари многу нагло, но на истиот начин и да ги изгубат. Доколку ја послушаат интуицијата која ќе им се појави како „блиц“, големи се шансите да се збогатат. Сепак, не знаат да го задржат богатството. Најмногу сакаат да трошат кога се со друштво.rn
Риби
rnПостојат Риби кои пливаат во богатство, но постојат и такви кои се дават во долгови. Можат да стекнат приходи на различни начини, но како и да е, парите ќе им се слизнат од раце. За нив парите претставуваат средство за живеење во нивниот свет. Сепак, некои Риби под влијание на планетата Нептун, можат да бидат многу успешни во разни работи и да стекнат големо богатство. Некогаш се среќни луѓе на кои парите им стигнуваат без мака, но некогаш се жртви и се мачат за мизерна плата. Позајмуваат и помагаат кога е потребно, но доколку тие земат пари можат да бидат несовесни при враќањето на долгот. Лошата страна е што можат да станат измамници кои сме ги виделе само на филм.rnrnДознајте кои хороскопски знаци се прави мамини синови.
-

Само мал број ќе успеат: Можете да ги најдете бубамарите и бебешките лица меѓу зрната кафе?
Расположени сте за едноставен визуелен тест што може да ви помогне да ја тестирате вашата способност за забележување детали? Оваа слика била направена од страна на Насир Кан и брзо го освои целиот Интернет, оставајќи многумина со поткренати веѓи. Мислите дека сте подобри од останатите? Пробајте да ги најдете трите бубамари и трите бебешки лица што се кријат меѓу зрната кафе. Имате само 15 секунди!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Не успеавте? Погледнете го решението тука!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rnrn[message_box title=”Бонус тест” color=”yellow”]Сакате уште една мозочна вежба? Постои само еден начин да се реши оваа логичка задача! За да го откриете решението, кликнете на сликата!rnrn
[/message_box] -

Кажете ни што најпрво забележувате на оваа слика и ние ќе ви откриеме што луѓето презираат кај вашата личност
Кога немате време за преиспитување на себеси, секогаш можете да се свртите кон брзите тестови на личноста. Ова е еден од таквите – доволно е да ја погледнете сликата и она што прво ќе го забележите ќе ви открие во што лежи вашата најголема сила и што е тоа заради кое луѓето ве сакаат, но и зошто понекогаш ве избегнуваат.rnrn
rnЛице на човек
rnАко сте ја погледнале сликата и прво сте забележале лице на човек, вашата најголема сила е способноста да бидете објективни, дури и во тешките ситуации. Во моментите кога поголемиот дел од луѓето психички би паднале и би ронеле солзи, вие стоички ги поднесувате „ударите“ на животот и умеете да направите план за излез од кризата. Заради тоа многу луѓе ве бараат токму вас во тешките времиња, едноставно тие сметаат дека вие сте силата која може да им помогне. Секако, не сте ниту вие совршени. Вашата најголема слабост е тоа што не умеете да ги искажувате своите емоции. Често ве следи репутацијата „леден/а крал/ица“, иако сте преполни со чувства. Но, тие никогаш не се на површината. Морате да научите да им покажувате на другите дека ви е грижа.rn
Маса
rnАко прво сте забележале маса, тогаш вашата најголема способност е тоа што умеете да ги слушате и разбирате другите. Вие сте одлични во комуникацијата, па дури и кога не можете да помогнете, луѓето сакаат да ви се отворат и да ви ги откријат своите тајни. Можеби не сте психотерапевт, но поголемиот дел од луѓето така ве доживуваат. И додека комуникацијата за вас е како добар ден, акцијата не ви оди од рака. Вие едноставно се плашите конкретно да делувате и да донесувате важни одлуки. Морате да научите да ја слушате сопствената интуиција и да верувате во себе. Време е да тргнете во акција и да започнете самостојно да размислувате за вашите идни чекори.rn
Жена
rnАко на прв поглед сте виделе жена која седи на стол тогаш вашата најголема сила е вашиот интелект. Вие сте природно интелигентни и сакате да ја искористите секоја прилика за да научите нови информации и факти. Сепак, ова не значи дека сте „бубалица“ или дека знаете сѐ за сенешто. Вие сакате да го изучувате она што лично ве интересира и да станете експерт во тоа. Сепак, колку што умеете да бидете паметни, толку умеете да бидете неинформирани кога станува збор за работите кои не ве интересираат. Тоа ви создава многу проблеми во работата, но и во секојдневните односи со луѓето. Често не ги слушате другите и пропуштате да слушнете важни детали за нивните животи.rn
Фотелја
rnАко најпрво сте ја забележале фотелјата, вашата најголема сила е вашата уникатна перспектива на животот. Понекогаш вие сте оние кои го решаваат проблемот, а понекогаш оние кои ги смеат другите и им даваат енергија кога ќе спласнат. Ви оди од рака да промените нечиј став и познати сте како некој кој внесува светлина во животот на другите. Она што е ваша најголема слабост е неспособноста да останете фокусирани на долгорочните цели. Имате одлични идеи, но брзо го губите интересот и ништо не реализирате до крај.
-

Како се рангирани хороскопските знаци според нивната способност да сакаат?
Секој умее да сака, на свој начин. На пример, нечиј начин на сакање е тотално скриен и не може да се забележи веднаш, додека друг е способен целосно да се изгуби во љубовта, како и да се пронајде себеси во длабокиот и интензивниот партнерски однос. Па како да дознаете што ве очекува со вашиот партнер? Погледнете ги советите од ѕвездите, што ни кажуваат кои знаци сакаат најмногу и најдлабоко, а кои помалку…rnrn
rn1. Риби
rnОд сите знаци Рибите најчесто го носат срцето на дланка и не ги блокираат своите емоции ниту во еден однос и ситуација. Рибите се навистина горди на својата отвореност и наивно веруваат дека само треба да го следат своето срце и сѐ ќе оди во нивна корист. А, на нив тоа понекогаш навистина им успева.rn
2. Скорпија
rnСкорпиите ги кријат своите чувства и е потребно многу време за да ја освоите нивната доверба. Тие сакаат најдлабоко и најверно, но ќе внимаваат да не се открие тоа или пак да се издадат. Довербата и искреноста се за нив најголемата вредност во врската и затоа нема да се впуштат во односите во кои нивното срце нема да биде 100% ангажирано.rn
3. Рак
rnПрипадниците на овој знак се помеѓу најемотивните личности, кои исто така имаат голема потреба за љубов и нежност. Но, тие го очекуваат од другите само она што се во состојба и самите да го дадат, а можат да дадат многу. Раковите се жртвуваат заради љубовта, даваат сѐ од себе за да го разберат и усреќат партнерот, ја обожаваат саканата личност и никогаш не им е тешко да вложуваат во односот и да се обидуваат да го подобруваат. Можеби премногу се врзуваат и се премногу заштитнички расположени, но Раковите добро ги читаат луѓето и им веруваат на своите процени.rnrn
rn4. Стрелец
rnРомантичниот Стрелец добро внимава тој негов дел да остане во сенка и да доминираат разумот и реалноста, па затоа е многу е внимателен во љубовта, бидејќи знае колку многу може да се повреди. Сепак, кога ќе стекне доверба, тој целосно ѝ се посветува на личноста која ја сака, го подарува своето срце, се предава со целото свое битие и најважно, бескрајно ужива во тоа.rn
5. Вага
rnЗнакот на мир и хармонија, Вагата, секогаш се грижи за сите односи со луѓето. Но, кога станува збор за љубов во партнерски однос, Вагата се надминува себеси – способна е да ги руши сите граници и да вложува во односот многу повеќе од она што се очекува од неа. Вагата умее да се изгуби во односот, но ако ѝ успее со своите напори, давање и вложување да оствари стабилен љубовен однос, тоа е пример за постигнување на сите цели во една врска.rn
6. Близнаци
rnНајголемите логичари во зодијакот, Близнаците, ги проценуваат сите причини за и против кога донесуваат животни одлуки. Освен во љубовта. Кога мислат дека се заљубени, Близнаците ќе поминат низ оган и вода за саканата личност, следејќи ја својата страст без прашања и забелешки. За разлика од останатите, Близнаците ги почитуваат љубовните чувства и не земаат ништо во односот здраво за готово. Секогаш треба да им ги искажете вашите чувства и да им изјавите љубов, бидејќи тие добро знаат колку е тоа тешко и умеат да го ценат тоа.rnrn
rn7. Лав
rnЛавовите сакаат силно, но често погрешна личност. Нивната љубов не е ценета и вреднувана, бидејќи ја насочуваат кон некој што не ја заслужува. Лавовите едноставно ја привлекуваат погрешната личност, но кога ќе се случи да воспостават однос базиран на вистински и искрени чувства, кога ќе го пронајдат во некого она по коешто копнеат, тогаш си докажуваат дека со нив целото ова време сѐ било во ред, само требало да ја променат личноста со која биле во врска.rn
8. Јарец
rnТој ги крие своите чувства зад високи ѕидови, но тие постојат, само што Јарецот не дозволува да бидат на отворено и затоа се однесува ладно и дистанцирано. Потребно е да биде целосно сигурен во другата личност, да стекне доверба за да се отвори и опушти. Во односот со Јарецот, времето е клучот на успехот.rn
9. Водолија
rnНајтешкиот однос Водолиите го имаат самите со себе. Може да сакаат други личности, но нивните односи често се неуспешни, бидејќи не вложувале доволно во себе, не се усовршиле доволно. Водолиите се единствени, кога ќе запознаете една, ќе сфатите зошто. Кога ќе запознаете неколку, секогаш ќе ги препознавате по таа посебност. Но љубовта, тоа не е нивен терен, тука не се снаоѓаат баш најдобро.rnrn
rn10. Овен
rnЦврста фасада и огнена природа – Овенот најтешко се заљубува и предава заради својата силна природа и специфичната тапост во карактерот која се препознава како слепа упорност. Премногу самоуверен, Овенот честопати е доволно горд за да не дозволи да се предаде, бидејќи тој мора да се бори, дури и во љубовта.rn
11. Девица
rnАналитичката Девица се фокусира на себе и на своите цели и не се залага многу во љубовта. Во врската е брзо прилагодлива, но и брзо ги открива добрите и лошите страни на својот партнер и своето однесување го прилагодува на она што веќе го знае. Девицата нема да ја видите неутешна заради скршеното срце, бидејќи таа знае со кого има работа и знае како да се утеши.rn
12. Бик
rnСлавната биковска тврдоглавост овде се огледува во одбивањето да ги признае своите чувства, како на себеси, така и на личноста кон која ги чувствува. Тој се крие зад тешкиот сарказам и ако сте започнале да го убедувате Бикот во својата љубов, среќно со тоа. Ако немате цврст карактер и способност да не го сфатите лично сето она што ви го сервира од својот брутален репертоар, ќе се скршите и повредите пред да сфатите што всушност се случува. Бикот е најгрубиот знак во целиот хороскоп, но кога после многу препреки конечно ќе стигнете до неговото срце, таму ќе го пронајдете само најдоброто, што ретко кој го добива од Биковите.rnrnДознајте каков тип маж барате во склад со вашиот хороскопски знак.
-

Психолозите ги одредуваат 3-те елементи кои ја детерминираат нашата среќа
Модерната култура е исполнета со светликави, но плитки ветувања за среќата и задоволството. Масовните медиуми ни кажуваат дека ако сме богати, имаме поубава и поголема куќа полна со секакви нешта, имаме убав автомобил, ако сме вечно млади, со витка фигура и добро облечени дека ќе бидеме среќни и задоволни.rnrn
rnrnНо, психолозите докажале дека постојат 3 главни работи кои придонесуваат за среќата и благосостојбата на една личност. Ова се основните принципи на концептот познат како „теоријата на самодетерминација“. Оваа теорија ја зголемува разликата помеѓу вродените и надворешните цели кои водат до среќата. Фокусирањето на семејните, пријателските и емоционалните вредности ќе ви донесат многу поголемо задоволство од материјалните богатства и ќе ни обезбедат побогат и позначаен живот.rn1. Автономија
rnВродени цели, желби и квалитети се она што ни е потребно за среќата да се манифестира во нашиот живот и да стане трајна.rn
„Луѓето кои ги сфаќаат своите вродени цели имаат високо ниво на среќа, но луѓето кои се концентрираат на надворешните цели немаат подобрување во нивната лична благосостојба. Авторите претпоставуваат дека луѓето можат да почувствуваат моментално задоволство по остварувањето на некоја ваква цел, но тоа не трае“, вели Дрејк Баер во неговата студија „Зошто бркањето надворешни цели може да ја уништи вашата среќа“.
rnКога се чувствувавте како личност која има контрола врз својот живот, која може да донесе автономни одлуки и која има слобода и независност да биде она што е, тогаш вашиот пат кон среќата е веќе обележан. Луѓето кои чувствуваат дека имаат глас и присуство, кои не се врзани и забранети од конвенцијата или очекувањата на другите се многу посреќни.rn
2. Способност
rnСе раѓаме со одредени квалитети и способности кои го детерминираат она што некои луѓе го нарекуваат судбина. Но, сите ние сакаме можност и шанса. Еднаков пристап до образование, до слободно движење, вработување, основни потреби како дом, храна, вода и безбедност. Среќата е детерминирана од тоа колку слободно можеме да ги добиеме не само основните вештини за преживување, туку и способноста да бидеме целосни во тие вештини кои ни дозволуваат интелектуално, уметнички, политички и комично да се изразуваме. Учењето на новите работи ја зголемува среќата.rn
3. Поврзаност
rnНачинот на кој се поврзуваме со другите луѓе во нашиот живот е најважниот фактор за среќата. Несвесно, повеќето луѓе имаат врски чисто од облигација. Само најсилните луѓе искусуваат вистински конекции со истомисленици. Често се чувствуваме должни да поминуваме време со семејството, пријателите, колегите, познаниците и оние личности кои влегле во нашиот живот сосема случајно. Но, вистинската среќа се постигнува кога сме доволно зрели да разбереме дека го имаме правото да одлучиме со кои луѓе вреди да го поминуваме времето и кои луѓе заслужуваат место во нашиот живот.
-

Мажите со оваа интригантна карактеристика се многу попривлечни за жените од останатите
Сигурни сме дека доколку во овој момент ве прашаме што барате кај еден маж, вие без размислување првото нешто што би го кажале е некој кој може да ве насмее… Токму тоа и го покажало едно ново истражување, чии резултати укажуваат на фактот дека мажите кои имаат дарба за раскажување приказни се многу повеќе посакувани од останатите. Од друга страна пак, изгледа мажите воопшто не се воодушевени од жена со оваа способност.rnrn
rnrnИстражувачите од Универзитетот во Северна Каролина и Универзитетот во Бафало, дошле до овој заклучок по серија студии кои вклучувале стотици мажи и жени, студенти. Во една од овие студии, студентите читале описи за мажи и жени, каде што во дел од нив била истакната способноста за раскажување одлични приказни. Резултатите покажале дека жените ги сметале за попривлечни мажите кои се добри раскажувачи на приказни и повеќе ги одбирале за долгогодишни партнери, отколку оние чии портфолија воопшто не ја вклучувало оваа способност. Мажите, пак, не ја оценувале привлечноста на жените според нивната способност за раскажување приказни.rnrnОваа студија е само уште една од многуте кои ни покажуваат дека постојат нефизички карактеристики кои ги прават мажите поатрактивни за жените, како свесноста за своите емоции и алтруизмот. Во некои случаи, овие атрибути добиваат и поголема вредност од самиот изглед на мажите. Но, она што е најинтересно е дека жените не кажуваат гласно дека ги бараат овие работи од своите партнери, а често се случува и воопшто да не го знаат тоа сè додека не го добијат. Што мислите вие, дали способноста за раскажување приказни би можела да влијае врз вашиот избор на партнер? -

Ако сакате да ја искусите среќата, тогаш следете ги своите соништа
Сте имале ли некогаш идеја која ви ја буди имагинацијата, ве возбудува и ви ја исполнува секоја клетка во вашето тело со силната светлина на можноста? Можеби тоа е нешто што сакате да го направите или некое место кое сакате да го посетите. Но, доколку заборавите на оваа идеја, таа полека почнува да се замаглува. Она што во моментот кога сте го замислиле изгледало јасно и светло, со изминувањето на времето ќе започне да го апсорбира секој ваш сомнеж и ќе ве натера да помислите дека тоа можеби и не е толку добра идеја. Запомнете, некои работи изгледаат невозможно бидејќи се подалеку од она што го познаваме и на што сме навикнати, но тоа не значи дека не можеме да ги исполниме.rnrn
rn1. Прифатете ги своите сомнежи и продолжете да се обидувате
rnСе разбира, не е мудро да се обидете да ја остварите секоја мисла која ќе ви прелета низ главата, но вреди сериозно и целосно да се посветите на оние идеи кои успеваат да ви го растреперат срце. Луѓето често се обидуваат да се разубедат себеси, да ги преанализираат и преиспитуваат сите причини зошто нешто може да биде погрешно или правилно, зошто нешто не е правилно и зошто онаа работа што се нарекува „реалност“ може да им застане на патот. Само затоа што вака отсекогаш сте ги правеле работите, не значи дека не можете да направите промена уште веднаш и да изберете нешто поразлично.rn
2. Бидете својот сопствен суперхерој
rnНормално е да си велиме себеси дека нешто не можеме. Дека треба да се откажеме од целта уште пред да почнеме да ја остваруваме. Запрашајте се каков би ви бил животот доколку би одлучиле да исполните некоја луда идеја да го оставите целото ваше постоење зад вас и да тргнете по светот, наместо да отспиете и внимателно да размислите. Кога имате шанса, дозволете им на мислите да го преземат и предводат моментот кој сметате и за кој чувствувате дека е оној вистинскиот. А, доколку ве нападне сомнежот, тогаш сетете се на сите оние искуства кои ќе ги пропуштите и слободата која ќе ја добиете кога ќе го разиграте вашиот авантуристички дух.rn
3. Бидете доволно храбри да ризикувате и да поверувате во навидум невозможното
rnПостои тенка линија помеѓу несовесноста, глупавоста, смелоста и авантурата, но животот би бил многу подобар кога би се фокусирале на работите кои ги можеме, наместо на работите кои не ги можеме. Запрашајте се себеси: „Што е најлошото што може да се случи?“. Доколку одговорот е смрт, губење на домот, губење на идентитетот и ред други лични повреди, тогаш логично е дека нема да го преземете ризикот. Но, доколку одговорот е разочарување, предрасуди, неуспех и страв, тогаш впуштете се во авантурата. Продадете ја куќата и патувајте низ светот, ако тоа е нешто што отсекогаш сте посакувале. Дадете отказ на работа и отворете пекара. Искачете се на највисоките светски врвови и посетете ги најегзотичните места. Можеби нема да успеете. Можеби реалноста нема да биде толку убава како сонот. Можеби ќе изгубите пари и време обидувајќи се да ги остварите желбите. Но, можеби тоа ќе биде најдоброто нешто што некогаш ќе го направите.rnrnНикогаш нема да знаете, ако не се обидете. Најважното нешто е да запомните дека ако нешто сакате, тогаш вие тоа и го можете.
-

6 супермоќи на невербалната комуникација
Свесни за тоа или не, секој потег, поза или гримаса кои ги правите со телото и лицето кажуваат нешто за вас. Оваа невербална комуникација некогаш знае да каже, односно да покаже многу повеќе отколку зборовите. Говорот на телото изразува далеку повеќе одошто некои луѓе се свесни, па со самото тоа е многу важен и составен дел од вас на кој треба да посветите поголемо внимание. Постојат многу типови на говор на телото, но во глобала постојат 6 подгрупи на луѓе, секоја со свои позитивни и негативни страни.rnrn
rn1. Емоционално изразување
rnНекои луѓе многу полесно ги изразуваат своите чувства. Во секое поместување на цртите на нивното лице може да согледате како тие се чувствуваат, секој потег ги издава нивните емоции на среќа или тага, па секогаш може лесно да препознаете во каква состојба се наоѓаат. Овие луѓе се отворени луѓе кои многу лесно се соочуваат со чувствата, не се срамат да ги покажат и претежно се доста популарни во друштвото.rn
2. Емоционална контрола
rnОвој тип луѓе го сочинуваат оние кои доста добро го познаваат своето тело и своите емоции, па вешто успеваат да ги контролираат позите со цел да создадат слика за себе која е различна од онаа реалната. Токму поради тоа, тие делуваат доста далечни и ладни и ретко кога може да прочитате како тие навистина се чувствуваат и за што размислуваат.rnrn
rn3. Емоционална чувствителност
rnЛуѓето кои спаѓаат во оваа група имаат некој вид сензори со способност да ги детектираат и дешифрираат чувствата на луѓето околу нив. Поради леснотијата со која тие препознаваат како некој се чувствува делуваат емпатични, па често се првата личност кај која другите одат кога имаат некој проблем, кога им е тешко или едноставно им е потребно некој да ги ислуша. Негативно тука е што доколку некој е премногу емоционално чувствителен, тој може да се зарази од истите чувства како и другите и нивната болка да ја почувствува како своја.rn
4. Социјална чувствителност
rnДоколку вие сте социјално чувствителни, тогаш веројатно доста добро можете да ја процените ситуацијата во околината околу вас, лесно може да одредите во какво друштво се наоѓате, па соодветно на тоа да го прилагодите вашето однесување. Ова дефинитивно многу помага при разбирање на комплексноста на социјализирањето како и при предвидување на однесувањето на другите луѓе во ваша близина.rnrn
rn5. Вештина за мамење
rnОва се луѓе способни себеси да се претстават во сосема различно светло. Лесно и едноставно можат да се претстават себеси како целосно различни личности од оние кои навистина сѐ, создавајќи слика низ која ретко кој може да продре. Ова се т.н. професионални измамници, а се карактеризираат со брзи, вешти и лесни движења, како и со доста впечатливи гримаси на лицето.rn
6. Вештина за детектирање измама
rnОва се тие ретки луѓе кои успеваат веднаш и целосно точно да ги прочитаат луѓето, за кратко време знаат со кого си имаат работа и можат да ја детектираат измамата во нечие движење дури и кога таа личност се наоѓа на другиот крај на собата. Секој милиметар на придвижување на вашето тело им открива нови работи за вас, па соодветно можат доста лесно да ве прочитаат и „расоблечат“.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како и зошто да ја подобрите емоционалната комуникација?
Не ретко се случува многу повеќе да научите за некоја личност според нејзините движења, погледот или начинот на кој стои, гримасите на лицето и многу други карактеристики кои не вклучуваат зборување. Некогаш дури, доволно е да поминеш со некого само 5 минути и веднаш да знаеш многу работи за него, а кои воопшто ги нема спомнато. Некогаш може да си со некој со години, а да не знаеш кој е и што е. Способноста да препознаете нечии чувства и на некој начин да предвидите нечие однесување може многу да влијае на вашиот живот и начинот на кој вие ќе реагирате на случувањата околу вас. Ова има големо влијание врз љубовниот и деловниот живот, врз врските со пријателите и семејството и однесувањето кон сите останати луѓе.rnrn
rnrnПрофесорот по маркетинг на Државниот универзитет во Охајо, Блер Кидвел и неговиот колега, професор Џонатан Хасфорд од Универзитетот во Невада имаат спроведено истражување поврзано со оваа тема. Центар на ова истражување биле продавачи и купувачи, а целта била да видат како нивото на емоционална интелигенција влијае на успехот во продажбата. Резултатите покажале дека кога двете страни се со исто ниво на емоционална интелигенција, ќе постои обострана доверба, продажбата ќе се оствари и двете страни ќе заминат задоволни од комуникацијата. Кога нивото на емоционална интелигенција е ниско и кај продавачот и купувачот, тогаш ни продажбата ќе се оствари ниту, пак, тие ќе бидат задоволни од начинот на интеракција. Ако купувачот има повисоко ниво на емоционална интелигенција од продавачот, тој сигурно ќе добие претстава дека продавачот само сака да ја оствари продажбата и ништо повеќе, па ќе одолее на она кое воопшто не му е потребно. Купувачите како овие можат да се воздржат од купување на работи кои воопшто не им се потребни, ќе го купат само она по кое дошле и нема да ги интересира ништо повеќе.rnrnКога станува збор за препознавање на чувствата на партнерот, работите се малку покомплицирани во смисла на тоа дека постои начин и голема веројатност да ги повредите неговите/нејзините чувства. Доколку со партнерот сте добри во читање на меѓусебните желби и размислувања, а најмногу чувства, тогаш вашата врска најверојатно тече во многу синхронизиран тек. Во спротивно, голема е веројатноста дека често доаѓа до расправии бидејќи знаеме слепо да се водиме по онаа изрека Ако навистина ме сакаш, тогаш треба да знаеш што мислам и да препознаеш како се чувствувам .rnrn
rnrnБидејќи согласно со горенаведените примери може да согледаме дека емоционалната интелигенција е доста важна во постојаното секојдневно комуницирање, може да се заклучи дека вреди да се работи на подигнување на нивото на осетливост. Според методите кои професорите Кидвел и Хасфорд ги изложиле во својата статија, постојат четири поконкретни области на кои најмногу влијаат методите за надградување на емоционалната интелигенција.rn1. Согледување на емоциите
rnЧесто тежнееме кон погрешно перципирање на она што е пред нас. Уште почесто знаеме да ги помешаме нашите чувства за туѓи и со тоа да предизвикаме некакви проблеми. Способноста точно да можете да регистрирате како некој се чувствува е нешто што не се случува туку така, а колку повеќе сте свесни за емоциите околу вас и во вас, толку полесно ќе можете да ги раздвоите вашите од туѓите, свесно да избегнувате ситуации поради кои би се чувствувале лошо и би умееле да останете мирни и сталожени дури и кога сè околу вас е сосема спротивното.rn
2. Прифаќање на емоциите
rnКолку побрзо ги прифатите чувствата, толку побрзо ќе може да се сконцентрирате на согледување на тоа што предизвикало да се чувствувате така и како да го решите проблемот. Ќе можете побрзо да донесете одлуки кои нема да бидат базирани на моменталните чувства, туку инспирирани од нив и соединети со цел да бидат корисни. Лоцирањето на емоциите, идентификувањето што претставуваат и од каде потекнуваат и тоа со што поголема брзина ќе ве доведе до ситуација каде многу лесно и едноставно ќе може да ги изменаџирате. Оваа стратегија помага во секој аспект од животот и ќе ви заштеди многу инаку изгубено време.rn
3. Разбирање на емоциите
rnАко успеете да го разберете она што го чувствувате, во иднина ќе може на некој начин да предвидите како би се чувствувале во дадена ситуација. Согласно ќе може да избегнете незгодни ситуации и да се поштедите себеси од несакани лоши чувства. Уште повеќе, со оглед на фактот дека емоциите се сѐ само не постојани и константни, со сфаќање на истите ќе може да ги насочите и смирите. Луѓето со високо ниво на емоционална интелигенција, предвидувајќи ги своите чувства, успеваат да донесат попаметни одлуки и многу побрзо, така што крајниот резултат да биде во нивна корист. Ова се однесува и на љубовниот живот, доколку станете свесни дека вашата среќа не зависи од и само од вашиот партнер, ќе спречите големо разочарување поради непостоењето на личност која ќе ги исполни вашите очекувања.rn
4. Управување со емоциите
rnУправувањето со емоциите е можеби најтешката работа која треба да ја совладате кога станува збор за вашата личност. Ова особено доаѓа до израз кога се соочуваме со силни емоции поврзани со личност која ни е блиска, која сме ја изгубиле или нешто што ни е многу важно. Самoконтролата е основна доколку сакаме да спречиме избувнување или донесување погрешни одлуки само поради тоа што се чувствуваме лошо. Ова овозможува да се справиме полесно со секојдневни ситуации во животот и особено да пребродиме многу полесно работи кои не можеме да ги смениме. Како последен, но најтежок чекор во изградување на личност со високо ниво на емоционална интелигенција, ова ни овозможува со висока веројатност да дојдеме до она што го сакаме и да успееме во она што ќе го замислиме.rnrn
rnrnКолку повеќе ги разбирате емоциите и препознавате како останатите околу вас се чувствуваат, толку полесно ќе можете од секоја ситуација да го извлечете максимумот, што укажува на добра емоционална комуникација. На овој начин, ќе влијаете секоја врска која ја имате оформено или ја оформувате да биде најдобра што може, не губејќи време на непотребни кавги, сплетки, пречки и проблеми. Вие ќе се чувствувате убаво, а и луѓето околу вас ќе се чувствуваат убаво. Сѐ што треба за да го започнете процесот на свестување околу емоциите е волја.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.