КАФЕ ПАУЗА

Tag: сликање

  • Слика во слика: Уметнички дела кои си поигруваат со вашите очи

    Слика во слика: Уметнички дела кои си поигруваат со вашите очи

    Нил Симон е артист од Лондон кој студирал графичка уметност и дизајн. Во 1969 година, додека работел на една изложба, тој го посетил градот Харогејт и таму ја открил извонредната околина на Северен Јоркшир. Нил бил толку инспириран од овој град што во 1978-та година решил да се пресели таму. Денес тој живее и работи во селото Виксли, кое се наоѓа помеѓу Харогејт и Јорк. Во неговата нова серија цртежи со надреални пејзажи која сѐ уште трае, Симон црта „слики во слики“, креативен концепт кој го мами гледачот да се изгуби во неговата уметност. Погледнете дел од неговата брилијантна работа…rnrnСлика во слика: Уметнички дела кои си поигруваат со вашите очиrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Девојката со бисерна обетка“ – Трејси Шевалие

    Книга: „Девојката со бисерна обетка“ – Трејси Шевалие

    Емоции и страст со секое нанесување на боите по сликарското платно. Нивниот мирис и густина. Нејзиниот невин поглед и неговиот посакувачки инстинкт додека ја слика…rnrnКнига: „Девојката со бисерна обетка“ – Трејси ШевалиеrnrnШевалие со својата брилијантност, креативност и способност за навлегување во детали, нè носи во 17 век и ја оживува судбината на убавата девојка со крупни очи на која најмногу би ѝ прилегале бисери само што општеството ѝ наметнува дека не ѝ доликуваат.rnrnИмпресивен микс на страст, грев, таинственост и трогателност. Една девојка е заглавена во љубовен триаголник меѓу човекот кој ја опсипува со физичка страст и оној кој ја претвора во порок на уметноста. Мајсторски обработено дело кое се осврнува кон феминизмот. Приказна која нема да ве остави мирни додека не ѝ го дознаете крајот.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnГрит е 16-годишна девојка која поради големата несреќа на семејството е принудена да работи како слугинка во куќата на познат сликар. Семејството на сликарот Вермер е доста големо и справувањето со него не е лесна задача за младата Грит. Уште при самото пристигнување во куќата забележува дека тој и неговата жена Катарина веќе имаат 5 деца а шестото е на пат. Тие живеат заедно со Марија Тинс, мајката на Катарина, и уште една слугинка по име Тенеке. Уште при првиот ден Грит се соочува со Корнелија, една од ќерките на Вермер, темпераментно и себично девојче кое е вистински предизвик за младата слугинка.rnrnГрит се соочува со надмени погледи, завист и желба да му се напакости дури и на оној кој не носи никаква вина. Во младите и ранливи години ја чувствува суровоста на животот, неправедноста на општеството и валканите страсти од кои не може да се одбрани. Својот мир го наоѓа во ателјето на нејзиниот господар. Прво го посетува за да го чисти, потоа за да му помага при подготовката на боите, нивното гмечење и миење, за на крај да биде личноста која му позира. Тој го впива својот поглед во несовршената „совршеност“ на нејзиното младо лице и лошо наместениот турбан кој ѝ ја покрива косата.Книга: „Девојката со бисерна обетка“ – Трејси ШевалиеТрогателна, реална а по малку и сурова приказна. Од феминистичка гледна точка, се потенцира потчинетоста на жената на сексуалните желби на мажот. Сосем спротивно се дава и пример за тоа како мажот е ставен под притисок да заработува со цел да го прехрани своето семејство. Перфектно е обработена суровоста на тогашното општество.rnrnНо не би можела да ги прескокнам нештата кои ми бодеа очи. Како што бев поблиску до крајот чувствував дека книгата просто не смее да запре тука. Има уште многу работи кои би можеле да се обработат, ситуации и случувања на кои треба да им се стави повеќе акцент. Да, добиваме перфектна замисла за сликите на Вермер, за правењето на боите и за уметноста на светлината која дава отсјај на секоја слика предизвикувајќи еден таков емотивен набој.rnrnНо недостига построго дефинирање на ликовите. Од една страна Грит умее да му се спротивстави на својот господар, како на пример цврстото држење до ставот дека не сака и не смее да ја открие својата коса. Но од друга страна, кога ѝ вели да стави бисерна обетка таа потенцира дека мора да го слуша и да не му противречи за ништо. Исто така, иако Грит е невина и патријархално воспитана девојка, се наоѓа во ситуација кога не размислува за својата чест. Потоа, од каде желбата на Катарина да раѓа толку деца иако семејството се соочува со финансиска криза? Дали е обид да се доближи до својот сопруг кој повеќе му се посветува на сликањето? Дали станува збор за нешто што не можеме да го одгатнеме сами или пак тема која писателката ја начнала, но не ја довршила?rnrnСепак, книгава ја препорачувам топло. Лесна е, ќе ви прелета низ прсти и ќе ве научи повеќе да си го цените сопствениот живот како и слободата да донесувате свои одлуки. Описот на галеријата, сликарските потези, бои, тонови и мириси е нешто што треба да се доживее, а нештата најдобро се доживуваат преку пишаниот збор.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 5 ноември 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Како најдобро се учи анатомија?

    Како најдобро се учи анатомија?

    Заборавете на книгите и „примероците“ во мртовечницата. Ова е многу позабавен начин да го разберете човечкото тело.  Петмина студенти на Кралскиот институт за технологија во Мелбурн, Австралија, 18 часа сликале врз скоро голото тело на моделот Зек О`Брајан, кој доброволно се согласил да им помогне. Тие детално ги цртале неговите коски, тетиви и мускули, односно нацртале како Зек би изгледал доколку му биде отстранета кожата.rnrnИницијативата е на професорката д-р Клаудија Дијаз, која на овој начин ги „оживува“ нејзините часови и им помага на студентите полесно да го запомнат материјалот.Како најдобро се учи анатомија?Како најдобро се учи анатомија?Како најдобро се учи анатомија?Како најдобро се учи анатомија?Како најдобро се учи анатомија?rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии

    Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии

    Хиперреалистичните слики се многу популарни. Како што и самото име кажува, тие изгледаат премногу реално за да бидат слики, па на прво гледање би се опкладиле дека се работи за фотографии.rnrnВерувајте им на очите! Овие слики не се фотографииrnrnФилип Муњос е самообразован сликар кој има диплома по биохемија од Универзитетот во Бристол. Од 2006 година работи во „Jamaica Street Studios“ во Бристол.rn
    rn

    „Мојата работа е фокусирана на претставување на гламурот и неговата улога во општествениот идентитет. Конкретно ми е интересна идејата за убавината преку трансформација и концептот на современата возвишеност.“

    rnВерувајте им на очите! Овие слики не се фотографииrnrnВо последно време, работата на Муњос е фокусирана на портрети и карактери кои се јавуваат во урбан контекст. Понекогаш слика „close up“ портрети пренесувајќи ги гламурозните детали и модификациите на човечкото лице и тело преку тетоважи и пирсови, а понекогаш едноставно „ги фаќа“ луѓето на минување, како дел од градскиот живот.rn
    rn

    „Ме привлекуваат живи, млади и безгрижни карактери. Ги гледам секојдневно надвор од моето студио. Среќен сум што живеам во прекрасен еклектичен дел од Бристол каде што модата и идентитетот се од голема важност и ми овозможуваат константна инспирација и желба за сликање.“

    rnВерувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографии Верувајте им на очите! Овие слики не се фотографииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

    Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

    Тригодишното девојче Ирис Халмшоу има аутизам, а обожава да слика, бидејќи со тоа ја подобрува својата концентрација и фокусирањето. Делата од нејзиното сликање се апстрактни и импресионистички. Според многумина нејзините дела потсетуваат на славниот Моне.rnrnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrnВо уметничките кругови веќе се зборува за нејзината работа. Еден приватен колекционер веќе купи две нејзини слики по 1.500 фунти, а набрзо се планира и изложба на нејзините слики во Лондон.rnrnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrnИрис не може да збори, а другите деца ѝ сметат и ја прават нервозна. Но, уметноста ја смирува и сега таа е составен дел од нејзината терапија.rnrnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrn rn

    „Кога лекарите открија дека Ирис пати од аутизам, клучно беше да пронајдеме нешто што таа би сакала да го прави. Ја однесов во игротека, но за неа тоа беше премногу стресно. Имаше напад и неверојатно голем излив на бес, ја гризеше устата додека не покрвави. Затоа одлучив да ѝ направам игротека дома. Земавме голем број играчки, но таа еден ден почна да црта и тоа многу ја расположи“ – вели нејзината мајка Арабела Картер Џонсон.

    rnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrnИрис сè повеќе почнала да слика, а кога нејзините родители виделе дека таа има голем талент, решиле да ја споделат нејзината уметност со светот.rnrnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметнички цртежи со маркантен 3Д ефект

    Уметнички цртежи со маркантен 3Д ефект

    Џастин Гефри е бивши готвач и сопственик на ресторан, кој во 2001 година решил да ја смени професијата и да стане артист, но не каков било. Неговата уметност всушност е толку уникатна, што успева да ги замати границите помеѓу сликарството и вајарството.rnrnУметнички слики со маркантен 3Д ефектrnrnСлужејќи се во главно со палета ножеви за сликање и огромен асортиман од акрилни бои, Гефри од Флорида, успева да создаде прекрасни 3Д ремек-дела, инспирирани од природниот свет околу него. Неговата техника на работа најлесно може да се опише како вајање со боја.rnrnУметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефектrnrnСовршено искомбинираните бои и разните нивоа слоеви боја, создаваат една длабочина и живост на неговите слики, кои на некој начин ги повикуваат набљудувачите да посегнат и да ги допрат. Работата на Гефри е широко признаена низ САД, а тој креира строго оригинални изработки кои ги продава во неговите галерии во Флорида.rnrnУметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефект Уметнички слики со маркантен 3Д ефектrnrnРазмачкувањето на дебелиот слој боја врз платното, можеби малку ќе ве потсети на мачкање фил врз торта. :)rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бајките на дланка

    Бајките на дланка

    Креативната Русинка Светлана Колосова направила серија фотографии од колоритни сцени од приказните кои ги насликала на нејзината лева рака. Таа отсекогаш имала страст кон литературата и сликањето, а нејзин омилен поет е Сергеј Есенин, кој го портретирала на една од овие слики на дланка. Омилен писател пак ѝ е Ханс Кристијан Андерсен, кој ја инспирирал за сликите со малата сирена. Всушност самиот нејзин боди арт е инспириран од големиот дански писател.rnrnНејзините слики се детални, внимателно ги следат и покриваат линиите на раката, па гледајќи ги можете да заборавите дека тие не се насликани на платно. Живописните и колоритни сцени од бајките, ќе ви создадат топло чувство околу срцето и ќе ве потсетат на детските денови и на приказните во кои безгрижно тоневте.rnrnБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланка
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ова не е автомобил?

    Ова не е автомобил?

    На прв поглед, на оваа фотографија гледате нешто што наликува на искршен автомобил. Но, ако се загледате поубаво, ќе видите дека станува збор за неверојатна уметност со цртање по тела (body painting). Ова маестрално дело е наречено „Body Crash“ (Судир помеѓу тела), а е креирано од страна на артистката Ема Хек, која е позната и по тоа што ги обоила телата на Готие и Кимбра за видео записот на „Somebody That I Used To Know“.Ова не е автомобил?Ова не е автомобил?rnrnПогледнете како изгледа постапката на работа во следново видео:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поинаква примена на прстите од рацете

    Поинаква примена на прстите од рацете

    Лондонскиот фотограф Реј Масеј се поврзал со талентирана сликарка која црта по човечки тела, Ени Рали, која успеала да ги трансформира овие прсти во архитектура, спортски сцени и други интересни објекти.rnrnПоинаква примена на прстите од рацетеrnrnОвие неверојатни илузии со раце, се составен дел од маркетинг кампања на „Ecclesiastical Insurance“, осигурителна компанија, која го користи слоганот „Вие сте во добри раце“.rnrnПоинаква примена на прстите од рацетеrnrnЕни вели дека цртањето по тело е многу педантна работа, која мора многу брзо да се заврши, бидејќи бојата не е толку долготрајна кога се мачка на жива и подвижна основа. Без разлика на тоа, таа смета дека оваа работа е многу забавна и дека резултатите се прекрасни. Ќе се сложите?rnrnПоинаква примена на прстите од рацетеПоинаква примена на прстите од рацетеПоинаква примена на прстите од рацетеПоинаква примена на прстите од рацетеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Тео

    Извадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Тео

    Покрај бројните слики и скици, за животот на чудниот гениј Винсент Вилем ван Гог говорат и околу 900 писма, кои според историчарите на уметноста, ги напишал во периодот од 1872 до 1890 година. Најголемиот број, односно 600 од нив биле адресирани до неговиот брат Теодор, од кого ја добивал најголемата емоционална и финансиска поддршка. Му пишувал за очајот, бедата, сиромаштијата, лудилото, оптимизмот…rnrnПрочитајте еден мал дел од пораките на уметничката легенда, извадени од писмата до Тео.rnrnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Сликањето е како да имате лоша љубовница, која троши, троши и никогаш не ѝ е доволно…“

    rnrn

    „Совеста е човековиот компас. Иако, иглата понекогаш отстапува и често има неправилности во насочувањето на курсот, сепак мора да се обидеме да го следиме.“

    rn

    „Човек може да носи голем оган во душата, а никој да не може да се стопли од него. Минувачите не гледаат ништо, освен малку чад што излегува од оџакот и секој заминува по својот пат. Што да се прави тогаш? Да го одржуваш ли огнот во душата, да ја носиш ли солта на земјата со себе, трпеливо, но и со какво нетрпение!? Да чекаш, да го чекаш часот кога некој ќе дојде, ќе застане покрај тебе и ќе остане. Знам ли? Се надевам дека секој што верува, ќе го дочека тој час…“

    rn

    „Природата секогаш започнува со пружање отпор кон уметникот, но тој што сериозно ја сфаќа, нема да биде обесхрабрен.“

    rn

    „Знам и сигурен сум дека имам инстинкт за боја и дека тој сè повеќе и подлабоко ќе навлезе во сржта на моите коски.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Имам чувство дека историјата на луѓето е како историјата на житото. Ако не те посадат во земјата за да изртиш, ќе те сомелат за да станеш леб.“

    rn

    „Задоволен сум до некој степен, што не сум учел сликарство. Тогаш можеби ќе научев да ги одминувам ефектите, а сега си велам, токму тоа ми треба. Ако не може – значи не може, но сепак ќе се обидам, макар и да не знам како да го направам тоа. Како цртам, ни сам не знам. Седнувам со белата табла на некое место што ме освојува, го набљудувам тоа што е пред моите очи и си велам, од оваа бела табла треба да излезе нешто. Потоа се враќам незадоволен дома, ја фрлам таблата настрана и откако ќе одморам малку, пак ја земам и ја набљудувам со некаков страв. И повторно се јавува незадоволство, затоа што чудната природа е сè уште премногу жива во мојата меморија за да можам да бидам задоволен, но сепак, гледам во својата работа некаков одраз од тоа што ме освоило, гледам дека природата ми проговорила, ми кажала нешто и јас сум го стенографирал тоа.“

    rn

    „Човекот мора да научи да чита, исто како што мора да научи да гледа и да живее.“

    rn

    „Не можам да престанам за мислам дека најдобриот начин да го запознаеш Бога е да сакаш многу работи. Сакај го овој пријател, оваа личност, овој предмет… и ќе бидеш на правиот пат да го разбереш подобро.“

    rn

    „Луѓето се често неспособни да направат било што, заробени се во не знам каков вид на ужасен, ужасен, о колку ужасен кафез.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Да научиме да страдаме, без да се жалиме, да научиме да гледаме на болката без одбивност. Токму од тоа човек ризикува да му се сврти во главата. И, сепак, понекогаш не обзема смртно претчувство дека можеби на другата страна на животот ќе најдеме доволно оправдувања за постоењето на болката, која гледана оттука, понекогаш го пополнува хоризонтот и расте до размери на безнадежен потоп. За сето тоа знаеме многу малку и затоа подобро да гледаме некоја ливада со жито, дури и таа да е само на слика.“

    rnrn

    „За животот знаеме толку малку, што дури и не ни прилега да судиме што е добро, а што лошо, праведно или неправедно. Да зборуваме дека човек е несреќен,  бидејќи страда, е исто како да тврдиме нешто сè уште е недокажано. Така да прифатете ги работите такви, какви што се, чекајте со надеж и вооружете ја својата душа со долго трпение и добра волја, како што вели една многу стара поговорка. Оставете природата да го стори своето.“

    rn

    „Платното има идиотски поглед, ги хипнотизира уметниците толку многу што и тие самите се претвораат во идиоти.“

    rn

    „Самиот живот, исто така, е вечно кружење и бескрајна празнина, депримирачка празна страна на која ништо не се појавува, исто како и празното платно. Но, без разлика колку е празно и залудно, и колку „мртов“ може да биде животот, оној што има верба, енергија, топлина, оној кој знае нешто, нема да се откаже толку лесно.“

    rn

    „Сликарите ја разбираат природата, ја сакаат и нè учат како да го видиме тоа.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Постојат два начини на размислување за сликарството, како да не се направи и како да се направи. Како да се направи со многу цртање и со малку боја и како да не се направи со многу боја и со малку цртање.“

    rn

    „Ако некој сака да биде активен, не смее да се плаши дека ќе згреши, не смее да се плаши да направи грешка понекогаш. Многу луѓе мислат дека ќе станат подобри единствено и само ако не направат никакво зло, но тоа е лага. На тој начин ќе бидат во стагнација, во медиокритизам.“

    rn

    „Причината зошто немам постојана работа и зошто со години сум немал постојана работа, е доста едноставна. Моите идеи се разликуваат од оние на господата. Тие ја даваат работата на поединци кои го делат нивното мислење. Нивниот прекор не се должи на мојот изглед. Причините се многу подлабоки, ве уверувам.“

    rn

    „Продолжи понатаму, продолжи што и да се случи. Но, запрашај се која е твојата крајна цел. Таа цел ќе стане појасна, ќе се оствари полека, но сигурно, како што цртежите се претвораат во скици, а скиците во цртежи, преку сериозна работа и разработка на оригиналната нејасна идеја и преку консолидација на првата краткотрајна и минлива мисла.“

    rn

    „Јас не сум му пријател на денешното христијанство, иако неговиот основач беше возвишен.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.