КАФЕ ПАУЗА

Tag: смело

  • Топли есенски комбинации со плетен џемпер

    Топли есенски комбинации со плетен џемпер

    Температурите стануваат сè пониски и нè потсетуваат на топлите џемперчиња кои нашите баби ни ги плетеле кога сме биле малечки. Еве како можете плетените џемпери да ги искомбинирате во три тренди есенски комбинации за оваа сезона.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

    Удобно и кежуал

    rnУдобен и слободен изглед, а сепак тренди и со стил. Искомбинирајте тесни фармерки со еднобоен широк и удобен џемпер. Надополнете го изгледот со голема марама или шал во топли бои, впечатливи женствени обетки со средна големина и чизми до глужд. Оваа комбинација е совршена за на кафе со пријателките, или за на факултет.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

    Сè е во деталите

    rnОдберете морнарско син џемпер едноставен или со вез на ракавите и црвено пласирано здолниште. Зачинете го изгледот со дебели доколенки со ацтеки или слична шара и црни ниски оксфордки. Аксесоар за коса како едноставна панделка совршено го надополнува целиот изглед за нежна и слатка девојка.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

    Смело со дезен со точки

    rnЗа смел и несекојдневен изглед искомбинирајте џемпер со дезен со точки и искинати фармерки. Завршете го изгледот со високи чевли до глужд и маслинесто спортско палто, како и црн ранец, кој придонесува за спортски и лежерен изглед со впечатливо лично обележје.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 одлични комбинации со старки за ова лето

    4 одлични комбинации со старки за ова лето

    Старките се истовремено спортски, чик и кежуал. Може да ги комбинирате на фармерки, сукњи и кратки пантолончиња. Тоа што се ниски и лесни ги прави одлични за топлите летни денови. Еве 4 предлози како би можеле да ги вклопите старките во вашиот изглед ова лето.rnrn4 одлични комбинации со старки за ова летоrn

    1. Слатко и нежно

    rnЗа сладок изглед одберете лесна ленена кошула без ракави и искомбинирајте ја со бели шорцеви или пласирано здолниште и ниски старки со корална боја. Како аксесоари одберете неколку алки и сламено капче.rnrn4 одлични комбинации со старки за ова летоrn

    2. Смело и впечатливо

    rnИскомбинирајте ромперки или кратко летно фустанче со цветен дезен и светло фармерско палто со старки во тиркизна боја. Надополнете го изгледот со темни очила за сонце со округли стакла, неколку миди прстени и впечатлива боја на лак за нокти.rnrn4 одлични комбинации со старки за ова летоrn

    3. Кежуал

    rnДоколку сакате да постигнете впечаток „јас сум кул без многу напор“, искомбинирајте бели ниски старки со широки „искинати“ фармерки. Одберете долга лесна блуза со нежен принт и розово сако, како и нежно златно ланче.rnrn4 одлични комбинации со старки за ова летоrn

    4. Романтичен изглед

    rnОдлична комбинација за прв состанок на смелите девојки. Искомбинирајте црно асиметрично здолниште, бела маичка со натпис и старки во црна или мастило боја. За крај одберете долги обетки и сјај за усни во темно розова или светло виолетова боја.rnrn4 одлични комбинации со старки за ова летоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 одлични комбинации за летните фестивали

    5 одлични комбинации за летните фестивали

    Доаѓа лето, дали веќе имате план кои фестивали и концерти ќе ги посетите во и надвор од земјава? Како што наближува сезоната за настани на отворено, ви нудиме 5 супер комбинации за такви пригоди.rnrn5 одлични комбинации за летните фестивалиrn

    1. Хипи девојка

    rnЦветните корсети и летните концерти се како создадени едни за други. Искомбинирајте цветен корсет со фармерски кратки пантолончиња со висок струк и лесна наметка за да ве штити од вечерниот ветар. Комбинацијата завршете ја со ниски отворени сандали, ранец и ленти за коса во хипи стил.rnrn5 одлични комбинации за летните фестивалиrn

    2. Макси фустан и цветна круна за женствен и впечатлив изглед

    rnОваа комбинација е совршена за девојките кои сакаат да бидат женствени без оглед на каков настан присуствуваат. За повпечатлив изглед одберете макси фустан кој одлично оди во комбинација со цветни аксесоари за коса како впечатлива цветна круна. Дополнете го изгледот со сандали на полна плута и еднобојна торба за преку рамо.rnrn5 одлични комбинации за летните фестивалиrn

    3. Кул девојка

    rnОвој изглед е за смелите девојки кои можат да носат кич парче облека или аксесоар и пак да изгледаат кул. Одберете ги најлудите хеланки кои ги имате, за оваа пригода одлични се флуоресцентните, и искомбинирајте ги со смела маичка со натпис и спортски обувки. За крај, одберете впечатлива капа и шарена торбичка за околу половина.rnrn5 одлични комбинации за летните фестивалиrn

    4. Ретро рок ѕвезда

    rnИскомбинирајте секси кратки пантолончиња, маичка со рок натпис и старки. Завршете го изгледот со чанта во индијански стил и марама за коса.rnrn5 одлични комбинации за летните фестивалиrn

    5. Индијана Џонс стил

    rnФустан со цветен дизајн и тексас елек се совршена комбинација која може да ја надополните со плетен шешир, ранец и рамни сандали.rnrn5 одлични комбинации за летните фестивалиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

    Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

    На полноќ на 13-ти декември минатата година, Бијонсе ги изненади своите фанови ширум светот со нешто што досега ниеден музичар не се осмелил да го направи – без никаква најава го објави својот најнов соло-албум, 14 песни и дури 17 видеозаписи. Оваа тајна беше зачувана сè до моментот на бомбастичната објава на албумот, што ја предизвика Бијонсе-треската која сè уште трае.rnrnСтанува збор за еден моќен проект, сосем различен од она што го гледаме на музичката сцена. Овој пат не само што ја слушаме музиката, туку имаме можност да ја доживееме на начин на кој самата Бијонсе ја доживува, што всушност е и главната цел. Албумот изобилува со теми како залудното трагање по перфекција, женската моќ, како и женската сексуалност.rnrnrnrnОва се 10 модни комбинации инспирирани од најновиот албум на Бијонсе.rn

    1. Pretty Hurts (Погледнете исечок од спотот)

    rnГлавната тема на песната, како и на видеозаписот, е наоѓање убавина во несовршеното. Песната го покажува болното трагање по перфекцијата и лошите страни на обидите да се биде физички совршен. Што општеството прави за да ги поттикне младите девојки да бидат „совршени“?rnrnСпотот изобилува со мотиви од 50-тите – смели бои, локни, високи пунџи и истакната женственост. Како би изгледала една модерна „верзија“ на гламурот од 50-тите, во едно послободно, кежуал издание?rnrnОдлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсеrn

    2. Haunted (Погледнете исечок од спотот)

    rnОвој пат за момент се префрламе во 20-тите. Подготвени за малку готика? Бијонсе се движи во нешто што наликува на прилично морничав, прогонет хотел. Како што поминува, застанува накратко пред секоја соба, при што имаме можност да ги видиме, не толку пожелните лица на морничавите суштества. Она што Бијонсе сака да го претстави, е стравот на општеството од женската сексуалност, одлучност и моќ, дури и во 21-вот век.rnrnСамата Бијонсе како да си поигрува со половите – во еден момент максимално ја истакнува својата женственост, а во нареден носи костим. За да го доловите овој изглед, одберете фризура која наликува на кратката фризура препознатлива за 20-тите, темна облека, тесен корсет кој ја истакнува вашата женственост, и, секако, темен кармин.rnrnОдлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсеrn

    3. Drunk in love (Погледнете исечок од спотот)

    rnЦрно-бела илузија, лесни ленени материјали и летен шмек. Целиот изглед „мириса“ на летна авантура покрај вода. Лесно би можеле да го доловите овој изглед. Бидете слободни, чувствувајте се удобно во својата кожа и задолжително „зачинете“ со впечатлив накит.rnrnОдлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсеrnrn

  • 7 најпопуларни ретро модни трендови

    7 најпопуларни ретро модни трендови

    Времето минува, трендовите се менуваат, но неретко модните трендови се повторуваат. Ова се седумте моментално најпопуларни ретро изгледи кои се вратиле во мода. Од смело исцртани усни до мачкини очи или фризура како онаа на Одри Хепберн, слободно одете ретро и постигнете го посакуваниот ефект.rn

    Смело исцртани црвени усни

    rnМожеби ве потсеќа на 50-тите? Смело исцртаните усни со црвена боја дефинитивно го прават својот „камбек“ и сè почесто може да ги забележиме на црвениот тепих во денешниот моден свет. Секси, смели и заводливи. Доколку го немате испробано овој изглед, сторете го тоа веднаш.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

    „Хипи“ фризура

    rn70-тите се повторно „ин“. Станува збор за слободно пуштена коса со благи локни на краевите. Природен и нежен изглед, истовремено сладок и женствен.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

    Дебел слој моливче за очи со крилести завршетоци

    rnОдличен рецепт за секси и заводлив поглед. Секако, за да го постигнете ви треба вежба и трпеливост, но кога ќе станете свои професионални шминкери може да почнете да уживате праќајќи заводливи погледи. Ваквата шминка има уште подобар ефект доколку нанесете кафеав туш по рабовите од моливчето.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

    Дебели веѓи

    rnОвој изглед има шмек од 80-тите а веќе е испробан од страна на многу модели и актерки. Тенките веѓи веќе некое време не се во мода. Бидете слободни со поприроден изглед.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

    Неонски усни

    rnУште еден изглед од 80-тите, по кој биле препознатливи некои ѕвезди како Синди Лопер и Мадона. Флуоресцентната или неонската шминка ќе ви одговара без разлика на тенот, па бидете слободни со употребата на бои како розова, виолетова или портокалова.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

    Брановита боб фризура

    rnНавистина голем ретро хит од 20-тите, женствен и нежен. Кратката и брановита боб фризура е елегантна и е препознатлив тренд.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

    Голема пунџа на врвот на главата

    rnПрепознатливата фризура на Одри Хепберн од „Појадок кај Тифани“. Позитивната страна е тоа што многу лесно можете да ја направите и сами и за кратко да постигнете елегантен, женствен и стилски изглед.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатна модерна изведба на ирски танц

    Неверојатна модерна изведба на ирски танц

    Ирската танцувачка група „Prodijig“, се собрани танцувачи кои се доволно смели да ја променат оваа традиционална игра, правејќи ја уникатна, модерна и застрашувачки добра.Неверојатна модерна изведба на ирски танц Тие со своите изведби успеаја да победат голем број натпреварувачи од целото обединето Кралство и Ирска кои учествуваа во шоуто „Go to Dance“ кое се прикажува на телевизиската куќа „Sky1“. Со овој настап тие си го изборија местото во финалето.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.