КАФЕ ПАУЗА

Tag: сликање

  • Прекрасни фотографии што изгледаат како слики

    Прекрасни фотографии што изгледаат како слики

    Неверојатно изгледаат зимските пејзажи на Гурам Доленјашвили нацртани само со молив и фотореалистичните портрети на Хуан Франтиско Касас изработени со сино хемиско пенкало. Кога ги гледате, се прашувате дали се работи за цртеж или фотографија. Интересен е и концептот кој ги поврзува фотографиите и цртежите, но на поинаков начин, со доцртување на дел од просторот во самата фотографија. Повторно е време да се запрашаме, дали она што го гледаме е слика или фотографија. Овој пат одговорот е повторно изненадувачки, но приказната за концептот е различна.rnrnПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиrnrnБарбара Кол е самоук фотограф, која се занимава со оваа професија уште од 1987 година, кога користела обичен фотоапарат – Polaroid Spectra.rnrnПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиrnrnВо 1993 година, една слика од Лусиен Фројд ја инспирирала да го промени правецот на својата работа. Оттогаш фотографира создавајќи дела кои се на границата помеѓу слики и фотографии.rnrnПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиrnrnНејзината серија „Насликани дами“ (Painted Ladies) е просто воодушевувачка.rnrnПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Улични портрети направени без четка

    Улични портрети направени без четка

    Англискиот артист Дејвид Вокер се пронашол во сликањето улични портрети, но на еден малку поинаков начин. Тој при сликањето воопшто не употребува четка, бидејќи сака неговите дела да бидат комбинација од графити и традиционално сликарство.rnrnУлични портрети направени без четкаУлични портрети направени без четка
    rn

    „Луѓето обично се прилично изненадени кога ќе чујат дека работата е завршена само со помош на спрејови. Исто така мислам дека им се допаѓа што тоа е направено на надворешни ѕидови. Одеднаш тие се чувствуваат поврзани со сцената за која претходно воопшто не одвојувале време.“

    rnУлични портрети направени без четкаУлични портрети направени без четкаrnrnДве години, Вокер сликал само со црна, бела и розова боја, бидејќи така сликањето го чинело помалку, а му дозволувало повеќе да се сконцентрира на конкретната тема. Потоа, тој наишол на кутија полна со спрејови во разни бои кои ги имал заборавено во неговото студио, па така започнал да експериментира со шарени и енергични портрети.rnrnУлични портрети направени без четкаУлични портрети направени без четкаУлични портрети направени без четкаУлични портрети направени без четка
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Невидливиот човек од Кина

    Невидливиот човек од Кина

    Лиу Болин е 35 годишен уметник од Шандонг, Кина, којшто сам се покрива со боја, притоа камуфлирајќи се во соодветната средина. Овој човечки камелеон, за една фотографија троши просечно околу 10 часа, обидувајќи се да ја направи совршено.rnНевидливиот човек од КинаПонекогаш минувачите не го ни забележуваат сѐ додека тој не се помрдне. Преку својата работа тој ги искажува своите моментални и некогашни чувства.rnНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од Кинаrnrn.rn

    „Понекогаш луѓето ме нарекуваат невидливиот човек. Ја имам искусено темната страна на општеството, без социјален живот, и постојано имав чувство како никој да не се грижи за мене и како да сум непотребен во светот.“

    rnНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаТој напоменува дека неговата работа, исто така претставува протест против владата, бидејќи во 2005 година му го затворила студиото.rnНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од Кинаrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметнички раце во реклами за AT&T International

    Уметнички раце во реклами за AT&T International

    Можеби сте слушнале за Гуидо Данеле (Guido Daniele), уметник кој е познат по своите ексцентрични дела кои се најчесто насликани на раце или на други делови од човечкото тело. Тој има учествувано на многу соло и групни изложби уште од 1968, а сликите подолу се репрезентација на неговата последна работа, за рекламни цели. За потребите на AT&T International, Даниеле ги сликал рацете, така за да асоцираат на 27 различни земји од светот.Уметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalЗа него се вели дека ја има издигнато уметноста на следното ниво. Работел како хипер-реалистичен илустратор, соработувајќи со многу маркетинг и издавачки компании, иновирајќи со примената на распрскување и разни други техники на боење.Уметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalТој има сликано сценски паноа големи до 400 метри квадратни, како и многу слики во приватни куќи и јавни згради со познатата техника „trompe l’oeil“ (француски израз за „измами го окото“ – уметничка техника која подразбира екстремно реалистични слики со цел да се создаде оптичка илузија дека претставениот објект е во 3 димензии).Уметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalВо 1990 година тој разви техника на боење на телото (body painting). Ваквите дела на Даниеле се користат во многу реклами, како и за разни модни случувања и изложби.Уметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T InternationalУметнички раце во реклами за AT&T International

  • 10 брзи трикови за подобра фотографија

    10 брзи трикови за подобра фотографија

    Добрата фотографија зависи од многу нешта. Неколку работи на кои можете да се фокусирате при фотографирањето можат да направат значителни подобрувања во вашето фотографско искуство. Ќе се задржиме на планирањето и одлучувањето за време на фаќањето фотки, што по некое време ќе ви стане природно и воопшто нема ни да размислувате додека го правите. Додека да дојдете до овој степен, имајте ги следниве 10 трикови на ум:rn

    rn1. Размислувајте10 брзи трикови за подобра фотографија - РазмислувајтеПрвата важна работа е да размислувате за вашата фотографија, да ја замислите во вашата глава пред да ја фатите. Откако ќе ја замислите комплетно фотографијата што сакате да ја направите, почнете да одите чекор по чекор за да го постигнете замисленото. Бидете трпеливи. Некогаш може да се случи да чекате неколку недели додека ја фатите совршената фотографија. Но, чекањето секако вреди.

    rn 2. Користете широкоаголни леќи10 брзи трикови за подобра фотографија - Користете широкоаголни леќиОбидете се да користите широкоаголни леќи ако сакате да оставите впечаток со големината на она што го фотографирате. Иако можете да фотографирате пејзажи со различни леќи, перспективата ќе биде најдобра доколку користите што поширокоаголна леќа бидејќи таа ќе овозможи поголем агол на гледање.rnrn 3. Изострете ги објектите10 брзи трикови за подобра фотографија - Изострете ги објектитеОбјектот што го фаќате мора да биде остар, прецизен. Острите детали во сликата ги привлекуваат очите на гледачите точно кон предметот. За да направите остра фотографија во услови на слаба светлина користете статив. Користете ги и ефектите на изострување достапни во додатокот Adobe Camera RAW, кој може да ви заврши одлична работа, особено последната верзија која има значителни подобрувања во однос на претходните.rnrn 4. Чиста позадина10 брзи трикови за подобра фотографија - Чиста позадинаПозадината може или да ја направи или да ја уништи вашата фотографија, затоа внимавајте што ќе изберете како подлога за вашиот предмет. Позадината треба да биде чиста, едноставна и уредна. Мислете на тоа што треба да биде во фокусот на гледачот.rnrn 5. Никогаш не може да имате премногу облаци10 брзи трикови за подобра фотографија - Никогаш не може да имате премногу облациИскористувајте ги буцкастите облаци на сина позадина за да продуцирате драматични неба. Ваквото време е исто така совршено за да правите портрети или да фотографирате водопади и реки со ефект на замаглување во движење (motion blur).rnrn6. Зад секоја добра фотка стои сонцето10 брзи трикови за подобра фотографија - Зад секоја добра фотка стои сонцетоПозиционирајте се така за сонцето да ви биде одзади и сончевата светлина да паѓа врз вашиот субјект. Освен ако не се обидувате да направите уметничка фотографија од сонцето, тоа треба секогаш да биде зад вас.rnrn7. Светлосни траги10 брзи трикови за подобра фотографија - Светлосни трагиНаправете добри урбани фотографии во услови на рана зора или доцна навечер со оставање светлосни траги по нив. Користете ги возилата во движење или кој било извор на подвижна светлина за да додадете интересност, расположение и драматичност во вашите фотографии.rnrnЗа да направите ваква фотографија, потребно е да ја поставите камерата на статив, да наместите долга експозиција и по можност да користите далечински управувач за да постигнете попрецизен резултат. Ваквите фотографии им се омилени на многумина.rnrn8. Силуети10 брзи трикови за подобра фотографија - СилуетиКлучот за сликање силуети е во чистата и осветлена позадина. Едноставно поставете го вашиот субјект во преден план така што ќе добиете чисти и остри линии и чкрапнете.rnrn 9. Од горе до долу10 брзи трикови за подобра фотографија - Од горе до долуГледајте горе, потоа долу и на крајот истражете што сѐ се наоѓа помеѓу. Можат да се направат многу добри фотографии од секој агол, вклучително и од најнеочекуваниот. Некогаш се фокусираме премногу на она што е очигледно и го пропуштаме она што е толку посебно, а едноставно.rnrn 10. Апарат, а не митралез10 брзи трикови за подобра фотографија - Апарат, а не митралезОсвен ако не се обидувате да направите акциона фотка или серија од фотографии кои прикажуваат како некој објект се менува со текот на времето, обидувајте се да правите помалку фотографии. Не пукајте цело време, очекувајќи дека ќе излезе нешто добро што подоцна ќе може да се поправи со обработка. Размислете, наместете се и прилагодете ја рамката за вашата фотографија. Кога ќе бидете подготвени, притиснете на копчето. Вака, ќе развиете подобри инстинкти и ќе зачувате многу од своето време кое инаку го трошите за да обработите стотици несовршени фотографии.rnrnФотографија: www.digital-photography-school.com

  • Наместо на платно, слика на луѓе

    Наместо на платно, слика на луѓе

    Дали некогаш сте размислувале за тоа како ги интерпретираме просторните односи во светот околу нас и како ги земаме нашите интерпретации здраво за готово? Артистката Алекса Мид ја менува ваквата перцепција со примена на една тотално иновативна и необична техника. Таа, за разлика од повеќето уметници, акрилните бои, наместо на платното, ги нанесува директно врз луѓето и предметите околу нив, така креирајќи живи уметнички дела.rnrn

    Наместо на платно, слика на луѓе
    Сликање по човечкото тело (body paint) на еден малку поинаков, досега невиден начин кој создава зашеметувачки ефект
    rnrn

    Работата на оваа артистка е спој од инсталација, преформанс, сликарство и фотографија, а нејзините дела претставуваат компресија на тридимензионалниот простор во дводимензионален.rn

    rn

    Дали некогаш сте размислувале за тоа како ги интерпретираме просторните односи во светот околу нас и како ги земаме нашите интерпретации здраво за готово? Артистката Алекса Мид ја менува ваквата перцепција со примена на една тотално иновативна и необична техника. Таа, за разлика од повеќето уметници, акрилните бои, наместо на платното, ги нанесува директно на луѓето и предметите околу нив, така креирајќи живи уметнички дела.