КАФЕ ПАУЗА

Tag: сликање

  • Извонредните слики на Ана Тереза Фернандез

    Извонредните слики на Ана Тереза Фернандез

    Ана Т. Фернандез е мексикански уметник која со својата колекција од маслени цртежи се проби во уметничкиот свет. Своето образование го стекнала во Швајцарија и на институтот за применети уметности во Сан Франциско. Работела и како професор по сликање во институтот, а исто така изработува и скулптури. Во оваа колекција од уметнички дела прикажана е женската фигура во различни ситуации.Извонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза ФернандезИзвонредните слики на Ана Тереза Фернандез
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметничка четка која слика врз екран на допир

    Уметничка четка која слика врз екран на допир

    Ако сакате да сликате, но истовремено не можете да се одвоите од вашиот таблет или смартфон, тогаш вистинската работа за вас е специјално дизајнираната уметничка четка „Sensu“. Всушност, станува збор за две алатки споени во една. На едниот крај се наоѓа четка изработена од синтетички влакна, а на другиот гумено перо, одлично за скицирање и за пишување. И во двата случаи совршена подлога за вашата уметност е екранот на допир. Особено компатибилни со „Sensu“ се ајфонот и ајпадот.Уметничка четка која слика врз екран на допирЦртежите во вашите гаџети направени со оваа необична уметничка четка, изгледаат подеднакво убаво како оние на хартија или на платно. Преку следните видеа, погледнете како точно функционира оваа алатка, која на пазарот треба да се појави веќе наредниот месец, по цена од 34.95 долари.rn

    rn

    rn

    rn
    rnrnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќни портрети насликани со вино

    Моќни портрети насликани со вино

    Додека останатите уметници низ светот користат акрилни и мрсни бои за да создадат некое уметничко дело, Елизабета Рогаи твори со помош на вино. Уметничката која живее и работи во Фиренца, користи црвени и бели вина при сликањето на нејзините портрети. Не само што е интересен нејзиниот концепт за користење на ферментиран алкохол наместо обични бои, туку нејзината техника овозможува впечатливо визуелно дело кое се менува како што минува времето.rnrnМоќни портрети насликани со виноrnrnТоа се случува благодарение на процесот на стареење на виното кое им дава волшебен шмек на нејзините дела. Таа црта во пурпурни и црвени тонови, кои потоа преминуваат во портокалови и кафени.rnrnМоќни портрети насликани со виноМоќни портрети насликани со виноrnrnИако и други уметници се обиделе да го направат ова, сепак оваа артистка после многу неуспешни обиди и грешки, успеала да ја создаде вистинската формула за одржување на боите со текот на времето. Таа во виното додава микс од вода и брашно, кој овозможува процесот на стареење да трае до одреден момент, пред сликата тотално да избледи. Нејзините слики на пазарот постигнуваат голема вредност и се продаваат по цена која започнува од 6.400 американски долари.rnrnМоќни портрети насликани со виноМоќни портрети насликани со виноМоќни портрети насликани со виноМоќни портрети насликани со виноМоќни портрети насликани со виноМоќни портрети насликани со вино
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чилеанец слика уметнички дела за минута и пол

    Чилеанец слика уметнички дела за минута и пол

    Сте се запрашале ли што можете да направите за една и пол минута? Чилеанецот Fabian Gaete Maureira само со прстите може да наслика комплетно уметничко дело на обично стакло. Најкомплицираната слика ја работи максимум три минути, а останатите за двојно помалку време.rnrnЧилеанец слика уметнички дела за минута и полrnrnНеговите дела се навистина малечки, но брзината со која ги изработува е запрепастувачка. Не се работи за апстрактна уметност, туку за прецизни и изразено колоритни пејзажи. Ќе помислите дека е забрзана снимка, но погледнете ја убаво и ќе се уверите дека не сте во право. Вештините на Фабијан и темпото со кое работи, заслужуваат навистина голема почит.rnrnПогледнете го овој редок талент во следното видео:rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Портрет изработен од 3,2 милиони точки

    Портрет изработен од 3,2 милиони точки

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnСо над 3 милиони точки и само еден рапитограф, уметникот Мигуел Ендара насликал портрет на својот татко.rnrnПортрет изработен од 3,2 милиони точкиrnrnКористејќи ја техниката поинтилизам, тој од обична слика направена на фотокопир изработил неверојатно добро и прецизно уметничко дело, за кое му биле потребни точно 210 часа. Ендара тврди дека уште пред да започне со пресликување на фотокопираното лице на татка си, знаел отприлика колку точки ќе стави на хартијата. Бројот на точки што ги правел во една секунда, го помножил со часовите предвидени за изработка на портретот и ја добил вредноста 3,2 милиони.rnrnПортрет изработен од 3,2 милиони точкиrnrnНе бил сигурен само колку рапитографи ќе му бидат потребни, па уште пред да започне со сликањето, добро се опремил. Но, сепак, од почетокот до крајот на овој макотрпен процес, Ендара искористил само еден од нив. Портретот го нарекол „Херој“ и истиот не е на продажба, но за заинтересираните подготвува ограничен број копии од ова уметничко дело.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Автентични портрети на познатите нацртани на Ајпед

    Автентични портрети на познатите нацртани на Ајпед

    Се чинат далечни времињата кога сликањето се вршеше стриктно со алатки како четка и платно. Во денешно време, идеите и алатките за работа на артистите ги има во неограничени количини, а се цени уникатноста на техниката, како и добиениот резултат. На уметникот Кајл Ламберт му е потребен само еден прст и Ајпед, за да ги нацрта овие автентични портрети на светските ѕвезди.rnrnАвтентични портрети на познатите нацртани на Ајпед rnrnКајл е млад англиски артист кој ја усовршува техниката на цртање портрети на Ајпед, користејќи ја апликацијата „Brushes“ која чини 8 долари. Тој употребува само еден прст, кој му служи како четка, но ако судите според добиениот резултат, ќе помислите дека користи цел сет професионални алатки и бои.rnrnАвтентични портрети на познатите нацртани на АјпедАвтентични портрети на познатите нацртани на АјпедrnrnЛамберт ги започнува неговите уметнички дела, скицирајќи ги основните црти на лицето, односно ги позиционира очите, носот, устата на вистинското место, осигурувајќи се лицето во основа, да личи на соодветната ѕвезда. Тој вели дека цртањето на основата е најважниот дел во правењето портрет на Ајпед, бидејќи му служи како рамка за креирањето на целокупното уметничко дело.rnrnАвтентични портрети на познатите нацртани на АјпедАвтентични портрети на познатите нацртани на АјпедrnrnПогледнете како изгледа неговото портретирање на Бијонсе, а потоа и на Џад Ло.rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Портрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

    Портрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

    Додека вие се обидувате да се згреете со шолја топол чај во овие студени денови, артистот Карн Грифитс му наоѓа друга примена на чајот освен за пиење. Кога решава да слика, тој ја потопува неговата четка, во многу шолји полни со разнобојни чаеви.rnrnПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиrnrnТој црта прекрасни портрети на жени, за чија изработка, сè што му е потребно е мастило, платно и разни чаеви за пиење. Крајниот резултат на неговите уметнички дела е несекојдневен и креативен, бидејќи тој прво ги црта со туш контурите, а потоа им дава специфичен, непрецизен облик со разните бои сварени чаеви. Потоа тој го повторува целиот процес на потенцирање на контурите со мастило, па нивно разобличување со чаеви.rnrnПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиrnrnВо неговото студио има многу различни вкусови чаеви… камилица, ванила и мед, ерл греј, зелен чај… Под влијание на артистите кои се занимаваат со надреална уметност и оние кои изработуваат везени дезени, Грифитс настојува да ги потегне набљудувачите кон неговата лична визија. На неговите карактеристични портрети може да се види профилот на модерните сензуални жени, од чие тело произлегуваат растенија и цвеќиња насликани во нивниот природен раст, што им дава еден особен „шмек“. Неговата работа зрачи со смелост, самодоверба, убавина и живост, а најинтересен ефект даваат протечените линии од чајот кон дното на платното.rnrnПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

  • Слика без четка, со помош на гравитацијата

    Слика без четка, со помош на гравитацијата

    Кога помисливте дека ги видовите сите методи на работа во уметноста, се појавува нов оригинален начин на сликање, кој ќе ве остави без здив. Дваесет и пет годишниот уметник од Торонто, Ејми Шеклтон, ги црта овие интересни, колоритни, водени цртежи, без да користи четка или прсти. Наместо тоа, таа се потпира на добро познатите закони на гравитацијата, вртејќи го повремено платното, додека црта со притискање на пластични шишенца со боја.rnrnСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаrnrnПогледнете го видеото за да го видите нејзиниот брилијантен стил на работа во детали. Работата на овие слики траела 30 часа, но во видеото е компресирана во само 2 минути, за да се доловат сите кул методи.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога човекот се претвора во уметничко дело…

    Кога човекот се претвора во уметничко дело…

    За разлика од повеќето класични уметници, Алекса Мид не сака да се ограничува сликајќи во внатрешноста на зададените линии на платното. Таа слика на луѓе, притоа правејќи ги да изгледаат како акрилни цртежи.rnrnОва уметничко дело било создадено минатата седмица во современата уметничка галерија „Ирвајн“ во Вашингтон. Како пионер во својата работа, Алекса навистина успева да ги турне границите на уметноста на едно ново, софистицирано ниво. Со фантастичниот уметнички изум на Алекса Мид и нејзината техника на работа ве имаме запознаено и порано.Кога човекот се претвора во уметничко дело...Кога човекот се претвора во уметничко дело...Кога човекот се претвора во уметничко дело...Кога човекот се претвора во уметничко дело...Кога човекот се претвора во уметничко дело...Кога човекот се претвора во уметничко дело...Кога човекот се претвора во уметничко дело...Кога човекот се претвора во уметничко дело...Кога човекот се претвора во уметничко дело...
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn