Постои одредена убавина и сила во слабоста, како што би кажале некои мажи. Но, понекогаш нееднаквоста помеѓу луѓето може да донесе само тага. Една од овие ситуации е домашното насилство, што е толку чест, но сепак не доволно разговаран проблем. Токму затоа и еден артист во Турција сакал да ја зголеми свесноста за овој проблем со помош на визуелен споменик што не може да биде игнориран. Водејќи се од традицијата да се изнесат чевлите пред врата по смртта на човекот што живеел во таа куќа, тој поставил 440 пара штикли за спомен на 440-те жени што за само една година биле убиени од своите сопрузи во Турција. Фотографиите во продолжение без сомнение ќе ви предизвикаат морници по телото…rnrn
Некогаш за да ви се врати вербата во целото човештво доволна е само една слика. Погледнете ги овие моќни фотографии кои ќе допрат до вас, ќе ви го разнежнат срцето а можеби и ќе ви го променат животот.rnrnФондацијата Make a wish на 5-годишното детенце болно од леукемија, му ја исполни желбата да биде облечено во мала верзија на Бетмен. Неговиот брат е облечен како Робин.rnrnНа двајца браќа им се остварува детскиот сон.rnrnДетенце кое боледува од рак си исцртува коса на огледалото.rnrnСивото куче води друго слепо куче на прошетка.rnrnЗа време на Виетнамската војна, жена држи цвеќе пред војниците.rnrnКучето го оплакува својот починат господар.rnrnГерманскиот канцелар Вили Брандт, кој бил дел на движењето против Хитлер, паѓа на колена пред меморијален споменик на едно еврејско гето.rnrnБолна мајка ја гледа венчавката на ќерка си преку Скајп.rnrnСлика која ја прикажува љубовта меѓу болниот Лукас и неговото куче Џуно.rnrnЕдна од натпреварувачките колабирала за време на трката, а другата натпреварувачка ја носи до целта.rnrnВо Индија сиромашни деца се стекнуваат со бесплатно образование од страна на учители-волонтери, под еден мост.rnrnПапата Франсис бакнува еден изобличен човек.rnrnОвој човек пробува на секаков можен начин да си ја спаси сопругата.rnrnВојникот го гледа своето дете за прв пат.rnrnЗа време на меморијалот, на ова 8-годишно момче му е врачено знамето на неговиот починат татко.rnrnМало девојче и стара жена, жртви на ураганот Катрина, се држат за раце за време на нивната евакуација.rnrnОвој брачен пар по 88 години во брак ја добива првата свадбена слика.rnrnПогледнете уште моќни фотографии тука.rnrn rnrn
Доколку отидете на одмор и не ги направите сите овие видови фотографии по неколку пати и потоа не ги објавите на Фејсбук во истата милисекунда кога ќе пристигнете дома, е исто како да не сте биле на одмор нели?rn
Нозе на плажа
rnrn
„Држење“ на некоја позната знаменитост во рацете
rnrn
Фотка низ прозорецот на авионот со крилото во кадар
rnrn
Скокање без никаква особена причина
rnrn
Гушкање на карпа
rnrn
Имитирање на позата на статуата
rnrn
Фотка со партнерот направена премногу одблизу
rnrn
Фотка со порција јадење за која се употребени филтри
rnrn
Погледот низ хотелската тераса
rnrn
Залуден обид да се направи фотка од објект одоздола-нагоре, кој е премногу голем за да го собере во кадар
rnrn
Смешни лошо преведени натписи
rnrn
„Изгорена“ фотка со романтичен бакнеж направена на силно сонце
rnrn
Еден куп пејзажи, без луѓе и без ништо интересно на фотките
Оваа масивна коцка полна со ѓубре е една несекојдневна скулптура т.н. „Once“ (Некогаш) која создава искра на носталгија за безгрижните сончевите денови од детството, кога се возевме вртелешки, игравме игри и јадевме шеќерна волна.Креирана од артистот Џејмс Дајв, оваа коцка претставува колекционирано ѓубре од демолиран стар забавен парк, во која се гледаат сите разнобојни знаци, светла, разни играчки и плишани животни, приколки за храна, билети, згмечени во една компактна коцка висока и долга по 4 метри.Во текот на деструктивниот процес, Џејмс набрзина ја замолкнал буката предизвикана од вртелешките и извиците на радост, претворајќи го ова природно весело место, во купиште срушен детски сон.rn rn
Артистот вели: „Проектот се однесува на неповратноста на пропуштениот момент. Создавањето на овој споменик беше несомнено, најнасилниот процес во кој некогаш сум бил вклучен“.
rnАртистот кој живее делумно во Сиднеј и во Њујорк, ја создал оваа скулптура за најголемата и најуникатната надворешна данска изложба „Sculpture by the Sea Aarhus“, двогодишен настан, кој се одржува на јавните тревници, плажи и шуми крај Орхускиот Залив во Данска. Оваа година, бесплатната изложба е сочинета од повеќе од 60 артисти, од 22 земји ширум светот, а делата ќе бидат изложени до крајот на јуни, 2013 година.rnrn
Рускиот артист Анатолиј Вујаткин инсталирал огромна копија на кирилската QWERTY тастатура во земја, изработена од 86 камени тули, а од кои секоја тежи по 453 кг. Споменикот-тастатура, кој во некои кругови го нарекуваат и „Клаудија“, претставува трајна надворешна скулптура, лоцирана во Екатеринбург, Русија, каде воедно претставува и значајна туристичка атракција.Споменикот, којшто бил дизајниран со цел да се вметне дел од технологијата во природниот пејзаж, има идеја да ги натера минувачите на интеракција со него. Пешаците кога ќе се најдат во близина на џиновската тастатура, честопати потскокнуваат од едно на друго „копче“, и покрај тоа што нивното „притискање“ не му дава команди на ниеден компјутер. Инсталацијата претставува една своевидна форма на уметност, која го отсликува денешниот начин на живеење. Ќе биде интересно да се види како идните генерации ќе го перципираат овој споменик, кога тастатурите веќе нема да се користат и технологијата ќе биде далеку понапредна.rnrn
Ѕидот „Те сакам“ се наоѓа во центарот на градината „Abbesses“ на Монмартр во Париз, а зафаќа површина од 40 квадратни метри и е направен од 612 емајлирани плочи. На него фразата „Те сакам“ е напишана повеќе од 1.000 пати на 300 јазици.rnrnrnrnЅидот е направен од страна на уметниците Фредерик Барон и Клер Кито, како рандеву локација за вљубените и како траен споменик за вечно восхитување. Фразите ги запишувал Фредерик во нотес, чукајќи од врата на врата по амбасадите и соседите сè додека не собрал 300 на различен јазик.rnrnrnrn
Споменикот „Бузлуџа“ се наоѓа на централна Стара Планина на надморска височина од 1.441 метар. Како и многу други споменици од комунизмот кои останале подзаборавени од времето, така и оваа масовна „летачка чинија“ е оставена на милост и немилост на временските услови и на хулиганите. Споменикот е направен и официјално отворен во 1981 година, во чест на славењето на јубилејот, 1300 години Бугарска држава. Сепак, 20 години подоцна, по падот на комунизмот, ова грандиозно место е тотално напуштено.Но, можеби за споменикот има иднина. Во септември 2011 година, владата на Бугарија реши споменикот да ù го предаде на социјалистичката партија на Бугарија, без никаков надомест. Членовите на партијата се надеваат дека можат да му го вратат стариот сјај на споменикот и дека тој ќе може повторно да ги достигне најславните денови од неговото постоење.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
За најкористената автоматска пушка во светот, калашниковот, во градот Ижевск, Русија има музеј, познат како музејот „Калашников“ или „АК-47“. Музејот бил отворен на 4 ноември 2004 година. Во него хронолошки е прикажана биографијата на креаторот на пушката, генералот Михаил Калашников, како и самиот процес на нејзиното измислување. Музејот месечно привлекува повеќе од 10.000 посетители.rnМузејот служи како еден вид руски споменик на оваа светски позната пешадиска пушка. Тој ја презентира историјата на пушката, но и гордоста на руските граѓани пробудувајќи го чувството на национална доверба.rnrnВо него можат да се видат голем број пушки и да се проследат многу презентации кои се вртат на плазма екраните, за употребата на калашниковот во последните неколку декади, како и за посветеноста на работниците во процесот на неговата изработката. Голем број од материјалите го прикажуваат животот на човекот кој во 1947 година во тајност го креираше и дизајнираше ова оружје, а сега живее на само неколку улици од музејот.rn.rn
Целта на овој музеј е да и даде чест на генијалноста на креаторот и на макотрпната работа на работниците, да се раздвои значењето на пушката како оружје за убивање од луѓето кои ја изработуваат и да ја раскаже својата историја во нашата земја. rn- изјавува директорката на музејот, Надежда Вечтомова
Кархенџ е интересна реплика на англискиот мегалитен споменик Стоунхенџ, направен од стари американски автомобили. Тој е лоциран во близина на градот Алајанс во Небраска.rnКархенџ е замисла на Џим Рејндерс, кој го конструирал како споменик за својот татко во 1987 година. Оттогаш тој стана позната туристичка дестинација, која ја посетуваат повеќе од 80.000 луѓе годишно.rnКархенџ е направен од 38 стари автомобили наредени во круг со дијаметар од 29 метри. Повеќето од автомобилите се наредени исправено и се закопани во дупки длабоки 1,5 метар, со багажникот надоле. На останатите кои се наоѓаат одозгора им се заварени основите една со друга, за стабилност на сводот. Сите се обоени со сива боја, за да изгледаат автентично како камења. Во близина на Кархенџ има уште неколку скулптури направени од автомобили во разни бои, кои исто така го привлекуваат вниманието на туристите кои доаѓаат секојдневно.rn