Промените не се случуваат преку ноќ – секоја година си ги даваме овие ветувања дека ќе направиме некаква промена. Еве неколку новогодишни одлуки кои можат да ви помогнат да го живеете животот што го посакувате!rnrn
rnrnОвие мисли не само што ќе донесат „промена“ во вашиот ум, мисли и живот, туку ќе ги подобрат и вашите односи со светот околу вас.rnrn1. Продолжете со повеќе авантуриrnrn2. Никогаш не е доцна да се спознаете себесиrnrn3. Не заборавајте да бидете среќни со она што го иматеrnrn4. Започнете сега!rnrn5. Бидете флексибилниrnrn6. Не плашете се од неуспехrnrn7. Сакајте го живототrnrn8. Ова е вашиот знакrnrn9. Ако не можете да го промените светот, променете го вашиот ставrnrn10. Не се откажувајте!rnrn11. Луѓето ќе се обидат да ви кажат дека „не можете“, затоа докажете им дека грешат!rn’rn12. Сакајте се!rnrn13. Дајте сè од себе!rnrn14. Направете нешто со што во иднина ќе се гордеетеrnrn15. Прифатете го предизвикотrnrn16. Излезете од вашата комфорна зонаrnrn17. Бидете подготвени да се соочите со тешки ситуацииrnrn18. Направете го првиот чекорrnrn19. Не воздржувајте сеrnrn20. Верувајте во себеrnrn21. Љубезноста е бесплатнаrnrn22. Работете на себе во секое времеrnrnОткако го прочитавте нашиот список со новогодишни одлуки, можеби ќе сакате да ги прочитате и 6-те новогодишни одлуки за вашето ментално здравје.rnrnИзвор: themindsjournal.com
Tag: список
-

22 новогодишни одлуки кои ќе ви помогнат да го живеете животот што го посакувате во 2023 година!
-

5 филмови на Нетфликс во кои може да ужива целото семејство
Моменталната ситуација со пандемијата на коронавирусот е идеална можност за сите да гледаат некој добар филм заедно, а во продолжение ќе најдете список со семејни филмови што можете да ги гледате на Нетфликс и во кои можат да уживаат сите генерации.rn
„Денот Да“ („Yes Day“)
rnhttps://youtu.be/Y-3Vr8Ut8d0rnrnКога првпат се сретнаа, Алисон и Карлос Торес беа спонтани авантуристи кои се согласуваа на сè. Тоа се смени со доаѓањето на нивните три деца, Кети, Нанда и Ели. Кога на родителската средба ќе дознаат дека Кети и Нандо ја нарекуваат својата мајка диктатор затоа што таа им забранува сè, тие одлучуваат да го искористат советот на училишниот персонал и 24 часа нема да им кажат„не“ на своите деца и ќе се согласат на секоја нивна идеја.rn
„Инстант семејство“ („Instant family“)
rnhttps://youtu.be/IUfZq3DUd3YrnrnЕли и Пит Вагнер размислуваат да посвојат дете. Тие одат во центар за згрижување и се запознаваат со тинејџерката Лизи, која веднаш ќе ги заинтересира. Во разговор со социјалните работници, тие дознаваат дека Лизи има помлади брат и сестра, Хуан и Лита. Тие се одлучуваат на неочекуван потег и ги посвојуваат сите три деца, по што нивниот живот се менува целосно.rn
„Мокси“ („Moxie“)
rnhttps://youtu.be/Sf34qI1hjKUrnrnВивијан има 16 години, ученичка е во училиштето „Рокпорт“ и живее со својата мајка, феминистката Лиза. Вивијан случајно е сведок на незгоден момент во кој капитенот на фудбалскиот тим малтретира нова ученичка. Кога ќе ги најде старите активистички брошури на својата мајка, во неа се буди бунтовник кој ќе стори сè за да се справи со неправдата во училиштето.rn
„Бенџи“ („Benji“)
rnhttps://youtu.be/UqtFvSKhKmArnrnМомчето Картер и неговата сестра Френки спасуваат напуштено куче и го носат дома. Го нарекуваат Бенџи по познатиот американски државник Бенџамин Френклин, кој во една пригода рекол дека кучињата се посигурни од луѓето. Ова ќе се покаже како голема вистина во моментот кога Картер и Френки ќе се најдат во голема опасност во која ќе им помогне Бенџи.rn
„Домот на тато“ („Daddy’s Home“)
rnhttps://youtu.be/OeknNwE4e1ErnrnКога се вљубил во својата сопруга Сара, Бред Витакер безрезервно ги засакал и нејзините деца. Бред едвај чека конечно да го наречат тато и прави сè што може за да ги придобие, но неговите планови се уништуваат кога нивниот биолошки татко Дасти ќе им се врати во животот.rnrnПогледнете ги најубавите љубовни филмови за сечиј вкус и расположение.
-

Татко составил список со прашања за дечкото на својата ќерка за да утврди дали е добар „материјал“ за зет
Запознавањето со родителите понекогаш може да биде непријатно, особено ако сте дечко и го запознавате таткото на вашата девојка. Алеиша Стабли од Велика Британија објавила фотографија на Твитер од интересниот список со прашања што ги составил татко ѝ за нејзиното момче. Тој ги составил овие прашања за да види дали нејзиниот дечко ги исполнува барањата за да стане негов зет.rnrn
rnrn„Првпат го донесов Енди кај моите родители, а татко ми му го даде овој список“, напишала Алеиша покрај фотографијата од списокот со прашањата.rnrnПрашањето број 5 особено се истакнувало…rnrn
Came out for tea with Andy and my family for the first time, my dads just gave him this lmfaoooooooooooo fuck off pic.twitter.com/wQJWzFrjDD
rn— Aleisha (@aleishastubley) October 28, 2019
rnrnrnПогледнете што сè сакал да дознае нејзиниот татко:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn1. Каде се гледаш себеси за пет години?rnrn2. Какви квалитети гледаш кај мојата ќерка што те тераат да мислиш дека таа ќе биде добра сопруга?rnrn3. Кои се твоите намери со ќерка ми?rnrn4. Колку ќе бидеш добар и продуктивен за твојата сопруга и за твоето семејство?rnrn5. Каква е твојата историја со порнографските страници?rnrn6. Во кои активности најмногу уживате вие двајцата?rnrn7. Дали имаш лош темперамент?rnrn8. Со колку девојки си бил пред мојата ќерка?rnrn9. Дали ќе можеш да се грижиш за мојата кошница со пчели додека јас сум на годишен одмор?[/message_box]rnrnМногумина биле изненадени од списокот на нејзиниот татко и на Алеиша ѝ пишувале смешни и хумористични коментари. Повеќето девојки се согласиле дека ист таков список може да направи и нивниот татко.rnrnТатковците се навистина посебни. Погледнете ги овие фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари.
-

Драг Дедо Мраз…
Знам дека не бев некој ангел изминатава година, ама кој е безгрешен? Биди искрен првично кон самиот себеси, нели бев добра девојка?rnrnКако прво, мислам дека е сосем доволен самиот факт што верувам во тебе и знам дека стварно си срцка и дека ќе го прочиташ писмово. Значи, ова е мојот мал, скромен список со желби (не сакам да ти додевам, знам дека си зафатен во овој период):rnrn
rnrnЕдно розово количе, доволно да се возам низ град (малечко, сегде да ме собира лесно).rnrnСтварно ми се допаѓаат светкави парчиња накит (скромни, малечки… плус кој ќе ти каже дека не ги сака, те лаже а јас не сум лажга и баш затоа ги заслужувам).rnrnЗамисли колку би била среќна да добијам некаков магичен ваучер, да си купувам што сакам, никогаш да не ми секнат парите. Мераци, (што е тоа за тебе, па ти целиот си магија)!rnrnБело, бушавко кученце, мало и слатко.rnrnПакет со книги, знаеш кои ми се омилени, така завиткан со панделка, кога ќе го видам да скокам од среќа.rnrnКога веќе доаѓаш, земи и неколку кутии колачиња (сè што содржи лешници, карамела и чоколада мене ми е омилено).rnrnСакам да ми бидат среќни, здрави и весели семејството и пријателите.rnrnДај им нерви и трпение на мајка ми и татко ми, како и секоја година така и оваа.rnrnДај ми сила да помагам и да правам добри работи (знаеш дека сакам).rnrnСтискај палци да ги положам сите испити кои ме чекаат, оти искрено ти велам колената ми се тресат.rnrnПравилно е да побарам од тебе да ги заштитиш гладните и несреќните или пак да ги поттикнеш најадените и згрижените да им помогнат? Одлучи ти самиот, важно искрено го посакувам ова.rnrnОпамети нè сите нас. Дозволи ни да ја видиме убавината на животот, да почувствуваме нескротлива желба за да ја впиеме сета среќа на овој свет. Како коцка чоколада која ти се топи во устата и не можеш да дочекаш да се достопи па почнуваш да ја грицкаш.rnrnПомогни ни на сите нас да си ги оствариме најскриените желби кои не сакаме да ги кажеме на глас, дај ни сила и самодоверба дека можеме да сториме што било доколку искрено сакаме.rnrnП.С. Би било добро да доаѓаш повеќе од еднаш во годината. Што всушност правиш преку цела година? Спиеш? Не ти е здодевно?rnrnПлус, во случај да се двоумиш за исполнувањето на моите желби, само да ти дадам до знаење дека никогаш не сум рекла за тебе дека си дебел (не знаеш што ти зборуваат зад грб!!!).rnrnСо љубов,rnrnЕлиrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да се справите со работата која ја мразите
Автори: Кристина Шумадиева и Виктор Милевски rnrnОдлично би било доколку сите имаме креативна работа која максимално нè исполнува и каде што шефот и колегите се фантастични. Сепак во реалноста, голем број луѓе не ја работат нивната работа од соништата, ниту пак можат да ги поднесат условите во кои работат. Најчесто луѓето се прилагодуваат на условите, па така колку и да не си ја сакаат работата, сепак ја вршат поради една единствена причина, парите и егзистенцијата.
Но, прашањето е дали можете да преземете нешто околу овој проблем? Овој пат нема да добиете совет дека ќе биде потребно да си ја пронајдете сопствената пасија, ниту пак да си го следите сонот, бидејќи тоа нема да ви помогне многу. Затоа е подобро самите да се обидете повеќе да си ја засакате вашата работна позиција или ако ништо друго барем да направите обид да се чувствувате поудобно додека ја вршите. Ова се два важни чекори кои можат да ви помогнат да го направите ова.rn.rnЧекор 1: Запишете ги сите нешта кои ви се допаѓаат кај вашата моментална работа
rnНаправете список на сите поволности и позитивни работи кои ги имате и ги добивате на оваа работна позиција. Како на пример:rn.rn
- rn011
- Имам климатизирана канцеларија.
- Одлично се сложувам со колегата/колешката до мене.
- Здравствено сум осигурен.
- Со платата можам да си дозволам многу нешта.
- Секој петок попладне, со колегите одиме на пијалак.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЕдноставно потрудете се да се фокусирате на позитивното, а тоа ќе ви помогне повеќе да си ја сакате работата. Ваквиот список може да ви даде идеја како да ги подобрите нештата. Па така, доколку се сложувате со колегите, можеби тоа ви отвора можност за поблиско пријателство со нив надвор од работното место.
rnЧекор 2: Запишете ги сите нешта кои сакате да ги промените во врска со вашата работа
rnОткако позитивно ќе ги насочите вашите мисли, доаѓа моментот кога треба да станете поконструктивни. Грабнете уште еден лист хартија и нацртајте една мапа на вашиот ум. Запишете ја секоја ситница или поважна работа, која сметате дека ќе ја направи работата која ја работите, позначајна и поинтересна во вашиот мозок. Не грижете се околу прашањата дали тоа навистина ќе се случи или не и дали е возможна мисија. Едноставно, запишете ги вашите мисли на хартија. Еве неколку идеи:rn. rn
- rn011
- Да почнам да одам порано на работа за да можам и порано да се приберам дома.
- Наместо да се досадувам додека патувам цел час накај работа и потоа накај дома, можам да го искористам времето слушајќи аудио книги или релаксирачка музика, која ќе ме инспирира да го издржам напорниот ден.
- Да побарам од шефот префрлување во друга канцеларија, бидејќи не можам да поднесам да работам во иста со колегата кој ме нервира.
- Да ги натерам моите надредени да ме ценат и пофалат за секоја добра работа која ќе ја завршам за фирмата.
- Кога ќе сметам дека имам сработено повеќе проекти успешно, да побарам покачување на платата од шефот.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnМногу е веројатно дека некои од точките кои сте ги запишале на вашата листа, ќе бидат тешки за реализација. Можеби се надевате дека шефот и без да побарате, ќе ви ја покачи платата после Нова година и знаете дека можете да си најдете некаква секојдневна занимација додека патувате до работа и назад. Но, бидејќи немате магично стапче за реализирање на сите идеи одеднаш, одберете едно нешто од листата кое можете веднаш да го промените и уште едно кое ќе се потрудите да го реализирате во текот на наредниот месец.rnrnПронајдете начини да ги ставите вашите идеи под контрола. „Да се чувствувате ценето“ можеби е малку тешка задача, бидејќи не можете туку-така да ги натерате луѓето да ви даваат комплименти за добро завршената работа. Но, она што можете да го сторите, е да ги препрочитате старите имејл пораки од клиентите и да се присетите на нивните позитивни коментари и задоволство од добрата соработка која ја имале со вас. Ако и тоа не ви е доволно, разгледајте ги старите успешни проекти на кои сте работеле и потсетете се колку енергично и мотивирано сте се чувствувале тогаш. Можеби во моментов се чувствувате тотално бескорисно, но мотивот повторно ќе ви се врати. Треба само малку повеќе да поработите на себе.rnrnБез разлика дали вашата работа е ужасна, просечна или прилично задоволителна, можете да ги употребите горенаведените чекори за да ја направите уште подобра. Почнете да ја пишувате листата уште денес и потоа известете нè како напредувате.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.