Женствената верзија на класичните, спортски патики се секако моделите кои се таканаречени патики на навлекување. Овие патики не само што се удобни и лесни, туку повеќе потсетуваат на еспадрили и чевли, отколку на спортска облека во која спаѓаат добро препознатливите патики за трчање. Ако сакате да ги одморите нозете од постојаното носење високи потпетици, тогаш овие обувки се вистинскиот избор за вас. Патиките на навлекување се апсолутен хит за оваа пролет и воопшто нема да погрешите ако ги облечете заедно со фустан, здолниште, па дури со сако и пантолони.rnrnrnrnЗа нив слободно можеме да кажеме дека стануваат составен дел од работниот изглед на една млада, модерна жена. Па, доколку се запрашувате со која облека е најдобро да ги комбинирате овие патики, еден од одговорите е со спортски фустан во црна или бела боја. Наместо класични патики, одлучете се заедно со спортскиот фустан да облечете патики на навлекување, бидејќи тие, без никаков сомнеж, ќе направат автоматски да изгледате женствено и елегантно. Моделите во шарени бои или животински дезени ќе ѝ дадат живост на еднобојната комбинација.rnrnrnrnrnrnЦрните патики на навлекување совршено ќе изгледаат со бели пантолони и светли фармерки. Сепак, за работен изглед белите пантолони се подобар избор, а времето е сè потопло, па ова е одлична прилика да им кажете збогум на фармерките. Барем до следната есен. Патиките на навлекување се одлична алтернатива за чевлите и чизмите, па дури и за балетанките, ако вашата работа бара долго стоење на нозе, па со самото тоа тетивите и зглобовите се доста оптоварени. Ова удобно парче обувки ќе ве натера да заборавите на болните и отечени стапала, а истовремено ќе изгледате софистицирано како вистинска бизнис жена.rnrnrnrnОваа врста обувки има широка примена, па слободно можете да ги носете со кожна јакна, која е најдоброто парче облека за премин во новата сезона. Особено наутро кога температурите сè уште се ниски и дува ветар. Патиките на навлекување не се премногу елегантни и всушност изгледаат многу лежерно, односно лесно се комбинираат со облеката која е направена од кожа. Секако, со фармерки и тексас тие се непогрешлив избор.rnrnrnrnДобро е да се спомне дека девојките не можат да одолеат, а да не ги облечат овие патики со здолниште или фустан. Како што напомнавме, овие обувки се лесни и удобни, не стегаат и во нив ногата не се поти, па затоа е логично да се комбинираат со пролетна облека во весели бои. Зошто да не, изберете патики на навлекување во некоја пастелна боја и во истиот момент освежете го вашиот изглед. Со нив дефинитивно нема да погрешите доколку се спремате за прошетка или за излегување со пријателите.rnrnrnrnВсушност кога сте во брзање и треба без размислување да одберете што ќе облечете, обично поголемиот дел од луѓето се одлучуваат за црно од глава до пети, а секако се пожелни обувки кои гарантираат удобност. Па затоа, вашиот избор за денес нека бидат црни патики на навлекување кои одговараат со секоја гардероба, а не ја нарушуваат елеганцијата и префинетоста.rnrn
Есенската гардероба може да биде навистина скапа. Зборуваме за јакни, чизми, марами и џемпери, што по крајот на летото доаѓа како потешкотија на личниот буџет.rnrnЕсента е романтична сезона, па доколку се подготвувате за состанок еве како може да изгледате прекрасно без да потрошите многу пари на облека.rnrnrn
1. За пладневен состанок
rnДоколку со вашиот партнер или потенцијален иден партнер имате пладневен состанок, еве како да изгледате чик без да изгледа дека сте вложиле многу труд во својот изглед. Искомбинирајте летно фустанче, дебели хулахопки (доколку сте смели и сакате по малку екстравагантност може хулахопките да бидат во впечатлива боја различна од боите на фустанот), чизмички до глужд и марама. Доколку денот е поладен може да одберете и тексас палто или кожна јакна.rnrnrn
2. Уличен стил
rnДоколку по природа не сте личност која сака луксуз туку преферира опуштеност, искомбинирајте широки фармерки и обична еднобојна маичка. Продолжете со долга туника или наметка, или пак џемперче доколку е поладно. Плетеното капче и ниските чизми совршено го завршуваат изгледот.rnrnrn
3. Елегантност за формалните состаноци
rnСпротивно на претходната комбинација, еве како да ја истакнете вашата женственост и чувство за префинетост. Овој изглед во основа е минималистички, еднобојна долга сукња и маичка на прерамки. Но, префинетоста е во деталите. Одберете темен лак за нокти во впечатлива боја и големо парче накит како впечатливо ланче кое е совршено за оваа пригода. За обувки може да одберете ниски сандали или пак затворени балетанки доколку температурите се пониски.rnrnrn
4. Спортски состанок
rnМожеби на вашиот прв состанок ќе одите на натпревар, и се разбира целиот изглед е поопуштен, но сепак важно е да се чувствувате добро во своја кожа. Тесни фармерки и обична црна блуза со долги ракави се одличен избор за оваа пригода. Одберете спортско капче, еднобојна марама и патики со принт.rnrn
Доаѓа лето, дали веќе имате план кои фестивали и концерти ќе ги посетите во и надвор од земјава? Како што наближува сезоната за настани на отворено, ви нудиме 5 супер комбинации за такви пригоди.rnrnrn
1. Хипи девојка
rnЦветните корсети и летните концерти се како создадени едни за други. Искомбинирајте цветен корсет со фармерски кратки пантолончиња со висок струк и лесна наметка за да ве штити од вечерниот ветар. Комбинацијата завршете ја со ниски отворени сандали, ранец и ленти за коса во хипи стил.rnrnrn
2. Макси фустан и цветна круна за женствен и впечатлив изглед
rnОваа комбинација е совршена за девојките кои сакаат да бидат женствени без оглед на каков настан присуствуваат. За повпечатлив изглед одберете макси фустан кој одлично оди во комбинација со цветни аксесоари за коса како впечатлива цветна круна. Дополнете го изгледот со сандали на полна плута и еднобојна торба за преку рамо.rnrnrn
3. Кул девојка
rnОвој изглед е за смелите девојки кои можат да носат кич парче облека или аксесоар и пак да изгледаат кул. Одберете ги најлудите хеланки кои ги имате, за оваа пригода одлични се флуоресцентните, и искомбинирајте ги со смела маичка со натпис и спортски обувки. За крај, одберете впечатлива капа и шарена торбичка за околу половина.rnrnrn
4. Ретро рок ѕвезда
rnИскомбинирајте секси кратки пантолончиња, маичка со рок натпис и старки. Завршете го изгледот со чанта во индијански стил и марама за коса.rnrnrn
5. Индијана Џонс стил
rnФустан со цветен дизајн и тексас елек се совршена комбинација која може да ја надополните со плетен шешир, ранец и рамни сандали.rnrnrnrn rnrn
Неколку дена пред Интернационалното мото шоу 2013 кое ќе се одржи во Женева, Швајцарија, британскиот производител на автомобили „Мекларен“ го промовираше својот нов супер автомобил „P1“. Од компанијата потврдија дека моделот ќе се појави во продажба оваа есен, а неговата цена ќе изнесува 866.000 фунти.Моќното возило ќе развива брзина од 100 километри на час за помалку од 3 секунди, додека 200 за нешто помалку од 7. Максималната брзина која ќе може да ја достигне ова возило ќе изнесува 350 километри на час.rnrn
Ферари е компанија за производство на спортски автомобили, основана од Енцо Ферари во 1929 година. Сè до 1947 година, овие автомобили биле наменети само за трки. Денес Ферари е симбол за луксуз и богатство.rnrnFerrari 212 Export Vignale Coupe, 1951 годинаrnrnFerrari 212/225 Inter Touring barchetta, 1952 годинаrnrnFerrari, 1953 годинаrnrnFerrari 500 Mondial Berlinetta, 1954 годинаrnrnFerrari 410 SuperAmerica Pinin Farina Coupe, 1955 годинаrnrnFerrari 250 GT Boana Coupe, 1956 годинаrnrnFerrari 250 GT Tour de France, 1957 годинаrnrnFerrari 412 S, 1958 годинаrnrnFerrari 250 GT LWB Scaglietti Spyder California, 1959 годинаrnrnFerrari 250 GT SWB Scaglietti Berlinetta, 1961 годинаrnrnFerrari 250 GT SWB California Spider, 1962 годинаrnrn Ferrari 250 SWB California Scaglietti, 1963 годинаrnrnFerrari 275 GTS/4 Nart Spyder, 1967 годинаrnrnFerrari Enzo, 2003 годинаrnrnFerrari F430 Spider, 2005 годинаrnrnFerrari F430 Spider, 2006 годинаrnrn
Кога Лондон ја доби организацијата на Олимписките Игри во 2012 година, Британците беа многу возбудени поради ретката можност да бидат домаќини на најдобрите спортисти во светот. Сепак, тие некому се трн во око, па се обидуваат тоа да го покажат организирајќи чудни, но креативни алтернативни „спортски“ игри.rn
Фетилимпијада
rnКако што кажува преводот од англиски на називот на овој „спортски“ настан, Фетилимпијадата е Олимпијада за дебели. Настанот е организиран од две феминистки кои сакаат „да се слави дебелото тело на јавно место“, а им пречи и „политиката на елитизам која преовладува во спортот“. Главната дисциплина во која посетителите ќе ги испробаат силите е тркалање по едно мало ритче во еден од лондонските паркови.rnrn
Чоколадни игри
rnОние кои не сакаат да применат ригорозен режим на здрава исхрана можат да се вклучат во турнирот организиран од страна на компанијата за производство на чоколадо „Chocolate Delight“. На нивните настани ќе научат да прават најфина чоколада, а потоа ќе „спортуваат“ со она што сами го произвеле. Предвидените дисциплини се борба со чоколадо, борба со палачинки и пинг-понг со чоколатца.rnrn
Скржави игри
rnНевладината организација „Младите се борат за работни места“ ги организира Скржавите игри со кои сака „да ја истакне лошата ситуација во која се наоѓаат младите во Лондон во време кога се организираат скапи Олимписки игри“. Тие сметаат дека оној дел од спортските објекти кои е планирано да се рушат или да се продадат на приватниот сектор по завршувањето на игрите треба да се искористат за да се обезбеди домување по пристапни цени на оние на кои им е најмногу потребно.rnrnНивните натпреварувачки дисциплини се наречени скок во височина на цените на имотот и трка кон дното.rnrn
Светски алтернативни игри
rnНа основачите на овој доста сериозен 17-дневен настан им здодеала вообичаеноста на Олимпијадите, па решиле во дивината на Велс да организираат Светски алтернативни игри во вкупно 50 дисциплини. Меѓу нив спаѓаат борење во гроб, носење на сопругата на грб, барање црви, трка со рачна количка, тркалање буриња, итн.rnrn
Аринера е полски производител на автомобили кој сè уште не го пуштил во продажба својот прв модел, но според она што може да се насети од нивниот прв концепт, тие ќе можат рамноправно да се носат со останатите супербрзи автомобили.Дизајнот на Аринера се одликува со остри и динамични линии, карактеристични за секој суперспортист. Моторот со 650 коњски сили обезбедува максимална брзина од 340 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди. Импресионира и можноста при брзина од 300 км/ч Аринерата да биде запрена за помалку од седум секунди.Сепак, она што овој модел го издвојува од останатите е термалната камера сместена под левото предно светло која е приспособена за ноќно гледање. Со нејзина помош, возачот на мал екран сместен веднаш под ветробранското стакло може да добие јасна слика за она што се случува пред него во ноќни услови.rn
Мерцедес Бенц Стајл Купе е вистинско откритие кога станува збор за дизајнот. Контурите карактеристични за славниот германски бренд надополнети со големиот панорамски покрив, предната решетка со дијамантски изглед и иновативните фарови му даваат авангарден белег кој ќе претставува репер за идните модели на спортски автомобили.Необичноста на предните фарови доаѓа оттаму што имаат застрашувачки изглед и светат во црвена боја додека се во стенд бај, а штом се активираат, ламбите се палат една по една во стилот на брановите кои ги прават навивачите на стадионите. Специфично за овој модел на Мерцедес е и внимателно избраната сребрена нијанса која што максимално ги истакнува линиите на автомобилот, давајќи му го прекрасниот изглед. Во автомобилот е вградена и платформата COMAND Online, со која што во секое време од него ќе може да се сурфа на интернет.rnrn
Овој фантастичен концепт, кој со сигурност ќе ве остави со отворена уста е дело на дизајнерот Самир Кадиков, а моделот тој го нарекол „Ferrari Xezri“.rnrn
„Овој проект мора да е изворот на највисоко ниво на технологија која го карактеризира еден автомобил, кој е апсолутно инвентивен и ја претставува сржта на „Ферари“ во минатото, во сегашноста и неговата иднина.“ – вели Самир.
rnЛесен, едноставен автомобил со одличен мотор и футуристички дизајн. Овој маркантен спортски убавец го освои второто место за дизајн на натпреварот организиран од „Ферари“.rnrn